смртна закана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smrtna-zakana/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смртна закана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smrtna-zakana/ 32 32 Смртна закана за словачкиот премиер Фицо – добил писмо со куршум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/smrtna-zakana-za-slovachkiot-premier-fitso-dobil-pismo-so-kurshum/ Wed, 25 Sep 2024 10:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=819529

Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката влада, соопшти денеска прес-службата на Фицо.

Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна проверка на рендген.

Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф, ја потврди веста и додаде дека полицијата се уште се занимава со писмото.

Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во Братислава.

The post Смртна закана за словачкиот премиер Фицо – добил писмо со куршум appeared first on Република.

]]>

Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката влада, соопшти денеска прес-службата на Фицо. Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна проверка на рендген. Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф, ја потврди веста и додаде дека полицијата се уште се занимава со писмото. Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во Братислава.  

The post Смртна закана за словачкиот премиер Фицо – добил писмо со куршум appeared first on Република.

]]>
Велешанец му се заканувал на месарот дека ќе го убие – сега е во притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veleshanec-mu-se-zakanuval-na-mesarot-deka-kje-go-ubie-sega-e-vo-pritvor/ Tue, 10 May 2022 16:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=500552

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.

– На 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие. Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува, велат од ОЈО Велес.

Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложи на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор.

The post Велешанец му се заканувал на месарот дека ќе го убие – сега е во притвор appeared first on Република.

Притвор за пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-penzioniran-policaec-se-zakanil-deka-kje-go-ubie-spasovski/ Mon, 18 Apr 2022 08:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=489859

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка, соопшти ОЈО.

Со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице. Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

The post Притвор за пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие Спасовски appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка, соопшти ОЈО. Со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице. Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

The post Притвор за пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие Спасовски appeared first on Република.

]]>