сметки за парно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smetki-za-parno/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Sep 2022 16:15:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сметки за парно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smetki-za-parno/ 32 32 БЕГ: Сметките се повисоки зошто Владата не ни ги исплати субвенциите за февруари, март и април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/beg-smetkite-se-povisoki-zoshto-vladata-ne-ni-gi-isplati-subvenciite-za-fevruari-mart-i-april/ Thu, 01 Sep 2022 16:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=546522

Субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, истакнуваат во соопштение од БЕГ по денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Од БЕГ посочуваат дека услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година.

Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите, велат од БЕГ.

Оттаму посочуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август.

Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти.

Тој на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.

The post БЕГ: Сметките се повисоки зошто Владата не ни ги исплати субвенциите за февруари, март и април appeared first on Република.

]]>

Субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, истакнуваат во соопштение од БЕГ по денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Од БЕГ посочуваат дека услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година.
Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите, велат од БЕГ.
Оттаму посочуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август.
Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти.
Тој на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.

The post БЕГ: Сметките се повисоки зошто Владата не ни ги исплати субвенциите за февруари, март и април appeared first on Република.

]]>
Предлог: Владата да покрива 80, а Град Скопје и општините 20 отсто од разликата во сметките за парно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-vladata-da-pokriva-80-a-grad-skopje-i-opshtinite-20-otsto-od-razlikata-vo-smetkite-za-parno/ Tue, 11 Jan 2022 17:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=443292

Министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски, денеска на прес-конференција во Владата информираа дека, по координација со сите надлежните институции од енергетскиот сектор и консултации со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се предлага на компаниите кои имаат лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија разликата од актуелната до реалната цена на топлинската енергија да ја покрие Владата во најголем дел.

„Иако Градот Скопје и општините во склоп на градот, кои се надлежни за создавање на услови за вршење на енергетски дејности за континуирано снабдување со топлинска енергија, поради не преземање на мерки за справување со настаната состојба со цел обезбедување на континуитет и сигурност во снабдувањето со топлинска енергија, предлагаме разликата од актуелната до реалната цена на топлинската енергија да ја покрие Владата од буџетот во висина од 80 проценти, а останатите 20 отсто, со цел да се затвори цела финансиска конструкција и да се обезбеди сигурност и стабилност во снабдувањето со топлинска енергија за корисниците на топловодната мрежа, да ја покрие Градот Скопје и општините во градот“, кажа министерот Бектеши.

Бектеши информираше дека разликата од актуелната до реалната цена на топлинската енергија, Владата во име на потрошувачите кои се корисници на топлинска енергија, односно домаќинствата и јавните институции средствата ќе ги уплати на БЕГ, а БЕГ ќе ги намали сметките на потрошувачите.

The post Предлог: Владата да покрива 80, а Град Скопје и општините 20 отсто од разликата во сметките за парно appeared first on Република.