сметка за струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smetka-za-struja/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jan 2024 18:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сметка за струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smetka-za-struja/ 32 32 Битиќи: Граѓаните нема да плаќаат поскапа електрична енергија со нас, какви планови имаат другите не знам https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-graganite-nema-da-plakaat-poskapa-elektrichna-energija-so-nas-kakvi-planovi-imaat-drugite-ne-znam/ Wed, 31 Jan 2024 18:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=739127

„Јас можам да кажам што јас и моите колеги од партијата ќе направиме. Граѓаните нема да платат поскапа електрична енергија со нас. Можеби некој друг ќе ја зголеми, но јас знам каква одлука ќе донесеме на 30 јуни“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Аргумент плус“ на ТВ24 запрашан за продолжување на субвенциите за електрична енергија.

Тој објасни дека над 80 отсто од цената на електричната енергија што ја добиваат граѓаните е субвценионирана, односно платена од страна на државата.

„Ако во сметката за потрошена електрична енергија сумата е 2000 денари тогаш 1680 денари е субвенциијата од државата. Да ја нема би платиле 3680 денари, а плаќате 2000. Тоа е разликата“ објасни Битиќи.

The post Битиќи: Граѓаните нема да плаќаат поскапа електрична енергија со нас, какви планови имаат другите не знам appeared first on Република.

]]>

„Важно не се плаќа радиодифузна такса“: Власта ги зголеми сметките за струја за 400 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vazhno-ne-se-plaka-radiodifuzna-taksa-vlasta-gi-zgolemi-smetkite-za-struja-za-400-denari/ Fri, 29 Dec 2023 12:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=727849

Владата ни честиташе Нова Година. Нема радиодифузна, но има поскапа струја.Од први јануари најголем број од домаќинствата низ Македонија ќе плаќаат и за 400 денари поскапа струја.Со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек. Дополнително со таканаречената мрежарина која ја измислија сметките ќе пораснат за 250 денари, објаснува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова покачување власта удри по најранливите. Студентите и младите брачни парови кои живеат под крија, земјоделците и пензионерите кои имаат имот во град и по некоја трошна куќа на село.Во услови кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија да се покачи струја и до 400 денари е рамно на државен рекет и изживување со народот.

https://www.youtube.com/watch?v=j-nbkF_f0Dg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Власта се трудела да опфати што поголема бројка на граѓани, за што повеќе да го полни буџетот од најсиромашните. Истите оние на кои потоа им праќа сметки со порака дека струјата ја субвенционира.

Лага е дека струјата е субвенционирана. Од 2017 година од кога власта се фалеше дека ја укинала радиодифузната до денес струјата е покачена за над 50%. И ова е работа за која лагите на власта се без нозе, бидејќи секој граѓанин кога ќе ја погледне сметката за струја денес и таа пред 7 години знае што е вистина.

Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека Никогаш не било полошо. Затоа, Важно е да ги поразиме

The post „Важно не се плаќа радиодифузна такса“: Власта ги зголеми сметките за струја за 400 денари appeared first on Република.

]]>

Владата ни честиташе Нова Година. Нема радиодифузна, но има поскапа струја.Од први јануари најголем број од домаќинствата низ Македонија ќе плаќаат и за 400 денари поскапа струја.Со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек. Дополнително со таканаречената мрежарина која ја измислија сметките ќе пораснат за 250 денари, објаснува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова покачување власта удри по најранливите. Студентите и младите брачни парови кои живеат под крија, земјоделците и пензионерите кои имаат имот во град и по некоја трошна куќа на село.Во услови кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија да се покачи струја и до 400 денари е рамно на државен рекет и изживување со народот.
https://www.youtube.com/watch?v=j-nbkF_f0Dg&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Власта се трудела да опфати што поголема бројка на граѓани, за што повеќе да го полни буџетот од најсиромашните. Истите оние на кои потоа им праќа сметки со порака дека струјата ја субвенционира. Лага е дека струјата е субвенционирана. Од 2017 година од кога власта се фалеше дека ја укинала радиодифузната до денес струјата е покачена за над 50%. И ова е работа за која лагите на власта се без нозе, бидејќи секој граѓанин кога ќе ја погледне сметката за струја денес и таа пред 7 години знае што е вистина.
Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека Никогаш не било полошо. Затоа, Важно е да ги поразиме

The post „Важно не се плаќа радиодифузна такса“: Власта ги зголеми сметките за струја за 400 денари appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Ја имам сметката за струја која докажува дека хациендата се води на таткото на Петровска, таа била должна да го пријави имотот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-ja-imam-smetkata-za-struja-koja-dokazuva-deka-haciendata-se-vodi-na-tatkoto-na-petrovska-taa-bila-dolzna-da-go-prijavi-imotot/ Mon, 28 Nov 2022 18:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=579336

Ние бараме во интерес на јавноста да се расчисти случајот со непријавената хациенда на министерката Славјанка Петровска. Бидејќи до мене беше доставено побарување за извинување дека не сум ја говорел вистината, еве до мене стигна уште една сметка, од електрична енергија која исто така се води на таткото на министерката и тоа е истата адреса на фамозната хациенда, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, за „Што не е јасно“ на Алфа, потенцирајќи дека Петровска не ја покажала ни личната карта за да докаже дека не живеела во непријавената хаициндата со базен која ја нема на имотниот лист.

Наместо тоа се служи напади и обвинувања кои не држат никаква вода. Неспорно е дека уште во 2007 година кога неспорно земјиштето било во посед на министерката Петровска, било празно, а во 2009 веќе, тоа може да се види и на Гугл, има направено некоја дивоградба. После тоа е надградувана во 2016 со базен и други објекти, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека Петровска кажува дека во 2011 или 2012 година го продала земјиштето, но директорот на катастар пак дека било во 2020 и додаде дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува е дека таа била должна да го пријави тој имот.

На помош и дојде директорот на Катастар, Тунџев кој деновиве гледаме дека е во уште еден голем скандал со издавање на тендери. Се обиде да ја правда и испере, па кажа дека до 2020 било земјиштето нејзино. Но, тоа што ние го кажуваме е дека земјиштето било во сопственост на министерката Славјанка Петровска, односно на нејзиниот родител и по закон за спречување на корупција таа била должна да пријави таков имот, каде сметките пристигнувале на нејзиниот татко, истакна Ковачки.

Ковачки потенцира дека сите овие закани, уцени и омаловажувања кои ги прават СДС, Ковачевски и Петровска против пратеник кој ја говори вистината во интерес на јавноста во најмала рака се некоректни и недемократски.

Јавноста има право да знае кој го води министерството за одбрана. Таа покажува доза на нервоза, но човечки е да излезе и да понесе одговорност, а не да крие имот и да напаѓа, вели тој.

The post Ковачки: Ја имам сметката за струја која докажува дека хациендата се води на таткото на Петровска, таа била должна да го пријави имотот appeared first on Република.

Гостиварската болница доби сметка за струја од 2,8 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gostivarskata-bolnica-dobi-smetka-za-struja-od-2-8-milioni-denari/ Thu, 29 Sep 2022 10:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=555547

Гостиварската општа болница „Ферид Мурад” може да се соочи со сериозни проблеми во натамошното работење, откако трошоците за електрична енергија се зголемија за над 800 отсто. До скоро, оваа здравствена установа плаќаше 3,7 денари за киловатчас, а во последната фактура, достигнал 36 денари.

За состојбата, управата на болницата ја информираше јавноста преку официјалниот профил на социјалните мрежи и наведуваат дека веднаш по владините препораки започнале со примена на мерките за заштеда на електрична енергија.

– Ние како институција ги презедовме сите неопходни мерки (ограничувања) за намалување на потрошувачката на електричната енергија, но со анализата што ја направивме наредните месеци, ќе биде неиздржливо, стои во објавата.

Од документите со анализа, се прави споредба со фактурите за истиот период во последните 4 години (август 2018/2019/2020/2021 и 2022 година) доставени од добавувачите Fuente Dynamics и ЕВН групацијата.

Заради поскапувањето на електричната енергија, фактурата за август 2021 година во однос на фактурата за август 2022 година бележи пораст од 451 отсто. Болницата треба да плати за август 2022 година 2.800.517 денари (45.536 евра).

Болничката управа бара начин за надминување на состојбата и најавува проблеми во извршување на редовните обврски.

– Заради проблемите со кои сме соочени, со жалење може да констатираме дека доколку оваа висока цена на струјата продолжи и во наредните месеци, ќе биде многу тешко да се менаџира, функционира и да се реализираат сите проекти и основни планови, наведуваат од раководството на ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад”.

The post Гостиварската болница доби сметка за струја од 2,8 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Гостиварската општа болница „Ферид Мурад” може да се соочи со сериозни проблеми во натамошното работење, откако трошоците за електрична енергија се зголемија за над 800 отсто. До скоро, оваа здравствена установа плаќаше 3,7 денари за киловатчас, а во последната фактура, достигнал 36 денари. За состојбата, управата на болницата ја информираше јавноста преку официјалниот профил на социјалните мрежи и наведуваат дека веднаш по владините препораки започнале со примена на мерките за заштеда на електрична енергија.
– Ние како институција ги презедовме сите неопходни мерки (ограничувања) за намалување на потрошувачката на електричната енергија, но со анализата што ја направивме наредните месеци, ќе биде неиздржливо, стои во објавата.
Од документите со анализа, се прави споредба со фактурите за истиот период во последните 4 години (август 2018/2019/2020/2021 и 2022 година) доставени од добавувачите Fuente Dynamics и ЕВН групацијата. Заради поскапувањето на електричната енергија, фактурата за август 2021 година во однос на фактурата за август 2022 година бележи пораст од 451 отсто. Болницата треба да плати за август 2022 година 2.800.517 денари (45.536 евра). Болничката управа бара начин за надминување на состојбата и најавува проблеми во извршување на редовните обврски.
– Заради проблемите со кои сме соочени, со жалење може да констатираме дека доколку оваа висока цена на струјата продолжи и во наредните месеци, ќе биде многу тешко да се менаџира, функционира и да се реализираат сите проекти и основни планови, наведуваат од раководството на ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад”.

The post Гостиварската болница доби сметка за струја од 2,8 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Жител на Кочани ја објави сметката: 71, 000 денари за струја, а 5.000 евра за пренос и дистрибуција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zitel-na-kochani-ja-objavi-smetkata-71-000-denari-za-struja-a-5-000-evra-za-prenos-i-distribucija/ Thu, 01 Sep 2022 20:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=546579

Жител на Кочани, на својот ФБ профил објави дел од сметката за струја (веројатно по индустриска цена) во која за потрошена електрична енергија треба да плати 71 000 денари, а за пренос и дистрибуција неверојтни 384.509,32 денари.

Или за пренос и дистрибуција треба да плати над 6000 евра, па згора на тоа и 0,32 пари. Каде ли само ги нашле и пресметале?

Неговиот коментар е:

„Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар, а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ќе се чудите кој ќе ви помогне!!!
П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“

The post Жител на Кочани ја објави сметката: 71, 000 денари за струја, а 5.000 евра за пренос и дистрибуција appeared first on Република.

]]>

Жител на Кочани, на својот ФБ профил објави дел од сметката за струја (веројатно по индустриска цена) во која за потрошена електрична енергија треба да плати 71 000 денари, а за пренос и дистрибуција неверојтни 384.509,32 денари. Или за пренос и дистрибуција треба да плати над 6000 евра, па згора на тоа и 0,32 пари. Каде ли само ги нашле и пресметале? Неговиот коментар е:
„Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар, а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ќе се чудите кој ќе ви помогне!!! П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“

The post Жител на Кочани ја објави сметката: 71, 000 денари за струја, а 5.000 евра за пренос и дистрибуција appeared first on Република.

]]>
Ристо Пенов: Високите цени на електричната енергија ќе изедат голем дел од буџетите на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/risto-penov-visokite-ceni-na-elektrichnata-energija-kje-izedat-golem-del-od-budzetite-na-opshtinite/ Mon, 28 Feb 2022 09:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=465083 По подолго време во јавноста се појави поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов.Тој во интервју за „Локално“ говори за неговиот...

The post Ристо Пенов: Високите цени на електричната енергија ќе изедат голем дел од буџетите на општините appeared first on Република.

]]>
По подолго време во јавноста се појави поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов.Тој во интервју за „Локално“ говори за неговиот манадат како прв човек на градот и оти најголем дел поминал без помош од централната власт.

Високите сметки за електрична енергија се најголемата причина поради која општините бараат помош од Владата. Во каква форма според Вас треба да биде оваа подршка и каде најмногу треба да биде насочена?

-Високите цени на енергијата ќе изедат голем дел од буџетите на општините, особено  на помалите. Некаква форма на помош општините веќе примаат преку цената на електричната енергија која ја плаќаат детските градинки, а која е на ниво која ја плаќаат домаќинствата. Натамошната помош треба да се бара во примена на бенифицираната цена и за училиштата и културните институции , а можеби и и за уличното осветлување.

Целото интервју на „Локално.мк“

The post Ристо Пенов: Високите цени на електричната енергија ќе изедат голем дел од буџетите на општините appeared first on Република.

]]>
Комуналното претпријатие „Исар“ од Штип доби сметка за струја од 19 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komunalnoto-pretprijatie-isar-od-shtip-dobi-smetka-za-struja-od-19-milioni-denari/ Thu, 10 Feb 2022 12:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=456738

Јануарската сметка за струја на штипското комунално претпријатие „Исар“ изнесува 19 милиони денари или за два милиони денари е повисока од месечните приходи на ова комунално претпријатие.

Директорот на јП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека месечните приходи од 17 милиони денари им се за плати, тековно одржување на системот за водоснабдување, собирање на смет, чистење, како и исплатата на кредитот кон Министерството за финансии.

Со оваа сметка за струја ЈП „Исар“-Штип дополнително ќе се втурне во уште поголема криза. Ако земеме просечно дека ние ЈП „Исар“ има месечни просечни приходи од 17 милиони денари. Тоа значи дека сметката за струја е два милиони денари поголема од нашите приходи. Жално е што и ако досега апелиравме повеќе пати и се знаеше дека ова ќе се случи од страна на институциите немаше реакција, вели Здравков.

Посочи дека не станува збор за капацитет или способност на претпријатијата и општините, туку дека ова е енергетска криза, со која тешко можат да се справат и дополнително ќе ги втурне во трупање на долгови, од кои тешко ќе може да се излезе.

Здравков посочи дека очекуваат до 15 февруари да се приклучат на Хидросистемот „Злетовица“, со што би плаќале помала сметка за струја. Неговите прогнози се дека доколку од наредниот вторни почнат со диструбиција и преработка на водата од Злетовица наредната сметка би изнесувала 10 милиони денари.

The post Комуналното претпријатие „Исар“ од Штип доби сметка за струја од 19 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Јануарската сметка за струја на штипското комунално претпријатие „Исар“ изнесува 19 милиони денари или за два милиони денари е повисока од месечните приходи на ова комунално претпријатие. Директорот на јП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека месечните приходи од 17 милиони денари им се за плати, тековно одржување на системот за водоснабдување, собирање на смет, чистење, како и исплатата на кредитот кон Министерството за финансии.
Со оваа сметка за струја ЈП „Исар“-Штип дополнително ќе се втурне во уште поголема криза. Ако земеме просечно дека ние ЈП „Исар“ има месечни просечни приходи од 17 милиони денари. Тоа значи дека сметката за струја е два милиони денари поголема од нашите приходи. Жално е што и ако досега апелиравме повеќе пати и се знаеше дека ова ќе се случи од страна на институциите немаше реакција, вели Здравков.
Посочи дека не станува збор за капацитет или способност на претпријатијата и општините, туку дека ова е енергетска криза, со која тешко можат да се справат и дополнително ќе ги втурне во трупање на долгови, од кои тешко ќе може да се излезе. Здравков посочи дека очекуваат до 15 февруари да се приклучат на Хидросистемот „Злетовица“, со што би плаќале помала сметка за струја. Неговите прогнози се дека доколку од наредниот вторни почнат со диструбиција и преработка на водата од Злетовица наредната сметка би изнесувала 10 милиони денари.

The post Комуналното претпријатие „Исар“ од Штип доби сметка за струја од 19 милиони денари appeared first on Република.

]]>