сместување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smestuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 19:06:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сместување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smestuvanje/ 32 32 Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shkotska-ke-pretane-da-im-plaka-smestuvane-na-ukrainskite-begaltsi/ Sun, 07 Jan 2024 17:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=730534

Шкотската влада ќе престане да им плаќа станови и сместување на украинските бегалци, пишува „Дејли рекорд“.

Одлуката на шкотската влада ја поттикнаа градоначалниците, кои цврсто застанаа зад ставот дека ќе престанат да ги субвенционираат хотелите во кои живеат украинските бегалци.

Минатата година локалните власти добија 10 милиони фунти за покривање на трошоците за сместување на бегалците од Украина, но овие средства повеќе нема да бидат достапни.

The post Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци appeared first on Република.

]]>

Шкотската влада ќе престане да им плаќа станови и сместување на украинските бегалци, пишува „Дејли рекорд“. Одлуката на шкотската влада ја поттикнаа градоначалниците, кои цврсто застанаа зад ставот дека ќе престанат да ги субвенционираат хотелите во кои живеат украинските бегалци. Минатата година локалните власти добија 10 милиони фунти за покривање на трошоците за сместување на бегалците од Украина, но овие средства повеќе нема да бидат достапни.

The post Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци appeared first on Република.

]]>
Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024 https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/objaveni-rezultati-za-smestuvane-studenti-od-vtora-i-povisoki-godini-vo-studentskite-domovi-za-2023-2024/ Tue, 05 Sep 2023 17:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=679093

Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година.

На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ - нови бараки и трета зграда, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп.

Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите.

The post Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024 appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година. На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ - нови бараки и трета зграда, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп. Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите.

The post Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024 appeared first on Република.

]]>
Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-prizna-deka-dobil-gratis-avionska-karta-i-vip-vleznica-tupanchevski-go-platil-samo-smestuvanjeto-i-toa-otkako-se-vratil-od-palermo/ Tue, 05 Apr 2022 18:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=483752

Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо.

Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот.

Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.

Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – рече министерот Тупанчевски во интервјуто за Трилинг.

The post Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчвески во изјава за А1он признал дека не ја платил картата за чартер-лет и влезот во стадионот во Палермо. Откако целата јавност го виде на малите екрани дека е на трибините и ја бодри репрезентацијата на Македонија, министерот фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил по четири дена од одржувањето на натпреварот. Пред само неколку дена, министерот Тупанчевски тврдеше дека билетот и авионската карта сам ги платил.
Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – рече министерот Тупанчевски во интервјуто за Трилинг.

The post Министерот призна дека добил гратис авионска карта и ВИП влезница: Тупанчевски го платил само сместувањето и тоа откако се вратил од Палермо appeared first on Република.

]]>
Привремено сместени 68 Авганистанци во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/privremeno-smesteni-68-avganistanci-vo-makedonija/ Thu, 24 Mar 2022 12:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=477698

Согласно активностите и преземените обврски од нашето членство во НАТО, Република Македонија обезбеди привремено сместување на 68 Авганистанци, наши сојузници, кои претходно беа ангажирани од страна на НАТО за време на мисијата во Авганистан. Оваа група е дел од поголемата група Авганистанци кои беа сместени во базата „Бехтел“ (Bechtel Facility), во Косово, од каде меѓу земјите – членки на НАТО привремено се распределени сите Авганистанци, кои беа евакуирани од Кабул. На лицата во земјава им е обезбедено привремено сместување, сѐ до обезбедување на нивната документација за упатување кон финалните дестинации каде е одредено нивното постојано живеалиште, соопшти МНР.

Со ваквиот чекор, Македонија како кредибилен партнер на НАТО уште еднаш демонстрираше солидарност во заштита на нашите сојузници од Авганистан, кои поради ризикот по нивниот живот и безбедноста на нивните семејства не можат да се вратат во Авганистан.

Со обезбедувањето привремено прибежиште и за оваа група Авганистанци, вкупниот број на авганистански цивили на кои Македонија им има обезбедено привремено престојувалиште во земјава изнесува нешто повеќе од 800 лица, од кои повеќе од половината веќе ја напуштија Македонија, упатувајќи се кон нивната конечна дестинација.

 За време на привремениот престој во Македонија на Авганистанците им е обезбедена помош и поддршка од државните институции и невладини организации, со што земјава е дел од глобалната хуманитарна акција за помош на Авганистанците кои посветено работеле на унапредување на демократските процеси во Авганистан или биле ангажирани од страна на меѓународни организации и агенции, стои во соопштението на Министертсвото за надворешни работи.

The post Привремено сместени 68 Авганистанци во Македонија appeared first on Република.

Кралицата Елизабета и принцот Чарлс сакаат да сместат бегалци од Украина на нивните имоти https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralicata-elizabeta-i-princot-charls-sakaat-da-smestat-begalci-od-ukraina-na-nivnite-imoti/ Mon, 21 Mar 2022 09:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=475978

Британското кралско семејство се вклучи околу војната во Украина со парични донации, а сега принцот Чарлс размислува да отвори свои имоти во Шкотска, за да обезбеди дом за украинските бегалци.

Сите членови на кралството се согласуваат дека покрај финансиската помош, треба да се развие пакет практични мерки за помош за украинските бегалци. Тоа значи и обезбедување сместување во Британија, а планот најверојатно ќе ја отвори куќата Дамфрис во Шкотска, како и неколку други имоти кои би можеле да послужат како нов дом за бегалците, изјави за „Дејли Меил“ неименуван извор близок до кралското семејство.

На тоа активно работат принцот Вилијам, принцот Чарлс, кралицата Елизабета, а вклучена е и војвотката Камила, која исто така сака да понуди дел од својот имот.

Куќата Дамфрис е во сопственост на Фондацијата на Принцот Чарлс и е на само неколку милји од градот Камнок во Шкотска. Во него се одржуваат свадби и разни хуманитарни настани, а служи и како музејски пример на поранешна архитектура.

На бегалците може да им се понуди и имотот Балморал, на кој кралицата поседува неколку имоти и кои кралското семејство го користи како викендичка. Членовите на семејството сакаат да им понудат работа на Украинциte, како и да обезбедат продолжување на образованието за нивните деца.

Ќе има многу Украинци со искуство во земјоделството, производството на храна и угостителството, кои можат да бидат од вистинска вредност за нашите рурални заедници. Не се залажуваме дека на Украинците нема да им биде тешко да дојдат овде, но сакаме да работиме со шкотската и британската влада за да обезбедиме можности за поединци и семејства каде и да можеме, велат од фондацијата што ја водат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

The post Кралицата Елизабета и принцот Чарлс сакаат да сместат бегалци од Украина на нивните имоти appeared first on Република.

]]>

Британското кралско семејство се вклучи околу војната во Украина со парични донации, а сега принцот Чарлс размислува да отвори свои имоти во Шкотска, за да обезбеди дом за украинските бегалци.
Сите членови на кралството се согласуваат дека покрај финансиската помош, треба да се развие пакет практични мерки за помош за украинските бегалци. Тоа значи и обезбедување сместување во Британија, а планот најверојатно ќе ја отвори куќата Дамфрис во Шкотска, како и неколку други имоти кои би можеле да послужат како нов дом за бегалците, изјави за „Дејли Меил“ неименуван извор близок до кралското семејство.
На тоа активно работат принцот Вилијам, принцот Чарлс, кралицата Елизабета, а вклучена е и војвотката Камила, која исто така сака да понуди дел од својот имот. Куќата Дамфрис е во сопственост на Фондацијата на Принцот Чарлс и е на само неколку милји од градот Камнок во Шкотска. Во него се одржуваат свадби и разни хуманитарни настани, а служи и како музејски пример на поранешна архитектура. На бегалците може да им се понуди и имотот Балморал, на кој кралицата поседува неколку имоти и кои кралското семејство го користи како викендичка. Членовите на семејството сакаат да им понудат работа на Украинциte, како и да обезбедат продолжување на образованието за нивните деца.