Смарт тв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smart-tv/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Aug 2023 13:30:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Смарт тв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/smart-tv/ 32 32 Бугарите не знаат што е тоа смарт телезивор https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/bugarite-ne-znaat-shto-e-toa-smart-telezivor/ Tue, 29 Aug 2023 13:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=676982

Лани 52 проценти од граѓаните во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле телевизори поврзани на интернет, што претставува раст за 9 процентни поени во однос на 2020 година, соопшти денеска Европската сатистичка служба – Евростат.

Гледано по земји, граѓаните на Малта во најголем процент користеле паметни телевизори и тоа 78 отсто, пред жителите на Шпанија со 69, на Шведска и Ирска по 68 и на Кипар 66 проценти. Од друга страна, телевизори поврзани на интерент најмалку користеле Бугарите и тоа 30 отсто, пред Хрватите со 35, Полјаците со 38, Грците со 39 и Романците со 40 проценти.

Во исто време, 26 отсто од лицата во ЕУ на возраст од 16 до 74 години употребувале паметни часовници, очила или слушалки или други додатоци поврзани на интернет, што претставува раст за девет процентни поени во споредба со 2020 година, кога вакви уреди користеле 17 проценти од Европејците.

Конзоли за игри поврзани на Интернет користеле 20 отсто од граѓаните на возраст од 16 до 74 години, 13 проценти паметни звучници или апликации, а 10 отсто употребувале термостати, помошни броила или светилки поврзани на интернет.

The post Бугарите не знаат што е тоа смарт телезивор appeared first on Република.

]]>

Лани 52 проценти од граѓаните во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле телевизори поврзани на интернет, што претставува раст за 9 процентни поени во однос на 2020 година, соопшти денеска Европската сатистичка служба – Евростат. Гледано по земји, граѓаните на Малта во најголем процент користеле паметни телевизори и тоа 78 отсто, пред жителите на Шпанија со 69, на Шведска и Ирска по 68 и на Кипар 66 проценти. Од друга страна, телевизори поврзани на интерент најмалку користеле Бугарите и тоа 30 отсто, пред Хрватите со 35, Полјаците со 38, Грците со 39 и Романците со 40 проценти. Во исто време, 26 отсто од лицата во ЕУ на возраст од 16 до 74 години употребувале паметни часовници, очила или слушалки или други додатоци поврзани на интернет, што претставува раст за девет процентни поени во споредба со 2020 година, кога вакви уреди користеле 17 проценти од Европејците. Конзоли за игри поврзани на Интернет користеле 20 отсто од граѓаните на возраст од 16 до 74 години, 13 проценти паметни звучници или апликации, а 10 отсто употребувале термостати, помошни броила или светилки поврзани на интернет.

The post Бугарите не знаат што е тоа смарт телезивор appeared first on Република.

]]>