службено возило Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluzbeno-vozilo/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 13:32:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png службено возило Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluzbeno-vozilo/ 32 32 Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-ministerka-so-makedonsko-poteklo-podnese-ostavka-zashto-nedozvoleo-koristela-flesheri-na-sluzhbenoto-vozilo-za-da-pomine-pobrzo/ Fri, 27 Sep 2024 13:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=820315

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба.

Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката.

Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева.

Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата.

Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење.

Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство.

Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба. Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката. Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева. Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата. Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење. Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство. Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>
МВР проверува дали имало злоупотреба на службени возила од страна на Гаши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-proveruva-dali-imalo-zloupotreba-na-sluzhbeni-vozila-od-strana-na-gashi/ Sun, 18 Aug 2024 15:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=807701

Полицијата проверува дали спикерот на Собранието Африм Гаши со службено возило бил на свадба во Косово и колоната возила што го придружувала го блокирале преминот на границата. Целта е да се утврди дали во овој случај има злоупотреба на државните возила.

Ве известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста, информираат од МВР.

Службените возила се употребуваат со соодветен патен налог, со образложение за намената за која се користат возилата, времетраењето, но и трошоците за патувањето.

Од Собрание велат дека посетата била транспарентна и најавена:

https://republika.mk/vesti/makedonija/sobraniski-kabinet-gashi-so-semejstvoto-beshe-vo-kosovo-posetata-beshe-transparentna/

The post МВР проверува дали имало злоупотреба на службени возила од страна на Гаши appeared first on Република.

]]>

Полицијата проверува дали спикерот на Собранието Африм Гаши со службено возило бил на свадба во Косово и колоната возила што го придружувала го блокирале преминот на границата. Целта е да се утврди дали во овој случај има злоупотреба на државните возила.
Ве известуваме дека од страна на надлежните служби во МВР се вршат соодветни проверки со цел утврдување на фактичката состојба, по што соодветно ќе ја известиме јавноста, информираат од МВР.
Службените возила се употребуваат со соодветен патен налог, со образложение за намената за која се користат возилата, времетраењето, но и трошоците за патувањето. Од Собрание велат дека посетата била транспарентна и најавена: https://republika.mk/vesti/makedonija/sobraniski-kabinet-gashi-so-semejstvoto-beshe-vo-kosovo-posetata-beshe-transparentna/

The post МВР проверува дали имало злоупотреба на службени возила од страна на Гаши appeared first on Република.

]]>
Собраниски кабинет: Гаши со семејството беше во Косово, посетата беше транспарентна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobraniski-kabinet-gashi-so-semejstvoto-beshe-vo-kosovo-posetata-beshe-transparentna/ Sun, 18 Aug 2024 15:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=807699

Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења на одредени медиуми околу вчерашното патување на претседателот на Собранието, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста за следните факти, велат од законодавниот дом откако ЛДП праша „Носеше ли Гаши патен налог со себе денеска кога со службено возило отиде по невеста во Косово?“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/noseshe-li-gashi-paten-nalog-so-sebe-deneska-koga-so-sluzhbeno-vozilo-otide-po-nevesta-vo-kosovo/

Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детал функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата. Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата. Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието, се вели во соопштението.

The post Собраниски кабинет: Гаши со семејството беше во Косово, посетата беше транспарентна appeared first on Република.

]]>

Со оглед на неточните и тенденциозни тврдења на одредени медиуми околу вчерашното патување на претседателот на Собранието, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста за следните факти, велат од законодавниот дом откако ЛДП праша „Носеше ли Гаши патен налог со себе денеска кога со службено возило отиде по невеста во Косово?“. https://republika.mk/vesti/makedonija/noseshe-li-gashi-paten-nalog-so-sebe-deneska-koga-so-sluzhbeno-vozilo-otide-po-nevesta-vo-kosovo/
Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детал функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата. Претседателот на Собранието на 17 август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури. Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата. Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието, се вели во соопштението.

The post Собраниски кабинет: Гаши со семејството беше во Косово, посетата беше транспарентна appeared first on Република.

]]>
Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sluzhbeno-vozilo-na-mvr-udrilo-vo-42-godishna-zhena-od-negotinsko/ Sat, 03 Aug 2024 12:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=803044

Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско, потврди денеска за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.

На 01.08.2024 во ОВР Неготино било пријавено дека во 19.35 часот на улица ,,Маршал Тито", службено возило на МВР ,,шкода јети", управувано од полициски службеник И.П.(46) од Неготино, удрило во пешакот Х.Т.А., 42-годишна од село Тимјаник, неготинско. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола при МВР и јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, појасни Ѓаковска.

The post Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско appeared first on Република.

]]>

Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско, потврди денеска за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес. На 01.08.2024 во ОВР Неготино било пријавено дека во 19.35 часот на улица ,,Маршал Тито", службено возило на МВР ,,шкода јети", управувано од полициски службеник И.П.(46) од Неготино, удрило во пешакот Х.Т.А., 42-годишна од село Тимјаник, неготинско. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола при МВР и јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, појасни Ѓаковска.

The post Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско appeared first on Република.

]]>
Маричиќу, што има европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichiku-shto-ima-evropski-vo-zloupotrebata-na-drzhavno-vozilo-i-shofer-za-partiski-aktivnosti/ Mon, 04 Mar 2024 08:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=750942

СДС и Маричиќ да кажат каде на друго место во ЕУ, државно возило и шофер се користи за партиски активности, токму заради нив го имавме најлошиот Извештај на ЕК и сме се подалеку од ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи го Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже „што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности?“

https://republika.mk/tvitovi/potpis-za-stevo-so-sluzhbeno-vozilo-vo-nedela/

СДС и Маричиќ да кажат дали министрите на земјите членки на ЕУ и функционери од Унијата злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели или тоа е само пракса на СДС и Маричиќ, убедени сме дека е второто, но еве оставаме СДС да кажат, може имаат изговор. А додека СДС и Маричиќ се правдаат очекуваме ДКСК да не молчи на злоупотребите на Бојан Маричиќ и да поднесе пријава против него за злоупотреба на службено возило за партиски и приватни цели. Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски. Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности. Возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари, парите кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции. Заради СДС и Маричиќ кои државата ја претворија во партиска алатка, Македонија оваа година го имаше најлошиот Извештај на ЕК. Со СДС и Маричиќ Македонија е се подалеку од ЕУ, но и од граѓаните. Со СДС и Маричиќ владата им служи само на кликите на власта. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Маричиќу, што има европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности? appeared first on Република.

]]>

СДС и Маричиќ да кажат каде на друго место во ЕУ, државно возило и шофер се користи за партиски активности, токму заради нив го имавме најлошиот Извештај на ЕК и сме се подалеку од ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи го Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже „што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности?“ https://republika.mk/tvitovi/potpis-za-stevo-so-sluzhbeno-vozilo-vo-nedela/
СДС и Маричиќ да кажат дали министрите на земјите членки на ЕУ и функционери од Унијата злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели или тоа е само пракса на СДС и Маричиќ, убедени сме дека е второто, но еве оставаме СДС да кажат, може имаат изговор. А додека СДС и Маричиќ се правдаат очекуваме ДКСК да не молчи на злоупотребите на Бојан Маричиќ и да поднесе пријава против него за злоупотреба на службено возило за партиски и приватни цели. Маричиќ во неработен ден беше фатен од страна на медиумите како користи службено возило, со кое е однесен до Подрачна единица на ДКСК каде го дал својот потпис за Пендаровски. Маричиќ користи шофер и возило во неработен ден, згора на тоа за партиски активности. Возилото и шоферот на Маричиќ се платени од државни пари, парите кои граѓаните и компаниите ги уплаќаат во буџетот за функционерите да извршуваат државни работи од корист за општеството, а не за полесно да извршуваат партиски позиции. Заради СДС и Маричиќ кои државата ја претворија во партиска алатка, Македонија оваа година го имаше најлошиот Извештај на ЕК. Со СДС и Маричиќ Македонија е се подалеку од ЕУ, но и од граѓаните. Со СДС и Маричиќ владата им служи само на кликите на власта. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Маричиќу, што има европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски активности? appeared first on Република.

]]>
Aнтикорупциска да реагира што Маричиќ користи службено возило за партиски работи, бараат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-da-reagira-shto-marichik-koristi-sluzhbeno-vozilo-za-partiski-raboti-baraat-od-vmro-dpmne/ Sun, 03 Mar 2024 16:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=750789

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на видеото на кое се гледа како вицепремиерот Бојан Маричиќ со службено возило оди да се потпиши за кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ.

https://republika.mk/tvitovi/potpis-za-stevo-so-sluzhbeno-vozilo-vo-nedela/

Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните. Оттука добро е да одговори Државната комисија за спречување и борба против корупцијата што мисли за овој случај? Според кои европски практики Маричиќ злоупотребува државни ресурси платени од граѓаните?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Aнтикорупциска да реагира што Маричиќ користи службено возило за партиски работи, бараат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на видеото на кое се гледа како вицепремиерот Бојан Маричиќ со службено возило оди да се потпиши за кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ. https://republika.mk/tvitovi/potpis-za-stevo-so-sluzhbeno-vozilo-vo-nedela/
Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните. Оттука добро е да одговори Државната комисија за спречување и борба против корупцијата што мисли за овој случај? Според кои европски практики Маричиќ злоупотребува државни ресурси платени од граѓаните?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Aнтикорупциска да реагира што Маричиќ користи службено возило за партиски работи, бараат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Потпис за Стево со службено возило во недела https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/potpis-za-stevo-so-sluzhbeno-vozilo-vo-nedela/ Sun, 03 Mar 2024 15:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=750775

The post Потпис за Стево со службено возило во недела appeared first on Република.

]]>

The post Потпис за Стево со службено возило во недела appeared first on Република.

]]>
Адеми од Судски совет 9 години вози службено „ауди“ иако не му следува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ademi-od-sudski-sovet-9-godini-vozi-sluzhbeno-audi-iako-ne-mu-sleduva/ Mon, 07 Aug 2023 07:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=669418

Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од „Сакам да кажам“.

Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин.

Георгиев за порталот потврди и дека годишната регистрација на возилото е на сметка на Судскиот совет.

The post Адеми од Судски совет 9 години вози службено „ауди“ иако не му следува appeared first on Република.

]]>

Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од „Сакам да кажам“. Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин. Георгиев за порталот потврди и дека годишната регистрација на возилото е на сметка на Судскиот совет.

The post Адеми од Судски совет 9 години вози службено „ауди“ иако не му следува appeared first on Република.

]]>
Директорот на затворот „Идризово“ не знае зошто неговиот заменик Феми Јонузи го користел за приватни потреби возилото кое изгоре пред џамија во Студеничани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-zatvorot-idrizovo-ne-znae-zoshto-negoviot-zamenik-femi-jonuzi-go-koristel-za-privatni-potrebi-voziloto-koe-izgore-pred-dhamija-vo-studenichani/ Tue, 18 Apr 2023 20:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=631892

Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски не знае зошто неговиот заменик Феми Јонузи го користел за приватни потреби и се развозувал со службеното возило кое изгоре пред џамија во Студеничани.

Зошто го користел службениот автомобил за приватни потреби како одење во џамија и слично, јас истражувам и за тоа сигурно ќе бидете известени“, одговори за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на КПУ Идризово Зоран Јовановски.

Целиот текст овде.

The post Директорот на затворот „Идризово“ не знае зошто неговиот заменик Феми Јонузи го користел за приватни потреби возилото кое изгоре пред џамија во Студеничани appeared first on Република.

Тинејџери дивееле со украдено службено возило, повредиле тројца полицајци, уништиле две полициски возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/tinejdheri-diveele-so-ukradeno-sluzhbeno-vozilo-povredile-trojtsa-politsajtsi-unishtile-dve-politsiski-vozila/ Wed, 15 Feb 2023 16:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=609410

Полициски службеници на СВР Тетово на 14 фавруари, околу 16.20 часот во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено.

Како што соопшти МВР, лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера.

Тие не испочитувале наредби за запирање дадени од полициски службеници и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, а полициските службеници се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

The post Тинејџери дивееле со украдено службено возило, повредиле тројца полицајци, уништиле две полициски возила appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово на 14 фавруари, околу 16.20 часот во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено. Како што соопшти МВР, лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера. Тие не испочитувале наредби за запирање дадени од полициски службеници и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, а полициските службеници се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

The post Тинејџери дивееле со украдено службено возило, повредиле тројца полицајци, уништиле две полициски возила appeared first on Република.

]]>
Сoветник со службен џип удрил во трактор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sovetnik-so-sluzben-dzip-udril-vo-traktor/ Wed, 07 Dec 2022 22:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=583164

Советник на градоначалникот на Дебарца со службен џип удрил во трактор на патот пред влез во Охрид, пренесува „Телма“.

Сообраќајката се случила на патот пред Охрид вечерва кога општинскиот џип „хонда“ удрил одзади во трактор со неосветлена приколка. Службениот џип се користел надвор од работно време на општината пред утрешниот неработен празничен ден.

The post Сoветник со службен џип удрил во трактор appeared first on Република.

]]>

Советник на градоначалникот на Дебарца со службен џип удрил во трактор на патот пред влез во Охрид, пренесува „Телма“. Сообраќајката се случила на патот пред Охрид вечерва кога општинскиот џип „хонда“ удрил одзади во трактор со неосветлена приколка. Службениот џип се користел надвор од работно време на општината пред утрешниот неработен празничен ден.

The post Сoветник со службен џип удрил во трактор appeared first on Република.

]]>
Грковска допрва ќе бара објаснување од Груби за користењето на службеното возило https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-doprva-kje-bara-objasnuvanje-od-grubi-za-koristenjeto-na-sluzbenoto-vozilo/ Sun, 16 Oct 2022 14:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=561734

Заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ќе побара објаснување од заменик претседателот на Владата за политички систем, Артан Груби зошто на партиски состанок во петокот во Мала Речица допатувал со службено возило.

Принципот на одвојување на државните и јавните функции од партиските активности е еден од клучните елементи на доброто владеење. Во тој контекст сите функционери во рамките на своите партиски активности не треба да користат државни ресурси, вклучително и службени возила, се вели во одговорот до Мкд.мк од кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики з.а добро владеење.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-vchera-vo-mala-rechica-stigna-so-sluzbeno-vozilo-koe-ne-smee-da-go-koristi-za-privatni-ili-partiski-celi/

The post Грковска допрва ќе бара објаснување од Груби за користењето на службеното возило appeared first on Република.

Груби вчера во Мала Речица стигна со службено возило, кое не смее да го користи за приватни или партиски цели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-vchera-vo-mala-rechica-stigna-so-sluzbeno-vozilo-koe-ne-smee-da-go-koristi-za-privatni-ili-partiski-celi/ Sat, 15 Oct 2022 08:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=561373

Вицепремиерот Артан Груби вчера во Мала Речица на состанокот на ДУИ направил грешка што може да го чини најмалку 6 месеци а најмногу 5 години затвор.

Од видеото што го објави ТВ21 се гледа дека Груби на шестчасовната консултативна средба пред денешното претседателство на партијата каде ќе се бира ново раководство дошол и заминува со службено владино возило.

Во видеото јасно се гледа како Груби бегајќи од изјава за новинарите влегува во луксузното владино возило кое не смее да го користи за приватни или партиски цели.

The post Груби вчера во Мала Речица стигна со службено возило, кое не смее да го користи за приватни или партиски цели appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Артан Груби вчера во Мала Речица на состанокот на ДУИ направил грешка што може да го чини најмалку 6 месеци а најмногу 5 години затвор. Од видеото што го објави ТВ21 се гледа дека Груби на шестчасовната консултативна средба пред денешното претседателство на партијата каде ќе се бира ново раководство дошол и заминува со службено владино возило. Во видеото јасно се гледа како Груби бегајќи од изјава за новинарите влегува во луксузното владино возило кое не смее да го користи за приватни или партиски цели.

The post Груби вчера во Мала Речица стигна со службено возило, кое не смее да го користи за приватни или партиски цели appeared first on Република.

]]>
Објавени документи: Здравствен дом Тетово набавил мерцедес со пари за пандемијата два месеца по пожарот во модуларната болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaveni-dokumenti-zdravstven-dom-tetovo-nabavil-mercedes-so-pari-za-pandemijata-dva-meseca-po-pozarot-vo-modularnata-bolnica/ Fri, 12 Aug 2022 16:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=539743

На фејсбук профилот „Следиме“ се објавени серија документи кои укажуваат на бесправно трошење на пари наменети за справување со пандемијата.

Како што е објавено на „Следиме“, станува збор за набавка на службено возило со пари за справување со пандемија од Здравствен дом Тетово, два месеца по пожарот во Модуларната болница.

Дали некогаш Филипче ќе одговара за сите злодела во негов мандат? - прашуваат од „Следиме“.

The post Објавени документи: Здравствен дом Тетово набавил мерцедес со пари за пандемијата два месеца по пожарот во модуларната болница appeared first on Република.

]]>

На фејсбук профилот „Следиме“ се објавени серија документи кои укажуваат на бесправно трошење на пари наменети за справување со пандемијата. Како што е објавено на „Следиме“, станува збор за набавка на службено возило со пари за справување со пандемија од Здравствен дом Тетово, два месеца по пожарот во Модуларната болница.
Дали некогаш Филипче ќе одговара за сите злодела во негов мандат? - прашуваат од „Следиме“.
 
The post Објавени документи: Здравствен дом Тетово набавил мерцедес со пари за пандемијата два месеца по пожарот во модуларната болница appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Шуто Оризари користел службено возило за релација Шутка-Град Скопје? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-na-shuto-orizari-koristel-sluzbeno-vozilo-za-relacija-shutka-grad-skopje/ Fri, 14 Jan 2022 13:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=444630

Има сомнежи дека градоначалникот на Шуто Оризари, како и за претседателот на Советот на општината, користеле службено возило за лични и приватни потреби, односно за потребите за предизборната кампања за Локалните избори 2021 година, беше констатирано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој го образложи овој предмет меѓу другото наведе дека од патните налози се гледа дека не се уредно потполнети, не се правилно архивирани и не може да се утврди целта на дневните патувања. Имало и ситуации кога во сите патни налози е наведена само една релација од Општина Шуто Оризари до Град Скопје, без да се наведе за какви службени дејствија е користено возилото.

Трпеноски предложи предметот да се затвори затоа што, како што рече, не гледа што друго ДКСК може да направи освен да даде јавна осуда.

Билјана Ивановска, претседалка на ДКСК се надоврза и рече дека ова е и причина плус Антикорупција да бара Изборниот законик да се „среди“. Таа информира дека има и други моменти во законот каде нема санкции и оцени дека е краен моментот за носење нов Изборен законик.

Владимир Георгиев, член на ДКСК, во образложението на предмет во кој во сообраќајна несреќа има една жртва пешак, истакна дека немањето функционален, ефективен и ефикасен систем за оценка на стручноста на изработените вештачења и експертизи може да фрли сенка врз кредибилитетот на донесената судска одлука, а понатаму и поткопување на целосната доверба во правосудниот систем. Тој наведе дека ДКСК нема законска надлежност да испитува донесени првостепени судски одлуки, а во конкретниот случај е во жалбена постапка пред Апелација во Скопје.

Што се однесува до правната празнина поради непостоењето на воспоставен и функционален правен механизам што треба да осигура стручност на изготвените судски вештачења и супер вештачења, тој предложи ДКСК до Министерството за правда да иницира постапка за измени и дополнувања на Законот за вештачење за да постои воспоставен механизам во кој ќе може да се оценува работењето на вештаците.

– Парадоксално е за ист случај, со иста фактичка ситуација да имаме, особено при првичното вештачење, дијаметрално спротивставени вештачења. Испаѓа дека вештакот изготвува вештачење во корист на страната што ангажира, што е навистина нелогично, рече Георгиев

The post Градоначалникот на Шуто Оризари користел службено возило за релација Шутка-Град Скопје? appeared first on Република.

]]>

Има сомнежи дека градоначалникот на Шуто Оризари, како и за претседателот на Советот на општината, користеле службено возило за лични и приватни потреби, односно за потребите за предизборната кампања за Локалните избори 2021 година, беше констатирано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој го образложи овој предмет меѓу другото наведе дека од патните налози се гледа дека не се уредно потполнети, не се правилно архивирани и не може да се утврди целта на дневните патувања. Имало и ситуации кога во сите патни налози е наведена само една релација од Општина Шуто Оризари до Град Скопје, без да се наведе за какви службени дејствија е користено возилото. Трпеноски предложи предметот да се затвори затоа што, како што рече, не гледа што друго ДКСК може да направи освен да даде јавна осуда. Билјана Ивановска, претседалка на ДКСК се надоврза и рече дека ова е и причина плус Антикорупција да бара Изборниот законик да се „среди“. Таа информира дека има и други моменти во законот каде нема санкции и оцени дека е краен моментот за носење нов Изборен законик. Владимир Георгиев, член на ДКСК, во образложението на предмет во кој во сообраќајна несреќа има една жртва пешак, истакна дека немањето функционален, ефективен и ефикасен систем за оценка на стручноста на изработените вештачења и експертизи може да фрли сенка врз кредибилитетот на донесената судска одлука, а понатаму и поткопување на целосната доверба во правосудниот систем. Тој наведе дека ДКСК нема законска надлежност да испитува донесени првостепени судски одлуки, а во конкретниот случај е во жалбена постапка пред Апелација во Скопје. Што се однесува до правната празнина поради непостоењето на воспоставен и функционален правен механизам што треба да осигура стручност на изготвените судски вештачења и супер вештачења, тој предложи ДКСК до Министерството за правда да иницира постапка за измени и дополнувања на Законот за вештачење за да постои воспоставен механизам во кој ќе може да се оценува работењето на вештаците. – Парадоксално е за ист случај, со иста фактичка ситуација да имаме, особено при првичното вештачење, дијаметрално спротивставени вештачења. Испаѓа дека вештакот изготвува вештачење во корист на страната што ангажира, што е навистина нелогично, рече Георгиев

The post Градоначалникот на Шуто Оризари користел службено возило за релација Шутка-Град Скопје? appeared first on Република.

]]>