службено лице Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluzbeno-lice/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 09:06:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png службено лице Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluzbeno-lice/ 32 32 Вработен во МВР фатен на лице место со над 10 илјади евра од извршено кривично дело Измама https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-mvr-faten-na-litse-mesto-so-nad-10-iljadi-evra-od-izvrsheno-krivichno-delo-izmama/ Sat, 18 May 2024 09:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=779427

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информира дека овластено службено лице вработено во МВР е фатено на лице место со над 10 илјади евра од извршено кривично дело Измама.

На ден 17.05.2024г. лицето И.М. вработено како Виш аналитичар во СВР Скопје, лишено е од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ. Имено, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12 500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија, информира Тошковски.

Во врска со кривичното дело е извршен претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.

Исто така, при извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки. МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници, додава Тошковски.

The post Вработен во МВР фатен на лице место со над 10 илјади евра од извршено кривично дело Измама appeared first on Република.

]]>

МВР се чисти од корумпираните, фатен полициски службеник со над 10 илјади евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-se-chisti-od-korumpiranite-faten-politsiski-sluzhbenik-so-nad-10-iljadi-evra-mito-se-ispituva-kaj-kogo-trebalo-da-zavrshat-parite/ Sat, 18 May 2024 07:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=779386

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица, е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани над 10 илјади евра. Акцијата ја спровело Одделот за внатрешна контрола со Одделот за криминалистичка полиција.

Тоа лице посредувало за добивање на социјални станови од Б категорија, но се испитува поврзаноста со други високи полициски службеници. Извршен е претрес во службените простории кое лицето ги користело при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело а во неговиот дом е пронајдено и оружје кое најверојатно е без дозвола.

Во текот на денот се очекува МВР да објави повеќе детали за случајот. Министерот Тошковски повеќе пати најавуваше дека законот ќе важи за сите подеднакво и дека борбата против корупцијата ќе продолжи.

The post МВР се чисти од корумпираните, фатен полициски службеник со над 10 илјади евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите appeared first on Република.

]]>

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица, е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани над 10 илјади евра. Акцијата ја спровело Одделот за внатрешна контрола со Одделот за криминалистичка полиција. Тоа лице посредувало за добивање на социјални станови од Б категорија, но се испитува поврзаноста со други високи полициски службеници. Извршен е претрес во службените простории кое лицето ги користело при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело а во неговиот дом е пронајдено и оружје кое најверојатно е без дозвола. Во текот на денот се очекува МВР да објави повеќе детали за случајот. Министерот Тошковски повеќе пати најавуваше дека законот ќе важи за сите подеднакво и дека борбата против корупцијата ќе продолжи.

The post МВР се чисти од корумпираните, фатен полициски службеник со над 10 илјади евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите appeared first on Република.

]]>
Биле агресивни кон полицијата: Апсење за жители на Шутка и Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bile-agresivni-kon-politsijata-apsene-za-zhiteli-na-shutka-i-veles/ Mon, 17 Apr 2023 17:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=631530

Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари синоќа во 1:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари го лишиле од слобода И.Б.(64) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Вчера, пак, во 1:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Д.К.(39) од Велес, затоа што пред угостителски објект во Велес физички го нападнал М.Б.(33) од Скопје, кој работел како редар пред објектот, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Биле агресивни кон полицијата: Апсење за жители на Шутка и Велес appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари синоќа во 1:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари го лишиле од слобода И.Б.(64) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок. Вчера, пак, во 1:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Д.К.(39) од Велес, затоа што пред угостителски објект во Велес физички го нападнал М.Б.(33) од Скопје, кој работел како редар пред објектот, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Биле агресивни кон полицијата: Апсење за жители на Шутка и Велес appeared first on Република.

]]>