слугување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluguvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Aug 2022 08:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png слугување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluguvanje/ 32 32 Удобноста на слугувањето https://arhiva3.republika.mk/kolumni/udobnosta-na-sluguvanjeto/ Wed, 10 Aug 2022 16:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=538841

Атанас Кирјаковски

Да се мисли со својата глава или не – прашање е сега! Оваа варијација на Хамлетовата дилема има за цел да ја сумира главната теза на колумнава – дека и состојбата на немислење може да те доведе до пријатен, удобен, здебелен живот. Иако уште од забавиште нѐ убедуваат дека треба да учиме, да го осознаваме светот и стекнуваме разни вештини, „критички да размислуваме“ под премисата дека тоа ќе ни овозможи поголем успех во животот, сепак сведоци сме дека многумина откриле еден далеку поедноставен начин за лесничко виреење – да бидат слепо послушни и да слугуваат. Е сега, единствениот предизвик на таквите е да си ги најдат вистинските господари.

Во филозофско-етичка смисла слугувањето не се прифаќа како човекова вредност. На него се гледа како кон нешто омаловажувачко, потчовечко, нешто кое некој го практикува само затоа што „мора“, не затоа што „сака“. Кога се нема избор. Но ако подлабоко подразмислиме (со своја глава нели), лесно докажливо е дека слугувањето и не е така лошо; напротив, ако се најде соодветен господар може да се прифати дури и како едно фино егзистенцијално прилагодување. Да, работиш работи кои твојот господар не би ги работел, кои често се непријатни и омаловажувачки во очите на другите, но не смее да се заборави дека во денешните демократски општества во отсуство на робовладеење, слугувањето е взаемен трансакциски однос меѓу господарот и слугата. Да, слугата му прави измет на господарот, а за возврат е компензиран соодветно и со тоа неговата егзистенција е загарантирана. И што е арното во слугувањето – не мора да мислиш со своја глава, а на масата секој ден имаш кркачка. Плус капе и понекој грош. Слушај само што ќе ти се каже. Убавината е токму во тоа: некој друг мисли за тебе. Некој друг се грижи за тебе, иако навидум првично изгледа дека е обратното. Ти се грижиш за господарот, но и господарот се грижи за тебе, бидејќи си има корист од тоа. И така животот ти е организиран, небаре по војнички правила, ти само слушај, спроведувај што ќе ти се каже, не спори, не му ја мисли, само извршувај. Кантината ќе служи трипати оброк дневно. Си нашол слугата начин да постои во својата релативна удобност и без да мисли, без грижи за иднината. Се додека те штити и чува господарот, гајле си немаш и покрај тоа што му измеќариш. Мислењето е ужасно напорно, троши калории повеќе од слугувањето. Слободата е скапа, зортлива, мачна, прескапа е за одржување бидејќи е највредна, бидејќи е бесценета. А слугата е премногу мрзлив да се заморува околу тоа. Полесно му е да слугува. Дополнително, и последиците од твоите постапки се небитни – нели не се твој избор, нели некој друг те „натерал“ тоа да го направиш. Нели не сносиш одговорност? Ти не си „мислел“, не си „сакал“, едноставно така ти било „кажано“ да постапиш. Лесно и удобно нели?

Разбирањето на убавата страна на слугувањето ни помага појасно да ја сфатиме психологијата на владеењето во Македонија. Мора да позборуваме за власта, затоа што во моментов нѐ владеат нечии слуги. Но тоа не се наши слуги, на граѓаните, како што власта во една цивилизирана, современа и демократска држава би требало да биде (во современиот еуговор се користи фразата „сервис на граѓаните“). На власт се оттуѓени слуги на господари кои најчесто не ѝ мислат добро на оваа малечка и напатена земјичка. Господарите доаѓаат од сите страни на светот, од исток, запад, север и југ. Доаѓаат и од преку океанот и од стариот континент. Некои дури доаѓаат и одвнатре. Тие господари преку своите слуги уценуваат, условуваат, бришат, понижуваат и се изживуваат со бескрајни лажни ветувања за некаков си ветен (ЕУ)рај. Посебно им се настрвени на Македонците и не им дозволуваат да бидат тоа што имаат право да бидат. Ги тераат да менуваат имиња и придавки, да менуваат устави и социјални норми, да си го бришат и лажираат сопственото минато, јазикот и културното наследство. Слугите сето тоа одушевено го извршуваат и биваат наградени со окомижење од господарите кога крадат од кујната од вкусните мрсни бифтечиња. Не мисли, слугувај, извршувај – се исплаќа таквиот живот за тебе. Не мисли што правиш и со какви последици, батали како ја поткопуваш македонската иднина и како ја носиш во ќорсокак. Како твоето слепо слугување создава огромна поларизација, незадоволство и долгорочна нестабилност слично како во 90-тите години од минатиот век. Глеј си само за себе.

Слугата не чувствува емпатија за огромното обесправено мнозинство кое живее тука, чии претци ја создавале Македонија од крв и пот. Во своето немислење, слугата почнува да верува дека господарот искрено го сака и почнува да се чувствува недопирливо. Но се лаже. Колку и да е удобно слугувањето, инхерентното отсуството на слободата на слугата да избира и одлучува е токму и најголемиот хендикеп на слугувањето – еден убав сончев ден, господарите и кујната ќе ги снема, ќе мора да се напушти убавиот бел дворец на владеењето и тогаш – ќе мора слугите да го направат тоа што никогаш не го правеле дотогаш – да му ја мислат.

The post Удобноста на слугувањето appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Да се мисли со својата глава или не – прашање е сега! Оваа варијација на Хамлетовата дилема има за цел да ја сумира главната теза на колумнава – дека и состојбата на немислење може да те доведе до пријатен, удобен, здебелен живот. Иако уште од забавиште нѐ убедуваат дека треба да учиме, да го осознаваме светот и стекнуваме разни вештини, „критички да размислуваме“ под премисата дека тоа ќе ни овозможи поголем успех во животот, сепак сведоци сме дека многумина откриле еден далеку поедноставен начин за лесничко виреење – да бидат слепо послушни и да слугуваат. Е сега, единствениот предизвик на таквите е да си ги најдат вистинските господари. Во филозофско-етичка смисла слугувањето не се прифаќа како човекова вредност. На него се гледа како кон нешто омаловажувачко, потчовечко, нешто кое некој го практикува само затоа што „мора“, не затоа што „сака“. Кога се нема избор. Но ако подлабоко подразмислиме (со своја глава нели), лесно докажливо е дека слугувањето и не е така лошо; напротив, ако се најде соодветен господар може да се прифати дури и како едно фино егзистенцијално прилагодување. Да, работиш работи кои твојот господар не би ги работел, кои често се непријатни и омаловажувачки во очите на другите, но не смее да се заборави дека во денешните демократски општества во отсуство на робовладеење, слугувањето е взаемен трансакциски однос меѓу господарот и слугата. Да, слугата му прави измет на господарот, а за возврат е компензиран соодветно и со тоа неговата егзистенција е загарантирана. И што е арното во слугувањето – не мора да мислиш со своја глава, а на масата секој ден имаш кркачка. Плус капе и понекој грош. Слушај само што ќе ти се каже. Убавината е токму во тоа: некој друг мисли за тебе. Некој друг се грижи за тебе, иако навидум првично изгледа дека е обратното. Ти се грижиш за господарот, но и господарот се грижи за тебе, бидејќи си има корист од тоа. И така животот ти е организиран, небаре по војнички правила, ти само слушај, спроведувај што ќе ти се каже, не спори, не му ја мисли, само извршувај. Кантината ќе служи трипати оброк дневно. Си нашол слугата начин да постои во својата релативна удобност и без да мисли, без грижи за иднината. Се додека те штити и чува господарот, гајле си немаш и покрај тоа што му измеќариш. Мислењето е ужасно напорно, троши калории повеќе од слугувањето. Слободата е скапа, зортлива, мачна, прескапа е за одржување бидејќи е највредна, бидејќи е бесценета. А слугата е премногу мрзлив да се заморува околу тоа. Полесно му е да слугува. Дополнително, и последиците од твоите постапки се небитни – нели не се твој избор, нели некој друг те „натерал“ тоа да го направиш. Нели не сносиш одговорност? Ти не си „мислел“, не си „сакал“, едноставно така ти било „кажано“ да постапиш. Лесно и удобно нели? Разбирањето на убавата страна на слугувањето ни помага појасно да ја сфатиме психологијата на владеењето во Македонија. Мора да позборуваме за власта, затоа што во моментов нѐ владеат нечии слуги. Но тоа не се наши слуги, на граѓаните, како што власта во една цивилизирана, современа и демократска држава би требало да биде (во современиот еуговор се користи фразата „сервис на граѓаните“). На власт се оттуѓени слуги на господари кои најчесто не ѝ мислат добро на оваа малечка и напатена земјичка. Господарите доаѓаат од сите страни на светот, од исток, запад, север и југ. Доаѓаат и од преку океанот и од стариот континент. Некои дури доаѓаат и одвнатре. Тие господари преку своите слуги уценуваат, условуваат, бришат, понижуваат и се изживуваат со бескрајни лажни ветувања за некаков си ветен (ЕУ)рај. Посебно им се настрвени на Македонците и не им дозволуваат да бидат тоа што имаат право да бидат. Ги тераат да менуваат имиња и придавки, да менуваат устави и социјални норми, да си го бришат и лажираат сопственото минато, јазикот и културното наследство. Слугите сето тоа одушевено го извршуваат и биваат наградени со окомижење од господарите кога крадат од кујната од вкусните мрсни бифтечиња. Не мисли, слугувај, извршувај – се исплаќа таквиот живот за тебе. Не мисли што правиш и со какви последици, батали како ја поткопуваш македонската иднина и како ја носиш во ќорсокак. Како твоето слепо слугување создава огромна поларизација, незадоволство и долгорочна нестабилност слично како во 90-тите години од минатиот век. Глеј си само за себе. Слугата не чувствува емпатија за огромното обесправено мнозинство кое живее тука, чии претци ја создавале Македонија од крв и пот. Во своето немислење, слугата почнува да верува дека господарот искрено го сака и почнува да се чувствува недопирливо. Но се лаже. Колку и да е удобно слугувањето, инхерентното отсуството на слободата на слугата да избира и одлучува е токму и најголемиот хендикеп на слугувањето – еден убав сончев ден, господарите и кујната ќе ги снема, ќе мора да се напушти убавиот бел дворец на владеењето и тогаш – ќе мора слугите да го направат тоа што никогаш не го правеле дотогаш – да му ја мислат.

The post Удобноста на слугувањето appeared first on Република.

]]>