случај против Жан Митрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-protiv-zhan-mitrev/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 10:38:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случај против Жан Митрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-protiv-zhan-mitrev/ 32 32 Судењето за Жан Митрев одложено за 4 септември поради отсуство на сведоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudeneto-za-zhan-mitrev-odlozheno-za-4-septemvri-poradi-otsustvo-na-svedotsi/ Mon, 01 Jul 2024 10:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=792359

Поради отсуство на сведоци, денешното рочиште за случајот против доктор Жан Митрев во Основниот кривичен суд во Скопје е одложено за 4 септември годинава.

Полицијата на двајца сведоци предложени од Обвинителството не можела да им достави покана на адресата на која живеат во Тетово и Гостивар, додека третиот сведок со поднесок до Судот побарал да се ослободи од сослушување од здравствени причини.

Јавниот обвинител, за економичност на постапката, даде предлог овие сведоци да бидат повлечени, но таквиот предлог не беше прифатен од одбраната, според која не биле исцрпени сите законски можности за нивно обезбедување и дека доколку не може да се обезбеди нивно присуство во судницата поради заминување во странство, дека тие може да бидат сослушани преку видео врска.

Во однос на барањето на третиот сведок за негово ослободување од сослушување, Судот посочи дека во доставеното известување биле содржани копии од здравствени белешки и побара тие да бидат доставени во оригинал.

Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист.

Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

Судскиот процес пред Основниот кривичен суд во Скопје започна во февруари лани, но поради истекот од 90 дена од последното одржано рочиште тој лани во ноември беше вратен од почеток. Процесот се наоѓа во фаза на доказна постапка, каде се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци предложени од Јавното обвинителство.

The post Судењето за Жан Митрев одложено за 4 септември поради отсуство на сведоци appeared first on Република.

]]>

Поради отсуство на сведоци, денешното рочиште за случајот против доктор Жан Митрев во Основниот кривичен суд во Скопје е одложено за 4 септември годинава. Полицијата на двајца сведоци предложени од Обвинителството не можела да им достави покана на адресата на која живеат во Тетово и Гостивар, додека третиот сведок со поднесок до Судот побарал да се ослободи од сослушување од здравствени причини. Јавниот обвинител, за економичност на постапката, даде предлог овие сведоци да бидат повлечени, но таквиот предлог не беше прифатен од одбраната, според која не биле исцрпени сите законски можности за нивно обезбедување и дека доколку не може да се обезбеди нивно присуство во судницата поради заминување во странство, дека тие може да бидат сослушани преку видео врска. Во однос на барањето на третиот сведок за негово ослободување од сослушување, Судот посочи дека во доставеното известување биле содржани копии од здравствени белешки и побара тие да бидат доставени во оригинал. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист. Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје. Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева. Судскиот процес пред Основниот кривичен суд во Скопје започна во февруари лани, но поради истекот од 90 дена од последното одржано рочиште тој лани во ноември беше вратен од почеток. Процесот се наоѓа во фаза на доказна постапка, каде се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци предложени од Јавното обвинителство.

The post Судењето за Жан Митрев одложено за 4 септември поради отсуство на сведоци appeared first on Република.

]]>
Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svedok-vo-sluchajot-protiv-zhan-mitrev-od-mediumite-i-od-obvinitelstvoto-doznal-deka-e-izmamen/ Tue, 28 May 2024 12:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=782445

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.

Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.

Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:

Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.

На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна.

И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ.

На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.
Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.
Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:
Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.
На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна. И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ. На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>