случај Онкологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-onkologija/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Mar 2024 16:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случај Онкологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-onkologija/ 32 32 Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osomnichenite-direktori-vasev-i-nuhi-se-ushte-ne-se-povikani-da-dadat-iskaz-vo-jo/ Sun, 03 Mar 2024 17:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=750798

Фондот за здравствено осигурување извршил нов вонреден надзор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, во врска со истрагата за набавка на лекови на реверс и препишување на вишок терапии, при што сомнежите се дека е причинета штета од 30 милиони евра.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето во „Топ тема“ информираше дека извештајот на ФЗО е доставен до обвинителството и истиот се анализира, но не можеше да даде детали.

Истрагата, како што рече, продолжува во насока на кривичните дела за кои од почеток се товарат осомничените.

Во моментов се работи за навистина сложен предмет. Истрагата се уште е на самиот почеток. Ништо не е исклучено. Во тек е економско, финансиско вештачење и вештачење за издвоени медицински истории. Имаме експерт од Словенија. Прибавена е огромна документација. Тоа го кажа и јавната обвинителка и компјутерски податоци кои што се анализираат, рече Коцевски во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во случајот се осомничени пет лица за измама во службата. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат Нухи, според сознанијата на Телма, сè уште не се повикани да дадат исказ, бидејќи во тек е прибирањето на доказите.

The post Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравствено осигурување извршил нов вонреден надзор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, во врска со истрагата за набавка на лекови на реверс и препишување на вишок терапии, при што сомнежите се дека е причинета штета од 30 милиони евра. Државниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето во „Топ тема“ информираше дека извештајот на ФЗО е доставен до обвинителството и истиот се анализира, но не можеше да даде детали. Истрагата, како што рече, продолжува во насока на кривичните дела за кои од почеток се товарат осомничените.
Во моментов се работи за навистина сложен предмет. Истрагата се уште е на самиот почеток. Ништо не е исклучено. Во тек е економско, финансиско вештачење и вештачење за издвоени медицински истории. Имаме експерт од Словенија. Прибавена е огромна документација. Тоа го кажа и јавната обвинителка и компјутерски податоци кои што се анализираат, рече Коцевски во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Во случајот се осомничени пет лица за измама во службата. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат Нухи, според сознанијата на Телма, сè уште не се повикани да дадат исказ, бидејќи во тек е прибирањето на доказите.

The post Осомничените директори Васев и Нухи сè уште не се повикани да дадат исказ во ЈО appeared first on Република.

]]>
По кратка потера e уапсен бившиот директор на Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-kratka-potera-e-uapsen-bivshiot-direktor-na-onkologija/ Tue, 30 Jan 2024 08:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=738423

По кратка потера уапсен е и поранешниот директор на Клиниката за Оонкологија, Н.В, кој беше еден од лекарите кој утринава не беше пронајден, неофицијално дознава „Фокус“. Според информациите на порталот, тој бил пронајден некаде низ клиниката и му било навестено дека е лишен од слобода.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-od-lekarite-koj-bil-baran-od-politsijata-ne-se-pojavil-utrinava-na-rabotnoto-mesto-na-onkologija/?fbclid=IwAR2zqdBLYR80fWl9-vYu6tPwyW5H4bdFVL0WjDfTG2Aga-7Ukle3SgySTJE

Како што веќе објавивме, по наредба на јавен обвинител утринава се вршат претреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија. Претресите се прават во домовите на бивши директори и персонал на клиниката, како и во самата клиника.

Надлежните институции најавуваат повеќе детали во текот на денот.

The post По кратка потера e уапсен бившиот директор на Онкологија appeared first on Република.

]]>

По кратка потера уапсен е и поранешниот директор на Клиниката за Оонкологија, Н.В, кој беше еден од лекарите кој утринава не беше пронајден, неофицијално дознава „Фокус“. Според информациите на порталот, тој бил пронајден некаде низ клиниката и му било навестено дека е лишен од слобода. https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-od-lekarite-koj-bil-baran-od-politsijata-ne-se-pojavil-utrinava-na-rabotnoto-mesto-na-onkologija/?fbclid=IwAR2zqdBLYR80fWl9-vYu6tPwyW5H4bdFVL0WjDfTG2Aga-7Ukle3SgySTJE Како што веќе објавивме, по наредба на јавен обвинител утринава се вршат претреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија. Претресите се прават во домовите на бивши директори и персонал на клиниката, како и во самата клиника. Надлежните институции најавуваат повеќе детали во текот на денот.  

The post По кратка потера e уапсен бившиот директор на Онкологија appeared first on Република.

]]>
Еден од лекарите кој бил баран од полицијата утринава не се појавил на работното место на Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-od-lekarite-koj-bil-baran-od-politsijata-utrinava-ne-se-pojavil-na-rabotnoto-mesto-na-onkologija/ Tue, 30 Jan 2024 08:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=738406

Еден од лекарите, кој утринава бил побаран од полицијата денеска не се појавил на своето работно место, ниту пак претходно најавил некакво отсуство, дознава „Фокус“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-pretresi-za-skandalot-onkologija-uapseni-i-lekari/

Како што веќе објавивме, по наредба на јавен обвинител утринава се вршат претреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија. Претресите се прават во домовите на бивши директори и персонал на клиниката, како и во самата клиника.

Надлежните институции најавуваат повеќе детали во текот на денот.

The post Еден од лекарите кој бил баран од полицијата утринава не се појавил на работното место на Онкологија appeared first on Република.

]]>

Еден од лекарите, кој утринава бил побаран од полицијата денеска не се појавил на своето работно место, ниту пак претходно најавил некакво отсуство, дознава „Фокус“. https://republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-pretresi-za-skandalot-onkologija-uapseni-i-lekari/ Како што веќе објавивме, по наредба на јавен обвинител утринава се вршат претреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија. Претресите се прават во домовите на бивши директори и персонал на клиниката, како и во самата клиника. Надлежните институции најавуваат повеќе детали во текот на денот.

The post Еден од лекарите кој бил баран од полицијата утринава не се појавил на работното место на Онкологија appeared first on Република.

]]>
Утрово претреси за скандалот Онкологија, уапсени и лекари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utrovo-pretresi-za-skandalot-onkologija-uapseni-i-lekari/ Tue, 30 Jan 2024 07:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=738374

Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомнежи дека се дел од скандалот Онкологија, неофицијално дознава „Фокус“.

Според информациите на порталот, претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари.

Повеќе детали во текот на денот.

The post Утрово претреси за скандалот Онкологија, уапсени и лекари appeared first on Република.

]]>

Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомнежи дека се дел од скандалот Онкологија, неофицијално дознава „Фокус“. Според информациите на порталот, претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомнежи дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија. Има и уапсени лекари. Повеќе детали во текот на денот.

The post Утрово претреси за скандалот Онкологија, уапсени и лекари appeared first on Република.

]]>
Случајот „Онкологија“ заврши само со предистрага бидејќи е јасно дека оди до врвот, вели Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-onkologija-zavrshi-samo-so-predistraga-bidejki-e-jasno-deka-odi-do-vrvot-veli-nikoloski/ Mon, 25 Dec 2023 19:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=726660

Воопшто истрага не се отвори за случајот „Онкологија“, заврши на предистрага. Заврши на едно театрално влегување во Клиниката, одземање на материјали, и тоа е тоа, нема друго ништо. Она што се слуша во одредени кругови е дека наводно документите на омилената веледрогерија на власта одговарале со документите во Клиниката, но тоа е не е суштината, никој не е доволно наивен од тие кои што прават таков криминал да на документи направи грешки. Треба да се влезе во суштината и да се види дали тоа што требало да биде давано на пациентите е давано, на кој начин е давано, како е користено итн., истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека претседателката на Анкетната комисија за случајот со Онкологија, Рашела Мизрахи спреми еден обемен извештај кој што го презентираше на прес конференција пред јавноста и на која што јасно лоцираше одговорност. Но до денес се нема информација дека било кој од обвинителството се заинтересира да го разгледа случајот со Онкологија. И тоа јасно говори дека сакаат да се заташка работата.

Направија како некоја предистрага и се заврши на тоа. Затоа што е јасно дека ова оди до врвот, имено на едно од сведочењата во Анкетната комисија, еден од сведоците кажал дека поранешен премиер и поранешен министер се исто така вмешани во оваа работа. И каде што ова многу сомнежи отвора, но пред се околу хуманиот аспект и околу состојбата на здравството. Состојбата на здравството во Македонија е на катастрофално ниво, никогаш не било полошо, заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека нема човек кој што нема мака и кој што не се обратил до здравствениот систем, но вака не било никогаш. Здравствениот систем со оваа власт е на катастрофално ниво. И состојбата во здравствениот систем е поразително во Македонија.

Најдобар доказ за тоа е што во Македонија цветаат приватни болници. А, кога цветаат приватни болници значи дека јавното здравство е слабо, потенцираше Николоски.

„А, кога е слабо јавното здравство значи дека најголем број на граѓаните остануваат без соодветна здравствена заштита, затоа што не можат да си дозволат приватно да ги плаќаат услугите за кои што издвојуваат од своите плати преку придонесите за здравствено осигурување кое што си го плаќаат“, рече тој.

Николоски укажа дека комплексна е состојбата во здравството, лоша, катастрофална. Но исто така Николоски рече дека по изборите идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го подобри здравствениот систем во Република Македонија преку соодветни мерки.

The post Случајот „Онкологија“ заврши само со предистрага бидејќи е јасно дека оди до врвот, вели Николоски appeared first on Република.

]]>

Воопшто истрага не се отвори за случајот „Онкологија“, заврши на предистрага. Заврши на едно театрално влегување во Клиниката, одземање на материјали, и тоа е тоа, нема друго ништо. Она што се слуша во одредени кругови е дека наводно документите на омилената веледрогерија на власта одговарале со документите во Клиниката, но тоа е не е суштината, никој не е доволно наивен од тие кои што прават таков криминал да на документи направи грешки. Треба да се влезе во суштината и да се види дали тоа што требало да биде давано на пациентите е давано, на кој начин е давано, како е користено итн., истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Николоски додаде дека претседателката на Анкетната комисија за случајот со Онкологија, Рашела Мизрахи спреми еден обемен извештај кој што го презентираше на прес конференција пред јавноста и на која што јасно лоцираше одговорност. Но до денес се нема информација дека било кој од обвинителството се заинтересира да го разгледа случајот со Онкологија. И тоа јасно говори дека сакаат да се заташка работата.
Направија како некоја предистрага и се заврши на тоа. Затоа што е јасно дека ова оди до врвот, имено на едно од сведочењата во Анкетната комисија, еден од сведоците кажал дека поранешен премиер и поранешен министер се исто така вмешани во оваа работа. И каде што ова многу сомнежи отвора, но пред се околу хуманиот аспект и околу состојбата на здравството. Состојбата на здравството во Македонија е на катастрофално ниво, никогаш не било полошо, заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека нема човек кој што нема мака и кој што не се обратил до здравствениот систем, но вака не било никогаш. Здравствениот систем со оваа власт е на катастрофално ниво. И состојбата во здравствениот систем е поразително во Македонија.
Најдобар доказ за тоа е што во Македонија цветаат приватни болници. А, кога цветаат приватни болници значи дека јавното здравство е слабо, потенцираше Николоски.
„А, кога е слабо јавното здравство значи дека најголем број на граѓаните остануваат без соодветна здравствена заштита, затоа што не можат да си дозволат приватно да ги плаќаат услугите за кои што издвојуваат од своите плати преку придонесите за здравствено осигурување кое што си го плаќаат“, рече тој. Николоски укажа дека комплексна е состојбата во здравството, лоша, катастрофална. Но исто така Николоски рече дека по изборите идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го подобри здравствениот систем во Република Македонија преку соодветни мерки.

The post Случајот „Онкологија“ заврши само со предистрага бидејќи е јасно дека оди до врвот, вели Николоски appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Десетина сведоци од Владата не се појавија пред Комисијата за Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-desetina-svedotsi-od-vladata-ne-se-pojavija-pred-komisijata-za-onkologija/ Tue, 07 Nov 2023 19:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=699298

Во скандалот Онкологија има интересни моменти. Во 2019 година се првите пишувања на медиумите кои стануваат многу чести. Тука беше и Државната ревизија која има и блага форма на заклучоци, а и сепак и покрај тоа што завршил надзорот со Извештај во 2023 година во март, продолжува инсистирање на медиумите кои алудираат дека се уште не е во ред ситуацијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. На сето ова јавното обвинителство почнува со некаква работа на почеток на септември годинава, рече Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија за случајот Онкологија на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.

Мизрахи информираше дека за сведоци во Комисијата биле повикани нешто повеќе од 60 сведоци, а десеттина не се појавиле.

Тие што не одговорија, не се појавија се директно лица од Владата и оставаат црна дамка како да се работи за прикривање на докази. Сепак во трката со време се помина низ маса на материјали и можеше да се види што се случувало на Клиниката за радиотерапија и онкологија, рече Мизрахи.

Според неа случајот Онкологија е политички карцином кој навлегол во здравството, а притоа не се почитуваат никакви правни норми.

Има откажување на контролните механизми во здравствениот систем. Или нема ништо, нема протокол, процедури или има тенденциозен хаос, но тој немало да настане ако Министерството за здравство вршело надзор во сите аспекти во здравството. Значи каде било Министерството за здравство, министерот, потоа Фондот за здравство, рече Мизрахи.

Мизрахи укажа дека директорите на здравствените установи пишуваат извештаи за работа, се доставуваат до МЗ и ФЗО. Ако надлежните институции според неа имале увид и работеле по правила Клиниката немало да влезе во оваа ситуација.

На пример ФЗО кој би требало да има увид и ако работел како што треба Клиниката веројатно немала да влезе во оваа шема. Исто и Агенцијата за лекови врши надзор, потоа Државниот здравствен инспекторат. Има еден куп на контролни механизми и доколку биле надлежните за контрола вклучени и си ја работеле работата од 2019 до денес немаше да ја имаме оваа афера, рече Мизрахи.

The post Мизрахи: Десетина сведоци од Владата не се појавија пред Комисијата за Онкологија appeared first on Република.

]]>

Во скандалот Онкологија има интересни моменти. Во 2019 година се првите пишувања на медиумите кои стануваат многу чести. Тука беше и Државната ревизија која има и блага форма на заклучоци, а и сепак и покрај тоа што завршил надзорот со Извештај во 2023 година во март, продолжува инсистирање на медиумите кои алудираат дека се уште не е во ред ситуацијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. На сето ова јавното обвинителство почнува со некаква работа на почеток на септември годинава, рече Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија за случајот Онкологија на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа. Мизрахи информираше дека за сведоци во Комисијата биле повикани нешто повеќе од 60 сведоци, а десеттина не се појавиле.
Тие што не одговорија, не се појавија се директно лица од Владата и оставаат црна дамка како да се работи за прикривање на докази. Сепак во трката со време се помина низ маса на материјали и можеше да се види што се случувало на Клиниката за радиотерапија и онкологија, рече Мизрахи.
Според неа случајот Онкологија е политички карцином кој навлегол во здравството, а притоа не се почитуваат никакви правни норми.
Има откажување на контролните механизми во здравствениот систем. Или нема ништо, нема протокол, процедури или има тенденциозен хаос, но тој немало да настане ако Министерството за здравство вршело надзор во сите аспекти во здравството. Значи каде било Министерството за здравство, министерот, потоа Фондот за здравство, рече Мизрахи.
Мизрахи укажа дека директорите на здравствените установи пишуваат извештаи за работа, се доставуваат до МЗ и ФЗО. Ако надлежните институции според неа имале увид и работеле по правила Клиниката немало да влезе во оваа ситуација.
На пример ФЗО кој би требало да има увид и ако работел како што треба Клиниката веројатно немала да влезе во оваа шема. Исто и Агенцијата за лекови врши надзор, потоа Државниот здравствен инспекторат. Има еден куп на контролни механизми и доколку биле надлежните за контрола вклучени и си ја работеле работата од 2019 до денес немаше да ја имаме оваа афера, рече Мизрахи.

The post Мизрахи: Десетина сведоци од Владата не се појавија пред Комисијата за Онкологија appeared first on Република.

]]>
Побарав оставка од директорот Нино Васев, рече Беким Сали пред Анкетната комисија за случајот Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pobarav-ostavka-od-direktorot-nino-vasev-reche-bekim-sali-pred-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/ Tue, 10 Oct 2023 13:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=689932

Заврши сослушувањето на поранешниот министер за здравство Беким Сали, на денешната седница на Анкетната комисиј за случајот со Клиниката за онкологија.

Сали во своето обраќање поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, и назначувањето на новата директорка Вилоета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа.

Прашања до поранешниот министер за здравство поставија пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ за време додека Сали бил министер за здравство, набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговот раководење со министерството.

The post Побарав оставка од директорот Нино Васев, рече Беким Сали пред Анкетната комисија за случајот Онкологија appeared first on Република.

]]>

Заврши сослушувањето на поранешниот министер за здравство Беким Сали, на денешната седница на Анкетната комисиј за случајот со Клиниката за онкологија. Сали во своето обраќање поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, и назначувањето на новата директорка Вилоета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа. Прашања до поранешниот министер за здравство поставија пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ за време додека Сали бил министер за здравство, набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговот раководење со министерството.  

The post Побарав оставка од директорот Нино Васев, рече Беким Сали пред Анкетната комисија за случајот Онкологија appeared first on Република.

]]>
Неколку неодговорени прашања месец дена по откривање на скандалот во Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nekolku-neodgovoreni-prashana-mesets-dena-po-otkrivane-na-skandalot-vo-onkologija/ Mon, 25 Sep 2023 08:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=684910

Поминува скоро месец дена од случајот Онкологија каде има основани сомневања за тоа дека лековите за онколошките пациенти не завршувале на вистинска адреса, а резултати конкретни нема, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ги прашуваат надлежните:

1. Зошто нема надзор и усогласеност во начинот на евиденција и работа во здравствените установи?

2. Дали случајот „Онкологија" е единствен таков случај и колку други такви случаи постојат за клиники, болници, аптеки?

3. Зошто не се кажува ништо за сивиот пазар и препродавањето лекови преку аптеките, а на терен има нула активности и транспарентост за преземените чекори?

4. Зошто кога се вовела скапата биолопшка терапија не е воведен и систем на следливост на истата?

5. Дали функционирала соодветно аптекарската служба во Универзитетска клиника за онкологија и радиотерпија?

6. Дали после извршената ревизија:

- Клиниката за онкологија има донесено интерен акт со кој ќе се уреди начинот на набавки, прием и издавање на биолошката терапија?
- Дали е спроведен вонреден попис за усогласување на сметководствената со фактичката состојба на залихата на биолошката терапија?

7. Ако навистина зборуваат за транспарентност, зошто сето ова не е ставено на увид на јавноста или барем на осигурениците?

The post Неколку неодговорени прашања месец дена по откривање на скандалот во Онкологија appeared first on Република.

]]>

Поминува скоро месец дена од случајот Онкологија каде има основани сомневања за тоа дека лековите за онколошките пациенти не завршувале на вистинска адреса, а резултати конкретни нема, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги прашуваат надлежните:
1. Зошто нема надзор и усогласеност во начинот на евиденција и работа во здравствените установи?   2. Дали случајот „Онкологија" е единствен таков случај и колку други такви случаи постојат за клиники, болници, аптеки?   3. Зошто не се кажува ништо за сивиот пазар и препродавањето лекови преку аптеките, а на терен има нула активности и транспарентост за преземените чекори?   4. Зошто кога се вовела скапата биолопшка терапија не е воведен и систем на следливост на истата?   5. Дали функционирала соодветно аптекарската служба во Универзитетска клиника за онкологија и радиотерпија?   6. Дали после извршената ревизија: - Клиниката за онкологија има донесено интерен акт со кој ќе се уреди начинот на набавки, прием и издавање на биолошката терапија? - Дали е спроведен вонреден попис за усогласување на сметководствената со фактичката состојба на залихата на биолошката терапија?   7. Ако навистина зборуваат за транспарентност, зошто сето ова не е ставено на увид на јавноста или барем на осигурениците?

The post Неколку неодговорени прашања месец дена по откривање на скандалот во Онкологија appeared first on Република.

]]>
Доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците или сестрите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dosta-so-navredi-na-inteligentsija-deka-za-golemite-katastrofi-vo-makedonija-mozhe-da-bide-vinoven-kabelot-kochnitsite-ili-sestrite/ Mon, 25 Sep 2023 06:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=684857

Стана нормално во државата секој еден поединец кој си има работа со системот да даде пари или мито. Од највисоката до најмалата позиција. Се краде од министер до портир низ државните институции, а оној кој не го прави тоа, на него се гледа како исклучок. И оваа култура на корупција и крадење е само пресликување на однесувањето на челните луѓе на државата. И таквата култура на корупција ја гледаме и во случајот со Онкологија каде се крадело од болните со рак. Човек со мачнина гледа како имало профитери од туѓата смрт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со своето обраќање во Велес.

Мицкоски укажа дека секаде во светот, и во други држави има случаи каде ќе има недостатоци на системот и грозоморни исклучоци на брутално кршење на правилата и законите.

„Но, функционалните држави се разликуваат од нас по начинот на кој тие реагираат и постапуваат откако ќе излезе ваков скандал и одговорноста која мора да ја има. А, што направи оваа власт? Влезе обвинителството не со истрага, туку со предистрага, а истиве кои профитирале на грбот на најзагрозените сега се уште се во состојба да работат. Повторно одредуваат терапија која ја краделе и во секој час може да го повторат делото“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека за ваквите случаи треба да одговараат реалните виновници, односно креатори на истите.

„Воедно доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците, или сестрите, а не и оние што потпишуваат договори и даваат насоки“, заклучи Мицкоски.

The post Доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците или сестрите appeared first on Република.

]]>

Стана нормално во државата секој еден поединец кој си има работа со системот да даде пари или мито. Од највисоката до најмалата позиција. Се краде од министер до портир низ државните институции, а оној кој не го прави тоа, на него се гледа како исклучок. И оваа култура на корупција и крадење е само пресликување на однесувањето на челните луѓе на државата. И таквата култура на корупција ја гледаме и во случајот со Онкологија каде се крадело од болните со рак. Човек со мачнина гледа како имало профитери од туѓата смрт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со своето обраќање во Велес. Мицкоски укажа дека секаде во светот, и во други држави има случаи каде ќе има недостатоци на системот и грозоморни исклучоци на брутално кршење на правилата и законите. „Но, функционалните држави се разликуваат од нас по начинот на кој тие реагираат и постапуваат откако ќе излезе ваков скандал и одговорноста која мора да ја има. А, што направи оваа власт? Влезе обвинителството не со истрага, туку со предистрага, а истиве кои профитирале на грбот на најзагрозените сега се уште се во состојба да работат. Повторно одредуваат терапија која ја краделе и во секој час може да го повторат делото“, рече Мицкоски. Мицкоски рече дека за ваквите случаи треба да одговараат реалните виновници, односно креатори на истите. „Воедно доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците, или сестрите, а не и оние што потпишуваат договори и даваат насоки“, заклучи Мицкоски.

The post Доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците или сестрите appeared first on Република.

]]>
Ако за модуларната беше виновен кабелот, за Онкологија ќе бидe епруветата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-za-modularnata-beshe-vinoven-kabelot-za-onkologija-ke-bide-epruvetata/ Wed, 13 Sep 2023 06:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=681419

Владата предводена од СДС и ДУИ очигледно за скандалот Онкологија ни подготвува сценарио по она веќе виденото со модуларната болница во Тетово, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа што изгоре модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот. Сега за скандалот Онкологија очигледно епруветата ќе биде виновна.

Втора недела откако МВР влезе во Онкологија и започна истрага за нешто за што две години се зборуваше речиси постојано.

Власта на СДС и ДУИ не само што ја урниса довербата на граѓаните во здравството, тоа го стори речиси во секоја област. Скандалот Онкологија е само дополнителна потврда дека не може да им се верува ниту на истражните, ниту правосудните органи.

На Клиниката за онкологија наместо да се лечат пациенти, се правел бизнис. Наместо лекарствата да се дадат на лицата болни од рак, истите се препродавани на црниот пазар во Македонија и земјите од регионот.

Очигледно е дека стотици животи биле загрозени, а веројатно можеле да бидат и излечени.

Власта на СДС и ДУИ, надлежните институции наместо да се фатат за работа продолжуваат со своите тендери и скандалозни бизниси. Сето тоа отвора сомнеж за вклученост во скандалот Онкологија на највисоките ешалони од власта.

Лицата од власта на СДС и ДУИ се покажаа како махери за криминални зделки, а во случајов Онкологија и очигледно  прекривање докази, заташкување на скандалот.

Мора да се стави крај на криминалното и скандалозно владеење на СДС и ДУИ! По изборите сите кои сториле криминални активности ќе се најдат пред лицето на правдата

The post Ако за модуларната беше виновен кабелот, за Онкологија ќе бидe епруветата appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДС и ДУИ очигледно за скандалот Онкологија ни подготвува сценарио по она веќе виденото со модуларната болница во Тетово, обвини ВМРО-ДПМНЕ.   За тоа што изгоре модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот. Сега за скандалот Онкологија очигледно епруветата ќе биде виновна. Втора недела откако МВР влезе во Онкологија и започна истрага за нешто за што две години се зборуваше речиси постојано. Власта на СДС и ДУИ не само што ја урниса довербата на граѓаните во здравството, тоа го стори речиси во секоја област. Скандалот Онкологија е само дополнителна потврда дека не може да им се верува ниту на истражните, ниту правосудните органи. На Клиниката за онкологија наместо да се лечат пациенти, се правел бизнис. Наместо лекарствата да се дадат на лицата болни од рак, истите се препродавани на црниот пазар во Македонија и земјите од регионот. Очигледно е дека стотици животи биле загрозени, а веројатно можеле да бидат и излечени. Власта на СДС и ДУИ, надлежните институции наместо да се фатат за работа продолжуваат со своите тендери и скандалозни бизниси. Сето тоа отвора сомнеж за вклученост во скандалот Онкологија на највисоките ешалони од власта. Лицата од власта на СДС и ДУИ се покажаа како махери за криминални зделки, а во случајов Онкологија и очигледно  прекривање докази, заташкување на скандалот. Мора да се стави крај на криминалното и скандалозно владеење на СДС и ДУИ! По изборите сите кои сториле криминални активности ќе се најдат пред лицето на правдата

The post Ако за модуларната беше виновен кабелот, за Онкологија ќе бидe епруветата appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Од Онкологија се имаат случено најмалку уште 2-3 јаки скандали, сè во рок од 2 недели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-od-onkologija-se-imaat-slucheno-najmalku-ushte-2-3-jaki-skandali-se-vo-rok-od-2-nedeli/ Wed, 13 Sep 2023 06:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=681411

Од Онкологија се имаат случено најмалку уште 2-3 јаки скандали и неколку попратни и потенцијални, алармира активистот Ивор Мицковски.

Амнестија преку измени на КЗ со европско знаменце, незаконско финансирање на ДУИ, тендерот за Еуровиа за ОБСЕ, Еуровиа во Бехтел и Енка, Де Кока во Мепсо, фирма вмешана со Рашковски добива поскап тендер, дубиозен нов закон за амнестија по скратена постапка.
Се ова во рок од 2 недели.
И има мудоњи да трошат пари за кампања НИЕ СМЕ ЕВРОПА, голтари да бранат неодбранливи законски измени, будали да објаснуваат како уште уставните и се оправивме.
Нема оправање со никој од вас, ни на власт, ни во опозиција, ни со квази граѓанство/нво/експерти, исто тешко срање сте сите вие и вашите апологетчиња, вели тој.

The post Мицковски: Од Онкологија се имаат случено најмалку уште 2-3 јаки скандали, сè во рок од 2 недели appeared first on Република.

]]>

Од Онкологија се имаат случено најмалку уште 2-3 јаки скандали и неколку попратни и потенцијални, алармира активистот Ивор Мицковски.
Амнестија преку измени на КЗ со европско знаменце, незаконско финансирање на ДУИ, тендерот за Еуровиа за ОБСЕ, Еуровиа во Бехтел и Енка, Де Кока во Мепсо, фирма вмешана со Рашковски добива поскап тендер, дубиозен нов закон за амнестија по скратена постапка. Се ова во рок од 2 недели. И има мудоњи да трошат пари за кампања НИЕ СМЕ ЕВРОПА, голтари да бранат неодбранливи законски измени, будали да објаснуваат како уште уставните и се оправивме. Нема оправање со никој од вас, ни на власт, ни во опозиција, ни со квази граѓанство/нво/експерти, исто тешко срање сте сите вие и вашите апологетчиња, вели тој.

The post Мицковски: Од Онкологија се имаат случено најмалку уште 2-3 јаки скандали, сè во рок од 2 недели appeared first on Република.

]]>
„Душите нивни ве демнат“, порачаа вечерва граѓаните на протестот со кој бараат правда за жртвите од Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dushite-nivni-ve-demnat-porachaa-vecherva-graganite-na-protestot-so-koj-baraat-pravda-za-zhrtvite-od-onkologija/ Mon, 11 Sep 2023 17:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=681023

Протест поради случајот со Клиниката за онкологија се одржува вечерва пред Владата. Предвидено е учесниците на протестот да продолжат до „Рекорд“, па од плоштад „Македонија“, да стигнат до Основното јавно обвинителство во Скопје. Како што наведуваат организаторите, се бара - правда за жртвите.

Даријан Петров, активист и театарски актер од Скопје рече дека неговата мајка ја изгубиле од канцер во 2020, а годината претходно се лекувала на Клиниката за онкологија.

Не би одел во детали за тоа што се случуваше таму, бидејќи би сакал говорот да го фокусирам на нешто друго. Иако низ годините како семејство и лично јас имав многу голема можност да ги замразам институции, нашата земја и едноставно да станам огорчен од нашиот систем, јас одбирам да ја искористам мојата болка во борба и креативност. Наоѓам смисла во активизмот и волонтирањето и тоа е нешто, што ме спаси од самодеструкција. Ве охрабрувам сите, да ја искористиме нашата болка која ја создадоа монструозните умови во нашата земја Македонија и да ја трансформираме во достоинствена борба за подобро утре, во критика на системот на секој можен начин, во градење здрава заедница, здрави вредности, соживот. На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко не. Во земја која е на фрагилни нозе и на Планета која е во уште пофрагилна состојба, да изградиме вредност на почит на секој еден живот, без оглед на етничка позадина, социјален статус или каква било различност, рече Петров.

А тоа, додаде тој, ќе го „започнеме со критика на системот, храброст, активирање и делување“.

Секој еден од нас е одговорен какво ќе биде општеството утре. Верувам дека со мотивација на нашите деца, внуци да размислуваат на овој начин, многу брзо ќе дојдеме до подобар квалитет на животот. Животот е некогаш страшен и тежок и да не дозволиме некои монструозни умови да ни го направат уште потежок. Не за неправдите на Онкологија, не за корумпираноста, не за сите идни неправди. Им го должиме ова на нашите предци, на нас и на следните генерации. Затоа ве повикувам масовните протести да станат норма за неправди како оваа. И овој говор го посветувам на мајка ми и сите ваши сакани, кои ја загубиле битката со ракот, додаде Петров.

Случајот со наводите за оваа клиника предизвика низа реакции во јавноста, по што следуваа протести. Надлежните најавија дека ќе бидат санкционирани сите оние за кои ќе се утврди дека го прекршиле законоот. На случајот работат МВР и Обвинителството.

Јавното обвинителство соопшти дека ги презема сите дејства за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен лекарски и друг медицински персонал, а е најавено вклучување и на онколошки пациенти кои ќе имаат директен увид во целата постапка за случајот „Онкологија“.

Надлежниот јавен обвинител денеска бил телефонски контактиран од 10-тина граѓани кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката за случајот „Онкологија“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинителството ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејства.

The post „Душите нивни ве демнат“, порачаа вечерва граѓаните на протестот со кој бараат правда за жртвите од Онкологија appeared first on Република.

]]>

Протест поради случајот со Клиниката за онкологија се одржува вечерва пред Владата. Предвидено е учесниците на протестот да продолжат до „Рекорд“, па од плоштад „Македонија“, да стигнат до Основното јавно обвинителство во Скопје. Како што наведуваат организаторите, се бара - правда за жртвите. Даријан Петров, активист и театарски актер од Скопје рече дека неговата мајка ја изгубиле од канцер во 2020, а годината претходно се лекувала на Клиниката за онкологија.
Не би одел во детали за тоа што се случуваше таму, бидејќи би сакал говорот да го фокусирам на нешто друго. Иако низ годините како семејство и лично јас имав многу голема можност да ги замразам институции, нашата земја и едноставно да станам огорчен од нашиот систем, јас одбирам да ја искористам мојата болка во борба и креативност. Наоѓам смисла во активизмот и волонтирањето и тоа е нешто, што ме спаси од самодеструкција. Ве охрабрувам сите, да ја искористиме нашата болка која ја создадоа монструозните умови во нашата земја Македонија и да ја трансформираме во достоинствена борба за подобро утре, во критика на системот на секој можен начин, во градење здрава заедница, здрави вредности, соживот. На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко не. Во земја која е на фрагилни нозе и на Планета која е во уште пофрагилна состојба, да изградиме вредност на почит на секој еден живот, без оглед на етничка позадина, социјален статус или каква било различност, рече Петров.
А тоа, додаде тој, ќе го „започнеме со критика на системот, храброст, активирање и делување“.
Секој еден од нас е одговорен какво ќе биде општеството утре. Верувам дека со мотивација на нашите деца, внуци да размислуваат на овој начин, многу брзо ќе дојдеме до подобар квалитет на животот. Животот е некогаш страшен и тежок и да не дозволиме некои монструозни умови да ни го направат уште потежок. Не за неправдите на Онкологија, не за корумпираноста, не за сите идни неправди. Им го должиме ова на нашите предци, на нас и на следните генерации. Затоа ве повикувам масовните протести да станат норма за неправди како оваа. И овој говор го посветувам на мајка ми и сите ваши сакани, кои ја загубиле битката со ракот, додаде Петров.
Случајот со наводите за оваа клиника предизвика низа реакции во јавноста, по што следуваа протести. Надлежните најавија дека ќе бидат санкционирани сите оние за кои ќе се утврди дека го прекршиле законоот. На случајот работат МВР и Обвинителството. Јавното обвинителство соопшти дека ги презема сите дејства за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен лекарски и друг медицински персонал, а е најавено вклучување и на онколошки пациенти кои ќе имаат директен увид во целата постапка за случајот „Онкологија“.
Надлежниот јавен обвинител денеска бил телефонски контактиран од 10-тина граѓани кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката за случајот „Онкологија“, соопшти Јавното обвинителство.
Обвинителството ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејства.

The post „Душите нивни ве демнат“, порачаа вечерва граѓаните на протестот со кој бараат правда за жртвите од Онкологија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за случајот „Онкологија“: Нема да има пардон за никого, очекувам идентификување на сторителите и соодветни казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-sluchajot-onkologija-nema-da-ima-pardon-za-nikogo-ochekuvam-identifikuvane-na-storitelite-i-soodvetni-kazni/ Fri, 08 Sep 2023 11:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=679942

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш порача дека во врска со случајот „Онкологија“ нема да биде поштеден никој. Тој очекува, како што изјави, да се идентификуваат лицата и постапките кои биле прекршени, како и злоупотребите што биле направени и да има соодветни казни зашто доста беше, рече, 30 години само изговори.

Обраќајќи се до сите институции кои работат на овој случај, Ковачевски истакна дека вниманието на Владата е стопроцентно насочено кон негово расчистување. На секоја владина седница, потенцира премиерот, ќе се поставува прашањето до каде е постапката.

Уште еднаш ќе повторам. Нема да има пардон за никого. Имам порака до сите институции кои работат на овој случај, дека вниманието не само на граѓаните, туку и моето внимание како претседател на Влада, на членовите на Владата е насочено стопроцентно кон разрешувањето на овој случај и доколку се работи согласно закон и процедура, а нема причина да не се работи така, бидејќи кажав дека и Обвинителството и судството во овој случај ја имаат поддршката на сите да го разрешат случајот како што треба согласно закон. Очекувам да се идентификуваат лица и да се идентификуваат постапки кои биле прекршени, злоупотреби што биле направени и да бидат казнети согласно закон зашто доста беше 30 години само изговори, само начини како нешто да не се казни, а граѓаните да очекуваат правда и подобри услуги. И затоа, овој пат ова ќе биде на секоја седница на влада прашање до каде е постапката, нагласи Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето на новата опрема во ГОБ „8-ми Септември“.

МВР и Обвинителството, потсети премиерот, информираа дека сите документи и сите материјали што ги имаат побрано се доставени до нив и им се достапни.

Новата директорка на Клиниката која е врвен експерт, доцент доктор по онколошки науки и министерот за здравство излегоа на прес-конференција и исто така кажаа дека се е доставено. Тие имаат направено и кадровски промени откако дојде новата директорка во однос на работници кои во минатото се идентификувале како некои што не се придржуваат до процедурите и им го прекинале работниот однос. Прашање е зошто пред тоа не им бил прекинат работниот однос, рече Ковачевски.

The post Ковачевски за случајот „Онкологија“: Нема да има пардон за никого, очекувам идентификување на сторителите и соодветни казни appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш порача дека во врска со случајот „Онкологија“ нема да биде поштеден никој. Тој очекува, како што изјави, да се идентификуваат лицата и постапките кои биле прекршени, како и злоупотребите што биле направени и да има соодветни казни зашто доста беше, рече, 30 години само изговори. Обраќајќи се до сите институции кои работат на овој случај, Ковачевски истакна дека вниманието на Владата е стопроцентно насочено кон негово расчистување. На секоја владина седница, потенцира премиерот, ќе се поставува прашањето до каде е постапката.