случај „Онишченко“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-onishchenko/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 20:47:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случај „Онишченко“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-onishchenko/ 32 32 Нема да дознаеме кој е одговорен за случајот „Онишченко“, на пратеници од опозицијата не им издава безбедносен сертификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-doznaeme-koj-e-odgovoren-za-sluchajot-onishchenko-na-pratenitsi-od-opozitsijata-ne-im-izdava-bezbednosen-sertifikat/ Wed, 28 Dec 2022 20:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=591202

Нема да дознаеме кој е одговорен за случајот Онишченко и тоа е проблемот на овој безбедносен сектор, се направи реформа на хартија, но реално надлежните не работат како што треба. Ние баравме да видиме дали институциите имаат капацитет да се справат со вакви ситуации“, рече пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Топ тема“ што се емитува на телевизија Телма.

Петрушевски укажа дека се сѐ сведува на системска аномалија за да се избегне одговорност.

Можеби надлежните биле свесни за недостатокот и го користеле. Оттука може повторно да ни се повторуваат исти или слични вакви случаи“, посочи Петрушевски.

Според него треба да има одговорност, но дополнително е спорно што директорот на АНБ не понесе одговорност, туку му истече мандатот. Дополнително, кажа Петрушевски, проблем е што се кријат информации под превезот дека се државна тајна.

Има и политика во издавање на сертификатите или кога одговара се издаваат брзо, а кога не се одолговлекува. Еве за мене како пратеник член на таа специфична Комисија за надзор на АНБ И Агенцијата за разузнавање беше одолговлекувано издавање на сертификатот. Најдолго во месец дена треба да се издаде, но тоа не се случи и оправдување од сега веќе поранешниот директор беше дека имал многу работа“, посочи Петрушевски.

Пратеникот укажа дека како пратеници не можат да ја вршат улогата на контролор на АНБ и Агенцијата за разузнавање.

Петрушевски се осврна и на дојавите на бомби кои што се случуваат веќе неколку месеци.

Седницата за дојавите за бомби беше свикана на барање на нас, опозициските пратеници бидејќи веќе неколку месеци чекаме нашите безбедносни сектори да се справат со ваквите предизвици. Веќе неколку месеци ништо не се случува и откако почна веќе во јавноста да се шпекулира со разно разни информации кој е дојавувачот на бомби, откако паниката стануваше се поголема во јавност бидејќи сепак се малтретираат малолетни лица, деца од училишта и поголема е сензитивноста кај родителите по една ваква работа, ние побаравме седница на која што ќе расправаме“, истакна Петрушевски.

Петрушевски додаде дека граѓаните секојдневно се сѐ повеќе вознемирени од овие дојави на бомби. Тој посочи дека може да се побара и помош од странство, затоа пратениците на седницата сакаат да го прашаат министерот дали има побарано помош од странство околу дојавите за бомбите кои што траат веќе неколку месеци.

Ние сакаме да помогнеме во делот МВР и сите институции да ги зголемат капацитетите за да можат поефикасно да интервенираат против вакви предизвици“, нагласи Петрушевски.

Пратеникот укажа дека барале пратениците седницата да се одвива во два дела. Во првиот дел да се расправа за дојавите на бомбите, но и да се расправа за партизацијата во МВР која што никако да престане. Не може да се очекува луѓе од партија вработени во МВР да откриваат дали дојавите на бомби се лажни или не.

The post Нема да дознаеме кој е одговорен за случајот „Онишченко“, на пратеници од опозицијата не им издава безбедносен сертификат appeared first on Република.

]]>

Нема да дознаеме кој е одговорен за случајот Онишченко и тоа е проблемот на овој безбедносен сектор, се направи реформа на хартија, но реално надлежните не работат како што треба. Ние баравме да видиме дали институциите имаат капацитет да се справат со вакви ситуации“, рече пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Топ тема“ што се емитува на телевизија Телма. Петрушевски укажа дека се сѐ сведува на системска аномалија за да се избегне одговорност.
Можеби надлежните биле свесни за недостатокот и го користеле. Оттука може повторно да ни се повторуваат исти или слични вакви случаи“, посочи Петрушевски.
Според него треба да има одговорност, но дополнително е спорно што директорот на АНБ не понесе одговорност, туку му истече мандатот. Дополнително, кажа Петрушевски, проблем е што се кријат информации под превезот дека се државна тајна.
Има и политика во издавање на сертификатите или кога одговара се издаваат брзо, а кога не се одолговлекува. Еве за мене како пратеник член на таа специфична Комисија за надзор на АНБ И Агенцијата за разузнавање беше одолговлекувано издавање на сертификатот. Најдолго во месец дена треба да се издаде, но тоа не се случи и оправдување од сега веќе поранешниот директор беше дека имал многу работа“, посочи Петрушевски.
Пратеникот укажа дека како пратеници не можат да ја вршат улогата на контролор на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Петрушевски се осврна и на дојавите на бомби кои што се случуваат веќе неколку месеци.
Седницата за дојавите за бомби беше свикана на барање на нас, опозициските пратеници бидејќи веќе неколку месеци чекаме нашите безбедносни сектори да се справат со ваквите предизвици. Веќе неколку месеци ништо не се случува и откако почна веќе во јавноста да се шпекулира со разно разни информации кој е дојавувачот на бомби, откако паниката стануваше се поголема во јавност бидејќи сепак се малтретираат малолетни лица, деца од училишта и поголема е сензитивноста кај родителите по една ваква работа, ние побаравме седница на која што ќе расправаме“, истакна Петрушевски.
Петрушевски додаде дека граѓаните секојдневно се сѐ повеќе вознемирени од овие дојави на бомби. Тој посочи дека може да се побара и помош од странство, затоа пратениците на седницата сакаат да го прашаат министерот дали има побарано помош од странство околу дојавите за бомбите кои што траат веќе неколку месеци.
Ние сакаме да помогнеме во делот МВР и сите институции да ги зголемат капацитетите за да можат поефикасно да интервенираат против вакви предизвици“, нагласи Петрушевски.
Пратеникот укажа дека барале пратениците седницата да се одвива во два дела. Во првиот дел да се расправа за дојавите на бомбите, но и да се расправа за партизацијата во МВР која што никако да престане. Не може да се очекува луѓе од партија вработени во МВР да откриваат дали дојавите на бомби се лажни или не.

The post Нема да дознаеме кој е одговорен за случајот „Онишченко“, на пратеници од опозицијата не им издава безбедносен сертификат appeared first on Република.

]]>
Случајот „Онишченко“ пред собраниската Комисија за контрола на АНБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-onishchenko-pred-sobraniskata-komisija-za-kontrola-na-anb/ Tue, 27 Dec 2022 07:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=590342

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање.

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржа нова седница во врска со Информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки меѓу кои и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година и годишен извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2021 година.

The post Случајот „Онишченко“ пред собраниската Комисија за контрола на АНБ appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедноста и Агенцијата за разузнавање. Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР треба да одржи две седници. На првата седница ќе ја разгледува Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржа нова седница во врска со Информирањето за преземените активности на АНБ во врска со актуелните случувања со дојавите за поставени бомби во училиштата, трговските центри и други објекти. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе точки меѓу кои и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година и годишен извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2021 година.

The post Случајот „Онишченко“ пред собраниската Комисија за контрола на АНБ appeared first on Република.

]]>
Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-e-sledno-onishchenko-sam-kje-si-ja-vodi-istragata/ Sat, 24 Dec 2022 09:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=589410

Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД.

Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот!
Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ.Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија.
Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста, порачуваат од партијата.

The post Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД.
Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот! Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ.Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија. Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста, порачуваат од партијата.

The post Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? appeared first on Република.

]]>
Османи убедува дека Владата е подготвена да расчисти со случајот „Онишченко“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ubeduva-deka-vladata-e-podgotvena-da-raschisti-so-sluchajot-onishchenko/ Sun, 04 Dec 2022 12:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=581634

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека постои недвосмисленост кај членовите на Владата да се расчисти прашањето во врска со Олександр Онишченко, и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот.

-Јас пред да тргнам на пат минатата саботата, бев присутен на седница на Влада, каде се разговараше за овој случај. Видов недвосмисленост кај членовите на Влада ова прашање да се расчисти и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот. Јас очекувам дека институциите набрзо ќе постапат по експертските совети, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите во врска со случајот Олександр Онишченко и дали владата може да му го одземе државјанството.

Прашан за ставот во врска со случајот дека синот на висок функционер положил правосуден испит пред да дипломира, Османи порача до институциите да го расчистат случајот.

Како што рече, за да се има став по ова прашање, треба да се знае што точно се случувало и затоа ги поттикна надлежните да ги расчистат сите дилеми кои ги има во јавноста

The post Османи убедува дека Владата е подготвена да расчисти со случајот „Онишченко“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека постои недвосмисленост кај членовите на Владата да се расчисти прашањето во врска со Олександр Онишченко, и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот.
-Јас пред да тргнам на пат минатата саботата, бев присутен на седница на Влада, каде се разговараше за овој случај. Видов недвосмисленост кај членовите на Влада ова прашање да се расчисти и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот. Јас очекувам дека институциите набрзо ќе постапат по експертските совети, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите во врска со случајот Олександр Онишченко и дали владата може да му го одземе државјанството.
Прашан за ставот во врска со случајот дека синот на висок функционер положил правосуден испит пред да дипломира, Османи порача до институциите да го расчистат случајот. Како што рече, за да се има став по ова прашање, треба да се знае што точно се случувало и затоа ги поттикна надлежните да ги расчистат сите дилеми кои ги има во јавноста

The post Османи убедува дека Владата е подготвена да расчисти со случајот „Онишченко“ appeared first on Република.

]]>
Османи: Скандалот со Онишченко е удар врз нашата репутација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-skandalot-so-onishchenko-e-udar-vrz-nashata-reputacija/ Sat, 03 Dec 2022 10:15:20 +0000 https://republika.mk/?p=581277

Скандалот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко е голема дамка и тежок удар за нашата репутација, што ја градевме во изминатите години, нагласи министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Шефот на дипломатија потенцира дека случајот не смее да се остави настрана, бидејќи земјава може да излезе посилна по него.

Според него, Украина мора да ја добие војната, затоа што е, како што вели, на правата страна и затоа што ги заштитува вредностите на демократскиот свет. Османи потенцираше дека НАТО не е страна во војната, иако ја помага Украина, а земјите членки се едногласни во поддршката за Киев.

Тој смета дека улогата која Македонија ја игра во исполнувањето на таа поддршка не треба да биде занемарена, и покрај негативните коментари кај дел од јавноста, во смисла дека ние сме многу мала земја, која не може да направи некаква разлика.

The post Османи: Скандалот со Онишченко е удар врз нашата репутација appeared first on Република.

]]>

Скандалот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко е голема дамка и тежок удар за нашата репутација, што ја градевме во изминатите години, нагласи министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Шефот на дипломатија потенцира дека случајот не смее да се остави настрана, бидејќи земјава може да излезе посилна по него. Според него, Украина мора да ја добие војната, затоа што е, како што вели, на правата страна и затоа што ги заштитува вредностите на демократскиот свет. Османи потенцираше дека НАТО не е страна во војната, иако ја помага Украина, а земјите членки се едногласни во поддршката за Киев. Тој смета дека улогата која Македонија ја игра во исполнувањето на таа поддршка не треба да биде занемарена, и покрај негативните коментари кај дел од јавноста, во смисла дека ние сме многу мала земја, која не може да направи некаква разлика.

The post Османи: Скандалот со Онишченко е удар врз нашата репутација appeared first on Република.

]]>
Османи: Македонија ќе излезе посилна од скандалот „Онишченко“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-makedonija-kje-izleze-posilna-od-skandalot-onishchenko/ Fri, 02 Dec 2022 20:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=581140

Скандалот со државјанството на контроверзниот ураински бизнисмен Олександр Онишченко е тежок удар и голема дамка за државата – оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ „Телма”.

Сепак, рече министерот Османи, од овој скандал земјата може да излезе посилна. Тој посочи дека случајот со издавање македонско државјанство на Украинецот Онишченко, кој е на црната листа на САД, не смее да се остави настрана.

Не смееме ова да го оставиме настрана. Ова е дамка за нашата репутација, која што ја изградивме тешко сиви овие години, посебно во поседните години – нагласи Османи.

The post Османи: Македонија ќе излезе посилна од скандалот „Онишченко“ appeared first on Република.

]]>

Скандалот со државјанството на контроверзниот ураински бизнисмен Олександр Онишченко е тежок удар и голема дамка за државата – оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ „Телма”. Сепак, рече министерот Османи, од овој скандал земјата може да излезе посилна. Тој посочи дека случајот со издавање македонско државјанство на Украинецот Онишченко, кој е на црната листа на САД, не смее да се остави настрана.
Не смееме ова да го оставиме настрана. Ова е дамка за нашата репутација, која што ја изградивме тешко сиви овие години, посебно во поседните години – нагласи Османи.
 
The post Османи: Македонија ќе излезе посилна од скандалот „Онишченко“ appeared first on Република.

]]>
МВР го достави извештајот за случајот „Онишченко“ до Собранието, информира Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-go-dostavi-izveshtajot-za-sluchajot-onishchenko-do-sobranieto-informira-spasovski/ Fri, 02 Dec 2022 13:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=580932

Извештајот на Министерството за внатрешни работи во врска со преносот на затворената седница во Собранието на која директорот на АНБ Виктор Димовски даваше отчет за случајот „Онишченко“ е подготвен и доставен до Собранието, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање по посетата на СВР Скопје.

Постапката за одземање на државјанството е од органот што го издава државјанството и тоа е во рамките на Владата. По однос на извештајот подготвен е извештајот и доставен до Собранието за тоа што се случило и се преземаат понатаму мерки во тој дел, посочи Спасовски.

Инаку, затворената седница на која Димовски презентираше доверливи документи, се емитувала во живо на Јутјуб на Собранискиот канал, по што собранискиот спикер Талат Џафери побара да се испита случајот.

The post МВР го достави извештајот за случајот „Онишченко“ до Собранието, информира Спасовски appeared first on Република.

Спасовски: Извештајот на МВР за Онишченко е готов и ќе биде доставен до Собранието и до ЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-izveshtajot-na-mvr-za-onishchenko-e-gotov-i-kje-bide-dostaven-do-sobranieto-i-do-jo/ Thu, 01 Dec 2022 21:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=580645

Треба да постои одговорност и таа да се лоцира. Сериозно треба по овој случај, да се размисли и во делот на доделувањето таков вид државјанство, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот со украинскиот државјанин Олександер Онишченко, кој иако бил на црната листа на САД, сепак, добил македонски пасош.

Спасовски информира дека е готов извештајот на МВР и тој ќе биде доставен до претседателот на Собранието и до надлежното Обвинителство. Според него, има и технички пропуст, што не е од сега, туку е од многу од поодамна.

Се прибираат уште докази и ќе ги видиме насоките што ќе бидат дадени, во делот на Јавното обвинителство. Јас се сомневам дека е можно да биде искористен тој практично технички проблем во системот за да може нешто вакво да се случи. Ние имаме извештај и во извештајот посочуваме одредени работи што треба да бидат превземени, а ќе видиме секако и според насоките на Јавното обвинителство и понатаму да се продолжи во собраниската Комисија во која ќе треба да се дебатира, појасни Спасовски.

Тој прецизира дека МВР нема надлежност да дава позитивно мислење, туку во други постапки во делот на државјанството тоа го прави Одделот за управни работи. Тој додаде дека во ваков случај, одлука носи Владата врз основа на сите мислења што се потребни во овој дел.

Мојот став секогаш на Влада бил многу јасен и концизен дека не смее да се даваат државјанства, иако се има дискреционо право за тоа да се добива државјанство ако имаме негативни мислења без разлика од каков тип. Меѓутоа сериозно сметам дека треба да се разговара на оваа тема и во однос на укинувањето на таква можност за добивање државјанство, изјави Спасовски.

Тој забележа дека не може стратешкото партнерство со САД да се нарушува по ниту една цена, кога оваа земја најмногу не поддржуваа од нашата независност досега.

Најмногу ни помогнаа да ги развиваме капацитетите и најмногу вложија во институциите да бидат функционални, рече Спасовски.

На прашањето дали во овој случај се работи за корупција или можеби за руско влијание во нашите служби, министерот Спасовски одговори дека тоа ќе мора да го покаже внатрешната истрага што ја прави АНБ и тие ќе излезат со свои аргументи и факти.

Целиот овој случај треба да се заврши до крај. Да се расчистат овие состојби, со цел да не се остава ниту една дамка. На крајот од краиштата, секој еден што смета дека некој друг интерес му е поважен од интересот на државата, нему не му е место во безбедносниот сектор, посебно не во АНБ, рече Спасовски.

The post Спасовски: Извештајот на МВР за Онишченко е готов и ќе биде доставен до Собранието и до ЈО appeared first on Република.

Евроамбасадорот Гир за „Онишченко“: Ако некој сторил кривично дело, мора да одговара пред лицето на правдата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evroambasadorot-gir-za-onishchenko-ako-nekoj-storil-krivichno-delo-mora-da-odgovara-pred-liceto-na-pravdata/ Tue, 29 Nov 2022 19:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=579764

По реакцијата на од американската амбасада за доделеното македонско државјанство за украинскиот контроверзен политичар Олександр Онишченко, со реакција се огласи и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Тој порача дека одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Само што отворивме прелиминарни преговори, а во срцето на тие преговори е пред сè да се соочиме со законот, но и да ја спречиме корупцијата. Но, нешто што е од особена важност за овие реформи е што и Владата и опозицијата заеднички работат на спроведување на европската агенда. Секоја институција, ако види дека некој сторил кривично дело, мора да го изведе пред лицето на правдата, мора да биде независна во тој процес, а во крајна линија во овој пристапен процес, тоа е нашиот фокус“, изјави Гир при промоција на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека случајот со Онишченко докажува дека тајните служби не работат како што треба, туку за остварување на нечии лични интереси.

По објавувањето на скандалот со Онишченко, кој се наоѓа и на американската црна листа, Владата покрена постапка за одземање на државјанството.

The post Евроамбасадорот Гир за „Онишченко“: Ако некој сторил кривично дело, мора да одговара пред лицето на правдата appeared first on Република.

]]>

По реакцијата на од американската амбасада за доделеното македонско државјанство за украинскиот контроверзен политичар Олександр Онишченко, со реакција се огласи и евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој порача дека одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата.
Само што отворивме прелиминарни преговори, а во срцето на тие преговори е пред сè да се соочиме со законот, но и да ја спречиме корупцијата. Но, нешто што е од особена важност за овие реформи е што и Владата и опозицијата заеднички работат на спроведување на европската агенда. Секоја институција, ако види дека некој сторил кривично дело, мора да го изведе пред лицето на правдата, мора да биде независна во тој процес, а во крајна линија во овој пристапен процес, тоа е нашиот фокус“, изјави Гир при промоција на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека случајот со Онишченко докажува дека тајните служби не работат како што треба, туку за остварување на нечии лични интереси. По објавувањето на скандалот со Онишченко, кој се наоѓа и на американската црна листа, Владата покрена постапка за одземање на државјанството.

The post Евроамбасадорот Гир за „Онишченко“: Ако некој сторил кривично дело, мора да одговара пред лицето на правдата appeared first on Република.

]]>
Наместо да одговори како Онишченко добил наш пасош, Ковачевски се грижи како затворената седница била емитувана во живо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namesto-da-odgovori-kako-onichenko-dobil-nash-pasosh-kovachevski-se-grizi-kako-zatvorenata-sednica-bila-emituvana-vo-zivo/ Mon, 28 Nov 2022 13:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=579189

МВР побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа што и како се случи затворената седница на парламентарната Комисија за надзор над безбедносните служби да биде пренесувана во живо и потоа тие да можат да продолжат и да ја завршат својата работа во Парламентот, повика уште еднаш денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали некој ќе сноси одговорност за давањето државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко.

https://republika.mk/vesti/makedonija/odgovornost-za-sluchajot-onishchenko-mora-da-ima/

Ковачевски повтори дека имало затворена седница на Владата, но дека детали не може да соопшти.

-Јас веќе ви кажав дека имавме затворена седница на Владата на која што информираше директорот на АНБ во детали како се случило на Влада да бидат донесени четири позитиви мислења врз основа на кои што е донесена одлуката, бидејќи четири позитивни мислења имаше за тој случај, врз основа на целата дискусија која што таму се водеше, а за која што за жал не можам да ве информирам со оглед на тоа дека се работеше за затворена седница на Влада и давање информации од затворена седница на Влада е казниво дело со затвор од една до пет години. Владата донесе одлука согласно законот да отпочне активности за одземање на државјанството на посоченото лице, рече Ковачевски.

Освен што го повика МВР побрзо да ја заврши истрагата за она што се случи на комисиската расправа, премиерот рече дека кога и како ќе биде завршена во Парламент дискусијата „се уредува врз основа на правилата коишто важат за Собранието

The post Наместо да одговори како Онишченко добил наш пасош, Ковачевски се грижи како затворената седница била емитувана во живо appeared first on Република.

]]>

МВР побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа што и како се случи затворената седница на парламентарната Комисија за надзор над безбедносните служби да биде пренесувана во живо и потоа тие да можат да продолжат и да ја завршат својата работа во Парламентот, повика уште еднаш денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали некој ќе сноси одговорност за давањето државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко. https://republika.mk/vesti/makedonija/odgovornost-za-sluchajot-onishchenko-mora-da-ima/ Ковачевски повтори дека имало затворена седница на Владата, но дека детали не може да соопшти.
-Јас веќе ви кажав дека имавме затворена седница на Владата на која што информираше директорот на АНБ во детали како се случило на Влада да бидат донесени четири позитиви мислења врз основа на кои што е донесена одлуката, бидејќи четири позитивни мислења имаше за тој случај, врз основа на целата дискусија која што таму се водеше, а за која што за жал не можам да ве информирам со оглед на тоа дека се работеше за затворена седница на Влада и давање информации од затворена седница на Влада е казниво дело со затвор од една до пет години. Владата донесе одлука согласно законот да отпочне активности за одземање на државјанството на посоченото лице, рече Ковачевски.
Освен што го повика МВР побрзо да ја заврши истрагата за она што се случи на комисиската расправа, премиерот рече дека кога и како ќе биде завршена во Парламент дискусијата „се уредува врз основа на правилата коишто важат за Собранието

The post Наместо да одговори како Онишченко добил наш пасош, Ковачевски се грижи како затворената седница била емитувана во живо appeared first on Република.

]]>
Одговорност за случајот „Онишченко“ мора да има! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odgovornost-za-sluchajot-onishchenko-mora-da-ima/ Mon, 28 Nov 2022 08:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=578942

Безбедносниот систем во Македонија е полн со неспособни и корумпирани кадри кои се занимаваат со криминал, рекет на бизнисмени и следење на опозицијата, наместо со штитење на безбедноста на државата и уставниот поредок. Тоа е така затоа што власта на Ковачевски тоа им го дозволува, а веројатно и го поттикнува. Скандалот со доделувањето на државјанството на Онишченко е само уште еден показател. Овој случај покажува дека е нарушена безбедноста на Македонија и нејзиниот меѓународен имиџ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност за оваа афера треба да се бара до самиот врв на власта, односно до премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи Спасовски и директорот на АНБ Димовски. Да потсетиме дека кога излезе случајот во јавноста и Ковачевски и Спасовски истиот го релативизираа и оправдуваа, за после соочувањето со реакцијата на јавноста невешто да сменат мислење. Затоа истрагата треба да се прошири и да се утврди дали тие знаеле и го одобриле доделувањето на државјанство на Онишченко кој што се наоѓа на црната листа на САД. Оттука логично се поставува прашањето колку случаи како Онишченко одобрила оваа власт, колку криминогени ликови добиле македонско државјанство и колку пари заработиле тие кои тоа го аминувале?

Јасно е дека власта на СДС и Ковачевски ќе пробаат овој случај да го забошотат и да побараат одговорност на некој службеник или чиновник исто како што тоа го сторија и со скандалот со 215 официјални пасоши доделени на белосветски мафијаши убијци и терористи.Нервозата во власта станува се поголемо, а со тоа и нивните грешки се се поголеми. За овој случај како и за сите други мора да има одговорност.

The post Одговорност за случајот „Онишченко“ мора да има! appeared first on Република.

Има уште вакви случаи: Онишченко бил во земјава вкупно два дена и му дале државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ima-ushte-vakvi-sluchai-onishchenko-bil-vo-zemjava-vkupno-dva-dena-i-mu-dale-drzavjanstvo/ Sun, 27 Nov 2022 19:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=578824

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ истакна дека за случајот Онишченко е прекршен законот кој вели мора да се направат безбедносни проверки и да се направи интервју со лицето, а тој само два дена бил претходно во Македонија и како што додаде има и други вакви случаи, затоа потребно е министерот Спасовски да си даде оставка.

Ова воопшто не е наивен случај, ниту е се случајно. Имено за било кое лице да добие државјанство кое не е родено во Македонија мора да се направат безбедносни проверки, но и интервју со лицето, а за да се направи тоа тој мора да е физички присутен во државата. Онишченко вкупно во Македонија пред да добие државјанство, а тоа го добива на 31 мај 2022 година, бил само два дена во Македонија, во декември 2020 година и во април 2022 година, а државјанство добива мај следна година. Во периодот измеѓу не бил присутен што значи прекршен е законот кој вели мора да се направи безбедносна проверка, но исто така и разговор односно интервју, рече Николоски.

Николоски потсети дека и самата влада кажа дека има пропусти заради неточни податоци и тоа е одговорност на МВР.

Потписот е спротивен на неговото име кое е на О, а потписот на А, веројатно свесен дека прави нешто на работ на законот и затоа покрај одговорност на директорот на АНБ одговорност мора да поднесе и министерот за внатрешни работи и премиерот, потенцираше Николоски.

Николоски истакна дека има и уште неколку вакви спорни случаи за кои не е направена безбедносна проверка, во случен период и со слично прескокнување на процедурата.

Според мои сознанија кои се кредибилни има уште неколку други случаи на издавање на државјанство на случен случај како Онишченко кои се исто така спорни за кои исто не е направена безбедносна проверка и само покажува силна ерозија во рамки на безбедносните служби. Се работи за 4 други пасоши дадени на лица со спорно или криминогено минато. Ова е надвор од скандалот за 215 пасоши за нарко босови.

Николоски потсети дека на црна листа на САД не се става никој случајно и тука се навлегло во длабок криминал и основната причина зошто ова се случува е неспособност или криминал

Во врска со директорот на АНБ, Николоски вели дека малце доблест да има Виктор Димовски треба да се повлече од заминување за амбасадор и со кој ум владата и претседателот Пендаровски планираат да го пратат за амбасадор во Франција.

The post Има уште вакви случаи: Онишченко бил во земјава вкупно два дена и му дале државјанство appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ истакна дека за случајот Онишченко е прекршен законот кој вели мора да се направат безбедносни проверки и да се направи интервју со лицето, а тој само два дена бил претходно во Македонија и како што додаде има и други вакви случаи, затоа потребно е министерот Спасовски да си даде оставка.
Ова воопшто не е наивен случај, ниту е се случајно. Имено за било кое лице да добие државјанство кое не е родено во Македонија мора да се направат безбедносни проверки, но и интервју со лицето, а за да се направи тоа тој мора да е физички присутен во државата. Онишченко вкупно во Македонија пред да добие државјанство, а тоа го добива на 31 мај 2022 година, бил само два дена во Македонија, во декември 2020 година и во април 2022 година, а државјанство добива мај следна година. Во периодот измеѓу не бил присутен што значи прекршен е законот кој вели мора да се направи безбедносна проверка, но исто така и разговор односно интервју, рече Николоски.
Николоски потсети дека и самата влада кажа дека има пропусти заради неточни податоци и тоа е одговорност на МВР.
Потписот е спротивен на неговото име кое е на О, а потписот на А, веројатно свесен дека прави нешто на работ на законот и затоа покрај одговорност на директорот на АНБ одговорност мора да поднесе и министерот за внатрешни работи и премиерот, потенцираше Николоски.
Николоски истакна дека има и уште неколку вакви спорни случаи за кои не е направена безбедносна проверка, во случен период и со слично прескокнување на процедурата. Според мои сознанија кои се кредибилни има уште неколку други случаи на издавање на државјанство на случен случај како Онишченко кои се исто така спорни за кои исто не е направена безбедносна проверка и само покажува силна ерозија во рамки на безбедносните служби. Се работи за 4 други пасоши дадени на лица со спорно или криминогено минато. Ова е надвор од скандалот за 215 пасоши за нарко босови. Николоски потсети дека на црна листа на САД не се става никој случајно и тука се навлегло во длабок криминал и основната причина зошто ова се случува е неспособност или криминал Во врска со директорот на АНБ, Николоски вели дека малце доблест да има Виктор Димовски треба да се повлече од заминување за амбасадор и со кој ум владата и претседателот Пендаровски планираат да го пратат за амбасадор во Франција.

The post Има уште вакви случаи: Онишченко бил во земјава вкупно два дена и му дале државјанство appeared first on Република.

]]>
Николоски за случајот „Онишченко“: Нарушена е безбедноста на земјата затоа треба три нивоа на одговорност, кај Димовски, Спасовски но и Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-sluchajot-onishchenko-narushena-e-bezbednosta-na-zemjata-zatoa-treba-tri-nivoa-na-odgovornost-kaj-dimovski-spasovski-no-i-kovachevski/ Sun, 27 Nov 2022 12:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=578687

За случајот со Онишченко треба да има одговорност на три нивоа на одговорност истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во рамки на денешниот настан во хотел Хилтон организиран на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и шведската фондација, потенцирајќи дека тие три нова се кај директорот на АНБ, министерот за внатрешни работи и кај премиерот кои дозволија ваков скандал и ги нарушија безбедноста на Македонија и меѓународниот имиџ.

– Првото ниво е на директор на Агенција за национална безбедност, кој што веднаш треба да си поднесе оставка и воопшто не треба да помислува да оди за амбасадор во Париз, затоа што еден ваков скандал, покрај неговиот личен имиџ, го руши и имиџот на Македонија, потенцира Николоски.

Додаде дека второто ниво на одговорност е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски затоа што самата влада призна дека одново на сега, пак, што ќе го одземаат државјанството на Онишченко се погрешно дадени податоци, а токму министерството за внатрешни работи е задолжено за правилно земање на податоци за издавање на лични документи од типот на лична карта и пасош.

– Така што, постои сериозна одговорност кај министерот за внатрешни работи, а да не заборавиме дека тој е човекот кој Постои сериозна одговорност кај министерот за внатрешни работи, а да не заборавиме дека тој е човекот кој стои позади аферата со познати 215 македонски пасоши за криминалци, а веројатно се многу повеќе. Гледаме дека со македонски пасоши се испоубија и по Истанбул, Киев и по останати европски метрополи бандитите од целиот регион. Гледаме дека светски мафии од типот на италијанската користат македонски пасоши да ги прикријат сопствените дејствувања, така што тоа е второто ниво на одговорност, вели тој.

Николоски нагласи дека секако третото ниво на одговорност е премиерот, затоа што ова е скандал кој кажува две работи, прво дека се руши имиџот на Македонија, второто дека безбедносните служби воопшто не функционираат.

– Јас стојам позади тоа што го кажав, а тоа е дека основна причина зошто овој пропуст се случи е неспособноста и корупцијата.  Безбедносните служби се полни со луѓе кои се неспособни  луѓе кои се длабоко корумпирани. Наместо да се занимаваат со заштита на уставноправниот поредок на Македонија се занимаваат со криминал, со уценување на бизнисмени и со следење на опозицијата.  Затоа ги донесоа безбедносните служби да бидат на потсмев но исто така и да ја загрозат безбедноста на Македонија и меѓународниот имиџ, изјави Николоски

The post Николоски за случајот „Онишченко“: Нарушена е безбедноста на земјата затоа треба три нивоа на одговорност, кај Димовски, Спасовски но и Ковачевски appeared first on Република.

Не се знае кога Владата ќе му го одземе државјанството на Онишченко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-znae-koga-vladata-kje-mu-go-odzeme-drzavjanstvoto-na-onishchenko/ Sat, 26 Nov 2022 16:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=578531

Нема конкретен рок кога Владата ќе му го одземе државјанството на прорускиот олигарх Олександар Онишченко, пренесува „Алсат“. Според премиерот Димитар Ковачевски, истрагата ќе треба да докаже во кои ситуации Онишченко го прекршил членот 14 од Законот за државјанство. На затворената седница на Владата, директорот на АНБ ја објаснил целата процедура, но бидејќи средбата била од затворен карактер, информацијата не може да се сподели со јавноста.

Премиерот ја повика собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање да се вратат на работа, а МВР да истражи како се случи затвореното излагање на Димовски во Комисијата да се пренесува во живо на Јутјуб.

The post Не се знае кога Владата ќе му го одземе државјанството на Онишченко appeared first on Република.

]]>

Нема конкретен рок кога Владата ќе му го одземе државјанството на прорускиот олигарх Олександар Онишченко, пренесува „Алсат“. Според премиерот Димитар Ковачевски, истрагата ќе треба да докаже во кои ситуации Онишченко го прекршил членот 14 од Законот за државјанство. На затворената седница на Владата, директорот на АНБ ја објаснил целата процедура, но бидејќи средбата била од затворен карактер, информацијата не може да се сподели со јавноста. Премиерот ја повика собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање да се вратат на работа, а МВР да истражи како се случи затвореното излагање на Димовски во Комисијата да се пренесува во живо на Јутјуб.  

The post Не се знае кога Владата ќе му го одземе државјанството на Онишченко appeared first on Република.

]]>
Вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да стапи во контакт со Онишченко за да преговара за економски ангажман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vicepremier-zadolzen-za-ekonomski-prashanja-se-obiduval-da-stapi-vo-kontakt-so-onishchenko-za-da-pregovara-za-ekonomski-angazman/ Sat, 26 Nov 2022 07:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=578405

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју во емисијата 360 Степени на ТВ Алсат М за скандалот со издавање на државјанство на украинскиот политичар обвинет за перење пари кое се наоѓа на црната листа на САД поради мешање во претседателските избори Онишченко, вели дека поради клановски пресметки во СДСМ државата страда а најбитната безбедносна служба е обезглавена, и доколку имаше внатрешна контрола овој скандал воопшто немаше да се случи.

Прво 16 месеци нема директор за внатрешна контрола. Втора откако направивме притисок пред некаде 2 месеци Виктор Димовски дојде во собрание и предложи кандидат за директор на внатрешна контрола, што ќе одлучеше комисијата е друга работа. За прва пат во историјата на собранието се случи власта да не си прави кворум сама на себе, односно да ја потсетам јавноста дека таа комисија не се одржа од причина што власта која што има мнозинство, не дојде на комисија. И после тоа Димовски го повлече предлогот затоа што беше посрамотен на јавна сцена од неговите сопартијци. Тогаш на јавна сцена исплива она што сите ние кои што сме во политика го знаеме а тоа е дека има клановска битка во рамки на СДСМ за директор на АНБ и од таа причина не се избира директор за внатрешна контрола, од таа причина 6 месеци Виктор Димовски не се праќа за амбасадор во Франција, и тука да нема манипулации со комисија за надворешни работи во собрание, бидејќи предлогот за него стигна сега кога дојде овој скандал со Онишченко, претходно предлог немаше. И постојат најмалку четири крила кои што се борат, крило блиско на Оливер Спасовски, крило блиско на Миле Зечевиќ, крило блиско на Димитар Ковачевски, и крило блиско на Зоран Заев, изјави Николоски.

Проблемот на ова растурање внатре во СДСМ е што државата страда, затоа што најбитната безбедносна служба во Македонија е обезглавена. И во такви услови се случува скандалот со Онишченко затоа што да имаше соодветна внатрешна контрола во АНБ скандалот веројатно немаше да се случи, а и кога би се случил брзо ќе можеше директорот за внатрешна контрола да направи истрага и да се види кој е одговорен и да се затвори темата. Сега АНБ е нефункционална и затоа има ваков срам за Македонија, рече тој.

Во однос на испраќањето на директорот на АНБ Виктор Димовски за амбасадор во Франција, Николоски потенцираше дека неговото испраќање е срамно и навредливо за Франција која што е една од најзначајните земји членки на Европската Унија додавајќи дека Димовски треба да покаже доблест и веднаш да се повлече наместо да се брука и самиот себе и институцијата со која раководи.

После се ова што се случи последна работа што треба да се направи е Димовски да оди за амбасадор во Париз затоа што тоа би било срам за Македонија. Сепак Франција е една од најзначајните земји членки на Европската унија, и мислам дека треба да имаме сериозен однос кон Франција. Прво за мене и самата номинација е спорна затоа што да пратите директор на тајна служба за амбасадор во Франција не е некоја добра порака кон Франција. Во регионот така знаат разузнавачи да пратат Србите, Бугарите, но тоа најчесто го прават во соседството, не сум слушнал дека досегашен директор на БИА во Србија, или на ДАНС во Бугарија е испратен за амбасадор во Париз. Да не зборувам за посериозни држави од типот на Австрија, Германија итн. Така што е едниот спорен момент, објасни тој.

Вториот спорен момент е што кога веќе одлучиле со ваков скандал тоа е навреда за Франција да оди Димовски за амбасадор. И мислам дека треба да е доволно доблесен пред пензија да се повлече и да престане да се брука и сам себе, а и институцијата која што ја води, бидејќи на овој начин девалвира и се што тој сторил и се што институцијата односно АНБ може да направи во иднина, а и направила во минатото.

Според Николоски единствен начин за да се затвори овој скандал е Димовски да се повлече, но да следи и одговорност за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од причина што се дадени неточни податоци од страна на Онишченко, а МВР кое е договорно за ова не ги проверило податоците.

Наједноставен начин да се затвори ова прашање е да се повлече од една страна, а од друга страна одговорност мора да има и таа не завршува само кај него, одговорност мора да има и за министерот за внатрешни работи. Зошто го велам ова? Не само заради големата афера со пасошите за криминалци од кои дел се испоубија меѓу себе по Истанбул, по Киев итн, туку и затоа што ако видовте основ за поништување на државјанството според самата влада е неточно дадени податоци, а податоци се даваат од МВР кои што не ги проверило, изјави тој.

Николовски ексклузивно откри дека заменик потпретседател на владата задолжен за економски прашања се обидувал да стапи во контакт со Онишченко и да прави економски ангажман со него и поради тоа смета дека и премиерот Ковачевски треба да сноси исто одговорност.

И она што е исто така битно, е што и премиерот треба да понесе одговорност овде. Не е до сега излезено во јавност да го пласирам, постојат кредибилни информации или гласини дека еден од министрите во влада, да бидам попрецизен потпретседател на влада вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Така што не е тоа дека само некој си кој што јавал на коњ дошол во Македонија и земал државјанство за да настапува на Олимпијада, туку се работи за многу подлабоко случај, дециден е Николоски.

The post Вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да стапи во контакт со Онишченко за да преговара за економски ангажман appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју во емисијата 360 Степени на ТВ Алсат М за скандалот со издавање на државјанство на украинскиот политичар обвинет за перење пари кое се наоѓа на црната листа на САД поради мешање во претседателските избори Онишченко, вели дека поради клановски пресметки во СДСМ државата страда а најбитната безбедносна служба е обезглавена, и доколку имаше внатрешна контрола овој скандал воопшто немаше да се случи.
Прво 16 месеци нема директор за внатрешна контрола. Втора откако направивме притисок пред некаде 2 месеци Виктор Димовски дојде во собрание и предложи кандидат за директор на внатрешна контрола, што ќе одлучеше комисијата е друга работа. За прва пат во историјата на собранието се случи власта да не си прави кворум сама на себе, односно да ја потсетам јавноста дека таа комисија не се одржа од причина што власта која што има мнозинство, не дојде на комисија. И после тоа Димовски го повлече предлогот затоа што беше посрамотен на јавна сцена од неговите сопартијци. Тогаш на јавна сцена исплива она што сите ние кои што сме во политика го знаеме а тоа е дека има клановска битка во рамки на СДСМ за директор на АНБ и од таа причина не се избира директор за внатрешна контрола, од таа причина 6 месеци Виктор Димовски не се праќа за амбасадор во Франција, и тука да нема манипулации со комисија за надворешни работи во собрание, бидејќи предлогот за него стигна сега кога дојде овој скандал со Онишченко, претходно предлог немаше. И постојат најмалку четири крила кои што се борат, крило блиско на Оливер Спасовски, крило блиско на Миле Зечевиќ, крило блиско на Димитар Ковачевски, и крило блиско на Зоран Заев, изјави Николоски.
Проблемот на ова растурање внатре во СДСМ е што државата страда, затоа што најбитната безбедносна служба во Македонија е обезглавена. И во такви услови се случува скандалот со Онишченко затоа што да имаше соодветна внатрешна контрола во АНБ скандалот веројатно немаше да се случи, а и кога би се случил брзо ќе можеше директорот за внатрешна контрола да направи истрага и да се види кој е одговорен и да се затвори темата. Сега АНБ е нефункционална и затоа има ваков срам за Македонија, рече тој. Во однос на испраќањето на директорот на АНБ Виктор Димовски за амбасадор во Франција, Николоски потенцираше дека неговото испраќање е срамно и навредливо за Франција која што е една од најзначајните земји членки на Европската Унија додавајќи дека Димовски треба да покаже доблест и веднаш да се повлече наместо да се брука и самиот себе и институцијата со која раководи. После се ова што се случи последна работа што треба да се направи е Димовски да оди за амбасадор во Париз затоа што тоа би било срам за Македонија. Сепак Франција е една од најзначајните земји членки на Европската унија, и мислам дека треба да имаме сериозен однос кон Франција. Прво за мене и самата номинација е спорна затоа што да пратите директор на тајна служба за амбасадор во Франција не е некоја добра порака кон Франција. Во регионот така знаат разузнавачи да пратат Србите, Бугарите, но тоа најчесто го прават во соседството, не сум слушнал дека досегашен директор на БИА во Србија, или на ДАНС во Бугарија е испратен за амбасадор во Париз. Да не зборувам за посериозни држави од типот на Австрија, Германија итн. Така што е едниот спорен момент, објасни тој. Вториот спорен момент е што кога веќе одлучиле со ваков скандал тоа е навреда за Франција да оди Димовски за амбасадор. И мислам дека треба да е доволно доблесен пред пензија да се повлече и да престане да се брука и сам себе, а и институцијата која што ја води, бидејќи на овој начин девалвира и се што тој сторил и се што институцијата односно АНБ може да направи во иднина, а и направила во минатото. Според Николоски единствен начин за да се затвори овој скандал е Димовски да се повлече, но да следи и одговорност за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од причина што се дадени неточни податоци од страна на Онишченко, а МВР кое е договорно за ова не ги проверило податоците. Наједноставен начин да се затвори ова прашање е да се повлече од една страна, а од друга страна одговорност мора да има и таа не завршува само кај него, одговорност мора да има и за министерот за внатрешни работи. Зошто го велам ова? Не само заради големата афера со пасошите за криминалци од кои дел се испоубија меѓу себе по Истанбул, по Киев итн, туку и затоа што ако видовте основ за поништување на државјанството според самата влада е неточно дадени податоци, а податоци се даваат од МВР кои што не ги проверило, изјави тој. Николовски ексклузивно откри дека заменик потпретседател на владата задолжен за економски прашања се обидувал да стапи во контакт со Онишченко и да прави економски ангажман со него и поради тоа смета дека и премиерот Ковачевски треба да сноси исто одговорност.
И она што е исто така битно, е што и премиерот треба да понесе одговорност овде. Не е до сега излезено во јавност да го пласирам, постојат кредибилни информации или гласини дека еден од министрите во влада, да бидам попрецизен потпретседател на влада вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Така што не е тоа дека само некој си кој што јавал на коњ дошол во Македонија и земал државјанство за да настапува на Олимпијада, туку се работи за многу подлабоко случај, дециден е Николоски.

The post Вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да стапи во контакт со Онишченко за да преговара за економски ангажман appeared first on Република.

]]>
Сакав да купам банка во Македонија, ама сега не купувам: Онишченко веќе не го интересира енергетскиот бизнис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sakav-da-kupam-banka-vo-makedonija-ama-sega-ne-kupuvam-onishchenko-vekje-ne-go-interesira-energetskiot-biznis/ Fri, 25 Nov 2022 17:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=578344

Украинскиот олигарх Олександр Онишченко имал намера да купи банка во Македонија.

Тој за „Слободен печат“ вели дека бизнисот со гас не го интересира, но сега се двоуми дали воопшто да продолжи со отпочнатата постапка за регистрирање фирма, откако Владата одлучи да му го одземе државјанството кое го добил на 31 мај годинава.

Никаков енергетски бизнис не ме интересира. Имав некои планови да купам банка во Македонија, ама нема да купам, ако вака одат работите и понатаму. Јас сега се занимавам само со финансиски бизнис, не се занимавам веќе со енергетскиот – изјави Олександр Онишченко.

The post Сакав да купам банка во Македонија, ама сега не купувам: Онишченко веќе не го интересира енергетскиот бизнис appeared first on Република.

]]>

Украинскиот олигарх Олександр Онишченко имал намера да купи банка во Македонија. Тој за „Слободен печат“ вели дека бизнисот со гас не го интересира, но сега се двоуми дали воопшто да продолжи со отпочнатата постапка за регистрирање фирма, откако Владата одлучи да му го одземе државјанството кое го добил на 31 мај годинава.
Никаков енергетски бизнис не ме интересира. Имав некои планови да купам банка во Македонија, ама нема да купам, ако вака одат работите и понатаму. Јас сега се занимавам само со финансиски бизнис, не се занимавам веќе со енергетскиот – изјави Олександр Онишченко.

The post Сакав да купам банка во Македонија, ама сега не купувам: Онишченко веќе не го интересира енергетскиот бизнис appeared first on Република.

]]>
Oнишченко добил македонско државјанство кога Ковачевски веќе пет месеци е премиер? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/onishchenko-dobil-makedonsko-drzavjanstvo-koga-kovachevski-vekje-pet-meseci-e-premier/ Fri, 25 Nov 2022 08:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=578080

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека украинскит бизнисмен Онишченко добива македонско државјанство во мај 2022 година, кога Ковачевски е веќе пет месеци премиер.

Според партијата, АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина.

Виктор Димовски и Оливер Спасовски морале да го известат Ковачевски. Сите тројца одработиле против стратешките интереси на Македонија.Одговорноста за случајот со издаденото државјанство на Онишченко не може да заврши со суспендирање на вработени во АНБ. Мора да има политичка одговорност за Виктор Димовски и Оливер Спасовски.

Од опоизицијата сметаат дека Димовски не смее да биде македонски амбасадор во Франција.

После овој скандал со македонското државјанство дадено на рускиот разузнавач Онишченко, наместо во Париз, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски подобро е да биде испратен за амбасадор во Москва, Белград или Каиро, каде веројатно ќе добива подоверливи информации. Бидејќи во Франција или во НАТО тој како разузнавач веќе нема кредибилитет за со него да se споделуваат сензитивни безбедносни информации, изјави синоќа Антонијо Милопшоски за „Алфа“.

На сиве овие обвинувања власта уверува дека е започната постапката за одземање на државјанството на украинскиот тајкун.

The post Oнишченко добил македонско државјанство кога Ковачевски веќе пет месеци е премиер? appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека украинскит бизнисмен Онишченко добива македонско државјанство во мај 2022 година, кога Ковачевски е веќе пет месеци премиер. Според партијата, АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина.
Виктор Димовски и Оливер Спасовски морале да го известат Ковачевски. Сите тројца одработиле против стратешките интереси на Македонија.Одговорноста за случајот со издаденото државјанство на Онишченко не може да заврши со суспендирање на вработени во АНБ. Мора да има политичка одговорност за Виктор Димовски и Оливер Спасовски.
Од опоизицијата сметаат дека Димовски не смее да биде македонски амбасадор во Франција.
После овој скандал со македонското државјанство дадено на рускиот разузнавач Онишченко, наместо во Париз, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски подобро е да биде испратен за амбасадор во Москва, Белград или Каиро, каде веројатно ќе добива подоверливи информации. Бидејќи во Франција или во НАТО тој како разузнавач веќе нема кредибилитет за со него да se споделуваат сензитивни безбедносни информации, изјави синоќа Антонијо Милопшоски за „Алфа“.
На сиве овие обвинувања власта уверува дека е започната постапката за одземање на државјанството на украинскиот тајкун.

The post Oнишченко добил македонско државјанство кога Ковачевски веќе пет месеци е премиер? appeared first on Република.

]]>
Власта барала Онишченко да им донесе медал на Олимпијада, сега тој е изненаден што сакаат да му го земат пасошот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-barala-onishchenko-da-im-donese-medal-na-olimpijada-sega-e-iznenaden-shto-sakaat-da-mu-go-zemat-pasoshot/ Thu, 24 Nov 2022 10:25:02 +0000 https://republika.mk/?p=577707

„Нема измама, ниту еден грам“-изјавил украинскот бизнисмен за „Слободен печат“ по најавите дека власта на СДСМ и ДУИ сакаат да му го одзмемат пасоошот и државјанството.

– Не знам што да кажам. Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката за Олимписките игри  рекол Онишченко за „Слободен печат“.

Владата најавува дека ќе му го одземе државјанството на украинскиот бизнисмен Онишченко со тврдење дека лажел за своите податоци.

Објаснувењто е дека  дека преку МВР ќе биде покрената постапка со користење на членот 14 од Законот за државјанство кој остава можност во вакви случаи да се поништи државјанството и пасошот.

Сепак, оние најповиканите директорот на АНБ Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не гледаат кај себе никаква вина и не размислуваат за оставки.

The post Власта барала Онишченко да им донесе медал на Олимпијада, сега тој е изненаден што сакаат да му го земат пасошот appeared first on Република.

]]>

„Нема измама, ниту еден грам“-изјавил украинскот бизнисмен за „Слободен печат“ по најавите дека власта на СДСМ и ДУИ сакаат да му го одзмемат пасоошот и државјанството.
– Не знам што да кажам. Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката за Олимписките игри  рекол Онишченко за „Слободен печат“.
Владата најавува дека ќе му го одземе државјанството на украинскиот бизнисмен Онишченко со тврдење дека лажел за своите податоци. Објаснувењто е дека  дека преку МВР ќе биде покрената постапка со користење на членот 14 од Законот за државјанство кој остава можност во вакви случаи да се поништи државјанството и пасошот. Сепак, оние најповиканите директорот на АНБ Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не гледаат кај себе никаква вина и не размислуваат за оставки.  

The post Власта барала Онишченко да им донесе медал на Олимпијада, сега тој е изненаден што сакаат да му го земат пасошот appeared first on Република.

]]>
Власта сака да му го одземе државјанството на Онишченко, но од Спасовски и Димовски не се откажува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-saka-da-mu-go-odzeme-drzavjanstvoto-na-onishchenko-no-od-spasovski-i-dimovski-ne-se-otkazuva/ Thu, 24 Nov 2022 08:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=577607

Владата најавува дека ќе му го одземе државјанството на украинскиот бизнисмен Онишченко со тврдење дека лажел за своите податоци. Објаснувењто е дека  дека преку МВР ќе биде покрената постапка со користење на членот 14 од Законот за државјанство кој остава можност во вакви случаи да се поништи државјанството и пасошот.

Опозицијата пак смета дека овој скандал го подбива целиот безбедносен систем и институциите во државата и го руши кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност, директорување на Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Скандалозно е тоа што скоро две недели, институциите во државата не можат да откријат како Онишченко добил македонско државјанство, а премиерот Ковачевски наместо да побара одговорност од Димовски и веднаш да го разреши го испраќа за амбасадор во Франција-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму напоменуваат дека се потребни се промени и функционални институции кои ќе гарантираат за безбедноста на граѓаните и почитување на уставниот поредок на државата.

The post Власта сака да му го одземе државјанството на Онишченко, но од Спасовски и Димовски не се откажува appeared first on Република.

]]>

Владата најавува дека ќе му го одземе државјанството на украинскиот бизнисмен Онишченко со тврдење дека лажел за своите податоци. Објаснувењто е дека  дека преку МВР ќе биде покрената постапка со користење на членот 14 од Законот за државјанство кој остава можност во вакви случаи да се поништи државјанството и пасошот. Опозицијата пак смета дека овој скандал го подбива целиот безбедносен систем и институциите во државата и го руши кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност, директорување на Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Скандалозно е тоа што скоро две недели, институциите во државата не можат да откријат како Онишченко добил македонско државјанство, а премиерот Ковачевски наместо да побара одговорност од Димовски и веднаш да го разреши го испраќа за амбасадор во Франција-велат од ВМРО-ДПМНЕ.
  Оттаму напоменуваат дека се потребни се промени и функционални институции кои ќе гарантираат за безбедноста на граѓаните и почитување на уставниот поредок на државата.    

The post Власта сака да му го одземе државјанството на Онишченко, но од Спасовски и Димовски не се откажува appeared first on Република.

]]>
Владата иницира одземање на државјанството на Онишченко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-inicira-odzemanje-na-drzavjanstvoto-na-onishchenko/ Wed, 23 Nov 2022 17:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=577450

Согласно членот 14 од Законот за државјанство, Владата денеска побара да започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Македонија за лицето Олександер Онишченко, информира владината прес-служба.

Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот, се додава во соопштението.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, доби македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлуката за доделување македонско државјанство на Онишченко ја донесе Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

Според претходните најави, денеска на затворена владина седница за случајот со доделувањето на македонско државјанство на Онишченко, извештај требаше да поднесе директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека мора да се утврди одговорност за случајот. Тој потсети дека државјанството било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции.

Според Ковачевски, одговорност за случајот мора да има и оти тоа е работа на анализата, односно истрагата која што веќе и се спроведува. Во АНБ, според медиумите, се суспендирани двајца службеници поради пропуст во проверката на Онишченко

The post Владата иницира одземање на државјанството на Онишченко appeared first on Република.

]]>

Согласно членот 14 од Законот за државјанство, Владата денеска побара да започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Македонија за лицето Олександер Онишченко, информира владината прес-служба.
Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот, се додава во соопштението.
Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, доби македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлуката за доделување македонско државјанство на Онишченко ја донесе Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. Според претходните најави, денеска на затворена владина седница за случајот со доделувањето на македонско државјанство на Онишченко, извештај требаше да поднесе директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски. Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека мора да се утврди одговорност за случајот. Тој потсети дека државјанството било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции. Според Ковачевски, одговорност за случајот мора да има и оти тоа е работа на анализата, односно истрагата која што веќе и се спроведува. Во АНБ, според медиумите, се суспендирани двајца службеници поради пропуст во проверката на Онишченко

The post Владата иницира одземање на државјанството на Онишченко appeared first on Република.

]]>