случај Феникс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-feniks/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jul 2023 11:08:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случај Феникс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchaj-feniks/ 32 32 Јавното обвинителство бара случајот „Феникс“ да не се злоупотребува во политички цели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-bara-sluchajot-feniks-da-ne-se-zloupotrebuva-vo-politichki-tseli/ Tue, 04 Jul 2023 11:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=657994

Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството.

Јавното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството, се посочува во соопштението.

Јавното обвинителство, како што стои, ги потсетува сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент: „лидерите на Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во Владата“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и јавниот обвинител кој постапува во предметот преземаат дејствија за обезбедување докази, целосно водејќи се од начелата на правичност и заштитата на пресумпцијата на невиност, потенцираат од Обвинителството.

Во однос на јавните коментари и шпекулациите во кои фокусот се става на временската рамка за преземање на дејствијата во овој предмет, ЈО смета дека е неопходно да се истакнат одредени датуми што го следат постапувањето во предметот, со што јавноста ќе може да оцени дека предметот „Феникс“ е воден согласно закон и соодветно на доказите.

Имено, доказот што беше неопходен во оваа кривична постапка – материјално-финансиското вештачење, што по наредба на предметниот обвинител го изготви судски вештак, е примено на 01.06.2023 година. До јавниот обвинител документот е доставен на 05.06.2023 година. По негово проучување, во корелација со претходно обезбедените докази, на 12.06.2023 година јавниот обвинител до МВР веќе достави Наредба со насоки за подготовка на сите потребни мерки за реализација на кривичниот предмет, наведуваат од Јавното обвинителство.

Според соопштението, на 29 јуни околу 11 часот, јавниот обвинител телефонски бил известен дека едно од осомничените лица е запрено на граничен премин во обид да ја напушти државата.

Поради тоа, итно беше неопходно да започнат процесни дејствија соодветни на обидот за науштање на државата, кој факт беше образложен од предметниот јавен обвинител и на одржаната прес - конференција. Според тоа, јавниот обвинител очигледно не можел да знае кога некое од осомничените лица ќе биде запрено при обид да ја напушти државата со што ќе иницира неопходност за брзо дејствување, се посочува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство, како што се наведува, воедно ги осудува и сите обиди за јавна лична дискредитација на обвинителот кој максимално посветено и професионално постапува во предметот.

The post Јавното обвинителство бара случајот „Феникс“ да не се злоупотребува во политички цели appeared first on Република.

]]>

Поранешниот градоначалник доби куќен притвор, изјави дека не се чувствува виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-gradonachalnik-dobi-kuken-pritvor-izjavi-deka-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Fri, 30 Jun 2023 20:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=657020

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство, информира вечерва обвинителот Љубомир Лапе по повеќечасовниот распит на осомничените во Кривичниот суд.

Тодоровиќ на излегување од судот кусо изјави дека не се чувствува виновен и оти засега нема друг коментар.

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Како што информира денеска на прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе, осомничените, заобиколувајќи го Собранието, обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 3.547.390.000,00 денари (57.681.138,00 евра).

Обвинителот не ги посочи имињата на осомничените, но, според нивните своевремени функции, станува збор за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првоосомничен, второосомниочен е поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, поранершната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, двајца поранешни градоначалници на општина Центар Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев, а меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми.

Кривичните дела се сторени од 2007 до 2013 година, периодот кога се спроведувани јавните набавки за предметите споменици, дел од „Скопје 2014“, а истрагата е отворена по 10 години.

Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.

The post Поранешниот градоначалник доби куќен притвор, изјави дека не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство, информира вечерва обвинителот Љубомир Лапе по повеќечасовниот распит на осомничените во Кривичниот суд. Тодоровиќ на излегување од судот кусо изјави дека не се чувствува виновен и оти засега нема друг коментар. Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Како што информира денеска на прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе, осомничените, заобиколувајќи го Собранието, обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 3.547.390.000,00 денари (57.681.138,00 евра). Обвинителот не ги посочи имињата на осомничените, но, според нивните своевремени функции, станува збор за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првоосомничен, второосомниочен е поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, поранершната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, двајца поранешни градоначалници на општина Центар Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев, а меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми. Кривичните дела се сторени од 2007 до 2013 година, периодот кога се спроведувани јавните набавки за предметите споменици, дел од „Скопје 2014“, а истрагата е отворена по 10 години. Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.

The post Поранешниот градоначалник доби куќен притвор, изјави дека не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети, од Коридорот 8 и продажбата на државно земјиште, смета Муцунски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladimir-todorovik-sluzhi-za-defokus-od-drin-ahmeti-od-koridorot-8-i-prodazhbata-na-drzhavno-zemjishte-smeta-mutsunski/ Fri, 30 Jun 2023 19:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=657004

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија,  видовме како внук  на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција, видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на Сител.

Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле.

– Се прави дефокус од фактот дека момче од 24 години купува деловен центар од 30 милиони евра, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандали, членови на Владата на свои партнери продаваат државно земјиште на седница на Влада – рече Муцунски.

The post Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети, од Коридорот 8 и продажбата на државно земјиште, смета Муцунски appeared first on Република.

]]>

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија,  видовме како внук  на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција, видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на Сител. Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле.
– Се прави дефокус од фактот дека момче од 24 години купува деловен центар од 30 милиони евра, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандали, членови на Владата на свои партнери продаваат државно земјиште на седница на Влада – рече Муцунски.

The post Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети, од Коридорот 8 и продажбата на државно земјиште, смета Муцунски appeared first on Република.

]]>
Притвор од 30 дена за двајца осомничени во „Феникс“, уште едно лице оди во куќен притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-od-30-dena-za-dvajtsa-osomnicheni-vo-feniks-ushte-edno-litse-odi-vo-kuken-pritvor/ Fri, 30 Jun 2023 18:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=656979

Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на две лица за случајот „Феникс“ осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Од Кривичниот суд Скопје за МИА информираа дека притвор од 30 дена им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д.

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

The post Притвор од 30 дена за двајца осомничени во „Феникс“, уште едно лице оди во куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на две лица за случајот „Феникс“ осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Од Кривичниот суд Скопје за МИА информираа дека притвор од 30 дена им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д. Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.  

The post Притвор од 30 дена за двајца осомничени во „Феникс“, уште едно лице оди во куќен притвор appeared first on Република.

]]>