случаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchai/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Aug 2022 13:46:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sluchai/ 32 32 Проф. Трајковски: Во септември по 100 случаи дневно, но нов сој ќе ги зголеми бројките во ноември и декември https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-vo-septemvri-po-100-sluchai-dnevno-no-nov-soj-kje-gi-zgolemi-brojkite-vo-noemvri-i-dekemvri/ Sat, 20 Aug 2022 13:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=541921

Во текот на целиот месец септември може да очекуваме над 100 нови случаи дневно, а бројките може да почнат да растат во ноември и декември, прогнозира професорот Дејан Трајковски кој ги анализира бројките на ковид заразени и починати. Во овој бран на ковид имало многу помалку тестирања, но и многу помала смртност и хоспитализации.

Ова е неговата најнова анализа:

Продолжува очекуваното експоненцијално намалување на дневните броеви на нови случаи, после максимумот постигнат на преминот од јули во август (на дијаграмот на првата слика).

 Максимумот се случил за време на празникот

Всушност, неприродното вдлабнување на зелената линија (седумдневната подвижна средина) во првите денови на август, кажува дека максимумот најверојатно се случил токму за време на празникот, но малиот број на тестирања поради големата раздвиженост на населението тоа не го потврдил.

Како и кај сите бранови, намалувањето на бранот временски трае за околу 50% подолго отколку искачувањето, а црвената линија на експоненцијалната регресија на првиот дијаграм приближно ни го дава темпото на намалување на просечните дневни бројки во наредните две недели.

Дијаграмот на втората слика ги прикажува резултатите од нумеричката симулација – решенијата на диференцијалните равенки на динамиката на епидемијата според SIR моделот (Susceptible – Infected – Recovered), за следните две недели.

Формите на кривите зависат од претпоставената вредност на ефективниот репродукциски број Rt, којшто во ова сценарио е земен Rt=0,95. Всушност, никогаш не се знае кое сценарио ќе се оствари, затоа што со почетокот на учебната година можно е преносливоста да се зголеми, а со тоа да се забави намалувањето на бројот на нови и активни случаи, како и израмнувањето на кривата на вкупниот број на случаи.

Бројките може да почнат да растат пак во ноември или декември

Во секој случај, во текот на целиот месец септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи дневно. Во подоцнежните есенски месеци можно е бројките да престанат да се намалуваат, а со доаѓањето на зимата или со пристигнувањето на подсојот BA2.75 на омикрон сојот, бројките во ноември или декември можат одново да започнат да растат. Се чини дека сме навлезени во деценија на корона вируси, па иако се очекува смртноста да се намалува, секоја година по еднаш или два пати можеби ќе гледаме помали или поголеми бранови на нови случаи.

Од интересното се истакнува стапката на позитивни тестови (на дијаграмот на третата слика), којашто во овој бран постави рекорди од почетокот на епидемијата. Седумдневниот просек извесно време се движеше околу 45%, додека во некои денови таа надмина и 60%. Ова само покажува дека се прават екстремно малку тестирања, односно дека се тестираат само лицата со јасни симптоми на ковид, заради започнување со лекување.

На полето на смртноста се забележува дека врвот се уште не е достигнат (портокаловата линија на четвртиот дијаграм). Во овој бран, на подсојот BA5 на корона вирусот, забележуваме дека е пролонгирано времетраењето од дијагностицирањето до хоспитализирањето, како и од дијагностицирањето до смртниот исход. Тоа е индикатор на побавниот и поблагиот тек на болеста. Ако порано врвот на смртните случаи настапувал околу 15 дена по врвот на новозаразувањето, сега временското поместување изнесува околу 20 дена.

Најмногу хоспитализации се очекуваат следната недела

Кај хоспитализациите доцнењето исто така е зголемено, од една на две недели. Сината линија на дијаграмот на петтата слика ни покажува дека ни хоспитализациите се уште не го достигнале својот врв, иако врвот на дневниот број на нови случаи се случил уште околу 01.08.2022. Заклучно со неделата, 14.08.2022 во сите болници имало 199 хоспитализирани, со тенденција оваа бројка да достигне максимум на почетокот од следната недела. Неколку дена подоцна би требало да помине и врвот на бројот на смртните случаи, којшто моментално изнесува просечно 4 починати дневно (портокаловата линија на четвртиот дијаграм).

Смртноста двојно пониска од јануарскиот бран

Големиот број на заразени во овој бран не беше следен со голем број на починати, односно стапката на леталитет, којашто моментално изнесува под 0,70%, е повеќе од двојно пониска отколку за време на јануарскиот бран на подсојот BA1 на омикрон сојот и речиси за 6 пати пониска отколку за време на претходните соеви (вуханскиот, алфа и делта сојот), кога починаа најмногу луѓе. Сегашниот леталитет од 0,6% – 0,7% е само двојно повисок од леталитетот на сезонскиот грип, што според нашите здравствени власти е главниот фактор за максималното релаксирање на мерките.

The post Проф. Трајковски: Во септември по 100 случаи дневно, но нов сој ќе ги зголеми бројките во ноември и декември appeared first on Република.

]]>

Во текот на целиот месец септември може да очекуваме над 100 нови случаи дневно, а бројките може да почнат да растат во ноември и декември, прогнозира професорот Дејан Трајковски кој ги анализира бројките на ковид заразени и починати. Во овој бран на ковид имало многу помалку тестирања, но и многу помала смртност и хоспитализации. Ова е неговата најнова анализа: Продолжува очекуваното експоненцијално намалување на дневните броеви на нови случаи, после максимумот постигнат на преминот од јули во август (на дијаграмот на првата слика).  Максимумот се случил за време на празникот Всушност, неприродното вдлабнување на зелената линија (седумдневната подвижна средина) во првите денови на август, кажува дека максимумот најверојатно се случил токму за време на празникот, но малиот број на тестирања поради големата раздвиженост на населението тоа не го потврдил. Како и кај сите бранови, намалувањето на бранот временски трае за околу 50% подолго отколку искачувањето, а црвената линија на експоненцијалната регресија на првиот дијаграм приближно ни го дава темпото на намалување на просечните дневни бројки во наредните две недели. Дијаграмот на втората слика ги прикажува резултатите од нумеричката симулација – решенијата на диференцијалните равенки на динамиката на епидемијата според SIR моделот (Susceptible – Infected – Recovered), за следните две недели. Формите на кривите зависат од претпоставената вредност на ефективниот репродукциски број Rt, којшто во ова сценарио е земен Rt=0,95. Всушност, никогаш не се знае кое сценарио ќе се оствари, затоа што со почетокот на учебната година можно е преносливоста да се зголеми, а со тоа да се забави намалувањето на бројот на нови и активни случаи, како и израмнувањето на кривата на вкупниот број на случаи. Бројките може да почнат да растат пак во ноември или декември Во секој случај, во текот на целиот месец септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи дневно. Во подоцнежните есенски месеци можно е бројките да престанат да се намалуваат, а со доаѓањето на зимата или со пристигнувањето на подсојот BA2.75 на омикрон сојот, бројките во ноември или декември можат одново да започнат да растат. Се чини дека сме навлезени во деценија на корона вируси, па иако се очекува смртноста да се намалува, секоја година по еднаш или два пати можеби ќе гледаме помали или поголеми бранови на нови случаи. Од интересното се истакнува стапката на позитивни тестови (на дијаграмот на третата слика), којашто во овој бран постави рекорди од почетокот на епидемијата. Седумдневниот просек извесно време се движеше околу 45%, додека во некои денови таа надмина и 60%. Ова само покажува дека се прават екстремно малку тестирања, односно дека се тестираат само лицата со јасни симптоми на ковид, заради започнување со лекување. На полето на смртноста се забележува дека врвот се уште не е достигнат (портокаловата линија на четвртиот дијаграм). Во овој бран, на подсојот BA5 на корона вирусот, забележуваме дека е пролонгирано времетраењето од дијагностицирањето до хоспитализирањето, како и од дијагностицирањето до смртниот исход. Тоа е индикатор на побавниот и поблагиот тек на болеста. Ако порано врвот на смртните случаи настапувал околу 15 дена по врвот на новозаразувањето, сега временското поместување изнесува околу 20 дена. Најмногу хоспитализации се очекуваат следната недела Кај хоспитализациите доцнењето исто така е зголемено, од една на две недели. Сината линија на дијаграмот на петтата слика ни покажува дека ни хоспитализациите се уште не го достигнале својот врв, иако врвот на дневниот број на нови случаи се случил уште околу 01.08.2022. Заклучно со неделата, 14.08.2022 во сите болници имало 199 хоспитализирани, со тенденција оваа бројка да достигне максимум на почетокот од следната недела. Неколку дена подоцна би требало да помине и врвот на бројот на смртните случаи, којшто моментално изнесува просечно 4 починати дневно (портокаловата линија на четвртиот дијаграм). Смртноста двојно пониска од јануарскиот бран Големиот број на заразени во овој бран не беше следен со голем број на починати, односно стапката на леталитет, којашто моментално изнесува под 0,70%, е повеќе од двојно пониска отколку за време на јануарскиот бран на подсојот BA1 на омикрон сојот и речиси за 6 пати пониска отколку за време на претходните соеви (вуханскиот, алфа и делта сојот), кога починаа најмногу луѓе. Сегашниот леталитет од 0,6% – 0,7% е само двојно повисок од леталитетот на сезонскиот грип, што според нашите здравствени власти е главниот фактор за максималното релаксирање на мерките.

The post Проф. Трајковски: Во септември по 100 случаи дневно, но нов сој ќе ги зголеми бројките во ноември и декември appeared first on Република.

]]>
Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-dopolnitelni-kovid-merki-epidemioloshkata-sostojba-stabilna-i-pokraj-zgolemeniot-broj-na-sluchai/ Sat, 23 Jul 2022 06:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=532325

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем.

Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, рече Петличковски.

Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок.

Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, додаде Петличковски.

Бројот на активни случаи вчера изнесуваша 4.136, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 779 нови случаи со КОВИД-19, што е петти ден по ред со над 700 нови случаи. Најголемиот број на активните случаи се во Скопје – 1965, а во Дојран нема активни случаи на вирусот.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ завчера изјави дека трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Сепак според него, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.

Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.

Според д-р Петличковски, идејата за вакви ковид амбуланти е заговарана уште на почетокот на пандемијата и целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.

Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече Петличковски.

Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување, но и да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.

Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353.

И во некои европски и светски земји, се зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19. Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години.

Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени. Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела.

The post Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем.
Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, рече Петличковски.
Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок.
Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, додаде Петличковски.
Бројот на активни случаи вчера изнесуваша 4.136, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 779 нови случаи со КОВИД-19, што е петти ден по ред со над 700 нови случаи. Најголемиот број на активните случаи се во Скопје – 1965, а во Дојран нема активни случаи на вирусот. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ завчера изјави дека трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Сепак според него, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.
Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.
Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир. Според д-р Петличковски, идејата за вакви ковид амбуланти е заговарана уште на почетокот на пандемијата и целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.
Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече Петличковски.
Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување, но и да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра. Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353. И во некои европски и светски земји, се зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19. Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години. Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени. Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела.

The post Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>
Регистрирани 93 нови случаи на ковид-19, нема починати https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/registrirani-93-novi-sluchai-na-kovid-19-nema-pochinati/ Wed, 11 May 2022 11:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=501021

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.365 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-44, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-22, Биотек-38, Систина-31, лабораторија Лаор-27, Синлаб-12, Ремедика-18, Плодност-16, Генеа-11, Никоб Лаб-91, ВФВ Медикал-27, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 576.

Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 145968, Активни 268

Куманово 16649, Активни 13

Битола 15503, Активни 127

Прилеп 14181, Активни 34

Тетово 13468, Активни 13

Кавадарци 10663, Активни 20

Велес 9779, Активни 14

Гостивар 9594, Активни 11

Охрид 8877, Активни 30

Струмица 8069, Активни 7

Штип 8035, Активни 13

Кичево 5632, Активни 9

Кочани 5079, Активни 2

Струга 4722, Активни 4

Гевгелија 4413, Активни 8

Неготино 3681, Активни 2

Ресен 2733, Активни 12

Свети Николе 2624, Активни 0

Радовиш 2530, Активни 1

Крива Паланка 2414, Активни 1

Делчево 1980, Активни 1

Дебар 1674, Активни 1

Берово 1661, Активни 2

Валандово 1488, Активни 1

Виница 1393, Активни 2

Пробиштип 1267, Активни 0

Богданци 1020, Активни 1

Кратово 966, Активни 2

Крушево 926, Активни 0

Демир Хисар 832, Активни 2

Македонски Брод 736, Активни 0

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 523, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 1

The post Регистрирани 93 нови случаи на ковид-19, нема починати appeared first on Република.

]]>

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции. Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица. Направени се 1.365 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-44, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-22, Биотек-38, Систина-31, лабораторија Лаор-27, Синлаб-12, Ремедика-18, Плодност-16, Генеа-11, Никоб Лаб-91, ВФВ Медикал-27, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 576. Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 145968, Активни 268 Куманово 16649, Активни 13 Битола 15503, Активни 127 Прилеп 14181, Активни 34 Тетово 13468, Активни 13 Кавадарци 10663, Активни 20 Велес 9779, Активни 14 Гостивар 9594, Активни 11 Охрид 8877, Активни 30 Струмица 8069, Активни 7 Штип 8035, Активни 13 Кичево 5632, Активни 9 Кочани 5079, Активни 2 Струга 4722, Активни 4 Гевгелија 4413, Активни 8 Неготино 3681, Активни 2 Ресен 2733, Активни 12 Свети Николе 2624, Активни 0 Радовиш 2530, Активни 1 Крива Паланка 2414, Активни 1 Делчево 1980, Активни 1 Дебар 1674, Активни 1 Берово 1661, Активни 2 Валандово 1488, Активни 1 Виница 1393, Активни 2 Пробиштип 1267, Активни 0 Богданци 1020, Активни 1 Кратово 966, Активни 2 Крушево 926, Активни 0 Демир Хисар 832, Активни 2 Македонски Брод 736, Активни 0 Демир Капија 593, Активни 0 Македонска Каменица 523, Активни 0 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 347, Активни 1

The post Регистрирани 93 нови случаи на ковид-19, нема починати appeared first on Република.

]]>
Овие четири држави во светот тврдат дека кај нив нема ниту еден случај на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ovie-chetiri-drzavi-vo-svetot-tvrdat-deka-kaj-niv-nema-nitu-eden-sluchaj-na-koronavirus/ Mon, 31 Jan 2022 13:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=451992

Четири од 193 земји, кои се полноправни членки на Обединетите нации, тврдат дека немаат регистриран случај на коронавирус, додека, според Светската здравствена организација (СЗО), заразени има на сите континенти освен на Антарктикот.

Последната земја во која е регистриран ковид-19 е пацифичкиот остров Кирибати, еден од најизолираните на планетата, оддалечен околу 4 800 километри од Австралија.

Најголемата држава во која, барем официјално, не е потврден ниту еден случај на коронавирус е Северна Кореја, чии власти го ставија во карантин градот Каесонг на 26 јули, недалеку од границата со Јужна Кореја, поради едно лице за кое постои сомневање дека е заразено со, како што велат, чуден вирус. Сепак, тие сомнежи не се потврдени, па и покрај резервираноста на многу светски медицински експерти, Северна Кореја официјално е наведена како земја во која коронавирусот не е регистриран.

Туркменистан е втората азиска земја која тврди дека нема присуство на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани повеќе од 6,3 милиони луѓе од почетокот на пандемијата, како и со Казахстан, кој има околу 1,2 милион заразени.

Имаше спорадични извештаи за граѓани на Туркменистан кои имаат симптоми на коронавирус, па дури и наводни смртни случаи, но тамошните власти досега не пријавиле случај на инфекција.

Преостанатите две земји каде што коронавирусот не е потврден се во Океанија, Науру и Тувалу, а најмалата од четирите земји без коронавирус – Науру, има само 12 000 жители.

The post Овие четири држави во светот тврдат дека кај нив нема ниту еден случај на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Четири од 193 земји, кои се полноправни членки на Обединетите нации, тврдат дека немаат регистриран случај на коронавирус, додека, според Светската здравствена организација (СЗО), заразени има на сите континенти освен на Антарктикот. Последната земја во која е регистриран ковид-19 е пацифичкиот остров Кирибати, еден од најизолираните на планетата, оддалечен околу 4 800 километри од Австралија. Најголемата држава во која, барем официјално, не е потврден ниту еден случај на коронавирус е Северна Кореја, чии власти го ставија во карантин градот Каесонг на 26 јули, недалеку од границата со Јужна Кореја, поради едно лице за кое постои сомневање дека е заразено со, како што велат, чуден вирус. Сепак, тие сомнежи не се потврдени, па и покрај резервираноста на многу светски медицински експерти, Северна Кореја официјално е наведена како земја во која коронавирусот не е регистриран. Туркменистан е втората азиска земја која тврди дека нема присуство на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани повеќе од 6,3 милиони луѓе од почетокот на пандемијата, како и со Казахстан, кој има околу 1,2 милион заразени. Имаше спорадични извештаи за граѓани на Туркменистан кои имаат симптоми на коронавирус, па дури и наводни смртни случаи, но тамошните власти досега не пријавиле случај на инфекција. Преостанатите две земји каде што коронавирусот не е потврден се во Океанија, Науру и Тувалу, а најмалата од четирите земји без коронавирус – Науру, има само 12 000 жители.

The post Овие четири држави во светот тврдат дека кај нив нема ниту еден случај на коронавирус appeared first on Република.

]]>