Словенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slovenija/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 20:42:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Словенија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slovenija/ 32 32 Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkrieni-tajni-dokumenti-vatikan-i-germanija-se-zalagale-za-nezavisnost-samo-na-hrvatska-i-slovenija-pravoslavnata-makedonija-ne-ja-smetale-za-zhiva/ Thu, 15 Feb 2024 20:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=744466

Распадот на Југославија воопшто не бил случаен а клучна улога му припаднал на Ватикан, кога папа беше Јован Павле Втори. За тоа сведочат документите од кабинетот на Хелмут Кол, кој беше германски канцелар од 1982 до 1998 година.

Неколку стотици од овие документи беа објавени од Дигиталниот центар Вилсон со седиште во Вашингтон по истекот на рокот од 30 години, по што станаа достапни за јавноста. Така се пронајдени транскриптите од разговорите на канцеларот Кол. Меѓу нив е и телефонскиот разговор меѓу Кол и тогашниот италијански премиер Џулијен Андреоти.

- Оодлуката за признавање на независноста на Словенија и Хрватска може да биде донесена со уште пет или шест земји. Клучно е оваа група да не наликува на коалицијата од 1941 година (Германија и Италија). Пред се, важно е да ја имате Франција со вас, можеби и Шпанија. Ватикан интензивно работи на признавање на независноста – рекол Кол.

Италијанскиот премиер Андреоти одговори дека го знае тоа.

– Премиерот Андреоти вели дека Ватикан не сака да биде прв, туку да го турка другиот да го направи тоа. Би било добро Германија, Италија, Австрија или Унгарија први да ја признаат независноста - се наведува во транскриптот.

Услуга на Ватикан и Берлин им направи Исланд, кој на 19 декември 1991 година прв ја призна Хрватска, но и Литванија, Летонија и Естонија 10 дена пред официјалното распуштање на СССР. Истиот ден Берлин донесе одлука за признавање, која стапи во сила на 15 јануари. Старата коалиција од 1941 година беше прикриена од Ватикан објавувајќи го признавањето на Хрватска на 13 јануари 1992 година, Сан Марино на 14 јануари, а еден ден подоцна тоа го сториле сите 12 земји на ЕУ.

The post Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива appeared first on Република.

]]>

Распадот на Југославија воопшто не бил случаен а клучна улога му припаднал на Ватикан, кога папа беше Јован Павле Втори. За тоа сведочат документите од кабинетот на Хелмут Кол, кој беше германски канцелар од 1982 до 1998 година. Неколку стотици од овие документи беа објавени од Дигиталниот центар Вилсон со седиште во Вашингтон по истекот на рокот од 30 години, по што станаа достапни за јавноста. Така се пронајдени транскриптите од разговорите на канцеларот Кол. Меѓу нив е и телефонскиот разговор меѓу Кол и тогашниот италијански премиер Џулијен Андреоти.
- Оодлуката за признавање на независноста на Словенија и Хрватска може да биде донесена со уште пет или шест земји. Клучно е оваа група да не наликува на коалицијата од 1941 година (Германија и Италија). Пред се, важно е да ја имате Франција со вас, можеби и Шпанија. Ватикан интензивно работи на признавање на независноста – рекол Кол.
Италијанскиот премиер Андреоти одговори дека го знае тоа.
– Премиерот Андреоти вели дека Ватикан не сака да биде прв, туку да го турка другиот да го направи тоа. Би било добро Германија, Италија, Австрија или Унгарија први да ја признаат независноста - се наведува во транскриптот.
Услуга на Ватикан и Берлин им направи Исланд, кој на 19 декември 1991 година прв ја призна Хрватска, но и Литванија, Летонија и Естонија 10 дена пред официјалното распуштање на СССР. Истиот ден Берлин донесе одлука за признавање, која стапи во сила на 15 јануари. Старата коалиција од 1941 година беше прикриена од Ватикан објавувајќи го признавањето на Хрватска на 13 јануари 1992 година, Сан Марино на 14 јануари, а еден ден подоцна тоа го сториле сите 12 земји на ЕУ.

The post Откриени тајни документи: Ватикан и Германија се залагале за независност само на Хрватска и Словенија, православната Македонија не ја сметале за жива appeared first on Република.

]]>
Лекарите и стоматолозите во Словенија штрајкуваат петта недела по ред https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lekarite-i-stomatolozite-vo-slovenija-shtrajkuvaat-petta-nedela-po-red/ Mon, 12 Feb 2024 13:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=743264

Штрајкот на Синдикатот на лекарите и стоматолозите во Словенија, „Фидес“ продолжува веќе петта недела, објави словенечката редакција на регионалната телевизија Ен 1.

Штрајкот на лекарите и стоматолозите почна на 15 јануари.

Главна причина за штрајкот е неисполнувањето на обврските на Владата од веќе потпишаниот договор. Штрајкувачите бараат повисоки плати, а системот за плаќање да биде одделен и независен од системот на плати во јавниот сектор.

Ова е најдолгиот штрајк на лекарите и стоматолозите во историјата на Словенија, кој трае 28 дена.

The post Лекарите и стоматолозите во Словенија штрајкуваат петта недела по ред appeared first on Република.

]]>

Штрајкот на Синдикатот на лекарите и стоматолозите во Словенија, „Фидес“ продолжува веќе петта недела, објави словенечката редакција на регионалната телевизија Ен 1. Штрајкот на лекарите и стоматолозите почна на 15 јануари. Главна причина за штрајкот е неисполнувањето на обврските на Владата од веќе потпишаниот договор. Штрајкувачите бараат повисоки плати, а системот за плаќање да биде одделен и независен од системот на плати во јавниот сектор. Ова е најдолгиот штрајк на лекарите и стоматолозите во историјата на Словенија, кој трае 28 дена.

The post Лекарите и стоматолозите во Словенија штрајкуваат петта недела по ред appeared first on Република.

]]>
Вооружени и маскирани полицајци уапсиле учителка осомничена за дилање на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vooruzheni-i-maskirani-politsajtsi-uapsile-uchitelka-osomnichena-za-dilane-na-droga/ Tue, 06 Feb 2024 12:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=741007

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога.

Учителката била уапсена на своето работно место.

Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето.

Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Вооружени и маскирани полицајци уапсиле учителка осомничена за дилање на дрога appeared first on Република.

]]>

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога. Учителката била уапсена на своето работно место. Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето. Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Вооружени и маскирани полицајци уапсиле учителка осомничена за дилање на дрога appeared first on Република.

]]>
Во Словенија приведена учителка поради дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-privedena-uchitelka-poradi-droga/ Tue, 06 Feb 2024 10:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=740911

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога.

Учителката била уапсена на своето работно место.

Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето.

Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Во Словенија приведена учителка поради дрога appeared first on Република.

]]>

Вооружени и маскирани полицајци денеска во словенечкиот град Логатец уапсија учителка под сомнение дека е вмешана во илегална трговија со дрога. Учителката била уапсена на своето работно место. Директорката на училиштето истакна дека немала влијание врз апсењето. Апсењето е извршено разумно и обѕирно, а наставникот не бил уапсен пред очите на учениците, се наведува во соопштението на словенечката полиција.

The post Во Словенија приведена учителка поради дрога appeared first on Република.

]]>
Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rabotnitsi-vo-termotsentrala-ukrale-rechisi-100-toni-bakar/ Wed, 17 Jan 2024 06:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=733801

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4.

Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер.

Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.

Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.

Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

The post Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар appeared first on Република.

]]>

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4. Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер. Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.
Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.
Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

The post Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар appeared first on Република.

]]>
Судиите во Словенија почнаа двонеделен предупредувачки протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sudiite-vo-slovenija-pochnaa-dvonedelen-predupreduvachki-protest/ Wed, 10 Jan 2024 11:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=731551

Судиите во Словенија денеска почнуваат двонеделен предупредувачки протест, кој ќе трае до 24 јануари, јави словенечките медиуми.

Протестот беше организиран поради неспроведувањето на уставната одлука од јуни минатата година, според која платите на судиите во Словенија се прениски. Според одлуката, платите на судиите требаше да се зголемат до 3 јануари 2024 година, но тоа не се случи.

За време на протестот, судиите ќе размислуваат дали да ги разгледуваат предметите кои се веќе поднесени.

Врховниот суд во Љубљана во понеделникот на својата веб-страница објави дека дури и за време на предупредувачкиот двонеделен протест, странките на веќе закажаните судски рочишта мора да присуствуваат, освен ако релевантните судови не ги известат за промената. Останатите судски и јавни евиденции ќе работат нормално во овој период.

Претседателот на Врховниот суд во Љубљана, Миодраг Ѓорѓевиќ, истакна дека платите на судиите во моментов изнесуваат приближно три четвртини од платите на другите вработени во судството.

Словенечката министерка за правда, Доминика Шварц Пипан рече дека уставниот амандман за зголемување на платите на судиите ќе биде направен, но со задоцнување.

The post Судиите во Словенија почнаа двонеделен предупредувачки протест appeared first on Република.

]]>

Судиите во Словенија денеска почнуваат двонеделен предупредувачки протест, кој ќе трае до 24 јануари, јави словенечките медиуми. Протестот беше организиран поради неспроведувањето на уставната одлука од јуни минатата година, според која платите на судиите во Словенија се прениски. Според одлуката, платите на судиите требаше да се зголемат до 3 јануари 2024 година, но тоа не се случи. За време на протестот, судиите ќе размислуваат дали да ги разгледуваат предметите кои се веќе поднесени. Врховниот суд во Љубљана во понеделникот на својата веб-страница објави дека дури и за време на предупредувачкиот двонеделен протест, странките на веќе закажаните судски рочишта мора да присуствуваат, освен ако релевантните судови не ги известат за промената. Останатите судски и јавни евиденции ќе работат нормално во овој период. Претседателот на Врховниот суд во Љубљана, Миодраг Ѓорѓевиќ, истакна дека платите на судиите во моментов изнесуваат приближно три четвртини од платите на другите вработени во судството. Словенечката министерка за правда, Доминика Шварц Пипан рече дека уставниот амандман за зголемување на платите на судиите ќе биде направен, но со задоцнување.

The post Судиите во Словенија почнаа двонеделен предупредувачки протест appeared first on Република.

]]>
Силното невреме преврте неколку камиони во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/silnoto-nevreme-prevrte-nekolku-kamioni-vo-slovenija/ Tue, 09 Jan 2024 16:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=731247

Силното невреме што денеска ја зафати Словенија преврте неколку камиони на регионалниот пат кај Поднанос, поради што сообраќајот се одвива многу отежнато.

Според информациите, се превртеле камиони со возачи од Романија, Србија и Хрватска.

Возачот од Хрватска имал 23-години и неговиот камион со преиколка при судар се превртел на десната пришто тој е хоспитализиран, но со полесни повреди.

Невремето предизвикува големи проблеми во областа Северна Приморска, а ударите на ветерот достигнуваат и повеќе од 100 километри на час.

Поради невремето затворен е и крајбрежниот главен пат од врската меѓу Кастелец и Козина кон Љубљана, а Информативниот центар за сообраќај ги повика возачите да се придржуваат до ограничувањата.

The post Силното невреме преврте неколку камиони во Словенија appeared first on Република.

]]>

Силното невреме што денеска ја зафати Словенија преврте неколку камиони на регионалниот пат кај Поднанос, поради што сообраќајот се одвива многу отежнато. Според информациите, се превртеле камиони со возачи од Романија, Србија и Хрватска. Возачот од Хрватска имал 23-години и неговиот камион со преиколка при судар се превртел на десната пришто тој е хоспитализиран, но со полесни повреди. Невремето предизвикува големи проблеми во областа Северна Приморска, а ударите на ветерот достигнуваат и повеќе од 100 километри на час. Поради невремето затворен е и крајбрежниот главен пат од врската меѓу Кастелец и Козина кон Љубљана, а Информативниот центар за сообраќај ги повика возачите да се придржуваат до ограничувањата.  

The post Силното невреме преврте неколку камиони во Словенија appeared first on Република.

]]>
Среќен крај: Спасени заробените во пештерата во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sreken-kraj-spaseni-zarobenite-vo-peshterata-vo-slovenija/ Mon, 08 Jan 2024 17:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=730925

Спасувачите во Словенија денеска успешно ги извлекоа сите петмина кои повеќе од два дена беа заробени во пештерата Крижна јама јужно од Љубљана поради високиот водостој, јави словенечката агенција СТА.

„Спасувачката операција беше можна денеска бидејќи нивото на водата во пештерата падна“, изјави шефот на спелеолошката спасувачка служба Валтер Закрајшек.

Акцијата во која учествуваа шест нуркачи беше завршена околу пладне.

Тричлено семејство и двајца водичи од саботата беа заробени во пештера во југозападна Словенија поради обилните врнежи.

Температурата на водата во пештерата била шест Целзиусови степени со многу слаба видливост.

Спасувачите претходно изјавија дека сите пет лица се чувствуваат добро, и покрај тоа што поминале две ноќи во пештерата.

Словенија е позната по повеќе од 14.000 пештери, а Крижна јама е четвртиот најголем познат подземен екосистем во светот.

The post Среќен крај: Спасени заробените во пештерата во Словенија appeared first on Република.

]]>

Спасувачите во Словенија денеска успешно ги извлекоа сите петмина кои повеќе од два дена беа заробени во пештерата Крижна јама јужно од Љубљана поради високиот водостој, јави словенечката агенција СТА. „Спасувачката операција беше можна денеска бидејќи нивото на водата во пештерата падна“, изјави шефот на спелеолошката спасувачка служба Валтер Закрајшек. Акцијата во која учествуваа шест нуркачи беше завршена околу пладне. Тричлено семејство и двајца водичи од саботата беа заробени во пештера во југозападна Словенија поради обилните врнежи. Температурата на водата во пештерата била шест Целзиусови степени со многу слаба видливост. Спасувачите претходно изјавија дека сите пет лица се чувствуваат добро, и покрај тоа што поминале две ноќи во пештерата. Словенија е позната по повеќе од 14.000 пештери, а Крижна јама е четвртиот најголем познат подземен екосистем во светот.

The post Среќен крај: Спасени заробените во пештерата во Словенија appeared first on Република.

]]>
Лани во Словенија рекордни над 56 илјади работници биле на боледување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lani-vo-slovenija-rekordni-nad-56-iljadi-rabotnitsi-bile-na-boleduvane/ Thu, 04 Jan 2024 11:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=729554

Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година.

Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа има само Бугарија.

-Ситуацијата е загрижувачка во последните години, предупредува Ана Водичар, раководител на областа за одлучување за права и медицински производи во Словенечкиот завод за здравствено осигурување. Рекордер во Словенија е човек кој 12 години е на боледување.

Бугарија е единствената која сè уште има таква регулатива. Во странски системи, привремената спреченост за работа обично трае една, можеби и три години. Потоа, ако некој е сè уште неспособен за работа, потрајна форма на неспособност или привремена неспособност.

-Ако во 2014 година сè уште имавме околу 225 милиони расходи од фондот за здравство, лани исплативме речиси 700 милиони евра. Тоа се огромни зголемувања. И затоа е толку загрижувачки, рече Водичар.

Минатата година просечното боледување во Словенија траеше 13,4 дена, но времетраењето варира од регион до регион. Најдолгото боледување било во Корушка и траело 19 дена, додека најкраткото боледување било во Горишка и траело 11 дена.

The post Лани во Словенија рекордни над 56 илјади работници биле на боледување appeared first on Република.

]]>

Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година. Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа има само Бугарија. -Ситуацијата е загрижувачка во последните години, предупредува Ана Водичар, раководител на областа за одлучување за права и медицински производи во Словенечкиот завод за здравствено осигурување. Рекордер во Словенија е човек кој 12 години е на боледување. Бугарија е единствената која сè уште има таква регулатива. Во странски системи, привремената спреченост за работа обично трае една, можеби и три години. Потоа, ако некој е сè уште неспособен за работа, потрајна форма на неспособност или привремена неспособност. -Ако во 2014 година сè уште имавме околу 225 милиони расходи од фондот за здравство, лани исплативме речиси 700 милиони евра. Тоа се огромни зголемувања. И затоа е толку загрижувачки, рече Водичар. Минатата година просечното боледување во Словенија траеше 13,4 дена, но времетраењето варира од регион до регион. Најдолгото боледување било во Корушка и траело 19 дена, додека најкраткото боледување било во Горишка и траело 11 дена.  

The post Лани во Словенија рекордни над 56 илјади работници биле на боледување appeared first on Република.

]]>
Дури 12 години не се појавил на работа: Загрижувачки раст на боледувањата во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/duri-12-godini-ne-se-pojavil-na-rabota-zagrizhuvachki-rast-na-boleduvanata-vo-slovenija/ Thu, 04 Jan 2024 10:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=729545

Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година.

Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа има само Бугарија.

Ситуацијата е загрижувачка во последните години, предупредува Ана Водичар, раководител на областа за одлучување за права и медицински производи во Словенечкиот завод за здравствено осигурување. Рекордер во Словенија е човек кој 12 години е на боледување.

Бугарија е единствената која сè уште има таква регулатива. Во странски системи, привремената спреченост за работа обично трае една, можеби и три години. Потоа, ако некој е сè уште неспособен за работа, потрајна форма на неспособност или привремена неспособност.

Ако во 2014 година сè уште имавме околу 225 милиони расходи од фондот за здравство, лани исплативме речиси 700 милиони евра. Тоа се огромни зголемувања. И затоа е толку загрижувачки, рече Водичар.

Минатата година просечното боледување во Словенија траеше 13,4 дена, но времетраењето варира од регион до регион. Најдолгото боледување било во Корушка и траело 19 дена, додека најкраткото боледување било во Горишка и траело 11 дена.

The post Дури 12 години не се појавил на работа: Загрижувачки раст на боледувањата во Словенија appeared first on Република.

]]>

Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година. Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа има само Бугарија. Ситуацијата е загрижувачка во последните години, предупредува Ана Водичар, раководител на областа за одлучување за права и медицински производи во Словенечкиот завод за здравствено осигурување. Рекордер во Словенија е човек кој 12 години е на боледување. Бугарија е единствената која сè уште има таква регулатива. Во странски системи, привремената спреченост за работа обично трае една, можеби и три години. Потоа, ако некој е сè уште неспособен за работа, потрајна форма на неспособност или привремена неспособност. Ако во 2014 година сè уште имавме околу 225 милиони расходи од фондот за здравство, лани исплативме речиси 700 милиони евра. Тоа се огромни зголемувања. И затоа е толку загрижувачки, рече Водичар. Минатата година просечното боледување во Словенија траеше 13,4 дена, но времетраењето варира од регион до регион. Најдолгото боледување било во Корушка и траело 19 дена, додека најкраткото боледување било во Горишка и траело 11 дена.

The post Дури 12 години не се појавил на работа: Загрижувачки раст на боледувањата во Словенија appeared first on Република.

]]>
Во Словенија воз налета на железничари, има загинати, четири лица тешко повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-voz-naleta-na-zheleznichari-ima-zaginati-chetiri-litsa-teshko-povredeni/ Thu, 21 Dec 2023 10:08:58 +0000 https://republika.mk/?p=725191

Најмалку две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога утринава патнички воз налета на група железничари во близина на градот Постојна во Словенија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила утрово нешто по девет часот, кај селото Ракитник, јужно од Постојна, на пругата Љубљана-Копер, изјавија за СТА од полициската управа Копер.

Според полициските информации, возот удрил во членовите на групата за одржување на Словенечките железници, националниот железнички оператор.

Причината за несреќата засега не е позната, додава словенечки Дело.

The post Во Словенија воз налета на железничари, има загинати, четири лица тешко повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога утринава патнички воз налета на група железничари во близина на градот Постојна во Словенија, соопшти полицијата. Несреќата се случила утрово нешто по девет часот, кај селото Ракитник, јужно од Постојна, на пругата Љубљана-Копер, изјавија за СТА од полициската управа Копер. Според полициските информации, возот удрил во членовите на групата за одржување на Словенечките железници, националниот железнички оператор. Причината за несреќата засега не е позната, додава словенечки Дело.

The post Во Словенија воз налета на железничари, има загинати, четири лица тешко повредени appeared first on Република.

]]>
Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/roditeli-vo-slovenija-go-prijavile-sopstvenoto-dete-vo-politsija-poradi-petardi/ Tue, 12 Dec 2023 12:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=722170

Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни.

Од ПУ Љубљана за N1 Словенија појаснуваат дека во последниот период не забележале значителни промени во намалувањето или зголемувањето на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Пред неколку дена имале случај кога самите родители забележале дека нивното дете има пиротехнички средства.

Ја купил без нивно знаење. Родителите на полицијата ѝ предале речиси 400 парчиња пиротехнички производи. Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, велат од полицијата.

The post Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди appeared first on Република.

]]>

Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција. Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни. Од ПУ Љубљана за N1 Словенија појаснуваат дека во последниот период не забележале значителни промени во намалувањето или зголемувањето на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Пред неколку дена имале случај кога самите родители забележале дека нивното дете има пиротехнички средства.
Ја купил без нивно знаење. Родителите на полицијата ѝ предале речиси 400 парчиња пиротехнички производи. Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, велат од полицијата.

The post Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди appeared first on Република.

]]>
Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-gi-proshiruva-granichnite-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/ Thu, 07 Dec 2023 19:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=720862

Словенечката влада ја продолжи привремената контрола на внатрешните граници со Хрватска и Унгарија за уште 12 дена, до 21 декември, со цел спречување на тероризам, екстремизам и прекуграничен криминал, беше соопштено по седницата на Владата.

Љубљана воведе гранична контрола на 21 октомври, откако Италија одлучи да воведе контрола на внатрешната граница со Словенија, наведувајќи ја опасноста од загрозување на јавниот ред и внатрешна безбедност, т.е. зголемен ризик од терористички напади во контекст на ситуацијата на Блискиот Исток и Украина.

Како што неодамна изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, Словенија планира да ја продолжи граничната контрола за уште шест месеци од 21 декември поради средното ниво на закана од тероризам во Словенија и високото ниво на закана од тероризам во Европската унија.

Владата сега ја продолжува контролата според член 28 од Шенгенскиот акт, која може да се спроведе најмногу два месеца, до 21 декември.

Потоа Словенија би го применила продолжувањето на таа мерка според член 25 и член 27 од Шенген-законик со што се овозможува граничен надзор за шест месеци.

The post Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија appeared first on Република.

]]>

Словенечката влада ја продолжи привремената контрола на внатрешните граници со Хрватска и Унгарија за уште 12 дена, до 21 декември, со цел спречување на тероризам, екстремизам и прекуграничен криминал, беше соопштено по седницата на Владата. Љубљана воведе гранична контрола на 21 октомври, откако Италија одлучи да воведе контрола на внатрешната граница со Словенија, наведувајќи ја опасноста од загрозување на јавниот ред и внатрешна безбедност, т.е. зголемен ризик од терористички напади во контекст на ситуацијата на Блискиот Исток и Украина. Како што неодамна изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, Словенија планира да ја продолжи граничната контрола за уште шест месеци од 21 декември поради средното ниво на закана од тероризам во Словенија и високото ниво на закана од тероризам во Европската унија. Владата сега ја продолжува контролата според член 28 од Шенгенскиот акт, која може да се спроведе најмногу два месеца, до 21 декември. Потоа Словенија би го применила продолжувањето на таа мерка според член 25 и член 27 од Шенген-законик со што се овозможува граничен надзор за шест месеци.

The post Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија appeared first on Република.

]]>
Веб-страниците на многу државни институции во Словенија недостапни неколку часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/veb-stranitsite-na-mnogu-drzhavni-institutsii-vo-slovenija-nedostapni-nekolku-chasa/ Thu, 30 Nov 2023 15:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=718083

Веб-страниците на голем број државни институции во Словенија, вклучително и на државните органи и на Народното собрание, денеска неколку часа беа недостапни поради, како што беше соопштено, дефект на мрежата.

Официјални лица рекоа дека прелиминарните информации не укажуваат на безбедносен инцидент или кибер напад, пренесува СТА.

Министерката за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух, изјави дека утринава не работат веб-страниците, поштата и телефоните поради „дефект на мрежниот прекинувач“.

Веднаш тргнавме да ја откриеме причината и да ја елиминираме со помош на експерти кои се задолжени за одржување на владината комуникациска мрежа“, објасни Стојменова Дух, додавајќи дека сите системи повторно работат.

„Во тек е детална истрага за причината за прекинот на системот. Според досега собраните информации, не станува збор за безбедносен инцидент или кибер-прекршување“, додаде Стојменова Дух.

Директорот на Националниот тим за итни случаи (SI-CERT), Горазд Божич, претходно денеска изјави дека техничките проблеми биле решени од Министерството за дигитална трансформација со помош на Академската и истражувачка мрежа на Словенија (АРНЕС).

The post Веб-страниците на многу државни институции во Словенија недостапни неколку часа appeared first on Република.

]]>

Веб-страниците на голем број државни институции во Словенија, вклучително и на државните органи и на Народното собрание, денеска неколку часа беа недостапни поради, како што беше соопштено, дефект на мрежата. Официјални лица рекоа дека прелиминарните информации не укажуваат на безбедносен инцидент или кибер напад, пренесува СТА. Министерката за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух, изјави дека утринава не работат веб-страниците, поштата и телефоните поради „дефект на мрежниот прекинувач“.
Веднаш тргнавме да ја откриеме причината и да ја елиминираме со помош на експерти кои се задолжени за одржување на владината комуникациска мрежа“, објасни Стојменова Дух, додавајќи дека сите системи повторно работат.
„Во тек е детална истрага за причината за прекинот на системот. Според досега собраните информации, не станува збор за безбедносен инцидент или кибер-прекршување“, додаде Стојменова Дух. Директорот на Националниот тим за итни случаи (SI-CERT), Горазд Божич, претходно денеска изјави дека техничките проблеми биле решени од Министерството за дигитална трансформација со помош на Академската и истражувачка мрежа на Словенија (АРНЕС).

The post Веб-страниците на многу државни институции во Словенија недостапни неколку часа appeared first on Република.

]]>
Возачите не смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта – нови правила во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vozachite-ne-smeat-da-imaat-nitu-promil-alkohol-vo-krvta-novi-pravila-vo-slovenija/ Wed, 29 Nov 2023 12:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=717558

Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта.

Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи.

Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.

The post Возачите не смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта – нови правила во Словенија appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта. Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи. Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.

The post Возачите не смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта – нови правила во Словенија appeared first on Република.

]]>
Словенија нема да толерира ниту промил алкохол во крвта кај возачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-nema-da-tolerira-nitu-promil-alkohol-vo-krvta-kaj-vozachite/ Wed, 29 Nov 2023 09:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=717444

Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта.

Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи.

Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.

The post Словенија нема да толерира ниту промил алкохол во крвта кај возачите appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта. Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи. Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.  

The post Словенија нема да толерира ниту промил алкохол во крвта кај возачите appeared first on Република.

]]>
Хакиран словенечкиот електро систем, ситуацијата е засега под контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hakiran-slovenechkiot-elektro-sistem-situatsijata-e-zasega-pod-kontrola/ Tue, 28 Nov 2023 11:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=717123

Ситуацијата во моментов е под контрола, изјави Урош Свети, директор на Канцеларијата за информатичка безбедност на Владата на Република Словенија во врска со сајбер нападот врз Холдинг Словенске електро (ХСЕ) откриен во саботата, објави Н1 Словенија. Одтаму се уште не можат да зборуваат за потеклото на сајбер инцидентот. Генералниот директор на ХСЕ Томаж Штокељ изрази оптимизам, бидејќи според досега виденото нема да има поголеми штети.

„Врз основа на сработеното и виденото, можеме да бидеме оптимисти дека нема да има поголеми последици, како од аспект на безбедноста на системот, така и од аспект на влијанието врз економското работење на компанијата“, рече Штокељ. Тој додаде дека се уште е рано да се даваат дефинитивни тврдења. Сепак, оперативниот систем, кој служи како контрола врз работата на електраните, е функционален во поголема мера, рече тој.

Тие исто така поставуваат врски до Eлес, така што ќе бидат овозможени и сите услуги. Според нивните уверувања, електраните на Групацијата ХСЕ работат непречено, а снабдувањето со електрична енергија во Словенија и понатаму е безбедно и сигурно. Сајбер инцидентите во такви случаи се прикриваат многу добро, а исто така на неколку нивоа, но досега канцеларијата нема добиено никакви информации во врска со барањето за откуп. Сепак, Штокељ додаде дека фактот што пристапот до податоците е ограничен укажува на момент кој на крајот може да доведе до изнуда на самата компанија.

The post Хакиран словенечкиот електро систем, ситуацијата е засега под контрола appeared first on Република.

Словенечката влада ќе ги врати парите на граѓаните и ќе ги укине казните за прекршување на ковид-мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-vlada-ke-gi-vrati-parite-na-graganite-i-ke-gi-ukine-kaznite-za-prekrshuvane-na-kovid-merkite/ Tue, 28 Nov 2023 10:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=717048

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот.

Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие.

Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид.

Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува на сила законот за враќање на тие пари.

Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање.

На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области, а беше воведен и ноќен полициски час.

The post Словенечката влада ќе ги врати парите на граѓаните и ќе ги укине казните за прекршување на ковид-мерките appeared first on Република.

]]>

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот. Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие. Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид. Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува на сила законот за враќање на тие пари. Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање. На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области, а беше воведен и ноќен полициски час.

The post Словенечката влада ќе ги врати парите на граѓаните и ќе ги укине казните за прекршување на ковид-мерките appeared first on Република.

]]>
Само годинава, во Словенија се иселиле 4.000 Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/samo-godinava-vo-slovenija-se-iselile-4-000-makedontsi/ Fri, 17 Nov 2023 10:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=702450

Во периодот од првите десет месеци од годинава издадени се 3.688 согласности за унифицирана дозвола за престој и работа за граѓаните на Македонија, што е за 40,3% повеќе во однос на истиот период лани, вели в.д. генералната директорка на Заводот за вработување на Република Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц, за Вечер.мк.

Впечатоците во Македонија од последната манифестација „Живот и работа во Словенија“ се многу позитивни. Но, што велат вашите искуства, дали имате број на македонски граѓани кои дошле во Словенија во последната година, а исто така какви се вашите очекувања за оваа година? Зошто Заводот за вработување одлучи да организира ваков настан?

Оваа година, во јуни и во септември, веќе успешно организиравме неколку вакви настани во странство, па поради големата побарувачка од работодавачите и потребите на нашиот пазар на труд, решивме повторно да ги организираме настаните во Македонија. Главната цел на овие настани е на странските баратели на работа да им се обезбедат веродостојни информации за работните и животните услови во Словенија и да им се понуди соодветна правна заштита со релевантни информации, бидејќи како што знаеме, миграцијата е дел од нашето секојдневие и може да се очекува нејзин раст и во иднина. Токму затоа сакаме да ги зајакнеме информациите за работниците кои веќе се во нивните земји на потекло, што значи да го подобриме нивниот пристап до информации за правата, процедурите за вработување, законодавството итн. во најголема можна мера, на начин кој ќе биде разбирлив за работниците и со тоа ќе им се обезбеди поголема правна сигурност. За наредните години во Словенија се предвидува понатамошно зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста. Оттука, очекуваме дека ќе продолжи да има недостиг на кадри на пазарот на трудот, а ќе се зголеми и регрутирањето на странска работна сила, која ѝ е потребна на нашата економија. Бидејќи работодавачите во Словенија веќе подолго време се соочуваат со голем недостиг на персонал, ние исто така сакаме да ѝ помогнеме на земјата да обезбеди соодветна работна сила која ќе помогне во реконструкцијата по катастрофалните поплави и свлечишта што се случија во Словенија во август и каде што исто така сметаме на помош од странски работници од државите блиски до нас. Во периодот од првите десет месеци од годинава издадени се 3.688 согласности за унифицирана дозвола за престој и работа за граѓаните на Македонија, што е за 40,3% повеќе во однос на истиот период лани.

Кои компании доаѓаат кај нас на крајот на ноември? Што ќе има во нивната понуда и за кого е наменет овој настан?

Настанот е наменет за граѓаните на Македонија. Сакаме да им понудиме што е можно посеопфатни информации за животот и работата во Словенија, односно не само за работењето. Им предочуваме на словенечките работодавци дека веќе не е доволно само да се понуди пристојна плата, тие мора да им помагаат на работниците во сите чекори при нивното вклучување и активно да им помагаат успешно да се интегрираат во животната средина по пристигнувањето во Словенија. Тука е важна и помошта околу сместувањето, обединувањето на членовите на семејството итн. Но, бидејќи најдобрите информации се оние од „прва рака“, на овој настан доаѓаат речиси 30 истакнати словенечки работодавачи од цела Словенија, кои заедно вработуваат повеќе од 20.000 работници. Мнозинството се големи и средни работодавачи, а најголем број барања се од здравствената и социјалната заштита и градежната индустрија. Со нас ќе бидат и работодавачи од производство, транспорт и складирање, технички дејности и други.

Целото интервју на Вечер.мк

The post Само годинава, во Словенија се иселиле 4.000 Македонци appeared first on Република.

]]>

Во периодот од првите десет месеци од годинава издадени се 3.688 согласности за унифицирана дозвола за престој и работа за граѓаните на Македонија, што е за 40,3% повеќе во однос на истиот период лани, вели в.д. генералната директорка на Заводот за вработување на Република Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц, за Вечер.мк. Впечатоците во Македонија од последната манифестација „Живот и работа во Словенија“ се многу позитивни. Но, што велат вашите искуства, дали имате број на македонски граѓани кои дошле во Словенија во последната година, а исто така какви се вашите очекувања за оваа година? Зошто Заводот за вработување одлучи да организира ваков настан? Оваа година, во јуни и во септември, веќе успешно организиравме неколку вакви настани во странство, па поради големата побарувачка од работодавачите и потребите на нашиот пазар на труд, решивме повторно да ги организираме настаните во Македонија. Главната цел на овие настани е на странските баратели на работа да им се обезбедат веродостојни информации за работните и животните услови во Словенија и да им се понуди соодветна правна заштита со релевантни информации, бидејќи како што знаеме, миграцијата е дел од нашето секојдневие и може да се очекува нејзин раст и во иднина. Токму затоа сакаме да ги зајакнеме информациите за работниците кои веќе се во нивните земји на потекло, што значи да го подобриме нивниот пристап до информации за правата, процедурите за вработување, законодавството итн. во најголема можна мера, на начин кој ќе биде разбирлив за работниците и со тоа ќе им се обезбеди поголема правна сигурност. За наредните години во Словенија се предвидува понатамошно зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста. Оттука, очекуваме дека ќе продолжи да има недостиг на кадри на пазарот на трудот, а ќе се зголеми и регрутирањето на странска работна сила, која ѝ е потребна на нашата економија. Бидејќи работодавачите во Словенија веќе подолго време се соочуваат со голем недостиг на персонал, ние исто така сакаме да ѝ помогнеме на земјата да обезбеди соодветна работна сила која ќе помогне во реконструкцијата по катастрофалните поплави и свлечишта што се случија во Словенија во август и каде што исто така сметаме на помош од странски работници од државите блиски до нас. Во периодот од првите десет месеци од годинава издадени се 3.688 согласности за унифицирана дозвола за престој и работа за граѓаните на Македонија, што е за 40,3% повеќе во однос на истиот период лани. Кои компании доаѓаат кај нас на крајот на ноември? Што ќе има во нивната понуда и за кого е наменет овој настан? Настанот е наменет за граѓаните на Македонија. Сакаме да им понудиме што е можно посеопфатни информации за животот и работата во Словенија, односно не само за работењето. Им предочуваме на словенечките работодавци дека веќе не е доволно само да се понуди пристојна плата, тие мора да им помагаат на работниците во сите чекори при нивното вклучување и активно да им помагаат успешно да се интегрираат во животната средина по пристигнувањето во Словенија. Тука е важна и помошта околу сместувањето, обединувањето на членовите на семејството итн. Но, бидејќи најдобрите информации се оние од „прва рака“, на овој настан доаѓаат речиси 30 истакнати словенечки работодавачи од цела Словенија, кои заедно вработуваат повеќе од 20.000 работници. Мнозинството се големи и средни работодавачи, а најголем број барања се од здравствената и социјалната заштита и градежната индустрија. Со нас ќе бидат и работодавачи од производство, транспорт и складирање, технички дејности и други. Целото интервју на Вечер.мк

The post Само годинава, во Словенија се иселиле 4.000 Македонци appeared first on Република.

]]>
Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/italija-gi-zaostri-merkite-na-granitsata-so-slovenija-vojnitsi-vo-pantsiri-i-so-oruzhje/ Sun, 29 Oct 2023 09:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=695960

Италија ги заостри мерките на границата со Словенија, а причината е зголемениот страв од тероризам. Покрај полицијата испратиле и вооружена војска, а камерите на RTL Danas ги снимиле во близина на границата во градот Муџа како го пренасочуваат сообраќајот.

Возилата кои доаѓаат од Италија се пренасочуваат од автопатот. Има полициско комбе кое е секогаш таму. Тоа е граничната полиција и секој ден има шест до осум полицајци во смена кои запираат сомнителни возила и ги проверуваат патниците. Тие го прават сето ова под будното око на армијата која е таму со комбе, а војниците имаат долги цевки, рече репортерот Петра Фабијан Капов. Не е чудно што армијата е вклучена во работата на контролата, продолжи репортерот, бидејќи и пред три години околу 50 војници ја набљудувале словенечката граница и движењето на илегалните мигранти.

Возилата одат без поголеми застанувања, нема метеж и метеж, се прегледуваат само сомнителни. Ова треба да потрае следните 10 дена. Иако се очекува овој рок да биде продолжен, дознаваме од разговорот со полицијата и армијата што тие самите не знаат да кажат до кога ќе трае оваа состојба, истакна репортерот.

Марко од Муџа во Италија вели дека мора да има граници меѓу земјите.

Кога дојдов во Хрватска, морав да имам документи за да кажам каде одам, што правам, колку пари имам. Така беше подобро, објасни тој.

А Роберт од Умаг рече дека не бил запрен на ниту еден пункт. „Нека биде онака како што бара ситуацијата. Во ред е за мене“, заклучил тој, пренесува Нет.хр.

The post Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје appeared first on Република.

]]>

Италија ги заостри мерките на границата со Словенија, а причината е зголемениот страв од тероризам. Покрај полицијата испратиле и вооружена војска, а камерите на RTL Danas ги снимиле во близина на границата во градот Муџа како го пренасочуваат сообраќајот. Возилата кои доаѓаат од Италија се пренасочуваат од автопатот. Има полициско комбе кое е секогаш таму. Тоа е граничната полиција и секој ден има шест до осум полицајци во смена кои запираат сомнителни возила и ги проверуваат патниците. Тие го прават сето ова под будното око на армијата која е таму со комбе, а војниците имаат долги цевки, рече репортерот Петра Фабијан Капов. Не е чудно што армијата е вклучена во работата на контролата, продолжи репортерот, бидејќи и пред три години околу 50 војници ја набљудувале словенечката граница и движењето на илегалните мигранти. Возилата одат без поголеми застанувања, нема метеж и метеж, се прегледуваат само сомнителни. Ова треба да потрае следните 10 дена. Иако се очекува овој рок да биде продолжен, дознаваме од разговорот со полицијата и армијата што тие самите не знаат да кажат до кога ќе трае оваа состојба, истакна репортерот. Марко од Муџа во Италија вели дека мора да има граници меѓу земјите. Кога дојдов во Хрватска, морав да имам документи за да кажам каде одам, што правам, колку пари имам. Така беше подобро, објасни тој. А Роберт од Умаг рече дека не бил запрен на ниту еден пункт. „Нека биде онака како што бара ситуацијата. Во ред е за мене“, заклучил тој, пренесува Нет.хр.

The post Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје appeared first on Република.

]]>