словачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slovachka/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png словачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slovachka/ 32 32 Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovatsi-i-chesi-ispratija-pomosh-za-zhitelite-na-kursk-nastradani-od-napadite-na-ukrainskite-sili/ Thu, 21 Nov 2024 09:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=840202

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина.

По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра.

Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.

Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина. По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра. Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.
Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>
Четворица Словаци побарале да се борат за Украина, словачкиот претседател им забранил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-slovatsi-pobarale-da-se-borat-za-ukraina-slovachkiot-pretsedatel-im-zabranil/ Tue, 05 Nov 2024 19:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=834467

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, ги отфрлил сите барања на словачки граѓани кои сакале да се приклучат на вооружените сили на Украина.

За време на својот мандат, Пелегрини добил четири такви барања. Сите биле одбиени.

Освен тоа, ако некои граѓани на Словачка се приклучат на вооружените сили на Украина без дозвола на нивниот шеф на државата, тие може да бидат кривично гонети.

The post Четворица Словаци побарале да се борат за Украина, словачкиот претседател им забранил appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, ги отфрлил сите барања на словачки граѓани кои сакале да се приклучат на вооружените сили на Украина. За време на својот мандат, Пелегрини добил четири такви барања. Сите биле одбиени. Освен тоа, ако некои граѓани на Словачка се приклучат на вооружените сили на Украина без дозвола на нивниот шеф на државата, тие може да бидат кривично гонети.

The post Четворица Словаци побарале да се борат за Украина, словачкиот претседател им забранил appeared first on Република.

]]>
Словачка ја затвора канцеларијата за врски во Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovachka-ja-zatvora-kantselarijata-za-vrski-vo-prishtina/ Wed, 23 Oct 2024 18:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=830304

Словачка, една од петте земји на Европската Унија кои не ја признаваат независноста на Косово, одлучи да ја затвори Канцеларијата за врски во Приштина, четврт век по нејзиното отворање, јавуваат приштинските медиуми.

Затворањето на Словачката канцеларија за врски го потврди Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка за Радио Косово.

Со одлука на Владата на Словачка, Канцеларијата за врски на Република Словачка во Приштина ќе биде затворена до 31 декември 2024 година, поради реорганизација на дипломатската мрежа и намалување на буџетот“, се наведува во одговорот на одделот за комуникации на словачкото Министерство за надворешни и европски работи.

Како што се наведува во соопштението, одлуката за затворање на Канцеларијата во Приштина била донесена минатиот месец.

Словачка не ја признава прогласената независност на Косово, а словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар изјави дека ставот на Словачка за непризнавање на т.н. Косово останува непроменето.

https://republika.mk/vesti/balkan/slovachkiot-shef-na-diplomatijata-stavot-na-slovachka-za-prashaneto-za-kosovo-ostanuva-nepromenet/

The post Словачка ја затвора канцеларијата за врски во Приштина appeared first on Република.

]]>

Словачка, една од петте земји на Европската Унија кои не ја признаваат независноста на Косово, одлучи да ја затвори Канцеларијата за врски во Приштина, четврт век по нејзиното отворање, јавуваат приштинските медиуми. Затворањето на Словачката канцеларија за врски го потврди Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка за Радио Косово.
Со одлука на Владата на Словачка, Канцеларијата за врски на Република Словачка во Приштина ќе биде затворена до 31 декември 2024 година, поради реорганизација на дипломатската мрежа и намалување на буџетот“, се наведува во одговорот на одделот за комуникации на словачкото Министерство за надворешни и европски работи.
Како што се наведува во соопштението, одлуката за затворање на Канцеларијата во Приштина била донесена минатиот месец. Словачка не ја признава прогласената независност на Косово, а словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар изјави дека ставот на Словачка за непризнавање на т.н. Косово останува непроменето. https://republika.mk/vesti/balkan/slovachkiot-shef-na-diplomatijata-stavot-na-slovachka-za-prashaneto-za-kosovo-ostanuva-nepromenet/

The post Словачка ја затвора канцеларијата за врски во Приштина appeared first on Република.

]]>
Словачкиот шеф на дипломатијата: Ставот на Словачка за прашањето за Косово останува непроменет https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovachkiot-shef-na-diplomatijata-stavot-na-slovachka-za-prashaneto-za-kosovo-ostanuva-nepromenet/ Sun, 20 Oct 2024 17:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=829125

Словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар, при посета на Белград, во однос на ставот на Словачка за прашањето за Косово порача дека тој не е променет и дека негивата земја не го признава Косово како независна држава.

Нашиот став останува непроменет. Го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина", изјави Бланар.

Словачкиот шеф на дипломатијата, додаде дека неговата земја се залага за интеграција на Балканот во европските структури.

Сакаме да ја помогнеме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ,  особено на Србија, како многу важна земја, да напредува многу побрзо отколку што е моментално“, рече Бланар.

The post Словачкиот шеф на дипломатијата: Ставот на Словачка за прашањето за Косово останува непроменет appeared first on Република.

]]>

Словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар, при посета на Белград, во однос на ставот на Словачка за прашањето за Косово порача дека тој не е променет и дека негивата земја не го признава Косово како независна држава.
Нашиот став останува непроменет. Го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина", изјави Бланар.
Словачкиот шеф на дипломатијата, додаде дека неговата земја се залага за интеграција на Балканот во европските структури.
Сакаме да ја помогнеме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ,  особено на Србија, како многу важна земја, да напредува многу побрзо отколку што е моментално“, рече Бланар.

The post Словачкиот шеф на дипломатијата: Ставот на Словачка за прашањето за Косово останува непроменет appeared first on Република.

]]>
Kaко во Македонија кога СДСМ беше на власт: Во 270 училишта во Словачка дојава за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-vo-makedonija-koga-sdsm-beshe-na-vlast-vo-270-uchilishta-vo-slovachka-dojava-za-bombi/ Tue, 03 Sep 2024 10:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=812659

Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава добија дојава за бомба, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.

Помеѓу училиштата кои добиле дојави се и основните училишта во општината Петржалка во Братислава, потврди портпаролката на општинските власти Марија Халашкова.

Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците.

Во меѓувреме, закана за бомба била испратена во основно училиште во Бернолаково, исто така во регионот на Братислава.

Оваа информација на Фејсбук ја потврди и министерот за образование Томас Дракер.

„Најостро го осудувам овој невиден чин насочен против нашите деца, родители и наставници“, напиша тој на својот профил.

Министерот за образование и порача на јавноста дека состојбата се следи одговорно и дека МВР и полициските сили ја обезбедуваат безбедноста.

Истовремено, словачките министерства за образование и внатрешни работи свикаа заеднички состанок со цел да се реши новосоздадената ситуација

The post Kaко во Македонија кога СДСМ беше на власт: Во 270 училишта во Словачка дојава за бомби appeared first on Република.

]]>

Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава добија дојава за бомба, изјави словачкиот министер за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток. Помеѓу училиштата кои добиле дојави се и основните училишта во општината Петржалка во Братислава, потврди портпаролката на општинските власти Марија Халашкова. Полицијата не пронашла експлозив во училишните простории, па учениците по проверка можеле да се вратат во училниците. Во меѓувреме, закана за бомба била испратена во основно училиште во Бернолаково, исто така во регионот на Братислава. Оваа информација на Фејсбук ја потврди и министерот за образование Томас Дракер.
„Најостро го осудувам овој невиден чин насочен против нашите деца, родители и наставници“, напиша тој на својот профил.
Министерот за образование и порача на јавноста дека состојбата се следи одговорно и дека МВР и полициските сили ја обезбедуваат безбедноста. Истовремено, словачките министерства за образование и внатрешни работи свикаа заеднички состанок со цел да се реши новосоздадената ситуација

The post Kaко во Македонија кога СДСМ беше на власт: Во 270 училишта во Словачка дојава за бомби appeared first on Република.

]]>
Бура прекина музички фестивал во Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bura-prekina-muzichki-festival-vo-slovachka/ Sat, 13 Jul 2024 19:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=796511

Најмалку 15 луѓе се полесно повредени во невремето што ја зафати западна Словачка и прекинат е музичкиот фестивал „Похода“. Сите повредени присуствувале на музичкиот фестивал во градот Тренчин.

Организаторите на фестивалот соопштија дека го откажуваат фестивалот поради оштетувањата на објектите. Тие ги евакуираа гледачите со автобуси во различни градови во областа.

Фестивалот „Похода“ првпат е организиран во 1997 година, а посветен е на различни видови музика, а учествуваат локални и странски уметници. „Похода“ годинава требаше да трае три дена и на него да присуствуваат речиси 30.000 луѓе

The post Бура прекина музички фестивал во Словачка appeared first on Република.

]]>

Најмалку 15 луѓе се полесно повредени во невремето што ја зафати западна Словачка и прекинат е музичкиот фестивал „Похода“. Сите повредени присуствувале на музичкиот фестивал во градот Тренчин. Организаторите на фестивалот соопштија дека го откажуваат фестивалот поради оштетувањата на објектите. Тие ги евакуираа гледачите со автобуси во различни градови во областа. Фестивалот „Похода“ првпат е организиран во 1997 година, а посветен е на различни видови музика, а учествуваат локални и странски уметници. „Похода“ годинава требаше да трае три дена и на него да присуствуваат речиси 30.000 луѓе

The post Бура прекина музички фестивал во Словачка appeared first on Република.

]]>
Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/anglichanite-se-plasiraa-vo-chetvrtfinaleto-na-ep-po-prodolzhenijata/ Sun, 30 Jun 2024 18:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=792215

Фудбалската репрезентација на Англија е третиот четвртфиналист на ЕП во Германија, откако во Гелзенкирхен славеше над Словачка со 2-1.

Словаците поведоа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0, а англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен.

И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, Џуд Белингем со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам.

Уште во првата минута од продолженијата Хари Кејн со својот прв гол на шампионатот успеа да ја одведе Англија до целосен пресврт (2-1).

Во четвртфиналето Англичаните за противник ќе ја имаат Швајцарија која вчера славеше над Италија со 2-0.

 

The post Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Англија е третиот четвртфиналист на ЕП во Германија, откако во Гелзенкирхен славеше над Словачка со 2-1. Словаците поведоа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0, а англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен. И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, Џуд Белингем со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам. Уште во првата минута од продолженијата Хари Кејн со својот прв гол на шампионатот успеа да ја одведе Англија до целосен пресврт (2-1). Во четвртфиналето Англичаните за противник ќе ја имаат Швајцарија која вчера славеше над Италија со 2-0.  

The post Англичаните се пласираа во четвртфиналето на ЕП по продолженијата appeared first on Република.

]]>
Силно невреме ја зафати Словачка, поплавени улици и подруми, предизвикани големи штети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silno-nevreme-ja-zafati-slovachka-poplaveni-ulitsi-i-podrumi-predizvikani-golemi-shteti/ Thu, 27 Jun 2024 17:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=791365

Невремето и обилните врнежи денеска предизвикаа хаос и голема штета на имотите во Словачка, објавија денеска словачките власти.

Окружната болница мораше да биде затворена поради поплавата, многу патишта беа поплавени, а железничкиот сообраќај беше во прекин.

Дрва паднаа врз куќи и игралишта, јави ТВ станицата ТА3. На некои места за само неколку часа наврна дожд колку што врне еден месец.

Метеоролошката служба СХМУ предупреди дека денеска ќе има ново невреме со обилни врнежи.

По првото силно невреме, градоначалникот на Нитра на југозападот на земјата синоќа прогласи „вонредна состојба“, пониско ниво од вонредната состојба.

„Штетите на јавниот и приватниот имот се многу големи. Но, барем можам да кажам дека досега нема жртви и цврсто верувам дека така ќе остане, изјави тој за агенцијата ТАСР.

Пожарникарите објавија дека канализацијата во Нитра не можела да поднесе големото количество дожд. Поради ова поплавени се улици, подруми и пониски делови од згради во градот и околните населени места.

The post Силно невреме ја зафати Словачка, поплавени улици и подруми, предизвикани големи штети appeared first on Република.

]]>

Невремето и обилните врнежи денеска предизвикаа хаос и голема штета на имотите во Словачка, објавија денеска словачките власти. Окружната болница мораше да биде затворена поради поплавата, многу патишта беа поплавени, а железничкиот сообраќај беше во прекин. Дрва паднаа врз куќи и игралишта, јави ТВ станицата ТА3. На некои места за само неколку часа наврна дожд колку што врне еден месец. Метеоролошката служба СХМУ предупреди дека денеска ќе има ново невреме со обилни врнежи. По првото силно невреме, градоначалникот на Нитра на југозападот на земјата синоќа прогласи „вонредна состојба“, пониско ниво од вонредната состојба.
„Штетите на јавниот и приватниот имот се многу големи. Но, барем можам да кажам дека досега нема жртви и цврсто верувам дека така ќе остане, изјави тој за агенцијата ТАСР.
Пожарникарите објавија дека канализацијата во Нитра не можела да поднесе големото количество дожд. Поради ова поплавени се улици, подруми и пониски делови од згради во градот и околните населени места.

The post Силно невреме ја зафати Словачка, поплавени улици и подруми, предизвикани големи штети appeared first on Република.

]]>
Судовите во Словачка добија дојава за поставена бомба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudovite-vo-slovachka-dobija-dojava-za-postavena-bomba/ Fri, 21 Jun 2024 19:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=789657

Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова.

Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката.

Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми. Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 уилишта низ таа држава.

 

The post Судовите во Словачка добија дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>

Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова. Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката. Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми. Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 уилишта низ таа држава.  

The post Судовите во Словачка добија дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>
Сите судови во Словaчка со дојава за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/site-sudovi-vo-slovachka-so-dojava-za-bombi/ Fri, 21 Jun 2024 09:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=789498

Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова.

Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката.

Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми.
Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 уилишта низ таа држава

The post Сите судови во Словaчка со дојава за бомби appeared first on Република.

]]>

Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова. Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката. Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми. Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 уилишта низ таа држава

The post Сите судови во Словaчка со дојава за бомби appeared first on Република.

]]>
Претседателката во заминување и новиот претседател на Словачка: Атентатот врз премиерот Фицо е напад врз демократијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-vo-zaminuvane-i-noviot-pretsedatel-na-slovachka-atentatot-vrz-premierot-fitso-e-napad-vrz-demokratijata/ Thu, 16 May 2024 16:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=778925

Претседателката на Словачка во заминување, Зузана Чапутова и новоизбраниот претседател Петер Пелегрини, во Братислава изјавија дека атентатот врз премиерот Роберт Фицо извршен вчера, е напад врз демократијата и ги повикаа сите на политичката сцена да излезат од „маѓепсаниот круг на насилство“ и привремено да ја прекинат кампањата пред изборите за Европскиот парламент.

И двајцата делиме ист став, ние сме против секаков вид насилство. Вчерашниот напад е голема човечка трагедија, но истовремено и напад на демократскиот поредок. Сакаме да ги поканиме сите: Да излеземе од магичниот круг на насилство и меѓусебни обвинувања, тоа што се случи вчера, тоа е чин на поединец, но напнатата атмосфера на омраза е наша колективно дело“, рече Чапутова во заедничкото обраќање со Пелегрини, кој во јуни од неа ќе ја преземе должноста.

Пелергини и Чапутова се договорија да ги повикаат лидерите на сите политички партии да се смири ситуацијата и заедно да го отфрлат насилството.

Ние, политичарите, мораме да владееме со нашите емоции“, порача Чапутова.

Новоизбраниот претседател Пелегрини изјави дека е згрозен од тоа до што може да доведе омразата кон политичар.

Словачка до вчера ја красеше способноста демократски и во согласност со Уставот да ги решава сите политички кризи. За да не се повторат атентатите, сите мора да покажат голема одговорност. Денеска Словачка мора да тргне по патот на мирот и смирување на страстите. На омразата не смееме да одговориме со омраза“, рече Пелегрини.

Словачкиот премиер Фицо вчера беше застрелан во градот Хандлова во централна Словачка од 71-годишниот Јурај Цинтула, кој некогаш работел како чувар во трговски центар, па оттука и неговиот легален пиштол. Цинтула се занимава со поезија и наводно бил фрустриран од состојбата на словачкото општество и работата на Владата.

The post Претседателката во заминување и новиот претседател на Словачка: Атентатот врз премиерот Фицо е напад врз демократијата appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Словачка во заминување, Зузана Чапутова и новоизбраниот претседател Петер Пелегрини, во Братислава изјавија дека атентатот врз премиерот Роберт Фицо извршен вчера, е напад врз демократијата и ги повикаа сите на политичката сцена да излезат од „маѓепсаниот круг на насилство“ и привремено да ја прекинат кампањата пред изборите за Европскиот парламент.
И двајцата делиме ист став, ние сме против секаков вид насилство. Вчерашниот напад е голема човечка трагедија, но истовремено и напад на демократскиот поредок. Сакаме да ги поканиме сите: Да излеземе од магичниот круг на насилство и меѓусебни обвинувања, тоа што се случи вчера, тоа е чин на поединец, но напнатата атмосфера на омраза е наша колективно дело“, рече Чапутова во заедничкото обраќање со Пелегрини, кој во јуни од неа ќе ја преземе должноста.
Пелергини и Чапутова се договорија да ги повикаат лидерите на сите политички партии да се смири ситуацијата и заедно да го отфрлат насилството.
Ние, политичарите, мораме да владееме со нашите емоции“, порача Чапутова.
Новоизбраниот претседател Пелегрини изјави дека е згрозен од тоа до што може да доведе омразата кон политичар.
Словачка до вчера ја красеше способноста демократски и во согласност со Уставот да ги решава сите политички кризи. За да не се повторат атентатите, сите мора да покажат голема одговорност. Денеска Словачка мора да тргне по патот на мирот и смирување на страстите. На омразата не смееме да одговориме со омраза“, рече Пелегрини.
Словачкиот премиер Фицо вчера беше застрелан во градот Хандлова во централна Словачка од 71-годишниот Јурај Цинтула, кој некогаш работел како чувар во трговски центар, па оттука и неговиот легален пиштол. Цинтула се занимава со поезија и наводно бил фрустриран од состојбата на словачкото општество и работата на Владата.

The post Претседателката во заминување и новиот претседател на Словачка: Атентатот врз премиерот Фицо е напад врз демократијата appeared first on Република.

]]>
Словачка речиси на праг на граѓанска војна: Министерот за полиција апелира на омразата да не се се враќа со омраза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovachka-rechisi-na-prag-na-graganska-vojna-ministerot-za-politsija-apelira-na-omrazata-da-ne-se-se-vraka-so-omraza/ Thu, 16 May 2024 11:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=778785

Властите на Словачка, која е во шок по обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо, со еднствени осуди за тој чин, денеска повикаа да се прекине говорот на омраза.

Полицијата соопшти дека сега е последен момент да престанат да се разгоруваат страстите, итно е и да се стави крај на говорот на омраза и растечките тензии и поларизација и да се врати Словачка во кругот на цивилизираните земји каде не се пука кон премиерот или политички неистомисленици.

Тие бараат медиумите и социјалните мрежи да ја исклучат опцијата за коментирање на веста за атентатот на премиерот Фица, кој по петчасовна операција синоќа во Банска Бистрица во централна Словачка е во стабилна состојба, но според лекарите, тој се уште е во многу тешка состојба.

Одговорот на омразата не може да биде омраза. Ве молам сите да престанете со нападите и изразите на омраза насочени кон овој или оној политички блок. Од она што се случи и многумина од вас го посеаја, денес се роди бура. И стоиме овде на прагот на граѓанска војна, апелираше словачкиот министер за внатрешни работи, Матуш Шутај Ешток.

Веднаш по атентатот, словачката опозиција го откажа најавениот протест против измените на законот за медиуми, со кои власта по примерот на Унгарија на Виктор Орбан или до неодамна Полска за време на владеењето на правото и правдата на Јарослав Качински, ќе ја преземе контролата врз јавниот ТВ и радио сервис

Според полицијата, нападот на 71-годишниот Јурај Цинтула врз премиерот Роберт Фицо кога тој отишол да се поздрави со приврзаниците и граѓаните по владината седница во Хандлова бил политички мотивиран.

Иако најблиските соработници на премиерот, како неговата „десна рака“ вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак, повикуваат на воздржаност и итен прекин на говорот на омраза и нападите врз политичарите од власта и опозицијата и заканувачки пораки до медиумите, потпретседателот од словачкиот парламент од партијата СМЕР на Фиц, Лубош Блаха, веднаш ја обвини опозицијата и независните медиуми.

Сите не претворивте во мети, со години ширевте страшна омраза. Толку не мразевте затоа што народот не избра што ни организиравте лов како дивеч. Поради вас премиерот се бори за живот, им рече тој на опозициските пратеници.

Лидерот на коалициониот партнер во владата, радикалната националистичка Словачка народна партија, Андреј Данко, за се ги обвини „либералните медиуми“, кои ги нарече „одвратни свињи“.

Невладините организации и претставниците на граѓанското општество подготвија петиција со цврста осуда на атентатот, повикувајќи ги сите без разлика да престанат да придонесуваат за натамошното ширење на омраза и тензии во општеството

Обвинувајќи ја опозицијата, идеолошките и политичките неистомисленици, медиумите или невладиниот сектор започнува спирала на страв, омраза и дополнително насилство, се вели во петицијата, која досега има 1.900 потписи.

Не знам дали Словачка се смени, но ние не сакаме ваква Словачка. Да ја запреме. Да се ​​погледнеме во огледало и да си кажеме што е навистина важно, апелираше вицепремиерот Калињак.

Самиот премиер Фицо пред еден месец предупреди дека ваквото вербално насилство и говор на омраза упатени кон словачките службеници кога ги навредуваат на улица и им се закануваат на социјалните мрежи може да завршат со убиство на еден од водечките политичари.

Не претерувам ни милиметар, изјави тогаш Фицо.

На закани и говор на омраза беше изложена и претседателката на Словачка во заминување Зузана Чапутова, која е блиска до проевропската либерална опозиција, која одби да се кандидира за реизбор на неодамнешните претседателски избори токму за да не го разоткрие своето семејство и самата на „лов на вештерки“ во следните неколку години.

Страшно е и заслужува осуда ова што се случи, неколку месеци мораа да ме возат со блиндирано возило, изјави поранешната премиерка Ивета Радичова од актуелната опозиција.

Радичова, која е социолог, потсети дека словачкото општество го потресе нарачаното убиство на младиот истражувачки новинар кој пред неколку години ги разоткри врските на италијанската мафија, словачките тајкуни и тогашната влада на Фицо, Јан Куцијак и неговата свршеница.

Поради убиството на Куцијак, во Словачка избија големи протести и премиерот Фицо потоа беше принуден да поднесе оставка, а на вонредните парламентарни избори минатата есен се врати на власт.

Убиството на Куцијак мобилизираше протести и страшно го потресе општеството. Поларизацијата се зајакна и за време на владата на Матович и истрагата за корупција на највисоко политичко ниво (тогашната влада на Фиц). По три години хаос кога се наредени четворица премиери, тим дојде што почна да презема чекори кон ползечката автократија, изјави Радичова за Чешкото радио.

Поранешниот словачки премиер предупреди дека и власта и опозицијата се виновни за ескалацијата на тензиите и омразата во општеството.

Бунтовите на обичните луѓе што ги поттикнуваат политичарите веќе не се во рацете на политичарите, рече Радичова.

Додека светските медиуми го потенцираат факторот на проруските изјави на премиерот Фицо и политичарите од владејачката коалиција и наведуваат дека тој ја прекинал помошта во оружје за Украина, самата Словачка и првиот сосед на Чешка, каде ситуацијата во Словачка е добро позната, поголемо значење се придава на обидите за промена на законите во судството за да се отежне истрагата за корупцијата и поврзаноста на политичарите со мафијата, како и напорот медиумите да се стават под контрола на властите, следејќи го унгарскиот и до неодамна полскиот модел.

Кога станува збор за позицијата на Словачка по победата на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо и неговите проруски изјави, поранешниот чешки претседател и пријател на Фицо, Милош Земан, рече дека за него е клучно Фицо да повтори дека ја поддржува Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граничи и испраќа хуманитарна и финансиска помош и истиот став дека на Украина мора да и се помогне се залага во Европската унија и не става вето или ја поткопува помошта за Украина, дури и во оружје.

Важно е да се комбинира помошта за Украина со мировните преговори. Оние кои одбиваат преговори ја осудуваат Украина на војна до последниот украински војник, а јас не го сакам тоа, рече Земан во видео интервју два дена пред атентатот.

The post Словачка речиси на праг на граѓанска војна: Министерот за полиција апелира на омразата да не се се враќа со омраза appeared first on Република.

]]>

Властите на Словачка, која е во шок по обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо, со еднствени осуди за тој чин, денеска повикаа да се прекине говорот на омраза. Полицијата соопшти дека сега е последен момент да престанат да се разгоруваат страстите, итно е и да се стави крај на говорот на омраза и растечките тензии и поларизација и да се врати Словачка во кругот на цивилизираните земји каде не се пука кон премиерот или политички неистомисленици. Тие бараат медиумите и социјалните мрежи да ја исклучат опцијата за коментирање на веста за атентатот на премиерот Фица, кој по петчасовна операција синоќа во Банска Бистрица во централна Словачка е во стабилна состојба, но според лекарите, тој се уште е во многу тешка состојба. Одговорот на омразата не може да биде омраза. Ве молам сите да престанете со нападите и изразите на омраза насочени кон овој или оној политички блок. Од она што се случи и многумина од вас го посеаја, денес се роди бура. И стоиме овде на прагот на граѓанска војна, апелираше словачкиот министер за внатрешни работи, Матуш Шутај Ешток. Веднаш по атентатот, словачката опозиција го откажа најавениот протест против измените на законот за медиуми, со кои власта по примерот на Унгарија на Виктор Орбан или до неодамна Полска за време на владеењето на правото и правдата на Јарослав Качински, ќе ја преземе контролата врз јавниот ТВ и радио сервис Според полицијата, нападот на 71-годишниот Јурај Цинтула врз премиерот Роберт Фицо кога тој отишол да се поздрави со приврзаниците и граѓаните по владината седница во Хандлова бил политички мотивиран. Иако најблиските соработници на премиерот, како неговата „десна рака“ вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак, повикуваат на воздржаност и итен прекин на говорот на омраза и нападите врз политичарите од власта и опозицијата и заканувачки пораки до медиумите, потпретседателот од словачкиот парламент од партијата СМЕР на Фиц, Лубош Блаха, веднаш ја обвини опозицијата и независните медиуми. Сите не претворивте во мети, со години ширевте страшна омраза. Толку не мразевте затоа што народот не избра што ни организиравте лов како дивеч. Поради вас премиерот се бори за живот, им рече тој на опозициските пратеници. Лидерот на коалициониот партнер во владата, радикалната националистичка Словачка народна партија, Андреј Данко, за се ги обвини „либералните медиуми“, кои ги нарече „одвратни свињи“. Невладините организации и претставниците на граѓанското општество подготвија петиција со цврста осуда на атентатот, повикувајќи ги сите без разлика да престанат да придонесуваат за натамошното ширење на омраза и тензии во општеството Обвинувајќи ја опозицијата, идеолошките и политичките неистомисленици, медиумите или невладиниот сектор започнува спирала на страв, омраза и дополнително насилство, се вели во петицијата, која досега има 1.900 потписи. Не знам дали Словачка се смени, но ние не сакаме ваква Словачка. Да ја запреме. Да се ​​погледнеме во огледало и да си кажеме што е навистина важно, апелираше вицепремиерот Калињак. Самиот премиер Фицо пред еден месец предупреди дека ваквото вербално насилство и говор на омраза упатени кон словачките службеници кога ги навредуваат на улица и им се закануваат на социјалните мрежи може да завршат со убиство на еден од водечките политичари. Не претерувам ни милиметар, изјави тогаш Фицо. На закани и говор на омраза беше изложена и претседателката на Словачка во заминување Зузана Чапутова, која е блиска до проевропската либерална опозиција, која одби да се кандидира за реизбор на неодамнешните претседателски избори токму за да не го разоткрие своето семејство и самата на „лов на вештерки“ во следните неколку години. Страшно е и заслужува осуда ова што се случи, неколку месеци мораа да ме возат со блиндирано возило, изјави поранешната премиерка Ивета Радичова од актуелната опозиција. Радичова, која е социолог, потсети дека словачкото општество го потресе нарачаното убиство на младиот истражувачки новинар кој пред неколку години ги разоткри врските на италијанската мафија, словачките тајкуни и тогашната влада на Фицо, Јан Куцијак и неговата свршеница. Поради убиството на Куцијак, во Словачка избија големи протести и премиерот Фицо потоа беше принуден да поднесе оставка, а на вонредните парламентарни избори минатата есен се врати на власт. Убиството на Куцијак мобилизираше протести и страшно го потресе општеството. Поларизацијата се зајакна и за време на владата на Матович и истрагата за корупција на највисоко политичко ниво (тогашната влада на Фиц). По три години хаос кога се наредени четворица премиери, тим дојде што почна да презема чекори кон ползечката автократија, изјави Радичова за Чешкото радио. Поранешниот словачки премиер предупреди дека и власта и опозицијата се виновни за ескалацијата на тензиите и омразата во општеството. Бунтовите на обичните луѓе што ги поттикнуваат политичарите веќе не се во рацете на политичарите, рече Радичова. Додека светските медиуми го потенцираат факторот на проруските изјави на премиерот Фицо и политичарите од владејачката коалиција и наведуваат дека тој ја прекинал помошта во оружје за Украина, самата Словачка и првиот сосед на Чешка, каде ситуацијата во Словачка е добро позната, поголемо значење се придава на обидите за промена на законите во судството за да се отежне истрагата за корупцијата и поврзаноста на политичарите со мафијата, како и напорот медиумите да се стават под контрола на властите, следејќи го унгарскиот и до неодамна полскиот модел. Кога станува збор за позицијата на Словачка по победата на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо и неговите проруски изјави, поранешниот чешки претседател и пријател на Фицо, Милош Земан, рече дека за него е клучно Фицо да повтори дека ја поддржува Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граничи и испраќа хуманитарна и финансиска помош и истиот став дека на Украина мора да и се помогне се залага во Европската унија и не става вето или ја поткопува помошта за Украина, дури и во оружје. Важно е да се комбинира помошта за Украина со мировните преговори. Оние кои одбиваат преговори ја осудуваат Украина на војна до последниот украински војник, а јас не го сакам тоа, рече Земан во видео интервју два дена пред атентатот.

The post Словачка речиси на праг на граѓанска војна: Министерот за полиција апелира на омразата да не се се враќа со омраза appeared first on Република.

]]>
Фицо е во свесна состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fitso-e-vo-svesna-sostojba/ Thu, 16 May 2024 06:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=778582

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

The post Фицо е во свесна состојба appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми. Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата. Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

The post Фицо е во свесна состојба appeared first on Република.

]]>
Словачки медиуми: 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во премиерот Роберт Фицо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovachki-mediumi-71-godishniot-pisatel-juraj-tsintula-pukal-vo-premierot-robert-fitso/ Wed, 15 May 2024 16:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=778435

Словачки медиуми објавуваат неофицијални информации човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, приврзаник на либералната партија Прогресивна Словачка.

Во минатото Цинтула на социјалните мрежи отворено ја изразуваше својата омраза кон Фицо.

Медиумите пишуваат дека пред обидот за атентат врз Фицо, осомничениот му викнал на премиерот „Робо, дојди овде“, по што отворил оган.

Според медиумите, тој имал легално регистрирано оружје и со него пукал во Фицо.Претходно, неопосредно по пукањето, едно лице е уапсено.

The post Словачки медиуми: 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во премиерот Роберт Фицо appeared first on Република.

]]>

Словачки медиуми објавуваат неофицијални информации човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, приврзаник на либералната партија Прогресивна Словачка. Во минатото Цинтула на социјалните мрежи отворено ја изразуваше својата омраза кон Фицо. Медиумите пишуваат дека пред обидот за атентат врз Фицо, осомничениот му викнал на премиерот „Робо, дојди овде“, по што отворил оган. Според медиумите, тој имал легално регистрирано оружје и со него пукал во Фицо.Претходно, неопосредно по пукањето, едно лице е уапсено.

The post Словачки медиуми: 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во премиерот Роберт Фицо appeared first on Република.

]]>
Ова е моментот кога словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-momentot-koga-slovachkiot-premier-e-zastrelan-so-nekolku-kurshumi-vo-gradite-i-stomakot/ Wed, 15 May 2024 15:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=778410

Извршен е атентата врз премиерот на Словачка, Роберт Фицо. Тој бил застрелан со огнено оружје откако по седница на владата излегол да отпоздрави на граѓаните.

Според информациите, Фицо е застрелан со неколку истрели во градите и стомакот и се наоѓа во во животно загрозувачка состојба.

https://republika.mk/vesti/svet/se-protiveshe-na-isprakaneto-zapadno-oruzhje-vo-ukraina-slovachkiot-premier-zastrelan-vo-gradite-i-stomakot/

The post Ова е моментот кога словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>

Извршен е атентата врз премиерот на Словачка, Роберт Фицо. Тој бил застрелан со огнено оружје откако по седница на владата излегол да отпоздрави на граѓаните. Според информациите, Фицо е застрелан со неколку истрели во градите и стомакот и се наоѓа во во животно загрозувачка состојба. https://republika.mk/vesti/svet/se-protiveshe-na-isprakaneto-zapadno-oruzhje-vo-ukraina-slovachkiot-premier-zastrelan-vo-gradite-i-stomakot/

The post Ова е моментот кога словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>
Се противеше на испраќањето оружје во Украина: Словачкиот премиер застрелан во градите и стомакот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-protiveshe-na-isprakaneto-oruzhje-vo-ukraina-slovachkiot-premier-zastrelan-vo-gradite-i-stomakot/ Wed, 15 May 2024 15:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=778404

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова, каде што се одржувала седницата на владата.

Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан.

Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

https://republika.mk/vesti/svet/fitso-slovachka-nema-da-ispraka-vojnitsi-vo-ukraina/

Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава.

Напаѓачот е уапсен на лице место.

https://republika.mk/vesti/svet/slovachka-gi-prekinuva-isporakite-na-oruzhje-za-ukraina/

The post Се противеше на испраќањето оружје во Украина: Словачкиот премиер застрелан во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова, каде што се одржувала седницата на владата. Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан. Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. https://republika.mk/vesti/svet/fitso-slovachka-nema-da-ispraka-vojnitsi-vo-ukraina/ Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава. Напаѓачот е уапсен на лице место. https://republika.mk/vesti/svet/slovachka-gi-prekinuva-isporakite-na-oruzhje-za-ukraina/

The post Се противеше на испраќањето оружје во Украина: Словачкиот премиер застрелан во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>
Објавени стипендии за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaveni-stipendii-za-letnata-shkola-po-slovachki-jazik-i-za-studii-na-univerziteti-vo-indija-za-2024-2025/ Tue, 30 Apr 2024 14:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=772687

Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Македонија за учество на 60. Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca).

Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 28 јули до 17 август 2024 со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и од 29 јули до 9 август 2024 година со виртуелно присуство.

Во објавата на МОН се наведени веб-страници на кои се достапни повеќе информации за Школата и за апликацијата со која кандидатите треба да конкурираат, најдоцна до 7 мај 2024.

МОН, исто така, го објави и известувањето на Амбасадата на Индија во Софија дека Индискиот совет за културни односи (ICCR - Indian Consul for Cultural Relations) доделува една стипендија за студенти од Македонија за индиските универзитети и институти за академската 2024-2025, која почнува во август 2024.

Во објавата е достапна веб-страницата со информации за стипендијата за која аплицирањето ќе трае до 31 мај 2024.

The post Објавени стипендии за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025 appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Македонија за учество на 60. Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca). Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 28 јули до 17 август 2024 со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и од 29 јули до 9 август 2024 година со виртуелно присуство. Во објавата на МОН се наведени веб-страници на кои се достапни повеќе информации за Школата и за апликацијата со која кандидатите треба да конкурираат, најдоцна до 7 мај 2024. МОН, исто така, го објави и известувањето на Амбасадата на Индија во Софија дека Индискиот совет за културни односи (ICCR - Indian Consul for Cultural Relations) доделува една стипендија за студенти од Македонија за индиските универзитети и институти за академската 2024-2025, која почнува во август 2024. Во објавата е достапна веб-страницата со информации за стипендијата за која аплицирањето ќе трае до 31 мај 2024.

The post Објавени стипендии за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025 appeared first on Република.

]]>
Словачка доби проруски претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovachka-dobi-proruski-pretsedatel/ Sun, 07 Apr 2024 12:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=763433

Блискиот соработник на популистичкиот проруски премиер Роберт Фицо го победи прозападниот дипломат во вториот круг од претседателските избори во Словачка.

Претседателот на парламентот, кандидатот на националистичката левица, Петер Пелегрини, во саботата доби 53,26 отсто од гласовите, врз основа на речиси сите преброени избирачки места, додека поранешниот министер за надворешни работи, Иван Корчок, доби 46,73 отсто.

Фицо, кој во октомври лани по четврти пат ја презеде власта, ја сврте надворешната политика на земјата кон проруски позиции и започна реформи на казненото право и во медиумите кои предизвикаа загриженост за слабеење на владеењето на правото.

„Можам да ветам дека ќе бидам претседател на сите словачки граѓани“, рече Пелегрини. „Можам да ветам дека секогаш ќе бидам на страната на Словачка“.

The post Словачка доби проруски претседател appeared first on Република.

]]>

Блискиот соработник на популистичкиот проруски премиер Роберт Фицо го победи прозападниот дипломат во вториот круг од претседателските избори во Словачка. Претседателот на парламентот, кандидатот на националистичката левица, Петер Пелегрини, во саботата доби 53,26 отсто од гласовите, врз основа на речиси сите преброени избирачки места, додека поранешниот министер за надворешни работи, Иван Корчок, доби 46,73 отсто. Фицо, кој во октомври лани по четврти пат ја презеде власта, ја сврте надворешната политика на земјата кон проруски позиции и започна реформи на казненото право и во медиумите кои предизвикаа загриженост за слабеење на владеењето на правото. „Можам да ветам дека ќе бидам претседател на сите словачки граѓани“, рече Пелегрини. „Можам да ветам дека секогаш ќе бидам на страната на Словачка“.

The post Словачка доби проруски претседател appeared first on Република.

]]>
Претседателски избори во Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelski-izbori-vo-slovachka/ Sat, 23 Mar 2024 08:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=757684

Словаците денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори кои би можеле да ја зајакнат власта на премиерот Роберт Фицо, кој сака поголема контрола врз јавните медиуми, помеки антикорупциски закони и посилно изразено несогласување за поддршката од ЕУ за Украина.

Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време (06:00 часот по Гринич) и ќе бидат затворени во 22 часот.

Доколку никој не добие мнозинство во овој круг, на 6 април ќе има втор круг меѓу двајцата кандидати со највисоки резултати.

Сојузникот на Фицо, Петер Пелегрини (48) води во трката за местото на 50-годишната претседателка Зузана Чапутова, која е жесток противник на Фицо, иако не се кандидираше за нов мандат.

Фицо се врати на власт на изборите во септември минатата година, откако ги придоби гласачите со ветувања дека ќе ја прекине воената помош за Украина, ќе продолжи да им помага на луѓето погодени од високите цените и ќе стави крај на хаотичното владеење на претходната влада предводена од опозицијата.

 

The post Претседателски избори во Словачка appeared first on Република.

]]>

Словаците денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори кои би можеле да ја зајакнат власта на премиерот Роберт Фицо, кој сака поголема контрола врз јавните медиуми, помеки антикорупциски закони и посилно изразено несогласување за поддршката од ЕУ за Украина. Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време (06:00 часот по Гринич) и ќе бидат затворени во 22 часот. Доколку никој не добие мнозинство во овој круг, на 6 април ќе има втор круг меѓу двајцата кандидати со највисоки резултати. Сојузникот на Фицо, Петер Пелегрини (48) води во трката за местото на 50-годишната претседателка Зузана Чапутова, која е жесток противник на Фицо, иако не се кандидираше за нов мандат. Фицо се врати на власт на изборите во септември минатата година, откако ги придоби гласачите со ветувања дека ќе ја прекине воената помош за Украина, ќе продолжи да им помага на луѓето погодени од високите цените и ќе стави крај на хаотичното владеење на претходната влада предводена од опозицијата.  

The post Претседателски избори во Словачка appeared first on Република.

]]>
Корчок и Пелегрини се фаворити на претседателските избори во Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/korchok-i-pelegrini-se-favoriti-na-pretsedatelskite-izbori-vo-slovachka/ Thu, 21 Mar 2024 17:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=757105

Во Словачка на 23 март ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, а фаворити се Иван Корчок и Петер Пелегрини.

На само неколку дена пред изборите, во трката за претседателската функција се издвои Корчок (59), кој според новите анкети има најголема поддршка откако ја објави својата кандидатура во летото 2023 година, пренесува „Словак спектејтор“.

Резултатите од најновата анкета на агенцијата НМС Истражување на пазарот се спротивни на некои неодамнешни кои укажуваат дека поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Корчок (2020-2022) достигна максимумот поддршка.

Напротив, според последните податоци, Корчок ќе победи во првиот круг со 36 отсто од гласовите, додека лидерот на левичарската партија Хлас (Глас) и претседателот на Парламентот, Пелегрини (48) ќе освојат 34,2 отсто.

Пелегрини е поранешен заменик на актуелниот премиер Роберт Фицо во партијата Смер.

Под претпоставка дека никој нема да добие повеќе од 50 отсто од гласовите во сабота, двајцата кандидати со најмногу гласови преминуваат во вториот круг на 6 април.

The post Корчок и Пелегрини се фаворити на претседателските избори во Словачка appeared first on Република.

]]>

Во Словачка на 23 март ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, а фаворити се Иван Корчок и Петер Пелегрини. На само неколку дена пред изборите, во трката за претседателската функција се издвои Корчок (59), кој според новите анкети има најголема поддршка откако ја објави својата кандидатура во летото 2023 година, пренесува „Словак спектејтор“. Резултатите од најновата анкета на агенцијата НМС Истражување на пазарот се спротивни на некои неодамнешни кои укажуваат дека поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Корчок (2020-2022) достигна максимумот поддршка. Напротив, според последните податоци, Корчок ќе победи во првиот круг со 36 отсто од гласовите, додека лидерот на левичарската партија Хлас (Глас) и претседателот на Парламентот, Пелегрини (48) ќе освојат 34,2 отсто. Пелегрини е поранешен заменик на актуелниот премиер Роберт Фицо во партијата Смер. Под претпоставка дека никој нема да добие повеќе од 50 отсто од гласовите во сабота, двајцата кандидати со најмногу гласови преминуваат во вториот круг на 6 април.

The post Корчок и Пелегрини се фаворити на претседателските избори во Словачка appeared first on Република.

]]>