слоу фуд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slou-fud/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 07:11:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png слоу фуд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slou-fud/ 32 32 Вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија под мотото „Дојди на трпезата“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/vtoriot-natsionalen-kongres-na-slou-fud-makedonija-pod-mototo-dojdi-na-trpezata/ Thu, 11 Jul 2024 07:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=795620

„Дојди на трпезата“ е мотото на вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија што ќе се одржи на 14 јули (недела) во Битола. Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групи кои се дел од Слоу фуд Македонија ќе присуствуваат на овој значаен настан кој ќе ги одреди приоритетите на организацијата и програмските определби на кои ќе работи во следните 4 години, информира организаторот.

На овој конгрес како "мираз" СФМК ќе ја донесе колективната работа за споделување и градење предизвици на заедничката судбина, што основната премиса ја има во посветеноста да се бори за добра, чиста и правична храна за сите. Ова е предизвик што повикува на итна и длабока промена на храна, што ќе ја консолидира мрежата на активистите на Слоу Фуд Македонија.

Дојдете на трпезата! Заедно да ја споделиме, обединети во различностите, заедничката реалност на заедниците, да ја осигураме иднината и..., храна за утре!
За да ја создадеме земјата што ја сакаме за нашите деца и внуци, земја на животот, слободата и правичноста за сите.

Пораките од Конгресот ќе бидат врзани за новите генерации и нивното враќање кон природата. Императив и предизвик на Слоу Фуд Македонија се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзувањето на храната и иднината, агроекологија, агротуризам...
Најважно од се е соочување со сериозноста на овој социолошки, културолошки и историски момент каде со дејствување, визија и позитивната перспектива ќе се делува инспиративно на заедници, ќе се гради, спојува и обединува околу заедничката мисија на Слоу фуд Македонија.

The post Вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија под мотото „Дојди на трпезата“ appeared first on Република.

]]>

„Дојди на трпезата“ е мотото на вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија што ќе се одржи на 14 јули (недела) во Битола. Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групи кои се дел од Слоу фуд Македонија ќе присуствуваат на овој значаен настан кој ќе ги одреди приоритетите на организацијата и програмските определби на кои ќе работи во следните 4 години, информира организаторот.
На овој конгрес како "мираз" СФМК ќе ја донесе колективната работа за споделување и градење предизвици на заедничката судбина, што основната премиса ја има во посветеноста да се бори за добра, чиста и правична храна за сите. Ова е предизвик што повикува на итна и длабока промена на храна, што ќе ја консолидира мрежата на активистите на Слоу Фуд Македонија. Дојдете на трпезата! Заедно да ја споделиме, обединети во различностите, заедничката реалност на заедниците, да ја осигураме иднината и..., храна за утре! За да ја создадеме земјата што ја сакаме за нашите деца и внуци, земја на животот, слободата и правичноста за сите. Пораките од Конгресот ќе бидат врзани за новите генерации и нивното враќање кон природата. Императив и предизвик на Слоу Фуд Македонија се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзувањето на храната и иднината, агроекологија, агротуризам... Најважно од се е соочување со сериозноста на овој социолошки, културолошки и историски момент каде со дејствување, визија и позитивната перспектива ќе се делува инспиративно на заедници, ќе се гради, спојува и обединува околу заедничката мисија на Слоу фуд Македонија.

The post Вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија под мотото „Дојди на трпезата“ appeared first on Република.

]]>
На пролетниот Слоу фуд традиционални сирења, џемови, мед, тартуфи.. https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/na-proletniot-slou-fud-traditsionalni-sirena-dhemovi-med-tartufi/ Wed, 29 May 2024 08:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=782682

Во сабота, во првиот ден на јуни од 11-17ч, во Мондано гарден (Дворот на гимназијата Јосип Броз) ќе се случува пролетен Слоу фуд пазар, што го организира Слоу Фуд Водно.

Настанот е замислен како неформално дружење, можност да сте на отворено и да купите нешто од нашето, автентично и највкусно. Притоа да дознаете многу работи за локалните производители на традиционалните сирења, џемови, мед, месни производи, тартуфи, масла, ракии, пива, вина.., истите да ги пробате и се разбира, да ги препорачате на своите пријатели.

И децата, во нивното катче ќе можат да уживаат во работилница што за нив ја подготви Слоу Фуд Водно- едукативно и забавно. Инаку, на овој интересен пазар ќе учествуваат околу 25 производители кои ќе го претстават она што го прават- козјо сирење и намази, масло од лешник, оцет од диви јаболка, сувомеснати призводи, интересни џемови што ќе ве потсетат на детството, зреено месо, занаетчиско пиво..., се што ќе ве испирира за констатација дека е најдобро кога е наше, а највкусно кога е домашно.

The post На пролетниот Слоу фуд традиционални сирења, џемови, мед, тартуфи.. appeared first on Република.

]]>

Во сабота, во првиот ден на јуни од 11-17ч, во Мондано гарден (Дворот на гимназијата Јосип Броз) ќе се случува пролетен Слоу фуд пазар, што го организира Слоу Фуд Водно. Настанот е замислен како неформално дружење, можност да сте на отворено и да купите нешто од нашето, автентично и највкусно. Притоа да дознаете многу работи за локалните производители на традиционалните сирења, џемови, мед, месни производи, тартуфи, масла, ракии, пива, вина.., истите да ги пробате и се разбира, да ги препорачате на своите пријатели. И децата, во нивното катче ќе можат да уживаат во работилница што за нив ја подготви Слоу Фуд Водно- едукативно и забавно. Инаку, на овој интересен пазар ќе учествуваат околу 25 производители кои ќе го претстават она што го прават- козјо сирење и намази, масло од лешник, оцет од диви јаболка, сувомеснати призводи, интересни џемови што ќе ве потсетат на детството, зреено месо, занаетчиско пиво..., се што ќе ве испирира за констатација дека е најдобро кога е наше, а највкусно кога е домашно.

The post На пролетниот Слоу фуд традиционални сирења, џемови, мед, тартуфи.. appeared first on Република.

]]>
45 павилјони и 80 штандови: Над 300 мали производители на храна ќе се претстават на „Вкуси ја традицијата“ во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/45-paviljoni-i-80-shtandovi-nad-300-mali-proizvoditeli-na-hrana-ke-se-pretstavat-na-vkusi-ja-traditsijata-vo-gradski-park/ Sat, 07 Oct 2023 06:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=688790

Повеќе од 300 мали производители на храна и пијалаци ќе ги презентираат своите производи подготвени по традиционални рецепти на вториот Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржува денеска во скопскиот Градски парк.

Ќе има 45 павилјони и 80 штандови на кои ќе бидат изложени 2 000 производи. Посетителите ќе може да дегустираат, но и да купат слатко од капини, мармелади, џемови, ајвар, зимници, вино, ракија, пиво и ликери облагородени со разни растенија, мед, маџун, јаболков оцет од диви кисели јаболка, сирења, ореви, кошмишпите, ѓомлезе, комат, млечни намази, путер од лешник, бадем и кикирики, буковска пипер, сувомесни производи сушени на дрво, масла од тартуфи,...

Најавени се и „гастро активности“ во чии рамки Алијансата на готвачите на Слоу фуд, во состав Димитар Арнаудоски, Маре Јаневска и Зоран Мајновски, ќе понудат мени со локални производи карактеристични за овој период, а секој од нив и индивидуално, со својата шефовска, готвачка и гурманска креативност ќе демонстрира зошто си ја сака татковината.

„Вкуси ја традицијата“ ќе има и детско катче со едукативни анимации, „предавања“ за биодиверзитетот и за автохтоните семиња, а ќе се замеси и „лепчето на баба“.

Саемот го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка и „Slow Food Macedonia“, со поддршка од „GIZ“.

Посетителите ќе можат на едно место да ги видат големиот број успешни приказни релизирани со подршката што ја даваме за малите производители, младите земјоделци и жените земјоделки, наведува МЗШВ.

The post 45 павилјони и 80 штандови: Над 300 мали производители на храна ќе се претстават на „Вкуси ја традицијата“ во Градски парк appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 300 мали производители на храна и пијалаци ќе ги презентираат своите производи подготвени по традиционални рецепти на вториот Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржува денеска во скопскиот Градски парк. Ќе има 45 павилјони и 80 штандови на кои ќе бидат изложени 2 000 производи. Посетителите ќе може да дегустираат, но и да купат слатко од капини, мармелади, џемови, ајвар, зимници, вино, ракија, пиво и ликери облагородени со разни растенија, мед, маџун, јаболков оцет од диви кисели јаболка, сирења, ореви, кошмишпите, ѓомлезе, комат, млечни намази, путер од лешник, бадем и кикирики, буковска пипер, сувомесни производи сушени на дрво, масла од тартуфи,... Најавени се и „гастро активности“ во чии рамки Алијансата на готвачите на Слоу фуд, во состав Димитар Арнаудоски, Маре Јаневска и Зоран Мајновски, ќе понудат мени со локални производи карактеристични за овој период, а секој од нив и индивидуално, со својата шефовска, готвачка и гурманска креативност ќе демонстрира зошто си ја сака татковината. „Вкуси ја традицијата“ ќе има и детско катче со едукативни анимации, „предавања“ за биодиверзитетот и за автохтоните семиња, а ќе се замеси и „лепчето на баба“. Саемот го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка и „Slow Food Macedonia“, со поддршка од „GIZ“.
Посетителите ќе можат на едно место да ги видат големиот број успешни приказни релизирани со подршката што ја даваме за малите производители, младите земјоделци и жените земјоделки, наведува МЗШВ.

The post 45 павилјони и 80 штандови: Над 300 мали производители на храна ќе се претстават на „Вкуси ја традицијата“ во Градски парк appeared first on Република.

]]>
Дегустации на македонски производи в недела на Меѓународен фестивал на сирењето во Италија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/degustatsii-na-makedonski-proizvodi-v-nedela-na-megunaroden-festival-na-sireneto-vo-italija/ Tue, 12 Sep 2023 08:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=681140

„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава.

Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници.
Ова е „Cheese“ надвор од границите.

На овој вкусен, популарен и омилен меѓународен пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји, вклучени се реномираните: Џаспер Хил Фарм од САД, Нилс Јард од Британија, производители и селектори од Швајцарија, Шведска и други европски земји - Белгија, Португалија... Меѓународната мрежа на Слоу Фуд ќе ја претставуваат и бројните делегации од Норвешка и нордиските земји, потоа земјите од Балканот, Украина, Турција...

Италија земјата домаќин, со производители од сите нејзини региони, има почесно место на овој голем настан посветен на сирењето.
Долгогодишните излагачи, како што е „Quesería Cultivo“ од Шпанија ќе бидат дел од делегација која вклучува претставници од Слоу Фуд заедницата „Via de la Plata para el amparo de productos y emprendedores de las provincias de Salamanca y Zamora“.
Президиуми на Слоу Фуд, т.е. групи производители посветени на зачувување и пренесување на традиционалните техники на производство и занаети, ќе ги понудат своите сирења и ќе ги раскажат своите приказни, а како пример ги спомнуваме „Raw Milk Stichelton“ и „Artisanal Somerset Cheddar“ од Обединетото Кралство, ирските сирења од сурово млеко, зреаната занаетчиска гауда од Холандија, швајцарскиот традиционален ементалер, „Bleu de Queyras“ од Франција и австриските одгледувачи на плезанска овца.
Овие два нови президиуми ќе бидат протагонисти на конференцијата „Добредојдовте во нови президиуми“, на 16 септември.
Истата дата е резервирана за Хуан Камило Кинтеро, извршниот готвач на одморалиштето „Relais & Châteaux Borgo San Felice“ кој ќе го претстави кулинарско патување од тосканското крајбрежје до ридовите на Кјанти.

Република Македонија, чие присуство е овозможено со подршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, во недела (17 септември) ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности.
Недела е полна со настани: готвачите на италијанската и меѓународната Алијанса на готвачи на Слоу фуд, подготвуваат вечера што го истражува целиот спектар на производи на база на трева во прекрасно миризливата „Dîner sur l’herbe“.
За време на работилницата за вкус „Гледајќи надвор од границите“, традиционалните дегустации на Слоу Фуд, протагонисти ќе бидат: „Пасиштето Сбринц“ (Слоу Фуд президиум) од Швајцарија и „Afuega l'Pitu“ направено од сурово млеко (Арка на вкусови) од Шпанија.

На 18 септември (15 часот) Зејнеп Ханде Килиќ, готвач на Слоу Фуд Алијансата од Анталија и сопственик на ресторанот Капра во Каш ќе учествува на работилницата за вкус „Откривање на традициите на турското сирење: алва“. Таа ја носи љубовта кон автентичните вкусови, водејќи ја јавноста да открие една од најпрекрасните и најрепрезентативните подготовки од регионот Чанаккале: печена алва со сирење, традиционален десерт богат со историја и вкус.

Што се однесува за вечерите, меѓу најпопуларните состаноци на сите настани на Слоу Фуд, Шпанија ја отвора програмата со „Шпански шуми“, со готвачот Марк Рибас кој го претставува својот проект „Ramats de Foc“, кој има за цел да ја заштити локалната флора изложена на ризик од шумски пожари поради климатските промени.

The post Дегустации на македонски производи в недела на Меѓународен фестивал на сирењето во Италија appeared first on Република.

]]>

„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава. Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат, но настанот е отворен и за сите љубители на сирење: се најавуваат конференции, дегустации и работилници. Ова е „Cheese“ надвор од границите. На овој вкусен, популарен и омилен меѓународен пазар ќе бидат присутни изложувачи од 14 земји, вклучени се реномираните: Џаспер Хил Фарм од САД, Нилс Јард од Британија, производители и селектори од Швајцарија, Шведска и други европски земји - Белгија, Португалија... Меѓународната мрежа на Слоу Фуд ќе ја претставуваат и бројните делегации од Норвешка и нордиските земји, потоа земјите од Балканот, Украина, Турција... Италија земјата домаќин, со производители од сите нејзини региони, има почесно место на овој голем настан посветен на сирењето. Долгогодишните излагачи, како што е „Quesería Cultivo“ од Шпанија ќе бидат дел од делегација која вклучува претставници од Слоу Фуд заедницата „Via de la Plata para el amparo de productos y emprendedores de las provincias de Salamanca y Zamora“. Президиуми на Слоу Фуд, т.е. групи производители посветени на зачувување и пренесување на традиционалните техники на производство и занаети, ќе ги понудат своите сирења и ќе ги раскажат своите приказни, а како пример ги спомнуваме „Raw Milk Stichelton“ и „Artisanal Somerset Cheddar“ од Обединетото Кралство, ирските сирења од сурово млеко, зреаната занаетчиска гауда од Холандија, швајцарскиот традиционален ементалер, „Bleu de Queyras“ од Франција и австриските одгледувачи на плезанска овца. Овие два нови президиуми ќе бидат протагонисти на конференцијата „Добредојдовте во нови президиуми“, на 16 септември. Истата дата е резервирана за Хуан Камило Кинтеро, извршниот готвач на одморалиштето „Relais & Châteaux Borgo San Felice“ кој ќе го претстави кулинарско патување од тосканското крајбрежје до ридовите на Кјанти. Република Македонија, чие присуство е овозможено со подршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија, во недела (17 септември) ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности. Недела е полна со настани: готвачите на италијанската и меѓународната Алијанса на готвачи на Слоу фуд, подготвуваат вечера што го истражува целиот спектар на производи на база на трева во прекрасно миризливата „Dîner sur l’herbe“. За време на работилницата за вкус „Гледајќи надвор од границите“, традиционалните дегустации на Слоу Фуд, протагонисти ќе бидат: „Пасиштето Сбринц“ (Слоу Фуд президиум) од Швајцарија и „Afuega l'Pitu“ направено од сурово млеко (Арка на вкусови) од Шпанија. На 18 септември (15 часот) Зејнеп Ханде Килиќ, готвач на Слоу Фуд Алијансата од Анталија и сопственик на ресторанот Капра во Каш ќе учествува на работилницата за вкус „Откривање на традициите на турското сирење: алва“. Таа ја носи љубовта кон автентичните вкусови, водејќи ја јавноста да открие една од најпрекрасните и најрепрезентативните подготовки од регионот Чанаккале: печена алва со сирење, традиционален десерт богат со историја и вкус. Што се однесува за вечерите, меѓу најпопуларните состаноци на сите настани на Слоу Фуд, Шпанија ја отвора програмата со „Шпански шуми“, со готвачот Марк Рибас кој го претставува својот проект „Ramats de Foc“, кој има за цел да ја заштити локалната флора изложена на ризик од шумски пожари поради климатските промени.

The post Дегустации на македонски производи в недела на Меѓународен фестивал на сирењето во Италија appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на Денот на пролетта, учениците од „Христијан Тодоровски Карпош“ правеа цветни бомби https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-presret-na-denot-na-proletta-uchenitsite-od-hristijan-todorovski-karposh-pravea-tsvetni-bombi/ Fri, 17 Mar 2023 14:56:49 +0000 https://republika.mk/?p=620781

Во пресрет на најавуваната пролетна офанзива, планирана за првиот ден на најубавото годишно време, 21 март, Слоу фуд Водно одржа работилница во ОУ Христијан Тодоровски Карпош.

Со здружени сили, заедно со учениците се правеа цветни бомби што во вторник, на почеток на пролета ќе бидат фрлани од Кале. Во забавна атмосфера учениците дознаа многу работи поврзани со разеленување, животот на планетата поврзан со пчелите и убавините на природата.

 

The post Во пресрет на Денот на пролетта, учениците од „Христијан Тодоровски Карпош“ правеа цветни бомби appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на најавуваната пролетна офанзива, планирана за првиот ден на најубавото годишно време, 21 март, Слоу фуд Водно одржа работилница во ОУ Христијан Тодоровски Карпош. Со здружени сили, заедно со учениците се правеа цветни бомби што во вторник, на почеток на пролета ќе бидат фрлани од Кале. Во забавна атмосфера учениците дознаа многу работи поврзани со разеленување, животот на планетата поврзан со пчелите и убавините на природата.  

The post Во пресрет на Денот на пролетта, учениците од „Христијан Тодоровски Карпош“ правеа цветни бомби appeared first on Република.

]]>
Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, како и јазикот, музиката, обичаите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/nashata-tradicionalna-hrana-e-del-od-nashiot-identitet-kako-i-jazikot-muzikata-obichaite/ Tue, 25 Oct 2022 07:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=565222

Оваа сабота (29 октомври) ќе се одржи второто издание на Slow Food салон 2022, под слоганот „Храната е идентитет“ и ќе се случува во Limak Skopje Luxury Hotel од 12 до 20 часот.

Над 60 изложувачи од целата Македонија ќе ги презентираат своите гурмански адути- сирења, кашкавали, џемови, слатка, домашни сокови, зимници, масла, тартуфи, мед, чоколадо и намази, сувомеснати производи, вина, пива, ракии..., „homemade“ традиционални гурманлуци и деликатеси, се со цел да се потсетиме на потеклото, поврзаноста и мултифункционалноста на храната.

Производителите, чуварите на биодиверзитетот ќе понудат добра енергија и уште подобра храна што ќе ја препознаете по „изворниот“ мирис и вкус.

Поради нашата иднина вниманието е насочено кон производителите, консументите, носителите на одлуки за важноста на локалната храна во нашето општество. Освен тоа, традицијата, знаењето и вештините пренесувани од генерација на генерација денес ни ги овозможуваат најдобрите вкусови на трпезата. Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, исто како и јазикот, музиката, обичаите - вели Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија.

 

The post Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, како и јазикот, музиката, обичаите appeared first on Република.

]]>

Оваа сабота (29 октомври) ќе се одржи второто издание на Slow Food салон 2022, под слоганот „Храната е идентитет“ и ќе се случува во Limak Skopje Luxury Hotel од 12 до 20 часот. Над 60 изложувачи од целата Македонија ќе ги презентираат своите гурмански адути- сирења, кашкавали, џемови, слатка, домашни сокови, зимници, масла, тартуфи, мед, чоколадо и намази, сувомеснати производи, вина, пива, ракии..., „homemade“ традиционални гурманлуци и деликатеси, се со цел да се потсетиме на потеклото, поврзаноста и мултифункционалноста на храната. Производителите, чуварите на биодиверзитетот ќе понудат добра енергија и уште подобра храна што ќе ја препознаете по „изворниот“ мирис и вкус.
Поради нашата иднина вниманието е насочено кон производителите, консументите, носителите на одлуки за важноста на локалната храна во нашето општество. Освен тоа, традицијата, знаењето и вештините пренесувани од генерација на генерација денес ни ги овозможуваат најдобрите вкусови на трпезата. Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, исто како и јазикот, музиката, обичаите - вели Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија.
 

The post Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, како и јазикот, музиката, обичаите appeared first on Република.

]]>
Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/makedonija-so-15-pretstavnici-na-tera-madre-salone-del-gusto-vo-torino/ Tue, 30 Aug 2022 09:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=545545

Петнаесет претставници од земјава ќе бидат дел од балканската делегација на Слоу Фуд што ќе учествува на годинашниот 14. Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино.

Слоу Фуд Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се претстави со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации.

На Тера Мадре што ќе се одржува од 22 до 26 септември, ќе има над 3 000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи. Програмата предвидува голем број работилници и конференции кои ќе може да се проследат и онлајн.

Тера Мадре, најголемиот собир на Слоу Фуд мрежата, цели кон тоа да дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која зазема облик преку секојдневните избори на поединците, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и на приватните институции, наведуваат организаторите.

Балканската делегација ќе брои околу 130 члена: од Црна Гора 30, од Албанија 21 и од Бугарија 18. Ќе има и 12 делегати од Турција, осум од БиХ, седум од Романија, по шест од Хрватска и Грција, два од Косово и три од Србија.

Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот.

 

The post Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино appeared first on Република.

]]>

Петнаесет претставници од земјава ќе бидат дел од балканската делегација на Слоу Фуд што ќе учествува на годинашниот 14. Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино. Слоу Фуд Македонија, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се претстави со своја кујна и ќе одржува дегустации и презентации. На Тера Мадре што ќе се одржува од 22 до 26 септември, ќе има над 3 000 делегати од 130 земји и повеќе од 700 изложувачи. Програмата предвидува голем број работилници и конференции кои ќе може да се проследат и онлајн.
Тера Мадре, најголемиот собир на Слоу Фуд мрежата, цели кон тоа да дизајнира поинаква иднина за храната, иднина која зазема облик преку секојдневните избори на поединците, во колективните напори на заедниците и во политиките на јавните и на приватните институции, наведуваат организаторите.
Балканската делегација ќе брои околу 130 члена: од Црна Гора 30, од Албанија 21 и од Бугарија 18. Ќе има и 12 делегати од Турција, осум од БиХ, седум од Романија, по шест од Хрватска и Грција, два од Косово и три од Србија. Тера Мадре ќе биде домаќин на неколку штандови со произведувачи од регионот.  

The post Македонија со 15 претставници на Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино appeared first on Република.

]]>
14. издание на најголемиот собир на мрежата Слоу фуд ќе се одржи во септември во Торино https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/14-izdanie-na-najgolemiot-sobir-na-mrezata-slou-fud-kje-se-odrzi-vo-septemvri-vo-torino/ Wed, 16 Mar 2022 09:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=473619

14. издание на Тера Мадре Салон дел Густо (Terra Madre Salone del Gusto) ќе се одржи во Торино од 22-26 септември 2022 година. Станува збор за најголемиот собир на мрежата Слоу Фуд (Slow Food) и е жив пример за тоа како храната може да биде мост до мирот. Најголемиот и најважниот меѓународен настан посветен на политиката за храна, одржливото земјоделство и животната средина е организиран од Слоу Фуд, регионот Пиемонт и градот Торино.

Фокусот ќе биде регенерација во сите нејзини форми. Да се ​​регенерира значи да се врати во подобра состојба и ние ќе разговараме за таа идеја од различни перспективи, фаворизирајќи го (еко)системскиот пристап кон тоа што е храната денес и што мислиме дека треба да биде утре, вели Еди Мукииби, потпретседател на Слоу Фуд.

Оние кои не можат да дојдат во Торино на настанот, ќе можат да се приклучат на разговорите за иднината на храната преку Интернет.

Terra Madre Salone del Gusto 2022 година ќе биде одлична прилика да се истражат прашањата што ги покрена тековната еколошка, климатска и јавна здравствена криза, а да не зборуваме за геополитичката и различните понудени одговори. Нашата цел е да изградиме колективна визија за иднината на храната која ги надминува политичките граници, ставајќи го фокусот назад на заедниците кои нè хранат и нашите односи со нив, како и на пошироката врска помеѓу човештвото и остатокот од природниот свет, продолжува Мукииби.

Регенерацијата на настанот започнува од неговата локација. Настанот ќе се одржи во Парко Дора, голем парк надвор од центарот на градот, кој се наоѓа на местото на старата челичарница.

Тоа е моќен симбол за градот и за Тера Мадре, покажувајќи како екс-индустриските области може да се трансформираат во зелени површини, за доброто на луѓето и на планетата, заклучува Мукииби.

Ова издание на Terra Madre Salone del Gusto се надоврзува на искуството од изданијата организирани од 1996 година и на знаењето стекнато во 2020 година, кога настанот се одржа во хибриден формат комбинирајќи онлајн настани и помали офлајн активности каде што е можно.

Тера Мадре беше лансиран во 2004 година како глобален собир на производители на храна од целиот свет и стана средство за развој и примена на филозофијата на Слоу Фуд ширум светот. Неговото име е избрано во чест на Пачамама, како што домородното население на Јужна Америка ја нарекува Мајка Земја, а настанот сега го слават милиони фармери ширум светот. Уште кога започна, Тера Мадре беше срцето на движењето Слоу Фуд, а благодарение на Тера Мадре Слоу Фуд можеше да се прошири во над 160 земји, се вели во соопштението од прес-службата на Слоу Фуд Италија.

The post 14. издание на најголемиот собир на мрежата Слоу фуд ќе се одржи во септември во Торино appeared first on Република.

]]>

14. издание на Тера Мадре Салон дел Густо (Terra Madre Salone del Gusto) ќе се одржи во Торино од 22-26 септември 2022 година. Станува збор за најголемиот собир на мрежата Слоу Фуд (Slow Food) и е жив пример за тоа како храната може да биде мост до мирот. Најголемиот и најважниот меѓународен настан посветен на политиката за храна, одржливото земјоделство и животната средина е организиран од Слоу Фуд, регионот Пиемонт и градот Торино.
Фокусот ќе биде регенерација во сите нејзини форми. Да се ​​регенерира значи да се врати во подобра состојба и ние ќе разговараме за таа идеја од различни перспективи, фаворизирајќи го (еко)системскиот пристап кон тоа што е храната денес и што мислиме дека треба да биде утре, вели Еди Мукииби, потпретседател на Слоу Фуд.
Оние кои не можат да дојдат во Торино на настанот, ќе можат да се приклучат на разговорите за иднината на храната преку Интернет.
Terra Madre Salone del Gusto 2022 година ќе биде одлична прилика да се истражат прашањата што ги покрена тековната еколошка, климатска и јавна здравствена криза, а да не зборуваме за геополитичката и различните понудени одговори. Нашата цел е да изградиме колективна визија за иднината на храната која ги надминува политичките граници, ставајќи го фокусот назад на заедниците кои нè хранат и нашите односи со нив, како и на пошироката врска помеѓу човештвото и остатокот од природниот свет, продолжува Мукииби.
Регенерацијата на настанот започнува од неговата локација. Настанот ќе се одржи во Парко Дора, голем парк надвор од центарот на градот, кој се наоѓа на местото на старата челичарница.
Тоа е моќен симбол за градот и за Тера Мадре, покажувајќи како екс-индустриските области може да се трансформираат во зелени површини, за доброто на луѓето и на планетата, заклучува Мукииби.
Ова издание на Terra Madre Salone del Gusto се надоврзува на искуството од изданијата организирани од 1996 година и на знаењето стекнато во 2020 година, кога настанот се одржа во хибриден формат комбинирајќи онлајн настани и помали офлајн активности каде што е можно. Тера Мадре беше лансиран во 2004 година како глобален собир на производители на храна од целиот свет и стана средство за развој и примена на филозофијата на Слоу Фуд ширум светот. Неговото име е избрано во чест на Пачамама, како што домородното население на Јужна Америка ја нарекува Мајка Земја, а настанот сега го слават милиони фармери ширум светот. Уште кога започна, Тера Мадре беше срцето на движењето Слоу Фуд, а благодарение на Тера Мадре Слоу Фуд можеше да се прошири во над 160 земји, се вели во соопштението од прес-службата на Слоу Фуд Италија.

The post 14. издание на најголемиот собир на мрежата Слоу фуд ќе се одржи во септември во Торино appeared first on Република.

]]>