слоница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slonitsa/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 13:58:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png слоница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slonitsa/ 32 32 Се огласија од скопската зоолошка за слоницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-oglasija-od-skopskata-zooloshka-za-slonitsata/ Wed, 07 Aug 2024 11:38:10 +0000 https://republika.mk/?p=804221

Од скопската зоолошка се огласија по повод информациите за една од слониците. Од таму информираат дека со одлука на експерти, е одлучено да се евтаназира слоницата поради болест.

„Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња, по насока на сопствениците кои ѝ ја позајмија на нашата зоолошка - „Pairi Daiza” од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата.

Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.

Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница.

Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем.

За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина.

Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови.

Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови”.

Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме самп нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови.

Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите „пензионерски” денови“, стои во соопштението од скопската зоолошка.

The post Се огласија од скопската зоолошка за слоницата appeared first on Република.

]]>

Од скопската зоолошка се огласија по повод информациите за една од слониците. Од таму информираат дека со одлука на експерти, е одлучено да се евтаназира слоницата поради болест. „Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден (06.08.2024 год.), азиската слоница Дуња, по насока на сопствениците кои ѝ ја позајмија на нашата зоолошка - „Pairi Daiza” од Белгија, одлучија со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови) кои изминатите денови ја прегледуваа слоницата донесоа одлука за евтаназија на слоницата. Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда. Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем. За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина. Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови. Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните „пензионерски денови”. Посетителите на Скопје ЗОО од 29.09.2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имаме самп нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови. Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите „пензионерски” денови“, стои во соопштението од скопската зоолошка.

The post Се огласија од скопската зоолошка за слоницата appeared first on Република.

]]>
(Вознемирувачко) Угина слоницата во скопската зоолошка: Директорот поставен од Арсовска се обидел тајно да ја однесе во Дрисла? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/voznemiruvachko-ugina-slonitsata-vo-skopskata-zooloshka-direktorot-postaven-od-arsovska-se-obidel-tajno-da-ja-odnese-vo-drisla/ Wed, 07 Aug 2024 08:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=804156

Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата.

Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.

Од раководството на скопската Зоолошка градина за овој случај не се објави ниту збор, како што во минатото правеа кога починаа жирафите.

Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.

Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.

Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.

Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.

ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.

Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.

The post (Вознемирувачко) Угина слоницата во скопската зоолошка: Директорот поставен од Арсовска се обидел тајно да ја однесе во Дрисла? appeared first on Република.

]]>

Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата. Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.
Од раководството на скопската Зоолошка градина за овој случај не се објави ниту збор, како што во минатото правеа кога починаа жирафите. Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста. Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи. Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови. Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори. ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми. Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени. Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.

The post (Вознемирувачко) Угина слоницата во скопската зоолошка: Директорот поставен од Арсовска се обидел тајно да ја однесе во Дрисла? appeared first on Република.

]]>