слон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slon/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 08:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png слон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slon/ 32 32 Зимбабве со слонови ќе ги рани жителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zimbabve-so-slonovi-ke-gi-rani-zhitelite/ Wed, 18 Sep 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=817350

Зимбабве одобри план за отстрел на 200 слона за да ги нахрани своите граѓани, кои страдаат од глад поради најголемата суша во последните неколку децении.

Според Тинаше Фараво, портпарол на Управата за паркови и диви животни, речиси половина од населението на земјата се соочува со акутен глад. Планот следи по слична одлука на Намибија за убивање на животни за да се ублажи гладот, наведува Си-Ен-Ен.

Фараво напомена дека Зимбабве има над 84.000 слона, што е значително над капацитетот од 45.000.

Министерката за животна средина Ситембисо Њони истакна пред пратениците дека „Зимбабве има повеќе слонови отколку што му требаат“.

Таа додаде дека големиот број слонови значи и „недостиг на ресурси“ за нивната исхрана, што поттикнува конфликт меѓу човекот и дивиот свет во земјата. - Разговараме со Управата за паркови и диви животни на Зимбабве и некои заедници за да го направиме она што го направи Намибија, нагласи таа.

- Кога има пренатрупаност со диви животни во одреден парк, тие потоа ќе се обидат да излезат надвор од паркот во потрага по ресурси како вода или зеленило. Кога тоа ќе се случи, тие ќе дојдат во контакт со луѓето и ќе започнат конфликти, додаде таа. .

Минатиот месец Намибија одобри колење на 700 диви животни, вклучително и слонови, а нивното месо ќе биде дистрибуирано до луѓето кои се соочуваат со недостиг на храна. Веќе се убиени повеќе од 150 животни, објави намибиското Министерство за животна средина, шумарство и туризам, а поделени се над 50.000 килограми месо.

The post Зимбабве со слонови ќе ги рани жителите appeared first on Република.

]]>

Зимбабве одобри план за отстрел на 200 слона за да ги нахрани своите граѓани, кои страдаат од глад поради најголемата суша во последните неколку децении. Според Тинаше Фараво, портпарол на Управата за паркови и диви животни, речиси половина од населението на земјата се соочува со акутен глад. Планот следи по слична одлука на Намибија за убивање на животни за да се ублажи гладот, наведува Си-Ен-Ен. Фараво напомена дека Зимбабве има над 84.000 слона, што е значително над капацитетот од 45.000. Министерката за животна средина Ситембисо Њони истакна пред пратениците дека „Зимбабве има повеќе слонови отколку што му требаат“. Таа додаде дека големиот број слонови значи и „недостиг на ресурси“ за нивната исхрана, што поттикнува конфликт меѓу човекот и дивиот свет во земјата. - Разговараме со Управата за паркови и диви животни на Зимбабве и некои заедници за да го направиме она што го направи Намибија, нагласи таа.
- Кога има пренатрупаност со диви животни во одреден парк, тие потоа ќе се обидат да излезат надвор од паркот во потрага по ресурси како вода или зеленило. Кога тоа ќе се случи, тие ќе дојдат во контакт со луѓето и ќе започнат конфликти, додаде таа. .
Минатиот месец Намибија одобри колење на 700 диви животни, вклучително и слонови, а нивното месо ќе биде дистрибуирано до луѓето кои се соочуваат со недостиг на храна. Веќе се убиени повеќе од 150 животни, објави намибиското Министерство за животна средина, шумарство и туризам, а поделени се над 50.000 килограми месо.

The post Зимбабве со слонови ќе ги рани жителите appeared first on Република.

]]>
Зошто Боцвана има проблем со слоновите? https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ushte-toa-nemaat-botsvana-ke-isprati-20-000-slonovi-vo-germanija/ Wed, 03 Apr 2024 21:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=761492

Претседателот на Боцвана, Мокгвици Масиси и се закани на Германија дека ќе испрати до 20.000 слонови,
незадоволен што Берлин го критикува ловот на слонови и извозот на трофеи што неговата земја, според него, ги практикува за да го регулира бројот на овие животни.

Масиси за германскиот весник Билд изјави дека не се шегува што сака да пресели 20.000 слонови.

-Би сакале да и го дадеме овој подарок на Германија, рече Масиси, додавајќи дека „нема да прифати никакво одбивање“.

Боцвана, земја без излез на море во јужна Африка, е дом на најголемата популација на слонови во светот, околу 130 илјади, со кои заедничкиот живот често е тежок, рече претседателот, наведувајќи ги нападите врз луѓе, села и земјоделски култури.

Критиките на германското Министерство за животна средина, предводено од екологистите, се однесуваат на трофеите за лов на слонови за богати западни клиенти.

Што се однесува до „подарокот“ предвиден од претседателот Масиси, германското министерство изјави дека „Боцвана сè уште не остварила контакт“ на оваа тема.

Во 2019 година, Боцвана ја укина целосната забрана за лов, воведена пет години порано за да се смени падот на популацијата на слонови и други видови. Тоа предизвика незадоволство кај екологистите. Комерцијалниот лов е исто така важен извор на локален приход.

Оттогаш, Боцвана секоја година одлучува за квотата на животни што може да се ловат. Минатата година, земјата и понуди осум илјади слонови на Ангола и 500 на Мозамбик во 2022 година

The post Зошто Боцвана има проблем со слоновите? appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Боцвана, Мокгвици Масиси и се закани на Германија дека ќе испрати до 20.000 слонови, незадоволен што Берлин го критикува ловот на слонови и извозот на трофеи што неговата земја, според него, ги практикува за да го регулира бројот на овие животни. Масиси за германскиот весник Билд изјави дека не се шегува што сака да пресели 20.000 слонови. -Би сакале да и го дадеме овој подарок на Германија, рече Масиси, додавајќи дека „нема да прифати никакво одбивање“. Боцвана, земја без излез на море во јужна Африка, е дом на најголемата популација на слонови во светот, околу 130 илјади, со кои заедничкиот живот често е тежок, рече претседателот, наведувајќи ги нападите врз луѓе, села и земјоделски култури. Критиките на германското Министерство за животна средина, предводено од екологистите, се однесуваат на трофеите за лов на слонови за богати западни клиенти. Што се однесува до „подарокот“ предвиден од претседателот Масиси, германското министерство изјави дека „Боцвана сè уште не остварила контакт“ на оваа тема. Во 2019 година, Боцвана ја укина целосната забрана за лов, воведена пет години порано за да се смени падот на популацијата на слонови и други видови. Тоа предизвика незадоволство кај екологистите. Комерцијалниот лов е исто така важен извор на локален приход. Оттогаш, Боцвана секоја година одлучува за квотата на животни што може да се ловат. Минатата година, земјата и понуди осум илјади слонови на Ангола и 500 на Мозамбик во 2022 година

The post Зошто Боцвана има проблем со слоновите? appeared first on Република.

]]>
Вознемирувачко: Никогаш не лажете слон со банана https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/voznemiruvachko-nikogash-ne-lazhete-slon-so-banana/ Sat, 29 Apr 2023 06:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=635148

Девојче во Индија беше нападнато од голем слон откако го задевала со банана и не му ја дала!

На снимката од нападот може да се види како девојката му нуди банана на огромното животно, но потоа одеднаш ја повлекува раката токму кога слонот сакал да го земе овошјето.

Се гледа како таа се насмевнува и се забавува, но слонот ја предвиде измамата и наеднаш замавна со забите и го фрли девојчето во воздух.

Пријателот кој го снимал видеото исплашено се повлече и ја испушти камерата.

Непосредно пред нападот на слонот, се слуша дека девојчето вели: „Колку кул“.

The post Вознемирувачко: Никогаш не лажете слон со банана appeared first on Република.

]]>

Девојче во Индија беше нападнато од голем слон откако го задевала со банана и не му ја дала! На снимката од нападот може да се види како девојката му нуди банана на огромното животно, но потоа одеднаш ја повлекува раката токму кога слонот сакал да го земе овошјето. Се гледа како таа се насмевнува и се забавува, но слонот ја предвиде измамата и наеднаш замавна со забите и го фрли девојчето во воздух. Пријателот кој го снимал видеото исплашено се повлече и ја испушти камерата. Непосредно пред нападот на слонот, се слуша дека девојчето вели: „Колку кул“.

The post Вознемирувачко: Никогаш не лажете слон со банана appeared first on Република.

]]>
Слон прегазил до смрт научник во Уганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slon-pregazil-do-smrt-nauchnik-vo-uganda/ Wed, 13 Apr 2022 12:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=487902

Слон прегазил колумбиски научник кој проучувал шимпанза во националниот парк Кибали во западна Уганда.

Според порталот „Swissinfo“, Себастијан Рамирез Амаја од Американскиот државен универзитет во Аризона (АСУ) починал на лице место по нападот на слон во неделата.

Тој и неговиот помошник наишле на осамен слон кој ги нападнал и почнал да трча по нив, поради што морале да се разделат. Слонот трчал по Себастијан и го згмечил - соопштија властите на Уганда.

Амаја работел на својот докторат како дел од истражувањето на општествениот живот на шимпанзата.

„Swissinfo“ пренесува дека ова е втор смртен случај за кратко време, бидејќи слон уби саудиска туристка во друг национален парк пред три месеци.

The post Слон прегазил до смрт научник во Уганда appeared first on Република.

]]>

Слон прегазил колумбиски научник кој проучувал шимпанза во националниот парк Кибали во западна Уганда.
Според порталот „Swissinfo“, Себастијан Рамирез Амаја од Американскиот државен универзитет во Аризона (АСУ) починал на лице место по нападот на слон во неделата. Тој и неговиот помошник наишле на осамен слон кој ги нападнал и почнал да трча по нив, поради што морале да се разделат. Слонот трчал по Себастијан и го згмечил - соопштија властите на Уганда.
Амаја работел на својот докторат како дел од истражувањето на општествениот живот на шимпанзата. „Swissinfo“ пренесува дека ова е втор смртен случај за кратко време, бидејќи слон уби саудиска туристка во друг национален парк пред три месеци.

The post Слон прегазил до смрт научник во Уганда appeared first on Република.

]]>