Слободан Трендафилов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slobodan-trendafilov/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 11:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Слободан Трендафилов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slobodan-trendafilov/ 32 32 Се скараа бившиот и сегашниот претседател на ССМ: Митрески контра Трендафилов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-skaraa-bivshiot-i-segashniot-pretsedatel-na-ssm-mitreski-kontra-trendafilov/ Fri, 23 Aug 2024 11:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=809456

Живко Митрески, поранешен претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, денеска на прес-конференција се осврна на барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на платите тврдејќи дека актуелниот претседател на ССМ Слободан Трендафилов ја замајува јавноста. Трендафилов, пак, кој исто така присуствуваше на прес-конференцијата, рече дека ССМ е репрезентативен синдикат и дека остануваат на барањето за зголемување на платите.

Да упатам јавна критика во делот на однесувањето на г. Трендафилов и замајувањето на јавноста за зголемувањето на платите. Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме врз основа со легитимните синдикати да направиме реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство, а не повикување на нешто што е спротивно на сите стандарди - рече Митрески.

Тврди дека е нелегитимно сменет од функцијата со решение потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Пристигнато е најново барање од страна на ЕУ до претседателот на Владата на Република Македонија, исто така и до министерот за економија и труд со кои бараат елиминирање на сите решенија, посебно на решението на госпоѓата Ременска со кој нелегитимно бев променет од позицијата претседател на ССМ - изјави Митрески.

Актуелниот претседател на ССМ, пак, во изјава за медиумите рече дека остануваат на барањето за зголемување на платите.

Мене ми е многу жал што претседателот Митревски се уште живее како да е 2017 година, 11 август, кога бил променет од функцијата. Од тогаш до денеска се поминати повеќе од шест години. Ние како ССМ остануваме на ставот дека платите во Македонија мора да се зголемат. Политичките памфлети, политичките напади врз претседател на ССМ, врз ССМ како организација, врз работниците ги отфрламе и сметаме дека се крајно несериозни особено поради тоа што ССМ е единствениот репрезентативен партнер во оваа држава на работодавачите и на владата и особено поради тоа што во изминатиот период успеавме да покажеме дека не само со социјален дијалог туку и со штрајкови и со преговори и со блокади ќе успееме да го направиме тоа што го правиме најдобро за работниците, а тоа е зголемување на нивните плати - изјави Трендафилов.

Митрески беше претседател на ССМ до 2017 година кога функцијата ја презеде Дарко Димовски.

The post Се скараа бившиот и сегашниот претседател на ССМ: Митрески контра Трендафилов appeared first on Република.

]]>

Трендафилов: Доколку не се зголемат платите работниците ќе си заминат од државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-dokolku-ne-se-zgolemat-platite-rabotnitsite-ke-si-zaminat-od-drzhavata/ Wed, 21 Aug 2024 12:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=808685

Претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов е оптимист и очекува да има средба со премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на минималната плата. Како што вели, ССМ веќе има доставено барање за средба и очекува социјалниот дијалог да го води на маса, доколку тоа не се случи секогаш имаат на располагање и други мерки.

Владата вети дека во првите 100 дена ќе седне да разговара со ССМ за зголемувањето на минималната плата на најмалку 450 евра. Јас сум оптимист дека средбата ќе се случи поради тоа што ја знам силата на работниците. Ние работниците мораме да бидеме слушнати и мораме да кажеме што се потребите на работниците. Очекувам средбата да се случи како што ветија тие во првите 100 дена, а исто така имаме побарано дополнителна средба и на 2 септември со генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Естер Линч која од 1 до 3 септември ќе ја посети Македонија и ќе биде гостин на ССМ - рече Трендафилов во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Како што кажа, во Црна Гора каде имаше минимална плата од 450 евра во наредниот период ќе има минимална плата од 600 евра за работниците со средно образование и 800 евра за оние со високо, во Бугарија минималната плата ќе биде 500 евра, во Србија и БиХ се преговара за 500 евра,...

ССМ има доставено барање за средба со премиерот како што тоа го направивме и со сите останати министри во изминатиов период. Наша главна улога како социјални партнери е социјалниот дијалог да го водиме за почеток на маса. Синдикатите, се разбира, дека секогаш имаат мерки на располагање кои може да ги применуваат. Како ССМ во минатото мислам дека бевме препознаени и покажавме дека можеме да седнеме на маса, можеме да ги изложиме нашите барања, можеме да ги кажеме нашите образложенија зошто бараме и зошто се нашите потреби. Да не заборавиме нешто, не мисли Слободан дека треба да се зголемуваат платите на работниците, тоа го мислат работниците и синдикатите и нивните членови, луѓето кои не’ поставиле да бидеме тука да ги трпиме сите удари за тие да не го трпат тоа - порача Трендафилов.

Посочи дека очекуваат да се сретнат и со претставниците на Владата, надлежните министри, како и претставниците на Собранието кои се надлежни за работата од областа на трудот. Потсети дека ССМ во април има доставено барање за намалување на функционерските плати за 78 проценти, кое, како што кажа, стои затворено во фиока.

Тоа што мене ме загрижува е што слушаме изјави од политичари дека доколку им се намали платата тие ќе ги напуштат нивните работни места. Тоа што нив треба да ги загрижува е дека доколку не се зголемат платите на работниците, работниците ќе си заминат од Македонија поради тоа што ќе имаат можност да работат во Црна Гора за 600 до 800 евра, во Бугарија за 500 евра, во Србија за 500 евра, БиХ за 500 евра, а да не зборуваме за Хрватска и за Словенија. Треба да седнеме и да разговараме и да ги надминеме сите проблеми и предизвици. Мора да не слушнат. Ние сме тука за тоа и затоа постоиме 78 години - истакна Трендафилов и додаде дека работодавачите од приватниот сектор со давањето плати во пликови и неплаќањето давачки на годишно ниво го оштетуваат буџетот за 250 милиони евра.

Согласно податоците што ССМ ги има обезбедено од УЈП, како што посочи Трендафилов, близу 34 илјади работници во државата работат за минималец или до минималната плата.

Околу девет илјади работници примаат плата од еден денар до 23.567 денари што не само што не е законски, не само што не е хумано, туку е и кривично дело да го прави некој работодавач и од таа причина сметам дека 35 илјади работници заслужуваат зголемување на нивните плати, а апропо тоа заслужуваат зголемување на нивните плати и сите останати работници. Борбата за минимална плата е ниту еден работник да не биде на минимална плата - рече Трендафилов.

Тоа што го гарантираме во јавниот сектор, рече Трендафилов, е дека наредната година платата на вработените ќе расте со просечната плата, а тоа што го гарантираме во приватниот сектор секаде каде сме синдикално организирани, платите се пораснати повеќе од 50 проценти за последните две години.

The post Трендафилов: Доколку не се зголемат платите работниците ќе си заминат од државата appeared first on Република.

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-postapkata-za-rabotnichkiot-dom-ke-se-povtori/ Thu, 18 Apr 2024 12:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=767581

Основниот граѓански суд Скопје донел решение со кое ќе се повтори постапката за Работничкиот дом кој со одлука на Врховниот суд треба да му биде одземан на Сојузот на синдикати на Македонија, информира попладнево претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

На прес-конференција, Трендафилов рече дека очекуваат ова прашање да се реши најбрзо што може.

До 1 мај очекуваме приоритет на постапката и нова пресуда која ќе значи враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и Апелациониот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин враќање на Работничкиот дом на работниците - рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори appeared first on Република.

]]>

Основниот граѓански суд Скопје донел решение со кое ќе се повтори постапката за Работничкиот дом кој со одлука на Врховниот суд треба да му биде одземан на Сојузот на синдикати на Македонија, информира попладнево претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. На прес-конференција, Трендафилов рече дека очекуваат ова прашање да се реши најбрзо што може.
До 1 мај очекуваме приоритет на постапката и нова пресуда која ќе значи враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и Апелациониот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин враќање на Работничкиот дом на работниците - рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори appeared first on Република.

]]>
ССМ со жолт картон до судиите, најавија и црвен: Доколку го земат нашиот дом, ќе ги земеме нивните домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssm-so-zholt-karton-do-sudiite-najavija-i-tsrven-dokolku-go-zemat-nashiot-dom-ke-gi-zememe-nivnite-domovi/ Tue, 02 Apr 2024 12:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=761270

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат – можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.

Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави – се гази само напред и само право - изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.

Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење - потенцира Трендафилов.

Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови.

Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.

Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие - рече Трендафилов.

За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.

Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците - рече Трендафилов.

Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.

На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници - посочи Трендафилов.

Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото - рече Трендафилов.

За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post ССМ со жолт картон до судиите, најавија и црвен: Доколку го земат нашиот дом, ќе ги земеме нивните домови appeared first on Република.

]]>

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат – можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.
Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави – се гази само напред и само право - изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.
Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење - потенцира Трендафилов.
Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови. Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.
Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие - рече Трендафилов.
За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.
Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците - рече Трендафилов.
Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.
На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници - посочи Трендафилов.
Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото - рече Трендафилов.
За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post ССМ со жолт картон до судиите, најавија и црвен: Доколку го земат нашиот дом, ќе ги земеме нивните домови appeared first on Република.

]]>
Сè полош е квалитетот на животот – бирате полоша храна оти е поевтина, бирате да седите во студено, да не излегувате… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-polosh-e-kvalitetot-na-zhivotot-birate-polosha-hrana-oti-e-poevtina-birate-da-sedite-vo-studeno-da-ne-izleguvate/ Thu, 22 Feb 2024 09:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=746821

Ќе земете калкулатор и ќе пресметате од што ќе се откажете. Тоа е најлошото за еден граѓанин, за еден работник во Македонија да работите, а да бидете сиромашен, изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во вчерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Тоа е нешто што треба да ги удри во глава креаторите на политиките, треба да размислуваат и токму заради тоа ја прсметуваме минималната синдикална кошница. Не за да покажеме на работниците со колку можат да живеат, туку да покажеме на овие кои ја креираат политиката дека не се живее ниту со толку. Вредноста на минималната синдикална кошничка е 57.476 денари е доколку не плаќате стан, ако немате кредит и ако немате други издатоци во тековниот месец кои се апсолутно неопходни. Тие се потребни само за неопходните потребни на четиричлено семејно домаќинство. Зборувам за минимум без што не може да се преживее во тековниот месец, истакна Трендафилов.

Тој потенцира дека при прсметка на кошничката, точно се знае колку за храна, колку за облека, колку за транспорт, за комуникации, за образование и останати стоки и услуги, колку за станарина, за лекување, за лична хигиена.

Меѓутоа, тоа е да одите и да ги бркате цените. Ние во ССМ тоа го правиме. Секој месец, пред да ја извадиме синдикалната минимална кошничка, одиме по маркетите, ги гледаме најевтините цени во нив за можеме да ја склопиме. И под претпоставка дека работникот или граѓанини ќе го прави истото за да може да му останат повеќе средства, истакна првиот човек на ССМ.

Најлошото од се, нагласи Трендафилов, е дека се намалува од квалитетот на живот.

Бирате полоша храна, а поевтина, бирате да не го затоплите домот, да седите во студено, бирате да не посетувате културни манифестации. Значи да го изоставите културниот живот, како и спортските и други образовни процеси за децата. Оваа пресметка покажува дека платите се ниски, дека функционерите кога се фалат со промотивни спотови дека не ја гледаат реалноста, дека реалноста е сосема друга. Реалноста е дека сè повеќе имате сиромашни граѓани во Македонија, рече Трендафилов.

The post Сè полош е квалитетот на животот – бирате полоша храна оти е поевтина, бирате да седите во студено, да не излегувате… appeared first on Република.

Трендафилов: Работничкиот дом останува на работниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trendafilov-rabotnichkiot-dom-ostanuva-na-rabotnitsite/ Wed, 14 Feb 2024 18:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=744180

Работничкиот дом останува на работниците, а битката за тоа ќе ја водиме како пред домашните, така и пред меѓународните судови, но ќе бараме и одговорност од сите инволвирани во овој процес. Токму тоа и му го пренесовме на министерот, посочи претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов по средбата со министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски во просториите на ССМ.

Не би сакал да ги коментирам одлуките што ги носат судовите иако знаеме како функционираат, но како човек и како Министерство ќе имаат поддршка од мене. Ќе направиме се што е во наша надлежност за да им бидеме од помош и им стоиме на располагање за сите консултации и правни елементи за кои сметаат дека треба да ни се обратат и да учествуваме ние како Министерство - рече Велковски.

Трендафилов во одговор на новинарско прашање како срамна ја оцени пресудата што ја донесоа тројцата судии во Врховниот суд со кои им е одземена сопственоста на зградата на ССМ во центарот на Скопје.

Овие тројца судии не заслужуваат да се нарекуваат судии. Очекувавме нивна оставка која не ја поднесоа и затоа поднесовме барање за утврдување на одговорност на овие тројца судии до Републичкиот судски совет кој е единствено надлежен за тоа. Очекуваме нивно разрешување затоа што нивната одлука не се поткрепува ниту на еден закон, ниту, пак, на Уставот, туку само на слободно судско убедување - рече Трендафилов.

Нагласи дека ССМ уште во 90-десеттите години од минатиот век,а и пред тоа е регистриран во Министерството за труд и социјална политика со решение врз основа на Законот за работни односи. Токму затоа, како што кажа, судиите при носењето на пресудата не смееле да применуваат закон од 1998 година кој се однесува за здруженија и фондации.

Ако сме биле здружение или фондација немало да го склучиме Општиот колективен договор или договор за унапредување на работничките права лани во јули како партнери на Владата, ниту, пак, доколку сме биле владина институција - рече Трендафилов.

Очекува во текот на наредната недела да следи повторување на постапката и Врховниот суд веднаш без одлагање да постапи заради изборите кои се ближат. Не ја исклучува и можноста да достават претставка и до Меѓународниот суд во Стразбур за што имаат рок од четири месеци и каде како што вели со сигурност ќе го добијат процесот. Тоа го заклучиле во консултација со нивните братски синдикати од Европската и Светската конфедерација на синдикати и со претставниците на Меѓународната организација на трудот кои посочиле дека не постои ниту еден ваков случај во некоја социјалистичка или посткомунистичка земја да се одзема сопственост на дом граден од синдикална членарина од работниците за синдикатите.

Ова е прв случај во светот и веројатно Македонија како и по многу други работи ќе биде позната по нешто за првпат, а тоа е да се разграба работничкиот имот веројатно за бизнис или се сомневаме и за други интереси. Како Синдикат не сакаме да се мешаме во политичките процеси, но со прст ќе покажеме кон виновниците покрај овие тројца судии за кои со сигурност знаеме дека се виновници, без разлика дали се политичари, политички партии или други чинители во општеството, кои сакаат да го обезглават синдикалното движење во Македонија и да го уништат ССМ. Некој смета дека на ваков начин ќе не дисциплинира, но само ќе не направи погласни - потенцира Трендафилов.

The post Трендафилов: Работничкиот дом останува на работниците appeared first on Република.

Трендафилов: Бараме оставки од судиите Деваја, Георгиев и Лимани кои пресудија одземање на зградата на ССМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trendafilov-barame-ostavki-od-sudiite-devaja-georgiev-i-limani-koi-presudija-odzemane-na-zgradata-na-ssm/ Wed, 31 Jan 2024 15:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=739101

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот.

Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување.

– Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле пресудата со нивно слободно убедување без аргументи, со користење на закон што не е во сила, рече Трендафилов на денешната прес-конференција.

Како што образложи Трендафилов, тројцата судии во пресудата се повикуваат на законот од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон во кој е наведено дека со стапувањето во сила на новиот закон претставува да важи законот од 1998 година.

– Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони, рече Трендафилов.

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Докол

Како што посочи, дури и во член од законот од 1998 година е наведено дека имотот на ваквите здруженија стекнат од сопствени пари им припаѓа на тие здруженија.

– Шестар систем во судството, да ги бодат законите и да бираат кој ќе го применуваат за временски период што ним им одговара е погубно за судството и е погазување на честа на сите оние судии кои совесно си ја извршуваат работата. Токму поради ваквите судии довербата во судството е два проценти, рече Трендафилов.

Тројцата судии, посочи Трендафилов, не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година во чие образложение е укината одлуката за определување на рокот за преземање на средствата на општествени и политички организации, а не ја почитувале ниту пресудата на Врховниот суд од 24.11.2004 година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ.

Од ССМ се сомневаат дека под политички притисок е донесена одлуката и како што велат најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата.

За случувањата информирани се европските и светските синдикати. – Целокупното светско синдикално лидерство ќе дојде во Македонија токму во изборите кога ќе им гори на политичките партии и кога тие ќе треба да покренат одговорност за овие судии, рече Трендафилов.

Најавуваат постапка и пред Меѓународниот суд на правдата.

– Ние нема да ја предадеме зградата на тацна. Нема ни да влезат во зградата. Но, обезглавувањето на претставникот на работниците, односно на ССМ е нешто што нема да го дозволиме, а нема да го дозволат ниту Европската конфедерација на синдикати, ниту Светската конфедерација на синдикати. Тие тоа што ќе го направат во процесот на претпристани преговори за Република Македонија во Брисел е нешто што треба да се замислат политичарите, рече Трендафилов, прашувајќи кој ќе биде оној во Владата што ќе гласа за одлуката да се одземе имотот на ССМ бидејќи овој објект мора да биде впишан на име на државата.

The post Трендафилов: Бараме оставки од судиите Деваја, Георгиев и Лимани кои пресудија одземање на зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување.
– Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле пресудата со нивно слободно убедување без аргументи, со користење на закон што не е во сила, рече Трендафилов на денешната прес-конференција.
Како што образложи Трендафилов, тројцата судии во пресудата се повикуваат на законот од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон во кој е наведено дека со стапувањето во сила на новиот закон претставува да важи законот од 1998 година.
– Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони, рече Трендафилов.
Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Докол Како што посочи, дури и во член од законот од 1998 година е наведено дека имотот на ваквите здруженија стекнат од сопствени пари им припаѓа на тие здруженија.
– Шестар систем во судството, да ги бодат законите и да бираат кој ќе го применуваат за временски период што ним им одговара е погубно за судството и е погазување на честа на сите оние судии кои совесно си ја извршуваат работата. Токму поради ваквите судии довербата во судството е два проценти, рече Трендафилов.
Тројцата судии, посочи Трендафилов, не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година во чие образложение е укината одлуката за определување на рокот за преземање на средствата на општествени и политички организации, а не ја почитувале ниту пресудата на Врховниот суд од 24.11.2004 година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ. Од ССМ се сомневаат дека под политички притисок е донесена одлуката и како што велат најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата. За случувањата информирани се европските и светските синдикати. – Целокупното светско синдикално лидерство ќе дојде во Македонија токму во изборите кога ќе им гори на политичките партии и кога тие ќе треба да покренат одговорност за овие судии, рече Трендафилов. Најавуваат постапка и пред Меѓународниот суд на правдата.
– Ние нема да ја предадеме зградата на тацна. Нема ни да влезат во зградата. Но, обезглавувањето на претставникот на работниците, односно на ССМ е нешто што нема да го дозволиме, а нема да го дозволат ниту Европската конфедерација на синдикати, ниту Светската конфедерација на синдикати. Тие тоа што ќе го направат во процесот на претпристани преговори за Република Македонија во Брисел е нешто што треба да се замислат политичарите, рече Трендафилов, прашувајќи кој ќе биде оној во Владата што ќе гласа за одлуката да се одземе имотот на ССМ бидејќи овој објект мора да биде впишан на име на државата.

The post Трендафилов: Бараме оставки од судиите Деваја, Георгиев и Лимани кои пресудија одземање на зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>
Трендафилов: Очекуваме Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот за 72 часа работна недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-ochekuvame-ustavniot-sud-da-donese-barem-privremena-merka-za-stopirane-na-zakonot-za-72-chasa-rabotna-nedela-2/ Tue, 19 Sep 2023 11:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=683144

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не добил одговор од Уставниот суд на иницијативата што ја поднесе пред три месеци за оспорување на измените на Законот за работни односи во делот на недела неработен ден и 72 часа работна недела, воведена за изградба на инфраструктурни објекти од стратешки интерес за државата односно за коридорите 8 и 10д.

За жал, Уставниот суд до денеска не се одважил да информира за иницијативата, иако е изработена со поддршка од професори на Правниот факултет. Првпат покрај наши експерти кои ги има во синдикатите, поддршка добивме и од професорите од Правниот факултет од Катедрата за трудови право за да може да ја изготвиме најдобрата иницијатива до Уставниот суд -  рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Очекува, рече, Уставниот суд да донесе барем привремена мерка на таквото законско решение и дека тоа може да го направи по сопствена иницијатива или, ако е потребно, ССМ може да поднесе и иницијатива за привремена мерка која ќе ја стопира примената на законот.

Трендафилов рече дека за пополнување две илјади работни места за почеток на изградбата на коридорите се пријавиле само 300 работници односно 10 отсто од потребниот број. Тоа, рече, е затоа што „не може да очекувате работник да дојде да работи по 72 часа неделно за мизерна, минимална плата“.

Ако сакате да ви го изградиме автопатот побрзо, поефикасно и поевтино, ние стоиме на располагање како работници, меѓутоа за достоинствени плати, достоинствени и пристојни услови за работа, почитувајќи ги мерките за безбедност и здравје при работа. Се плашиме за животот и здравјето на работниците кои почнале да ги градат овие автопатишта. Очекувам Уставниот суд најбргу што може да ја спречи оваа кражба на работничкиот труд и да спречи Македонија да биде Ел Дорадо за одредени бизнис-интереси на штета на работничките права - рече претседателот на ССМ.

Никаде во ЕУ, додаде тој, не се работи 72 часа неделно, туку 38 па дури и 35 часа, а се воведува и четиридневна работна недела во одредени дејности и индустрии.

Не сакаме да ја видиме Македонија на светските часописи како што тоа беше случајот со Катар и изградбата на стадионите каде починаа огромен број работници токму поради вакво непочитување на работното време - рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Очекуваме Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот за 72 часа работна недела appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не добил одговор од Уставниот суд на иницијативата што ја поднесе пред три месеци за оспорување на измените на Законот за работни односи во делот на недела неработен ден и 72 часа работна недела, воведена за изградба на инфраструктурни објекти од стратешки интерес за државата односно за коридорите 8 и 10д.
За жал, Уставниот суд до денеска не се одважил да информира за иницијативата, иако е изработена со поддршка од професори на Правниот факултет. Првпат покрај наши експерти кои ги има во синдикатите, поддршка добивме и од професорите од Правниот факултет од Катедрата за трудови право за да може да ја изготвиме најдобрата иницијатива до Уставниот суд -  рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Очекува, рече, Уставниот суд да донесе барем привремена мерка на таквото законско решение и дека тоа може да го направи по сопствена иницијатива или, ако е потребно, ССМ може да поднесе и иницијатива за привремена мерка која ќе ја стопира примената на законот. Трендафилов рече дека за пополнување две илјади работни места за почеток на изградбата на коридорите се пријавиле само 300 работници односно 10 отсто од потребниот број. Тоа, рече, е затоа што „не може да очекувате работник да дојде да работи по 72 часа неделно за мизерна, минимална плата“.
Ако сакате да ви го изградиме автопатот побрзо, поефикасно и поевтино, ние стоиме на располагање како работници, меѓутоа за достоинствени плати, достоинствени и пристојни услови за работа, почитувајќи ги мерките за безбедност и здравје при работа. Се плашиме за животот и здравјето на работниците кои почнале да ги градат овие автопатишта. Очекувам Уставниот суд најбргу што може да ја спречи оваа кражба на работничкиот труд и да спречи Македонија да биде Ел Дорадо за одредени бизнис-интереси на штета на работничките права - рече претседателот на ССМ.
Никаде во ЕУ, додаде тој, не се работи 72 часа неделно, туку 38 па дури и 35 часа, а се воведува и четиридневна работна недела во одредени дејности и индустрии.
Не сакаме да ја видиме Македонија на светските часописи како што тоа беше случајот со Катар и изградбата на стадионите каде починаа огромен број работници токму поради вакво непочитување на работното време - рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Очекуваме Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот за 72 часа работна недела appeared first on Република.

]]>
Трендафилов: Не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-ne-mozhe-da-dozvolime-funktsionerite-na-78-zgolemeni-plati-da-dobijat-odreden-protsent-na-zgolemuvane-vo-septemvri/ Tue, 04 Jul 2023 20:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=658190

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во емисијата 24 Отворено истакна дека утре на барање на министерот за финансии треба да се одржи состанок на ниво министри од влада и претседатели на сојузи и конфедерации на кои ќе се разговара за надминување на транзицискиот период.

-Ние на последната седница на ЕСС изнесовме дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. Не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да ги земаме истите плати. Во септември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на највисоко работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември, рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во емисијата 24 Отворено истакна дека утре на барање на министерот за финансии треба да се одржи состанок на ниво министри од влада и претседатели на сојузи и конфедерации на кои ќе се разговара за надминување на транзицискиот период. -Ние на последната седница на ЕСС изнесовме дека во името на солидарноста, функционерите треба да покажат добар чекор и да си ги вратат платите пред одлуката на Уставниот суд. Не дека ние ги сакаме нивните плати да ги земем, туку сакаме и ние да ги земаме истите плати. Во септември доколку се договориме за пораст или усогласување на платите во јавниот сектор, да се однесува на вработениот на највисоко работно место и на претседателот. Ние како синдикални претставници, не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември, рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Не може да дозволиме функционерите на 78% зголемени плати да добијат одреден процент на зголемување во септември appeared first on Република.

]]>
Слободан Трендафилов избран за претседател на ССМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slobodan-trendafilov-izbran-za-pretsedatel-na-ssm/ Fri, 30 Jun 2023 12:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=656857

Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ.

Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување.

Димовски ја извршуваше функцијата претседател на ССМ од декември 2017 година, а претходно беше претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ)

The post Слободан Трендафилов избран за претседател на ССМ appeared first on Република.

]]>

Слободан Трендафилов е новиот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран по денешниот Конгрес што се одржа во Скопје. Трендафилов беше единствен кандидат за претседател на ССМ. Конгресот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон прерано починатиот претседател на ССМ Дарко Димовски и неговите заложби за синдикалното делување. Димовски ја извршуваше функцијата претседател на ССМ од декември 2017 година, а претходно беше претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ)