Слободан Марјановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slobodan-marjanovik/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 12:52:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Слободан Марјановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slobodan-marjanovik/ 32 32 Србинот убиен во Колумбија требало да преземе дрога и да ја пренесе во Холандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbinot-ubien-vo-kolumbija-trebalo-da-prezeme-droga-i-da-ja-prenese-vo-holandija/ Wed, 31 May 2023 13:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=646489

Српскиот државјанин Слободан Марјановиќ (40), кој во неделата беше убиен во Колумбија, најверојатно дошол во таа земја со цел да се договори со извесен Пак, кој важи за водач на картелот „Лос Панченкас“, за транспорт на дрога во Холандија!

Колумбиските медиуми открија дека во истрагата за убиството многу помогнал мистериозен сведок кој престојувал со Марјановиќ во луксузен хотел во Санта Марта. Колумбиските медиуми не откриваат дали и клучниот сведок е државјанин на Србија.

Се сомневаат дека жртвата била дел од криминална група која шверцува дрога од Колумбија во Европа. Клучниот сведок, кој престојуваше со жртвата во хотелот, откри дека Марјановиќ се сретнал со лице по прекар Пако, еден од најбараните нарко босови, за да ја координира испораката на дрога од морското пристаниште во Колумбија до главниот град на Холандија.

Полицијата наводно го пронашла сведокот на аеродромот кога по убиството на Марјановиќ со авион се обидел да се врати во Богота од Санта Марта, од каде на 24 мај пристигнале во приморскиот град. Им признал дека требало да ја координираат пратката што требало да биде натоварена на бродот.

Пронајдени се и три мобилни телефони, кои детално ќе бидат анализирани во текот на истрагата, за да се утврди со кого разговарала жртвата откако пристигнала во Колумбија. Марјановиќ на 22 мај влегол на територијата на земјава, а на 25 мај се пријавил во хотелот во Санта Марта.

The post Србинот убиен во Колумбија требало да преземе дрога и да ја пренесе во Холандија appeared first on Република.

]]>

Српскиот државјанин Слободан Марјановиќ (40), кој во неделата беше убиен во Колумбија, најверојатно дошол во таа земја со цел да се договори со извесен Пак, кој важи за водач на картелот „Лос Панченкас“, за транспорт на дрога во Холандија! Колумбиските медиуми открија дека во истрагата за убиството многу помогнал мистериозен сведок кој престојувал со Марјановиќ во луксузен хотел во Санта Марта. Колумбиските медиуми не откриваат дали и клучниот сведок е државјанин на Србија. Се сомневаат дека жртвата била дел од криминална група која шверцува дрога од Колумбија во Европа. Клучниот сведок, кој престојуваше со жртвата во хотелот, откри дека Марјановиќ се сретнал со лице по прекар Пако, еден од најбараните нарко босови, за да ја координира испораката на дрога од морското пристаниште во Колумбија до главниот град на Холандија. Полицијата наводно го пронашла сведокот на аеродромот кога по убиството на Марјановиќ со авион се обидел да се врати во Богота од Санта Марта, од каде на 24 мај пристигнале во приморскиот град. Им признал дека требало да ја координираат пратката што требало да биде натоварена на бродот. Пронајдени се и три мобилни телефони, кои детално ќе бидат анализирани во текот на истрагата, за да се утврди со кого разговарала жртвата откако пристигнала во Колумбија. Марјановиќ на 22 мај влегол на територијата на земјава, а на 25 мај се пријавил во хотелот во Санта Марта.

The post Србинот убиен во Колумбија требало да преземе дрога и да ја пренесе во Холандија appeared first on Република.

]]>
Влегол во земјата како турист: Србин изрешетан во Колумбија, пронајден покрај автопат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vlegol-vo-zemjata-kako-turist-srbin-izreshetan-vo-kolumbija-pronajden-pokraj-avtopat/ Tue, 30 May 2023 07:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=645993

Српскиот државјанин Слободан Марјановиќ (40) е убиен вчера во Санта Марта, Колумбија. Според колумбиските медиуми неговото тело било пронајдено покрај автопатот, а првите резултати од истрагата укажуваат дека тој бил убиен со неколку истрели и дека телото потоа било исфрлено од автомобилот. Засега наведуваат дека тој престојувал во Колумбија како турист.

Првите податоци укажуваат дека тој пред неколку дена пристигнал во Санта Марта како турист, според она што е утврдено врз основа на нараквицата што ја имал на раката, според која е утврдено дека бил гостин во хотелот „Ел Родадеру“.

Се проверува дали е убиен во автомобилот од кој бил фрлен со оглед на тоа што мештаните пријавиле во полиција дека слушнале истрели, а потоа телото го пронашле покрај патот. Еден правец на истрагата е дека убиениот Марјановиќ бил пресретнат од неколку лица за да го ограбат и затоа бил убиен. Друг правец на истрагата е дека ги познавал лицата кои го убиле и оти отишол на средба со нив.

The post Влегол во земјата како турист: Србин изрешетан во Колумбија, пронајден покрај автопат appeared first on Република.

]]>

Српскиот државјанин Слободан Марјановиќ (40) е убиен вчера во Санта Марта, Колумбија. Според колумбиските медиуми неговото тело било пронајдено покрај автопатот, а првите резултати од истрагата укажуваат дека тој бил убиен со неколку истрели и дека телото потоа било исфрлено од автомобилот. Засега наведуваат дека тој престојувал во Колумбија како турист. Првите податоци укажуваат дека тој пред неколку дена пристигнал во Санта Марта како турист, според она што е утврдено врз основа на нараквицата што ја имал на раката, според која е утврдено дека бил гостин во хотелот „Ел Родадеру“. Се проверува дали е убиен во автомобилот од кој бил фрлен со оглед на тоа што мештаните пријавиле во полиција дека слушнале истрели, а потоа телото го пронашле покрај патот. Еден правец на истрагата е дека убиениот Марјановиќ бил пресретнат од неколку лица за да го ограбат и затоа бил убиен. Друг правец на истрагата е дека ги познавал лицата кои го убиле и оти отишол на средба со нив.

The post Влегол во земјата како турист: Србин изрешетан во Колумбија, пронајден покрај автопат appeared first on Република.

]]>