слобода на медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sloboda-na-mediumi/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Nov 2023 16:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png слобода на медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sloboda-na-mediumi/ 32 32 „За гас прашање или немате толку знаење? Хехе“: Односот на премиерот кон новинарите – одраз на слободата на медиумите во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-gas-prashane-ili-nemate-tolku-znaene-hehe-odnosot-na-premierot-kon-novinarite-odraz-na-slobodata-na-mediumite-vo-makedonija/ Fri, 10 Nov 2023 16:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=700341

Извештајот на Европската комисија во однос на слободата на медиумите само го потврди она што веќе е познато во јавноста. Од ЕК нотираат дека Македонија се наоѓа меѓу одредено и умерено ниво на подготвеност во однос на слободата на изразување, а праксата на новинарите покажува многу пречки во нивната работа, особено кога станува збор за политичарите.

За тоа каква навистина е состојбата во која се наоѓаат медиумите и нивната слобода, најдобро покажа односот на премиерот Димитар Ковачевски, кој на последната прес-конференција со потсмев и потценување се обрати кон припадниците на седмата сила.

The post „За гас прашање или немате толку знаење? Хехе“: Односот на премиерот кон новинарите – одраз на слободата на медиумите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Извештајот на Европската комисија во однос на слободата на медиумите само го потврди она што веќе е познато во јавноста. Од ЕК нотираат дека Македонија се наоѓа меѓу одредено и умерено ниво на подготвеност во однос на слободата на изразување, а праксата на новинарите покажува многу пречки во нивната работа, особено кога станува збор за политичарите. За тоа каква навистина е состојбата во која се наоѓаат медиумите и нивната слобода, најдобро покажа односот на премиерот Димитар Ковачевски, кој на последната прес-конференција со потсмев и потценување се обрати кон припадниците на седмата сила.

The post „За гас прашање или немате толку знаење? Хехе“: Односот на премиерот кон новинарите – одраз на слободата на медиумите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-slobodnite-mediumi-se-preduslov-za-otvoreno-i-demokratsko-opshtestvo/ Wed, 03 May 2023 14:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=636362

Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде што слободата на изразување е право и одговорност која може да ја практикува секој од нас, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на слободата на изразување како двигател на сите други човекови права, како што истакнува во пораката Пендаровски, го одбележуваме во услови на повеќекратните кризи кои ја окупираат нашата сегашност.

-Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето на поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да можат професионално да ја извршуваат својата одговорна задача. Да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис притисоци. А заедно со новинарите да се бориме и против лажните вести, бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации.

The post Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество appeared first on Република.

]]>

Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде што слободата на изразување е право и одговорност која може да ја практикува секој од нас, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на слободата на изразување како двигател на сите други човекови права, како што истакнува во пораката Пендаровски, го одбележуваме во услови на повеќекратните кризи кои ја окупираат нашата сегашност.
-Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето на поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да можат професионално да ја извршуваат својата одговорна задача. Да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис притисоци. А заедно со новинарите да се бориме и против лажните вести, бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации.

The post Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество appeared first on Република.

]]>
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: Ќе продолжиме да делуваме проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/agentsija-za-audio-i-audiovizuelni-mediumski-uslugi-ke-prodolzhime-da-deluvame-proaktivno-na-zgolemuvane-na-svesta-za-ulogata-na-mediumite/ Wed, 03 May 2023 13:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=636414

Денешниот ден, под мотото „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ има за цел да ја зголеми свесноста за улогата на новинарите и медиумите во промовирање на демократијата и на човековите права и да потсети дека без слобода на медиумите нема слобода на изразување, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

- Според последниот извештај на Репортери без граници за 2023 година, Македонија бележи значајно подобрување на полето на слободата на медиумите, но и понатаму има предизвици со кои треба да се справи. Во таа насока, Агенцијата како и досега ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите, се подвлекува во соопштението.

Се додава дека Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува по 30-ти пат и претставува потсетник за владите и организациите да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување, предвидено со член 19 од Универзалната декларација за човекови права на ОН.

The post Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: Ќе продолжиме да делуваме проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите appeared first on Република.

]]>

Денешниот ден, под мотото „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“ има за цел да ја зголеми свесноста за улогата на новинарите и медиумите во промовирање на демократијата и на човековите права и да потсети дека без слобода на медиумите нема слобода на изразување, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. - Според последниот извештај на Репортери без граници за 2023 година, Македонија бележи значајно подобрување на полето на слободата на медиумите, но и понатаму има предизвици со кои треба да се справи. Во таа насока, Агенцијата како и досега ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите, се подвлекува во соопштението. Се додава дека Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува по 30-ти пат и претставува потсетник за владите и организациите да го почитуваат и поддржуваат правото на слобода на изразување, предвидено со член 19 од Универзалната декларација за човекови права на ОН.

The post Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: Ќе продолжиме да делуваме проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите appeared first on Република.

]]>
Борел: Секој има право на слобода на мисла и изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-sekoj-ima-pravo-na-sloboda-na-misla-i-izrazuvane/ Tue, 02 May 2023 21:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=636178

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, денеска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ги осуди заканите и насилството врз новинарите.

- Секој има право на слобода на мислење и изразување, а тоа право подразбира да се има слобода на мислење без мешање, а исто така подразбира барање, примање и пренесување информации и идеи преку кој било медиум и без разлика на границите, рече Борел.

Висок европски функционер рече дека „ЕУ ги осудува сите форми на закани и насилство врз новинарите и ги поддржува медиумските работници кои се изложени на ризик преку локални мисии и преку наменски програми, како што се платформата Безбедни новинари во Западен Балкан, проектот за поддршка на независни медиуми и основните слободи во Камбоџа и програмата Медиумска издржливост во Авганистан“, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Додека зачувувањето на слободни, независни и плуралистички медиуми е од витално значење за отпорни и здрави демократии, слободата на медиумите сега е доведена во прашање во повеќето делови на светот, се додава во соопштението.

Според ЕЕАС, новинарите, медиумските работници и сите оние кои презентираат независни информации во јавноста, расветлуваат сериозни прекршувања на човековите права и злосторства и бараат одговорност од властите, се повеќе се соочуваат со дискредитација, закани и напади.

Новинарите во нападнатата Украина, Белорусија и Авганистан, Блискиот Исток и Северна Африка, Централна Америка, добитниците на Нобеловата награда на Филипините и во Русија и многу други медиумски работници ширум светот, вклучително и Европа, продолжуваат да плаќаат висока цена за извршување на својата професија.

Новинарките се особено ранливи на закани, наведува ЕЕАС, додавајќи дека новинарките се изложени на стигматизација, сексистички говор на омраза, сексуално и родово насилство, па дури и убиства.

Според EEAS, околу 73 отсто од новинарките доживеале онлајн закани, злоупотреба и малтретирање за време на нивната работа.

Во исто време, „градиме критични капацитети за да се спротивставиме на манипулацијата со странски информации и мешање, и да им помогнеме на граѓаните во Европа да го зајакнат својот отпор кон дезинформации, манипулации и пропаганда, со иницијативи како што се платформата EUvsDisinfo и Европската опсерваторија за дигитални медиуми, “ додаде Борел.

Одбраната и промовирањето на слободата на печатот е универзална мисија која не познава граници.

ЕУ ќе остане посветена на ангажирање со владите, медиумите и граѓанското општество, како на меѓународни форуми, така и на локално ниво, за да преземе иницијатива и да ја зајакне слободата на медиумите ширум светот, додаде Борел.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува утре, на 3 мај.

The post Борел: Секој има право на слобода на мисла и изразување appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, денеска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ги осуди заканите и насилството врз новинарите. - Секој има право на слобода на мислење и изразување, а тоа право подразбира да се има слобода на мислење без мешање, а исто така подразбира барање, примање и пренесување информации и идеи преку кој било медиум и без разлика на границите, рече Борел. Висок европски функционер рече дека „ЕУ ги осудува сите форми на закани и насилство врз новинарите и ги поддржува медиумските работници кои се изложени на ризик преку локални мисии и преку наменски програми, како што се платформата Безбедни новинари во Западен Балкан, проектот за поддршка на независни медиуми и основните слободи во Камбоџа и програмата Медиумска издржливост во Авганистан“, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Додека зачувувањето на слободни, независни и плуралистички медиуми е од витално значење за отпорни и здрави демократии, слободата на медиумите сега е доведена во прашање во повеќето делови на светот, се додава во соопштението. Според ЕЕАС, новинарите, медиумските работници и сите оние кои презентираат независни информации во јавноста, расветлуваат сериозни прекршувања на човековите права и злосторства и бараат одговорност од властите, се повеќе се соочуваат со дискредитација, закани и напади. Новинарите во нападнатата Украина, Белорусија и Авганистан, Блискиот Исток и Северна Африка, Централна Америка, добитниците на Нобеловата награда на Филипините и во Русија и многу други медиумски работници ширум светот, вклучително и Европа, продолжуваат да плаќаат висока цена за извршување на својата професија. Новинарките се особено ранливи на закани, наведува ЕЕАС, додавајќи дека новинарките се изложени на стигматизација, сексистички говор на омраза, сексуално и родово насилство, па дури и убиства. Според EEAS, околу 73 отсто од новинарките доживеале онлајн закани, злоупотреба и малтретирање за време на нивната работа. Во исто време, „градиме критични капацитети за да се спротивставиме на манипулацијата со странски информации и мешање, и да им помогнеме на граѓаните во Европа да го зајакнат својот отпор кон дезинформации, манипулации и пропаганда, со иницијативи како што се платформата EUvsDisinfo и Европската опсерваторија за дигитални медиуми, “ додаде Борел. Одбраната и промовирањето на слободата на печатот е универзална мисија која не познава граници. ЕУ ќе остане посветена на ангажирање со владите, медиумите и граѓанското општество, како на меѓународни форуми, така и на локално ниво, за да преземе иницијатива и да ја зајакне слободата на медиумите ширум светот, додаде Борел. Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува утре, на 3 мај.

The post Борел: Секој има право на слобода на мисла и изразување appeared first on Република.

]]>
Агелер: Опасно е да се напаѓаат медиумите, многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон функционерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-opasno-e-da-se-napagaat-mediumite-mnogu-e-fer-novinarite-da-bidat-kritichki-nastroeni-kon-funktsionerite/ Mon, 23 Jan 2023 22:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=600175

Слободата на медиумите е многу важна за секоја земја. Тоа е еден од нашите најзначајни приоритети. Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, но особено функционерите, не треба да ги напаѓаат медиумите или пак некој новинар конкретно. Искрено, мислам дека тоа е опасно. Мислам дека тоа не е соодветно, нагласи вечерва амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер.

Таа, во интервју за ТВ „Телма”, одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците”, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма”, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор” со одговорните новинари.

Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важен, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни, рече Агелер.

Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле.

Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин, истакна Агелер.

The post Агелер: Опасно е да се напаѓаат медиумите, многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон функционерите appeared first on Република.

]]>

Слободата на медиумите е многу важна за секоја земја. Тоа е еден од нашите најзначајни приоритети. Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, но особено функционерите, не треба да ги напаѓаат медиумите или пак некој новинар конкретно. Искрено, мислам дека тоа е опасно. Мислам дека тоа не е соодветно, нагласи вечерва амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер. Таа, во интервју за ТВ „Телма”, одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците”, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма”, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор” со одговорните новинари.
Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важен, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни, рече Агелер.
Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле.
Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин, истакна Агелер.

The post Агелер: Опасно е да се напаѓаат медиумите, многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон функционерите appeared first on Република.

]]>
Eвроамбасадорот во поддршка на слободата на медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evroambasadorot-vo-poddrshka-na-slobodata-na-mediumite/ Wed, 18 Jan 2023 13:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=598386

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и камен темелник на демократијата. Гир, кој денеска заедно со амбасадори од други земји членки на ЕУ е во посета на Охрид, не сакаше да го коментира кратењето на буџетот на Медиумската информативна агенција (МИА), поради што се преземени низа мерки, меѓу кои и затворање на дописничките места во странство, како и изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дадени за две телевизии.

– Нема да ги коментирам различните изјави на политичари и лидери, но дозволете ми да кажам дека слободата на медиумите и изразувањето е темелна вредност на ЕУ и нешто што одблиску го следиме. Слободата на медиумите е камен темелник на демократијата затоа што води сметка и осигурува дека граѓаните се добро информирани и можат да носат добро информирани одлуки. Тоа значи дека од една страна медиумите се задолжени да направат таков тип на веродостојни и точни информации и треба да се стремат кон највисоките професионални стандарди, и од друга страна е важно слободата на медиумите да биде зачувана и да биде заштитена од влијанија и вмешувања и од каква било други дејствија кои може да ги натераат новинарите на автоцензура или да се плашат од нешто, рече Гир.

Евроамбасадорот се наврати на одговорот за најважните прашања за ЕУ во однос на реформите и нашиот скрининг, потенцирајќи дека „и слободата на медиумите е едно од оние прашања кое навлегува во сржта на тоа што се нарекува фундаментални прашања“ и е од големо значење за Брисел

The post Eвроамбасадорот во поддршка на слободата на медиумите appeared first on Република.

АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avmu-premierot-da-se-vozdrzhi-od-iskazhuvane-lichni-stavovi-za-mediumite/ Tue, 17 Jan 2023 09:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=597742

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.

„Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување.

Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност – се наведува во соопштението на АВМУ.

Претходно изјавите на премиерот Ковачевски на адреса на Телма и Алфа ги критикуваа и здруженијата на новинарите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/liderite-na-dui-i-sdsm-etiketiraa-televizii-osuda-od-novinarski-zdruzhenija/

The post АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.
„Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување. Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност – се наведува во соопштението на АВМУ.
Претходно изјавите на премиерот Ковачевски на адреса на Телма и Алфа ги критикуваа и здруженијата на новинарите. https://republika.mk/vesti/makedonija/liderite-na-dui-i-sdsm-etiketiraa-televizii-osuda-od-novinarski-zdruzhenija/

The post АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите appeared first on Република.

]]>
За Ковачевски Телма е трговец со енергенси, а Алфа партиски сектор за комуникации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-kovachevski-telma-e-trgovets-so-energensi-a-alfa-partiski-sektor-za-komunikatsii/ Mon, 16 Jan 2023 12:08:30 +0000 https://republika.mk/?p=597750

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не е осамен во ставовите за медиумите. Праксата на непримерна комуникација за работата на медиумите продолжува и од претедателот на Владата Димитар Ковачевски.

Иако не ги посочи нивните имиња, ова е мислењето на премиерот Ковачевски за телевизиите Телма и Алфа:

Верувам дека господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на факти и за објаснување ќе треба да го прашате него. Бидејќи и за медиумите и јас имам мое лично мислење, јас можам да дадам мое лично мислење како некои медиуми се однесуваат. Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиуми чија што уредувачка политика личи на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика личи на партиски сектор за комуникација.

The post За Ковачевски Телма е трговец со енергенси, а Алфа партиски сектор за комуникации appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не е осамен во ставовите за медиумите. Праксата на непримерна комуникација за работата на медиумите продолжува и од претедателот на Владата Димитар Ковачевски. Иако не ги посочи нивните имиња, ова е мислењето на премиерот Ковачевски за телевизиите Телма и Алфа:
Верувам дека господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на факти и за објаснување ќе треба да го прашате него. Бидејќи и за медиумите и јас имам мое лично мислење, јас можам да дадам мое лично мислење како некои медиуми се однесуваат. Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиуми чија што уредувачка политика личи на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика личи на партиски сектор за комуникација.
 
The post За Ковачевски Телма е трговец со енергенси, а Алфа партиски сектор за комуникации appeared first on Република.

]]>
ЕК одблиску ќе ја надгледува слободата на медиумите во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-odblisku-kje-ja-nadgleduva-slobodata-na-mediumite-vo-makedonija/ Thu, 28 Jul 2022 13:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=534323

Портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, потсети денеска дека слободата на изразување и слободата на медиумите е клучна за напредокот на сите земји во преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прашање на МИА за обвинувањата од страна на државниот врв за време на дебатите за францускиот предлог, портпаролот Петер Стано потсети на конзистентниот став на Европската Комисија и земјите членки на ЕУ за слободата на медиумите.

-Од земјите во пристапниот процес се очекува да ги присвојат сите вредности и принципи на ЕУ додека се подготвуваат за членство во ЕУ, изјави Стано на денешниот редовен брифинг за новинари во Европската Комисија.

Ова, рече тој, значи воздржување од запалива реторика и од ограничување на слободата на изразување.

Ова е нешто врз што почива Европската Унија, изјави Стано, додавајќи дека слободата на изразување и слободата на медиумите се едно од клучните мерила во процесот на преговори со ЕУ.

-Врз основа на перформансот на земјите во овој поглед тие ќе бидат оценувани во пристапниот процес, во процесот на преговори и тоа исто така ќе ја одреди брзината со која ќе напредуваат кон конечната цел, а тоа е членството во ЕУ. Можам само да потсетам на нашите бројни повици до сите политички лидери, политичари, чинители да бидат свесни за ова, да се воздржат од запалива реторика, да се воздржат од поткопување на слободата на медиумите и ограничувањето на просторот за независно новинарство, медиумскиот простор и новинарската работа, затоа што ова е нешто што ЕУ, Европската Комисија и земјите членки го разгледуваат од многу, многу блиску, изјави Стано.

The post ЕК одблиску ќе ја надгледува слободата на медиумите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, потсети денеска дека слободата на изразување и слободата на медиумите е клучна за напредокот на сите земји во преговорите со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА за обвинувањата од страна на државниот врв за време на дебатите за францускиот предлог, портпаролот Петер Стано потсети на конзистентниот став на Европската Комисија и земјите членки на ЕУ за слободата на медиумите. -Од земјите во пристапниот процес се очекува да ги присвојат сите вредности и принципи на ЕУ додека се подготвуваат за членство во ЕУ, изјави Стано на денешниот редовен брифинг за новинари во Европската Комисија. Ова, рече тој, значи воздржување од запалива реторика и од ограничување на слободата на изразување. Ова е нешто врз што почива Европската Унија, изјави Стано, додавајќи дека слободата на изразување и слободата на медиумите се едно од клучните мерила во процесот на преговори со ЕУ.
-Врз основа на перформансот на земјите во овој поглед тие ќе бидат оценувани во пристапниот процес, во процесот на преговори и тоа исто така ќе ја одреди брзината со која ќе напредуваат кон конечната цел, а тоа е членството во ЕУ. Можам само да потсетам на нашите бројни повици до сите политички лидери, политичари, чинители да бидат свесни за ова, да се воздржат од запалива реторика, да се воздржат од поткопување на слободата на медиумите и ограничувањето на просторот за независно новинарство, медиумскиот простор и новинарската работа, затоа што ова е нешто што ЕУ, Европската Комисија и земјите членки го разгледуваат од многу, многу блиску, изјави Стано.

The post ЕК одблиску ќе ја надгледува слободата на медиумите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Репортери без граници: Македонија е „проблематична“ на 57 место според слободата на медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reporteri-bez-granici-makedonija-e-problematichna-na-57-mesto-spored-slobodata-na-mediumite/ Tue, 03 May 2022 06:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=496583

Во извештајот на Репортери без граници и според нивниот светски индекс за слобода на печатот за 2022 година, Србија е рангирана најлошо од сите земји на поранешна Југославија, иако се искачи за 14 места на скалата во споредба со извештајот од 2021 година. Годинава ја зазеде 79-та позиција и е во категоријата „проблематични" земји. И Македонија е во таа категорија - на 57 место. Лани на оваа листа Македонија беше на 90 место.

Хрватска се најде на 48. место и во категоријата „задоволува", додека Словенија на 54. место и меѓу „проблематичните" земји, како и Македонија на 57. место, Црна Гора на 63. и Босна и Херцеговина на 67. место. Во регионот на Западен Балкан само Албанија  (103 место) е полошо рангирана од Србија.

Според Светскиот индекс на медиумски слободи објавен од Репортери без граници, во светот се случува двојна поларизација, интензивирана од информацискиот хаос, а таа е присутна и во одделни земји и во односите меѓу земјите на меѓународно ниво.

Извештајот за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење на лажни вести и пропаганда.

Норвешка останува на врвот на светскиот индекс за слобода на печатот во Европа. Најслабо рангирани се Северна Кореја (180), Еритреја и Иран. До нив се Мјанмар (176) и Кина (175 место).

The post Репортери без граници: Македонија е „проблематична“ на 57 место според слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>

Во извештајот на Репортери без граници и според нивниот светски индекс за слобода на печатот за 2022 година, Србија е рангирана најлошо од сите земји на поранешна Југославија, иако се искачи за 14 места на скалата во споредба со извештајот од 2021 година. Годинава ја зазеде 79-та позиција и е во категоријата „проблематични" земји. И Македонија е во таа категорија - на 57 место. Лани на оваа листа Македонија беше на 90 место. Хрватска се најде на 48. место и во категоријата „задоволува", додека Словенија на 54. место и меѓу „проблематичните" земји, како и Македонија на 57. место, Црна Гора на 63. и Босна и Херцеговина на 67. место. Во регионот на Западен Балкан само Албанија  (103 место) е полошо рангирана од Србија. Според Светскиот индекс на медиумски слободи објавен од Репортери без граници, во светот се случува двојна поларизација, интензивирана од информацискиот хаос, а таа е присутна и во одделни земји и во односите меѓу земјите на меѓународно ниво. Извештајот за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење на лажни вести и пропаганда. Норвешка останува на врвот на светскиот индекс за слобода на печатот во Европа. Најслабо рангирани се Северна Кореја (180), Еритреја и Иран. До нив се Мјанмар (176) и Кина (175 место).

The post Репортери без граници: Македонија е „проблематична“ на 57 место според слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>