слики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sliki/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 11:31:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png слики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sliki/ 32 32 Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-tsrtezhi-i-printovi-od-suire-magali-simone-i-sergej-jordanovski-vo-kits/ Tue, 25 Jun 2024 11:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=790652

Културно-информативниот центар – Скопје најавува отворање на изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне (Франција) и Сергеј Јордановски (Македонија).

Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници.

На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ Скопје.

ЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 10.07.2024 година.

The post Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Културно-информативниот центар – Скопје најавува отворање на изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне (Франција) и Сергеј Јордановски (Македонија). Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници. На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ Скопје. ЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 10.07.2024 година.  

The post Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ appeared first on Република.

]]>
Изложба на слики на три генерациии Ташковски во МАНУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-na-tri-generatsiii-tashkovski-vo-manu/ Mon, 08 Apr 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=763686

Ликовните уметници Ристо Ристовски, неговиот син академик Васко Ташковски и внуката Лара Ташковска на 11-ти април во 19:00ч. во изложбениот салон на МАНУ, пред скопската публика ќе се претстават со 60-тина ликовни дела.

Ристо Ристовски е роден 1912 г. во с. Нижополе, Битола. Со сликарство активно се занимава од 1976г. до 1982г. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера.

Васко Ташковски е роден 1937г. во с. Нижополе, Битола. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1964г. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртеж и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби и е добитник на 18 награди и признанија.

Лара Ташковска е родена во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот сликарство. Таа е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел и поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање во Скопје.

The post Изложба на слики на три генерациии Ташковски во МАНУ appeared first on Република.

]]>

Ликовните уметници Ристо Ристовски, неговиот син академик Васко Ташковски и внуката Лара Ташковска на 11-ти април во 19:00ч. во изложбениот салон на МАНУ, пред скопската публика ќе се претстават со 60-тина ликовни дела. Ристо Ристовски е роден 1912 г. во с. Нижополе, Битола. Со сликарство активно се занимава од 1976г. до 1982г. Во тој период насликал 314 слики во техника темпера. Васко Ташковски е роден 1937г. во с. Нижополе, Битола. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград 1964г. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртеж и графика. Има реализирано 52 самостојни изложби и е добитник на 18 награди и признанија. Лара Ташковска е родена во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот сликарство. Таа е македонска современа ликовна уметница која работи во техниките масло, акрил и акварел и поседува приватно училиште за ликовни уметности – Ателје за цртање и сликање во Скопје.

The post Изложба на слики на три генерациии Ташковски во МАНУ appeared first on Република.

]]>
Откриени две досега непознати слики на Рембрант https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkrieni-dve-dosega-nepoznati-sliki-na-rembrant/ Mon, 22 May 2023 11:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=643566

Досега непознати два портрета на светски познатиот сликар Рембрант се откриени по 200 години, во приватна колекција на едно британско семејство. Според лондонската аукциска куќа „Кристи“, стручњаците наишле на сликите на холандскиот уметник при „рутинска проценка“ на сликарската колекција.

Не знаев што ќе најдам... Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не биле проучувани. Тие беа целосно отсутни од литературата за Рембрант, забележа проценителот Хенри Патифер.

Автентичноста на сликите е потврдена и во аукциската куќа и во Ријксмузејот - уметничкиот музеј во Амстердам, Холандија, каде што се специјализирани за делото на Рембрант. Забележано е дека сликите прикажуваат двојка „семејно поврзана со уметникот“ - Јан Вилемс ван дер Плуим и неговата сопруга Јапген Карелс.

„Кристи“ ќе ги понуди портретите на наддавање во Лондон во јули. Пред тоа ќе бидат прикажани во Њујорк и Амстердам. Проценетата вредност на двете слики, засега е 5 - 8 милиони фунти.

The post Откриени две досега непознати слики на Рембрант appeared first on Република.

]]>

Досега непознати два портрета на светски познатиот сликар Рембрант се откриени по 200 години, во приватна колекција на едно британско семејство. Според лондонската аукциска куќа „Кристи“, стручњаците наишле на сликите на холандскиот уметник при „рутинска проценка“ на сликарската колекција.
Не знаев што ќе најдам... Се осмелив да сонувам. Но, за мене беше изненадувачки што овие слики никогаш порано не биле проучувани. Тие беа целосно отсутни од литературата за Рембрант, забележа проценителот Хенри Патифер.
Автентичноста на сликите е потврдена и во аукциската куќа и во Ријксмузејот - уметничкиот музеј во Амстердам, Холандија, каде што се специјализирани за делото на Рембрант. Забележано е дека сликите прикажуваат двојка „семејно поврзана со уметникот“ - Јан Вилемс ван дер Плуим и неговата сопруга Јапген Карелс. „Кристи“ ќе ги понуди портретите на наддавање во Лондон во јули. Пред тоа ќе бидат прикажани во Њујорк и Амстердам. Проценетата вредност на двете слики, засега е 5 - 8 милиони фунти.  

The post Откриени две досега непознати слики на Рембрант appeared first on Република.

]]>
Србин во Швајцарија украл две слики од Пикасо, па ги продал на пазар за 150 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/srbin-vo-shvajtsarija-ukral-dve-sliki-od-pikaso-pa-gi-prodal-na-pazar-za-150-evra/ Wed, 15 Mar 2023 18:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=619994

Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година. Тој тврди дека ги продал на пазар за 150 евра!

Грабежот се случил кога двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо. Украдениот плен бил вреден вкупно 75.000 франци.

Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.

Сликите беа лажни, па ги продадов за 150 евра на пазар, изјавил разбојникот на суд, пренесува српска „Република“.

За време на судењето тој се расплакал.

Како што изјавил, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Кажал и дека не сакал ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството, односно ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи.

Судот изрече казна затвор од четири и пол години и тој ќе мора да ја напушти Швајцарија на десет години.

The post Србин во Швајцарија украл две слики од Пикасо, па ги продал на пазар за 150 евра appeared first on Република.

]]>

Српски државјанин (37) е осуден во Швајцарија на четири ипол години затвор за грабеж на уметнички дела на Пабло Пикасо, кои ги украл во 2020 година. Тој тврди дека ги продал на пазар за 150 евра! Грабежот се случил кога двајца мажи нападнале старец (80), го врзале, ја опустошиле куќата и украле две оригинални слики од Пабло Пикасо. Украдениот плен бил вреден вкупно 75.000 франци. Еден од разбојниците е уапсен, а неговото однесување на суд предизвика големи реакции во јавноста.
Сликите беа лажни, па ги продадов за 150 евра на пазар, изјавил разбојникот на суд, пренесува српска „Република“.
За време на судењето тој се расплакал. Како што изјавил, ги изгубил сите пари играјќи покер и не му останало ништо. Кажал и дека не сакал ништо да му се случи на старецот. Дури се вратил на местото на злосторството, односно ден по грабежот застанал покрај куќата за да види дали старецот успеал да се ослободи. Судот изрече казна затвор од четири и пол години и тој ќе мора да ја напушти Швајцарија на десет години.

The post Србин во Швајцарија украл две слики од Пикасо, па ги продал на пазар за 150 евра appeared first on Република.

]]>
Аукција на донирани слики вечерва во локалот „Тексас барбекју“, сретствата ќе бидат донирани на погодените од земјотресите во Република Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/auktsija-na-donirani-sliki-vecherva-vo-lokalot-teksas-barbekju-sretstvata-ke-bidat-donirani-na-pogodenite-od-zemjotresite-vo-republika-turtsija/ Fri, 17 Feb 2023 12:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=610170

Аукција на слики од реномирани македонски уметници ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, во локалот „Тексас барбекју“ (поранешен Перон 8, кај железничка станица).

Средствата што ќе се соберат од продажба на сликите ќе бидат донирани на погодените од земјотресите во Република Турција.

Аукцијата ја организира хуманитарното здружение „Подај рака“, а донираните дела се на уметниците Сокол Марковски, Новица Трајковски, Тофе Јаковлевски, Благојче Наумоски Бане, Билјана Толевска, Драги Хаџи Николов, Виолета Силјан, Катерина Поп Арсова, Марија Панова, Оливера Ивановиќ, Љубен Цветкоски и Ванчо Јаков.

На хуманитарната вечер ќе учествуваат и уметници музичари Џенгиз Ибрахим, Каан Мазхар, Јулија Мицевска, Нина Николовска.

The post Аукција на донирани слики вечерва во локалот „Тексас барбекју“, сретствата ќе бидат донирани на погодените од земјотресите во Република Турција appeared first on Република.

]]>

Аукција на слики од реномирани македонски уметници ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, во локалот „Тексас барбекју“ (поранешен Перон 8, кај железничка станица). Средствата што ќе се соберат од продажба на сликите ќе бидат донирани на погодените од земјотресите во Република Турција. Аукцијата ја организира хуманитарното здружение „Подај рака“, а донираните дела се на уметниците Сокол Марковски, Новица Трајковски, Тофе Јаковлевски, Благојче Наумоски Бане, Билјана Толевска, Драги Хаџи Николов, Виолета Силјан, Катерина Поп Арсова, Марија Панова, Оливера Ивановиќ, Љубен Цветкоски и Ванчо Јаков. На хуманитарната вечер ќе учествуваат и уметници музичари Џенгиз Ибрахим, Каан Мазхар, Јулија Мицевска, Нина Николовска.

The post Аукција на донирани слики вечерва во локалот „Тексас барбекју“, сретствата ќе бидат донирани на погодените од земјотресите во Република Турција appeared first on Република.

]]>
Светските музеи се загрижени по нападите на климатските активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetskite-muzei-se-zagrizeni-po-napadite-na-klimatskite-aktivisti/ Fri, 11 Nov 2022 13:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=572786

Околу стотина меѓународни музеи денеска во заедничко соопштение изразија длабока загриженост од постапките на климатските и екоактивистите, насочени кон оштетување на уметнички дела.

Активистите одговорни за тие напади во голема мера ја потценуваат чувствителноста на овие незаменливи дела, се вели во заедничката изјава на големите меѓународни музеи како „Прадо“ во Мадрид, „Лувр“ во Париз, „Гугенхајм“ во Њујорк итн. Тие се „длабоко шокирани од несовесното загрозување на тие дела во низата напади на активистите“ што имаат цел со тоа да го привлечат вниманието на јавноста кон глобалното затоплување.

Последниве недели, активисти за климата оштетија слика на Гоја во Мадрид, познатата графика „Кембелова супа“ на Енди Ворхол, изложена во Австралија, „Сончогледите“ на Ван Гог во Лондон, како и дело на Клод Моне во Потсдам, Германија.

Музеите се места каде што се воспоставува дијалог меѓу луѓето од различни делови на светот и затоа тие придонесуваат за општествена размена, велат 92-та потписници.

Сликите, за среќа, останаа неоштетени, но настанот со „Сончогледи“ предизвика мали оштетувања на рамката.

The post Светските музеи се загрижени по нападите на климатските активисти appeared first on Република.