сликање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slikanje/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 15:37:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сликање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slikanje/ 32 32 Тошковски лут: Нека дојдат Џафери и Османи да фотографираат граѓани за пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-lut-neka-dojdat-dhaferi-i-osmani-da-fotografiraat-gragani-za-pasoshi/ Wed, 06 Mar 2024 15:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=751986

Наместо со своите изјави дека процесот на издавање на лични документи може да оди побрзо, нека дојдат техничкиот премиер Талат Џафери и министерот Бујар Османи во МВР, јас ќе им обезбедам кабини и нека се вклучат во фотографирање на граѓаните за добивање на лични документи, им порача денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски чија реакција беше предизвикана првенствено по прес-конференцијата на Џафери од која тој упати критика до МВР и рече дека има доволно време до изборите граѓаните да ги заменат личните документи, пренесува МКД.мк.

„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, рече Тошковски.

The post Тошковски лут: Нека дојдат Џафери и Османи да фотографираат граѓани за пасоши appeared first on Република.

]]>

Брејкинг њус: Премиер и двајца министри гледаат во човек што се слика за пасош во Брисел. https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/brejking-nus-premier-i-dvajtsa-ministri-gledaat-vo-chovek-shto-se-slika-za-pasosh-vo-brisel/ Wed, 14 Feb 2024 16:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=744167

Премиер и двајца министри гледаат во човек што се слика за пасош во Брисел, објави на својот Фејсбук, новинарката Мери Јордановска.

The post Брејкинг њус: Премиер и двајца министри гледаат во човек што се слика за пасош во Брисел. appeared first on Република.

Од утре нема сликање за документи без закажување, веќе закажаните ќе добијат нов термин во пократок рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-nema-slikane-za-dokumenti-bez-zakazhuvane-veke-zakazhanite-ke-dobijat-nov-termin-vo-pokratok-rok/ Tue, 06 Feb 2024 11:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=740923

Пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет од утре нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година.

Од МВР информираат дека трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.

Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации.

Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена.

Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови, велат од МВР.

The post Од утре нема сликање за документи без закажување, веќе закажаните ќе добијат нов термин во пократок рок appeared first on Република.

]]>

Пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет од утре нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година. Од МВР информираат дека трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок. Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации. Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена.
Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови, велат од МВР.
 
The post Од утре нема сликање за документи без закажување, веќе закажаните ќе добијат нов термин во пократок рок appeared first on Република.

]]>
Маж се струполи по долго чекање пред пункот за сликање за лични документи во Пролет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-se-strupoli-po-dolgo-chekane-pred-punkot-za-slikane-za-lichni-dokumenti-vo-prolet/ Tue, 12 Dec 2023 11:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=722109

Инцидент се случил утринава во пунктот на Министерството за внатрешни работи (МВР) кај полициската станица „Пролет“ кога му се слошило на еден повозрасен маж додека чекал ред за фотографирање за лични документи, пренесува „Плусинфо“, додавајќи дека според присутните граѓани, човекот одеднаш паднал во бесознание и се струполил на земја, по што била повикана Брза помош.

Екипата на „Плусинфо“ разговараше со лекарите кои објаснија дека на пациентот му се слошило најверојатно поради долгото време поминато на нога, но дека че биде добар.

The post Маж се струполи по долго чекање пред пункот за сликање за лични документи во Пролет appeared first on Република.

]]>

Инцидент се случил утринава во пунктот на Министерството за внатрешни работи (МВР) кај полициската станица „Пролет“ кога му се слошило на еден повозрасен маж додека чекал ред за фотографирање за лични документи, пренесува „Плусинфо“, додавајќи дека според присутните граѓани, човекот одеднаш паднал во бесознание и се струполил на земја, по што била повикана Брза помош. Екипата на „Плусинфо“ разговараше со лекарите кои објаснија дека на пациентот му се слошило најверојатно поради долгото време поминато на нога, но дека че биде добар.

The post Маж се струполи по долго чекање пред пункот за сликање за лични документи во Пролет appeared first on Република.

]]>
Метеж пред новиот пункт на МВР за вадење докукенти, а тој не е ни отворен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/metezh-pred-noviot-punkt-na-mvr-za-vadene-dokukenti-a-toj-ne-e-ni-otvoren/ Tue, 14 Nov 2023 22:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=701599

Долги колони граѓани, главно пензионери од утрово чекаат за сликање за нови документи откако во медиумите беше објавена информацијата дека е отворен новиот пункт на МВР во спортската сала на полициската станица Пролет.

Но, официјално, пунктот на МВР не работи. Граѓаните кои што денеска дошле таму веројатно биле погрешно информирани бидејќи МВР во текот на изминатите неколку дена и во наредните ќе врши тестирање на системот па така за сликање биле повикувани главно вработени во полицијата и разни здруженија на граѓани, новинари и слични групи кои биле користени за да може системот да се провери пред и официјално да биде пуштен во употреба.

Од МВР има најава дека утре, во 11 часот, министерот Оливер Спасовски ќе го посети пунктот.

Извор: Прес24

The post Метеж пред новиот пункт на МВР за вадење докукенти, а тој не е ни отворен appeared first on Република.

]]>

Долги колони граѓани, главно пензионери од утрово чекаат за сликање за нови документи откако во медиумите беше објавена информацијата дека е отворен новиот пункт на МВР во спортската сала на полициската станица Пролет. Но, официјално, пунктот на МВР не работи. Граѓаните кои што денеска дошле таму веројатно биле погрешно информирани бидејќи МВР во текот на изминатите неколку дена и во наредните ќе врши тестирање на системот па така за сликање биле повикувани главно вработени во полицијата и разни здруженија на граѓани, новинари и слични групи кои биле користени за да може системот да се провери пред и официјално да биде пуштен во употреба. Од МВР има најава дека утре, во 11 часот, министерот Оливер Спасовски ќе го посети пунктот. Извор: Прес24

The post Метеж пред новиот пункт на МВР за вадење докукенти, а тој не е ни отворен appeared first on Република.

]]>
Украинска сликарка ги разубавува урнатите згради со цртежи: Мојот Харков повторно ќе биде убав https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ukrainska-slikarka-gi-razubavuva-urnatite-zgradi-so-crtezi-mojot-harkov-povtorno-kje-bide-ubav/ Wed, 23 Mar 2022 21:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=477392

Украинската сликарка Саша Анисимова ги воодушеви корисниците на Инстаграм со своите цртежи на уништениот Харков.

Понекогаш не можам да верувам дека ова се случува, сè изгледа како кошмар. Сите ги прочитавме вестите и видовме написи и наслови дека Русија сака да ја нападне Украина, но не мислевме дека тоа навистина ќе се случи. Вечерта на 23 февруари, пред да си легнам, наидов на уште еден таков наслов, но не му придадов важност и отидов да спијам, поставувајќи го алармот за седум часа“, ја започнува својата исповед за 24сата.хр.

Во тоа време, Саша не ни претпоставувала дека во пет часот утрото ќе ја разбудат експлозии.

Пукаа недалеку од нас, прозорците во куќата се тресеа. Го спакувавме тоа што успеавме да го ставиме во торбата за 15 минути, го грабнавме кучето и се упативме кон западна Украина. Сите мои роднини го напуштија Харков“, вели Саша.

Таа тогаш решила да ја води војната на свој начин, па почнала да ги украсува уништените згради во родниот град со графика. Тој редовно објавува свои графики на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Sasha Anisimova (@sasanisimova)

The post Украинска сликарка ги разубавува урнатите згради со цртежи: Мојот Харков повторно ќе биде убав appeared first on Република.