Славко јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavko-janevski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 11:06:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Славко јаневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavko-janevski/ 32 32 „Диши љубов“ и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ по текст на Славко Јаневски вечерва во „Кафе литература“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dishi-lubov-i-stsensko-muzichkiot-performans-ulitsa-po-tekst-na-slavko-janevski-vecherva-vo-kafe-literatura/ Fri, 19 Apr 2024 11:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=767999

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), вечерва, (19 април), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во авторска музика, мешавина на рок и џез, на Џијан Емин, со текстови од Славко Јаневски и Тина Иванова.

Групата „Шлиц“, која ја предводи Џијан Емин, ќе ја видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова, и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски.

„Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје.

Настапуваат: Џијан Емин – гитара и вокал, Драган Гиновски-Гино – гитара, Георги Шарески – гитара, Дарко Мучев-Мучо – бас-гитара и Гоце Стевковски – тапани.

The post „Диши љубов“ и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ по текст на Славко Јаневски вечерва во „Кафе литература“ appeared first on Република.

]]>

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), вечерва, (19 април), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во авторска музика, мешавина на рок и џез, на Џијан Емин, со текстови од Славко Јаневски и Тина Иванова. Групата „Шлиц“, која ја предводи Џијан Емин, ќе ја видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова, и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски. „Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје. Настапуваат: Џијан Емин – гитара и вокал, Драган Гиновски-Гино – гитара, Георги Шарески – гитара, Дарко Мучев-Мучо – бас-гитара и Гоце Стевковски – тапани.

The post „Диши љубов“ и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ по текст на Славко Јаневски вечерва во „Кафе литература“ appeared first on Република.

]]>
Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-bistata-na-slavko-janevski-oshteteni-na-atso-shopov-i-sergej-esenin-vo-struga/ Thu, 20 Apr 2023 08:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=632382

Исчезната е бистата на македонскиот поет Славко Јаневски на кејот на реката Црн Дрим во Струга, а на Ацо Шопов и Сергеј Есенин видливо расклатени во обид да се откорнат од постаментите, соопшти денеска националната установа „Струшки вечери на поезијата“.

Според информацијата, вандалскиот чин бил забележан вчера во вообичаена проверка на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Кражбата била пријавена во Полициската станица Струга од директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски, како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, информира СВП.

Апелираат граѓаните и сите почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.

Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација, како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата, додаваат во соопштението.

Сличен вандалски чин се случил и на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откорната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. По пронаоѓањето била санирана и вратен на постаментот.

The post Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга appeared first on Република.

]]>

Исчезната е бистата на македонскиот поет Славко Јаневски на кејот на реката Црн Дрим во Струга, а на Ацо Шопов и Сергеј Есенин видливо расклатени во обид да се откорнат од постаментите, соопшти денеска националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Според информацијата, вандалскиот чин бил забележан вчера во вообичаена проверка на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Кражбата била пријавена во Полициската станица Струга од директорот на СВП, Тодорче Тасевски.
Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски, како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, информира СВП.
Апелираат граѓаните и сите почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.
Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на оваа вообичаено фреквентна локација, како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата, додаваат во соопштението.
Сличен вандалски чин се случил и на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откорната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. По пронаоѓањето била санирана и вратен на постаментот.

The post Украдена бистата на Славко Јаневски, оштетени на Ацо Шопов и Сергеј Есенин во Струга appeared first on Република.

]]>
Промоција на сликовницата „Страшна ноќ” од Славко Јаневски и Наташа Андонова во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-slikovnicata-strashna-nokj-od-slavko-janevski-i-natasha-andonova-vo-kic/ Wed, 19 Oct 2022 07:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=562811

На 21 октомври, петок, со почеток од 18 часот, во Културно Информативниот центар - КИЦ Скопје, ќе се одржи промоцијата на сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова.

Антологискиот расказ „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски, кој се смета за еден од најубавите раскази во македонската книжевност, е дел од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа Темплум. Расказот „Страшна ноќ“, со помош на извонредната ликовна техника на уметницата Наташа Андонова, се претвора во сликовница која го привлекува вниманието на младите читатели, но не може да остане незабележана ни од читателската публика од сите возрасти.

Идејата на оваа едиција, која вклучува домашни автори - поети, писатели, уметници и илустратори, е да се спојат старите и новите автори, но и старите, класични вредности, со новите, актуелни вредности. Постарите, делумно подзаборавени дела на значајни претставници на македонската книжевност, преку оваа едиција добиваат ново руво, осносно за прв пат овие текстови се објавени во вид на сликовници, визуелно поддржани од страна на најдобрите современи уметници и дизајнери.

Дејството на расказот „Страшна ноќ“ е лоцирано во едно мало гратче, со „тесни сокачиња, стиснати од двете страни со трошни куќарки, шарени и со црвени петленца на стреите“. Во тоа гратче има мала продавница за играчки во која работи еден стар продавач. По пристигнувањето на новиот сандак со играчки – оловни војничиња, авиони и тенкови, продавачот го напушта дуќанчето и токму после тоа, длабоко во ноќта, во дуќанчето почнуваат да се случуваат низа настани кои се движат на границата меѓу сонот и јавето, меѓу реалното и имагинарното. Започнува борба меѓу новите играчки и играчките кои подолго време седат на полиците во дуќанчето, борба која наликува на вечната борба меѓу генерациите, но и на арехетипот кој меѓу другото е илустриран и преку митот за Беовулф (доаѓањето на херојот и неговиот навремен крај); за древното (наследството) кое ќе мора да биде изменето или заменето од барањата на сегашноста, и иднината. Но, тука е и стариот продавач кој како да почнува да се сомнева во себе, дали поради староста или поради ноќта помината во крчмата. Кој ќе победи во таа битка, останува да видите во самата сликовница. Андонова го изградила ликот на стариот продавач на играчки по ликот на Славко Јаневски.

Јазикот на Јаневски е експресивен и сликовит, но и покрај тоа што сака да долови мистична атмосфера, останува умерен во изразот, а илустрациите на Наташа совршено го следат ритамот на нарацијата, доловувајќи ја атмосферата која од тивка и спокојна преминува во разбранувана и дива, за потоа повторно да се врати на првичкиот тек, иако ништо веќе не е исто како порано.

„Страшна ноќ,“ како дел од едицијата „Старо купувам,“ е резултат на една вонвременска соработка со која уште еднаш се докажува дека вистнските вредности се трајни.

Промоцијата на сликовницата која ќе биде прикажана во форма на Камишибаи претстава - вид на јапонски уличен театар во кој приказните се раскажуваат со употреба на илустрирани картички, и ќе биде водена од Никола Гелевски, Марина Туфекчиевска, Наташа Андонова и Фросина Крушкаровска.

Славко Јаневски (1920-2000) се смета за најважниот македонски писател за деца, а можеби и за возрасни. Пишувал книги за деца, романи, песни, филмски сценарија, есеи, патописи... Автор е на романите: ,,Село зад седумте јасени,“ ,,Две Марии,” ,,Месечар,“ ,,И бол и бес,” ,,Стебла“ и ,,Тврдоглави;” на повеста ,,Улица;” на патеписната книга од Африка и Азија ,,Горчливи легенди;“ на поетските творби: ,,Песни,” ,,Лирика,“ ”Егејска барутна бајка,“ ,, Евангелие по Итар Пејо” и ,, Каинавелија;“ на повеќе книги литература за деца и на сценарија за играни и кусометражни филмови, на збирките раскази: ,,Кловнови и луѓе,”,,Омарнини” и ,,Ковчег.“

Од 1945 година бил уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, меѓу другото и на списанието за деца „Титовче“ и на хумористично-сатиричниот весник „Остен“.

Наташа Андонова (1974, Скопје) е ликовна уметница, илустраторка, костимографка, сториборд артистка и аниматорка. Во областа на ликовната уметност има реализирано десет самостојни изложби и бројни групни изложби во Македонија и во странство.
Театарска и филмска костимографија работи од 1998 г. како автор и асистент во низа театарски проекти, вклучувајќи детски куклени претстави. Во филмската дејност работела како костимограф, сет дресер, сториборд цртач и видео аниматор.

The post Промоција на сликовницата „Страшна ноќ” од Славко Јаневски и Наташа Андонова во КИЦ appeared first on Република.

]]>

На 21 октомври, петок, со почеток од 18 часот, во Културно Информативниот центар - КИЦ Скопје, ќе се одржи промоцијата на сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова. Антологискиот расказ „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски, кој се смета за еден од најубавите раскази во македонската книжевност, е дел од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа Темплум. Расказот „Страшна ноќ“, со помош на извонредната ликовна техника на уметницата Наташа Андонова, се претвора во сликовница која го привлекува вниманието на младите читатели, но не може да остане незабележана ни од читателската публика од сите возрасти. Идејата на оваа едиција, која вклучува домашни автори - поети, писатели, уметници и илустратори, е да се спојат старите и новите автори, но и старите, класични вредности, со новите, актуелни вредности. Постарите, делумно подзаборавени дела на значајни претставници на македонската книжевност, преку оваа едиција добиваат ново руво, осносно за прв пат овие текстови се објавени во вид на сликовници, визуелно поддржани од страна на најдобрите современи уметници и дизајнери. Дејството на расказот „Страшна ноќ“ е лоцирано во едно мало гратче, со „тесни сокачиња, стиснати од двете страни со трошни куќарки, шарени и со црвени петленца на стреите“. Во тоа гратче има мала продавница за играчки во која работи еден стар продавач. По пристигнувањето на новиот сандак со играчки – оловни војничиња, авиони и тенкови, продавачот го напушта дуќанчето и токму после тоа, длабоко во ноќта, во дуќанчето почнуваат да се случуваат низа настани кои се движат на границата меѓу сонот и јавето, меѓу реалното и имагинарното. Започнува борба меѓу новите играчки и играчките кои подолго време седат на полиците во дуќанчето, борба која наликува на вечната борба меѓу генерациите, но и на арехетипот кој меѓу другото е илустриран и преку митот за Беовулф (доаѓањето на херојот и неговиот навремен крај); за древното (наследството) кое ќе мора да биде изменето или заменето од барањата на сегашноста, и иднината. Но, тука е и стариот продавач кој како да почнува да се сомнева во себе, дали поради староста или поради ноќта помината во крчмата. Кој ќе победи во таа битка, останува да видите во самата сликовница. Андонова го изградила ликот на стариот продавач на играчки по ликот на Славко Јаневски. Јазикот на Јаневски е експресивен и сликовит, но и покрај тоа што сака да долови мистична атмосфера, останува умерен во изразот, а илустрациите на Наташа совршено го следат ритамот на нарацијата, доловувајќи ја атмосферата која од тивка и спокојна преминува во разбранувана и дива, за потоа повторно да се врати на првичкиот тек, иако ништо веќе не е исто како порано. „Страшна ноќ,“ како дел од едицијата „Старо купувам,“ е резултат на една вонвременска соработка со која уште еднаш се докажува дека вистнските вредности се трајни. Промоцијата на сликовницата која ќе биде прикажана во форма на Камишибаи претстава - вид на јапонски уличен театар во кој приказните се раскажуваат со употреба на илустрирани картички, и ќе биде водена од Никола Гелевски, Марина Туфекчиевска, Наташа Андонова и Фросина Крушкаровска. Славко Јаневски (1920-2000) се смета за најважниот македонски писател за деца, а можеби и за возрасни. Пишувал книги за деца, романи, песни, филмски сценарија, есеи, патописи... Автор е на романите: ,,Село зад седумте јасени,“ ,,Две Марии,” ,,Месечар,“ ,,И бол и бес,” ,,Стебла“ и ,,Тврдоглави;” на повеста ,,Улица;” на патеписната книга од Африка и Азија ,,Горчливи легенди;“ на поетските творби: ,,Песни,” ,,Лирика,“ ”Егејска барутна бајка,“ ,, Евангелие по Итар Пејо” и ,, Каинавелија;“ на повеќе книги литература за деца и на сценарија за играни и кусометражни филмови, на збирките раскази: ,,Кловнови и луѓе,”,,Омарнини” и ,,Ковчег.“ Од 1945 година бил уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, меѓу другото и на списанието за деца „Титовче“ и на хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Наташа Андонова (1974, Скопје) е ликовна уметница, илустраторка, костимографка, сториборд артистка и аниматорка. Во областа на ликовната уметност има реализирано десет самостојни изложби и бројни групни изложби во Македонија и во странство. Театарска и филмска костимографија работи од 1998 г. како автор и асистент во низа театарски проекти, вклучувајќи детски куклени претстави. Во филмската дејност работела како костимограф, сет дресер, сториборд цртач и видео аниматор.

The post Промоција на сликовницата „Страшна ноќ” од Славко Јаневски и Наташа Андонова во КИЦ appeared first on Република.

]]>
Поетска вечер за Славко Јаневски на „Интерфест“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetska-vecher-za-slavko-janevski-na-interfest-vo-bitola/ Mon, 10 Oct 2022 06:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=559243

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со поетска вечер и музички рецитал кои ќе бидат изведени во битолскиот Офицерски дом.

Публиката во Битола ќе посведочи на избрани дела од големиот опус на македонскиот поет, писател, прозаист Славко Јаневски (1920-2000) кои ќе ги изведе доајенот на македонското глумиште, битолскиот актер Петар Мирчевски.

Според програмата, поетската вечер ќе продолжи со музички рецитал на уметникот од Турција, Хисеин Сермет кој на пијано ќе изведе дела од Шуберт и Лист.

Во последните два фестивалски денови, утре и во среда навечер, во Офицерски ќе настапат Кристијан Солдан пијанист од Германија, а годинава свеченото отворање им е доверено на членовите на битолскиот камерен оркестар и гостите од Италија, пијанистите Рафаеле Д’Анџело и Марија Рита Панела.

 

The post Поетска вечер за Славко Јаневски на „Интерфест“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со поетска вечер и музички рецитал кои ќе бидат изведени во битолскиот Офицерски дом. Публиката во Битола ќе посведочи на избрани дела од големиот опус на македонскиот поет, писател, прозаист Славко Јаневски (1920-2000) кои ќе ги изведе доајенот на македонското глумиште, битолскиот актер Петар Мирчевски. Според програмата, поетската вечер ќе продолжи со музички рецитал на уметникот од Турција, Хисеин Сермет кој на пијано ќе изведе дела од Шуберт и Лист. Во последните два фестивалски денови, утре и во среда навечер, во Офицерски ќе настапат Кристијан Солдан пијанист од Германија, а годинава свеченото отворање им е доверено на членовите на битолскиот камерен оркестар и гостите од Италија, пијанистите Рафаеле Д’Анџело и Марија Рита Панела.  

The post Поетска вечер за Славко Јаневски на „Интерфест“ во Битола appeared first on Република.

]]>