Славко Брезовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavko-brezovski/ За подобро да се разбереме Thu, 26 May 2022 07:24:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Славко Брезовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavko-brezovski/ 32 32 Изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски во КИЦ – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-po-povod-100-godini-od-ragjanjeto-na-arhitektot-slavko-brezoski-vo-kic-skopje/ Thu, 26 May 2022 07:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=507094

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва се организира изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски.

Славко Брезоски е припадник на првата повоена генерација македонски архитекти. Присуството на оваа генерација ќе биде одбележано под знакот на „модерната“ и нејзиниот реформаторски јазик што ќе се прифати и одржи во децениите што ќе следат. Творечкиот опус на архитектот Славко Брезоски е мошне богат и разновиден. Тој дејствува во речиси сите домени на урбанистичкото и архитектонското проектирање, едукацијата, истражувањето и публицистиката. Неговиот архитектонски опус го сочинуваат многубројни проекти и реализации со широк програмски дијапазон и препознатлив архитектонски израз, велат од КИЦ – Скопје.

Брезоски има учествувано на многубројни јавни домашни и меѓународни конкурси на кои освојува врвни награди. Притоа, повеќето од конкурсните проекти биле прифатени за реализирање, со што Брезоски постигнува и меѓународна афирмација.

Меѓу позначајните објекти се издвојуваат Стоковната куќа во Скопје, Комунално-Комерцијалната банка во Скопје, Амбасадата на СФРЈ во Бразилија, Спомен Шамарица во Хрватска, Архиепископскиот Соборен Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и зградата на Работнички дом во Скопје во чии рамки се наоѓа и Културно информативниот центар – Скопје.

 

The post Изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва се организира изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски.
Славко Брезоски е припадник на првата повоена генерација македонски архитекти. Присуството на оваа генерација ќе биде одбележано под знакот на „модерната“ и нејзиниот реформаторски јазик што ќе се прифати и одржи во децениите што ќе следат. Творечкиот опус на архитектот Славко Брезоски е мошне богат и разновиден. Тој дејствува во речиси сите домени на урбанистичкото и архитектонското проектирање, едукацијата, истражувањето и публицистиката. Неговиот архитектонски опус го сочинуваат многубројни проекти и реализации со широк програмски дијапазон и препознатлив архитектонски израз, велат од КИЦ – Скопје.
Брезоски има учествувано на многубројни јавни домашни и меѓународни конкурси на кои освојува врвни награди. Притоа, повеќето од конкурсните проекти биле прифатени за реализирање, со што Брезоски постигнува и меѓународна афирмација. Меѓу позначајните објекти се издвојуваат Стоковната куќа во Скопје, Комунално-Комерцијалната банка во Скопје, Амбасадата на СФРЈ во Бразилија, Спомен Шамарица во Хрватска, Архиепископскиот Соборен Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и зградата на Работнички дом во Скопје во чии рамки се наоѓа и Културно информативниот центар – Скопје.  

The post Изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>