Славјанка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavjanka/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Mar 2023 12:49:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Славјанка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavjanka/ 32 32 Ковачки до Петровска: Министерке, зошто криете апсење на оперативци во Косово и дали истражувале шверц од припадници на мисијата таму? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-do-petrovska-ministerke-zoshto-kriete-apsene-na-operativtsi-vo-kosovo-i-dali-istrazhuvale-shverts-od-pripadnitsi-na-misijata-tamu/ Sat, 25 Mar 2023 12:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=623582

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска, на како што вели, нејзините обиди за негова лична дискредитација.

-Не се сметам за министер за одбрана во сенка. Јас сум пратеник во Собранието на РМ, а колку сум успешен ќе ценат граѓаните, не Вие. Вие сте дел од извршната власт и треба да одговарате пред нас пратениците, а не обратно. Второ, за тоа дека сте сигурна во Вашето тврдење дека станува збор за измислен настан со приведувањето на оперативците, станете и кажете и’ на македонската јавност зошто криете и дали приведените припадници на военото разузнавање биле да истражуваат повеќегодишна појава на шверц на акцизна и друга роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?, прашува Ковачки.

Пратеникот ја праша министерката и кој ги селектираше и ги прати тие лица на Косово, таа или некој друг.

-До толку сте неспособни што поради партиско-криминални интереси дозволивте да се изгуби авторитетот во одбраната и секој да прави што сака и за тоа да не одговара. Сега откако цела АРМ знае за недозволените активности, решивте да ја ангажирате воената служба за безбедност да Ви ја покрива Вашата неспособност.

Зошто барате да Ви го покажам документот дека двајца оперативци кои биле пратени на Косово и дека биле приведени заради сомнителни активности, кога и сама знаете дека документот е класифициран и јас не би можел да го поседувам бидејќи вашите служби напишале дека сум бил НЕПОДОБЕН за безбедноста на државата. (?!)

Трето, станете и кажете колку време знаете за оваа појава и зошто сте неспособни да ја сузбиете истата и зошто тие што требало тоа да го сузбијат ги наградивте со девизни плати? Дали затоа што ги злоупотребивте и наместо да се борат со криминалот, вие успешно ги насочивте кон ВМРО-ДПМНЕ?

До каде отиде Вашата забеганост, да барате информации за тоа кој во каква облека спортува на кејот на Вардар?

Брука.

Се срамам што сум дел од времето во кое се распаѓа македонската одбрана под егзибиционизмот на Шекеринска и Славјанка Петровска.

** Делот од Вашето интервју каде ја објаснувате борбената готовност на АРМ нема да го коментирам, нека Ве ценат Вашите потчинети?, стои во објавата на Ковачки на Фејсбук.

The post Ковачки до Петровска: Министерке, зошто криете апсење на оперативци во Косово и дали истражувале шверц од припадници на мисијата таму? appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска, на како што вели, нејзините обиди за негова лична дискредитација. -Не се сметам за министер за одбрана во сенка. Јас сум пратеник во Собранието на РМ, а колку сум успешен ќе ценат граѓаните, не Вие. Вие сте дел од извршната власт и треба да одговарате пред нас пратениците, а не обратно. Второ, за тоа дека сте сигурна во Вашето тврдење дека станува збор за измислен настан со приведувањето на оперативците, станете и кажете и’ на македонската јавност зошто криете и дали приведените припадници на военото разузнавање биле да истражуваат повеќегодишна појава на шверц на акцизна и друга роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?, прашува Ковачки.
Пратеникот ја праша министерката и кој ги селектираше и ги прати тие лица на Косово, таа или некој друг.
-До толку сте неспособни што поради партиско-криминални интереси дозволивте да се изгуби авторитетот во одбраната и секој да прави што сака и за тоа да не одговара. Сега откако цела АРМ знае за недозволените активности, решивте да ја ангажирате воената служба за безбедност да Ви ја покрива Вашата неспособност. Зошто барате да Ви го покажам документот дека двајца оперативци кои биле пратени на Косово и дека биле приведени заради сомнителни активности, кога и сама знаете дека документот е класифициран и јас не би можел да го поседувам бидејќи вашите служби напишале дека сум бил НЕПОДОБЕН за безбедноста на државата. (?!) Трето, станете и кажете колку време знаете за оваа појава и зошто сте неспособни да ја сузбиете истата и зошто тие што требало тоа да го сузбијат ги наградивте со девизни плати? Дали затоа што ги злоупотребивте и наместо да се борат со криминалот, вие успешно ги насочивте кон ВМРО-ДПМНЕ?
До каде отиде Вашата забеганост, да барате информации за тоа кој во каква облека спортува на кејот на Вардар? Брука. Се срамам што сум дел од времето во кое се распаѓа македонската одбрана под егзибиционизмот на Шекеринска и Славјанка Петровска. ** Делот од Вашето интервју каде ја објаснувате борбената готовност на АРМ нема да го коментирам, нека Ве ценат Вашите потчинети?, стои во објавата на Ковачки на Фејсбук.

The post Ковачки до Петровска: Министерке, зошто криете апсење на оперативци во Косово и дали истражувале шверц од припадници на мисијата таму? appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-petrovska-i-semejstvoto-se-so-prijaveno-zivealishte-vo-luksuznata-hacienda-na-radishanska/ Tue, 22 Nov 2022 12:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=576925

Интегрален текст од прес конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Славјанка Петровска крие луксузна хациенда со базен во Радишани.

Петровска лажеше дека не поседува луксузна хациенда со базен. Тоа го демантиравме со евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда.

Денес ќе презентираме нови несоборливи докази, од кои е јасно дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство.

Ова е сметка за вода за хациендата со базен на Петровска. Како лице на кое се води водомерот на тој објект е назначен Љупчо Петровски, татко на Славјанка Петровска.

Од оваа сметка се гледа дека семејството Петровски ја користи луксузната хациенда како свое живеалиште или едно од објектите во кој тие престојуваат.

Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста.

Петровска на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен.

Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите.

Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба?

Петровска да не бега од одговорност. Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција.

Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична.

https://www.youtube.com/watch?v=fmKKflW1Pfk&t=2s

The post Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска appeared first on Република.

]]>

Интегрален текст од прес конференција на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Славјанка Петровска крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Петровска лажеше дека не поседува луксузна хациенда со базен. Тоа го демантиравме со евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој јасно се гледа дека таа е прибележана како сопственик на таа хациенда. Денес ќе презентираме нови несоборливи докази, од кои е јасно дека луксузната хациенда со базен е сопственост на Петровска и на нејзиното семејство. Ова е сметка за вода за хациендата со базен на Петровска. Како лице на кое се води водомерот на тој објект е назначен Љупчо Петровски, татко на Славјанка Петровска. Од оваа сметка се гледа дека семејството Петровски ја користи луксузната хациенда како свое живеалиште или едно од објектите во кој тие престојуваат. Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста. Петровска на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен. Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите. Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба? Петровска да не бега од одговорност. Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција. Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична.
https://www.youtube.com/watch?v=fmKKflW1Pfk&t=2s

The post Ковачки: Петровска и семејството се со пријавено живеалиште во луксузната хациенда на Радишанска appeared first on Република.

]]>
Јавноста откри тајна хациенда на министерката за одбрана, нека ја донира во хуманитарни цели, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnosta-otkri-tajna-hacienda-na-ministerkata-za-odbrana-neka-ja-donira-vo-humanitarni-celi-porachuvaat-od-vmro-dpmne/ Sat, 19 Nov 2022 08:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=575721

Народот додека едвај врзува крај со крај, функционерите на власта кријат луксузни имоти. Додека поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка, додека две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, Славјанка Петровска крие луксузен имот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, министерката Петровска во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани. Имотот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани и се наоѓа на улица „Радишанска“. Жителите од тој дел на улица „Радишанска“ според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ „Ацо Шопов“. Тоа е избирачкото место каде гласа и министерката Петровска. Адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта, се нaведува во партиското соопштение.

Велат дена покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година. ВМРО-ДПМНЕ исто така ја повикува Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка.  Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО, истакнуваат од партијата.

The post Јавноста откри тајна хациенда на министерката за одбрана, нека ја донира во хуманитарни цели, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.