Славица Грковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavica-grkovska/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 11:47:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Славица Грковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavica-grkovska/ 32 32 Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-imal-dve-opomeni-za-prekrshuvane-na-etichkiot-kodeks-dhaferi-ke-odluchuva-dali-ke-go-kazni/ Mon, 18 Mar 2024 11:47:05 +0000 https://republika.mk/?p=755858

Досега немало аргументи со кои може фактички да се утврди дека политичарите со службени возила оделе да се потпишуваат за претседателските кандидати, но секогаш кога бил прекршен етичкиот кодекс кабинетот на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска постапувал без разлика за кого станува збор.

Грковска вели како Кабинет испратиле отворено писмо до јавноста и сите политички субјекти, дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичка кампања.

Кога станува збор за опомените за користење на службените возила, освен во еден случај, видлива е промената дека се внимава, во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација, заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба според етичкиот кодекс да одлучи која е мерката што ќе ја изрече. Треба да се најде законско решение, ние почнавме да работиме со тоа што ќе ги врземе санкциите од кодексот со закон за да не бидеме во ситуација само да опоменуваме – рече Грковска.

The post Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни appeared first on Република.

]]>

Досега немало аргументи со кои може фактички да се утврди дека политичарите со службени возила оделе да се потпишуваат за претседателските кандидати, но секогаш кога бил прекршен етичкиот кодекс кабинетот на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска постапувал без разлика за кого станува збор. Грковска вели како Кабинет испратиле отворено писмо до јавноста и сите политички субјекти, дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичка кампања.
Кога станува збор за опомените за користење на службените возила, освен во еден случај, видлива е промената дека се внимава, во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација, заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба според етичкиот кодекс да одлучи која е мерката што ќе ја изрече. Треба да се најде законско решение, ние почнавме да работиме со тоа што ќе ги врземе санкциите од кодексот со закон за да не бидеме во ситуација само да опоменуваме – рече Грковска.

The post Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни appeared first on Република.

]]>
Грковска: Наша должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право https://arhiva3.republika.mk/vesti/grkovska-nasha-dolzhnost-e-da-obezbedime-bezbedna-i-demokratska-atmosfera-vo-koja-sekoj-glasach-ke-mozhe-slobodno-da-go-ispolnuva-svoeto-demokratsko-pravo/ Thu, 15 Feb 2024 11:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=744343

Отворено писмо од вицепремиерката Славица Грковска

Почитувани учесници на изборите,

Почитувани колеги од политичкиот живот,

Со распишувањето на изборите и почетокот на предизборниот период, од огромно значење е секој учесник во овој процес постојано да ги има предвид законите, но и етичките принципи при вршењето на своите активности. Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска атмосфера, императив е секој чинител во изборите да постапува одговорно и етички и да не го загрозува интегритетот на изборниот процес.

Нашата генерација не смее да си дозволи репризи на сцени од не толку далечното минато, случаи на заплашувања и злоупотреби, на компромитирани изборни процеси кои ја уназадуваа државата. Наша споделена должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право. Институциите се први на линијата на одговорност, но удел во целата слика има секој од нас.

Без оглед на нашите политички афилијации или припадност, приоритет во политичкото дејствување мора да биде добросостојбата на граѓаните и взаемната доверба меѓу заедниците во нашето мултикултурно општество. Тоа значи, не само да се придржуваме до одредбите во изборниот и другите закони, туку да поставуваме повисоки етички стандарди пред себе. И така директно придонесуваме државата да оди напред. Секој со својот пример, секој со својот дел од одговорноста, а за сечие добро.

Во овие времиња полни со предизвици, особено е важна транспарентноста на изборните кампањи, бидејќи на граѓаните мора да им се овозможи да носат одлуки врз основа на точни информации. Лажните вести, штетните наративи и дезинформациите служат токму за спротивното. И затоа е важно сите политички субјекти да ги презентираат своите програми на отворен и чесен начин, без манипулации. Подеднакво е важно да се води сметка и за елиминирање на дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза од јавниот дискурс, а во насока на унапредување на севкупната политичка култура во земјава.

Предизборниот и изборниот период е можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија и нејзините чинители, и затоа е важно секој носител и претендент за функција да води со личен пример, придржувајќи се до етичките стандарди и демократските принципи. И во ниту еден момент да не се заборави дека секој што ја бара довербата на избори, треба да делува во најдобар интерес на нашите граѓани и држава“.

The post Грковска: Наша должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право appeared first on Република.

]]>

Отворено писмо од вицепремиерката Славица Грковска
Почитувани учесници на изборите, Почитувани колеги од политичкиот живот, Со распишувањето на изборите и почетокот на предизборниот период, од огромно значење е секој учесник во овој процес постојано да ги има предвид законите, но и етичките принципи при вршењето на своите активности. Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска атмосфера, императив е секој чинител во изборите да постапува одговорно и етички и да не го загрозува интегритетот на изборниот процес. Нашата генерација не смее да си дозволи репризи на сцени од не толку далечното минато, случаи на заплашувања и злоупотреби, на компромитирани изборни процеси кои ја уназадуваа државата. Наша споделена должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право. Институциите се први на линијата на одговорност, но удел во целата слика има секој од нас. Без оглед на нашите политички афилијации или припадност, приоритет во политичкото дејствување мора да биде добросостојбата на граѓаните и взаемната доверба меѓу заедниците во нашето мултикултурно општество. Тоа значи, не само да се придржуваме до одредбите во изборниот и другите закони, туку да поставуваме повисоки етички стандарди пред себе. И така директно придонесуваме државата да оди напред. Секој со својот пример, секој со својот дел од одговорноста, а за сечие добро. Во овие времиња полни со предизвици, особено е важна транспарентноста на изборните кампањи, бидејќи на граѓаните мора да им се овозможи да носат одлуки врз основа на точни информации. Лажните вести, штетните наративи и дезинформациите служат токму за спротивното. И затоа е важно сите политички субјекти да ги презентираат своите програми на отворен и чесен начин, без манипулации. Подеднакво е важно да се води сметка и за елиминирање на дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза од јавниот дискурс, а во насока на унапредување на севкупната политичка култура во земјава. Предизборниот и изборниот период е можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија и нејзините чинители, и затоа е важно секој носител и претендент за функција да води со личен пример, придржувајќи се до етичките стандарди и демократските принципи. И во ниту еден момент да не се заборави дека секој што ја бара довербата на избори, треба да делува во најдобар интерес на нашите граѓани и држава“.

The post Грковска: Наша должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право appeared first on Република.

]]>
Грковска: Oдредени луѓе се вознемирени од механизам со кој реално ќе се санкционираат оние кои се на листа на санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-odredeni-luge-se-voznemireni-od-mehanizam-so-koj-realno-ke-se-sanktsioniraat-onie-koi-se-na-lista-na-sanktsii/ Sun, 21 Jan 2024 20:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=735226

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител се осврна на дилемите во јавноста околу измените на Законот за рестриктивни мерки. Иницијативата која ја поднесе Грковска за измени на законот, со цел да се прошири опфатот на рестриктивните мерки со додавање на корупцијата и организираниот криминал како основ, беше веднаш прифатена од Владата, а надлежното министерство го поднесе предлог-законот на усвојување.

Во однос на негативното мислење на Министерството за правда околу овој закон, Грковска појасни дека тоа се однесува на првата верзија на законот, а не на конечната верзија доставена до Владата. Таа истакна дека сепак е согласна во еден дел со ова мислење, односно дека и согласно сегашните законски прописи обвинителството може да покрене постапки по допрен глас, но проблемот е што правосудните органи се инертни, бавни и неиницијативни“, истакна Грковска.

Таа појасни дека со измените на Законот за рестриктивни мерки, јавното обвинителство ќе биде обврзано да постапи во кратки рокови, за да има побрза судска разрешница. Според вицепремиерката, брзото завршување на процедурата им оди во прилог и на лицата кои се на листите на санкции.

Во интервјуто за Сител, Грковска ја истакна определбата на Владата законските решенија да бидат во насока на презумција на невиност и човекови права, но и дека разбира дека одредена група луѓе е вознемирена, зашто на ваков начин правосудниот систем и сите во Република Македонија ќе имаат механизам со кој реално ќе се санкционираат оние луѓе кои се на листа на санкции. Сега го имаме обратното, додаде таа, нема реакција од нашиот правосуден систем, а тие продолжуваат со своите функции и дејности.

Таа појасни дека нејзината улога како вицепремиер е да ја координира подготовката на закони и стратегии, но предлог-законите ги поднесува надлежното министерство. Оттука, по формирањето на владината работна група за подготвување на законски измени со цел постапување по листите на санкции на САД и Обединетото Кралство, со која таа претседаваше, Министерството за надворешни работи, како институција во чија надлежност е овој закон, го поднесе предлогот законското решение до Владата.

Сите наши меѓународни партнери сакаат да видат ефикасна борба против корупцијата. Владата не може да процесира судски случаи, но тоа што може да направи е да овозможува и да го натера правосудниот систем да биде поефикасен“, истакна Грковска и информираше дека во пакет со овој закон овие прашања дополнително ќе се регулираат и во други закони, како нa пример Законот за јавни набавки, и други закони, за да се добие комплетно решение.

The post Грковска: Oдредени луѓе се вознемирени од механизам со кој реално ќе се санкционираат оние кои се на листа на санкции appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител се осврна на дилемите во јавноста околу измените на Законот за рестриктивни мерки. Иницијативата која ја поднесе Грковска за измени на законот, со цел да се прошири опфатот на рестриктивните мерки со додавање на корупцијата и организираниот криминал како основ, беше веднаш прифатена од Владата, а надлежното министерство го поднесе предлог-законот на усвојување.
Во однос на негативното мислење на Министерството за правда околу овој закон, Грковска појасни дека тоа се однесува на првата верзија на законот, а не на конечната верзија доставена до Владата. Таа истакна дека сепак е согласна во еден дел со ова мислење, односно дека и согласно сегашните законски прописи обвинителството може да покрене постапки по допрен глас, но проблемот е што правосудните органи се инертни, бавни и неиницијативни“, истакна Грковска.
Таа појасни дека со измените на Законот за рестриктивни мерки, јавното обвинителство ќе биде обврзано да постапи во кратки рокови, за да има побрза судска разрешница. Според вицепремиерката, брзото завршување на процедурата им оди во прилог и на лицата кои се на листите на санкции. Во интервјуто за Сител, Грковска ја истакна определбата на Владата законските решенија да бидат во насока на презумција на невиност и човекови права, но и дека разбира дека одредена група луѓе е вознемирена, зашто на ваков начин правосудниот систем и сите во Република Македонија ќе имаат механизам со кој реално ќе се санкционираат оние луѓе кои се на листа на санкции. Сега го имаме обратното, додаде таа, нема реакција од нашиот правосуден систем, а тие продолжуваат со своите функции и дејности. Таа појасни дека нејзината улога како вицепремиер е да ја координира подготовката на закони и стратегии, но предлог-законите ги поднесува надлежното министерство. Оттука, по формирањето на владината работна група за подготвување на законски измени со цел постапување по листите на санкции на САД и Обединетото Кралство, со која таа претседаваше, Министерството за надворешни работи, како институција во чија надлежност е овој закон, го поднесе предлогот законското решение до Владата.
Сите наши меѓународни партнери сакаат да видат ефикасна борба против корупцијата. Владата не може да процесира судски случаи, но тоа што може да направи е да овозможува и да го натера правосудниот систем да биде поефикасен“, истакна Грковска и информираше дека во пакет со овој закон овие прашања дополнително ќе се регулираат и во други закони, како нa пример Законот за јавни набавки, и други закони, за да се добие комплетно решение.

The post Грковска: Oдредени луѓе се вознемирени од механизам со кој реално ќе се санкционираат оние кои се на листа на санкции appeared first on Република.

]]>
Грковска: Ќе се правиме храбри на тие што украле 10 кебапи, а големите криминалци ќе останат на слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-ke-se-pravime-hrabri-na-tie-shto-ukrale-10-kebapi-a-golemite-kriminaltsi-ke-ostanat-na-sloboda/ Wed, 27 Dec 2023 13:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=727126

Владата треба да создаде правни предуслови за тука, во земјава, во рамки на македонскиот правосуден систем, да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави, порача денеска вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На брифинг со новинарите, сумирајќи го сработеното во годината што изминува, Грковска информираше и дека во однос на Етичкиот кодекс, досега се изречени писмени опомени за 12 функционери, избрани и именувани, за различни прашања. Кај некои функционери, напомена, Кодексот нема никаков ефект, а кај некои се забележуваат промени во однесувањето.

-Многу лоша порака е да се види дека лицата кои се ставени на црна листа во други држави, кај нас се однесуваат како ништо да не се случило. За тоа мора да има последици, во легална процедура, но тоа треба да е поттик и за истражните и за правосудните органи поефективно и поефикасно да ја вршат својата работа. Меѓународната поддршка е секогаш добредојдена, но задача на домашните институции е преку правниот систем целата процедура да има завршница и да се види дека има последици за оние што го прекршиле законот, истакна Грковска.

Таа потенцира дека медиумите, граѓанскиот сектор и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се клучните партнери кои треба да реагираат и да укажуваат на таквите однесувања.

-Секогаш сме постапувале спрема Кодексот непристрасно, независно за кого станува збор. Докажавме дека Етичкиот кодекс е форма на дополнителен притисок што треба да ги потсетува функционерите дека имаат дополнителна обврска да бидат пример како функцинер треба да се донесува, зашто примерите што ги даваат на секое ниво, се пример за останатите во општеството. Тој систем на етички и морални норми треба да фојде прво од врвот, за потоа да се применува во сите делови од општеството, рече Грковска.

На брифингот Грковска информираше и дека наскоро се очекува Министерството за информатичко општество и адмнинистрација (МИОА) да го предложи законот за архивско работење, чиј драфт е веќе изготвен. Со законот се предвидува целосно електронско функционирање на институциите во однос на документацијата и дигитално зачувување на материјалите. Допрва ќе треба, како што објасни Грковска, да се направи и т.н. владин „клауд“, како „бек-ап“ за сите дигитални документи кои ќе минуваат низ институциите.

-Со комплетното електронско функционирање на институциите ќе се елиминира можноста од манипулирање со бројчиња, со тоа дали некој документ е доставен, заверен или не. Институциите мора да им влеат доверба на граѓаните дека нема да бидат загрозени нивните податоци, ниту дека ќе биде доведен во прашање квалитетот на услугите, подвлече Грковска.

The post Грковска: Ќе се правиме храбри на тие што украле 10 кебапи, а големите криминалци ќе останат на слобода appeared first on Република.

]]>

Владата треба да создаде правни предуслови за тука, во земјава, во рамки на македонскиот правосуден систем, да се процесуираат лицата кои се ставени на црна листа во други држави, порача денеска вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска. На брифинг со новинарите, сумирајќи го сработеното во годината што изминува, Грковска информираше и дека во однос на Етичкиот кодекс, досега се изречени писмени опомени за 12 функционери, избрани и именувани, за различни прашања. Кај некои функционери, напомена, Кодексот нема никаков ефект, а кај некои се забележуваат промени во однесувањето.
-Многу лоша порака е да се види дека лицата кои се ставени на црна листа во други држави, кај нас се однесуваат како ништо да не се случило. За тоа мора да има последици, во легална процедура, но тоа треба да е поттик и за истражните и за правосудните органи поефективно и поефикасно да ја вршат својата работа. Меѓународната поддршка е секогаш добредојдена, но задача на домашните институции е преку правниот систем целата процедура да има завршница и да се види дека има последици за оние што го прекршиле законот, истакна Грковска.
Таа потенцира дека медиумите, граѓанскиот сектор и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се клучните партнери кои треба да реагираат и да укажуваат на таквите однесувања.
-Секогаш сме постапувале спрема Кодексот непристрасно, независно за кого станува збор. Докажавме дека Етичкиот кодекс е форма на дополнителен притисок што треба да ги потсетува функционерите дека имаат дополнителна обврска да бидат пример како функцинер треба да се донесува, зашто примерите што ги даваат на секое ниво, се пример за останатите во општеството. Тој систем на етички и морални норми треба да фојде прво од врвот, за потоа да се применува во сите делови од општеството, рече Грковска.
На брифингот Грковска информираше и дека наскоро се очекува Министерството за информатичко општество и адмнинистрација (МИОА) да го предложи законот за архивско работење, чиј драфт е веќе изготвен. Со законот се предвидува целосно електронско функционирање на институциите во однос на документацијата и дигитално зачувување на материјалите. Допрва ќе треба, како што објасни Грковска, да се направи и т.н. владин „клауд“, како „бек-ап“ за сите дигитални документи кои ќе минуваат низ институциите. -Со комплетното електронско функционирање на институциите ќе се елиминира можноста од манипулирање со бројчиња, со тоа дали некој документ е доставен, заверен или не. Институциите мора да им влеат доверба на граѓаните дека нема да бидат загрозени нивните податоци, ниту дека ќе биде доведен во прашање квалитетот на услугите, подвлече Грковска.

The post Грковска: Ќе се правиме храбри на тие што украле 10 кебапи, а големите криминалци ќе останат на слобода appeared first on Република.

]]>
Грковска: Сите надлежни институции треба да го исполнат својот дел од задачата за да имаме ефикасен систем отпорен на корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-site-nadlezhni-institutsii-treba-da-go-ispolnat-svojot-del-od-zadachata-za-da-imame-efikasen-sistem-otporen-na-koruptsija/ Mon, 04 Dec 2023 18:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=719648

Детална анализа на наодите од последниот извештај на Европската комисија во делот на оценување на состојбата со корупцијата во Македонија беше главна точка на денешната седница на  Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, со која претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Претставниците на институциите кои се дел од ова координативно тело се осврнаа на наодите и препораките во извештајот на ЕК и информираа за тековните и идните чекори кои ги преземаат во рамки на своите надлежности.

Посочувајќи дека извештаите на Европската Комисија секогаш даваат реална слика, вицепремиерката Грковска истакна дека сите институции треба сериозно да ја сфатат својата задача и да дадат директен придонес за во најкраток можен рок да се унапредат состојбите во однос на справувањето со корупцијата.

„Целта треба да ни е иста на сите. Да имаме ефикасен систем отпорен на корупција и влијание, систем кој функционира непристрасно, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Нема преку ноќ радикални промени, но мора, што е можно побрзо, секој во делот на своите ингеренции да го направи тоа што е потребно“,  истакна вицепремиерката Грковска.

Во таа насока, на состанокот беа донесени заклучоци до 15 декември да се направи пресек на законските решенија кои се изготвени, но се заглавени во собраниска процедура, пресек на потребните дополнителни измени на законски и подзаконски акти од оваа област, да се дефинираат конкретни активности на краток, среден и долг рок за секоја институција, кои практично ќе претставуваат акциски план за работата на Меѓуресорското тело, како и да се изготват критериуми за транспарентност во користењето на донаторските средства и на кредитираните проекти.

На седницата учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор, кои во својство на набљудувачи ја следат работата на Меѓуресорското тело.

The post Грковска: Сите надлежни институции треба да го исполнат својот дел од задачата за да имаме ефикасен систем отпорен на корупција appeared first on Република.

]]>

Детална анализа на наодите од последниот извештај на Европската комисија во делот на оценување на состојбата со корупцијата во Македонија беше главна точка на денешната седница на  Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, со која претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Претставниците на институциите кои се дел од ова координативно тело се осврнаа на наодите и препораките во извештајот на ЕК и информираа за тековните и идните чекори кои ги преземаат во рамки на своите надлежности. Посочувајќи дека извештаите на Европската Комисија секогаш даваат реална слика, вицепремиерката Грковска истакна дека сите институции треба сериозно да ја сфатат својата задача и да дадат директен придонес за во најкраток можен рок да се унапредат состојбите во однос на справувањето со корупцијата.
„Целта треба да ни е иста на сите. Да имаме ефикасен систем отпорен на корупција и влијание, систем кој функционира непристрасно, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Нема преку ноќ радикални промени, но мора, што е можно побрзо, секој во делот на своите ингеренции да го направи тоа што е потребно“,  истакна вицепремиерката Грковска.
Во таа насока, на состанокот беа донесени заклучоци до 15 декември да се направи пресек на законските решенија кои се изготвени, но се заглавени во собраниска процедура, пресек на потребните дополнителни измени на законски и подзаконски акти од оваа област, да се дефинираат конкретни активности на краток, среден и долг рок за секоја институција, кои практично ќе претставуваат акциски план за работата на Меѓуресорското тело, како и да се изготват критериуми за транспарентност во користењето на донаторските средства и на кредитираните проекти. На седницата учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор, кои во својство на набљудувачи ја следат работата на Меѓуресорското тело.

The post Грковска: Сите надлежни институции треба да го исполнат својот дел од задачата за да имаме ефикасен систем отпорен на корупција appeared first on Република.

]]>
Грковска бара со закон да се забранат функции за лица од „црната листа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-bara-so-zakon-da-se-zabranat-funktsii-za-litsa-od-tsrnata-lista/ Fri, 24 Nov 2023 08:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=715729

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата.

Во вчерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.

Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми, рече Грковска.

Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки.

Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните.

Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.

Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот, појасни вицепремиерката.

На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.

Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

 

The post Грковска бара со закон да се забранат функции за лица од „црната листа“ appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата. Во вчерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.
Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми, рече Грковска.
Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки. Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните. Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.
Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот, појасни вицепремиерката.
На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.
Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.
 

The post Грковска бара со закон да се забранат функции за лица од „црната листа“ appeared first on Република.

]]>
Со закон да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-zakon-da-se-zabrani-litsa-od-tsrnite-listi-na-sad-eu-i-oon-da-bidat-nositeli-na-funktsii/ Thu, 23 Nov 2023 20:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=715650

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата.

Во вечерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.

– Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми – рече Грковска.

Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки.

Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните.

Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.

– Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот – појасни вицепремиерката.

На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.

– Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции – појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

Во Клубот на пратеници утре ќе биде одржана јавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предвидено е обраќања да имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Кренар Лога и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

По презентацијата на предлог законот и на меѓународните стандарди и компаративни искуства, ќе следи отворена дискусија за предложеното законско решение, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопшти владината прес-служба.

The post Со закон да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на Европската Унија и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата. Во вечерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.
– Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми – рече Грковска.
Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки. Вицепремиеркатаа Грковска истакна дека целта на Законот за конфискација на имот е да се докаже дека со санкционирањето на вакви лица, корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекале на незаконски начин ќе биде одземен во законска процедура и ќе биде вратен назад на граѓаните. Таа додаде дека преку овој закон, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка, во граѓанска постапка да може да се санкционираат лица кои имаат драстична разлика во она што го заработиле, од официјално пријавените приходи.
– Со ова законско решение ја надополнуваме онаа празнина кога за вакви лица, кога нема кривична постапка, нема кривично дело за кое може да се побара конфискација на незаконски стекнат имот, да побара од лицето да каже како го стекнал имотот и доколку не може да докаже, во законска процедура да му биде одземен имотот – појасни вицепремиерката.
На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот.
– Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции – појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.
Во Клубот на пратеници утре ќе биде одржана јавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предвидено е обраќања да имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Кренар Лога и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. По презентацијата на предлог законот и на меѓународните стандарди и компаративни искуства, ќе следи отворена дискусија за предложеното законско решение, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопшти владината прес-служба.

The post Со закон да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции appeared first on Република.

]]>
Целта на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се зајакнат антикорупциските механизми, вели Грковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tselta-na-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-vo-graganska-postapka-e-da-se-zajaknat-antikoruptsiskite-mehanizmi-veli-grkovska/ Thu, 23 Nov 2023 19:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=715639

Во пресрет на утрешната јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка,  заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за телевизија Сител  ја образложи целта на донесување на ова законско решение, кое ќе ги зајакне антикорупциските правни механизми во земјава.

Грковска истакна дека со овој закон ќе се овозможи во граѓанска постапка да се санкционираат лица коишто имаат драстична разлика во она што го заработиле од официјално пријавените приходи и имотот што го поседуваат, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка.

„Целта е, со санкционирањето на вакви лица, да се докаже дека корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекнале на таков незаконски начин ќе биде одземен во една законска процедура и како што е предвидено со законот, да се врати назад кај граѓаните, да биде даден на социјални категории граѓани“, нагласи таа.

На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, вицепремиерката Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот. Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

The post Целта на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се зајакнат антикорупциските механизми, вели Грковска appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на утрешната јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка,  заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во интервју за телевизија Сител  ја образложи целта на донесување на ова законско решение, кое ќе ги зајакне антикорупциските правни механизми во земјава. Грковска истакна дека со овој закон ќе се овозможи во граѓанска постапка да се санкционираат лица коишто имаат драстична разлика во она што го заработиле од официјално пријавените приходи и имотот што го поседуваат, во ситуација кога нема доволно елементи за покренување на кривична постапка.
„Целта е, со санкционирањето на вакви лица, да се докаже дека корупцијата е неисплатлива и дека имотот што го стекнале на таков незаконски начин ќе биде одземен во една законска процедура и како што е предвидено со законот, да се врати назад кај граѓаните, да биде даден на социјални категории граѓани“, нагласи таа.
На прашањето дали еден ваков закон може да биде употребуван за политички пресметки, вицепремиерката Грковска истакна дека секој што на чесен начин го стекнал имотот, нема потреба да се грижи ако треба да докаже на каков начин е стекнат тој имот. Во предлог законот има дефинирани предуслови, врз основа на кои треба да се покрене постапка, за Финансиската полиција да започне со процесот, а во ланецот се вклучени низа институции, појасни Грковска и истакна дека овој закон има за улога да ги детектира и санкционира големите криминали.

The post Целта на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се зајакнат антикорупциските механизми, вели Грковска appeared first on Република.

]]>
Грковска: Никој нема право да ја забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-nikoj-nema-pravo-da-ja-zabrani-ili-ogranichi-slobodata-na-mediumite-i-slobodata-na-izrazuvane/ Sun, 12 Nov 2023 09:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=700676

Слободата на изразување, јавниот интерес и слободните медиуми се врвен приоритет за едно општество. Тие не смеат да бидат загрозени, ниту попречувани на каков било начин, објави на својот фб профил вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со судската одлука за случајот „Фероинвест против ИРЛ“.

Целосно се спротивставувам на скандалозните обиди да се дискредитира правото на новинарите да пишуваат, да алармираат, да критикуваат и да изразуваат сомнежи. Новинарската професија мора да биде самостојна, слободна, да биде саморегулирана од страна на авторитетните медиумски тела и организации, во согласност со законската регулатива и новинарските стандарди. Никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со Уставот, пишува на фејсбук статусот на Грковска.

Судијката Јованка Спировска Панева ги осуди ИРЛ за клевета и навреда во случајот „Фероинвест против ИРЛ” за документарниот филм „Заговор против воздухот”. Во пресудата се наведува дека ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа

The post Грковска: Никој нема право да ја забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување appeared first on Република.

]]>

Слободата на изразување, јавниот интерес и слободните медиуми се врвен приоритет за едно општество. Тие не смеат да бидат загрозени, ниту попречувани на каков било начин, објави на својот фб профил вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со судската одлука за случајот „Фероинвест против ИРЛ“. Целосно се спротивставувам на скандалозните обиди да се дискредитира правото на новинарите да пишуваат, да алармираат, да критикуваат и да изразуваат сомнежи. Новинарската професија мора да биде самостојна, слободна, да биде саморегулирана од страна на авторитетните медиумски тела и организации, во согласност со законската регулатива и новинарските стандарди. Никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со Уставот, пишува на фејсбук статусот на Грковска. Судијката Јованка Спировска Панева ги осуди ИРЛ за клевета и навреда во случајот „Фероинвест против ИРЛ” за документарниот филм „Заговор против воздухот”. Во пресудата се наведува дека ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа

The post Грковска: Никој нема право да ја забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување appeared first on Република.

]]>
Грковска: Со Грција ја отвораме вратата за соработка и проекти во дигитализацијата и борбата против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-so-grtsija-ja-otvorame-vratata-za-sorabotka-i-proekti-vo-digitalizatsijata-i-borbata-protiv-koruptsijata/ Sat, 04 Nov 2023 08:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=698030

Соработка и заеднички проекти во дигитализацијата и борбата против корупцијата, со двонасочна размена на искуства, се можностите кои, според заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, се отвораат меѓу Македонија и Грција.

Вицепремиерката вчера ја заврши тридневната работна посета на Атина, остварувајќи средби со министрите за дигитална политика и правда на Грција, со директорката на Националната Агенција за транспарентност, како и со заменик-претседателот на Националната школа за јавна администрација а во разговор со дописничката на МИА од Атина истакнува дека се отвори вратата и беше означен почетокот на нова соработка со Грција во конкретните области во нејзина надлежност.

Грковска изрази задоволство од разговорите со домаќините во Атина и откри дека министерот за правда на Грција предложил формирање заеднички комисии.

Одлични средби, одлична размена на искуства и сум презадоволна што има интерес и ми беше понудена соработка буквално од страна на сите. Отворени се и за заеднички проекти и за формирање на заеднички комисии кои што би работеле на одредени прашања како за дигитализација на процесите, така и за антикорупциски политики и соработка на институции кои што се во синџирот институции важни за борбата против корупцијата и организиран криминал, вели Грковска за МИА.

Таа објасни дека постои отворена покана за изнаоѓање заеднички начин, односно „кој би бил најдобриот начин за соработка“ и истакна дека за нас уште поважно е тоа што Грција, како наш сосед кој многу одамна е дел од Европската Унија веќе ги има поминато сите фази на реформи и „се добро организирани и уиграни за прилагодување на европското законодавство“, со што би ни помогнала „побрзо да ги премостиме и да ги прескокнеме предизвиците кои ги имала Грција и другите земји“.

На сите средби рековме дека ова во суштина е почеток или отворањето на вратата за поинтензивна соработка, ќе останеме во контакт, кога ќе се вратам ќе имам средба со антикорупциските институции за да може со секоја од нив, со оглед на тоа дека ние сме задолжени за координација, да детектираме можни области за соработка, да ги ставиме на хартија и потоа понатака да продолжиме да бараме кој ќе биде најдобриот модел за остварување на таа соработка, објасни вицепремиерката.

За процесот на дигитализација што Грција го почна за време на пандемијата, Грковска вели дека е за честитки тоа што на најдобар можен начин го искористи ковид периодот за да инвестира и да направи прогрес за забрзано дигитализирање на процесите и за правење прогрес на комплетна дигитална трансформација на општеството.

Тоа што за нас е интересно и во моментов сме насочени е воведувањето на електронска лична карта и која паралелно ќе оди со софтверско решение, кое ќе функционира како читач и истовремено воведување на т.н. „wallet“, односно паричник, вели Грковска.

Во антикорупциските политики, Грковска вели дека Грција има воведено многу интересни практики, како и интересни механизми предвидени со новата реформа што ќе почне да се имплементира.

За мене беше интересно се разбира кога станува збор за правосудството и како до вистинско независно правосудство со интегритет, кое е клучно во борбата против корупцијата заради тоа што ако нема ефект и во пресудите со конфискација, тогаш не можеме да кажеме дека може да имаме успех во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тоа што мене ме воодушеви е дека веќе имаат две пресуди, две обвиненија против министри кои се обиделе да вршат политички влијанија на судството и тоа е прилично интересен механизам за начинот на кој се процесуирале таквите случаи. Има многу работи коишто можеме  да ги научиме, посочи вицепремиерката.

Од друга страна, според Грковска, и Грција може да научи од нас и од нашите практиките што се применуваат, нешто што било констатирано на средбата со директорката на Националната институција за транспарентност, Александра Рогаку.

Увидовме дека многу активности кои ги има кабинетот се дел од ингеренциите на оваа институција и некои активности и пракси кои ги правиме ние како кабинет беа новина за нив па веќе се договоривме за интензивирање на соработката во таа смисла и многу брзо очекуваме да бидат наши гости. Сакам да кажам дека секогаш овие соработки се двонасочни, истакна заменичката на претседателот на Владата.

Посетата на Атина и средбата со Рогаку беше можност директорката на грчката Национална институција за транспарентност да ја потпише Декларацијата за приклучување на Форумот на Југоисточна Европа на жени лидерки за добро владеење и антикорупција и официјално да стане основач.

Станува збор за иницијативата што вицепремиерката ја покрена минатата година, а на 23 март се случи основањето, меѓутоа Рогаку, не била во можност да присуствува, па затоа потпишувањето беше вчера во Атина.

Грковска потсети дека целта на Форумот е да се спречи дискредитација на жените кои се занимаваат со добро владеење и антикорупциски активности, а професионално и со интегритет си ја вршат работата и најчесто се под голем притисок и се најчести жртви од страна на остатокот од општеството и тоа за работи на начин на кој што немаат никаква врска со нивната професионалност, само затоа што се жени.

Вицепремиерката за МИА објасни дека мрежата има постојана неформална комуникација, а Форумот ќе биде претставен и на маргините на Конференцијата на земјите членки потписнички на конвенцијата на ОН за спречување на корупција, што кон средината на следниот месец ќе се одржи во САД.

The post Грковска: Со Грција ја отвораме вратата за соработка и проекти во дигитализацијата и борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Соработка и заеднички проекти во дигитализацијата и борбата против корупцијата, со двонасочна размена на искуства, се можностите кои, според заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, се отвораат меѓу Македонија и Грција. Вицепремиерката вчера ја заврши тридневната работна посета на Атина, остварувајќи средби со министрите за дигитална политика и правда на Грција, со директорката на Националната Агенција за транспарентност, како и со заменик-претседателот на Националната школа за јавна администрација а во разговор со дописничката на МИА од Атина истакнува дека се отвори вратата и беше означен почетокот на нова соработка со Грција во конкретните области во нејзина надлежност. Грковска изрази задоволство од разговорите со домаќините во Атина и откри дека министерот за правда на Грција предложил формирање заеднички комисии.
Одлични средби, одлична размена на искуства и сум презадоволна што има интерес и ми беше понудена соработка буквално од страна на сите. Отворени се и за заеднички проекти и за формирање на заеднички комисии кои што би работеле на одредени прашања како за дигитализација на процесите, така и за антикорупциски политики и соработка на институции кои што се во синџирот институции важни за борбата против корупцијата и организиран криминал, вели Грковска за МИА.
Таа објасни дека постои отворена покана за изнаоѓање заеднички начин, односно „кој би бил најдобриот начин за соработка“ и истакна дека за нас уште поважно е тоа што Грција, како наш сосед кој многу одамна е дел од Европската Унија веќе ги има поминато сите фази на реформи и „се добро организирани и уиграни за прилагодување на европското законодавство“, со што би ни помогнала „побрзо да ги премостиме и да ги прескокнеме предизвиците кои ги имала Грција и другите земји“.
На сите средби рековме дека ова во суштина е почеток или отворањето на вратата за поинтензивна соработка, ќе останеме во контакт, кога ќе се вратам ќе имам средба со антикорупциските институции за да може со секоја од нив, со оглед на тоа дека ние сме задолжени за координација, да детектираме можни области за соработка, да ги ставиме на хартија и потоа понатака да продолжиме да бараме кој ќе биде најдобриот модел за остварување на таа соработка, објасни вицепремиерката.
За процесот на дигитализација што Грција го почна за време на пандемијата, Грковска вели дека е за честитки тоа што на најдобар можен начин го искористи ковид периодот за да инвестира и да направи прогрес за забрзано дигитализирање на процесите и за правење прогрес на комплетна дигитална трансформација на општеството.
Тоа што за нас е интересно и во моментов сме насочени е воведувањето на електронска лична карта и која паралелно ќе оди со софтверско решение, кое ќе функционира како читач и истовремено воведување на т.н. „wallet“, односно паричник, вели Грковска.
Во антикорупциските политики, Грковска вели дека Грција има воведено многу интересни практики, како и интересни механизми предвидени со новата реформа што ќе почне да се имплементира.
За мене беше интересно се разбира кога станува збор за правосудството и како до вистинско независно правосудство со интегритет, кое е клучно во борбата против корупцијата заради тоа што ако нема ефект и во пресудите со конфискација, тогаш не можеме да кажеме дека може да имаме успех во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тоа што мене ме воодушеви е дека веќе имаат две пресуди, две обвиненија против министри кои се обиделе да вршат политички влијанија на судството и тоа е прилично интересен механизам за начинот на кој се процесуирале таквите случаи. Има многу работи коишто можеме  да ги научиме, посочи вицепремиерката.
Од друга страна, според Грковска, и Грција може да научи од нас и од нашите практиките што се применуваат, нешто што било констатирано на средбата со директорката на Националната институција за транспарентност, Александра Рогаку.
Увидовме дека многу активности кои ги има кабинетот се дел од ингеренциите на оваа институција и некои активности и пракси кои ги правиме ние како кабинет беа новина за нив па веќе се договоривме за интензивирање на соработката во таа смисла и многу брзо очекуваме да бидат наши гости. Сакам да кажам дека секогаш овие соработки се двонасочни, истакна заменичката на претседателот на Владата.
Посетата на Атина и средбата со Рогаку беше можност директорката на грчката Национална институција за транспарентност да ја потпише Декларацијата за приклучување на Форумот на Југоисточна Европа на жени лидерки за добро владеење и антикорупција и официјално да стане основач. Станува збор за иницијативата што вицепремиерката ја покрена минатата година, а на 23 март се случи основањето, меѓутоа Рогаку, не била во можност да присуствува, па затоа потпишувањето беше вчера во Атина. Грковска потсети дека целта на Форумот е да се спречи дискредитација на жените кои се занимаваат со добро владеење и антикорупциски активности, а професионално и со интегритет си ја вршат работата и најчесто се под голем притисок и се најчести жртви од страна на остатокот од општеството и тоа за работи на начин на кој што немаат никаква врска со нивната професионалност, само затоа што се жени. Вицепремиерката за МИА објасни дека мрежата има постојана неформална комуникација, а Форумот ќе биде претставен и на маргините на Конференцијата на земјите членки потписнички на конвенцијата на ОН за спречување на корупција, што кон средината на следниот месец ќе се одржи во САД.

The post Грковска: Со Грција ја отвораме вратата за соработка и проекти во дигитализацијата и борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Грковска: Децениската корупција не може да се излечи и надмине толку брзо колку што би сакале https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-detseniskata-koruptsija-ne-mozhe-da-se-izlechi-i-nadmine-tolku-brzo-kolku-shto-bi-sakale/ Thu, 19 Oct 2023 12:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=692880

Напредокот кон ЕУ несомнено значи подобри услови за живот и повеќе можности за развој за сите наши граѓани. Носи нови и посветли перспективи за народите кои изминативе децении преживеаја многу турбулентни времиња и кризи. За жал, обременетоста со историјата на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои профитираат од тој наратив, и ден денес се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси на кои сме посветени. Директно, тоа влијае на динамиката на нашето пристапување во ЕУ, иако самата Унија е основана за да се стави крај на историските раздори на европско тло во име на иднината - изјави заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на Регионалниот експертски состанок за Кластер-1 (Основни вредности), во организација на Европското движење на Македонија-Национална конвенција за ЕУ, кој денеска се одржува во Скопје.

Во своето обраќање на овој настан, вицепремиерката Грковска истакна дека големото одолговлекување на европскиот пат, бројните објективни, но и тенденциозно креирани кризи ја оневозможуваат и неопходната културолошка промена, кон која тежнеат сите што се посветени на борбата со корупцијата, особено во поглед на толеранцијата во општеството кон овој феномен.

Децениското вкоренување коруптивни практики не може да се излечи и надмине толку брзо колку што би сакале. Ниту пак лесно може да изградите капацитети, ако на вашите напори му претходело владеење кое целосно ги заробувало и разградувало институциите. Денеска истите тие цинично го припишуваат на денешната влада сето она што тие свесно и плански го уништија и сметаат дека актуелните кризи и пречки, ќе го избришат злоделото кое ја изолираше и свесно ја уназади државата - истакна Грковска, додавајќи дека не може да се негира ниската доверба во институциите, особено во правосудството и дека во мала земја како нашата, тешко е да се исфрлат од употреба „тефтерчињата”.

Во ризичните времиња во кои живееме, не смееме да дозволиме европската ориентација на нашето општество, која беше речиси акламативна, да се претвори во дезориентација со ризични импликации, изјави Грковска и порача дека заедно со нашите европски пријатели, мора да го сопреме порастот на недемократски и авторитарни влијанија кои ја намалуваат поддршката за членство во ЕУ.

Денешниот регионален состанок е во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот” спроведуван од постоечките структури на Националната конвенција за Европската унија, партиципативен модел на дијалог кој функционира во Србија, Албанија и  Македонија и е насочен кон демократизација на процесот на интерација во ЕУ.

The post Грковска: Децениската корупција не може да се излечи и надмине толку брзо колку што би сакале appeared first on Република.

]]>

Напредокот кон ЕУ несомнено значи подобри услови за живот и повеќе можности за развој за сите наши граѓани. Носи нови и посветли перспективи за народите кои изминативе децении преживеаја многу турбулентни времиња и кризи. За жал, обременетоста со историјата на конфликти и сите надворешни и внатрешни фактори кои профитираат од тој наратив, и ден денес се сопирачка која ги отежнува позитивните процеси на кои сме посветени. Директно, тоа влијае на динамиката на нашето пристапување во ЕУ, иако самата Унија е основана за да се стави крај на историските раздори на европско тло во име на иднината - изјави заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на Регионалниот експертски состанок за Кластер-1 (Основни вредности), во организација на Европското движење на Македонија-Национална конвенција за ЕУ, кој денеска се одржува во Скопје.
Во своето обраќање на овој настан, вицепремиерката Грковска истакна дека големото одолговлекување на европскиот пат, бројните објективни, но и тенденциозно креирани кризи ја оневозможуваат и неопходната културолошка промена, кон која тежнеат сите што се посветени на борбата со корупцијата, особено во поглед на толеранцијата во општеството кон овој феномен.
Децениското вкоренување коруптивни практики не може да се излечи и надмине толку брзо колку што би сакале. Ниту пак лесно може да изградите капацитети, ако на вашите напори му претходело владеење кое целосно ги заробувало и разградувало институциите. Денеска истите тие цинично го припишуваат на денешната влада сето она што тие свесно и плански го уништија и сметаат дека актуелните кризи и пречки, ќе го избришат злоделото кое ја изолираше и свесно ја уназади државата - истакна Грковска, додавајќи дека не може да се негира ниската доверба во институциите, особено во правосудството и дека во мала земја како нашата, тешко е да се исфрлат од употреба „тефтерчињата”.
Во ризичните времиња во кои живееме, не смееме да дозволиме европската ориентација на нашето општество, која беше речиси акламативна, да се претвори во дезориентација со ризични импликации, изјави Грковска и порача дека заедно со нашите европски пријатели, мора да го сопреме порастот на недемократски и авторитарни влијанија кои ја намалуваат поддршката за членство во ЕУ. Денешниот регионален состанок е во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот” спроведуван од постоечките структури на Националната конвенција за Европската унија, партиципативен модел на дијалог кој функционира во Србија, Албанија и  Македонија и е насочен кон демократизација на процесот на интерација во ЕУ.

The post Грковска: Децениската корупција не може да се излечи и надмине толку брзо колку што би сакале appeared first on Република.

]]>
Грковска: Ги охрабрувам истрагите на ОЛАФ, оттаму ни укажаа дека се задоволни од соработката со нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-gi-ohrabruvam-istragite-na-olaf-ottamu-ni-ukazhaa-deka-se-zadovolni-od-sorabotkata-so-nas/ Thu, 27 Jul 2023 16:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=665988

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Собранието на седницата посветена на пратенички прашања, рече дека на средбата во Брисел со претставниците на Европската служба против измами - ОЛАФ било укажано дека тие се задоволни од соработката со институциите во земјава, а таа нагласила дека ги охрабрува нивните истраги.

Таа одговори на пратеничко прашање во врска со извештајот на ОЛАФ во однос на злоупотребите на европските фондови.

Од страна на претставниците на ОЛАФ, тогаш ни беше соопштено дека се задоволни од соработката со нашите институции, а од моја страна беше кажано дека ги охрабрувам да продолжат со истрагите, токму заради тоа што секој од нас без разлика на која и да е функција има обврска да биде одговорен за начинот на којшто се трошат парите на граѓаните, без разлика дали станува збор за парите од Буџетот или станува збор за донаторска помош или помош од страната на меѓународните, нашите меѓународни партнери, нагласи Грковска.

Таа истакна дека она што било укажано и од ОЛАФ, а и нејзина надеж е дека истрагите коишто се водат ќе имаат завршница и ќе биде јасен исходот. Додаде дека тие не се од таков вид за да можат да се одразат на ИПАРД помошта, која што веќе и е доделена на државава.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, во врска со истрагите на ОЛАФ истакна дека сите кои злоупотребиле народни или европски пари, треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, силно е вплеткана во криминал и корупција. Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага. А идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа ќе ги има под свое управување, ќе истражуваат заедно со оваа агенција, нагласи Мицкоски.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера од Битола, одговарајќи на прашање на МИА рече дека доколку истрагите на Европската служба против измами резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваат јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ќе ги следат одблизу.

Амбасадорот Гир потврди дека ОЛАФ подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

Вушност, процесот на преговори е обид да се донесе ЕУ во Македонија. Процесот ќе потрае, но секој чекор напред во процесот на преговори, поконкретно во спроведувањето на реформите, тр

Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ.  Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.

Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава.

ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Грковска: Ги охрабрувам истрагите на ОЛАФ, оттаму ни укажаа дека се задоволни од соработката со нас appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Собранието на седницата посветена на пратенички прашања, рече дека на средбата во Брисел со претставниците на Европската служба против измами - ОЛАФ било укажано дека тие се задоволни од соработката со институциите во земјава, а таа нагласила дека ги охрабрува нивните истраги. Таа одговори на пратеничко прашање во врска со извештајот на ОЛАФ во однос на злоупотребите на европските фондови.
Од страна на претставниците на ОЛАФ, тогаш ни беше соопштено дека се задоволни од соработката со нашите институции, а од моја страна беше кажано дека ги охрабрувам да продолжат со истрагите, токму заради тоа што секој од нас без разлика на која и да е функција има обврска да биде одговорен за начинот на којшто се трошат парите на граѓаните, без разлика дали станува збор за парите од Буџетот или станува збор за донаторска помош или помош од страната на меѓународните, нашите меѓународни партнери, нагласи Грковска.
Таа истакна дека она што било укажано и од ОЛАФ, а и нејзина надеж е дека истрагите коишто се водат ќе имаат завршница и ќе биде јасен исходот. Додаде дека тие не се од таков вид за да можат да се одразат на ИПАРД помошта, која што веќе и е доделена на државава. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, во врска со истрагите на ОЛАФ истакна дека сите кои злоупотребиле народни или европски пари, треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б
Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, силно е вплеткана во криминал и корупција. Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага. А идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа ќе ги има под свое управување, ќе истражуваат заедно со оваа агенција, нагласи Мицкоски.
Евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера од Битола, одговарајќи на прашање на МИА рече дека доколку истрагите на Европската служба против измами резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваат јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ќе ги следат одблизу. Амбасадорот Гир потврди дека ОЛАФ подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови. Вушност, процесот на преговори е обид да се донесе ЕУ во Македонија. Процесот ќе потрае, но секој чекор напред во процесот на преговори, поконкретно во спроведувањето на реформите, тр
Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ.  Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.
Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

The post Грковска: Ги охрабрувам истрагите на ОЛАФ, оттаму ни укажаа дека се задоволни од соработката со нас appeared first on Република.

]]>
Грковска – Јурова: Јакнењето на демократските вредности е клучно за напредокот во општеството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-jurova-jakneneto-na-demokratskite-vrednosti-e-kluchno-za-napredokot-vo-opshtestvoto/ Wed, 28 Jun 2023 20:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=656227

Потребата од јакнење на демократските вредности и владеењето на правото, како и за напредокот на нашата земја во засилувањето на проактивната транспарентност на институциите и справувањето со корупцијата биле теми на денешната средба во Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска со Вера Јурова, комесар за вредности и транспарентност во Европската комисија.

Како што соопштија од Владината прес-служба, на средбата вицепремиерката Грковска информирала за целите на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, кој беше воспоставен со цел да вмрежи жени од регионот кои со своето професионално дејствување се пример за одговорност и интегритет.

Еврокомесарката Јурова посочи дека ваквите иницијативи се важни, со оглед дека е потребно да се адресира прашањето зошто многу жени го напуштаат јавниот живот, особено тие што се вклучени во политиката, судството, медиумите и невладиниот сектор, поради притисокот од разните форми на родово засновано насилство, се наведува во соопштението.

На средбата се разговарало и за потребата да се зајакне младата генерација, особено преку системски промени во образованието, кои треба да вградуваат вистински вредности и да го зголемуват интересот на младите за вклучување во општествените процеси.

Имајќи ја предвид сличноста на портфолијата на еврокомесарката Јурова и вицепремиерката Грковска, беа договорени чекори за заеднички активности во наредниот период, стои во соопштението.

The post Грковска – Јурова: Јакнењето на демократските вредности е клучно за напредокот во општеството appeared first on Република.

]]>

Потребата од јакнење на демократските вредности и владеењето на правото, како и за напредокот на нашата земја во засилувањето на проактивната транспарентност на институциите и справувањето со корупцијата биле теми на денешната средба во Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска со Вера Јурова, комесар за вредности и транспарентност во Европската комисија. Како што соопштија од Владината прес-служба, на средбата вицепремиерката Грковска информирала за целите на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, кој беше воспоставен со цел да вмрежи жени од регионот кои со своето професионално дејствување се пример за одговорност и интегритет.
Еврокомесарката Јурова посочи дека ваквите иницијативи се важни, со оглед дека е потребно да се адресира прашањето зошто многу жени го напуштаат јавниот живот, особено тие што се вклучени во политиката, судството, медиумите и невладиниот сектор, поради притисокот од разните форми на родово засновано насилство, се наведува во соопштението.
На средбата се разговарало и за потребата да се зајакне младата генерација, особено преку системски промени во образованието, кои треба да вградуваат вистински вредности и да го зголемуват интересот на младите за вклучување во општествените процеси.
Имајќи ја предвид сличноста на портфолијата на еврокомесарката Јурова и вицепремиерката Грковска, беа договорени чекори за заеднички активности во наредниот период, стои во соопштението.

The post Грковска – Јурова: Јакнењето на демократските вредности е клучно за напредокот во општеството appeared first on Република.

]]>
Грковска – Итала: Добрата соработка со ОЛАФ е исклучително важна за спречување на корупцијата во користењето европски фондови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-itala-dobrata-sorabotka-so-olaf-e-iskluchitelno-vazhna-za-sprechuvane-na-koruptsijata-vo-koristeneto-evropski-fondovi/ Tue, 27 Jun 2023 17:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=655803

Иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во институциите беа презенитрани во Брисел од страна на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на средбата со генералниот директор на ОЛАФ - Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим.

Како што пренесуваат од Владата, Грковска на средбата нагласила дека ги цени средствата на даночните обврзници на Европската Унија кои се вложуваат во нашата земја и дека тие мора да се користат соодветно на намената.

Во таа насока, таа посочи дека треба треба да се обрне внимание и да се избегне преклопување на проектите финансирани од ЕУ, но и од други донатори, пренесуваат од Владата.

Домаќините од ОЛАФ, истакнале дека имаат многу добра соработка со надлежните институции од Македонија, особено со Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) во рамките на Министерство за финансии, како нивна контакт точка за соработка.

Информирајќи за тековните и претстојните активности на ова поле, тие изразија подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза и нагласија дека е значајно да се одржи добрата соработка со OLAF низ целиот преговарачки процес, се дополнува во Владиното соопштение.

The post Грковска – Итала: Добрата соработка со ОЛАФ е исклучително важна за спречување на корупцијата во користењето европски фондови appeared first on Република.

]]>

Иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во институциите беа презенитрани во Брисел од страна на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на средбата со генералниот директор на ОЛАФ - Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим. Како што пренесуваат од Владата, Грковска на средбата нагласила дека ги цени средствата на даночните обврзници на Европската Унија кои се вложуваат во нашата земја и дека тие мора да се користат соодветно на намената.
Во таа насока, таа посочи дека треба треба да се обрне внимание и да се избегне преклопување на проектите финансирани од ЕУ, но и од други донатори, пренесуваат од Владата.
Домаќините од ОЛАФ, истакнале дека имаат многу добра соработка со надлежните институции од Македонија, особено со Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) во рамките на Министерство за финансии, како нивна контакт точка за соработка.
Информирајќи за тековните и претстојните активности на ова поле, тие изразија подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза и нагласија дека е значајно да се одржи добрата соработка со OLAF низ целиот преговарачки процес, се дополнува во Владиното соопштение.

The post Грковска – Итала: Добрата соработка со ОЛАФ е исклучително важна за спречување на корупцијата во користењето европски фондови appeared first on Република.

]]>
Грковска чека реакција од правосудните органи за Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-cheka-reaktsija-od-pravosudnite-organi-za-merko/ Wed, 21 Jun 2023 09:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=653629

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска чека реакција од правосудните органи откако САД објавја дека актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е ставен на црната листа.

Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, напиша Грковска.

Вчера, беше објавено дека Мерко и неговото семејство се на така наречената црна листа на САД.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-veruva-deka-sanktsiite-kon-merko-ke-i-pomognat-na-makedonija-vo-borba-protiv-koruptsijata/

The post Грковска чека реакција од правосудните органи за Мерко appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска чека реакција од правосудните органи откако САД објавја дека актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е ставен на црната листа.
Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, напиша Грковска.
Вчера, беше објавено дека Мерко и неговото семејство се на така наречената црна листа на САД. https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-veruva-deka-sanktsiite-kon-merko-ke-i-pomognat-na-makedonija-vo-borba-protiv-koruptsijata/

The post Грковска чека реакција од правосудните органи за Мерко appeared first on Република.

]]>
Претставката на Антикоруписка за Груби не е стигната кај вицепремиерката за политики за добро владеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretstavkata-na-antikorupiska-za-grubi-ne-e-stignata-kaj-vitsepremierkata-za-politiki-za-dobro-vladeene/ Wed, 10 May 2023 10:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=639201

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ја нема добиено претставката од Антикорупциската комисија за вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој службените простории ги користеше за партиски цели.

Во изјава за медиумите, Грковска денеска најави дека штом ја добијат претставката, по неа ќе биде постапено како и со сите претставки досега, врз основа на аргументи.

И досега сме постапувале непристрасно, без оглед на тоа за кого станува збор, рече Грковска.

Според неа, има промена во начинот на однесување кај некои функционери и во зголемувањето на свесноста за разлика од порано и смета дека со мерките што се преземаат ќе дојдеме до момент кога некој ќе понесе одговорност за несовесно работење.

Има промена во начинот на однесување кај некои функционери, во зголемување на свесноста, меѓутоа тоа е прашање на време, не се случува преку ноќ. Јас сум сигурна дека со ваквите мерки ќе дојдеме до оној момент кога ќе посведочиме некој да понесе одговорност за несовесното однесување, рече Грковска.

Не се согласува со констатацијата дека заложбите се само декларативни затоа што, како што вели, мерките што ги овозможува Етичкиот кодекс се конкретни.

Меѓутоа, тоа не е закон, нема можност за прекршочни одредби. Станува збор за етички мерки само што ние како општество се уште, за жал, не сме до дојдени до тој степен етичките мерки и Етичкиот кодекс да бидат со таа сила да влијаат многу повеќе отколку прекршочните одредби. Ние сме се уште до тој степен дека е полесно да се плати казната отколку да се внимава на тоа како да се однесуваме, оцени вицепремиерката за политики за добро владеење.

The post Претставката на Антикоруписка за Груби не е стигната кај вицепремиерката за политики за добро владеење appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ја нема добиено претставката од Антикорупциската комисија за вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој службените простории ги користеше за партиски цели. Во изјава за медиумите, Грковска денеска најави дека штом ја добијат претставката, по неа ќе биде постапено како и со сите претставки досега, врз основа на аргументи. И досега сме постапувале непристрасно, без оглед на тоа за кого станува збор, рече Грковска. Според неа, има промена во начинот на однесување кај некои функционери и во зголемувањето на свесноста за разлика од порано и смета дека со мерките што се преземаат ќе дојдеме до момент кога некој ќе понесе одговорност за несовесно работење. Има промена во начинот на однесување кај некои функционери, во зголемување на свесноста, меѓутоа тоа е прашање на време, не се случува преку ноќ. Јас сум сигурна дека со ваквите мерки ќе дојдеме до оној момент кога ќе посведочиме некој да понесе одговорност за несовесното однесување, рече Грковска. Не се согласува со констатацијата дека заложбите се само декларативни затоа што, како што вели, мерките што ги овозможува Етичкиот кодекс се конкретни. Меѓутоа, тоа не е закон, нема можност за прекршочни одредби. Станува збор за етички мерки само што ние како општество се уште, за жал, не сме до дојдени до тој степен етичките мерки и Етичкиот кодекс да бидат со таа сила да влијаат многу повеќе отколку прекршочните одредби. Ние сме се уште до тој степен дека е полесно да се плати казната отколку да се внимава на тоа како да се однесуваме, оцени вицепремиерката за политики за добро владеење.

The post Претставката на Антикоруписка за Груби не е стигната кај вицепремиерката за политики за добро владеење appeared first on Република.

]]>
Грковска: Нашите стремежи за независност и признаена државност се во директна корелација со еднакви услови за достоинствен живот и развој на секој поединец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-nashite-stremezhi-za-nezavisnost-i-priznaena-drzhavnost-se-vo-direktna-korelatsija-so-ednakvi-uslovi-za-dostoinstven-zhivot-i-razvoj-na-sekoj-poedinets/ Sat, 06 May 2023 08:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=637570

„Кога зборуваме за 30 години од нашето зачленување во Обединетите Нации не може, а да не зборуваме за периодот на нашето осамостојување. Како студент бев сведок и учествував во процесите на трансформација на македонското општество во повеќепартиски систем и бевме водени од идеологијата да создадеме независна и самостојна држава. И тогаш и денес сме пример за стабилност во регионот и пример како успеваме да почитуваме и да ја негуваме мултиетничноста, различноста и посебноста на нашите сограѓани “. Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панелот на тема „Граѓанско општество и солидарност“, што се одржа во седиштето на Обединетите Нации, по повод одбележувањето 30 години од зачленувањето на Република Македонија во ОН.

На панелот, кој го модерираше вицепремиерката Грковска, учествуваа Ивана Живковиќ, помошничка на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и Вики Младенова, координатор на ЕРАЗМУС Стратешко партнерство.

„Одбележувањето на 30-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите Нации се совпаѓа со 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. И затоа ми е драго што овој панел е посветен на суштината на глобалното семејство на нации и на секоја земја која се грижи за благосостојбата и напредокот на својот народ. Затоа што исполнувањето на нашите стремежи за независност и признаена државност мора да значат и исполнување на услови за достоинствен живот и развој на секој поединец“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Таа истакна дека мора да се изгради консензус за неповредливост на човековите права, кои припаѓаат на секого и секаде. И дека само со почитување на тие неотуѓиви права, луѓето можат да живеат и создаваат во слобода и мир и да градат општества кои ќе обезбедат еднакви можности за сите.

„Слободата сѐ уште има многу непријатели. Тоа се гледа во подемот на таканаречените нелиберални движења, засновани на нетолеранција, предрасуди, ограничување на слободното изразување. Во нивната срж е отпорот кон унапредувањето на човековите права и тенденцијата за одземање права кои се веќе стекнати одамна. И ова е една од најважните битки на нашето време“, предупреди Грковска.

Помошничката на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Ивана Живковиќ ја нагласи тесната соработка што нашата држава ја има со Програмата за развој на Обединетите нации и и честиташе на нашата држава за напредокот што е постигнат во однос на партнерскиот однос со граѓанското општество, но и за значајниот напредок во однос на слободата на медиумите, констатиран од „Репортери без граници“.

Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, истакна дека во изминативе 30 години на полето на човековите права во Македонија е постигнато многу, но дека се уште постојат предизвици кои мора да се надминат. Граѓанскиот сектор, додаде таа, е партнер, но и коректив и критичар на власта. Пировска нагласи дека во периодот после 2017 година граѓанскиот сектор има слободен простор за делување и работа, за разлика од претходно кога се соочуваше со сериозни опструкции.

Вики Младенова, координатор на Еразмус Стратешко партнерство оцени дека само образование кое се заснова на отворена соработка, и кое е составено од критички педагошки елементи е предуслов за политичка и културна трансформација на општеството, во насока на демократизација, правда, еднаквост и меѓукултурен дијалог.

The post Грковска: Нашите стремежи за независност и признаена државност се во директна корелација со еднакви услови за достоинствен живот и развој на секој поединец appeared first on Република.

]]>

„Кога зборуваме за 30 години од нашето зачленување во Обединетите Нации не може, а да не зборуваме за периодот на нашето осамостојување. Како студент бев сведок и учествував во процесите на трансформација на македонското општество во повеќепартиски систем и бевме водени од идеологијата да создадеме независна и самостојна држава. И тогаш и денес сме пример за стабилност во регионот и пример како успеваме да почитуваме и да ја негуваме мултиетничноста, различноста и посебноста на нашите сограѓани “. Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панелот на тема „Граѓанско општество и солидарност“, што се одржа во седиштето на Обединетите Нации, по повод одбележувањето 30 години од зачленувањето на Република Македонија во ОН.
На панелот, кој го модерираше вицепремиерката Грковска, учествуваа Ивана Живковиќ, помошничка на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и Вики Младенова, координатор на ЕРАЗМУС Стратешко партнерство.
„Одбележувањето на 30-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите Нации се совпаѓа со 75-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. И затоа ми е драго што овој панел е посветен на суштината на глобалното семејство на нации и на секоја земја која се грижи за благосостојбата и напредокот на својот народ. Затоа што исполнувањето на нашите стремежи за независност и признаена државност мора да значат и исполнување на услови за достоинствен живот и развој на секој поединец“, нагласи вицепремиерката Грковска.
Таа истакна дека мора да се изгради консензус за неповредливост на човековите права, кои припаѓаат на секого и секаде. И дека само со почитување на тие неотуѓиви права, луѓето можат да живеат и создаваат во слобода и мир и да градат општества кои ќе обезбедат еднакви можности за сите.
„Слободата сѐ уште има многу непријатели. Тоа се гледа во подемот на таканаречените нелиберални движења, засновани на нетолеранција, предрасуди, ограничување на слободното изразување. Во нивната срж е отпорот кон унапредувањето на човековите права и тенденцијата за одземање права кои се веќе стекнати одамна. И ова е една од најважните битки на нашето време“, предупреди Грковска.
Помошничката на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Ивана Живковиќ ја нагласи тесната соработка што нашата држава ја има со Програмата за развој на Обединетите нации и и честиташе на нашата држава за напредокот што е постигнат во однос на партнерскиот однос со граѓанското општество, но и за значајниот напредок во однос на слободата на медиумите, констатиран од „Репортери без граници“. Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, истакна дека во изминативе 30 години на полето на човековите права во Македонија е постигнато многу, но дека се уште постојат предизвици кои мора да се надминат. Граѓанскиот сектор, додаде таа, е партнер, но и коректив и критичар на власта. Пировска нагласи дека во периодот после 2017 година граѓанскиот сектор има слободен простор за делување и работа, за разлика од претходно кога се соочуваше со сериозни опструкции. Вики Младенова, координатор на Еразмус Стратешко партнерство оцени дека само образование кое се заснова на отворена соработка, и кое е составено од критички педагошки елементи е предуслов за политичка и културна трансформација на општеството, во насока на демократизација, правда, еднаквост и меѓукултурен дијалог.

The post Грковска: Нашите стремежи за независност и признаена државност се во директна корелација со еднакви услови за достоинствен живот и развој на секој поединец appeared first on Република.

]]>
Грковска: Пораките од САД да повлијаат правосудните органи да носат професионални одлуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-porakite-od-sad-da-povlijaat-pravosudnite-organi-da-nosat-profesionalni-odluki/ Tue, 25 Apr 2023 10:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=633861

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска изјави денеска дека одлуките на Апелацискиот суд за поништени решенија во случаи против високи профилирани лица се сериозен проблем и оти пораките што доаѓаат од САД конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна.

Изјавата на Грковска е во одговор на новинарско прашање откако Алсат, повикувајќи се на владини извори денеска објави дека амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Прајс Агелер, на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во кое ја изразува својата и загриженоста на САД за, како што вели, поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка.

-Вие знаете дека уште минатата година, уште кога беше тука и претходната амбасадорка, го покренав прашањето за одлуките на Апелацискиот суд. Првата реакција беше после првото, народски да го кажам, пазарење на вина, следуваа неколку настани заедно со правосудните органи, универзитетски професори, медиуми, невладини организации за тоа што треба да се преземе, во системска смисла да се намалат тие можности, меѓутоа и понатаму неколку активности што одат во таа насока и веќе со меѓународните партнери сме договорени како системски да се намалат можностите за такво нешто, меѓутоа и активностите за кои сте сведоци дека ги имаме и со останатите институции, одговори Грковска во одговор на прашањето што ќе преземе Владата во врска со писмото на Агелер, со оглед дека ова е сериозно предупредување од САД, имајќи предвид дека тие се партнери во справувањето со корупцијата.

Таа посочи оти ова е многу сериозен проблем и изрази надеж дека овие предупредувања ќе придонесат конечно за постапување онака како што доликува на еден професионален правосуден систем со интегритет.

-Потполно се согласувам дека тоа е многу сериозен проблем и дека сите активности што ги имаме ние како кабинет, изјавите што ги даваме, заедничките активности што ги имаме и со другите институции, меѓутоа и од многу отворените пораки од страна на американската Амбасада, од Европската Унија, од останатите наши меѓународни партнери, дека конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна, исклучиво во согласност со закон, затоа што нашите граѓани заслужуваат правдата да биде подеднаква за сите и се надевам дека сите овие укажувања ќе придонесат конечно за постапување онака како што доликува на еден професионален правосуден систем со интегритет, истакна Грковска во изјава по тркалезната маса „Антикорупциско образование - пристапи и предизвици“.

Во писмото до кое дојде Алсат од извори во Владата, се истакнуваат и напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-zagrizhena-i-razocharana-poradi-golemiot-broj-predmeti-koi-apelatsija-gi-vraka-na-povtorno-sudene/

The post Грковска: Пораките од САД да повлијаат правосудните органи да носат професионални одлуки appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска изјави денеска дека одлуките на Апелацискиот суд за поништени решенија во случаи против високи профилирани лица се сериозен проблем и оти пораките што доаѓаат од САД конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна. Изјавата на Грковска е во одговор на новинарско прашање откако Алсат, повикувајќи се на владини извори денеска објави дека амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Прајс Агелер, на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во кое ја изразува својата и загриженоста на САД за, како што вели, поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка. -Вие знаете дека уште минатата година, уште кога беше тука и претходната амбасадорка, го покренав прашањето за одлуките на Апелацискиот суд. Првата реакција беше после првото, народски да го кажам, пазарење на вина, следуваа неколку настани заедно со правосудните органи, универзитетски професори, медиуми, невладини организации за тоа што треба да се преземе, во системска смисла да се намалат тие можности, меѓутоа и понатаму неколку активности што одат во таа насока и веќе со меѓународните партнери сме договорени како системски да се намалат можностите за такво нешто, меѓутоа и активностите за кои сте сведоци дека ги имаме и со останатите институции, одговори Грковска во одговор на прашањето што ќе преземе Владата во врска со писмото на Агелер, со оглед дека ова е сериозно предупредување од САД, имајќи предвид дека тие се партнери во справувањето со корупцијата. Таа посочи оти ова е многу сериозен проблем и изрази надеж дека овие предупредувања ќе придонесат конечно за постапување онака како што доликува на еден професионален правосуден систем со интегритет. -Потполно се согласувам дека тоа е многу сериозен проблем и дека сите активности што ги имаме ние како кабинет, изјавите што ги даваме, заедничките активности што ги имаме и со другите институции, меѓутоа и од многу отворените пораки од страна на американската Амбасада, од Европската Унија, од останатите наши меѓународни партнери, дека конечно ќе повлијаат на правосудните органи дека одлуките треба да ги носат професионално, непристрасно, без влијание од друга страна, исклучиво во согласност со закон, затоа што нашите граѓани заслужуваат правдата да биде подеднаква за сите и се надевам дека сите овие укажувања ќе придонесат конечно за постапување онака како што доликува на еден професионален правосуден систем со интегритет, истакна Грковска во изјава по тркалезната маса „Антикорупциско образование - пристапи и предизвици“. Во писмото до кое дојде Алсат од извори во Владата, се истакнуваат и напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството. https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-zagrizhena-i-razocharana-poradi-golemiot-broj-predmeti-koi-apelatsija-gi-vraka-na-povtorno-sudene/

The post Грковска: Пораките од САД да повлијаат правосудните органи да носат професионални одлуки appeared first on Република.

]]>
Грковска: Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту во преговорите со „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-ne-sum-uchestvuvala-vo-upravuvachkiot-komitet-nitu-vo-pregovorite-so-behtel-i-enka/ Wed, 19 Apr 2023 13:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=632145

Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите со „Бехтел и Енка“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите. Не. Тоа го водел сосема друг состав на Управувачки комитет, ниту пак бев во државата кога Договорот се разгледувал на седница на Влада - рече Грковска прашана зошто ако била во Управувачкиот комитет и била запознаена со содржината на Договорот со американско-турскиот Конзорциум дека има две опции – поевтина и поскапа, не ја предупредиила Владата дека проектот ќе чини многу поскапо.

The post Грковска: Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту во преговорите со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите со „Бехтел и Енка“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту сум била дел од преговорите. Не. Тоа го водел сосема друг состав на Управувачки комитет, ниту пак бев во државата кога Договорот се разгледувал на седница на Влада - рече Грковска прашана зошто ако била во Управувачкиот комитет и била запознаена со содржината на Договорот со американско-турскиот Конзорциум дека има две опции – поевтина и поскапа, не ја предупредиила Владата дека проектот ќе чини многу поскапо.

The post Грковска: Не сум учествувала во Управувачкиот комитет ниту во преговорите со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Грковска против Груби: Договорот за коридорите треба да биде објавен јавно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-protiv-grubi-dogovorot-za-koridorite-treba-da-bide-objaven-javno/ Wed, 12 Apr 2023 13:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=630244

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска нене гледа причина  договорот со „Бектел и Енка“  за изградба на коридорите да не биде објавен. Според неа, станува збор за стратегиски договор од национален интерес.

Не сум сигурна, но ќе проверам дали има некоја клаузула која би го спречувала тоа. Во спротивност, пак ќе кажам, тоа е договор од стратегиски интерес и не мислам дека треба да биде сокриен од јавноста“, изјави денеска Грковска.

Ова нејзино тврдење еспротивно од нејзиниот колега Артан Груби кој денеска рече дека овој договор е класифициран и нема да биде објавен во јавноста и оти станува збор за доверлив документ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-javnosta-nema-da-go-vidi-dogovorot-so-bektel-i-enka-bidejki-e-klasifitsiran/

 

The post Грковска против Груби: Договорот за коридорите треба да биде објавен јавно appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска нене гледа причина  договорот со „Бектел и Енка“  за изградба на коридорите да не биде објавен. Според неа, станува збор за стратегиски договор од национален интерес.
Не сум сигурна, но ќе проверам дали има некоја клаузула која би го спречувала тоа. Во спротивност, пак ќе кажам, тоа е договор од стратегиски интерес и не мислам дека треба да биде сокриен од јавноста“, изјави денеска Грковска.
Ова нејзино тврдење еспротивно од нејзиниот колега Артан Груби кој денеска рече дека овој договор е класифициран и нема да биде објавен во јавноста и оти станува збор за доверлив документ. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-javnosta-nema-da-go-vidi-dogovorot-so-bektel-i-enka-bidejki-e-klasifitsiran/  

The post Грковска против Груби: Договорот за коридорите треба да биде објавен јавно appeared first on Република.

]]>