Славески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slaveski/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 21:00:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Славески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slaveski/ 32 32 Славески: Остана неодговорено прашањето што се случи со 2 милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-ostana-neodgovoreno-prashaneto-shto-se-sluchi-so-2-milioni-evra-koi-na-jsp-mu-bea-dadeni-so-odluka-na-sovet-na-grad-skopje/ Mon, 22 Jan 2024 21:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=735702

Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на 24 Телевизија гостуваше претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески кој што истакна дека она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата „За обнова на Македонија“ остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември.

„Имаме еден феномен кој што од време на време се повторува  и на централно ниво кога неспособни директори на институции дали се тоа од приватниот или јавниот сектор предводат штрајк на вработените или протест револт итн. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие кој што е поставен од градоначалникот Арсовска да ги решава таму проблемите да обезбедува плати наместо рационално да ги користи средствата тој повторно зачука на портите на Град Скопје, односно на буџетот на Град Скопје. Она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата за обнова на Македонија остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на Ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември. Сега слушаме дека плата вработените на ЈСП не земале за декември до денешниот ден. И на тоа прашање немаше одговор имаше некои импровизации дури и од страна на градоначалничката“, истакна Славески.

Славески посочи и дека советниците инсистираат на домаќинско и транспарентно работење од страна на Град Скопје.

„Како и да е мислам дека советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не се против поддршка на претпријатијата јавни не се против благосостојбата на вработените туку инсистираат на транспарентно домаќинско работење од страна на лицата кои што се задолжени за тоа“, нагласи Славески.

Славески додаде и дека во моментот има 900 барања за нови вработување од страна на директорите на јавните претпријатија а тие тонат во загуби.

„Во моментот секој ден пристигнуваат барање за нови вработувања сега пред изборите и ако ги соберете од сите јавни претпријатија и установи има некаде околу 900 барања за нови вработувања. Она што ги иритира советниците е како може во исто време да барате нови вработувања, а тонете во загуби и барате покривања на загубите од страна на буџетот на Град Скопје кој што има и други намени“, посочи Славески.

The post Славески: Остана неодговорено прашањето што се случи со 2 милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на 24 Телевизија гостуваше претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески кој што истакна дека она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата „За обнова на Македонија“ остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември. „Имаме еден феномен кој што од време на време се повторува  и на централно ниво кога неспособни директори на институции дали се тоа од приватниот или јавниот сектор предводат штрајк на вработените или протест револт итн. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие кој што е поставен од градоначалникот Арсовска да ги решава таму проблемите да обезбедува плати наместо рационално да ги користи средствата тој повторно зачука на портите на Град Скопје, односно на буџетот на Град Скопје. Она прашање кое што пет часа го повторуваа советници од коалицијата за обнова на Македонија остана неодговорено. Неодговорено е прашањето што се случи со 2 милиони евра кои што на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје, средината на Ноември со назнака исплата на плата за вработените за ноември и декември. Сега слушаме дека плата вработените на ЈСП не земале за декември до денешниот ден. И на тоа прашање немаше одговор имаше некои импровизации дури и од страна на градоначалничката“, истакна Славески. Славески посочи и дека советниците инсистираат на домаќинско и транспарентно работење од страна на Град Скопје. „Како и да е мислам дека советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не се против поддршка на претпријатијата јавни не се против благосостојбата на вработените туку инсистираат на транспарентно домаќинско работење од страна на лицата кои што се задолжени за тоа“, нагласи Славески. Славески додаде и дека во моментот има 900 барања за нови вработување од страна на директорите на јавните претпријатија а тие тонат во загуби. „Во моментот секој ден пристигнуваат барање за нови вработувања сега пред изборите и ако ги соберете од сите јавни претпријатија и установи има некаде околу 900 барања за нови вработувања. Она што ги иритира советниците е како може во исто време да барате нови вработувања, а тонете во загуби и барате покривања на загубите од страна на буџетот на Град Скопје кој што има и други намени“, посочи Славески.

The post Славески: Остана неодговорено прашањето што се случи со 2 милиони евра кои на ЈСП му беа дадени со одлука на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Славески: Реконструцијата на Владата ја чини државата 18 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-rekonstrutsijata-na-vladata-ja-chini-drzhavata-18-milioni-evra/ Mon, 06 Mar 2023 21:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=616635

Владата ќе се обидува ситуацијата во државата да ја претставува во розово светло но инфалацијата во државата воопшто не е розова. Спроед нашите првични пресметки пропустот со еврообрзница не чинеше најмалку 18 милиони евра и е предизвикана дирекна штета на државата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Додаде дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструцијата на оваа Влада првично не чини 18 милони евра.

„Кога беше издадена еврообрзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финанисиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9% а сега е 5,25% тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообрзници на лимитираните пазари беше над 10%“, рече Славески.

Славески е дециден дека поради пропуст или несогласување на министерот за правда со неговото разрешување па не ја потпиша навреме дозволата за еврообрзница направена е голема штета.

„Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообрзницата, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.

The post Славески: Реконструцијата на Владата ја чини државата 18 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Владата ќе се обидува ситуацијата во државата да ја претставува во розово светло но инфалацијата во државата воопшто не е розова. Спроед нашите првични пресметки пропустот со еврообрзница не чинеше најмалку 18 милиони евра и е предизвикана дирекна штета на државата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. Додаде дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструцијата на оваа Влада првично не чини 18 милони евра. „Кога беше издадена еврообрзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финанисиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9% а сега е 5,25% тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообрзници на лимитираните пазари беше над 10%“, рече Славески. Славески е дециден дека поради пропуст или несогласување на министерот за правда со неговото разрешување па не ја потпиша навреме дозволата за еврообрзница направена е голема штета. „Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообрзницата, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.

The post Славески: Реконструцијата на Владата ја чини државата 18 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Славески: Одбројува часовникот, компаниите се при крај со ресурсите и пред затворање, замислете да се затвори компанија од која зависи некој град https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/slaveski-odbrojuva-chasovnikot-kompaniite-se-pri-kraj-so-resursite-i-pred-zatvoranje-zamislete-da-se-zatvori-kompanija-od-koja-zavisi-nekoj-grad/ Tue, 18 Oct 2022 20:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=562718

Ни од далеку не може да бидеме спокојни дека сме обезбедени енергетски. Нема некој во земјава кој може да каже дека сме целосно енергетски обезбедени и дека може да се опуштиме. Знаеме дека зависиме од набавка на рускиот гас. Дефицитарни сме со набавка на јаглен, тоа што имаме од далеку не ги задоволува потребите, и да има од каде да се купи, прашање е по која цена е и кој ќе го донесе, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески за Отворено на ТВ24.

Славески истакна дека во ваква ситуација што побрзо е потребна, затоа што тие се при крај со своите ресурси и дека може да затворат.

Замислете што може да се случи ако затвори компанија од која зависи некој град, треба да им се помогне што поскоро. Така што помошта треба да се очекува во најскоро време, одбројува часовникот, тие се при крај со своите ресурси, рече Славески.

Славески во однос на тоа што компаниите најмногу ги погоди цената на струјата посочи дека добро е што власта се премисли и почна ноќните вишоци да им ги нуди на нашите компании, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го бараше многу порано.

Со недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој е експерт за енергетика ја прозиваше власта и надлежните дека прават голема грешка што продаваат ноќни вишоци, а не ги нудат на нашите компании. Треба да се поздрави пресвртот кој настана во власта, што ги понудија на нашите компании, истакна тој.

The post Славески: Одбројува часовникот, компаниите се при крај со ресурсите и пред затворање, замислете да се затвори компанија од која зависи некој град appeared first on Република.

]]>

Ни од далеку не може да бидеме спокојни дека сме обезбедени енергетски. Нема некој во земјава кој може да каже дека сме целосно енергетски обезбедени и дека може да се опуштиме. Знаеме дека зависиме од набавка на рускиот гас. Дефицитарни сме со набавка на јаглен, тоа што имаме од далеку не ги задоволува потребите, и да има од каде да се купи, прашање е по која цена е и кој ќе го донесе, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески за Отворено на ТВ24. Славески истакна дека во ваква ситуација што побрзо е потребна, затоа што тие се при крај со своите ресурси и дека може да затворат.
Замислете што може да се случи ако затвори компанија од која зависи некој град, треба да им се помогне што поскоро. Така што помошта треба да се очекува во најскоро време, одбројува часовникот, тие се при крај со своите ресурси, рече Славески.
Славески во однос на тоа што компаниите најмногу ги погоди цената на струјата посочи дека добро е што власта се премисли и почна ноќните вишоци да им ги нуди на нашите компании, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го бараше многу порано.
Со недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој е експерт за енергетика ја прозиваше власта и надлежните дека прават голема грешка што продаваат ноќни вишоци, а не ги нудат на нашите компании. Треба да се поздрави пресвртот кој настана во власта, што ги понудија на нашите компании, истакна тој.

The post Славески: Одбројува часовникот, компаниите се при крај со ресурсите и пред затворање, замислете да се затвори компанија од која зависи некој град appeared first on Република.

]]>
Славески: Веднаш да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски предложи комплициран модел https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-vednash-da-se-prifatat-merkite-na-vmro-dpmne-kovachevski-predlozi-kompliciran-model/ Wed, 09 Mar 2022 14:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=470191

Стапката на инфлација во Македонија во февруари на годишно ниво достигна околу 8%. Уште повеќе загрижува фактот што само за 28 дена во февруари оваа година цените пораснале за над 1%, рече Трајко Славески на денешната прес конференција.

Со најновите поскапувања во тековниов месец, кои никако да сопрат, најверојатно трендот на пораст ќе продолжи и ќе дојде до забрзана инфлација која станува двоцифрена. Да се потсетиме, двоцифрена инфлација за последен пат сме имале некаде кон средината на 90-тите години од минатиот век. Генерациите наши граѓани родени во независна Македонија за прв пат се среќаваат со феноменот на висока инфлација.

Ваков пораст на цените, проследен со празни рафтови во маркетите, недостиг на нафтени деривати и колони пред бензинските пумпи, сме немале ниту за време на воениот конфликт од 2001 година, ниту за време на жестоката финансиска криза и рецесијата од 2007 – 2009 година. Ова што сега ни се случува го избегнавме и во рецесиските 2012 – 2014 година за време на Европската должничка криза.

Мерките кои тогаш се превземаа за заштита на стандардот на граѓаните се покажаа ефикасни, а истовремено се помагаше и економијата. Сега граѓаните се со право исплашени и збунети. Се прашуваат зошто владините мерки кои се прилично рестриктивни, како што е замрзнувањето на цените и ограничувањето на трговските маржи, не даваат резултати. Нивниот стандард секојдневно еродира!

Владата галопирачката инфлација ја објаснува со надворешните фактори и влијанија. Не ќе да е така! Ова е само делумно точно! Податоците од НБРМ покажуваат дека порастот на цените на енергијата и на храната на светските берзи во стапката на инфлација мерена преку порастот на трошоци за живот од 7,6% во февруари оваа година влијае со 4 процентни поени.

Остатокот од 3 процентни поени, или 40% од стапката на инфлација се објаснува и се должи исклучиво на домашни фактори. Тоа е цената на популизмот кој владата предводена од ДУИ и СДСМ го спроведува во континуитет за поткуп на гласови во изминатите 4 до 5 години.

Можеби звучи парадоксално, но на која било неодговорна влада на краток рок и одговара повисока инфлација. На што се должи ова? Прво, заради повисоките цени, растат приходите по основ на ДДВ, каков што е случајот со последните две тримесечја од минатата година.

Токму ова Владата го искористи ова за да ги пумпа издатоците за стоки и услуги, т.е. за тендери и партиски вработувања во истиот период. Второ, кога НБРМ, во служба на владините политики, ја држи основната каматна стапка на изразито ниско ниво од 1,25%, владата користи од реалното намалување на вредноста на јавниот долг изразен во денари, на сметка на финансиските институции и компаниите. Во краен случај, сметката за ова ја плаќаат граѓаните.

Почитувани,

Сега кога духот на инфлацијата е веќе излезен од шишето, владата и НБРМ мора да преземат и системски, но и палијативни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Во првата група спаѓа неминовното и неодложно зголемување на платите во јавната и државната администрација, во образованието, здравството, полицијата, армијата, државната управа на централно и локално ниво, како и јавните птретпријатија, преку примена на колективните договори за наградување на трудот според степенот на сложеност. Се покажа дека не е доволно да се зголеми единствено минималната плата и да се фалиме дека сме постигнале огромен успех.

Исто така, најавеното враќање на моделот за усогласување на пензиите кој важеше до 2018 година, е недоволно за заштита на стандардот и уште поважно, на дигнитетот на пензионерите. Никогаш не паметиме просечната пензија да била пониска од минималната плата. Нашиот предлог беше и останува пензиите да се зголемат за 20%.

За оваа цел, потребен е итен ребаланс на државниот буџет. Со кратење на непродуктивни трошења може да се обезбедат средства за зголемување на платите и пензиите во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Паралелно со ова, треба да се зголемат средствата за блок дотации и други трансфери кон единиците на локалната самоуправа за и тие да можат да ги зголемат платите на своите вработени и да ги покријат енормно зголемените трошоци за електрична енергија. Нашите општини, без разлика дали со нив раководат градоначалници од позицијата или опозицијата, се во длабока криза која сеуште не дошла во фокусот на јавноста. Ако владата веднаш не преземе мерки за зголемување на средствата за извршување на со закон пренесените надлежности на локално ниво, граѓаните набрзо ќе ја почувствуваат кризата врз сопствената кожа.

Централната банка, НБРМ, треба да се врати на нејзината основна цел, а тоа е ценовната стабилност и да превземе соодветни мерки за спречување на растечката инфлација.

Втората група мерки се палијативните мерки. Се покажа дека овде владата нема соодветен концепт. И покрај рестриктивните мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите, инфлацијата не сопира.

Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата.

Што да се каже за мерката намалување на ДДВ за централното греење, електричната енергија и одредени видови основни животни намирници. Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, ова намалување на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Покрај ова, некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично.

Почитувани, како и досега ДУИ и СДСМ и сега покажуваат целосна отсутност од реалноста, што и ја однесе Македонија во толку длабока криза. Оние коишто се главните предизвикувачи на кризата не може да бидат дел од решението.

Почитувани, во овие моменти само парламентарни избори, нова власт и нови конкретни мерки се најрационалното решение. Секој ден со ДУИ и СДСМ значи подлабоко тонење во криза, истакна Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=pO5Aktiy1uc

The post Славески: Веднаш да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски предложи комплициран модел appeared first on Република.

]]>

Стапката на инфлација во Македонија во февруари на годишно ниво достигна околу 8%. Уште повеќе загрижува фактот што само за 28 дена во февруари оваа година цените пораснале за над 1%, рече Трајко Славески на денешната прес конференција.
Со најновите поскапувања во тековниов месец, кои никако да сопрат, најверојатно трендот на пораст ќе продолжи и ќе дојде до забрзана инфлација која станува двоцифрена. Да се потсетиме, двоцифрена инфлација за последен пат сме имале некаде кон средината на 90-тите години од минатиот век. Генерациите наши граѓани родени во независна Македонија за прв пат се среќаваат со феноменот на висока инфлација. Ваков пораст на цените, проследен со празни рафтови во маркетите, недостиг на нафтени деривати и колони пред бензинските пумпи, сме немале ниту за време на воениот конфликт од 2001 година, ниту за време на жестоката финансиска криза и рецесијата од 2007 – 2009 година. Ова што сега ни се случува го избегнавме и во рецесиските 2012 – 2014 година за време на Европската должничка криза. Мерките кои тогаш се превземаа за заштита на стандардот на граѓаните се покажаа ефикасни, а истовремено се помагаше и економијата. Сега граѓаните се со право исплашени и збунети. Се прашуваат зошто владините мерки кои се прилично рестриктивни, како што е замрзнувањето на цените и ограничувањето на трговските маржи, не даваат резултати. Нивниот стандард секојдневно еродира! Владата галопирачката инфлација ја објаснува со надворешните фактори и влијанија. Не ќе да е така! Ова е само делумно точно! Податоците од НБРМ покажуваат дека порастот на цените на енергијата и на храната на светските берзи во стапката на инфлација мерена преку порастот на трошоци за живот од 7,6% во февруари оваа година влијае со 4 процентни поени. Остатокот од 3 процентни поени, или 40% од стапката на инфлација се објаснува и се должи исклучиво на домашни фактори. Тоа е цената на популизмот кој владата предводена од ДУИ и СДСМ го спроведува во континуитет за поткуп на гласови во изминатите 4 до 5 години. Можеби звучи парадоксално, но на која било неодговорна влада на краток рок и одговара повисока инфлација. На што се должи ова? Прво, заради повисоките цени, растат приходите по основ на ДДВ, каков што е случајот со последните две тримесечја од минатата година. Токму ова Владата го искористи ова за да ги пумпа издатоците за стоки и услуги, т.е. за тендери и партиски вработувања во истиот период. Второ, кога НБРМ, во служба на владините политики, ја држи основната каматна стапка на изразито ниско ниво од 1,25%, владата користи од реалното намалување на вредноста на јавниот долг изразен во денари, на сметка на финансиските институции и компаниите. Во краен случај, сметката за ова ја плаќаат граѓаните. Почитувани, Сега кога духот на инфлацијата е веќе излезен од шишето, владата и НБРМ мора да преземат и системски, но и палијативни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Во првата група спаѓа неминовното и неодложно зголемување на платите во јавната и државната администрација, во образованието, здравството, полицијата, армијата, државната управа на централно и локално ниво, како и јавните птретпријатија, преку примена на колективните договори за наградување на трудот според степенот на сложеност. Се покажа дека не е доволно да се зголеми единствено минималната плата и да се фалиме дека сме постигнале огромен успех. Исто така, најавеното враќање на моделот за усогласување на пензиите кој важеше до 2018 година, е недоволно за заштита на стандардот и уште поважно, на дигнитетот на пензионерите. Никогаш не паметиме просечната пензија да била пониска од минималната плата. Нашиот предлог беше и останува пензиите да се зголемат за 20%. За оваа цел, потребен е итен ребаланс на државниот буџет. Со кратење на непродуктивни трошења може да се обезбедат средства за зголемување на платите и пензиите во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Паралелно со ова, треба да се зголемат средствата за блок дотации и други трансфери кон единиците на локалната самоуправа за и тие да можат да ги зголемат платите на своите вработени и да ги покријат енормно зголемените трошоци за електрична енергија. Нашите општини, без разлика дали со нив раководат градоначалници од позицијата или опозицијата, се во длабока криза која сеуште не дошла во фокусот на јавноста. Ако владата веднаш не преземе мерки за зголемување на средствата за извршување на со закон пренесените надлежности на локално ниво, граѓаните набрзо ќе ја почувствуваат кризата врз сопствената кожа. Централната банка, НБРМ, треба да се врати на нејзината основна цел, а тоа е ценовната стабилност и да превземе соодветни мерки за спречување на растечката инфлација. Втората група мерки се палијативните мерки. Се покажа дека овде владата нема соодветен концепт. И покрај рестриктивните мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите, инфлацијата не сопира. Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата. Што да се каже за мерката намалување на ДДВ за централното греење, електричната енергија и одредени видови основни животни намирници. Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, ова намалување на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Покрај ова, некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично. Почитувани, како и досега ДУИ и СДСМ и сега покажуваат целосна отсутност од реалноста, што и ја однесе Македонија во толку длабока криза. Оние коишто се главните предизвикувачи на кризата не може да бидат дел од решението. Почитувани, во овие моменти само парламентарни избори, нова власт и нови конкретни мерки се најрационалното решение. Секој ден со ДУИ и СДСМ значи подлабоко тонење во криза, истакна Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=pO5Aktiy1uc

The post Славески: Веднаш да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски предложи комплициран модел appeared first on Република.

]]>