Славе Ѓорго Димоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slave-gjorgo-dimoski/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 14:00:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Славе Ѓорго Димоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slave-gjorgo-dimoski/ 32 32 Славе Ѓорѓо Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slave-gorgo-dimoski-ja-primi-nagradata-23-oktomvri-makedonskiot-identitet-e-vtemelen-vo-makedonskiot-jazik-i-kirilitsata/ Wed, 23 Oct 2024 14:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=830223

На поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски денеска му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста.

Димоски одбележува два јубилеја, 65 години од раѓањето и 45 години творештво. Неговата поезија е преведена на над 35 јазици на сите континенти. Автор е на шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија),… Двапати е добитник и на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012). Основач е и долгогодишен раководител на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“.

Како што истакна Димоски во обраќањето откако му беше врачена наградата, македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото, рече, се еден од нашите идентитетски столбови.

– Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот, а душата на нацијата е и јазикот, порача Димоски.

Според него, поетскиот јазик не е конкурентен на денешниот потрошувачки свет, бидејќи доаѓа од сакралните проблесоци на исконско постоење и цврсто се држи на стожерот на опстојувањето.

– Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначајниот елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот. На крај ја примам оваа награда во името на оваа вечна земја. На мојата вечна земја. Вечноста и бог се едно исто. Нашата Република е мала но огнена. Таква била Крушевската Република, таква била асномската република, таква е и оваа република денес. Толку ни ги стеснале границите што нема простор за друго име освен за Република Македонија, истакна Димоски.

За него, државната награда „23 Октомври“ е една од најзначајните во земјава.

– Преку основањето на Македонската револуционерна организација на овој ден во 1893 година во Солун, па преку Илинденското востание 1903-та и најважниот документ „Крушевскиот манифест“ кој подоцна се преточи во асномските определби за слободна Македонија и „8 Септември“ конечно Република Македонија да биде слободна самостојна држава, е континуитет кој на највисоко ниво ги изразува слободарските идеи и идеали на македонскиот народ. Јас доаѓам од сферата на литературата и ракувањето со зборовите. Токму Македонската револуционерна организација ја собра тогашната македонска интелигенција, токму во неа се поставени и темелите на идниот стандардизиран македонски јазик, токму од нејзините пазуви се изнедри златната книга „За македонцките работи“ во која К.П.Мисирков го постави фундаментот на идниот современ македонски јазик, потенцира Димоски.

На конкурсот за „23 Октомври“ пристигнале 25 пријави, но Одборот со тајно гласање одлучил државната награда да му припадне на Славе Ѓорѓо Димоски.

Врачувањето, традиционално, се одржа во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија.

The post Славе Ѓорѓо Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата appeared first on Република.

]]>

На поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски денеска му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста. Димоски одбележува два јубилеја, 65 години од раѓањето и 45 години творештво. Неговата поезија е преведена на над 35 јазици на сите континенти. Автор е на шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија),… Двапати е добитник и на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012). Основач е и долгогодишен раководител на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. Како што истакна Димоски во обраќањето откако му беше врачена наградата, македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото, рече, се еден од нашите идентитетски столбови.
– Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот, а душата на нацијата е и јазикот, порача Димоски.
Според него, поетскиот јазик не е конкурентен на денешниот потрошувачки свет, бидејќи доаѓа од сакралните проблесоци на исконско постоење и цврсто се држи на стожерот на опстојувањето.
– Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначајниот елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот. На крај ја примам оваа награда во името на оваа вечна земја. На мојата вечна земја. Вечноста и бог се едно исто. Нашата Република е мала но огнена. Таква била Крушевската Република, таква била асномската република, таква е и оваа република денес. Толку ни ги стеснале границите што нема простор за друго име освен за Република Македонија, истакна Димоски.
За него, државната награда „23 Октомври“ е една од најзначајните во земјава.
– Преку основањето на Македонската револуционерна организација на овој ден во 1893 година во Солун, па преку Илинденското востание 1903-та и најважниот документ „Крушевскиот манифест“ кој подоцна се преточи во асномските определби за слободна Македонија и „8 Септември“ конечно Република Македонија да биде слободна самостојна држава, е континуитет кој на највисоко ниво ги изразува слободарските идеи и идеали на македонскиот народ. Јас доаѓам од сферата на литературата и ракувањето со зборовите. Токму Македонската револуционерна организација ја собра тогашната македонска интелигенција, токму во неа се поставени и темелите на идниот стандардизиран македонски јазик, токму од нејзините пазуви се изнедри златната книга „За македонцките работи“ во која К.П.Мисирков го постави фундаментот на идниот современ македонски јазик, потенцира Димоски.
На конкурсот за „23 Октомври“ пристигнале 25 пријави, но Одборот со тајно гласање одлучил државната награда да му припадне на Славе Ѓорѓо Димоски. Врачувањето, традиционално, се одржа во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија.

The post Славе Ѓорѓо Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата appeared first on Република.

]]>
Славе Ѓорго Димоски: За жал во ова време-невреме, повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slave-gorgo-dimoski-za-zhal-vo-ova-vreme-nevreme-poveke-se-grizhi-jazikot-za-nas-otkolku-nie-za-nego/ Fri, 08 Dec 2023 17:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=721101

Интернационалната манифестација „Поетска ноќ во Велестово” која се одржува 35 години се обидува да го зачува македонскиот литературен збор. Но, за жал, во ова време-невреме, повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него, посочи истакнатиот македонист Славе Ѓорго Димоски, добитник на Свети Климентовата повелба што ја доделува Општина Охрид во чест на патронот на градот Св. Климент.

Како што знаеме дека имаме чудни политички ветришта кои некако,на некој начин го оспоруваат тој неоспорен факт дека македонскиот јазик постои. Ова не е една ветрометина за нашиот јазик. И денес ќе се избориме и ќе настојуваме ни една црна дамка да не падне врз тој свет јазик , рече Славе Ѓорѓо Димоски

The post Славе Ѓорго Димоски: За жал во ова време-невреме, повеќе се грижи јазикот за нас, отколку ние за него appeared first on Република.

Промоција на книгата „Охридскиот XIX век“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-ohridskiot-xix-vek-od-dimitar-pandev-i-slave-gorgo-dimoski/ Tue, 01 Aug 2023 08:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=667504

Во издание на Општина Охрид излезе од печат книгата „Охридскиот XIX век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 219 страници во 5 поглавја, опфатени се најзначајните културолошки и социјолошки појави во 19 век во Охрид, кои имале свои рефлексии во македонската современа литература, информираат од Општина Охрид.

Книгата ќе биде промовирана денеска во 11 часот во салата на Општина Охрид, а промотор на истата ќе биде проф.д-р Лилјана Гушевска.

Настанот ќе биде збогатен со уметнички перфоманс на актерката Валентина Божиноска и ансамблот „Билјана“.

The post Промоција на книгата „Охридскиот XIX век“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>

Во издание на Општина Охрид излезе од печат книгата „Охридскиот XIX век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Во книгата на 219 страници во 5 поглавја, опфатени се најзначајните културолошки и социјолошки појави во 19 век во Охрид, кои имале свои рефлексии во македонската современа литература, информираат од Општина Охрид.
Книгата ќе биде промовирана денеска во 11 часот во салата на Општина Охрид, а промотор на истата ќе биде проф.д-р Лилјана Гушевска. Настанот ќе биде збогатен со уметнички перфоманс на актерката Валентина Божиноска и ансамблот „Билјана“.

The post Промоција на книгата „Охридскиот XIX век“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>
Поетските збирки „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“ oд Славе Ѓорго Димоски објавени на словенечки јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetskite-zbirki-izveshtai-na-risot-i-jazik-i-leb-od-slave-gjorgo-dimoski-objaveni-na-slovenechki-jazik/ Tue, 31 May 2022 20:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=509479

Книжевното друштво „Куќа на поезијата“ (Hiša poezije) од Љубљана (Словенија) деновиве од објави на словенечки јазик две поетски збирки во една книга од Славе Ѓорѓо Димоски: „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“, а преводот и препевот го направи Лара Миховиловиќ.

Станува збор за двете последни книги на Ѓорѓо „Извештаи на Рисот“, 2016 и „Јазик и леб“, 2019 година во кои се претставува една поинаква поетика во однос на поетиката на неговите претходните книги – се провлекува линија на ангажирана поезија како одраз на актуелните состојби на модерниот свет во кој се живее во сенката на стравот и зканата, во несигурноста и исчезнувањето.

Метафората за исчезнувањето е Рисот, тоа животиче на високите гори чиј вид едвај се одржува и асоцира на нашето исчезнувањето под големиот плашт на глобализацијата, а во книгата „Јазик и леб“ како предмет на поетска обработка се јазикот и лебот како сушт да се опстане, да не се исчезне, да не се занеме зашто јазикот е апстрактниот и конкретниот знак кој го обележува идентиотетот на еден народ. „Оваа книга песни се опира на исчезнувањето на јазикот на кој тие се напишани. Сѐ дури се твори на еден јазик, дотогаш е жив.“

(М.Стефоски)

Книгата е објавена во едицијата Poetikonove Lire во која се објавени книги на повеќе класици и модерни поеи: Јејц, Еуџенио Монтале, Ив Бонфоа, Чеслав Милош, Махмуд Дарвиш, Томаж Шаламун, Иво Светина, Андре Велтер и др.

Оваа е дваесетта книга од Славе Ѓорѓо Димоски објавени надвор од Македонија, а одделни песни и поетски циклуси му се преведени на над 30 јазици.

The post Поетските збирки „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“ oд Славе Ѓорго Димоски објавени на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>

Книжевното друштво „Куќа на поезијата“ (Hiša poezije) од Љубљана (Словенија) деновиве од објави на словенечки јазик две поетски збирки во една книга од Славе Ѓорѓо Димоски: „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“, а преводот и препевот го направи Лара Миховиловиќ. Станува збор за двете последни книги на Ѓорѓо „Извештаи на Рисот“, 2016 и „Јазик и леб“, 2019 година во кои се претставува една поинаква поетика во однос на поетиката на неговите претходните книги – се провлекува линија на ангажирана поезија како одраз на актуелните состојби на модерниот свет во кој се живее во сенката на стравот и зканата, во несигурноста и исчезнувањето.
Метафората за исчезнувањето е Рисот, тоа животиче на високите гори чиј вид едвај се одржува и асоцира на нашето исчезнувањето под големиот плашт на глобализацијата, а во книгата „Јазик и леб“ како предмет на поетска обработка се јазикот и лебот како сушт да се опстане, да не се исчезне, да не се занеме зашто јазикот е апстрактниот и конкретниот знак кој го обележува идентиотетот на еден народ. „Оваа книга песни се опира на исчезнувањето на јазикот на кој тие се напишани. Сѐ дури се твори на еден јазик, дотогаш е жив.“ (М.Стефоски)
Книгата е објавена во едицијата Poetikonove Lire во која се објавени книги на повеќе класици и модерни поеи: Јејц, Еуџенио Монтале, Ив Бонфоа, Чеслав Милош, Махмуд Дарвиш, Томаж Шаламун, Иво Светина, Андре Велтер и др. Оваа е дваесетта книга од Славе Ѓорѓо Димоски објавени надвор од Македонија, а одделни песни и поетски циклуси му се преведени на над 30 јазици.

The post Поетските збирки „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“ oд Славе Ѓорго Димоски објавени на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>
Промовирана збирката есеи „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-zbirkata-esei-pat-pokraj-patot-od-slave-gjorgjo-dimoski/ Wed, 06 Apr 2022 15:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=484171

Во Охрид беше промовирана најновата книга есеи од Славе Ѓорѓо Димоски „Пат покрај патот“ и две поетски книги на Ѓорѓо Димоски „Извештаи на Рисот“ и „Јазик и леб“.

Оваа е четврта книга есеи на Ѓорѓо Димоски, по претходните: „Амадео Модилјани“, „Шише во море“, книга прва и „Шише во море“ книга втора.

Јас пишувам за патот на универзалноста, за светлиот пат, додека сите придружни патеки се едно лично својство. Тука има и една библиска конотација, од аспект на светиот пат на Првородениот, со сите приклученија кон него, рече авторот Славе Ѓорѓо Димоски.

Славе Ѓорѓо Димоски е автор на повеќе поетски книги за возрасни и деца, деветнаесет му се преведени на различни јазици, добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, и е застапен во сите релевантни антологии на македонската поезија објавени по 1982 година.

The post Промовирана збирката есеи „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>

Во Охрид беше промовирана најновата книга есеи од Славе Ѓорѓо Димоски „Пат покрај патот“ и две поетски книги на Ѓорѓо Димоски „Извештаи на Рисот“ и „Јазик и леб“. Оваа е четврта книга есеи на Ѓорѓо Димоски, по претходните: „Амадео Модилјани“, „Шише во море“, книга прва и „Шише во море“ книга втора.
Јас пишувам за патот на универзалноста, за светлиот пат, додека сите придружни патеки се едно лично својство. Тука има и една библиска конотација, од аспект на светиот пат на Првородениот, со сите приклученија кон него, рече авторот Славе Ѓорѓо Димоски.
Славе Ѓорѓо Димоски е автор на повеќе поетски книги за возрасни и деца, деветнаесет му се преведени на различни јазици, добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, и е застапен во сите релевантни антологии на македонската поезија објавени по 1982 година.

The post Промовирана збирката есеи „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>
Промоција на збирката есеи „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-zbirkata-esei-pat-pokraj-patot-od-slave-gjorgjo-dimoski/ Fri, 01 Apr 2022 07:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=481759

ПНВ Публикации ќе ја промовира збирката есеи „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски утре (сабота, 2.4.2022) во 18 часот во кафе и бар ШИЛА во Охрид.

Промотор е проф. д-р Димитар Пандев, а модератор: Јулијана Величковска.

„Пат покрај патот“ е четврта книга есеи од Славе Ѓорѓо Димоски. Книгата има пет циклуси, во кои се поместени дваесет есеи на различни културолошки теми, но јадрото на книгата го сочинуваат патописни есеи инспиративно поттикнати од неговите патувања во повеќе земји.

Во книгата се прави синтеза помеѓу два жанра: патописот, во кој се забележани впечатоци од остварени патувања, и есејот како жанр што овозможува и своевиден поглед на виденото, доживеаното, но и оставените цивилизациски траги во времето.

Другите есеи се на културолошки теми што предизвикале интерес кај авторот во последните петнаесетина години. Во последниот дел се претставени две подолги интервјуа именувани како интервјуа-есеи во кои се образложени поетичките погледи на Ѓорѓо Димоски врз сопственото поетско творештво.

На настанот ќе стане збор и за последните две стихозбирки на Славе Ѓорѓо Димоски: „Јазик и леб“ и „Извештаи на рисот“, коишто досега не беа претставени пред охридската публика.

Славе Ѓорѓо Димоски е автор на повеќе поетски книги за возрасни и деца, деветнаесет му се преведени на различни јазици, добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, и е застапен во сите релевантни антологии на македонската поезија објавени по 1982 година.

Настанот ќе биде организиран според актуелните препораки на Владата и Министерството за здравство за заштита од ковид.

The post Промоција на збирката есеи „Пат покрај патот“ од Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.