Славчо Ковилоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavcho-koviloski/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 07:42:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Славчо Ковилоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slavcho-koviloski/ 32 32 „Жени во македонската книжевност од 19 век“ од Славчо Ковилоски во издание на Институтот за македонска литература https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zheni-vo-makedonskata-knizhevnost-od-19-vek-od-slavcho-koviloski-vo-izdanie-na-institutot-za-makedonska-literatura/ Fri, 20 Sep 2024 07:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=818029

Неодамна, во издание на Институтот за македонска литература е објавена книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски.

Книгата, како што велат од Институтот, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“).

„На таков начин, се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним им се овозможува како авторки да го заземат своето место во македонските книжевни канони“, пишува д-р Ковиловски.

Во книгата се дадени биографиите и се анализирани делата на Славка Динкова, Митра Миладинова, Царевна Миладинова-Алексиева, Евтимица Јанчева, Анастасија Милошова, Евгенија Јанчулева, Јанка Каневчева, Марија Зрнева, Султана Чикмакова и Олга Маџарова.

Исто така, накратко е даден осврт и кон записите, говорите и пеењата на монахињата Параскева, ученичката Параскева Димкова и Дафа Цепенкова, сестра на Марко Цепенков. Како посебни прилози на крајот од книгата, за првпат се изнесени делови од нивните творештва, со цел од прва рака читателите да се запознаат со нивните идеи и стил на пишување. Книгата содржи повеќе статии, првата полемика водена од македонска жена, првиот расказ, епистоларија, како и првата пиеса и песна пронајдени во ракопис во приватен архив. Сите понудени дела се преведени или адаптирани според правилата на стандардниот македонски јазик. На крајот на книгата се дадени прилози во вид на фотографии на авторките и факсимили од нивните објави и ракописи.

За нас е мошне значаен подвигот на Митра Миладинова, сопругата на Димитрија Миладинов, која заедно со ќерката Царевна Миладинова успеале да го зачуваат споменот за браќата Миладиновци; понатаму, Јанка Каневчева, љубовта на Гоце Делчев, се осмелила да пишува за ‘македонското прашање и феминизмот’, потенцирајќи ја борбата, на како што самата пишува: ‘македонскиот народ’; Евтимица Јанчева жестоко полемизирала со двајца нејзини колеги бранејќи ги правата на жените; Марија Зрнева во една наративна дописка опишала пожар во Воден; особено важно е откритието на младата ученичка Анастасија Милошова, чии ракописи се пронајдени неодамна и од која произлегуваат првата регистрирана запишана песна и првата пиеса на народен македонски јазик“, се вели во описот за книгата.

Освен биографиите на авторките и нивните дела, во книгата се разгледуваат почетоците на македонското женско творештво (женско писмо), појавата на женското образование, омилените книги на тогашната женска читателска публика и првите македонски женски просветни и книжевни друштва.

Според рецензентот проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, оваа книга, како една од ретките монографии посветени на македонското женско писмо „претставува незаобиколна литература за натамошните истражувања што би се однесувале на областа на културната историја на Македонија и потесната дисциплина – македонската литературна историја“.

Авторот д-р Славчо Ковилоски работи како научен истражувач во Институтот за македонска литература, автор е на повеќе монографии за македонската културна историја од XIX век и е добитник е на државната награда за наука „Гоце Делчев“.

The post „Жени во македонската книжевност од 19 век“ од Славчо Ковилоски во издание на Институтот за македонска литература appeared first on Република.

]]>

Неодамна, во издание на Институтот за македонска литература е објавена книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата, како што велат од Институтот, за првпат во македонската книжевна наука, на едно место нуди биографии на досега непознатите или малку познати македонски жени со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“). „На таков начин, се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним им се овозможува како авторки да го заземат своето место во македонските книжевни канони“, пишува д-р Ковиловски. Во книгата се дадени биографиите и се анализирани делата на Славка Динкова, Митра Миладинова, Царевна Миладинова-Алексиева, Евтимица Јанчева, Анастасија Милошова, Евгенија Јанчулева, Јанка Каневчева, Марија Зрнева, Султана Чикмакова и Олга Маџарова. Исто така, накратко е даден осврт и кон записите, говорите и пеењата на монахињата Параскева, ученичката Параскева Димкова и Дафа Цепенкова, сестра на Марко Цепенков. Како посебни прилози на крајот од книгата, за првпат се изнесени делови од нивните творештва, со цел од прва рака читателите да се запознаат со нивните идеи и стил на пишување. Книгата содржи повеќе статии, првата полемика водена од македонска жена, првиот расказ, епистоларија, како и првата пиеса и песна пронајдени во ракопис во приватен архив. Сите понудени дела се преведени или адаптирани според правилата на стандардниот македонски јазик. На крајот на книгата се дадени прилози во вид на фотографии на авторките и факсимили од нивните објави и ракописи.
За нас е мошне значаен подвигот на Митра Миладинова, сопругата на Димитрија Миладинов, која заедно со ќерката Царевна Миладинова успеале да го зачуваат споменот за браќата Миладиновци; понатаму, Јанка Каневчева, љубовта на Гоце Делчев, се осмелила да пишува за ‘македонското прашање и феминизмот’, потенцирајќи ја борбата, на како што самата пишува: ‘македонскиот народ’; Евтимица Јанчева жестоко полемизирала со двајца нејзини колеги бранејќи ги правата на жените; Марија Зрнева во една наративна дописка опишала пожар во Воден; особено важно е откритието на младата ученичка Анастасија Милошова, чии ракописи се пронајдени неодамна и од која произлегуваат првата регистрирана запишана песна и првата пиеса на народен македонски јазик“, се вели во описот за книгата.
Освен биографиите на авторките и нивните дела, во книгата се разгледуваат почетоците на македонското женско творештво (женско писмо), појавата на женското образование, омилените книги на тогашната женска читателска публика и првите македонски женски просветни и книжевни друштва. Според рецензентот проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, оваа книга, како една од ретките монографии посветени на македонското женско писмо „претставува незаобиколна литература за натамошните истражувања што би се однесувале на областа на културната историја на Македонија и потесната дисциплина – македонската литературна историја“. Авторот д-р Славчо Ковилоски работи како научен истражувач во Институтот за македонска литература, автор е на повеќе монографии за македонската културна историја од XIX век и е добитник е на државната награда за наука „Гоце Делчев“.

The post „Жени во македонската книжевност од 19 век“ од Славчо Ковилоски во издание на Институтот за македонска литература appeared first on Република.

]]>
Објавена монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objavena-monografijata-makedonskata-knizhevna-kritika-vo-xix-vek/ Thu, 02 Mar 2023 08:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=614914

Во издание на Институтот за македонска литература, објавена е монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски.

Книгата претставува своевидна историја за појавата и развојот на критиката во новата македонска книжевност и со неа се покажува развојот на македонската книжевна критика и книжевност во изминатите два века.

Во неа се презентирани педесетина автори со преку сто и педесет критичко-есеистички текстови што во иднина треба да заземат свое место во каноните на македонската литература. Без критичките одгласи од и за Теодосиј Синаитски, Партенија Зографски, Константин Миладинов, Григор Прличев, Трајко Китанчев, Крсте Мисирков и останатите македонски книжевници, не би бил возможен развојот на македонската литература во XIX век, но и на македонската литература од XX и XXI век, во жанровска и естетска смисла. Притоа, се утврдува дека постоела македонска книжевна критичка мисла од ова време и се покажува дека таа во XX век не е пројавена ad hoc, како што беше презентирано од страна на некои книжевни критичари во минатото. Поради тоа, изготвена е соодветна периодизација и типологизација, а подетално се анализирани и одредени критички осврти што своевремено ја бранувале тогашната јавност. Преку позитивистичките валоризирања и промотивните помпи, до евидентните маргинализирања и бесмислените оцрнувања, се создавале и се ревидирале одредени вредносни системи. Тоа се оние автори што зад себе оставиле дела, без разлика дали станува збор за поезија, проза, драми, а во нашиот случај и критика, наведува издавачот.

Според рецензентот проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, книгата „претставува новина во македонската наука за литературна историја, а воедно и во македонската наука за литература и култура воопшто.

Со овој свој научен труд, авторот Славчо Ковилоски пополни една празнина во нашата литературна историја, која е неопходна за проучувањето на развојот и на континуитетот на македонската литература како и на науката за литературата и за културата воопшто. Секако, оценката за оваа вонредно значајна книга се надополнува не само од потребата да истакнеме дека покрај тоа што таа првпат нуди можност на едно место да се проследи развојот на македонската критичка мисла во XIX век, туку затоа тоа што во неа се внесени и низа познати, како и помалку познати имиња, кои со своето дело го овозможиле не само развојот на македонската литература, туку и на македонската култура, истакнува Миронска-Христовска.

The post Објавена монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ appeared first on Република.

]]>

Во издание на Институтот за македонска литература, објавена е монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски. Книгата претставува своевидна историја за појавата и развојот на критиката во новата македонска книжевност и со неа се покажува развојот на македонската книжевна критика и книжевност во изминатите два века.
Во неа се презентирани педесетина автори со преку сто и педесет критичко-есеистички текстови што во иднина треба да заземат свое место во каноните на македонската литература. Без критичките одгласи од и за Теодосиј Синаитски, Партенија Зографски, Константин Миладинов, Григор Прличев, Трајко Китанчев, Крсте Мисирков и останатите македонски книжевници, не би бил возможен развојот на македонската литература во XIX век, но и на македонската литература од XX и XXI век, во жанровска и естетска смисла. Притоа, се утврдува дека постоела македонска книжевна критичка мисла од ова време и се покажува дека таа во XX век не е пројавена ad hoc, како што беше презентирано од страна на некои книжевни критичари во минатото. Поради тоа, изготвена е соодветна периодизација и типологизација, а подетално се анализирани и одредени критички осврти што своевремено ја бранувале тогашната јавност. Преку позитивистичките валоризирања и промотивните помпи, до евидентните маргинализирања и бесмислените оцрнувања, се создавале и се ревидирале одредени вредносни системи. Тоа се оние автори што зад себе оставиле дела, без разлика дали станува збор за поезија, проза, драми, а во нашиот случај и критика, наведува издавачот.
Според рецензентот проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, книгата „претставува новина во македонската наука за литературна историја, а воедно и во македонската наука за литература и култура воопшто.
Со овој свој научен труд, авторот Славчо Ковилоски пополни една празнина во нашата литературна историја, која е неопходна за проучувањето на развојот и на континуитетот на македонската литература како и на науката за литературата и за културата воопшто. Секако, оценката за оваа вонредно значајна книга се надополнува не само од потребата да истакнеме дека покрај тоа што таа првпат нуди можност на едно место да се проследи развојот на македонската критичка мисла во XIX век, туку затоа тоа што во неа се внесени и низа познати, како и помалку познати имиња, кои со своето дело го овозможиле не само развојот на македонската литература, туку и на македонската култура, истакнува Миронска-Христовска.

The post Објавена монографијата „Македонската книжевна критика во XIX век“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-rechnik-na-psevdonimite-vo-makedonskata-knizevnost-od-xix-vek-od-slavcho-koviloski/ Tue, 25 Oct 2022 06:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=565163

В среда, на 26 октомври во 12 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Речник на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски. Промотори ќе бидат Димитар Пандев и Иван Антоновски.

Станува збор за издание во кое се дешифрираат скриените имиња на автори во македонската книжевност, без разлика дали се лажни имиња, кратенки, иницијали, знаци и сл. Вкупниот број на автори изнесува 202 единици, а бројот на псевдонимите 640 единици. Притоа, авторите и псевдонимите се анализирани и синтетизирани во посебни категории. Пок­рај нив, во посебно поглавје е посветено внимание на некои од родените ими­ња на дел од позначајните претставници на јавниот и опш­тествен живот од овој период, како и на псевдоними и именувања на просветни дејци, револуционери и други ак­тивни учесници во општествените процеси кои об­ја­ву­ва­ле во тогашните весници и списанија, но и во меѓусебн­ата кореспонденција.

Во книгата теоретски е образложен пристапот при објаснувањето на ме­то­до­логијата, односно постапките за дешифрирање и ка­те­го­ризирање на скриените имиња. Овој дел го е осо­бено важен, бидејќи без соодветен критички метод на пот­врдување или негирање на авторството препишано спо­ред псевдоним, не може да се добие релевантен од­го­вор, прецизно дефиниран, елабориран според совре­ме­ни­те концепции на теоријата на книжевноста, но и на кни­жев­но-историските односи и практики.

„Речникот на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ е прво вакво дело во македонската книжевност и треба да послужи како појдовна точка кон дешифрирање на македонските псевдоними во 20. век.

Славчо Ковилоски е научен истражувач, професор на Институтот за македонска литература. Автор е на повеќе дела од областа на книжевната историја и културологијата. Добитник е на најголемата државна награда за наука „Гоце Делчев“.

 

The post Промоција на „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски appeared first on Република.

]]>

В среда, на 26 октомври во 12 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Речник на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски. Промотори ќе бидат Димитар Пандев и Иван Антоновски. Станува збор за издание во кое се дешифрираат скриените имиња на автори во македонската книжевност, без разлика дали се лажни имиња, кратенки, иницијали, знаци и сл. Вкупниот број на автори изнесува 202 единици, а бројот на псевдонимите 640 единици. Притоа, авторите и псевдонимите се анализирани и синтетизирани во посебни категории. Пок­рај нив, во посебно поглавје е посветено внимание на некои од родените ими­ња на дел од позначајните претставници на јавниот и опш­тествен живот од овој период, како и на псевдоними и именувања на просветни дејци, револуционери и други ак­тивни учесници во општествените процеси кои об­ја­ву­ва­ле во тогашните весници и списанија, но и во меѓусебн­ата кореспонденција. Во книгата теоретски е образложен пристапот при објаснувањето на ме­то­до­логијата, односно постапките за дешифрирање и ка­те­го­ризирање на скриените имиња. Овој дел го е осо­бено важен, бидејќи без соодветен критички метод на пот­врдување или негирање на авторството препишано спо­ред псевдоним, не може да се добие релевантен од­го­вор, прецизно дефиниран, елабориран според совре­ме­ни­те концепции на теоријата на книжевноста, но и на кни­жев­но-историските односи и практики. „Речникот на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ е прво вакво дело во македонската книжевност и треба да послужи како појдовна точка кон дешифрирање на македонските псевдоними во 20. век. Славчо Ковилоски е научен истражувач, професор на Институтот за македонска литература. Автор е на повеќе дела од областа на книжевната историја и културологијата. Добитник е на најголемата државна награда за наука „Гоце Делчев“.  

The post Промоција на „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски appeared first on Република.

]]>