слаткари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slatkari/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Oct 2023 08:36:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png слаткари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slatkari/ 32 32 Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/edukativna-tura-na-gastromak-vo-uchilishtata-vo-shtip-i-strumitsa-edukatsija-za-idnite-gotvachi-hotelieri-i-slatkari/ Tue, 10 Oct 2023 08:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=689747

„Гастромак и пријателите“ е насловот на седмото издание на Гастромак, што е замислено како едукативна тура која започна во прекрасниот Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови.
„Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, велејќи дека присуството на готвачката елита кај нас значи и унапредувањето на нашата гастрономска сцена.
„Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, ама и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, што ќе се случуваат во средните угостителски училишта „Коле Нехтенин“ во Штип и „Димитар Влахов“ во Струмица. Со ова ќе се унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи, слаткари, хотелиери...

Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ каде најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни ќе посочат колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет. Предавањата ќе продолжат и во „Димитар Влахов“во Струмица каде учениците ќе дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, ќе дознаат се за Медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционалната кујна.

 

The post Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари appeared first on Република.

]]>

„Гастромак и пријателите“ е насловот на седмото издание на Гастромак, што е замислено како едукативна тура која започна во прекрасниот Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови. „Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, велејќи дека присуството на готвачката елита кај нас значи и унапредувањето на нашата гастрономска сцена. „Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, ама и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, што ќе се случуваат во средните угостителски училишта „Коле Нехтенин“ во Штип и „Димитар Влахов“ во Струмица. Со ова ќе се унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи, слаткари, хотелиери... Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ каде најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни ќе посочат колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет. Предавањата ќе продолжат и во „Димитар Влахов“во Струмица каде учениците ќе дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, ќе дознаат се за Медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционалната кујна.  

The post Едукативна тура на „Гастромак“ во училиштата во Штип и Струмица: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари appeared first on Република.

]]>