Слаѓана Васовиќ Божиновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slagana-vasovik-bozhinovska/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 16:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Слаѓана Васовиќ Божиновска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/slagana-vasovik-bozhinovska/ 32 32 Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-pre-vrski-prepoznavane-na-nartsisoidna-zloupotreba-od-slagana-vasovik-vo-ohrid/ Wed, 17 Jul 2024 19:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=797787

В среда, во Охрид, во кафе-бар Шила (комплекс Летница) со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирана книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ.

Книга која јасно го дефинира емотивното насилствo

“Насилство во кое не се гледаат модринки и рани на телото, а душата крвави. Ова насилство низ годините се смета за начин на однесување и не е казниво со закон.
Книга за секоја жртва на нарцисоидна злоупотреба која е во потрага по дефинирање на својот проблем.
Најтешкиот чекор на секоја жртва на ова насилство е да го прифати и дефинира како насилство тоа кое ја повредува. Најчесто овие жртви имаат преголемо чувство на вина и сметаат дека тие се виновни за сè што им се случува.
Токму меѓу овие редови ќе успеат да препознаат свои однесувања, доживувања и размислувања. Тоа помага да се осознае дека жртвата не „измислува“, туку напротив, доживува реално насилство и не е сама во борбата против ова.
Преку лични и вистински примери доловена е манипулативната игра на нарцисот која дава поголема јаснотија на истата шема кај сите различни примери.
Јасно е посочена проблематика на влијанието на културата и општеството врз создавањето и поддржувањето ваков тип насилство.
Книга која ќе ви даде поддршка доколку постојано сте во позиција да се објаснувате, да докажувате низ што се поминувате, да излезете од тој круг и да не се чувствувате единствени во таа борба, пишува рецензентот на книгата, Проф.д-р Ана Чучкова, психолог.

 

Зошто треба да правиме разлика меѓу патолошкиот нарцизам и нарцизмот како појава во постмодерното општество кој им дава смисла на некои нови процеси, или накратко, како селфи цивилизацијата да ја разликуваме од нарцизмот кој може да уништи животи? Честото зборување за некаква пандемија на нарцизам ги меша поимите. На спектарот од нарцизмот, патолошки се екстремните степени.
Во денешно време и пречесто се употребува зборот нарцис, многу често кога зборуваме за познати личности, политичари, инфлуенсери на социјалните мрежи и токсични личности во нашето опкружување. Многумина ќе забележат дека зборот е премногу дијагностички или етикетирачки, но најголемата опасност како што забележува професорката д-р Рамани Дурвасула е во тоа што комплексноста на една личност овде се сведува на еден збор. Ако се користи пречесто, тој ја губи својата описна моќ. Исто така, може погрешно да се употребува за некој кој е површен, бара внимание, фалбаџија е или неверен, а всушност да не е нарцисоиден. Тоа креира повеќе ризици, вели д-р Рамани. На тој начин може да се минимизира неволјата на тие што се наоѓаат во нарцисоидни врски, што значи дека нема да ја добијат поддршката или емпатијата што им треба.“

The post Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид appeared first on Република.

]]>

В среда, во Охрид, во кафе-бар Шила (комплекс Летница) со почеток во 18:30 часот, ќе биде промовирана книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ.
Книга која јасно го дефинира емотивното насилствo “Насилство во кое не се гледаат модринки и рани на телото, а душата крвави. Ова насилство низ годините се смета за начин на однесување и не е казниво со закон. Книга за секоја жртва на нарцисоидна злоупотреба која е во потрага по дефинирање на својот проблем. Најтешкиот чекор на секоја жртва на ова насилство е да го прифати и дефинира како насилство тоа кое ја повредува. Најчесто овие жртви имаат преголемо чувство на вина и сметаат дека тие се виновни за сè што им се случува. Токму меѓу овие редови ќе успеат да препознаат свои однесувања, доживувања и размислувања. Тоа помага да се осознае дека жртвата не „измислува“, туку напротив, доживува реално насилство и не е сама во борбата против ова. Преку лични и вистински примери доловена е манипулативната игра на нарцисот која дава поголема јаснотија на истата шема кај сите различни примери. Јасно е посочена проблематика на влијанието на културата и општеството врз создавањето и поддржувањето ваков тип насилство. Книга која ќе ви даде поддршка доколку постојано сте во позиција да се објаснувате, да докажувате низ што се поминувате, да излезете од тој круг и да не се чувствувате единствени во таа борба, пишува рецензентот на книгата, Проф.д-р Ана Чучкова, психолог.
 
Зошто треба да правиме разлика меѓу патолошкиот нарцизам и нарцизмот како појава во постмодерното општество кој им дава смисла на некои нови процеси, или накратко, како селфи цивилизацијата да ја разликуваме од нарцизмот кој може да уништи животи? Честото зборување за некаква пандемија на нарцизам ги меша поимите. На спектарот од нарцизмот, патолошки се екстремните степени. Во денешно време и пречесто се употребува зборот нарцис, многу често кога зборуваме за познати личности, политичари, инфлуенсери на социјалните мрежи и токсични личности во нашето опкружување. Многумина ќе забележат дека зборот е премногу дијагностички или етикетирачки, но најголемата опасност како што забележува професорката д-р Рамани Дурвасула е во тоа што комплексноста на една личност овде се сведува на еден збор. Ако се користи пречесто, тој ја губи својата описна моќ. Исто така, може погрешно да се употребува за некој кој е површен, бара внимание, фалбаџија е или неверен, а всушност да не е нарцисоиден. Тоа креира повеќе ризици, вели д-р Рамани. На тој начин може да се минимизира неволјата на тие што се наоѓаат во нарцисоидни врски, што значи дека нема да ја добијат поддршката или емпатијата што им треба.“

The post Промоција на книгата „(Пре)врски-препознавање на нарцисоидна злоупотреба“ од Слаѓана Васовиќ во Охрид appeared first on Република.

]]>