сквернавење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skvernavenje/ За подобро да се разбереме Wed, 04 May 2022 16:26:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сквернавење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skvernavenje/ 32 32 Усташки графити исцртани на православната црква во Петриња https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ustashki-grafiti-iscrtani-na-pravoslavnata-crkva-vo-petrinja/ Wed, 04 May 2022 16:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=497631

Ноќта меѓу 2 и 3 мај непознати сторители го осквернавиле храмот на Свети Спиридон Чудотворец во Петриње, Хрватска, исцртувајќи усташки симболи на дури три места.

На вратата, прозорецот и ѕидот на недовршената православна црква, непознати сторители ноќта меѓу 2 и 3 мај напишале усташки симболи во форма на буквата „У“. Петринскиот парох Саша Умичевиќ ја информира јавноста за овој говор на омраза и ја повика полицијата да спроведе истрага.

Овој случај, кој има нескриена и директна порака до припадниците на српската национална заедница, е пријавен во надлежната полициска управа во Петриња, по што припадниците на оваа организациона единица извршиле истрага и направиле пријава за овој немил настан. Се надеваме дека сторителите на овој антицивилизациски чин ќе бидат пронајдени и кривично гонет, со цел јасно да се каже дека ваквите и слични дела инспирирани од омраза не се огледало на мултиетничкото општество во кое живееме и никогаш не треба да станат правило на однесување - вели свештеникот Умичевиќ.

Изградбата на православниот храм во Петриња почнала во 2018 година, а првата литургија во овој храм се служела на крајот на 2021 година. Првиот храм на Свети Спиридон бил изграден во 1785 година во самиот центар на градот, но усташите го срушиле во 1941 година.

The post Усташки графити исцртани на православната црква во Петриња appeared first on Република.

]]>

Ноќта меѓу 2 и 3 мај непознати сторители го осквернавиле храмот на Свети Спиридон Чудотворец во Петриње, Хрватска, исцртувајќи усташки симболи на дури три места. На вратата, прозорецот и ѕидот на недовршената православна црква, непознати сторители ноќта меѓу 2 и 3 мај напишале усташки симболи во форма на буквата „У“. Петринскиот парох Саша Умичевиќ ја информира јавноста за овој говор на омраза и ја повика полицијата да спроведе истрага.
Овој случај, кој има нескриена и директна порака до припадниците на српската национална заедница, е пријавен во надлежната полициска управа во Петриња, по што припадниците на оваа организациона единица извршиле истрага и направиле пријава за овој немил настан. Се надеваме дека сторителите на овој антицивилизациски чин ќе бидат пронајдени и кривично гонет, со цел јасно да се каже дека ваквите и слични дела инспирирани од омраза не се огледало на мултиетничкото општество во кое живееме и никогаш не треба да станат правило на однесување - вели свештеникот Умичевиќ.
Изградбата на православниот храм во Петриња почнала во 2018 година, а првата литургија во овој храм се служела на крајот на 2021 година. Првиот храм на Свети Спиридон бил изграден во 1785 година во самиот центар на градот, но усташите го срушиле во 1941 година.

The post Усташки графити исцртани на православната црква во Петриња appeared first on Република.

]]>
Грција обвинува за сквернавење на манастирот Сумела во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-obvinuva-za-skvernavenje-na-manastirot-sumela-vo-turcija/ Mon, 07 Feb 2022 13:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=455155

Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение реагира за, како што велат, сквернавење на манастирот Сумела во Турција, откако на социјалните мрежи биле објавени фотографии на кои „странски бенд изгледа како да танцува диско во просторот на историскиот манастир Богородица Сумела“.

Од грчкото МНР додаваат дека манастирот е кандидат за прогласување за споменик на светско наследство на УНЕСКО и „изненадување предизвикува фактот што на групата ѝ била дадена дозвола, бидејќи манастирот се отвора само за аџилак“.

Ги повикуваме надлежните турски власти да го сторат она што е правилно за да не се повторат ваквите дела и да го почитуваат светиот простор на манастирот - соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Според грчките медиуми, во просторот на манастирот Сумела, бил сниман видео клип или рекламен спот со диџеј.

The post Грција обвинува за сквернавење на манастирот Сумела во Турција appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение реагира за, како што велат, сквернавење на манастирот Сумела во Турција, откако на социјалните мрежи биле објавени фотографии на кои „странски бенд изгледа како да танцува диско во просторот на историскиот манастир Богородица Сумела“. Од грчкото МНР додаваат дека манастирот е кандидат за прогласување за споменик на светско наследство на УНЕСКО и „изненадување предизвикува фактот што на групата ѝ била дадена дозвола, бидејќи манастирот се отвора само за аџилак“.