скулптури Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skulpturi/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Oct 2022 07:24:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скулптури Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skulpturi/ 32 32 Изложба на скулптури од Маја Танева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-skulpturi-od-maja-taneva/ Fri, 07 Oct 2022 07:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=558205

Во Галеријата „КО-РА“ на Зелениот покрив на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на скулптури „Асиметрична Нота Нежност“ од МајаТанева.

Вилински коњчиња се осетливи на промени во животната средина и затоа претставуваат индикатори за состојбата со речните екоситеми – факт врз основа на кој е создадена серијата „Асиметрична Нота Нежност”. Вилините, тема која ја рефлектира сензитивноста на нашата внатрешност, уката која ја имаме како можност да ја преземеме од нивниот процес на адаптација како најстар инсект кон сите промени кои ги искусиле. Предаторската сила прикриена во најнежната на изглед камуфлажа - пишува Танева по повод изложбата која ќе биде отворена во 18 часот.

Танева е родена во Скопје 1984, а високо образование завршила на софиската Ликовна академија, отсек скулптура, во класата на проф.Мирчев, со професионална доквалификација – професор за ликовна уметност. Магистрирала во 2009 година. По завршувањето на образованието се вратила во Скопје каде почнува едукација на деца и младинци во неформалното и формалното образование. Танева е учесник во многу групни изложби низ земјава и надвор од неа, а имала и над десетина самостојни претставувања.

Годинава Танева ја стави Македонија на мапата држави кои беа дел од Светскиот ден на скулптурата преку Интернационалниот Скулптурен центар ISC.

The post Изложба на скулптури од Маја Танева appeared first on Република.

]]>

Во Галеријата „КО-РА“ на Зелениот покрив на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на скулптури „Асиметрична Нота Нежност“ од МајаТанева.
Вилински коњчиња се осетливи на промени во животната средина и затоа претставуваат индикатори за состојбата со речните екоситеми – факт врз основа на кој е создадена серијата „Асиметрична Нота Нежност”. Вилините, тема која ја рефлектира сензитивноста на нашата внатрешност, уката која ја имаме како можност да ја преземеме од нивниот процес на адаптација како најстар инсект кон сите промени кои ги искусиле. Предаторската сила прикриена во најнежната на изглед камуфлажа - пишува Танева по повод изложбата која ќе биде отворена во 18 часот.
Танева е родена во Скопје 1984, а високо образование завршила на софиската Ликовна академија, отсек скулптура, во класата на проф.Мирчев, со професионална доквалификација – професор за ликовна уметност. Магистрирала во 2009 година. По завршувањето на образованието се вратила во Скопје каде почнува едукација на деца и младинци во неформалното и формалното образование. Танева е учесник во многу групни изложби низ земјава и надвор од неа, а имала и над десетина самостојни претставувања. Годинава Танева ја стави Македонија на мапата држави кои беа дел од Светскиот ден на скулптурата преку Интернационалниот Скулптурен центар ISC.

The post Изложба на скулптури од Маја Танева appeared first on Република.

]]>
Изложбата на скулптури „Панта реи“ од Марјан Стојаноски од вечерва во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-na-skulpturi-panta-rei-od-marjan-stojanoski-od-vecherva-vo-kic/ Mon, 16 May 2022 11:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=502874

Во Салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на скулптури насловена „Панта реи“ од академскиот уметник Марјан Стојаноски.

Во освртот за изложбата „Метал, време, космос, panta rhei…“ неговата колешка уметницата Мирјана Крстева Масети ќе посочи дека последното ликовно достигнување на академскиот скулптор Стојаноски насловено „Panta rhei“., содржи опус скулптури со современ призвук кој наликува на пат кон иднината, кон непознатото.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп во 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” во Скопје. Дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул”. Има реализирано голем број изложби, како самостојни, така и групни изложби. Живее во Прилеп, каде и работи во Центарот за Култура „Марко Цепенков”.

Изложбата  на Стојаноски во КИЦ-Скопје ќе биде отворена до 24 мај годинава.

The post Изложбата на скулптури „Панта реи“ од Марјан Стојаноски од вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Во Салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на скулптури насловена „Панта реи“ од академскиот уметник Марјан Стојаноски. Во освртот за изложбата „Метал, време, космос, panta rhei…“ неговата колешка уметницата Мирјана Крстева Масети ќе посочи дека последното ликовно достигнување на академскиот скулптор Стојаноски насловено „Panta rhei“., содржи опус скулптури со современ призвук кој наликува на пат кон иднината, кон непознатото. Марјан Стојаноски е роден во Прилеп во 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” во Скопје. Дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул”. Има реализирано голем број изложби, како самостојни, така и групни изложби. Живее во Прилеп, каде и работи во Центарот за Култура „Марко Цепенков”. Изложбата  на Стојаноски во КИЦ-Скопје ќе биде отворена до 24 мај годинава.

The post Изложбата на скулптури „Панта реи“ од Марјан Стојаноски од вечерва во КИЦ appeared first on Република.

]]>