скршена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skrshena/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 13:02:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скршена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skrshena/ 32 32 Скулптурата „Куче од балон“ вредна 42.000 долари случајно уништена од восхитена колекционерка на уметнички дела во Мајами https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/skulpturata-kuche-od-balon-vredna-42-000-dolari-sluchajno-unishtena-od-voshitena-kolektsionerka-na-umetnichki-dela-vo-majami/ Fri, 24 Feb 2023 13:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=612777

Скулптурата „Куче од балон“ вредна 42.000 долари се урна кога восхитена колекционерка на уметнички дела случајно го уништи делото на славниот уметник. Скулптурата од американскиот уметник Џеф Кунс од син порцелан беше изложена на штандот Bel-Air Fine Art за време на саемот за современа уметност Art Wynwood во Мајами.

Сината скулптура „Куче од балон“ беше најпопуларна на целиот саем, дури и пред да се урне и да привлече внимание.

Уметникот и колекционер на уметнички дела од Винвуд, Стивен Гамсон, бил присутен кога се случила несреќата.

Кога тресна на земја, тоа беше како кога сообраќајна несреќа привлекува огромна гужва на автопат, рече Гамсони додаде: Тоа е најпопуларниот штанд на целиот саем.

Колекционерот, обожавател на Кунс, објасни дека жена тапкала по скулптурата за да потврди дали скулптурата навистина е балон.

Скапата скулптура „Куче од балон“ од 42.000 долари била осигурана од страна на Бенедикт Калч, советник за уметност во Bel-Air Fine Art, а штетата ќе ја покрие осигурувањето.

Колекционерката можеби згрешила, но не се сите толку невини и понекогаш можат да направат вистински проблеми. Минатата година американски турист беше уапсен во Кјарамонти, затоа што искрши две римски скулптури стари 2.000 години, откако му беше одбиена дозволата да го види папата Франциско.

 

The post Скулптурата „Куче од балон“ вредна 42.000 долари случајно уништена од восхитена колекционерка на уметнички дела во Мајами appeared first on Република.

]]>

Скулптурата „Куче од балон“ вредна 42.000 долари се урна кога восхитена колекционерка на уметнички дела случајно го уништи делото на славниот уметник. Скулптурата од американскиот уметник Џеф Кунс од син порцелан беше изложена на штандот Bel-Air Fine Art за време на саемот за современа уметност Art Wynwood во Мајами. Сината скулптура „Куче од балон“ беше најпопуларна на целиот саем, дури и пред да се урне и да привлече внимание. Уметникот и колекционер на уметнички дела од Винвуд, Стивен Гамсон, бил присутен кога се случила несреќата.
Кога тресна на земја, тоа беше како кога сообраќајна несреќа привлекува огромна гужва на автопат, рече Гамсони додаде: Тоа е најпопуларниот штанд на целиот саем.
Колекционерот, обожавател на Кунс, објасни дека жена тапкала по скулптурата за да потврди дали скулптурата навистина е балон. Скапата скулптура „Куче од балон“ од 42.000 долари била осигурана од страна на Бенедикт Калч, советник за уметност во Bel-Air Fine Art, а штетата ќе ја покрие осигурувањето. Колекционерката можеби згрешила, но не се сите толку невини и понекогаш можат да направат вистински проблеми. Минатата година американски турист беше уапсен во Кјарамонти, затоа што искрши две римски скулптури стари 2.000 години, откако му беше одбиена дозволата да го види папата Франциско.  

The post Скулптурата „Куче од балон“ вредна 42.000 долари случајно уништена од восхитена колекционерка на уметнички дела во Мајами appeared first on Република.

]]>
Жена скрши нога на една од патеките кон врвот на Водно поради замрзнат терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zena-skrshi-noga-na-edna-od-patekite-kon-vrvot-na-vodno-poradi-zamrznat-teren/ Sat, 12 Feb 2022 15:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=457614

Денеска во претпопладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно. Жена движејки се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв, информираат од Центарот за управување со кризи.

Оттаму информираат дека жената се здобила со посериозни повреди односно со прелом на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до ургентен центар.

Со оглед дека се работи за сè уште ниски температури во текот на ноќите а променливи во текот на денот Центарот за управување со кризи укажува на Внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари, велат од ЦУК.

The post Жена скрши нога на една од патеките кон врвот на Водно поради замрзнат терен appeared first on Република.

]]>

Денеска во претпопладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно. Жена движејки се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму информираат дека жената се здобила со посериозни повреди односно со прелом на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до ургентен центар.
Со оглед дека се работи за сè уште ниски температури во текот на ноќите а променливи во текот на денот Центарот за управување со кризи укажува на Внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари, велат од ЦУК.

The post Жена скрши нога на една од патеките кон врвот на Водно поради замрзнат терен appeared first on Република.

]]>