скрипти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skripti/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 10:35:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скрипти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skripti/ 32 32 Митева: Скриптите за учење чинат над половина милион долари, а истите се со еднократна употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-skriptite-za-uchenje-chinat-nad-polovina-milion-dolari-a-istite-se-so-ednokratna-upotreba/ Thu, 20 Oct 2022 10:35:26 +0000 https://republika.mk/?p=563522

Неспособноста на власта резултира со немање на учебници за учениците од основно образование до денес, 20.10 два месеци од почетокот на учебната година, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Имено, МОН платило половина милион евра за еднократна употреба на скрипти и на прашањето кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа, од МОН до денес немаме одговор.

Но која е вистината? Ова е документ од Светска банка од кој може да се види дека на 15.08.2022 година се обезбедени половина милион американски долари на фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за учење во основното образование. Она што е фрапантно во целава ситуација е што иако се додели половина милион долари за подготовка, печатење и дистрибуција, дополнителни 100.000 се потрошени само за печатење. Значи, повторно се плаќа двојно за една иста работа.

Имено, овие средства се дел од програмата на Светска банка за проектот за унапредување на основното образование, вреден 21,5 милиони евра кој го потпиша МОН во 2020 година и има за цел долгорочен развој на македонското образование преку 4 компоненти и тоа:

- подобрување на училишната инфраструктура,

- развивање на програма за државно тестирање,

- зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и

- мониторинг и управување на проектот.

Наместо за долгорочен развој како што е предвидено во самиот проект, овие 552.703 американски долари завршиле за покривање на неспособноста на власта. Тоа што власта не успеа до денес да обезбеди учебници, а голема е веројатноста и првото полугодие да заврши без учебници, е причината поради која парите кои што можело да бидат наменети за долгорочен развој на образованието и кои што би служеле за повеќе генерации, се трошат на скрипти од 100-на листови хартија со употребна вредност од два месеци.

МОН наместо да ги употреби средствата најцелисходно и ефикасно, ги употребила овие средства за еднократна употреба.

Дополнително, да потсетиме дека овие т.н. скрипти се збир од материјали, кои власта успеала ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите. Имено, станува збор за само една скрипта – учебник од стотина страни во кои се содржани сите наставни предмети. А содржината на оваа скрипта е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници и само поделена во делови за да се направат материјали за учење. Или, ова се истите материјали за кои лани БРО ги има платено на авторите и ова се истите материјали со кои годинава истите автори конкурирале за избор на учебник и за тоа повторно ќе им биде платено.

Ова почитувани наликува на чиста заработка од која резултатот е уништено образование.

The post Митева: Скриптите за учење чинат над половина милион долари, а истите се со еднократна употреба appeared first on Република.

]]>

Неспособноста на власта резултира со немање на учебници за учениците од основно образование до денес, 20.10 два месеци од почетокот на учебната година, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Имено, МОН платило половина милион евра за еднократна употреба на скрипти и на прашањето кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа, од МОН до денес немаме одговор. Но која е вистината? Ова е документ од Светска банка од кој може да се види дека на 15.08.2022 година се обезбедени половина милион американски долари на фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за учење во основното образование. Она што е фрапантно во целава ситуација е што иако се додели половина милион долари за подготовка, печатење и дистрибуција, дополнителни 100.000 се потрошени само за печатење. Значи, повторно се плаќа двојно за една иста работа. Имено, овие средства се дел од програмата на Светска банка за проектот за унапредување на основното образование, вреден 21,5 милиони евра кој го потпиша МОН во 2020 година и има за цел долгорочен развој на македонското образование преку 4 компоненти и тоа: - подобрување на училишната инфраструктура, - развивање на програма за државно тестирање,
- зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и
- мониторинг и управување на проектот.
Наместо за долгорочен развој како што е предвидено во самиот проект, овие 552.703 американски долари завршиле за покривање на неспособноста на власта. Тоа што власта не успеа до денес да обезбеди учебници, а голема е веројатноста и првото полугодие да заврши без учебници, е причината поради која парите кои што можело да бидат наменети за долгорочен развој на образованието и кои што би служеле за повеќе генерации, се трошат на скрипти од 100-на листови хартија со употребна вредност од два месеци.
МОН наместо да ги употреби средствата најцелисходно и ефикасно, ги употребила овие средства за еднократна употреба.
Дополнително, да потсетиме дека овие т.н. скрипти се збир од материјали, кои власта успеала ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите. Имено, станува збор за само една скрипта – учебник од стотина страни во кои се содржани сите наставни предмети. А содржината на оваа скрипта е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници и само поделена во делови за да се направат материјали за учење. Или, ова се истите материјали за кои лани БРО ги има платено на авторите и ова се истите материјали со кои годинава истите автори конкурирале за избор на учебник и за тоа повторно ќе им биде платено. Ова почитувани наликува на чиста заработка од која резултатот е уништено образование.

The post Митева: Скриптите за учење чинат над половина милион долари, а истите се со еднократна употреба appeared first on Република.

]]>