скрининг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skrining/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 13:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скрининг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skrining/ 32 32 Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsientite-koi-ne-doagaat-na-mr-i-na-mamografija-na-vreme-da-gi-otkazhuvaat-terminite-apelira-zamenik-ministerkata-za-zdravstvo/ Thu, 22 Feb 2024 13:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=747024

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.

Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.

Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата.

-Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.
Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.
Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.
Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата. -Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/  

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>
Сè поголем број жени помлади од 35 години заболуваат од карцином на грлото на матка, на 100 илјади жени – 20 се болни https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-pogolem-broj-zheni-pomladi-od-35-godini-zaboluvaat-od-kartsinom-na-grloto-na-matka-na-100-iljadi-zheni-20-se-bolni/ Wed, 24 Jan 2024 17:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=736399

Во нашата држава има висока инциденца од 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени, споредено со она кон кое треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени. Ова беше кажано на прес-конференцијата на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со Здружението на патолози и Македонското здружение за радиологија и онкологија, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката - од 22 до 28 јануари.

Претседателката на Македонската асоцијација за радиологија и онкологија, Виолета Клисаровска рече дека карциномот на грлото на матката е еден сериозен здравствен проблем од повеќе аспекти.

Првиот аспект би биле статистичките податоци. Околу 600 илјади жени на европско глобално ниво заболуваат. Половина од нив, ја губат борбата со болеста. Инциденцата, за жал, покажува една нехомогена дистрибуција, што во најголем дел ги афектира земјите во развој, меѓу кои и нашата земја. Дистрибуцијата е нехомогена и во однос на морталитетот, повторно со највисок морталитет во земјите во развој. Во Македонија, инциденцата се движи некаде на 20 нови случаи на 100 илјади жени што е прилично висока инциденца, ако споредиме со она кон што треба да се стремиме, два до четири случаи нови, на 100 илјади жени, појасни Клисаровска.

Таа додаде дека вториот аспект што ја прави оваа болест прилично сериозна, е возрасното засегање.

Оваа болест ги погодува младите жени во репродуктивната фаза од нивниот живот, со најголемо возрасно засегање, во популацијата од 45 до 50-годишна возраст. Но, клиничката пракса покажува дека има сѐ повеќе случаи, се зголемува процентот и на жени кои се помлади и од 35 години, нагласи Клисаровска.

Таа се осврна и на третиот аспект на сериозност, третманот, очекувањата од третманот, зборувајќи за стадиумите на болеста и нагласувајќи дека е многу важен скринингот, а доколку нема утврдување преку скрининг, барем да се открие болеста во раната фаза, кога е можно и квалитетно стопроцентно излекување.

На новинарско прашање, претседателот на Македонското лекарско друштво и Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Горан Димитров рече дека уште од 2017 година работна група има изготвено протокол, околу тоа како полека треба да се оди кон тоа, ХПВ да биде како примарен скрининг. Тој додаде дека се работи во тој дел и изрази надеж дека тоа ќе се реализира.

Претседателот на Здружението на патолози, Рубенс Јовановиќ се осврна на состојбата изминатите години.

Како патолог, морам да обрнам внимание на тенденцијата последниве години, особено по Ковид-19, за дијагностика добиваме многу напреднати случаи оперативни примероци со многу напреднати карциноми во многу напреднат стадиум. Тоа прво ни троши и персонални и лабораториски дијагностички ресурси. Кога дел од тие средства, само дел од тие средства, би биле соодветно пренаменети во адекватен скрининг, мислам дека тоа многукратно би се исплатило. Не смееме да го гледаме скринингот како трошок, туку повеќе како сигурна инвестиција, што секако се исплаќа на рок од пет до 10 години, додаде тој.

Националниот координатор за имунизација, Александра Грозданова рече дека карциномот на грлото на матката во однос на нивните податоци, што се повеќе или помалку релевантни и во европскиот регион, е втор по својата бројка кај женската популација помеѓу 15 и 45 години, веднаш по карциномот на гради.

Зборуваме за карцином, имаме вакцина. ХПВ вакцината е несомнено едно од откритијата на 21. век. Македонија беше прва земја во регионот во 2008 година што ја воведе оваа вакцина и во континуитет се работи за да се подобри опфатот на истата. Многу ми е драго што морам да истакнам дека се приклучуваме од оваа година на користењето на деветвалентната вакцина. Значи, ќе ја имаме ХПВ деветвалентната вакцина. Дополнително, го проширивме опфатот, односно се надеваме дека ќе го прошириме, со тоа што направивме неколку експертски препораки, што беа прифатени, а тоа е првенствено вакцинацијата на момчињата, што е и тек како многу битен сегмент, имајќи предвид дека тие се всушност трансмитери, но, од друга страна и неретко заболуваат од ХПВ асоцирани други видови карциноми, подвлече Грозданова.

Шефицата на канцеларијата на УНФПА, Афродита Шаља изрази надеж оти покрај оваа недела, иако таа е посебно посветена на превенција на ракот на грлото на матката, дека секој ден, 365 дена во годината, ќе се успее да се влијае.

Специјалната претставничка на СЗО за Македонија, Ане Јохансен истакна дека многу е важно свеста да се подига и да се шири.

Навистина е тажно што ги имаме сите алатки на располагање, а сепак таа останува една од најчестите болести што ги засегаат жените, порача Јохансен.

The post Сè поголем број жени помлади од 35 години заболуваат од карцином на грлото на матка, на 100 илјади жени – 20 се болни appeared first on Република.

]]>

Во нашата држава има висока инциденца од 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени, споредено со она кон кое треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени. Ова беше кажано на прес-конференцијата на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со Здружението на патолози и Македонското здружение за радиологија и онкологија, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката - од 22 до 28 јануари. Претседателката на Македонската асоцијација за радиологија и онкологија, Виолета Клисаровска рече дека карциномот на грлото на матката е еден сериозен здравствен проблем од повеќе аспекти.
Првиот аспект би биле статистичките податоци. Околу 600 илјади жени на европско глобално ниво заболуваат. Половина од нив, ја губат борбата со болеста. Инциденцата, за жал, покажува една нехомогена дистрибуција, што во најголем дел ги афектира земјите во развој, меѓу кои и нашата земја. Дистрибуцијата е нехомогена и во однос на морталитетот, повторно со највисок морталитет во земјите во развој. Во Македонија, инциденцата се движи некаде на 20 нови случаи на 100 илјади жени што е прилично висока инциденца, ако споредиме со она кон што треба да се стремиме, два до четири случаи нови, на 100 илјади жени, појасни Клисаровска.
Таа додаде дека вториот аспект што ја прави оваа болест прилично сериозна, е возрасното засегање.
Оваа болест ги погодува младите жени во репродуктивната фаза од нивниот живот, со најголемо возрасно засегање, во популацијата од 45 до 50-годишна возраст. Но, клиничката пракса покажува дека има сѐ повеќе случаи, се зголемува процентот и на жени кои се помлади и од 35 години, нагласи Клисаровска.
Таа се осврна и на третиот аспект на сериозност, третманот, очекувањата од третманот, зборувајќи за стадиумите на болеста и нагласувајќи дека е многу важен скринингот, а доколку нема утврдување преку скрининг, барем да се открие болеста во раната фаза, кога е можно и квалитетно стопроцентно излекување. На новинарско прашање, претседателот на Македонското лекарско друштво и Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Горан Димитров рече дека уште од 2017 година работна група има изготвено протокол, околу тоа како полека треба да се оди кон тоа, ХПВ да биде како примарен скрининг. Тој додаде дека се работи во тој дел и изрази надеж дека тоа ќе се реализира. Претседателот на Здружението на патолози, Рубенс Јовановиќ се осврна на состојбата изминатите години.
Како патолог, морам да обрнам внимание на тенденцијата последниве години, особено по Ковид-19, за дијагностика добиваме многу напреднати случаи оперативни примероци со многу напреднати карциноми во многу напреднат стадиум. Тоа прво ни троши и персонални и лабораториски дијагностички ресурси. Кога дел од тие средства, само дел од тие средства, би биле соодветно пренаменети во адекватен скрининг, мислам дека тоа многукратно би се исплатило. Не смееме да го гледаме скринингот како трошок, туку повеќе како сигурна инвестиција, што секако се исплаќа на рок од пет до 10 години, додаде тој.
Националниот координатор за имунизација, Александра Грозданова рече дека карциномот на грлото на матката во однос на нивните податоци, што се повеќе или помалку релевантни и во европскиот регион, е втор по својата бројка кај женската популација помеѓу 15 и 45 години, веднаш по карциномот на гради.
Зборуваме за карцином, имаме вакцина. ХПВ вакцината е несомнено едно од откритијата на 21. век. Македонија беше прва земја во регионот во 2008 година што ја воведе оваа вакцина и во континуитет се работи за да се подобри опфатот на истата. Многу ми е драго што морам да истакнам дека се приклучуваме од оваа година на користењето на деветвалентната вакцина. Значи, ќе ја имаме ХПВ деветвалентната вакцина. Дополнително, го проширивме опфатот, односно се надеваме дека ќе го прошириме, со тоа што направивме неколку експертски препораки, што беа прифатени, а тоа е првенствено вакцинацијата на момчињата, што е и тек како многу битен сегмент, имајќи предвид дека тие се всушност трансмитери, но, од друга страна и неретко заболуваат од ХПВ асоцирани други видови карциноми, подвлече Грозданова.
Шефицата на канцеларијата на УНФПА, Афродита Шаља изрази надеж оти покрај оваа недела, иако таа е посебно посветена на превенција на ракот на грлото на матката, дека секој ден, 365 дена во годината, ќе се успее да се влијае. Специјалната претставничка на СЗО за Македонија, Ане Јохансен истакна дека многу е важно свеста да се подига и да се шири.
Навистина е тажно што ги имаме сите алатки на располагање, а сепак таа останува една од најчестите болести што ги засегаат жените, порача Јохансен.
 
The post Сè поголем број жени помлади од 35 години заболуваат од карцином на грлото на матка, на 100 илјади жени – 20 се болни appeared first on Република.

]]>
Жени на возраст од 21 до 59 години кои три години не направиле пап-тест се вклучени во Програмата за скрининг за рак на грлото на матката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zheni-na-vozrast-od-21-do-59-godini-koi-tri-godini-ne-napravile-pap-test-se-vklucheni-vo-programata-za-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata/ Wed, 01 Nov 2023 14:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=697141

Жени на возраст од 21 до 59 години кои три години не направиле пап-тест се вклучени во Програмата за скрининг за рак на грлото на матката за 2023 година. Тоа може да го направат кај матичните гинеколози, соопштува Министерството за здравство.

Во текот на годината пациентката која ќе се јави кај матичен гинеколог може да направи и дополнителен гинеколошки преглед со ПАП тест, согласно медицинска индикација утврдена од матичниот гинеколог. Дополнителните прегледи утврдени од матичниот гинеколог се на товар на ФЗОМ, а пациентот плаќа партиципација за прегледот.

За успешно спроведена скрининг превенција се смета доколку во период од три години се опфатат 75% од целната популација на жени. Затоа, од октомври 2022 година со измените во Програмата за рана детекција на малигните заболувања на Македонија за 2023 година, Министерството за здравство воведе и мобилни гинеколошки амбуланти, кои се дел од Програмата на Министерството за здравство.

При посетите на пациентките во мобилните гинеколошки амбуланти се остварува и целта да се подигне свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи, препорачаните периодични гинеколошки прегледи и ПАП тест, кои овозможуваат рано откривање на ракот на грлото на матката. Истовремено, пациентките добиваат и совети за планирање на семејството и безбедно мајчинство. Услугите се наменети за жени и девојки од ранливи семејства, во потешко достапни рурални области, велат од Министерството за здравство.

Препораки за скринингот на рак на грло на матка во Европа, согласно Регионалниот центар за рак се следните:

Словенија - еднаш на три години

Италија - еднаш на три години

Франција - еднаш на три години после два последователни негативни теста

Унгарија - еднаш на три години

https://republika.mk/zivot/zdravje/zenite-na-vozrast-od-36-do-45-godini-koi-ne-pravele-pap-test-tri-godini-preku-platformata-skrining-mk-moze-da-zakazat-termin/

Главна цел е да се намали инциденцата и смртноста на жените од рак на грлото на матката во Македонија, да се зголеми бројот на лица опфатени со организираниот скрининг да се подигне свеста кај жените за важноста од редовни превентивни прегледи и вклученост во организираниот скрининг да се зголеми бројот на гинеколози вклучени во организираниот скрининг.

https://republika.mk/zivot/zdravje/za-5-godini-od-rak-na-grloto-na-matkata-pochinale-203-zeni/

The post Жени на возраст од 21 до 59 години кои три години не направиле пап-тест се вклучени во Програмата за скрининг за рак на грлото на матката appeared first on Република.

]]>

Жени на возраст од 21 до 59 години кои три години не направиле пап-тест се вклучени во Програмата за скрининг за рак на грлото на матката за 2023 година. Тоа може да го направат кај матичните гинеколози, соопштува Министерството за здравство. Во текот на годината пациентката која ќе се јави кај матичен гинеколог може да направи и дополнителен гинеколошки преглед со ПАП тест, согласно медицинска индикација утврдена од матичниот гинеколог. Дополнителните прегледи утврдени од матичниот гинеколог се на товар на ФЗОМ, а пациентот плаќа партиципација за прегледот.
За успешно спроведена скрининг превенција се смета доколку во период од три години се опфатат 75% од целната популација на жени. Затоа, од октомври 2022 година со измените во Програмата за рана детекција на малигните заболувања на Македонија за 2023 година, Министерството за здравство воведе и мобилни гинеколошки амбуланти, кои се дел од Програмата на Министерството за здравство. При посетите на пациентките во мобилните гинеколошки амбуланти се остварува и целта да се подигне свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи, препорачаните периодични гинеколошки прегледи и ПАП тест, кои овозможуваат рано откривање на ракот на грлото на матката. Истовремено, пациентките добиваат и совети за планирање на семејството и безбедно мајчинство. Услугите се наменети за жени и девојки од ранливи семејства, во потешко достапни рурални области, велат од Министерството за здравство.
Препораки за скринингот на рак на грло на матка во Европа, согласно Регионалниот центар за рак се следните: Словенија - еднаш на три години Италија - еднаш на три години Франција - еднаш на три години после два последователни негативни теста Унгарија - еднаш на три години https://republika.mk/zivot/zdravje/zenite-na-vozrast-od-36-do-45-godini-koi-ne-pravele-pap-test-tri-godini-preku-platformata-skrining-mk-moze-da-zakazat-termin/ Главна цел е да се намали инциденцата и смртноста на жените од рак на грлото на матката во Македонија, да се зголеми бројот на лица опфатени со организираниот скрининг да се подигне свеста кај жените за важноста од редовни превентивни прегледи и вклученост во организираниот скрининг да се зголеми бројот на гинеколози вклучени во организираниот скрининг. https://republika.mk/zivot/zdravje/za-5-godini-od-rak-na-grloto-na-matkata-pochinale-203-zeni/

The post Жени на возраст од 21 до 59 години кои три години не направиле пап-тест се вклучени во Програмата за скрининг за рак на грлото на матката appeared first on Република.

]]>
Во Србија задолжителен скрининг на новороденчињата за СМА https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-srbija-zadolzhitelen-skrining-na-novorodenchinata-za-sma/ Thu, 07 Sep 2023 10:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=679672

Од 14 септември за сите новороденчиња во Србија ќе биде обврзен скринингот за спинална мускулна атрофија. Прегледот ќе биде на трошок на српскиот Републички фонд за здравствено осигурување (РФЗО).

Предвидено е мострите да се земаат во сите породилишта во Србија, додека анализата на примероците ќе се врши на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград.

Целта за воведување скрининг веднаш по раѓањето е рана дијагноза во предсимптоматската фаза на болеста, што е од суштинско значење за исходот од третманот на спинална мускулна атрофија, а со тестирањето по раѓањето нема да се губи повеќе време за утврдување дијагноза“, се наведува во соопштението на РФЗО.

На сметка на РФЗО од 2021 година задолжителни се скрининзите за фенилкетонурија, хипотироидизам и за цистична фиброза.

The post Во Србија задолжителен скрининг на новороденчињата за СМА appeared first on Република.

]]>

Од 14 септември за сите новороденчиња во Србија ќе биде обврзен скринингот за спинална мускулна атрофија. Прегледот ќе биде на трошок на српскиот Републички фонд за здравствено осигурување (РФЗО). Предвидено е мострите да се земаат во сите породилишта во Србија, додека анализата на примероците ќе се врши на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград. Целта за воведување скрининг веднаш по раѓањето е рана дијагноза во предсимптоматската фаза на болеста, што е од суштинско значење за исходот од третманот на спинална мускулна атрофија, а со тестирањето по раѓањето нема да се губи повеќе време за утврдување дијагноза“, се наведува во соопштението на РФЗО. На сметка на РФЗО од 2021 година задолжителни се скрининзите за фенилкетонурија, хипотироидизам и за цистична фиброза.

The post Во Србија задолжителен скрининг на новороденчињата за СМА appeared first on Република.

]]>
Маричиќ во Брисел тврдел дека Владата е посветена и работи на подобра здравствена заштита и животнен стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-brisel-tvrdel-deka-vladata-e-posvetena-i-raboti-na-podobra-zdravstvena-zashtita-i-zhivotnen-standard/ Wed, 01 Mar 2023 12:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=614668

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 28 „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“, на кој присуствуваше и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, информираат од СЕП, од каде додаваат дека „вицепремиерот и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ во воведното излагање истакна дека Владата е посветена и работи на постојано подобрување на статусот на потрошувачите, просперитетот и растот на животниот стандард, кои всушност се и главни цели на Европската унија“.

Согласно политиката на ЕУ за заштита на потрошувачите имаме уште работа за отстранување на пречките на пазарот, за да можат услугите и стоките да циркулираат со исти стандарди за безбедност и квалитет, како европските, рекол Маричиќ, додавајќи дека „на овој начин се намалува и обемот на употреба на небезбедни производи, што дополнително ги намалува ризиците од повреди од употребата на таквите производи, а со тоа и трошоците и оптоварувањето на здравствениот систем“.

Вицепремиерот Битиќи пред претставниците на Европската комисија се осврнал на здравјето на граѓанинот, за кое рече дека го претставува основниот столб за економскиот развој на едно општество, наведувајќи ги следните активности и планови во оваа област.

Ќе вложиме многу повеќе напори во детална контрола на тутунот, ефикасно да ги спроведеме сите релевантни закони на ЕУ, и конечно да го усвоиме и ратификуваме протоколот за елиминирање на недозволена трговија со производи од тутун. Ќе обезбедиме доволно финансиска поддршка за здравствените институции кои работат на специјализирано знаење за рано откривање на канцерот и ретките болести, базирајќи се на податоците од регистрите, рекол Битиќи.

Маричиќ објаснувал дека со усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Европската унија во областа на заштитата на потрошувачите, постепено се воведува повисоко ниво на безбедност на производите, заштита на економските интереси на потрошувачите во многу поединечни сектори, како и подобрување на општиот квалитет на живот.

Маричиќ, исто така, кажал дека со приближување до европските стандарди „се подобрува здравствената заштита на нашето население, бидејќи правното законодавство на ЕУ опфаќа области од големо значење за здравствената заштита, како што се: медицинските лекови и медицински помагала, правата на пациентите на прекугранично осигурување, козметиката, исхраната, контролата на тутунот, превенцијата од болести кои предизвикуваат зависност, трансплантација на органи, како и ретките болести“.

На денешниот билатерален скрининг состанок во областа на заштитата на потрошувачите и јавното здравје, членовите на македонскиот преговарачки кои презентираа пред Европската комисија се претставници од Министерство за економија, Државен инспекторат за храна, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Министерство за здравство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и експерти од различни здравствени установи. Скрининг состаноците за Поглавјето 28 ќе продолжи и утре, а до крајот на неделата ќе се одржи билатералниот состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници“, информираат од СЕП.

The post Маричиќ во Брисел тврдел дека Владата е посветена и работи на подобра здравствена заштита и животнен стандард appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 28 „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“, на кој присуствуваше и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, информираат од СЕП, од каде додаваат дека „вицепремиерот и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ во воведното излагање истакна дека Владата е посветена и работи на постојано подобрување на статусот на потрошувачите, просперитетот и растот на животниот стандард, кои всушност се и главни цели на Европската унија“.
Согласно политиката на ЕУ за заштита на потрошувачите имаме уште работа за отстранување на пречките на пазарот, за да можат услугите и стоките да циркулираат со исти стандарди за безбедност и квалитет, како европските, рекол Маричиќ, додавајќи дека „на овој начин се намалува и обемот на употреба на небезбедни производи, што дополнително ги намалува ризиците од повреди од употребата на таквите производи, а со тоа и трошоците и оптоварувањето на здравствениот систем“.
Вицепремиерот Битиќи пред претставниците на Европската комисија се осврнал на здравјето на граѓанинот, за кое рече дека го претставува основниот столб за економскиот развој на едно општество, наведувајќи ги следните активности и планови во оваа област.
Ќе вложиме многу повеќе напори во детална контрола на тутунот, ефикасно да ги спроведеме сите релевантни закони на ЕУ, и конечно да го усвоиме и ратификуваме протоколот за елиминирање на недозволена трговија со производи од тутун. Ќе обезбедиме доволно финансиска поддршка за здравствените институции кои работат на специјализирано знаење за рано откривање на канцерот и ретките болести, базирајќи се на податоците од регистрите, рекол Битиќи.
Маричиќ објаснувал дека со усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Европската унија во областа на заштитата на потрошувачите, постепено се воведува повисоко ниво на безбедност на производите, заштита на економските интереси на потрошувачите во многу поединечни сектори, како и подобрување на општиот квалитет на живот. Маричиќ, исто така, кажал дека со приближување до европските стандарди „се подобрува здравствената заштита на нашето население, бидејќи правното законодавство на ЕУ опфаќа области од големо значење за здравствената заштита, како што се: медицинските лекови и медицински помагала, правата на пациентите на прекугранично осигурување, козметиката, исхраната, контролата на тутунот, превенцијата од болести кои предизвикуваат зависност, трансплантација на органи, како и ретките болести“. На денешниот билатерален скрининг состанок во областа на заштитата на потрошувачите и јавното здравје, членовите на македонскиот преговарачки кои презентираа пред Европската комисија се претставници од Министерство за економија, Државен инспекторат за храна, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Министерство за здравство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, како и експерти од различни здравствени установи. Скрининг состаноците за Поглавјето 28 ќе продолжи и утре, а до крајот на неделата ќе се одржи билатералниот состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници“, информираат од СЕП.

The post Маричиќ во Брисел тврдел дека Владата е посветена и работи на подобра здравствена заштита и животнен стандард appeared first on Република.

]]>
Во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-brisel-zapochna-bilateralniot-skrining-za-poglavjeto-9-finansiski-uslugi/ Tue, 28 Feb 2023 07:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=613987

 Во Брисел денеска продолжува билатералниот скрининг за Кластерот 2 „Внатрешен пазар” со скрининг состанокот за Поглавјето 9 – „Финансиски услуги”.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговарачкиот тим го предводи државната секретарка во Секретаријатот и заменичка на главниот преговарач на земјава со Европската унија, Дрита Абдиу Халили, која во своето воведно обраќање истакна дека земјата успешно го следи патот кон целосна хармонизација со европското законодавство.

- Новите закони ќе воспостават јасна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар, што ќе придонесе за неговиот развој и усогласување со законодавството на Европската унија во оваа област, потенцираше Абдиу Халили.

На денешниот скрининг состанок присуствуваше и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, кој меѓу другото во неговото воведно излагање нагласи дека оваа година ќе се работи максимално за исполнувањето препораките од извештајот, со што ќе се донесе закон за резолуција на банки и имплементација на законодавството и врз основа на ова исто така ќе бидат завршени и назначувањата на регулаторното тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила и ќе се продолжи со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.

- Ќе ги катализираме напорите нагласени во извештајот во делот за развивање на одредбите за резолуција на банките во согласност со рамката на ЕУ, со посебен акцент на Директивата за закрепнување и разрешување на банките. Законот за осигурување на депозити ќе биде изменет за да се подобри осигурувањето на депозитите и да се одговори на загриженоста на Уставниот суд во неговата одлука од јули 2021 година. Нашата централна банка веќе и посвети дел на нејзината  веб страница на правата на потрошувачите заедно со правилното споделување информации за да се избегнат нефер банкарски практики, посочи Битиќи.

Работната група за ова поглавје го сочинуваат Министерството за финансии, Народната банка, Фондот за осигурување на депозити, Комисијата за хартии од вредност и агенциите за суперревизија за осигурување и за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Во европското законодавство финансиските услуги се од големо значење за правилното функционирање на внатрешниот пазар на Европската унија како еден од темелите на европската интеграција. Ова поглавје ги вклучува областите банкарството, осигурувањето, хартии од вредност, инвестициски фондови, финансиски пазари и платни системи. Правната рамка во ова поглавје ги опфаќа правилата за издавање на оперативно и надзорно работење на финансиските институции кои треба да обезбедат стабилен, безбеден и ефикасен финансиски пазар, се посочува во соопштението од СЕП.

Презентациите за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ ќе продолжат и утре, во среда и четврток за Поглавјето 28 „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“ и в петок ќе се одржи билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”.

The post Во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ appeared first on Република.

Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1, „Слободно движење на стоки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-brisel-pochna-bilateralniot-skrining-sostanok-za-poglavjeto-1-slobodno-dvizhene-na-stoki/ Mon, 06 Feb 2023 12:15:17 +0000 https://republika.mk/?p=605445

Денеска во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1, „Слободно движење на стоки“, кое е дел од вториот кластер „Внатрешен пазар“.

 Делегацијата на Македонија ја предводи заменичката на главниот преговарач на Република Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили која го посочи напредокот и спроведените реформи во ова поглавје, со конкретни активности.

Со почитување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), од 2009 година донесовме сеопфатна хоризонтална Стратегија за слободно движење на стоки и целосно имплементиравме Акционен план за усогласување со членовите 34-36 од ТФБЕ, кои резултираше со вкупно 42 правни акти кои беа идентификувани како мерки со еквивалентно дејство на квантитативни ограничувања кои беа укинати или изменети до 2016 година. Во моментов, со поддршка на техничката помош на ЕУ, во рамките на ИПА проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“, започнавме со подготовка на нова Стратегија, ажурирана со најновото европско законодавство и продолживме со сеопфатен преглед на законодавството релевантно од гледна точка на предизвикување нецарински пречки во трговијата, со цел да се подготви нов акционен план со рокови за отстранување на овие пречки“ – истакна меѓу другото во својот говор заменичката на главниот преговарач Дрита Абдиу-Халили.

Таа исто така укажа дека имаме уште за работа во  областа на ова поглавје и дека се потребни посуштински реформи, потенцирајќи дека несомнено отворањето на поглавјата за време на преговорите за полноправно членство во ЕУ, како и континуираната поддршка од Европската комисија, ќе го дадат потребниот поттик за подлабоко и повеќе ефикасно спроведување на реформите во однос на слободното движење на стоки.

Слободното движење на стоки е една од четирите основни слободи на ЕУ. Принципот на слободното движење на стоки значи дека производите произведени во земја членка на Европската Унија можат слободно да циркулираат во други држави во рамките на единствениот пазар на ЕУ.

Единствениот пазар на ЕУ е основан пред 30 години, има 415 милиони потрошувачи и сочинува 18% од глобалната економија. Трговската размена на стоки меѓу Македонија и Европската Унија зафаќа вредност повеќе од 10 милијарди евра, односно 5,2 милијарди евра увоз на стоки од земјите на ЕУ и 5 милијарди евра извоз на стоки од нашата земја во земјите на Европската Унија.

Усогласеното европско законодавство за производи, кое треба да се транспонира, го претставува најголемиот дел од acquis. Повеќе од суштинско значењето да се има доволен административен капацитет за известување за трговските ограничувања и спроведување хоризонтални и процедурални мерки во областите како што се стандардизација, оцена на сообразност, акредитација, метрологија и надзор на пазарот.

Презентациите на преговарачкиот тим за Поглавјето 1, „Слободно движење на стоки“ ќе продолжат во следните четири дена, додека пак во петок започнува билатералниот скрининг за Поглавје 4, „Слободно движење на капитал“.

The post Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1, „Слободно движење на стоки“ appeared first on Република.

Намален е буџетот за скрининг на рак на грлото на матката, а МЗ го укина праќањето на покани за гинеколошки преглед со ПАП тест, реагираат од ЕСЕ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/namalen-e-budhetot-za-skrining-na-rak-na-grloto-na-matkata-a-mz-go-ukina-prakaneto-na-pokani-za-ginekoloshki-pregled-so-pap-test-reagiraat-od-ese/ Mon, 30 Jan 2023 10:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=602564

Владата го намали буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година за два милиони денари во однос на 2022 година. Во 2022 година Министерството за здравство го укина праќањето на покани до жените да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и ја воведе платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП тест, реагираат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ).

Тие бараат итно зголемување на буџетот на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, зголемени активности за едукација на жените, како и предвидување на посебни активности на ниво на заедница за зголемен опфат на жените од ранливите групи, со цел да се намали стапката на откривање на ракот на грлото на матката во напредна фаза и да се намали смртноста кај жените од ова заболување.

Во државата секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека над 350 жени годишно се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и се подложени на агресивни третмани со хемотерапија и зрачење поради тоа што болеста е откриена во напредна фаза.

На крајот од месец јануари Програмата за рана детекција на малигни заболувања сè уште не е објавена во Службен Весник на РСМ, што значи дека сè уште не се знаат ниту планираните активности, ниту целната возрасна група на жени кои треба да бидат опфатени со скринингот, посочуваат од здружението.

Од ЕСе нагласуваат дека сите овие смртни случаи и лекување со агресивни третмани може да се спречат, доколку промените бидат навремено откриени.

Но државата наместо да ги зголемува финансиските средства и да го зголемува опфатот на жените со програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, бележиме кратење на буџетските средства за оваа намена, истакнуваат од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Оттаму наведуваат дека поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скрининг на рак на грло на матката опфатени биле само 22 отсто од жените од целната возрасна група, што, како што велат, е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија кој изнесува над 75 проценти од жените.

Но се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг. Согласно на изјавите од Министерството за здравство во 2022 година на само 12.194 жени им е направен ПАП тест по пат на закажан преглед преку интернет платформата, што претставува само 10 отсто од целната возрасна група, велат од здружението.

Според Борјан Павловски од ЕСЕ, закажување на прегледи по дигитален пат претставува особена пречка за ранливите категории на жени.

Истражувањето кое го спроведе ЕСЕ во 2022 година покажа дека само 24 проценти од жените од руралните средини и 16 отсто од жените Ромки имаат потполна можност самостојно да закажат гинеколошки преглед преку интернет страна. На оваа состојба влијае можноста за пристап до интернет, пристап до дигитален уред, како и нивото на дигитална писменост, вели Борјан Павловски.

The post Намален е буџетот за скрининг на рак на грлото на матката, а МЗ го укина праќањето на покани за гинеколошки преглед со ПАП тест, реагираат од ЕСЕ appeared first on Република.

]]>

Владата го намали буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година за два милиони денари во однос на 2022 година. Во 2022 година Министерството за здравство го укина праќањето на покани до жените да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и ја воведе платформата skrining.mk за жените сами да се пријавуваат за преглед со ПАП тест, реагираат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ). Тие бараат итно зголемување на буџетот на програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, зголемени активности за едукација на жените, како и предвидување на посебни активности на ниво на заедница за зголемен опфат на жените од ранливите групи, со цел да се намали стапката на откривање на ракот на грлото на матката во напредна фаза и да се намали смртноста кај жените од ова заболување. Во државата секоја година умираат околу 40 жени од рак на грлото на матката, додека над 350 жени годишно се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и се подложени на агресивни третмани со хемотерапија и зрачење поради тоа што болеста е откриена во напредна фаза.
На крајот од месец јануари Програмата за рана детекција на малигни заболувања сè уште не е објавена во Службен Весник на РСМ, што значи дека сè уште не се знаат ниту планираните активности, ниту целната возрасна група на жени кои треба да бидат опфатени со скринингот, посочуваат од здружението.
Од ЕСе нагласуваат дека сите овие смртни случаи и лекување со агресивни третмани може да се спречат, доколку промените бидат навремено откриени.
Но државата наместо да ги зголемува финансиските средства и да го зголемува опфатот на жените со програмата за скрининг на ракот на грлото на матката, бележиме кратење на буџетските средства за оваа намена, истакнуваат од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.
Оттаму наведуваат дека поради недоволните буџетски средства и несоодветната организираност во 2021 година со скрининг на рак на грло на матката опфатени биле само 22 отсто од жените од целната возрасна група, што, како што велат, е многу далеку од опфатот во државите на Европската Унија кој изнесува над 75 проценти од жените.
Но се поставува прашањето дали оваа мерка претставува унапредување или уназадување на Програмата за скрининг. Согласно на изјавите од Министерството за здравство во 2022 година на само 12.194 жени им е направен ПАП тест по пат на закажан преглед преку интернет платформата, што претставува само 10 отсто од целната возрасна група, велат од здружението.
Според Борјан Павловски од ЕСЕ, закажување на прегледи по дигитален пат претставува особена пречка за ранливите категории на жени.
Истражувањето кое го спроведе ЕСЕ во 2022 година покажа дека само 24 проценти од жените од руралните средини и 16 отсто од жените Ромки имаат потполна можност самостојно да закажат гинеколошки преглед преку интернет страна. На оваа состојба влијае можноста за пристап до интернет, пристап до дигитален уред, како и нивото на дигитална писменост, вели Борјан Павловски.

The post Намален е буџетот за скрининг на рак на грлото на матката, а МЗ го укина праќањето на покани за гинеколошки преглед со ПАП тест, реагираат од ЕСЕ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Преговорите со ЕУ се најважниот македонски проект кој мора успешно да го завршиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pregovorite-so-eu-se-najvazhniot-makedonski-proekt-koj-mora-uspeshno-da-go-zavrshime/ Wed, 18 Jan 2023 20:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=598508

Заменик претс едателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, рече дека оваа година на евроинтеграциски план треба да донесе целосно комплетирање на скрининг процесот, реформски напредок и отворање на поглавјата, се разбира после завршувањето на уставните измени.

Имаме историска прилика која не смееме да ја пропуштиме. За нас преговорите се историска и единствена можност за брза и темелна трансформација на македонското општество на подобро, односно шанса за европеизација на државата, изјави Маричиќ.

Маричиќ додаде дека ова е најголемиот и најважниот македонски проект кој бара обединување и поставување на сите општествени чинители на начин на кој функционира и Европската унија: Дијалог, солидарност, поддршка и компромис и како главен преговарач со ЕУ повикува сите заедно да покажеме дека визијата и желбата земјата да ја направиме членка на ЕУ до 2030 е реална и поважна од сè кога е во прашање нашата иднина.

Со скринингот добиваме прецизна, аналитичка презентација на состојбата во однос на усогласеноста на македонското право со европското. Ги нотираме недостатоците и ги дефинираме следните задачи на кои ќе треба да работиме за да ги постигнеме европските стандарди, во догледен рок, согласно определбата за членство во ЕУ во 2030, рече тој.

Вицепремиерот кажа дека скринингот е делот од евроинтеграциите кој практично ги „турка“ реформите дома, до целосна подготвеност на земјата за членство во Унијата и дека првичните коментари од сите вклучени страни во процесот се позитивни, а оценката и клучните укажувања ќе ги добиеме во скрининг Извештаите, кои Маричиќ очекува да бидат подготвени што е можно побрзо од Европската комисија и одобрени од Советот.

За Кластер 1, кој го завршивме пред нешто повеќе од месец дена, ќе барам скрининг Извештајот да биде доставен до нас во наредните 3 до 4 месеци, бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовката на Патоказите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, истакна главниот преговарач со ЕУ.

Маричиќ нагласи дека во рамки на Патоказот за владеење на правото, ќе треба да се подготви и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и образование, нагласувајќи дека ова се теми низ кои поминаа и во кои се подобруваа сите држави членки на ЕУ.

Во меѓувреме, додека се подготвуваат и финализираат патоказите, во координација со Делегацијата на ЕУ, подготвуваме и реформски план кој ќе ни обезбеди поголем фокус и исполнување на клучните реформски приоритети во текот на годината, најави на прес-конференцијата Маричиќ.

Маричиќ тврди дека процесот на преговори со ЕУ Владата ќе го води максимално отворено и инклузивно и кажа дека периодов го мобилизираат најдоброто од македонското општество, за да се обезбеди најдоброто за граѓаните, вклучувајќи ги експертите, искусните и подготвените капацитети од граѓанскиот сектор, од академската заедница, од медиумите.

Маричиќ извести дека скринингот е во напредна фаза и се одвива онака како што е предвиден со Европската комисија. Успешно е заокружен Кластер 1, а во понеделник ги започнуваме билатералните скрининг состаноци за Поглавјата 3,6 и 7, односно „Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“, од Кластерот 2, „Внатрешен пазар“.

https://youtube.com/watch?v=h-XOcDRZq3k&feature=shares

The post Маричиќ: Преговорите со ЕУ се најважниот македонски проект кој мора успешно да го завршиме appeared first on Република.

]]>

Заменик претс едателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, рече дека оваа година на евроинтеграциски план треба да донесе целосно комплетирање на скрининг процесот, реформски напредок и отворање на поглавјата, се разбира после завршувањето на уставните измени.
Имаме историска прилика која не смееме да ја пропуштиме. За нас преговорите се историска и единствена можност за брза и темелна трансформација на македонското општество на подобро, односно шанса за европеизација на државата, изјави Маричиќ.
Маричиќ додаде дека ова е најголемиот и најважниот македонски проект кој бара обединување и поставување на сите општествени чинители на начин на кој функционира и Европската унија: Дијалог, солидарност, поддршка и компромис и како главен преговарач со ЕУ повикува сите заедно да покажеме дека визијата и желбата земјата да ја направиме членка на ЕУ до 2030 е реална и поважна од сè кога е во прашање нашата иднина.
Со скринингот добиваме прецизна, аналитичка презентација на состојбата во однос на усогласеноста на македонското право со европското. Ги нотираме недостатоците и ги дефинираме следните задачи на кои ќе треба да работиме за да ги постигнеме европските стандарди, во догледен рок, согласно определбата за членство во ЕУ во 2030, рече тој.
Вицепремиерот кажа дека скринингот е делот од евроинтеграциите кој практично ги „турка“ реформите дома, до целосна подготвеност на земјата за членство во Унијата и дека првичните коментари од сите вклучени страни во процесот се позитивни, а оценката и клучните укажувања ќе ги добиеме во скрининг Извештаите, кои Маричиќ очекува да бидат подготвени што е можно побрзо од Европската комисија и одобрени од Советот.
За Кластер 1, кој го завршивме пред нешто повеќе од месец дена, ќе барам скрининг Извештајот да биде доставен до нас во наредните 3 до 4 месеци, бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовката на Патоказите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, истакна главниот преговарач со ЕУ.
Маричиќ нагласи дека во рамки на Патоказот за владеење на правото, ќе треба да се подготви и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и образование, нагласувајќи дека ова се теми низ кои поминаа и во кои се подобруваа сите држави членки на ЕУ.
Во меѓувреме, додека се подготвуваат и финализираат патоказите, во координација со Делегацијата на ЕУ, подготвуваме и реформски план кој ќе ни обезбеди поголем фокус и исполнување на клучните реформски приоритети во текот на годината, најави на прес-конференцијата Маричиќ.
Маричиќ тврди дека процесот на преговори со ЕУ Владата ќе го води максимално отворено и инклузивно и кажа дека периодов го мобилизираат најдоброто од македонското општество, за да се обезбеди најдоброто за граѓаните, вклучувајќи ги експертите, искусните и подготвените капацитети од граѓанскиот сектор, од академската заедница, од медиумите. Маричиќ извести дека скринингот е во напредна фаза и се одвива онака како што е предвиден со Европската комисија. Успешно е заокружен Кластер 1, а во понеделник ги започнуваме билатералните скрининг состаноци за Поглавјата 3,6 и 7, односно „Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“, од Кластерот 2, „Внатрешен пазар“. https://youtube.com/watch?v=h-XOcDRZq3k&feature=shares

The post Маричиќ: Преговорите со ЕУ се најважниот македонски проект кој мора успешно да го завршиме appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Ќе мора да ја консултираме Бугарија за акцискиот план за малцинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ke-mora-da-ja-konsultirame-bugarija-za-aktsiskiot-plan-za-maltsinstvata/ Wed, 18 Jan 2023 18:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=598485

Бугарија нема посебни барања во текот на билатералниот скрининг, но Македонија како кандидат за членство ќе мора да ја консултира во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства.

Ова го најави вицепремиерот за европски прашања и преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

Бугарија нема истакнато никакво посебно барање во текот на билатералниот скрининг. А ние во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства – тој секако ќе биде консултиран со државите членки на Европската Унија бидејќи ќе треба како комплет документи да отидат на усвојување во Советот на ЕУ, рече Маричиќ.

Скринингот е во напредна фаза, а од следната недела ќе почнат билатерални состаноци за три поглавја: право на трговски друштва, право на основање и слобода на давање услуги и право на интелектуална сопственост, кои се дел од кластерот внатрешен пазар.

The post Маричиќ: Ќе мора да ја консултираме Бугарија за акцискиот план за малцинствата appeared first on Република.

]]>

Бугарија нема посебни барања во текот на билатералниот скрининг, но Македонија како кандидат за членство ќе мора да ја консултира во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства. Ова го најави вицепремиерот за европски прашања и преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.
Бугарија нема истакнато никакво посебно барање во текот на билатералниот скрининг. А ние во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства – тој секако ќе биде консултиран со државите членки на Европската Унија бидејќи ќе треба како комплет документи да отидат на усвојување во Советот на ЕУ, рече Маричиќ.
Скринингот е во напредна фаза, а од следната недела ќе почнат билатерални состаноци за три поглавја: право на трговски друштва, право на основање и слобода на давање услуги и право на интелектуална сопственост, кои се дел од кластерот внатрешен пазар.

The post Маричиќ: Ќе мора да ја консултираме Бугарија за акцискиот план за малцинствата appeared first on Република.

]]>
Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-za-poglavje-23-sudskata-reforma-kluchna-za-pristapuvanje-vo-eu-imame-ushte-za-rabota/ Fri, 02 Dec 2022 20:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=581136

Дводневниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права”, покажа дека имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање, оцени вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по завршувањето на скрининг состанокот во Брисел.

– Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ. Членството во Европска Унија е наша стратешка цел, а сите обврски кои треба да ги исполниме за да успееме во тоа, ги преземаме заради обезбедување на граѓаните ефикасни институции кои ќе работат врз европските стандарди и принципи, рече вицепремиерот Маричиќ, кој е и главен преговарач со ЕУ.

Виепремиерот задолжен за европски прашања, како што соопштија од СЕП, истакна дека Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права” бара темелен пристап и оти нè чека уште многу работа, но дека политичка волја и заложба има за спроведување на реформите со видливи резултати.

– Политичка волја имаме и спремни сме за забрзано реформирање, со конкретен план и задачи за секоја институција. Усогласеноста е на добро ниво, сега мораме да се фокусираме на активностите кои ќе дадат мерливи резултати, кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, посочи Маричиќ.

Според него, процесот на проширување ќе биде движечка сила за реформите, за демократијата, слободата на медиумите, граѓанските слободи и владеењето на правото и сите институции треба максимално да се посветат.

Главниот преговарач е убеден дека може да се исполнат задачите кои Европската комисија ги бара во оваа област и најави дека следува период во кој ќе се работи на планирање на реформите и подготвување на Патоказот, кои треба во пракса да дадат брзи резултати.

Во овие два дена македонскиот преговарачки тим презентираше на три теми: Антикорупција и фундаментални права, со акцент на антикорупциската политика и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети и инструменти, евиденција, степенот на усогласеност и судство, низ дваесет и четири презентации.

Билатералните скрининг состаноци за Кластер 1, „Фундаментални вредности” продолжуваат следната недела. В понеделник ќе се одржи билатерален скрининг за областа „Економски критериуми”, во вторник за областа „Реформа на јавната администрација” и Поглавје 32 „Финансиска контрола”, а в среда ќе се за областа „Функционирање на демократските институции”.

Билатералните скрининзи за трите области – Економски критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционирање на демократските институции се одржуваат прв пат согласно новата методологија, наведуваат од СЕП.

The post Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа appeared first on Република.

]]>

Дводневниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права”, покажа дека имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање, оцени вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по завршувањето на скрининг состанокот во Брисел.
– Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ. Членството во Европска Унија е наша стратешка цел, а сите обврски кои треба да ги исполниме за да успееме во тоа, ги преземаме заради обезбедување на граѓаните ефикасни институции кои ќе работат врз европските стандарди и принципи, рече вицепремиерот Маричиќ, кој е и главен преговарач со ЕУ.
Виепремиерот задолжен за европски прашања, како што соопштија од СЕП, истакна дека Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права” бара темелен пристап и оти нè чека уште многу работа, но дека политичка волја и заложба има за спроведување на реформите со видливи резултати.
– Политичка волја имаме и спремни сме за забрзано реформирање, со конкретен план и задачи за секоја институција. Усогласеноста е на добро ниво, сега мораме да се фокусираме на активностите кои ќе дадат мерливи резултати, кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, посочи Маричиќ.
Според него, процесот на проширување ќе биде движечка сила за реформите, за демократијата, слободата на медиумите, граѓанските слободи и владеењето на правото и сите институции треба максимално да се посветат. Главниот преговарач е убеден дека може да се исполнат задачите кои Европската комисија ги бара во оваа област и најави дека следува период во кој ќе се работи на планирање на реформите и подготвување на Патоказот, кои треба во пракса да дадат брзи резултати. Во овие два дена македонскиот преговарачки тим презентираше на три теми: Антикорупција и фундаментални права, со акцент на антикорупциската политика и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети и инструменти, евиденција, степенот на усогласеност и судство, низ дваесет и четири презентации. Билатералните скрининг состаноци за Кластер 1, „Фундаментални вредности” продолжуваат следната недела. В понеделник ќе се одржи билатерален скрининг за областа „Економски критериуми”, во вторник за областа „Реформа на јавната администрација” и Поглавје 32 „Финансиска контрола”, а в среда ќе се за областа „Функционирање на демократските институции”. Билатералните скрининзи за трите области – Економски критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционирање на демократските институции се одржуваат прв пат согласно новата методологија, наведуваат од СЕП.

The post Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Побаравме да станеме дел од Европската миграциска мрежа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-pobaravme-da-staneme-del-od-evropskata-migraciska-mreza/ Wed, 23 Nov 2022 16:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=577436

Во областа „Правда, слобода и безбедност“ е направен првиот чекор во „забрзување на интеграцијата“. Побаравме Македонија да стане дел од Европската миграциска мрежа, што е доказ плус за добрата подготвеност во оваа област и посветеноста на македонскиот преговарачки тим на процесот, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел, каде денеска заврши тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на скринингот членовите на македонската Работната група ја презентираат позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на земјава во однос на законодавството на ЕУ, поврзани со судската соработка во граѓански прашања и комерцијалната материја, како и судската соработка во кривичната материја и конфискацијата и замрзнувањето на имот.

Изразувајќи задоволство од состанокот, Маричиќ, кој воедно е и главен преговарач на земјава со ЕУ, истакна дека очекува преговорите со Унијата да продолжат со оваа добра динамика.

Тој нагласи дека Поглавјето 24 е она каде што со години веќе соработуваме на полето на азил, миграции и визен режим и иако во ова него сме прилично успешни во усогласувањето, тоа е област во која брзо се менуваат работите.

Според Маричиќ, мигрантскиот бран од 2015 и 2016 година и кризата поврзана со Украина покажа дека имаме усогласеност и соработка со ЕУ, а круна на таа соработка е Договорот од ФРОНТЕКС, којшто неодамна беше потпишан во Скопје и којшто ги регулира прашањата околу одбрана на европската граница од несакани и недозволени миграции на долг рок.

„Забрзана интеграција“ е новиот елемент која овозможува учество на земјите кандидатки во ЕУ законодавството, пред самото пристапување во ЕУ. Во рамки на презентирањето на билатералните состаноци, земјата може да пројави интерес за учество во acquis-то како на пример: учество во програми на Унијата, експертски групи, работните групи и формати, ИТ системи, размена на информации, како во случајот со учеството и примената на КОВИД сертификатот, се наведува во соопштението на СЕП.

Инаку, во изминатите три дена членовите на Работната група за преговори имаа 56 излагања на 12 теми поврзани со миграцијата, азилот, судска соработка во граѓански прашања, соработка во областа на борбата против дрогата, соработка во областите на царината, визната политика, полициската соработка и борбата против организираниот криминал, соработката меѓу единиците за финансиско разузнавање, организираниот криминал, судската соработка во кривичната материја, борбата против тероризам, визниот режим, фалсификувањето и надворешните граници.

Претставниците на Работната група за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“ доаѓаат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за одбрана, Министерство за надворешни работи, кое е надлежна институција за ова поглавје, Министерство за здравство, Јавно обвинителство, Народна банка, Управа за финансиско разузнавање и Секретаријат за европски прашања.

Билатералниот скрининг продолжува на 1 декември за Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, кое заедно со Поглавје 24 е клучно за понатамошниот тек и динамика на преговорите за пристапување во ЕУ.

The post Маричиќ: Побаравме да станеме дел од Европската миграциска мрежа appeared first on Република.

]]>

Во областа „Правда, слобода и безбедност“ е направен првиот чекор во „забрзување на интеграцијата“. Побаравме Македонија да стане дел од Европската миграциска мрежа, што е доказ плус за добрата подготвеност во оваа област и посветеноста на македонскиот преговарачки тим на процесот, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел, каде денеска заврши тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на скринингот членовите на македонската Работната група ја презентираат позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на земјава во однос на законодавството на ЕУ, поврзани со судската соработка во граѓански прашања и комерцијалната материја, како и судската соработка во кривичната материја и конфискацијата и замрзнувањето на имот. Изразувајќи задоволство од состанокот, Маричиќ, кој воедно е и главен преговарач на земјава со ЕУ, истакна дека очекува преговорите со Унијата да продолжат со оваа добра динамика. Тој нагласи дека Поглавјето 24 е она каде што со години веќе соработуваме на полето на азил, миграции и визен режим и иако во ова него сме прилично успешни во усогласувањето, тоа е област во која брзо се менуваат работите. Според Маричиќ, мигрантскиот бран од 2015 и 2016 година и кризата поврзана со Украина покажа дека имаме усогласеност и соработка со ЕУ, а круна на таа соработка е Договорот од ФРОНТЕКС, којшто неодамна беше потпишан во Скопје и којшто ги регулира прашањата околу одбрана на европската граница од несакани и недозволени миграции на долг рок.
„Забрзана интеграција“ е новиот елемент која овозможува учество на земјите кандидатки во ЕУ законодавството, пред самото пристапување во ЕУ. Во рамки на презентирањето на билатералните состаноци, земјата може да пројави интерес за учество во acquis-то како на пример: учество во програми на Унијата, експертски групи, работните групи и формати, ИТ системи, размена на информации, како во случајот со учеството и примената на КОВИД сертификатот, се наведува во соопштението на СЕП.
Инаку, во изминатите три дена членовите на Работната група за преговори имаа 56 излагања на 12 теми поврзани со миграцијата, азилот, судска соработка во граѓански прашања, соработка во областа на борбата против дрогата, соработка во областите на царината, визната политика, полициската соработка и борбата против организираниот криминал, соработката меѓу единиците за финансиско разузнавање, организираниот криминал, судската соработка во кривичната материја, борбата против тероризам, визниот режим, фалсификувањето и надворешните граници. Претставниците на Работната група за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“ доаѓаат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за одбрана, Министерство за надворешни работи, кое е надлежна институција за ова поглавје, Министерство за здравство, Јавно обвинителство, Народна банка, Управа за финансиско разузнавање и Секретаријат за европски прашања. Билатералниот скрининг продолжува на 1 декември за Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, кое заедно со Поглавје 24 е клучно за понатамошниот тек и динамика на преговорите за пристапување во ЕУ.

The post Маричиќ: Побаравме да станеме дел од Европската миграциска мрежа appeared first on Република.

]]>
Маричиќ од Брисел: Успешниот старт на билатералниот скрининг е поттик за побрз напредок во реформите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-od-brisel-uspeshniot-start-na-bilateralniot-skrining-e-pottik-za-pobrz-napredok-vo-reformite/ Fri, 11 Nov 2022 13:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=572767

Заменик претседателот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, после завршувањето на првиот дел од билатералниот состанок за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, кое е во рамки на Кластерот 1, „Фундаментални вредности“ изјави дека македонскиот преговарачки тим имал одличен почеток на билатералниот скриниг, со јасни и добро подготвени презентации, препознаени и од Европската комисија.

Интегралниот текст од изјавата од Брисел во продолжение:

Денес имаме големо задоволство да го започнеме првиот состанок на билатералниот скрининг, овој пат за поглавјето Јавни набавки“, во рамките на кластерот Фундаментални вредности.

Имавме одличен почеток на билатералниот скрининг, со многу јасни и прецизни, концизни презентации од наша страна, коишто беа пофалени и препознаени од експертите на Европската комисија.

Покрај деталните презентации коишто ги направивме на полето на законската и институционалната рамка за Јавни набавки на Република Македонија одговаравме и на прашања на Комисијата и покажавме високо ниво на подготвеност.

Ова е за нас поттик да продолжиме понатаму и што побрзо и што поуспешно да ги завршиме скрининг состаноците. Тоа ќе ни даде една целосна слика колку сме успешни, каде имаме уште многу работа, и во кој временски рок можеме да ги заклучиме преговорите.

Имаме многу енергија, имаме многу знаење и многу работиме за да дојдеме до зацртаната цел – членство во Европската Унија до 2030 година“, вели вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ.

Денеска во Брисел започна билатералниот скрининг со состанокот за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, а заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, ќе го предводи македонскиот преговарачки тим.

На првиот состанок од билатералниот скрининг исто така присутни се и заменик преговарачот и државен секретар Дрита Абдиу- Халили и Зулфи Исмаили амбасадор во постојаната Мисија на Македонија при ЕУ со седиште во Брисел.

Членовите на Работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок, им ја претставија на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес.

The post Маричиќ од Брисел: Успешниот старт на билатералниот скрининг е поттик за побрз напредок во реформите appeared first on Република.

Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-vo-brisel-na-prviot-bilateralen-skrining-sostanok/ Fri, 11 Nov 2022 08:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=572597

Денеска во Брисел започнува билатералниот скрининг за Поглавјето 5, „Јавни набавки“, а заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, ќе го предводи македонскиот преговарачки тим.

Членовите на Работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок, ќе им ја претстават на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес. Темите и областите опфатени во ова поглавје се однесуваат на општите принципи на јавните набавки, регулирањето на јавните набавки во општиот сектор, во областите на социјалната политика, животната средина, малите и средни претпријатија, иновациите, одбраната, концесиите, набавката на лекови, електронските јавни набавки, како и на меѓународните аспекти во оваа област.

Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за финансии, односно Бирото за јавни набавки, а работната група е предводена од државниот советник во Бирото за јавни набавки, Александар Аргировски.

Објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавје 5 од Кластер 1, „Фундаментални вредности“, се одржа на 15 септември, со кое всушност започна скрининг процесот. Делегацијата на Европската комисија на тој состанок го презентираше правното законодавство на ЕУ во областа на јавните набавки, односно беа објаснети новините во европската регулатива од 2018/2019 до денес.

Една од основните цели на скринингот е да се утврди разликата што постои во секое од преговарачките поглавја, меѓу законодавството на земјата кандидат и правото на ЕУ. По анализата се очекува државата кандидат да покаже дали ќе може да го прифати правото на ЕУ во одредено поглавје и да ги усогласи забележаните разлики во законодавството или има намера да побара одредени преодни периоди за целосно усогласување и примена законодавството.

Македонија иако заедно со Албанија ги започна преговорите со Европската Унија и заеднички ги следат објаснувачките скрининг состаноци, за билатералниот скрининг се одделуваат и секоја земја продолжува засебно да ја води оваа фаза од скринингот. 

Според календарот на Европската комисија скрининг-процесот за Република Македонија предводен е да трае до крајот на ноември 2023 година.

The post Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок appeared first on Република.

Дали знаете што е скрининг процес за кој власта постојано зборува дека започнал? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-znaete-shto-e-skrining-proces-za-koj-vlasta-postojano-zboruva-deka-zapochnal/ Fri, 29 Jul 2022 06:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=534487

Скрининг процесот беше најавен на 19 јули, веднаш по одржувањето на првата Меѓувладина конференција, но сепак овој процес по кластери и поглавја официјално почнува на 15 септември и се очекува да заврши до ноември 2023 година.

Но дали знаете што е всушност скрининг?

Скринингот претставува прва фаза во преговарачкиот процес, кој иако е техничка операција, е суштински елемент на пристапните преговори, бидејќи ја дава сликата за се што треба да се направи во годините што следат со цел да се спроведат реформите од ЕУ агендата и да се отворат и затворат поглавјата и кластерите. Инаку, земјава веќе во 2018 и 2019 година помина една фаза на објаснувачки и подготвителни состаноци за сите 33 поглавја пред да се објави новата методологија за проширување на Унијата и во овој период Европската комисија и презентираше преку 8.000 ЕУ акти, во кој процес беа вклучени околу 2.000 државни служебници

The post Дали знаете што е скрининг процес за кој власта постојано зборува дека започнал? appeared first on Република.

Маричиќ: Од нас зависи дали по скринингот ќе застанеме или ќе продолжиме со преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-od-nas-zavisi-dali-po-skriningot-kje-zastaneme-ili-kje-prodolzime-so-pregovorite/ Thu, 21 Jul 2022 15:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=531888

Се уште немаме утврдено календар или динамика за уставите измени со кои во Преамбулата на Уставот треба да ги внесеме Бугарите и другите заинтересирани заедници, но тоа треба да го завршиме најдоцна до крајот на процесот на скринингот и од нас ќе зависи дали ќе застанеме тука или ќе продолжиме со преговорите по поглавјата и кластерите, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Внимателно ќе ги разгледаме околностите и начинот на кој што би го отвориле дијалогот во Собранието и целта на отворање на процесот на уставните измени е тие да завршат успешно. Во моментот кога ќе тргне дијалогот во Собранието и меѓу политичките партии, ќе го утврдиме ова прашања, а тоа секако ќе биде по летниот одмор на Собранието и ќе може тогаш да говориме за точен календар. Нам ни е најважно ниту да одиме пребрзо, ниту да доцниме, туку тој процес да има позитивен исход, истакна вицепремиерот во одговор на новинарско прашање за динамиката на предвидените уставни измени согласно францускиот предлог.

Тој потенцира дека уставните измени се важни за да можеме да го продолжиме процесот на преговори, без дополнителни политички одлуки на Советот на ЕУ, потенцирајќи дека во однос на ова прашање ќе бидат консултирани експерти по уставно право, кои учествувале и во претходните фази од измените на Уставот.

Секако, дека тој процес ќе започне со иницијатива на Владата за уставни измени, како што започна и за Преспанскиот договор. Во моментот кога ќе се утврди текстот и потребата, ќе тргнеме во тој процес, но најважно е да создадеме една атмосфера во која што нема да се повтори онаа слика од Собранието од минатата недела, која што не овозможуваше ниту услови за дијалог, ниту за нормална размена на аргументи, истакна Маричиќ.

Идејата е за тој процес да се води отворена и јавна расправа, со вклучување на чинителите задолжени за спроведување на измените, како и на претставници на задниците што треба да бидат вклучени во Уставот.

Во содржинска смисла овие уставни измени би биле најлесни од сите, бидејќи веќе имаме седум заедници во Уставот и треба да додадеме уште најмалку три или уште колку ќе решиме. Не гледам зошто некој би имал против, бидејќи нашиот уставен концепт дозволува заедниците да бидат спомнати во Уставот и од тоа да црпат одредени права базирани на Охридскиот договор, истакна Маричиќ.

Тој потенцира дека немаме рок за спроведување на уставните измени, а датумот ноември 2023 е утврден како временска рамка за завршување на скринингот и дури ако до тогаш завршат сите скрининзи, бидат усвоени извештаите на Советот на ЕУ и бидат утврдени реперите за отворање на кластерите, за да одиме во наредна фаза ќе мораме да ја завршиме промената на Уставот.

Дали ќе го направиме тоа до ноември 2023 или по ноември 2023 зависи од нас и од расположението во Собранието. Мислам дека наш интерес е тоа да се случи што побрзо за да го тргнеме како задача и да немаме друга задача до наредната меѓувладина конференција. Динамиката се уште не е определена, но ќе има доволно време најпрво да се вразуми дебатата, да имаме простор за аргументација, за размена на идеи и вистински политички дијалог со сите политички партии и пратеници во Собранието, за да имаме атмосфера за остварување на потребното двотретинско мнозинство, рече вицепремиерот.

Тој потенцира дека тоа нема да биде лесно, но дека секоја партија и секој пратеник имаат одговорност да донесат одлука дали ќе застанеме на крајот на скринингот или ќе продолжиме со преговорите со отворање на поглавјата и кластерите.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за Преговарачката рамка, Маричиќ нагласи дека „веќе имаме научено лекции“ со вакви иницијативи.

 Вие се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за Договорот со Грција. Тоа беше една долгорочна заложба во сите политички програми на опозицијата со години. Тоа во 2018-та година го прифати и Владата и решивме да организираме референдум, кој што партијата што го бараше со години на крајот реши да го бојкотира. На тој начин остави една дамка на целиот процес, иако можеше да учествува и да се затвори тоа прашање, истакна Маричиќ.

Според него, тоа треба да биде научена лекција, бидејќи овој пат има доволно легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира и во еден демократски процес на дијалог да се дојде до двотретинско мнозинство, што е сосема доволна гаранција и легитимитет за уставните измени и без референдум.

Владата не расправала и не донела одлука по ова прашање, но мој личен став е дека нема потреба од референдум и дека е подобро институциите да си ја преземат својата одговорност, наместо да се користи евентуалниот референдум за манипулации и политички поени, потенцира Маричиќ.

The post Маричиќ: Од нас зависи дали по скринингот ќе застанеме или ќе продолжиме со преговорите appeared first on Република.

]]>

Се уште немаме утврдено календар или динамика за уставите измени со кои во Преамбулата на Уставот треба да ги внесеме Бугарите и другите заинтересирани заедници, но тоа треба да го завршиме најдоцна до крајот на процесот на скринингот и од нас ќе зависи дали ќе застанеме тука или ќе продолжиме со преговорите по поглавјата и кластерите, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.
Внимателно ќе ги разгледаме околностите и начинот на кој што би го отвориле дијалогот во Собранието и целта на отворање на процесот на уставните измени е тие да завршат успешно. Во моментот кога ќе тргне дијалогот во Собранието и меѓу политичките партии, ќе го утврдиме ова прашања, а тоа секако ќе биде по летниот одмор на Собранието и ќе може тогаш да говориме за точен календар. Нам ни е најважно ниту да одиме пребрзо, ниту да доцниме, туку тој процес да има позитивен исход, истакна вицепремиерот во одговор на новинарско прашање за динамиката на предвидените уставни измени согласно францускиот предлог.
Тој потенцира дека уставните измени се важни за да можеме да го продолжиме процесот на преговори, без дополнителни политички одлуки на Советот на ЕУ, потенцирајќи дека во однос на ова прашање ќе бидат консултирани експерти по уставно право, кои учествувале и во претходните фази од измените на Уставот.
Секако, дека тој процес ќе започне со иницијатива на Владата за уставни измени, како што започна и за Преспанскиот договор. Во моментот кога ќе се утврди текстот и потребата, ќе тргнеме во тој процес, но најважно е да создадеме една атмосфера во која што нема да се повтори онаа слика од Собранието од минатата недела, која што не овозможуваше ниту услови за дијалог, ниту за нормална размена на аргументи, истакна Маричиќ.
Идејата е за тој процес да се води отворена и јавна расправа, со вклучување на чинителите задолжени за спроведување на измените, како и на претставници на задниците што треба да бидат вклучени во Уставот.
Во содржинска смисла овие уставни измени би биле најлесни од сите, бидејќи веќе имаме седум заедници во Уставот и треба да додадеме уште најмалку три или уште колку ќе решиме. Не гледам зошто некој би имал против, бидејќи нашиот уставен концепт дозволува заедниците да бидат спомнати во Уставот и од тоа да црпат одредени права базирани на Охридскиот договор, истакна Маричиќ.
Тој потенцира дека немаме рок за спроведување на уставните измени, а датумот ноември 2023 е утврден како временска рамка за завршување на скринингот и дури ако до тогаш завршат сите скрининзи, бидат усвоени извештаите на Советот на ЕУ и бидат утврдени реперите за отворање на кластерите, за да одиме во наредна фаза ќе мораме да ја завршиме промената на Уставот.
Дали ќе го направиме тоа до ноември 2023 или по ноември 2023 зависи од нас и од расположението во Собранието. Мислам дека наш интерес е тоа да се случи што побрзо за да го тргнеме како задача и да немаме друга задача до наредната меѓувладина конференција. Динамиката се уште не е определена, но ќе има доволно време најпрво да се вразуми дебатата, да имаме простор за аргументација, за размена на идеи и вистински политички дијалог со сите политички партии и пратеници во Собранието, за да имаме атмосфера за остварување на потребното двотретинско мнозинство, рече вицепремиерот.
Тој потенцира дека тоа нема да биде лесно, но дека секоја партија и секој пратеник имаат одговорност да донесат одлука дали ќе застанеме на крајот на скринингот или ќе продолжиме со преговорите со отворање на поглавјата и кластерите. Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за Преговарачката рамка, Маричиќ нагласи дека „веќе имаме научено лекции“ со вакви иницијативи.
 Вие се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за Договорот со Грција. Тоа беше една долгорочна заложба во сите политички програми на опозицијата со години. Тоа во 2018-та година го прифати и Владата и решивме да организираме референдум, кој што партијата што го бараше со години на крајот реши да го бојкотира. На тој начин остави една дамка на целиот процес, иако можеше да учествува и да се затвори тоа прашање, истакна Маричиќ.
Според него, тоа треба да биде научена лекција, бидејќи овој пат има доволно легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира и во еден демократски процес на дијалог да се дојде до двотретинско мнозинство, што е сосема доволна гаранција и легитимитет за уставните измени и без референдум.
Владата не расправала и не донела одлука по ова прашање, но мој личен став е дека нема потреба од референдум и дека е подобро институциите да си ја преземат својата одговорност, наместо да се користи евентуалниот референдум за манипулации и политички поени, потенцира Маричиќ.

The post Маричиќ: Од нас зависи дали по скринингот ќе застанеме или ќе продолжиме со преговорите appeared first on Република.

]]>
Османи: Во вторник се одржува конференција и почнува скринингот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-vtornik-se-odrzuva-konferencija-i-pochnuva-skriningot/ Sun, 17 Jul 2022 17:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=530414

Во вторник не само што почнуваат преговорите и ќе има конференција, истиот ден попладне почнува и скрининг, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата по враќањето од Софија, каде со бугарската колешка Теодора Генчовска го потпиша билатералниот протокол.

Во вторник експертите на ЕУ влегуваат во нашите институции, од вторник почнуваат да се бројат деновите до членство – рече Османи.

Тој додаде дека по бугарското вето пред 3 години не сме можеле да добиеме се, но, како што истакна, сме добиле 3 битни позиции.

Добивме чист јазик, историските прашања да не бидат услов во преговорите и тие да почнат веднаш, а Бугарија доби одржување на втора конференција откако претходно ќе се направат уставни измени – посочи Османи.

Според него, многу полесно ќе ги решаваме недоразбирањата со Софија додека сме дел од процесот во ЕУ, отколку да останеме надвор и да чекаме некои подобри времиња.

Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодотт 2019-2022. Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно.

Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство.

Поддршката за евроинтеграцијата на Македонија е составен дел од Протоколот, а тука се појаснува одржувањето на првата Меѓувладина конференија со ЕУ, која во случајот на земјава е поделена на две фази политичка конференција, почеток на процес на скрининг, а потоа и втората конференција и отворање на поглавјата, но откако Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Република Бугарија изјавува подотвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина политичка конференција со ЕУ со разбирање дека следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Реепублика Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ, се наведува во Протоколот.

Согласно францускиот предлог, задутре се одржува меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршување на скринингот има втора меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет, туку утре во 18 и 30 се носат одлуки за двете конференции и за првата пред скринингот и за втората по него, со тоа што втората е условена со уставните измени, рече Османи.

Тој нагласи дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници, во земјава, односно делот, каде што стои српскиот, влашки, ромски народ…продолжува делот хрватски, црногорски, бугарски народ. Вели дека ова не е новина, споменувајќи ја тука Хрватска, која во својот Устав внесува 25 заедници пред да стане членка на Унијата.

Во документот е наведено дека Владата на Македонија се согласува следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговрите за членство да се одржи откако во сила ќе влезат измените на Уствот за вклучување на оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата, а се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивни спроведување.

Тука имаше шпекулација, како може Владата да презема обврска во име на Собранието. Значи Владата не презема обврдска во име на Собранието, туку Владата се согласува дека втората конференција ќе се случи, откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците, додаде Османи.

Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ, согласно конечниот предлог на Француското претседателство, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Макеоднија за статусот на Фронтекс.

Во однос на тоа каде е реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија, Османи одговори дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту уставите на Франција, Грција.

-Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков. Претпоставувам тоа било причината во 1999 година во заедничката декларција меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој параграф е реафирмиран во член 11, став пет од Договорот за добрососедство и сега РСМ потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може или не треба да преставува мешање во внатрешните работи на Бугарија. Тоа е единствената асиметрична позиција во Договорот, нагласи Османи.

The post Османи: Во вторник се одржува конференција и почнува скринингот appeared first on Република.

]]>

Во вторник не само што почнуваат преговорите и ќе има конференција, истиот ден попладне почнува и скрининг, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференцијата по враќањето од Софија, каде со бугарската колешка Теодора Генчовска го потпиша билатералниот протокол.
Во вторник експертите на ЕУ влегуваат во нашите институции, од вторник почнуваат да се бројат деновите до членство – рече Османи.
Тој додаде дека по бугарското вето пред 3 години не сме можеле да добиеме се, но, како што истакна, сме добиле 3 битни позиции.
Добивме чист јазик, историските прашања да не бидат услов во преговорите и тие да почнат веднаш, а Бугарија доби одржување на втора конференција откако претходно ќе се направат уставни измени – посочи Османи.
Според него, многу полесно ќе ги решаваме недоразбирањата со Софија додека сме дел од процесот во ЕУ, отколку да останеме надвор и да чекаме некои подобри времиња. Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодотт 2019-2022. Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно. Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство. Поддршката за евроинтеграцијата на Македонија е составен дел од Протоколот, а тука се појаснува одржувањето на првата Меѓувладина конференија со ЕУ, која во случајот на земјава е поделена на две фази политичка конференција, почеток на процес на скрининг, а потоа и втората конференција и отворање на поглавјата, но откако Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот. Република Бугарија изјавува подотвеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина политичка конференција со ЕУ со разбирање дека следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Реепублика Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ, се наведува во Протоколот.
Согласно францускиот предлог, задутре се одржува меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршување на скринингот има втора меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет, туку утре во 18 и 30 се носат одлуки за двете конференции и за првата пред скринингот и за втората по него, со тоа што втората е условена со уставните измени, рече Османи.
Тој нагласи дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници, во земјава, односно делот, каде што стои српскиот, влашки, ромски народ…продолжува делот хрватски, црногорски, бугарски народ. Вели дека ова не е новина, споменувајќи ја тука Хрватска, која во својот Устав внесува 25 заедници пред да стане членка на Унијата. Во документот е наведено дека Владата на Македонија се согласува следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговрите за членство да се одржи откако во сила ќе влезат измените на Уствот за вклучување на оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата, а се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивни спроведување.
Тука имаше шпекулација, како може Владата да презема обврска во име на Собранието. Значи Владата не презема обврдска во име на Собранието, туку Владата се согласува дека втората конференција ќе се случи, откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците, додаде Османи.
Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ, согласно конечниот предлог на Француското претседателство, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Макеоднија за статусот на Фронтекс. Во однос на тоа каде е реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија, Османи одговори дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту уставите на Франција, Грција. -Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков. Претпоставувам тоа било причината во 1999 година во заедничката декларција меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој параграф е реафирмиран во член 11, став пет од Договорот за добрососедство и сега РСМ потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може или не треба да преставува мешање во внатрешните работи на Бугарија. Тоа е единствената асиметрична позиција во Договорот, нагласи Османи.  

The post Османи: Во вторник се одржува конференција и почнува скринингот appeared first on Република.

]]>
Жените на возраст од 36 до 45 години кои не правеле ПАП-тест три години преку платформата skrining.mk може да закажат термин https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zenite-na-vozrast-od-36-do-45-godini-koi-ne-pravele-pap-test-tri-godini-preku-platformata-skrining-mk-moze-da-zakazat-termin/ Tue, 08 Mar 2022 12:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=469586

Од денеска започнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка - пријавување преку веб платформата skrining.mk, соопшти Министерството за здравство.

Во рамки на заложбите на Министерството за здравство за заштита на женското здравје, токму на Меѓународниот ден на жената информираме дека почнуваме со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. За закажување превентивен преглед за рана детекција на рак на грлото на матката од денеска е достапна веб платформата skrining.mk, соопшти Министерството за здравство.

Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен.

Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот.

Мој термин во соработка со Националната комисија за рак на грло на матка изминатиот период интензивно работеше на оваа новина и за првпат на овој начин жените од предвидената група можат да се пријават да учествуваат во овој скрининг, а целта ни е да го зголемиме опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија.

Годинава се издвоени приближно 11 милиони денари за оваа потпрограма во рамки на Програмата за рана детекција на малигни заболувања.

Препорака на СЗО е жените вклучени во скринингот да се поделени во три возрасни групи и тоа од 24-35, 36-45 и 46-61 година. Интервалот на спроведување на скринингот е 3 години се со цел да се опфатат сите овие возрасни групи.

Ракот на грлото на матката е четврт најчест тип канцер кај жените во светски рамки, а во нашата држава во просек годишно заболуваат околу 150 жени од рак на грло на матка.

Апликацијата за пријавување е достапна на следниот линк: https://skrining.zdravstvo.gov.mk/paptestapplication?fbclid=IwAR0RTatOt6bQsIdb0RsT-zQy1k2zpWYEMWMOYi3GU2vhM6DBSgHhhwP9th0

The post Жените на возраст од 36 до 45 години кои не правеле ПАП-тест три години преку платформата skrining.mk може да закажат термин appeared first on Република.

]]>

Од денеска започнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка - пријавување преку веб платформата skrining.mk, соопшти Министерството за здравство.
Во рамки на заложбите на Министерството за здравство за заштита на женското здравје, токму на Меѓународниот ден на жената информираме дека почнуваме со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. За закажување превентивен преглед за рана детекција на рак на грлото на матката од денеска е достапна веб платформата skrining.mk, соопшти Министерството за здравство.
Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен. Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот. Мој термин во соработка со Националната комисија за рак на грло на матка изминатиот период интензивно работеше на оваа новина и за првпат на овој начин жените од предвидената група можат да се пријават да учествуваат во овој скрининг, а целта ни е да го зголемиме опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија. Годинава се издвоени приближно 11 милиони денари за оваа потпрограма во рамки на Програмата за рана детекција на малигни заболувања. Препорака на СЗО е жените вклучени во скринингот да се поделени во три возрасни групи и тоа од 24-35, 36-45 и 46-61 година. Интервалот на спроведување на скринингот е 3 години се со цел да се опфатат сите овие возрасни групи. Ракот на грлото на матката е четврт најчест тип канцер кај жените во светски рамки, а во нашата држава во просек годишно заболуваат околу 150 жени од рак на грло на матка. Апликацијата за пријавување е достапна на следниот линк: https://skrining.zdravstvo.gov.mk/paptestapplication?fbclid=IwAR0RTatOt6bQsIdb0RsT-zQy1k2zpWYEMWMOYi3GU2vhM6DBSgHhhwP9th0

The post Жените на возраст од 36 до 45 години кои не правеле ПАП-тест три години преку платформата skrining.mk може да закажат термин appeared first on Република.

]]>
Нема потреба да продолжи скринингот кај учениците, бројот на заразени е многу мал, смета министерот за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nema-potreba-da-prodolzi-skriningot-kaj-uchenicite-brojot-na-zarazeni-e-mnogu-mal-smeta-ministerot-za-zdravstvo/ Mon, 28 Feb 2022 13:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=465326

Министерот за здравство Беким Сали смета дека согласно резултатите, нема потреба да се продолжи скринингот кај учениците, бидејќи процентот на инфицирани ученици е многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран.

Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот. Секојдневно ги следиме бројките, така што  сметаме дека сме во фаза ан смирување на четвртиот бран, изјави Сали по одбележувањето на Денот на ретки болести.

На новинарско прашање дали на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се предложи дополнително намалување на мерките, министерот посочи дека прво ќе се направи анализа на епидемиолошката состојба и таа ќе даде насока во кој правец ќе се движиме.

Серолошкиот скрининг ќе ни даде дополнителна информација како да постапуваме. Секако, ние ќе правиме анализа на состојбата која се случувала минатата недела, и ќе одлучиме за идната недела во зависност од резултатите од скринингот, додаде Сали.

Тој напомена дека засега не може да каже дали ќе има олеснителни мерки во однос на тргање на маските на децата од училиштата, како ќе постапат во идниот период зависи од утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

По повод одбележување на денот на ретките болести, министерот рече дека и оваа година очекува да со ребалансот по потреба се зголеми буџетот за терапија на пациенти со ретка болест.

Буџет од страна на Владата се спрема на крајот на годината за следната година и нормално бројот на пациенти кои имаат потреба од терапија за ретка боелст не може да се предвиди и секако со ребаланс секоја година се зголемува буџетот кој што претходно е предвиден. Секој пациент кој има потреба од терапија е згрижен во клиниките на Клинички центар кај нас, така што немам некои информација за пациенти кои не ја добиваат терапијата, рече министерот Сали.

The post Нема потреба да продолжи скринингот кај учениците, бројот на заразени е многу мал, смета министерот за здравство appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали смета дека согласно резултатите, нема потреба да се продолжи скринингот кај учениците, бидејќи процентот на инфицирани ученици е многу мал. Тој напомена дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран.
Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот. Секојдневно ги следиме бројките, така што  сметаме дека сме во фаза ан смирување на четвртиот бран, изјави Сали по одбележувањето на Денот на ретки болести.
На новинарско прашање дали на утрешната седница на Комисијата за заразни болести ќе се предложи дополнително намалување на мерките, министерот посочи дека прво ќе се направи анализа на епидемиолошката состојба и таа ќе даде насока во кој правец ќе се движиме.
Серолошкиот скрининг ќе ни даде дополнителна информација како да постапуваме. Секако, ние ќе правиме анализа на состојбата која се случувала минатата недела, и ќе одлучиме за идната недела во зависност од резултатите од скринингот, додаде Сали.
Тој напомена дека засега не може да каже дали ќе има олеснителни мерки во однос на тргање на маските на децата од училиштата, како ќе постапат во идниот период зависи од утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести. По повод одбележување на денот на ретките болести, министерот рече дека и оваа година очекува да со ребалансот по потреба се зголеми буџетот за терапија на пациенти со ретка болест.
Буџет од страна на Владата се спрема на крајот на годината за следната година и нормално бројот на пациенти кои имаат потреба од терапија за ретка боелст не може да се предвиди и секако со ребаланс секоја година се зголемува буџетот кој што претходно е предвиден. Секој пациент кој има потреба од терапија е згрижен во клиниките на Клинички центар кај нас, така што немам некои информација за пациенти кои не ја добиваат терапијата, рече министерот Сали.

The post Нема потреба да продолжи скринингот кај учениците, бројот на заразени е многу мал, смета министерот за здравство appeared first on Република.

]]>
Од 800 тестирани деца во основните училишта само осум биле позитивни на ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-800-testirani-deca-vo-osnovnite-uchilishta-samo-osum-bile-pozitivni-na-kovid/ Tue, 22 Feb 2022 13:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=461954

Досега 800 деца се опфатени со скрининг-програмата на Министерството за здравство и од нив само осум биле позитивни на ковид-19, информираше д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Мината недела во Македонија почна скрингот за коронавирус кој се спроведува во основните училишта. Планирано е да бидат опфатени околу 2.000 ученици. Д-р Мехмедовиќ рече дека се обезбедени 5.000 согласности од родителите на учениците кои сакаат да бидат дел од скринингот.

Д-р Мехмедовиќ нагласи дека се забележува генерален тренд на намалување на заразата со ковид-19 во сите категории, па така и кај учениците.

The post Од 800 тестирани деца во основните училишта само осум биле позитивни на ковид appeared first on Република.

]]>

Досега 800 деца се опфатени со скрининг-програмата на Министерството за здравство и од нив само осум биле позитивни на ковид-19, информираше д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Мината недела во Македонија почна скрингот за коронавирус кој се спроведува во основните училишта. Планирано е да бидат опфатени околу 2.000 ученици. Д-р Мехмедовиќ рече дека се обезбедени 5.000 согласности од родителите на учениците кои сакаат да бидат дел од скринингот. Д-р Мехмедовиќ нагласи дека се забележува генерален тренд на намалување на заразата со ковид-19 во сите категории, па така и кај учениците.  

The post Од 800 тестирани деца во основните училишта само осум биле позитивни на ковид appeared first on Република.

]]>