Скриени желби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skrieni-zelbi/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jul 2023 06:40:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скриени желби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skrieni-zelbi/ 32 32 Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на словенечки јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/romanot-skrieni-zhelbi-nemirni-patuvana-od-vladimir-jankovski-objaven-na-slovenechki-jazik/ Mon, 17 Jul 2023 06:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=662081

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на словенечки јазик во издание на издавачката куќа „Гога“. Преводот на изданието е на професорката на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана, Намита Субиото. Станува збор за ексклузивно издание во тврд повез, во едиција на издавачката куќа во која се објавуваат современи дела на голем број европски и словенечки автори.

„Скриени желби, немирни патувања“ е роман за хаотичната сегашност, во кој приказните на педесет луѓе од различни географски координати се испреплетуваат со приказните на четири ликови кои живеат во Скопје. Врските и вкрстувањата меѓу ликовите во романот се појдовни точки за различните концептуални контрапункти, малите драматуршки пресврти и внимателно нијансираните поттексти. Некои од доминантните теми на современото општество се одразени во мноштвото приказни на романот: односот помеѓу реалното и виртуелното, изборот помеѓу успехот или личниот позив, деструктивните димензии на нашиот идентитет... „Скриени желби, немирни патувања“, пред сè, е роман за постојаната потрага по себе. Во романот, потрагата по себе се манифестира како патување на друго место и кон други луѓе, како излегување од рамките на сопствениот живот и ограничувањата, бидејќи „понекогаш е тешко да се живее само еден живот, да се живее само сопствениот живот“.

Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година.

Намита Субиото дипломирала македонски, хрватски и српски јазик на Катедрата за јазици на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во 2001 година магистрирала на тема од областа на српскиот надреализам, а во 2004 докторирала на тема „Лингвостилистичките карактеристики во прозата на Ташко Георгиевски“. Од 2002 година предава македонски јазик и книжевност на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана. На македонски јазик превела дела од Блаже Конески, Славко Јаневски, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Александар Прокопиев, Николина Андова-Шопова и други.

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ првпат беше објавен во 2020 година, а во 2021 година ја доби наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“. Следната година беше македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија. Досега е преведен на српски, албански и словенечки јазик, а наскоро се очекуваат и изданијата на чешки, хрватски и бугарски јазик.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на словенечки јазик во издание на издавачката куќа „Гога“. Преводот на изданието е на професорката на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана, Намита Субиото. Станува збор за ексклузивно издание во тврд повез, во едиција на издавачката куќа во која се објавуваат современи дела на голем број европски и словенечки автори.
„Скриени желби, немирни патувања“ е роман за хаотичната сегашност, во кој приказните на педесет луѓе од различни географски координати се испреплетуваат со приказните на четири ликови кои живеат во Скопје. Врските и вкрстувањата меѓу ликовите во романот се појдовни точки за различните концептуални контрапункти, малите драматуршки пресврти и внимателно нијансираните поттексти. Некои од доминантните теми на современото општество се одразени во мноштвото приказни на романот: односот помеѓу реалното и виртуелното, изборот помеѓу успехот или личниот позив, деструктивните димензии на нашиот идентитет... „Скриени желби, немирни патувања“, пред сè, е роман за постојаната потрага по себе. Во романот, потрагата по себе се манифестира како патување на друго место и кон други луѓе, како излегување од рамките на сопствениот живот и ограничувањата, бидејќи „понекогаш е тешко да се живее само еден живот, да се живее само сопствениот живот“.
Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година. Намита Субиото дипломирала македонски, хрватски и српски јазик на Катедрата за јазици на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во 2001 година магистрирала на тема од областа на српскиот надреализам, а во 2004 докторирала на тема „Лингвостилистичките карактеристики во прозата на Ташко Георгиевски“. Од 2002 година предава македонски јазик и книжевност на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана. На македонски јазик превела дела од Блаже Конески, Славко Јаневски, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Александар Прокопиев, Николина Андова-Шопова и други. Романот „Скриени желби, немирни патувања“ првпат беше објавен во 2020 година, а во 2021 година ја доби наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“. Следната година беше македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија. Досега е преведен на српски, албански и словенечки јазик, а наскоро се очекуваат и изданијата на чешки, хрватски и бугарски јазик.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>
Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/romanot-skrieni-zelbi-nemirni-patuvanja-od-vladimir-jankovski-objaven-na-srpski-jazik/ Thu, 13 Oct 2022 07:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=560387

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман.

Српското издание на романот беше промовирано во рамки на 16-то издание на Белградскиот фестивал на поезијата и книгите, кое се одржа од 6 до 8 октомври. На фестивалот, покрај Владимир Јанковски, учествуваа и писатели од Норвешка, Шпанија, Шведска, Австрија, Хрватска, Црна Гора и Србија.

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој приказните на педесетина луѓе од различни меридијани се комбинираат со приказните на четири лика што живеат во Скопје. Ова е роман за пресекот меѓу личното и надворешното, роман за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, роман за потребата да се раскажуваат приказни и да се наоѓа блесокот и лагата во нив.

Според критичарката Александра Јуруковска, „средбата со ‘Скриени желби, немирни патувања’ е едно, по многу нешта, необично читателско искуство. Книга не многу долга и голема по бројот на страници, но огромна по бројот на приказни, а уште повеќе по можностите за интерпретација. Во книгата се крие и цел слој од кроки-приказни, скици за други приказни, приказни од фиока и цел куп книжевни замки и заемки од многу книжевни жанрови (кус-кус расказ, хаику, новела), но и другите уметности, а најмногу од филмот.“

Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик appeared first on Република.

]]>

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман. Српското издание на романот беше промовирано во рамки на 16-то издание на Белградскиот фестивал на поезијата и книгите, кое се одржа од 6 до 8 октомври. На фестивалот, покрај Владимир Јанковски, учествуваа и писатели од Норвешка, Шпанија, Шведска, Австрија, Хрватска, Црна Гора и Србија. „Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој приказните на педесетина луѓе од различни меридијани се комбинираат со приказните на четири лика што живеат во Скопје. Ова е роман за пресекот меѓу личното и надворешното, роман за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, роман за потребата да се раскажуваат приказни и да се наоѓа блесокот и лагата во нив. Според критичарката Александра Јуруковска, „средбата со ‘Скриени желби, немирни патувања’ е едно, по многу нешта, необично читателско искуство. Книга не многу долга и голема по бројот на страници, но огромна по бројот на приказни, а уште повеќе по можностите за интерпретација. Во книгата се крие и цел слој од кроки-приказни, скици за други приказни, приказни од фиока и цел куп книжевни замки и заемки од многу книжевни жанрови (кус-кус расказ, хаику, новела), но и другите уметности, а најмногу од филмот.“ Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик appeared first on Република.

]]>