Скот Морисон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skot-morison/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Aug 2022 07:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скот Морисон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skot-morison/ 32 32 Австралискиот премиер изјави дека е можна истрага за сагата на неговиот претходник со тајното „министерување“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstraliskiot-premier-izjavi-deka-e-mozna-istraga-za-sagata-na-negoviot-prethodnik-so-tajnoto-ministeruvanje/ Sun, 21 Aug 2022 07:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=542496

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави денеска дека неговата влада може да размисли за покренување истрага за околностите под кои поранешниот премиер Скот Морисон тајно положи заклетва во клучните министерства за време на пандемијата на коронавирус.

За време на пандемијата, Морисон, кој се повлече од функцијата лидер на Либералната партија по поразот на општите избори во мај, положил тајна заклетва во пет клучни министерства, како што се дозна оваа недела. Неговите постапки предизвикаа критики од владата на лабуристите, како и од неговата партија, но поранешниот премиер се бранеше велејќи дека чувствувал дека одговорноста за нацијата за време на пандемијата е целосно негова.

Албанезе денеска изјави дека утре владата ќе добие совет од генералниот адвокат, вториот највисок судски службеник во земјата, за законитоста на постапките на Морисон. Албанезе посочи дека владата, исто така, ќе размисли дали да започне истрага и реформи за да се осигура дека таквата практика нема да се повтори. – Ќе ги разгледаме сите овие прашања откако ќе го добиеме советот од главниот правен консултант, изјави тој за Скај Њуз.

The post Австралискиот премиер изјави дека е можна истрага за сагата на неговиот претходник со тајното „министерување“ appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави денеска дека неговата влада може да размисли за покренување истрага за околностите под кои поранешниот премиер Скот Морисон тајно положи заклетва во клучните министерства за време на пандемијата на коронавирус. За време на пандемијата, Морисон, кој се повлече од функцијата лидер на Либералната партија по поразот на општите избори во мај, положил тајна заклетва во пет клучни министерства, како што се дозна оваа недела. Неговите постапки предизвикаа критики од владата на лабуристите, како и од неговата партија, но поранешниот премиер се бранеше велејќи дека чувствувал дека одговорноста за нацијата за време на пандемијата е целосно негова. Албанезе денеска изјави дека утре владата ќе добие совет од генералниот адвокат, вториот највисок судски службеник во земјата, за законитоста на постапките на Морисон. Албанезе посочи дека владата, исто така, ќе размисли дали да започне истрага и реформи за да се осигура дека таквата практика нема да се повтори. – Ќе ги разгледаме сите овие прашања откако ќе го добиеме советот од главниот правен консултант, изјави тој за Скај Њуз.

The post Австралискиот премиер изјави дека е можна истрага за сагата на неговиот претходник со тајното „министерување“ appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Австралија кој не го пушти Ноле се правда https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/premierot-na-avstralija-koj-ne-go-pushti-nole-se-pravda/ Wed, 17 Aug 2022 11:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=541358

Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон денеска изјави дека тајно раководел со пет клучни министерства за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи верувал дека одговорноста за нацијата е само негова.

Морисон, кој се повлече од лидерската функција во Либералната партија по поразот на општите избори во мај, пред медиумите одговараше на прашања во врска со критиките што на негова адреса ја упатуваа лабуристите, но и негови сопартијци, за неумерено практикување извршни функции без преседан.

„Управував со бродот среде бура“, им рече Морисон на новинарите, потсетувајќи на 2020 година и пандемијата на коронавирусот. „Како премиер, само јас можев вистински да ја разберам тежината на одговорноста и да го понесам товарот врз свои рамења“, рече тој.

Морисон изјави дека тој не ги „презел” министерствата и не се мешал во работата на ниту еден од министрите, освен во еден случај кога одбил проект за гасовод.

[caption id="attachment_540442" align="alignnone" width="640"] AUSTRALIA POLITICS[/caption]

Актуелниот премиер Ентони Албанесе рече дека Морисон го нападнал Вестминстерскиот систем на владеење со тоа што тајно се назначил себеси за шеф на пет ресори во 2020-2021 година, вклучувајќи ги внатрешните работи, трезорот, здравството, финансиите и ресурсите.

Тројца од министрите рекоа дека воопшто и не знаеле дека Морисон е „колегата“ што раководи со нивните министерства, се додека тоа не беше обелоденето оваа седмица.

Toj e познат како политичарот кој не го пушти Ѓоковиќ да настапува на Австралија Опен поради тоа што не беше вакциниран.

The post Премиерот на Австралија кој не го пушти Ноле се правда appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон денеска изјави дека тајно раководел со пет клучни министерства за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи верувал дека одговорноста за нацијата е само негова. Морисон, кој се повлече од лидерската функција во Либералната партија по поразот на општите избори во мај, пред медиумите одговараше на прашања во врска со критиките што на негова адреса ја упатуваа лабуристите, но и негови сопартијци, за неумерено практикување извршни функции без преседан. „Управував со бродот среде бура“, им рече Морисон на новинарите, потсетувајќи на 2020 година и пандемијата на коронавирусот. „Како премиер, само јас можев вистински да ја разберам тежината на одговорноста и да го понесам товарот врз свои рамења“, рече тој. Морисон изјави дека тој не ги „презел” министерствата и не се мешал во работата на ниту еден од министрите, освен во еден случај кога одбил проект за гасовод. [caption id="attachment_540442" align="alignnone" width="640"] AUSTRALIA POLITICS[/caption] Актуелниот премиер Ентони Албанесе рече дека Морисон го нападнал Вестминстерскиот систем на владеење со тоа што тајно се назначил себеси за шеф на пет ресори во 2020-2021 година, вклучувајќи ги внатрешните работи, трезорот, здравството, финансиите и ресурсите. Тројца од министрите рекоа дека воопшто и не знаеле дека Морисон е „колегата“ што раководи со нивните министерства, се додека тоа не беше обелоденето оваа седмица. Toj e познат како политичарот кој не го пушти Ѓоковиќ да настапува на Австралија Опен поради тоа што не беше вакциниран.

The post Премиерот на Австралија кој не го пушти Ноле се правда appeared first on Република.

]]>
И премиер и министер на повеќе позиции: Морисон во пандемијата седел на повеќе столчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-premier-i-minister-na-povekje-pozicii-morison-vo-pandemijata-sedel-na-povekje-stolchinja/ Mon, 15 Aug 2022 09:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=540447

Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од ковид-19, денеска предизвикаа политички скандал. Неговиот наследник вети брза истрага.

Премиерот Ентони Албанезе го обвини поранешниот шеф на Владата, Скот Морисон, за лоши политички потези, откако протекоа информации дека сам се поставил на позиции, меѓу другото, на министер за здравство, финансии и ресурси, а за тоа не ги известил колегите, Парламентот, избирачите.

Албанезе денеска изјави дека побарал правна помош, нарекувајќи ги потезите на Морисон „без преседан“. Тој очекува дополнителни информации во текот на денешниот ден.

Се работи за политички потези што би ги исмејувале, доколку беа во недемократска држава. Скот Морисон ја водеше Владата од сенка – тврди Албанезе.

Како што се пишува, во некои случаи, Морисон се поставил себеси за министер, а не ги известил членовите на кабинетот, кои претходно ги назначил на истите позиции.

The post И премиер и министер на повеќе позиции: Морисон во пандемијата седел на повеќе столчиња appeared first on Република.

]]>

Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од ковид-19, денеска предизвикаа политички скандал. Неговиот наследник вети брза истрага. Премиерот Ентони Албанезе го обвини поранешниот шеф на Владата, Скот Морисон, за лоши политички потези, откако протекоа информации дека сам се поставил на позиции, меѓу другото, на министер за здравство, финансии и ресурси, а за тоа не ги известил колегите, Парламентот, избирачите. Албанезе денеска изјави дека побарал правна помош, нарекувајќи ги потезите на Морисон „без преседан“. Тој очекува дополнителни информации во текот на денешниот ден. Се работи за политички потези што би ги исмејувале, доколку беа во недемократска држава. Скот Морисон ја водеше Владата од сенка – тврди Албанезе. Како што се пишува, во некои случаи, Морисон се поставил себеси за министер, а не ги известил членовите на кабинетот, кои претходно ги назначил на истите позиции.

The post И премиер и министер на повеќе позиции: Морисон во пандемијата седел на повеќе столчиња appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Австралија распиша избори за 21 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierot-na-avstralija-raspisha-izbori-za-21-maj/ Sun, 10 Apr 2022 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=486134

Австралискиот премиер, Скот Морисон, за на 21 мај распиша општи избори на кои кампањата ќе се заснова на главните теми, вклучително и економското влијание на Кина, климатските промени и пандемијата на Ковид-19.

Морисон го повика генералниот гувернер на Австралија, кој е и претставник на кралицата Елизабета Втора, да го потврди датумот на изборите.

Конзервативната коалиција на Морисон ќе се обиде да се избори за четврти тригодишен мандат.

Тој ги повика гласачите да се држат до владата која остварила добри резултати во борбата против пандемијата на корона вирусот и да не ризикуваат со опозициската Лабуристичка партија.

На овие избори ќе избирате меѓу влада што ја познавате и која успешно ги извршила своите должности и лабуристичката опозиција што не ја познавате - истакна Морисон.

The post Премиерот на Австралија распиша избори за 21 мај appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер, Скот Морисон, за на 21 мај распиша општи избори на кои кампањата ќе се заснова на главните теми, вклучително и економското влијание на Кина, климатските промени и пандемијата на Ковид-19. Морисон го повика генералниот гувернер на Австралија, кој е и претставник на кралицата Елизабета Втора, да го потврди датумот на изборите. Конзервативната коалиција на Морисон ќе се обиде да се избори за четврти тригодишен мандат. Тој ги повика гласачите да се држат до владата која остварила добри резултати во борбата против пандемијата на корона вирусот и да не ризикуваат со опозициската Лабуристичка партија.
На овие избори ќе избирате меѓу влада што ја познавате и која успешно ги извршила своите должности и лабуристичката опозиција што не ја познавате - истакна Морисон.

The post Премиерот на Австралија распиша избори за 21 мај appeared first on Република.

]]>
Австралискиот премиер го оцени како „чекор предалеку“ планот на Путин да присуствува на претстојниот Самит на Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstraliskiot-premier-go-oceni-kako-chekor-predaleku-planot-na-putin-da-prisustvuva-na-pretstojniot-samit-na-g20/ Thu, 24 Mar 2022 07:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=477436

Австралискиот премиер Скот Морисон, денеска го окарактеризира како „чекор предалеку“ планот на рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на Самитот на Г20 закажан за октомври оваа година.

Морисон пред медиумите во Мелбурн ја окарактеризира руската инвазија врз Украина како насилен и агресивен чин што го урива меѓународното владеење на правото.

И идејата да се седне на маса со Владимир Путин – а САД веќе посочуваат на воени злосторства во Украина – за мене е чекор предалеку - рече Морисон.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа рече дека Вашингтон утврдил дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, посочувајќи истовремено дека Москва намерно напаѓа цивилни објекти и користи воени тактики видени во Чеченија и Сирија.

Запрашан за позицијата на Канбера по тоа прашање, Морисон рече дека „Австралија го споделува ставот врз основа на тоа што го видовме“, притоа алудирајќи на ставот на САД.

Ја знаеме формата на Владимир Путин кога станува збор за одземање животи на невини цивили. Русија има форма - рече Морисон.

Амбасадорката на Москва во Џакарта, Људмила Воробиева, вчера изјави дека Путин има намера да присуствува на состанокот на групата на големи економии Г20 закажан за 30-31 октомври на индонезискиот туристички остров Бали.

Зависи од ситуацијата. Претседателот Путин има намера да дојде на самитот на Г20 -, рече таа пред медиумите посочувајќи дека Самитот не е форум за дискусии по однос руската инвазија врз Украина што почна пред еден месец.

Покрај другите мерки, западните земји размислуваат целосно да ја исклучат Русија од форматот Г20.

The post Австралискиот премиер го оцени како „чекор предалеку“ планот на Путин да присуствува на претстојниот Самит на Г20 appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер Скот Морисон, денеска го окарактеризира како „чекор предалеку“ планот на рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на Самитот на Г20 закажан за октомври оваа година. Морисон пред медиумите во Мелбурн ја окарактеризира руската инвазија врз Украина како насилен и агресивен чин што го урива меѓународното владеење на правото.
И идејата да се седне на маса со Владимир Путин – а САД веќе посочуваат на воени злосторства во Украина – за мене е чекор предалеку - рече Морисон.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа рече дека Вашингтон утврдил дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, посочувајќи истовремено дека Москва намерно напаѓа цивилни објекти и користи воени тактики видени во Чеченија и Сирија. Запрашан за позицијата на Канбера по тоа прашање, Морисон рече дека „Австралија го споделува ставот врз основа на тоа што го видовме“, притоа алудирајќи на ставот на САД.
Ја знаеме формата на Владимир Путин кога станува збор за одземање животи на невини цивили. Русија има форма - рече Морисон.
Амбасадорката на Москва во Џакарта, Људмила Воробиева, вчера изјави дека Путин има намера да присуствува на состанокот на групата на големи економии Г20 закажан за 30-31 октомври на индонезискиот туристички остров Бали.
Зависи од ситуацијата. Претседателот Путин има намера да дојде на самитот на Г20 -, рече таа пред медиумите посочувајќи дека Самитот не е форум за дискусии по однос руската инвазија врз Украина што почна пред еден месец.
Покрај другите мерки, западните земји размислуваат целосно да ја исклучат Русија од форматот Г20.

The post Австралискиот премиер го оцени како „чекор предалеку“ планот на Путин да присуствува на претстојниот Самит на Г20 appeared first on Република.

]]>
Морисон: Владата направи грешки при справувањето со Омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/morison-vladata-napravi-greshki-pri-spravuvanjeto-so-omikron/ Tue, 01 Feb 2022 08:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=452245

Австралискиот премиер, Скот Морисон, се соочи со критиките за неговото лидерство, изјавувајќи дека неговата влада била премногу оптимистичка за влијанието на вакцинацијата против корона вирус, што резултираше со разочарување и исцрпеност кога варијантата омикрон се прошири низ целата земја.

Поддршката за Морисон е падната на најниско ниво во последните две години, со пад на довербата на јавноста нарушена со недостигот на брзи антигенски тестови, со бројка на заразени со омикрон од над милион во текот на летото, а изборите се закажани за четири месеци.

Во обраќањето до Националниот прес-клуб во Канбера, Морисон кажа дека ќе ги прифати критиките што му доаѓаат за лидерската позиција.

Не направив сè како што треба - изјави Морисон.

Тој во говорот призна дека неговиот фокус бил на постигнување рамнотежа меѓу здравствените совети и економијата, а омикрон ги променил правилата, ги нарушил синџирите на снабдување и предизвикал недостиг на тестови.

На почетокот на јануари, Морисон кажа дека неговата влада усвоила пристап на соживот со пандемијата наместо повторно да воведе мерки за затворање.

Како што влеговме во летото, можеби бевме премногу оптимисти - изјави Морисон, додавајќи дека тоа ја зголеми фрустрацијата кај луѓето кога вакцинацијата не го спречи ширењето на омикрон.

Одговарајќи на критиките дека неговата влада не предвидела потреба од повеќе тестови, Морисон изјави дека снабдувањето со тестови за Ковид-19 за време на поголемиот дел од пандемијата е одговорност на австралиските држави.

Тој ја призна фрустрацијата на јавноста, но рече дека на земјата сè уште и треба искусен лидер.

Стапката на смртност поврзана со корона вирус во Австралија е меѓу најниските во светот. Земјата има висока стапка на вакцинација и покрај подоцнежниот почеток на вакцинацијата.

The post Морисон: Владата направи грешки при справувањето со Омикрон appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер, Скот Морисон, се соочи со критиките за неговото лидерство, изјавувајќи дека неговата влада била премногу оптимистичка за влијанието на вакцинацијата против корона вирус, што резултираше со разочарување и исцрпеност кога варијантата омикрон се прошири низ целата земја. Поддршката за Морисон е падната на најниско ниво во последните две години, со пад на довербата на јавноста нарушена со недостигот на брзи антигенски тестови, со бројка на заразени со омикрон од над милион во текот на летото, а изборите се закажани за четири месеци. Во обраќањето до Националниот прес-клуб во Канбера, Морисон кажа дека ќе ги прифати критиките што му доаѓаат за лидерската позиција.
Не направив сè како што треба - изјави Морисон.
Тој во говорот призна дека неговиот фокус бил на постигнување рамнотежа меѓу здравствените совети и економијата, а омикрон ги променил правилата, ги нарушил синџирите на снабдување и предизвикал недостиг на тестови. На почетокот на јануари, Морисон кажа дека неговата влада усвоила пристап на соживот со пандемијата наместо повторно да воведе мерки за затворање.
Како што влеговме во летото, можеби бевме премногу оптимисти - изјави Морисон, додавајќи дека тоа ја зголеми фрустрацијата кај луѓето кога вакцинацијата не го спречи ширењето на омикрон.
Одговарајќи на критиките дека неговата влада не предвидела потреба од повеќе тестови, Морисон изјави дека снабдувањето со тестови за Ковид-19 за време на поголемиот дел од пандемијата е одговорност на австралиските држави. Тој ја призна фрустрацијата на јавноста, но рече дека на земјата сè уште и треба искусен лидер. Стапката на смртност поврзана со корона вирус во Австралија е меѓу најниските во светот. Земјата има висока стапка на вакцинација и покрај подоцнежниот почеток на вакцинацијата.

The post Морисон: Владата направи грешки при справувањето со Омикрон appeared first on Република.

]]>
На Скот му одговара името: Aвстралискиот премиер ги излажал Французите за 55 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-skot-mu-odgovara-imeto-avstraliskiot-premier-gi-izlazal-francuzite-za-55-milijardi-evra/ Mon, 17 Jan 2022 11:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=445747

Австралискиот премиер Скот Морисон деновиве е најомразена личност на Балканот, но и меѓу дијапората во Австралија поради забраната Новак Ѓоковиќ да учествува на тенискиот турнир.

Но, малкумина знаат кој всушност е Морисон. Ова, се разбира, не е првпат Морисон да биде во првите редови на меѓународната јавност поради нешто негативно.

Мориосон има 53 години, оженет е и има две ќерки.

Како дел од трилатералниот пакт на сојузниците, Австралија на 15 септември објави дека ќе го откаже мултимилионскиот договор за купување подморница од Франција, по што владата на Емануел Макрон одлучи да го повлече амбасадорот од Канбера, кој до денес не се вратил таму. . Француските власти се уште се збунети што Австралија одлучила да го раскине договорот што француските медиуми го опишаа како „договор на векот“.

Скот Морисон изјави дека некои нуклеарни подморници испорачани од Франција не одговараат на предизвикот да се спротивстават на растечкото влијание на Кина во Пацификот. Но, француските власти рекоа дека Австралијците никогаш не побарале да размислат за испорака на подморници на нуклеарен погон, кои се дел од арсеналот на Франција.

ГОЛЕМО ПОНИЖУВАЊЕ

Со раскинување на договорот вреден околу 55 милијарди евра за 12 конвенционални подморници со мнозинската француска државна компанија DCNS, Австралија не само што ја отфрли компанијата туку и ги понижи Французите. Објавувањето на пактот беше одложено „во неколку наврати“, бидејќи САД и Велика Британија чекаа Австралија да го најде вистинското време за раскинување на договорот со Французите.

На крајот тоа го направија истиот ден откако веста веќе стигна до американските медиуми. Франција не остана должна. Во октомври минатата година требаше да се одржи средба меѓу ЕУ и Австралија со цел да се зголеми трговската размена. Сепак, средбата не се одржа поради „ветото“ на Париз. До денес не е познато кога и дали ќе се одржи оваа средба.

 

The post На Скот му одговара името: Aвстралискиот премиер ги излажал Французите за 55 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер Скот Морисон деновиве е најомразена личност на Балканот, но и меѓу дијапората во Австралија поради забраната Новак Ѓоковиќ да учествува на тенискиот турнир. Но, малкумина знаат кој всушност е Морисон. Ова, се разбира, не е првпат Морисон да биде во првите редови на меѓународната јавност поради нешто негативно. Мориосон има 53 години, оженет е и има две ќерки. Како дел од трилатералниот пакт на сојузниците, Австралија на 15 септември објави дека ќе го откаже мултимилионскиот договор за купување подморница од Франција, по што владата на Емануел Макрон одлучи да го повлече амбасадорот од Канбера, кој до денес не се вратил таму. . Француските власти се уште се збунети што Австралија одлучила да го раскине договорот што француските медиуми го опишаа како „договор на векот“. Скот Морисон изјави дека некои нуклеарни подморници испорачани од Франција не одговараат на предизвикот да се спротивстават на растечкото влијание на Кина во Пацификот. Но, француските власти рекоа дека Австралијците никогаш не побарале да размислат за испорака на подморници на нуклеарен погон, кои се дел од арсеналот на Франција. ГОЛЕМО ПОНИЖУВАЊЕ Со раскинување на договорот вреден околу 55 милијарди евра за 12 конвенционални подморници со мнозинската француска државна компанија DCNS, Австралија не само што ја отфрли компанијата туку и ги понижи Французите. Објавувањето на пактот беше одложено „во неколку наврати“, бидејќи САД и Велика Британија чекаа Австралија да го најде вистинското време за раскинување на договорот со Французите. На крајот тоа го направија истиот ден откако веста веќе стигна до американските медиуми. Франција не остана должна. Во октомври минатата година требаше да се одржи средба меѓу ЕУ и Австралија со цел да се зголеми трговската размена. Сепак, средбата не се одржа поради „ветото“ на Париз. До денес не е познато кога и дали ќе се одржи оваа средба.  

The post На Скот му одговара името: Aвстралискиот премиер ги излажал Французите за 55 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Австралискиот премиер: Случајот со Ѓоковиќ е работа на судот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskiot-premier-sluchajot-so-gjokovikj-e-rabota-na-sudot/ Mon, 10 Jan 2022 07:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=442376

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека случајот со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е работа на судот и оти нема да коментира дали Владата ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ по вторпат доколку ја добие жалбата.

Тоа во моментов е прашање на судот - изјави Морисон на прес-конференција.

Тој го повтори тврдењето дека на организаторите на Австралија опен во ноември им биле дадени јасни инструкции за влез во земјата.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-ja-pobedi-avstralija-sudot-odluchi-vo-negova-korist/

The post Австралискиот премиер: Случајот со Ѓоковиќ е работа на судот appeared first on Република.

]]>

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека случајот со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е работа на судот и оти нема да коментира дали Владата ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ по вторпат доколку ја добие жалбата.
Тоа во моментов е прашање на судот - изјави Морисон на прес-конференција.
Тој го повтори тврдењето дека на организаторите на Австралија опен во ноември им биле дадени јасни инструкции за влез во земјата. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-ja-pobedi-avstralija-sudot-odluchi-vo-negova-korist/

The post Австралискиот премиер: Случајот со Ѓоковиќ е работа на судот appeared first on Република.

]]>
Никој не е над правилата: Австралискиот премиер се изјасни за случајот со Ѓоковиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nikoj-ne-e-nad-pravilata-avstraliskiot-premier-se-izjasni-za-sluchajot-so-gjokovikj/ Wed, 05 Jan 2022 22:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=441196

Драмата со Новак Ѓоковиќ во Австралија уште трае иако беше објавено дека нема да го пуштат да влезе во земјата.

Веднаш потоа се огласи и премиерот на Австралија, Скот Морисон, кој на својот Твитер профил напиша:

Визата на Ѓоковиќ е откажана. Правилата се правила, особено кога се во прашање нашите граници. Никој не е над овие правила. Нашите силни гранични политики беа од клучно значење за Австралија да има една од најниските стапки на смртност во светот од Ковид, ние продолжуваме да бидеме будни, напиша тој.

The post Никој не е над правилата: Австралискиот премиер се изјасни за случајот со Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Драмата со Новак Ѓоковиќ во Австралија уште трае иако беше објавено дека нема да го пуштат да влезе во земјата. Веднаш потоа се огласи и премиерот на Австралија, Скот Морисон, кој на својот Твитер профил напиша: Визата на Ѓоковиќ е откажана. Правилата се правила, особено кога се во прашање нашите граници. Никој не е над овие правила. Нашите силни гранични политики беа од клучно значење за Австралија да има една од најниските стапки на смртност во светот од Ковид, ние продолжуваме да бидеме будни, напиша тој.

The post Никој не е над правилата: Австралискиот премиер се изјасни за случајот со Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>