Скопско лето 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopsko-leto-2024/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 06:52:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопско лето 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopsko-leto-2024/ 32 32 Концерт на ФАМЕ’С Институтот на Скопско лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-fame-s-institutot-na-skopsko-leto-2/ Sat, 06 Jul 2024 06:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=793940

Во рамки на програмата на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето” вечер концерт ќе одржи оркестарот на ФАМЕ'С Институтот, во Сули ан.

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе има можност на овој концерт да настапи заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика.

Огромно е задоволството што сме домаќини на популарниот Џез саксофонски квартет ,,АРТВАРК” од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт. Покрај композициите напишани од членовите на АРТВАРК квартетот, на програмата на овој концерт ќе биде изведен и Концертот за гудачи од Нино Рота, стои во соопштението од организаторите.

ФАМЕ'С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културниентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти, програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практики, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот сонови композиции итн. Оваа програма овозможува високопрофесионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои сеовозможени во студиото на ФАМЕ'С.

The post Концерт на ФАМЕ’С Институтот на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Во рамки на програмата на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето” вечер концерт ќе одржи оркестарот на ФАМЕ'С Институтот, во Сули ан. Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе има можност на овој концерт да настапи заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика.
Огромно е задоволството што сме домаќини на популарниот Џез саксофонски квартет ,,АРТВАРК” од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт. Покрај композициите напишани од членовите на АРТВАРК квартетот, на програмата на овој концерт ќе биде изведен и Концертот за гудачи од Нино Рота, стои во соопштението од организаторите.
ФАМЕ'С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културниентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти, програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практики, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот сонови композиции итн. Оваа програма овозможува високопрофесионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои сеовозможени во студиото на ФАМЕ'С.

The post Концерт на ФАМЕ’С Институтот на Скопско лето appeared first on Република.

]]>
Вечерва на Скопско лето меѓународна изложба, балетска гала и театарска претстава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-skopsko-leto-megunarodna-izlozhba-baletska-gala-i-teatarska-pretstava/ Wed, 26 Jun 2024 09:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=790912

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето, денесла ќе се одржат три настани.

Со почеток во 19 часот во Националната галерија – Чифте амам ќе се отвори меѓународна изложба насловена „А потоа врнеше во длабоката фантазија“. Изложбата претставува концептуален меѓународен проект во кој учесници се: Рафет Јонузи- Косово/Австрија, Арета Мала – Косово/Холандија, Теута Јонузи – Словачка/Австрија, Худа Такрити – Австрија, Кристин Венцел – Романија/Австрија, Михаел Кос – Австрија, Марек Кветан – Словачка, Сорен Дахгард – Данска/ Англија, Саша Буквац – Босна и Херцеговина, Славица Јанешлиева – Македонија, Игор Сековски – Македонија.

Со почеток во 20 часот на Малата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одигра театарска претстава “„Поткровје“ во режија на Александар Ивановски.

Со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет ќе се одржи “Гала балетски концерт“, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

The post Вечерва на Скопско лето меѓународна изложба, балетска гала и театарска претстава appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата Скопско лето, денесла ќе се одржат три настани. Со почеток во 19 часот во Националната галерија – Чифте амам ќе се отвори меѓународна изложба насловена „А потоа врнеше во длабоката фантазија“. Изложбата претставува концептуален меѓународен проект во кој учесници се: Рафет Јонузи- Косово/Австрија, Арета Мала – Косово/Холандија, Теута Јонузи – Словачка/Австрија, Худа Такрити – Австрија, Кристин Венцел – Романија/Австрија, Михаел Кос – Австрија, Марек Кветан – Словачка, Сорен Дахгард – Данска/ Англија, Саша Буквац – Босна и Херцеговина, Славица Јанешлиева – Македонија, Игор Сековски – Македонија. Со почеток во 20 часот на Малата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одигра театарска претстава “„Поткровје“ во режија на Александар Ивановски. Со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет ќе се одржи “Гала балетски концерт“, под диригентската палка на Бисера Чадловска.  

The post Вечерва на Скопско лето меѓународна изложба, балетска гала и театарска претстава appeared first on Република.

]]>
Програмата за јубилејното, 45. „Скопско лето“ ја правиме само со 800 илјади денари од Министерството за култура, Град Скопје не даде пари, кажа директорот Никола Глигоров https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/programata-za-jubilejnoto-45-skopsko-leto-ja-pravime-samo-so-800-iljadi-denari-od-ministerstvoto-za-kultura-grad-skopje-ne-dade-pari-kazha-direktorot-nikola-gligorov/ Wed, 19 Jun 2024 11:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=789032

Дваесет и два концерти, седум театарски претстави од кои три се за деца, седум изложби, како и две промоции на книги ќе бидат дел од годинешното јубилејно 45. издание на фестивалот „Скопско лето“ што ќе се одржи од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот ќе биде отворен во петок со настапот на хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, а се затвора со концерт на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ во Сули ан.

Директорот на Дирекцијата за култура и уметност Никола Глигоров на денешната прес-конференција посочи дека за оваа година за програмата на фестивалот се обезбедени 800 илјада денари од Министерството за култура.

Се обидовме оваа година да направиме достојна програма за Скопско лето за јубилејното 45 издание. Своевремено, ние имавме 2 милиони денари од Градот Скопје и 2 милиони денари од Министерството за култура, но оваа година програмата ја правиме само со 800 илјада денари од Министерството за култура. Се надевам дека публиката ќе ужива, рече Глигоров.

Глигоров се заблагодари на оние луѓе што во 1980 го стартуваа „Скопско лето“.

Тие сметаа дека Скопје заслужува манифестација во текот на летото, а ние се трудиме секоја година да го оправдаме тоа, кажа Глигоров.

Сања Шуплевска од Уметничкиот центар „Полифонија“ на прес-конференцијата најави дека првиот нивен проект е Вивалдијада, што ќе се одржи на 25 јуни во соработка со хорот „Св. Злата Мегленска“. Таа го најави и настапот на Националната опера и балет - балетската гала, која ќе се случи следната среда на 26 јуни, од најдобрите и најпознатите балетски претстави кои се одиграа оваа година.

Горан Наумовски, кој е дел од организацијата на Скопско лето и кој е проектен координатор на концертот на Звјездан Ружиќ, рече дека концертот ќе трае речиси два часа ќе има многу убава програма.

Како што посочи, следен проект е театарска претстава на Штипскиот театар на малата сцена во НОБ, насловена „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески. Третиот проект е „Најдоброто од Копров“. Концертот е закажан за 4 јули, во НОБ, каде што на еден начин, ќе му биде оддадена почит на Копров за неговото творештво. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талеска, Горан Наумовски, а ексклузивен гостин ќе биде Владо Јаневски.

Маја Чанаќевиќ од ФАМЕС Институтот на прес-конференцијата најави дека на 6 јули во Сули ан ќе се одржи концерт на Оркестарот „ФАМЕС Институтот“, а диригент ќе биде Конрад Ван Алфен. Како солисти ќе настапи Артварк - саксофонски квартет.

Таа посочи дека следниот концерт е на 22 јули во Сули ан, каде што по втор пат во државата ќе настапи романската виолинстика Ирина Мурешану, заедно со американскиот диригент Скот Флавин и заедно Оркестарот „ФАМЕС Институтот“.

The post Програмата за јубилејното, 45. „Скопско лето“ ја правиме само со 800 илјади денари од Министерството за култура, Град Скопје не даде пари, кажа директорот Никола Глигоров appeared first on Република.

]]>

Дваесет и два концерти, седум театарски претстави од кои три се за деца, седум изложби, како и две промоции на книги ќе бидат дел од годинешното јубилејно 45. издание на фестивалот „Скопско лето“ што ќе се одржи од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот ќе биде отворен во петок со настапот на хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан, а се затвора со концерт на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ во Сули ан. Директорот на Дирекцијата за култура и уметност Никола Глигоров на денешната прес-конференција посочи дека за оваа година за програмата на фестивалот се обезбедени 800 илјада денари од Министерството за култура.
Се обидовме оваа година да направиме достојна програма за Скопско лето за јубилејното 45 издание. Своевремено, ние имавме 2 милиони денари од Градот Скопје и 2 милиони денари од Министерството за култура, но оваа година програмата ја правиме само со 800 илјада денари од Министерството за култура. Се надевам дека публиката ќе ужива, рече Глигоров.
Глигоров се заблагодари на оние луѓе што во 1980 го стартуваа „Скопско лето“.
Тие сметаа дека Скопје заслужува манифестација во текот на летото, а ние се трудиме секоја година да го оправдаме тоа, кажа Глигоров.
Сања Шуплевска од Уметничкиот центар „Полифонија“ на прес-конференцијата најави дека првиот нивен проект е Вивалдијада, што ќе се одржи на 25 јуни во соработка со хорот „Св. Злата Мегленска“. Таа го најави и настапот на Националната опера и балет - балетската гала, која ќе се случи следната среда на 26 јуни, од најдобрите и најпознатите балетски претстави кои се одиграа оваа година. Горан Наумовски, кој е дел од организацијата на Скопско лето и кој е проектен координатор на концертот на Звјездан Ружиќ, рече дека концертот ќе трае речиси два часа ќе има многу убава програма. Како што посочи, следен проект е театарска претстава на Штипскиот театар на малата сцена во НОБ, насловена „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески. Третиот проект е „Најдоброто од Копров“. Концертот е закажан за 4 јули, во НОБ, каде што на еден начин, ќе му биде оддадена почит на Копров за неговото творештво. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талеска, Горан Наумовски, а ексклузивен гостин ќе биде Владо Јаневски. Маја Чанаќевиќ од ФАМЕС Институтот на прес-конференцијата најави дека на 6 јули во Сули ан ќе се одржи концерт на Оркестарот „ФАМЕС Институтот“, а диригент ќе биде Конрад Ван Алфен. Како солисти ќе настапи Артварк - саксофонски квартет. Таа посочи дека следниот концерт е на 22 јули во Сули ан, каде што по втор пат во државата ќе настапи романската виолинстика Ирина Мурешану, заедно со американскиот диригент Скот Флавин и заедно Оркестарот „ФАМЕС Институтот“.  