Во Кинотека на Македонија вечерва ќе биде отворена изложбата на астрофотографии на Скопското астрономско друштво. Изложбата е организирана по повод 25 години на Скопското астрономско друштво.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопско астрономско друштво направени на различни локации низ Македонија. Целта е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.
Преку астрофотографиите ќе бидат претставени најразлични небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот систем, вештачки сателити, како и пејсажни фотографии со астрономски мотиви.
The post Изложба на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво appeared first on Република.
]]>The post Изложба на астрофотографија по повод 25 години на Скопското астрономско друштво appeared first on Република.
]]>Во понеделник, на 25 декември во Кинотека на Македонија (19 часот) ќе биде отворена изложбата на астрофотографии „25 години Скопско астрономско друштво“.
Изложените фотографии ќе можат да се купат во големина која му одговара на купувачот.
Веќе четврт век, нашиот поглед е свртен кон небото. Го набљудуваме, истражуваме, учиме за него, едуцираме други луѓе и го фотографираме. Нашата најголема фасцинација ќе ја најдете преточена во фотографии од планетарни маглини каде се раѓаат ѕвезди, гигантски галаксии оддалечени милиони светлински години од нас, комети, метеорски дождови, Сонцето, Месечината и нашиот поширок дом – галаксијата Млечен Пат. Со изложбата сакаме нашиот поглед и нашата фасцинација да ги споделиме со Вас, велат од Скопското астрономско друштво.
Изложбата ќе биде отворена до 4 јануари 2024.
The post Изложба на астрофотографии „25 години Скопско астрономско друштво“ во Кинотека appeared first on Република.
]]>Веќе четврт век, нашиот поглед е свртен кон небото. Го набљудуваме, истражуваме, учиме за него, едуцираме други луѓе и го фотографираме. Нашата најголема фасцинација ќе ја најдете преточена во фотографии од планетарни маглини каде се раѓаат ѕвезди, гигантски галаксии оддалечени милиони светлински години од нас, комети, метеорски дождови, Сонцето, Месечината и нашиот поширок дом – галаксијата Млечен Пат. Со изложбата сакаме нашиот поглед и нашата фасцинација да ги споделиме со Вас, велат од Скопското астрономско друштво.Изложбата ќе биде отворена до 4 јануари 2024.
The post Изложба на астрофотографии „25 години Скопско астрономско друштво“ во Кинотека appeared first on Република.
]]>