скопски улици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-ulici/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 06:57:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопски улици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-ulici/ 32 32 Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова и „Скопски улици“ од Васко Марковски почнува Фестивалот „Арт ареа/ Артерија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-promocija-na-romanot-estom-od-nikolina-andova-shopova-i-skopski-ulici-od-vasko-markovski-pochnuva-festivalot-art-area-arterija/ Fri, 09 Sep 2022 06:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=548895

Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова во 19 часот и книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски (20,30 часот) вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје почнува шестото издание на Фестивалот „Арт ареа/Артерија“ во организација на издавачката куќа „Бегемот“.

Мултимедијалниот Фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување ќе трае до 11 септември.

„Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство...“, велат од „Бегемот“.

И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење.

Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.

Целосната програма во продолжение:

(9–11 септември 2022)
Кафе-книжарница „Буква“

Изложба на фотографии: „Discrepancity“, Божин Трпевски

09.09

19:00 Промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова („Или-или“, 2022); промотор Владимир Јанковски

20:30 Промоција на книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски („Бегемот“, 2022); промотор Ѓоко Здравески

21.30 Марсо ќе пушта музика

10.09

19:00 Панел дискусија (организатор издавачка куќа „Сказнувалка“)

Предизвикот на културолошкиот контекст во преведувањето книжевност за деца и млади
Положбата на книжевниот преведувач во македонското општество

Учесници: Милан Дамјаноски (модератор); Катерина Сотирова (книжевен преведувач); Александра Јуруковска (книжевен критичар); Искра Димковска (уредник)

20:30 Промоција на книгата „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ („Бегемот“, 2021); промотор Иван Шопов, Бојан Бабиќ (автор)

21.30 Џез концерт – Букршлиев/Теодосиев/Мирческа

11.09

19:00 Дискусија: Редефинирање на (не)зависната театарска сцена

20:30 Промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски („Бегемот“, 2022), промотор Душко Крстевски

21:30 Театарски перформанс – монодрама „Срам“ (aвторка и изведувачка: Ангела Стојановска)

Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.

The post Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова и „Скопски улици“ од Васко Марковски почнува Фестивалот „Арт ареа/ Артерија“ appeared first on Република.

]]>

Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова во 19 часот и книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски (20,30 часот) вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје почнува шестото издание на Фестивалот „Арт ареа/Артерија“ во организација на издавачката куќа „Бегемот“. Мултимедијалниот Фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување ќе трае до 11 септември.
„Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство...“, велат од „Бегемот“.
И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење. Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма. Целосната програма во продолжение: (9–11 септември 2022) Кафе-книжарница „Буква“ Изложба на фотографии: „Discrepancity“, Божин Трпевски 09.09 19:00 Промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова („Или-или“, 2022); промотор Владимир Јанковски 20:30 Промоција на книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски („Бегемот“, 2022); промотор Ѓоко Здравески 21.30 Марсо ќе пушта музика 10.09 19:00 Панел дискусија (организатор издавачка куќа „Сказнувалка“) Предизвикот на културолошкиот контекст во преведувањето книжевност за деца и млади Положбата на книжевниот преведувач во македонското општество Учесници: Милан Дамјаноски (модератор); Катерина Сотирова (книжевен преведувач); Александра Јуруковска (книжевен критичар); Искра Димковска (уредник) 20:30 Промоција на книгата „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ („Бегемот“, 2021); промотор Иван Шопов, Бојан Бабиќ (автор) 21.30 Џез концерт – Букршлиев/Теодосиев/Мирческа 11.09 19:00 Дискусија: Редефинирање на (не)зависната театарска сцена 20:30 Промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски („Бегемот“, 2022), промотор Душко Крстевски 21:30 Театарски перформанс – монодрама „Срам“ (aвторка и изведувачка: Ангела Стојановска) Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.

The post Со промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова и „Скопски улици“ од Васко Марковски почнува Фестивалот „Арт ареа/ Артерија“ appeared first on Република.

]]>