Скопски моден фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-moden-festival/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 11:18:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопски моден фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-moden-festival/ 32 32 Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумоски во промотивното видео кое ја најаува четвртата сезона на Скопскиот моден Фестивал https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/sergej-varoshlija-monika-tsrnokrak-ivan-naumoski-vo-promotivnoto-video-koe-ja-najauva-chetvrtata-sezona-na-skopskiot-moden-festival/ Mon, 25 Mar 2024 11:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=758498

Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска се појавуваат во промотивно видео кое го најавува четвртото издание на Скопски моден фестивал (Skopje Fashion Festival) кој е поддржан од Државна Лотарија.

Културно-забавната манифестација од 3 до 6 април ќе се одржи во трговскиот центар „Дајмонд мол“, a ќе биде во знакот на одбележувањето два големи јубилеи на познати брендови од домашната сцена, како и гостувања на повеќе реномирани балкански дизајнери, кои премиерно учестуваат во рамки на четиридневната официјална програма на настанот.

„Среќата е насекаде!“ е слоганот на ова издание на Скопскиот моден фестивал каде што во четири дена, публиката ќе има прилика да проследи оригинален спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, шоу настапи на познати ѕвезди, како и гала вечер со драмски призвук за свечено отворање на настанот, под закрила на маркетинг агенцијата и продукција MAX Management Agency.

Фестивалот го отвора македонската дизајнерка Ивана Кнез, која со јубилејната ревија „Viva La Drama“, тајно подготвува вистинско шок искуство за присутните гости, а со кое ќе ги кулминира петнаесетте години од нејзиното „драматично постоење“ на нашата модна сцена. Затворањето на фестивалот, пак, резервирано е за прослава на уште еден голем јубилеј, овојпат на најпознатиот домашен бренд за интимна облека Sara Fashion, кои ќе ги обележат дваесет и петте успешни години, со возбудливо шоу кое ќе изнуди воздишки на многубројните посетители, подеднакво со моделите на пистата и со забавата на подиумот, каде како специјални музички гости ќе настапат членовите на музичката група The Blackberries Band, најавува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Организаторот најавува со црвен килим по холивудски терк, на кој се очекува да зачекорат претставници на дипломатскиот кор и бизнис заедницата, истакнати поединци од културната сцена, акредитирани новинари, фотографи и уметници, како и познати имиња од светот на модата и забавата како ВИП посетители.

Автори на видеото се дуото Генц Халими и Амел Амед, уметнички режисер и сценограф е артистот Бојан Ковски, а како продуцент на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, извршен директор на Скопски моден фестивал. Двете впечатливи женски креации се изработки на дизајнерките Блерта Османи и Ивана Кнез, третиот изглед е шик комбинација од брендот Sara Fashion, а дел од машката постава носи костуми од Altinyildiz Classics и AC&co. Блескавиот и гламурозен накит е од Ador, додека чевлите и чантите се од Marabella.
Кампањата е снимена во луксузниот ентериер на хотелот Limak во Скопје. За шминката е заслужна визажистката Неше Салих, а за фризурите се погрижи студиото Social Hair Salon.

https://youtu.be/5N6JBLXfqGk?si=Fy3PFDXmGp7qH1mW

 

The post Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумоски во промотивното видео кое ја најаува четвртата сезона на Скопскиот моден Фестивал appeared first on Република.

]]>

Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумовски, Калтрина Круезиу, Октај Сејди и Сара Дамчевска се појавуваат во промотивно видео кое го најавува четвртото издание на Скопски моден фестивал (Skopje Fashion Festival) кој е поддржан од Државна Лотарија. Културно-забавната манифестација од 3 до 6 април ќе се одржи во трговскиот центар „Дајмонд мол“, a ќе биде во знакот на одбележувањето два големи јубилеи на познати брендови од домашната сцена, како и гостувања на повеќе реномирани балкански дизајнери, кои премиерно учестуваат во рамки на четиридневната официјална програма на настанот. „Среќата е насекаде!“ е слоганот на ова издание на Скопскиот моден фестивал каде што во четири дена, публиката ќе има прилика да проследи оригинален спој на модни ревии и уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби, шоу настапи на познати ѕвезди, како и гала вечер со драмски призвук за свечено отворање на настанот, под закрила на маркетинг агенцијата и продукција MAX Management Agency.
Фестивалот го отвора македонската дизајнерка Ивана Кнез, која со јубилејната ревија „Viva La Drama“, тајно подготвува вистинско шок искуство за присутните гости, а со кое ќе ги кулминира петнаесетте години од нејзиното „драматично постоење“ на нашата модна сцена. Затворањето на фестивалот, пак, резервирано е за прослава на уште еден голем јубилеј, овојпат на најпознатиот домашен бренд за интимна облека Sara Fashion, кои ќе ги обележат дваесет и петте успешни години, со возбудливо шоу кое ќе изнуди воздишки на многубројните посетители, подеднакво со моделите на пистата и со забавата на подиумот, каде како специјални музички гости ќе настапат членовите на музичката група The Blackberries Band, најавува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.
Организаторот најавува со црвен килим по холивудски терк, на кој се очекува да зачекорат претставници на дипломатскиот кор и бизнис заедницата, истакнати поединци од културната сцена, акредитирани новинари, фотографи и уметници, како и познати имиња од светот на модата и забавата како ВИП посетители. Автори на видеото се дуото Генц Халими и Амел Амед, уметнички режисер и сценограф е артистот Бојан Ковски, а како продуцент на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, извршен директор на Скопски моден фестивал. Двете впечатливи женски креации се изработки на дизајнерките Блерта Османи и Ивана Кнез, третиот изглед е шик комбинација од брендот Sara Fashion, а дел од машката постава носи костуми од Altinyildiz Classics и AC&co. Блескавиот и гламурозен накит е од Ador, додека чевлите и чантите се од Marabella. Кампањата е снимена во луксузниот ентериер на хотелот Limak во Скопје. За шминката е заслужна визажистката Неше Салих, а за фризурите се погрижи студиото Social Hair Salon. https://youtu.be/5N6JBLXfqGk?si=Fy3PFDXmGp7qH1mW  

The post Сергеј Варошлија, Моника Црнокрак, Иван Наумоски во промотивното видео кое ја најаува четвртата сезона на Скопскиот моден Фестивал appeared first on Република.

]]>
Познати македонски и балкански дизајнери учествуваа на Скопскиот моден фестивал https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/poznati-makedonski-i-balkanski-dizajneri-uchestvuvaa-na-skopskiot-moden-festival/ Mon, 02 Oct 2023 15:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=687178

Познати македонски и балкански дизјанери учестуваа на Скопскиот моден фестивал кој заврши викендов, а се организираше во партнерство со Државна Лотарија.

Скопски моден фестивал официјално започна со атрактивно модно шоу на Елена Лука, како специјална гостинка за свеченото отварање, а пред бројната публика на настанот прикажа врвен „моден коктел“ од уникатни дизајнерски парчиња од повеќе нејзини препознатливи колекции и линии што оставиле силен моден печат.

На големата сцена премиерно ја лансираше деби колекцијата новиот бренд СЕРБЕЗ, креиран од тим инспириран од жените кои твореле и го менувале светот и „сербезлукот“ на жената како слободно, силно и самостојно битие.

Пред македонската јавност одново се претстави и познатата косовска дизајнерка YLLKA BRADA, овојпат со унисекс колекцијата „UNITY: F/W 23“.

Премиерно учество на фестивалот имаше и модната куќа BIANKA SPOSA, oснована од визионерската дизајнерка Салије Муладаути. Новата колекција докажа дека нивната уметност се протега и надвор од невестинската мода, влегувајќи во царството на ноќните свечени фустани кои зрачат со софистицираност и привлечност.

По успешната презентација на Feeric Fashion Week во Сибиу, Романија, за првпат на домашно тло блесна групата од единаесет надежни и перспективни млади дизајнерки: Оја Осман, Луна Аврамовска, Есра Фазлији, Сара Саид, Христина Ѓорѓиева, Берна Ахмед. Ебру Калинка, Хава Јахја, Маригона Рахмани, Суреја Јакупи и Ринеса Ахмети, студенти од прва и втора година на студиската програма за моден дизајн, при Фактултетот за Уметност и Дизајн на Универзитетот INTERNATIONAL BALKAN UNIVERSITY.

Студентите од прва година редизајнираа стара облека, давајќи ѝ нов живот, како не би постанала дел од текстилните депонии. Студентите од втора година се инспирираа од формите и феномените на природата, изнаоѓајќи начини да ја инкорпорираат и интерпретираат природата преку нивната работа.“, истакнаа претставниците на Меѓународниот балкански универзитет.

Бура од аплаузи на третата фестивалска вечер предизвика Ивана Кнез, која по пет години ревиска пауза, се врати како само таа умее под рефлекторите на големата сцена, докажувајќи зошто епитетот „драма“ совршено прилега на нејзиното име.

Белата ноќ во метрополата, специјално за љубителите на машката мода, ја збогатија два комплетно различни дизајнери од Србија. DJORDJE BASCAREVIC и колекцијата со назив „Off the season“ за 2024 година, донесе еклектичен микс на референци, силуети и стил.

За првпат во нашата земја со брендот MARTINI VESTO BY BOSKO гостуваше и легендарниот српски водител, долгогодишен модел и наградуван моден дизајнер БОШКО ЈАКОВЉЕВИЌ, чија колекција го отсликува поривот на неговата креативна работа, да се отфрли стереотипот дека машките одела се наменети само за формални прилики, повикувајќи се нивната приспособливост и шарм.

Финалето на третата сезона на Skopje Fashion Festival го означи брендот LA MAISON CECE T., понудувајќи целосно поинаква естетика од претходното учество на манифестацијата, што е и очекувано од дизајнерката СВЕТЛАНА ТРПЕВСКА, бидејќи нејзините колекции се секогаш различни и непредвидливи, а последната уште еден нов предизвик, со доминација на златната и црната боја, како и впечатливи кожени детали.

Фотографиите се дело на Бојан Стоилковски и Џоле Миловски.

 

The post Познати македонски и балкански дизајнери учествуваа на Скопскиот моден фестивал appeared first on Република.

]]>

Познати македонски и балкански дизјанери учестуваа на Скопскиот моден фестивал кој заврши викендов, а се организираше во партнерство со Државна Лотарија. Скопски моден фестивал официјално започна со атрактивно модно шоу на Елена Лука, како специјална гостинка за свеченото отварање, а пред бројната публика на настанот прикажа врвен „моден коктел“ од уникатни дизајнерски парчиња од повеќе нејзини препознатливи колекции и линии што оставиле силен моден печат. На големата сцена премиерно ја лансираше деби колекцијата новиот бренд СЕРБЕЗ, креиран од тим инспириран од жените кои твореле и го менувале светот и „сербезлукот“ на жената како слободно, силно и самостојно битие. Пред македонската јавност одново се претстави и познатата косовска дизајнерка YLLKA BRADA, овојпат со унисекс колекцијата „UNITY: F/W 23“. Премиерно учество на фестивалот имаше и модната куќа BIANKA SPOSA, oснована од визионерската дизајнерка Салије Муладаути. Новата колекција докажа дека нивната уметност се протега и надвор од невестинската мода, влегувајќи во царството на ноќните свечени фустани кои зрачат со софистицираност и привлечност. По успешната презентација на Feeric Fashion Week во Сибиу, Романија, за првпат на домашно тло блесна групата од единаесет надежни и перспективни млади дизајнерки: Оја Осман, Луна Аврамовска, Есра Фазлији, Сара Саид, Христина Ѓорѓиева, Берна Ахмед. Ебру Калинка, Хава Јахја, Маригона Рахмани, Суреја Јакупи и Ринеса Ахмети, студенти од прва и втора година на студиската програма за моден дизајн, при Фактултетот за Уметност и Дизајн на Универзитетот INTERNATIONAL BALKAN UNIVERSITY.
Студентите од прва година редизајнираа стара облека, давајќи ѝ нов живот, како не би постанала дел од текстилните депонии. Студентите од втора година се инспирираа од формите и феномените на природата, изнаоѓајќи начини да ја инкорпорираат и интерпретираат природата преку нивната работа.“, истакнаа претставниците на Меѓународниот балкански универзитет.
Бура од аплаузи на третата фестивалска вечер предизвика Ивана Кнез, која по пет години ревиска пауза, се врати како само таа умее под рефлекторите на големата сцена, докажувајќи зошто епитетот „драма“ совршено прилега на нејзиното име. Белата ноќ во метрополата, специјално за љубителите на машката мода, ја збогатија два комплетно различни дизајнери од Србија. DJORDJE BASCAREVIC и колекцијата со назив „Off the season“ за 2024 година, донесе еклектичен микс на референци, силуети и стил. За првпат во нашата земја со брендот MARTINI VESTO BY BOSKO гостуваше и легендарниот српски водител, долгогодишен модел и наградуван моден дизајнер БОШКО ЈАКОВЉЕВИЌ, чија колекција го отсликува поривот на неговата креативна работа, да се отфрли стереотипот дека машките одела се наменети само за формални прилики, повикувајќи се нивната приспособливост и шарм. Финалето на третата сезона на Skopje Fashion Festival го означи брендот LA MAISON CECE T., понудувајќи целосно поинаква естетика од претходното учество на манифестацијата, што е и очекувано од дизајнерката СВЕТЛАНА ТРПЕВСКА, бидејќи нејзините колекции се секогаш различни и непредвидливи, а последната уште еден нов предизвик, со доминација на златната и црната боја, како и впечатливи кожени детали. Фотографиите се дело на Бојан Стоилковски и Џоле Миловски.  

The post Познати македонски и балкански дизајнери учествуваа на Скопскиот моден фестивал appeared first on Република.

]]>
Ново издание на Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/novo-izdanie-na-skopski-moden-festival-od-28-do-30-septemvri/ Mon, 18 Sep 2023 11:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=682864

Третото издание на Скопски моден фестивал ќе се одржи од 28 до 30 септември на нова локација – центарот за настани PURE Night Club во Градскиот парк. Посетителите и гостите ќе може да ги видат последните колекции и дизајнерски новини на официјалната ревиска програма која што ќе се одвива во четврток, петок и сабота од 18:30 до 22:30 часот.

Трите заштитни лица на третата сезона се интернационалните модели Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска од Моделс Ин. Организаторите изработија најавно видео и едиторијални фотографии, инспирирани од среќната лото тројка и боите на ноќта, во соработка со дуото Frozen Time Drops. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска. Извршен продуцент е Милан Атанасов, креативен директор на фестивалот.

Девојките носат комбинации на ексклузивни креации од познати и еминентни имиња на нашата модна сцена:Билјана Каран,Ивана Кнез, KTN, La Maison Cece T. и Христијан Младеновски. Кошулите, од друга страна, го навестуваат пристигнувањето на брендот Сербез, чија деби колекција премиерно ќе се лансира и внесе освежување на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија.

По година и половина од првото издание, односно две одржани сезони, Скопски моден фестивал може да се пофали со бројка на учесници од над 40 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 100 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 15.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот.

https://youtu.be/aDtdwCvZ_W0?si=WWPEsDXnCfGDowlh

The post Ново издание на Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември appeared first on Република.

]]>

Третото издание на Скопски моден фестивал ќе се одржи од 28 до 30 септември на нова локација – центарот за настани PURE Night Club во Градскиот парк. Посетителите и гостите ќе може да ги видат последните колекции и дизајнерски новини на официјалната ревиска програма која што ќе се одвива во четврток, петок и сабота од 18:30 до 22:30 часот. Трите заштитни лица на третата сезона се интернационалните модели Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска од Моделс Ин. Организаторите изработија најавно видео и едиторијални фотографии, инспирирани од среќната лото тројка и боите на ноќта, во соработка со дуото Frozen Time Drops. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска. Извршен продуцент е Милан Атанасов, креативен директор на фестивалот. Девојките носат комбинации на ексклузивни креации од познати и еминентни имиња на нашата модна сцена:Билјана Каран,Ивана Кнез, KTN, La Maison Cece T. и Христијан Младеновски. Кошулите, од друга страна, го навестуваат пристигнувањето на брендот Сербез, чија деби колекција премиерно ќе се лансира и внесе освежување на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. По година и половина од првото издание, односно две одржани сезони, Скопски моден фестивал може да се пофали со бројка на учесници од над 40 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 100 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 15.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот. https://youtu.be/aDtdwCvZ_W0?si=WWPEsDXnCfGDowlh

The post Ново издание на Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември appeared first on Република.

]]>
Домашни и странски дизајнери на првото издание на Скопски моден фестивал https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/domashni-i-stranski-dizajneri-na-prvoto-izdanie-na-skopski-moden-festival/ Wed, 09 Mar 2022 15:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=470208

Оригинални приказни од познати домашни и странски дизајнери беа претставении на првото издание на Скопскиот моден фестивал кој започна со тридневна ревијална програма во трговскиот центар Скопје Сити Мол во петокот. Цел месец учесниците на манифестацијата од ќе ги промовираат и продаваат колекциите за претстојната сезона.

Првиот моден фестивал се одржуваше под слоганот „The Future was Present“.

Честа да ја отвори првата сезона на настанот му припадна на сестринското трио Ангелина, Ива и Сандра Китановски. Новата колекција на КТН го носи името „Тилери“. Ода кон Катарина Медичи, креаторката на оваа градина инспирирана од нејзината родна Фиренца, со бои позајмени од најубавите цвеќиња и материјал налик свилено ткаење коишто ја следат линијата на Парижанката – колекцијата „Тилери“ на КТН создаде вистински имиџ дополнет со практичната тоте торба.

Како дебитанти на Скопски моден фестивал се запишаа и три студентки на престижната косовска Akademia Evolucion од Приштина, претставувајќи ги капсулните колекции „Trompe L’oeil”, „Preserved the beauty” и „Kompsotita”.

Заедничкиот настап на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска и Теја Јеглиќ од Словенија, направи баланс помеѓу гламурот и одржливата страна на модата. Растенија, архитектура и град што се трансформира, традиционална форма и сосема нов правец, конзерваториум и канцелариски простор- симболично за влијанието на Амазон врз Сиетл e нивната инспирација за колекцијата „INSIDE“, сочинета од безвременски парчиња облека и чанти. Колекцијата ја карактеризираат острите и органските линии, изборот на материјал и рачната изработка.

Познатата грчка дизајнерка со интернационално реноме Стела Папакоста направи хаос со ревијата на брендот STL Studios. Колекцијата „CHAOS 95“ е дефинирана со црвениот елемент и геометриските дезени, препоставувајќи го дизајнот и вниманието на деталите, со акцент на кроењето и еклектична употреба на материјали и наменски изработени ткаенини.

Огромно внимание меѓу присутните гости и на социјалните мрежи предизвика и колекцијата „Сестри“ со потпис на дизајнерката Сара Реџиќ, чија желба е да го спои и она што наизглед е неспоиво. Нејзиниот бренд Sari Gi десет години создава уникатни и необични креации, обединувајќи ги традиционалното и модерното во исто време. Употребува рачно изработени парчиња и на тој начин ги спасува од заборав. Колекцијата „Сестри“ е една современа бајка инспирирана од секојдневните убавини на животот. Наменета е за жени кои го сакаат шаренилото и за сите модерни самовили.

Спортскиот бренд Superstacy доаѓа од Турција, има свое македонско претставништво и е најпродаван на нашиот пазар во споредба со другите држави.

Кралицата на модните изненадувања Стефанија Насеска прослави десет години од првата одржана ревија на истоимениот бренд, со перформанс за колекцијата „The Great“ на Скопски моден фестивал. Претставува стилски восхит кон ликот и приказ на космополитски залагања и погледи на Големиот Александар кон светот, а поради јубилејната десетка во оваа колекција има елементи од секоја претходна. Различноста и шаренилото на материјалите се инспирирани од античките мозаици. Како детали се среќаваат лавот и сонцето, а исто така преовладува белата боја, како и мноштво други заштитни симболи на македонското кралско семејство.

Албанската дизајнерка Катерина Зото, пак, на сцената ја оживеа имагинацијата за љубовна двојка која го танцува својот валцер на среќата во сала полна со свеќи. Колекција е романтична и сонлива и може да се наследи низ различни генерации, бидејќи нема времеска одредница.

Ревијалнот дел на првата сезона го затвори гламурозната ревија на Емили Пишева Гоџирова, односно македонскиот бренд за висока мода Emili Exclusive Design. Елегантните и уникатни креации ја слават брилијантната женственост, нагласувајќи ја убавината и силуетата на жените.

Вториот дел од програмата на Скопски моден фестивал е тринеделниот изложбено-продажен салон на приземјето во трговскиот центар, каде ексклузивно можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници, на кои им се придружија дизајнерките Моника Димова и Мирјана Јосифоска, како и брендовите Minnimal, La Dama и MNML by Nana. Oд почетокот на оваа седмица па сè до 27 март, шоурумот на Скопски моден фестивал ќе биде отворен за сите посетители на трговскиот центар, но и специјални гости од светот на уметноста и музиката, кои дополнително ќе ја прослават новата модна пролет во градот.

 

The post Домашни и странски дизајнери на првото издание на Скопски моден фестивал appeared first on Република.

]]>

Оригинални приказни од познати домашни и странски дизајнери беа претставении на првото издание на Скопскиот моден фестивал кој започна со тридневна ревијална програма во трговскиот центар Скопје Сити Мол во петокот. Цел месец учесниците на манифестацијата од ќе ги промовираат и продаваат колекциите за претстојната сезона. Првиот моден фестивал се одржуваше под слоганот „The Future was Present“. Честа да ја отвори првата сезона на настанот му припадна на сестринското трио Ангелина, Ива и Сандра Китановски. Новата колекција на КТН го носи името „Тилери“. Ода кон Катарина Медичи, креаторката на оваа градина инспирирана од нејзината родна Фиренца, со бои позајмени од најубавите цвеќиња и материјал налик свилено ткаење коишто ја следат линијата на Парижанката – колекцијата „Тилери“ на КТН создаде вистински имиџ дополнет со практичната тоте торба. Како дебитанти на Скопски моден фестивал се запишаа и три студентки на престижната косовска Akademia Evolucion од Приштина, претставувајќи ги капсулните колекции „Trompe L’oeil”, „Preserved the beauty” и „Kompsotita”. Заедничкиот настап на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска и Теја Јеглиќ од Словенија, направи баланс помеѓу гламурот и одржливата страна на модата. Растенија, архитектура и град што се трансформира, традиционална форма и сосема нов правец, конзерваториум и канцелариски простор- симболично за влијанието на Амазон врз Сиетл e нивната инспирација за колекцијата „INSIDE“, сочинета од безвременски парчиња облека и чанти. Колекцијата ја карактеризираат острите и органските линии, изборот на материјал и рачната изработка. Познатата грчка дизајнерка со интернационално реноме Стела Папакоста направи хаос со ревијата на брендот STL Studios. Колекцијата „CHAOS 95“ е дефинирана со црвениот елемент и геометриските дезени, препоставувајќи го дизајнот и вниманието на деталите, со акцент на кроењето и еклектична употреба на материјали и наменски изработени ткаенини. Огромно внимание меѓу присутните гости и на социјалните мрежи предизвика и колекцијата „Сестри“ со потпис на дизајнерката Сара Реџиќ, чија желба е да го спои и она што наизглед е неспоиво. Нејзиниот бренд Sari Gi десет години создава уникатни и необични креации, обединувајќи ги традиционалното и модерното во исто време. Употребува рачно изработени парчиња и на тој начин ги спасува од заборав. Колекцијата „Сестри“ е една современа бајка инспирирана од секојдневните убавини на животот. Наменета е за жени кои го сакаат шаренилото и за сите модерни самовили. Спортскиот бренд Superstacy доаѓа од Турција, има свое македонско претставништво и е најпродаван на нашиот пазар во споредба со другите држави. Кралицата на модните изненадувања Стефанија Насеска прослави десет години од првата одржана ревија на истоимениот бренд, со перформанс за колекцијата „The Great“ на Скопски моден фестивал. Претставува стилски восхит кон ликот и приказ на космополитски залагања и погледи на Големиот Александар кон светот, а поради јубилејната десетка во оваа колекција има елементи од секоја претходна. Различноста и шаренилото на материјалите се инспирирани од античките мозаици. Како детали се среќаваат лавот и сонцето, а исто така преовладува белата боја, како и мноштво други заштитни симболи на македонското кралско семејство. Албанската дизајнерка Катерина Зото, пак, на сцената ја оживеа имагинацијата за љубовна двојка која го танцува својот валцер на среќата во сала полна со свеќи. Колекција е романтична и сонлива и може да се наследи низ различни генерации, бидејќи нема времеска одредница. Ревијалнот дел на првата сезона го затвори гламурозната ревија на Емили Пишева Гоџирова, односно македонскиот бренд за висока мода Emili Exclusive Design. Елегантните и уникатни креации ја слават брилијантната женственост, нагласувајќи ја убавината и силуетата на жените. Вториот дел од програмата на Скопски моден фестивал е тринеделниот изложбено-продажен салон на приземјето во трговскиот центар, каде ексклузивно можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници, на кои им се придружија дизајнерките Моника Димова и Мирјана Јосифоска, како и брендовите Minnimal, La Dama и MNML by Nana. Oд почетокот на оваа седмица па сè до 27 март, шоурумот на Скопски моден фестивал ќе биде отворен за сите посетители на трговскиот центар, но и специјални гости од светот на уметноста и музиката, кои дополнително ќе ја прослават новата модна пролет во градот.  

The post Домашни и странски дизајнери на првото издание на Скопски моден фестивал appeared first on Република.

]]>
Онлајн образование… https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/onlajn-obrazovanie/ Sun, 06 Mar 2022 15:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=468552

На вчерашнатa модна ревија од Скопскиот моден фестивал, манекенките кои ги носеа креациите од македонската модна дизајнерка Сара Реџиќ, носеа и листови на кои беа испишани антивоени пораки. На еден од нив наместо „мир“ (peace) беше побарано „парче“ (piece).

The post Онлајн образование… appeared first on Република.

]]>

На вчерашнатa модна ревија од Скопскиот моден фестивал, манекенките кои ги носеа креациите од македонската модна дизајнерка Сара Реџиќ, носеа и листови на кои беа испишани антивоени пораки. На еден од нив наместо „мир“ (peace) беше побарано „парче“ (piece).

The post Онлајн образование… appeared first on Република.

]]>
Почнува првата сезона на Скопски моден фестивал во Сити мол https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/pochnuva-prvata-sezona-na-skopski-moden-festival-vo-siti-mol/ Fri, 04 Mar 2022 10:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=467659

Од денеска до 27 април во трговскиот центар Скопје сити мол ќе се одвива првата сезона на Скопски моден фестивал. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата.

Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници.

Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник) во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници.

Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово).

Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часот во Скопје Сити Мол.

The post Почнува првата сезона на Скопски моден фестивал во Сити мол appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 27 април во трговскиот центар Скопје сити мол ќе се одвива првата сезона на Скопски моден фестивал. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата. Богатата програма на настанот е поделена во два посебни дела и брои над дваесет македонски и интернационални учесници. Првиот викенд од март е резервиран за сценски спектакл со модни ревии и шоуа кои се закажани на 04.03 (петок), 05.03 (сабота) и 06.03 (недела) од 19 до 22 часот на првиот кат од Скопје Сити Мол. Ден подоцна, на 07.03 (понеделник) во 19 часот свечено ќе се отвори и тринеделниот изложбено-продажен салон во трговскиот центар, каде ексклузивно ќе можат да се погледнат и купат креациите на мнозинството фестивалски учесници. Познати имиња како Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, Емили Пишева Гоџирова, Моника Димова, Сара Реџиќ и Мирјана Јосифоска, односно брендовите KTN, Minnimal, Bella, Superstacy, La Dama, Minimal by Nana и SIGMA Jewelry ќе се запишат како првите учесници на Скопски моден фестивал, заедно со странските гости: STL Studios (Грција), Teja Jeglich (Словенија), Katerina Zoto (Албанија) и престижната школа Akademia Evolucion (Косово). Специјално претставување во рамки на манифестацијата ќе имаат и уметниците Бојан Ковски и Методија Јованов - Excellent Kitsch, додека премиерните чекори на модната писта ќе ги направи и сосема нова генерација на модели од сите домашни агенции. Првата сезона на настанот е под слоганот „The Future was Present”, а официјално ќе започне со гала вечер во петок од 19 часот во Скопје Сити Мол.

The post Почнува првата сезона на Скопски моден фестивал во Сити мол appeared first on Република.

]]>
Првпат во Скопје ќе се одржи моден фестивал во март https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/prvpat-vo-skopje-kje-se-odrzi-moden-festival-vo-mart/ Thu, 20 Jan 2022 07:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=446889

Во март ќе се одржи првиот скопски моден фестивал, најголема модна манифестација во
македонската метропола, најавува организаторот. Наспроти класичните недели и викенди, фестивалските активности ќе се одвиваат во текот на еден цел месец, паралелно со случувањата во познатите светски центри.

Скопски моден фестивал е нова забавна манифестација за сите љубители на дизајнот, културата и уметноста, која на едно место ќе ги обедини сите еминентни дејци од креативната индустрија, а истовремено ќе им даде простор и на младите таленти да ги промовираат своите дела, велат од организацијата.

Првата сезона на настанот ќе се одржи во текот на месец март под слоганот „The Future was Present”, со модни ревии и перформанси, ексклузивен продажен шоурум, дигитални проекции и изложби, богата музичка програма и гала вечер со црвен килим за свеченото отварање.

Целта на фестивалот е да биде прослава на модата во сите можни форми, доближувајќи ја до што поголема бројка на публика. Промоцијата на креациите не завршува со моделските чекори на писта или едноминутното видео на социјалните мрежи. Низ серија од активности ќе поттикнеме масивен одѕив во јавноста, за да тие финално стигнат до потенцијалните купувачи и модни вљубеници, истакнуваат организаторите на манифестацијата.

Заштитни лица на првата сезона се трите сестри Ангелина, Ива и Сандра Китановски. Видеото за фестивалот го сними Филип Пашоски.

Во модното видео и едиторијал со југоносталгичен дух и футуристички мотиви, застапени се креации од последните колекции на Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, KTN, Мирјана Јосифоска и La Dama. Како стилист на кампањата се потпишува Веселинка Паневска, додека автори на фотографите се Филип Пашоски и Сони Романов. Уметнички директор и извршен продуцент на настанот е Милан Атанасов.

Минатото и иднината се две сеприсутни димензии во светот на модата. Во најавното видео за првата сезона, тие се испреплетуваат низ визуелната игра со контрасти и проекции, но и безвременските парчиња кои совршено се вклопуваат во тематската приказна. Ме радува фактот што целата кампања наиде на позитивен одек уште за време на снимањето, а особено големиот интерес меѓу дизајнерите, како од земјата, така и од странство, своите нови колекции да ги претстават на фестивалот, вели продуцентот Атанасов.

https://youtu.be/tzVJxu7B4rs

 

The post Првпат во Скопје ќе се одржи моден фестивал во март appeared first on Република.

]]>

Во март ќе се одржи првиот скопски моден фестивал, најголема модна манифестација во македонската метропола, најавува организаторот. Наспроти класичните недели и викенди, фестивалските активности ќе се одвиваат во текот на еден цел месец, паралелно со случувањата во познатите светски центри.
Скопски моден фестивал е нова забавна манифестација за сите љубители на дизајнот, културата и уметноста, која на едно место ќе ги обедини сите еминентни дејци од креативната индустрија, а истовремено ќе им даде простор и на младите таленти да ги промовираат своите дела, велат од организацијата.
Првата сезона на настанот ќе се одржи во текот на месец март под слоганот „The Future was Present”, со модни ревии и перформанси, ексклузивен продажен шоурум, дигитални проекции и изложби, богата музичка програма и гала вечер со црвен килим за свеченото отварање.
Целта на фестивалот е да биде прослава на модата во сите можни форми, доближувајќи ја до што поголема бројка на публика. Промоцијата на креациите не завршува со моделските чекори на писта или едноминутното видео на социјалните мрежи. Низ серија од активности ќе поттикнеме масивен одѕив во јавноста, за да тие финално стигнат до потенцијалните купувачи и модни вљубеници, истакнуваат организаторите на манифестацијата.
Заштитни лица на првата сезона се трите сестри Ангелина, Ива и Сандра Китановски. Видеото за фестивалот го сними Филип Пашоски. Во модното видео и едиторијал со југоносталгичен дух и футуристички мотиви, застапени се креации од последните колекции на Евгенија Зафировска, Стефанија Насеска, KTN, Мирјана Јосифоска и La Dama. Како стилист на кампањата се потпишува Веселинка Паневска, додека автори на фотографите се Филип Пашоски и Сони Романов. Уметнички директор и извршен продуцент на настанот е Милан Атанасов.
Минатото и иднината се две сеприсутни димензии во светот на модата. Во најавното видео за првата сезона, тие се испреплетуваат низ визуелната игра со контрасти и проекции, но и безвременските парчиња кои совршено се вклопуваат во тематската приказна. Ме радува фактот што целата кампања наиде на позитивен одек уште за време на снимањето, а особено големиот интерес меѓу дизајнерите, како од земјата, така и од странство, своите нови колекции да ги претстават на фестивалот, вели продуцентот Атанасов.
https://youtu.be/tzVJxu7B4rs  

The post Првпат во Скопје ќе се одржи моден фестивал во март appeared first on Република.

]]>