Скопски маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-maraton/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 11:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопски маратон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-maraton/ 32 32 И актерите од МНТ трчаа маратон https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-akterite-od-mnt-trchaa-maraton/ Sun, 06 Oct 2024 11:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=823415

И Македонскиот народен театар учествуваше на денешниот XX Виз Ер (Watch Wizz Air) Скопски маратон. Утрово стартуваа актерите Гораст Цветковски, Благој Веселинов, Нина Николиќ и Александар Михајловски.

Гораст Цветковски во свој стил

The post И актерите од МНТ трчаа маратон appeared first on Република.

]]>

И Македонскиот народен театар учествуваше на денешниот XX Виз Ер (Watch Wizz Air) Скопски маратон. Утрово стартуваа актерите Гораст Цветковски, Благој Веселинов, Нина Николиќ и Александар Михајловски. Гораст Цветковски во свој стил

The post И актерите од МНТ трчаа маратон appeared first on Република.

]]>
Заврши Скопски маратон – министерот за спорт ги врачи медалите на најуспешните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zavrshi-skopski-maraton-ministerot-za-sport-gi-vrachi-medalite-na-najuspeshnite/ Sun, 06 Oct 2024 11:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=823410

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20.издание на Скопскиот маратон, упатувајќи честитки за сите учесници на маратонот за нивната издржливост и посветеност. Министерството за спорт е главен покровител на оваа најголема атлетска манифестација кај нас.

-Скопскиот маратон и оваа година покажа дека Македонија е подготвена да организира спортски настани од светски размери. Горд сум што Министерството за спорт е главен покровител на оваа атлетска манифестација која го става Скопје и Македонија на светската маратонска мапа. Ние како Министерство за спорт секогаш ќе бидеме поддршка за ваквите настани кои негуваат вистински спортски вредности, градат традиција и носат промоција на нашата Македонија во светот, истакна министерот Ристовски.

Тој упати честитки до сите учесници на маратонот како и до организаторите и до сите што придонесоа денешната трка да мине во најдобар ред, нагласувајќи дека Скопскиот маратон е една од најзначајните спортски манисфестации која негува традиција и промовира вистински спортски вредности.

-Честитки до сите учесници, за вашата посветеност и напор. Вие сте вистински инспирација и пример дека преку спортот се градат не само здраво тело туку и заедница обединета во поддршката на заеднички цели. Честитки и благодарност и за организаторите, волонтерите и сите што помогнаа во реализацијата на овој голем спортски настан. Вашиот труд и ентузијазам направија овој маратон да биде успешен и сигурен за сите учесници и гледачи. Ова е уште една победа за спортот во Македонија, и се надевам дека ќе продолжиме да создаваме вакви можности за нашите спортисти и за заедницата. Спортот е мост што не спојува, а Скопскиот маратон е доказ за тоа, рече министерот Борко Ристовски.

На годинешниот јубилеен Виз Ер Скопски маратон настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Побединик на годинешната трка е Хилари Чемвоно од Кенија. Неговиот сонародник, Даниел Кипротич го освои второто место, а третата позиција му припадна на најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски.

Во женска конкуренција доминираше Кенијката Ирине Џеруто. Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова заврши на второто место, а трета беше Вивијан Џелагат од Кенија.

На полумаратонска трка доминираа натпреварувачите од Турција. Прв низ целта мина Џан Хусеин, второто место го освои Емектар Мурат, а трет беше Гедиклиоглу Абдурахман. Најдобар македонски натпреварувач на полумаратонската трка беше Иван Пешовски кој заврши на шестата позиција.

Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Милица Мирчева од Бугари. Греша Бакрачи од Албанија беше втора, а третата позиција ѝ припадна на Јулие Ларсен од Норвешка.

The post Заврши Скопски маратон – министерот за спорт ги врачи медалите на најуспешните appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20.издание на Скопскиот маратон, упатувајќи честитки за сите учесници на маратонот за нивната издржливост и посветеност. Министерството за спорт е главен покровител на оваа најголема атлетска манифестација кај нас.
-Скопскиот маратон и оваа година покажа дека Македонија е подготвена да организира спортски настани од светски размери. Горд сум што Министерството за спорт е главен покровител на оваа атлетска манифестација која го става Скопје и Македонија на светската маратонска мапа. Ние како Министерство за спорт секогаш ќе бидеме поддршка за ваквите настани кои негуваат вистински спортски вредности, градат традиција и носат промоција на нашата Македонија во светот, истакна министерот Ристовски.
Тој упати честитки до сите учесници на маратонот како и до организаторите и до сите што придонесоа денешната трка да мине во најдобар ред, нагласувајќи дека Скопскиот маратон е една од најзначајните спортски манисфестации која негува традиција и промовира вистински спортски вредности.
-Честитки до сите учесници, за вашата посветеност и напор. Вие сте вистински инспирација и пример дека преку спортот се градат не само здраво тело туку и заедница обединета во поддршката на заеднички цели. Честитки и благодарност и за организаторите, волонтерите и сите што помогнаа во реализацијата на овој голем спортски настан. Вашиот труд и ентузијазам направија овој маратон да биде успешен и сигурен за сите учесници и гледачи. Ова е уште една победа за спортот во Македонија, и се надевам дека ќе продолжиме да создаваме вакви можности за нашите спортисти и за заедницата. Спортот е мост што не спојува, а Скопскиот маратон е доказ за тоа, рече министерот Борко Ристовски.
На годинешниот јубилеен Виз Ер Скопски маратон настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Побединик на годинешната трка е Хилари Чемвоно од Кенија. Неговиот сонародник, Даниел Кипротич го освои второто место, а третата позиција му припадна на најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски. Во женска конкуренција доминираше Кенијката Ирине Џеруто. Најдобрата македонска маратонка Адријана Поп Арсова заврши на второто место, а трета беше Вивијан Џелагат од Кенија. На полумаратонска трка доминираа натпреварувачите од Турција. Прв низ целта мина Џан Хусеин, второто место го освои Емектар Мурат, а трет беше Гедиклиоглу Абдурахман. Најдобар македонски натпреварувач на полумаратонската трка беше Иван Пешовски кој заврши на шестата позиција. Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Милица Мирчева од Бугари. Греша Бакрачи од Албанија беше втора, а третата позиција ѝ припадна на Јулие Ларсен од Норвешка.

The post Заврши Скопски маратон – министерот за спорт ги врачи медалите на најуспешните appeared first on Република.

]]>
Кениецот Чемвено победник на 20. Виз Ер Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kenietsot-chemveno-pobednik-na-20-viz-er-skopski-maraton/ Sun, 06 Oct 2024 09:38:38 +0000 https://republika.mk/?p=823378

Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195 метри ја истрча за два часа 13 минути и 28 секунди.

Второто место го освои уште еден Кениец, Даниел Кипротич, кој на целта стигна со време 2:13:53.

Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:16:26 часа.

Чемвено е деветтиот победник од Кенија на Скопскиот маратон.

Во женската маратонска трка победи Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52, пред Македонката Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, додека трета е Вилијан Џелагат од Кенија со време

Резултати на најдобрите во двете конкуренции на полумаратонот (21 км):

Мажи:

1.Хусеин Чан (Турција) 1 час 5 минути и 54 секунди

2.Мурат Емектар (Турција) 1:06:40

3.Абдурахман Гедиклиоглу (Турција) 1:09:47

Жени:

1.Милица Мирчева (Бугарија) 1 час 15 минути и 49 секунди

2.Греша Бакрачи (Косово) 1:21:14

3.Џули Ларсен (Норвешка) 1:22:04

Најуспешни во трката на 5км:

Мажи:

1.Гилман Јонузи 15 минути 45 секунди

2.Григоријан Никовски 15 минути 54 секунди

3.Бојан Чаприќ 16 минути и 16 секунди

Жени:

1.Ирма Хајдари 18 минути 31 секунда

2.Дарија Крстевска 19 минути и 38 секунди

3.Христина Секулоска 20 минути и 37 секунди

The post Кениецот Чемвено победник на 20. Виз Ер Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195 метри ја истрча за два часа 13 минути и 28 секунди. Второто место го освои уште еден Кениец, Даниел Кипротич, кој на целта стигна со време 2:13:53. Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:16:26 часа. Чемвено е деветтиот победник од Кенија на Скопскиот маратон. Во женската маратонска трка победи Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52, пред Македонката Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, додека трета е Вилијан Џелагат од Кенија со време Резултати на најдобрите во двете конкуренции на полумаратонот (21 км): Мажи: 1.Хусеин Чан (Турција) 1 час 5 минути и 54 секунди 2.Мурат Емектар (Турција) 1:06:40 3.Абдурахман Гедиклиоглу (Турција) 1:09:47 Жени: 1.Милица Мирчева (Бугарија) 1 час 15 минути и 49 секунди 2.Греша Бакрачи (Косово) 1:21:14 3.Џули Ларсен (Норвешка) 1:22:04 Најуспешни во трката на 5км: Мажи: 1.Гилман Јонузи 15 минути 45 секунди 2.Григоријан Никовски 15 минути 54 секунди 3.Бојан Чаприќ 16 минути и 16 секунди Жени: 1.Ирма Хајдари 18 минути 31 секунда 2.Дарија Крстевска 19 минути и 38 секунди 3.Христина Секулоска 20 минути и 37 секунди

The post Кениецот Чемвено победник на 20. Виз Ер Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Денеска оставете ги возилата дома: Се трча јубилејниот дваесетти Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-ostavete-gi-vozilata-doma-se-trcha-jubilejniot-dvaesetti-skopski-maraton/ Sun, 06 Oct 2024 06:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=823309

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што се одржува денеска, учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Како што соопштија организаторите на маратонот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.

Целта на сите трки е на Плоштад „Македонија“. Локација за старт на сите трки e Собранието. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка тргаат во правец кон Католичка црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км трчаат во правец кон Црвен Крст.

Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до крстосницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“.

Потоа ќе трчаат право сѐ до крстосницата со бул. „Јане Сандански“. На крстосницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до крстосницата со бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред крстосницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до крстосницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад „Македонија“, а маратонците трчаат уште еден круг.

За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот „Тинекс“ ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“.

Организаторите на „Виз Ер Скопскиот маратон“ ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Главен покровител на Скопскиот маратон е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

The post Денеска оставете ги возилата дома: Се трча јубилејниот дваесетти Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што се одржува денеска, учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. Како што соопштија организаторите на маратонот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот. Целта на сите трки е на Плоштад „Македонија“. Локација за старт на сите трки e Собранието. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка тргаат во правец кон Католичка црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км трчаат во правец кон Црвен Крст. Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до крстосницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до крстосницата со бул. „Јане Сандански“. На крстосницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до крстосницата со бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред крстосницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до крстосницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад „Македонија“, а маратонците трчаат уште еден круг. За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот „Тинекс“ ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“. Организаторите на „Виз Ер Скопскиот маратон“ ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. Главен покровител на Скопскиот маратон е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

The post Денеска оставете ги возилата дома: Се трча јубилејниот дваесетти Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на Скопскиот маратон в недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privremen-rezhim-na-soobrakaj-za-vreme-na-odrzhuvaneto-na-skopskiot-maraton-v-nedela/ Fri, 04 Oct 2024 17:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=822838

Поради претстојното 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на в недела, на 6 октомври, а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.

Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.

На 6 октомври, започнувајќи од 03:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен од Градска Болница, сѐ до Палома Бјанка, а целата патека се затвора исто во недела, 06.10.2024, од 06:00 часот.

Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Локација за старт на сите трки e Собрание на Р. Македонија. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачит да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка Црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст.

Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а Маратонците трчаат уште еден круг.

За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите ќе трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот Тинекс ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“.

Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. Од ЈСП Скопје, пак, ги информираат скопјани дека во период од 07:00 до 14:00 часот, поради одржување на маратонот, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Во период од 07:00 до 14:00 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.

На Маратон и Спорт Експо 2024 на 4 и 5 октомври во СЦ Јане Сандански секој тркач може да го подигне својот стартен пакет во период од 10:00 до 20:00 часот. Влезот на Експото е бесплатен. На 5 октомври (сабота) од 17:00 до 20:00 часот ќе се одржи и традиционалната pasta party.

Министерството за спорт е главен покровител на Виз Ер Скопски маратон 2024, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

The post Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на Скопскиот маратон в недела appeared first on Република.

]]>

Поради претстојното 20. јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на в недела, на 6 октомври, а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот. На 6 октомври, започнувајќи од 03:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен од Градска Болница, сѐ до Палома Бјанка, а целата патека се затвора исто во недела, 06.10.2024, од 06:00 часот. Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Локација за старт на сите трки e Собрание на Р. Македонија. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачит да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка Црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст. Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а Маратонците трчаат уште еден круг. За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите ќе трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот Тинекс ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“. Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката. Од ЈСП Скопје, пак, ги информираат скопјани дека во период од 07:00 до 14:00 часот, поради одржување на маратонот, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Во период од 07:00 до 14:00 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б. На Маратон и Спорт Експо 2024 на 4 и 5 октомври во СЦ Јане Сандански секој тркач може да го подигне својот стартен пакет во период од 10:00 до 20:00 часот. Влезот на Експото е бесплатен. На 5 октомври (сабота) од 17:00 до 20:00 часот ќе се одржи и традиционалната pasta party. Министерството за спорт е главен покровител на Виз Ер Скопски маратон 2024, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

The post Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на Скопскиот маратон в недела appeared first on Република.

]]>
В недела ќе трчаат рекордни 13.400 учесници од 55 земји на јубилејниот 20. Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-ke-trchaat-rekordni-13-400-uchesnitsi-od-55-zemji-na-jubilejniot-20-skopski-maraton/ Thu, 03 Oct 2024 11:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=822182

За јубилејниот 20. „Виз Ер Скопски маратон“ кој ќе се одржи на 6 октомври, во недела, се пријавени рекордни 13.400 учесници од 55 земји. Ова на денешната прес-конференција го соопшти Кире Синадиновски, директор на маратонот.

Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Скопскиот маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите.

По 20. пат се одржува Виз Ер Скопскиот маратон, најмасовниот спортски настан кај нас, кој што Скопје и Македонија ги става на светската тркачка мапа. Овој настан не би можел да биде одржан без помош на Министерството за внатрешни работи, на Министеството за спорт, кое што покажа исклучително разбирање, Министерство за одбрана, Црвениот крст на град Скопје, Службата за итна медицинска помош и спонзорите. Оваа година има рекорден број учесници, изјави Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Организаторите потсетуваат за претстојното Виз Ер Маратон Експо, кое ќе трае од 04.-05.10.2024 (петок-сабота) во СЦ Јане Сандански во Скопје.

Од името на министерството можам да изразам едно задоволство што оваа година ќе бидеме дел од Скопскиот маратон. Не знам како било во минатото, но можам да кажам дека овој маратон ќе ја има поддршката, бидејќи гради исти вредности што ние сакаме да ги вметнеме во нашата држава. Иако се работи за рекреативен настан, она што нас како министерство ни е од интерес е што врзувате многу луѓе и има многу учесници. Негуваме исти вредности по кои сака да се води и Министерствто за спорт и да бидеме пример во општеството и можам јавно да кажам дека маратонот ја има нашата целосна поддршка. Се надевам дека и годинашниот маратон ќе биде успешен како и сите досегашни и стоиме на располагање за сѐ она што можеме да го помогнеме, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Синадиновски кажа дека во сите четири трки, рекреативната трка од 5 км, маратонот, полумаратојот и штафетниот маратон е зголемен бројот на учесници во однос на минатите изданија.

Можам да најавам дека ќе учествуваат неколку елитни натпреварувачи од Кенија и се надевам дека ќе бидат срушени рекордите на патеките. Оваа година имаме мала измена на патеките во однос на минатите години, но стартот останува на исто место, пред Собранието на Република Македонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон ќе трчаат накај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, по што кај Хром ќе свртат полукружно, се враќаат назад во центарот на градот, каде продолжуваат покрај Тутунски комбинат, на Трета македонска бригада, по што ќе свртат лево, по улицата Васко Карангелевски, кај Мајчин Дом, па потоа по Булевар Србија десно, тука вртат полукружно, по што се враќаат на Тобако 2 и по Булеварот Јане Сандански, се враќаат повторно на Трета македонска бригада и завршуваат на Порта Македонија, на плоштадот во Скопје. Ова е првиот круг за полумаратонот, додека маратонците уште еднаш ќе го свртат истиот круг. Додека патеката за трката на 5 км, стартот е исто пред Собранието, по што натпреварувачите трчаат во правец на населбата Аеродром, односно кај Тутунски комбинат вртат лево, по Трета македонска бригада и кај Супермаркетот Тинекс свртуваат полукружно и се враќаат повторно назад на плоштад Македонија, каде што е целта, изјави спортскиот директор на Скопски маратон.

Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени 600 волонтери, кои ќе бидат вклучени традиционално во реализацијата на овогодинешното јубилејно издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.

Оваа година имаме и Маратон Експо, при што од утре почнува издавањето на стартни пакети. Воведуваме и новина, каде што секој учесник треба да дојде со QR кодот што му е испратен на мејл, за да си го подигне стартниот пакет. Очекувам дека и покрај најавите за променливи временски услови во недела, дека сепак ќе имаме добро време и дека ќе имаме успешна трка, дополни Синадиновски.

Организаторите уште еднаш ги повикуваат сите во недела да ги бодрат тркачите и да ја споделат позитивната енергија на јубилејното издание на можеби омилениот спортски настан во државата.

[caption id="attachment_822190" align="alignnone" width="1000"] Се радувам што имаме и голема поддршка од медиумите и дури 60 проценти од спорстките новинари се директни учесници во маратонските и полумаратонскитев трки, вели Гордана Кузмановска Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје[/caption]

Низ годините, Сојузот на спортови на Скопје, поддржуван од Јавните претпријатија и од тогашната Агенција за млади и спорт и Делгацијата на ЕУ помогнаа да се подигне рекреацијата и масовното трчање на едно високо ниво. Оваа година имаме 13.440 натпреварувачи, при што за прв пат имаме приближен број на женски и машки учесници, односно околу 48 проценти се жени, а околу 52 отсто се мажи. Ова е глобален проблем, но Сојузот на спортови на Скопје преку своите програми успеа да мотивира да се пријават повеќе жени и да има повеќе учесници од повеќе старосни категории. Покрај рекреативниот карактер на манифестацијата, со текот на годините се натпреваруваа и врвни маратонци, а имавме дури и учесник на Олимписките игри во маратонската дисциплина. Се радувам што имаме и голема поддршка од медиумите и дури 60 проценти од спорстките новинари се директни учесници во маратонските и полумаратонскитев трки и посакувам и оваа година да видиме што поголем број новинари на стартот на трките. Исто така, ги повикувам сите оние што не се во можност да трчаат годинава, да се појават долж патеката и да ги бодрат натпреварувачите, изјави Гордана Кузмановска Николовска од Сојуз на Спортови – Скопје.

Главен покровител на Скопски маратон е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

The post В недела ќе трчаат рекордни 13.400 учесници од 55 земји на јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

За јубилејниот 20. „Виз Ер Скопски маратон“ кој ќе се одржи на 6 октомври, во недела, се пријавени рекордни 13.400 учесници од 55 земји. Ова на денешната прес-конференција го соопшти Кире Синадиновски, директор на маратонот. Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Скопскиот маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите.
По 20. пат се одржува Виз Ер Скопскиот маратон, најмасовниот спортски настан кај нас, кој што Скопје и Македонија ги става на светската тркачка мапа. Овој настан не би можел да биде одржан без помош на Министерството за внатрешни работи, на Министеството за спорт, кое што покажа исклучително разбирање, Министерство за одбрана, Црвениот крст на град Скопје, Службата за итна медицинска помош и спонзорите. Оваа година има рекорден број учесници, изјави Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.
Организаторите потсетуваат за претстојното Виз Ер Маратон Експо, кое ќе трае од 04.-05.10.2024 (петок-сабота) во СЦ Јане Сандански во Скопје.
Од името на министерството можам да изразам едно задоволство што оваа година ќе бидеме дел од Скопскиот маратон. Не знам како било во минатото, но можам да кажам дека овој маратон ќе ја има поддршката, бидејќи гради исти вредности што ние сакаме да ги вметнеме во нашата држава. Иако се работи за рекреативен настан, она што нас како министерство ни е од интерес е што врзувате многу луѓе и има многу учесници. Негуваме исти вредности по кои сака да се води и Министерствто за спорт и да бидеме пример во општеството и можам јавно да кажам дека маратонот ја има нашата целосна поддршка. Се надевам дека и годинашниот маратон ќе биде успешен како и сите досегашни и стоиме на располагање за сѐ она што можеме да го помогнеме, изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.
Синадиновски кажа дека во сите четири трки, рекреативната трка од 5 км, маратонот, полумаратојот и штафетниот маратон е зголемен бројот на учесници во однос на минатите изданија.
Можам да најавам дека ќе учествуваат неколку елитни натпреварувачи од Кенија и се надевам дека ќе бидат срушени рекордите на патеките. Оваа година имаме мала измена на патеките во однос на минатите години, но стартот останува на исто место, пред Собранието на Република Македонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон ќе трчаат накај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, по што кај Хром ќе свртат полукружно, се враќаат назад во центарот на градот, каде продолжуваат покрај Тутунски комбинат, на Трета македонска бригада, по што ќе свртат лево, по улицата Васко Карангелевски, кај Мајчин Дом, па потоа по Булевар Србија десно, тука вртат полукружно, по што се враќаат на Тобако 2 и по Булеварот Јане Сандански, се враќаат повторно на Трета македонска бригада и завршуваат на Порта Македонија, на плоштадот во Скопје. Ова е првиот круг за полумаратонот, додека маратонците уште еднаш ќе го свртат истиот круг. Додека патеката за трката на 5 км, стартот е исто пред Собранието, по што натпреварувачите трчаат во правец на населбата Аеродром, односно кај Тутунски комбинат вртат лево, по Трета македонска бригада и кај Супермаркетот Тинекс свртуваат полукружно и се враќаат повторно назад на плоштад Македонија, каде што е целта, изјави спортскиот директор на Скопски маратон.
Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени 600 волонтери, кои ќе бидат вклучени традиционално во реализацијата на овогодинешното јубилејно издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.
Оваа година имаме и Маратон Експо, при што од утре почнува издавањето на стартни пакети. Воведуваме и новина, каде што секој учесник треба да дојде со QR кодот што му е испратен на мејл, за да си го подигне стартниот пакет. Очекувам дека и покрај најавите за променливи временски услови во недела, дека сепак ќе имаме добро време и дека ќе имаме успешна трка, дополни Синадиновски.
Организаторите уште еднаш ги повикуваат сите во недела да ги бодрат тркачите и да ја споделат позитивната енергија на јубилејното издание на можеби омилениот спортски настан во државата. [caption id="attachment_822190" align="alignnone" width="1000"] Се радувам што имаме и голема поддршка од медиумите и дури 60 проценти од спорстките новинари се директни учесници во маратонските и полумаратонскитев трки, вели Гордана Кузмановска Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје[/caption]
Низ годините, Сојузот на спортови на Скопје, поддржуван од Јавните претпријатија и од тогашната Агенција за млади и спорт и Делгацијата на ЕУ помогнаа да се подигне рекреацијата и масовното трчање на едно високо ниво. Оваа година имаме 13.440 натпреварувачи, при што за прв пат имаме приближен број на женски и машки учесници, односно околу 48 проценти се жени, а околу 52 отсто се мажи. Ова е глобален проблем, но Сојузот на спортови на Скопје преку своите програми успеа да мотивира да се пријават повеќе жени и да има повеќе учесници од повеќе старосни категории. Покрај рекреативниот карактер на манифестацијата, со текот на годините се натпреваруваа и врвни маратонци, а имавме дури и учесник на Олимписките игри во маратонската дисциплина. Се радувам што имаме и голема поддршка од медиумите и дури 60 проценти од спорстките новинари се директни учесници во маратонските и полумаратонскитев трки и посакувам и оваа година да видиме што поголем број новинари на стартот на трките. Исто така, ги повикувам сите оние што не се во можност да трчаат годинава, да се појават долж патеката и да ги бодрат натпреварувачите, изјави Гордана Кузмановска Николовска од Сојуз на Спортови – Скопје.
Главен покровител на Скопски маратон е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.  

The post В недела ќе трчаат рекордни 13.400 учесници од 55 земји на јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Последен ден за пријавување на учество на скопскиот маратон кој ќе се трча на 6 октомври https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/posleden-den-za-prijavuvane-na-uchestvo-na-skopskiot-maraton-koj-ke-se-trcha-na-6-oktomvri/ Fri, 20 Sep 2024 17:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=818299

Денеска, 20 септември, е последниот ден за пријавување на учество на јубилјениот 20. Виз Ер Скопски маратон. Пријавувањето се затвора на полноќ вечерва (20.09.2024). Заради големиот интерес и ограничените места, можно е пријавувањето да биде затворено порано, ако се пополни предвидениот број на учесници.

На 06.10.2024 (недела) Виз Ер Скопски маратон својот значаен 20ти јубилеј односно првите две децении од постоењето на омилениот спортски настан во државата, ќе го одбележи заедно со најупорните, најхрабрите, најенергичните тркачи, со пријателите, со партнерите, со сите љубители на светот на трчањето и од земјата и од странство.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон очекуваат рекорден број учесници, бидејќи веќе се пријавени над 13.000 тркачи од повеќе од 55 земји, кои ќе дојдат во Скопје за да ја искусат оваа уникатна тркачка авантура. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година со 12.500 тркачи на тогашното издание на маратонската манифестација.

Секој маратонец и полумаратонец на финиш ќе добие медал со мотивите од Скопје како спомен за една успешно завршена трка, додека учесниците на Штафетниот маратон добиваат медали кои симболизираат целина и тимски дух.

The post Последен ден за пријавување на учество на скопскиот маратон кој ќе се трча на 6 октомври appeared first on Република.

]]>

Денеска, 20 септември, е последниот ден за пријавување на учество на јубилјениот 20. Виз Ер Скопски маратон. Пријавувањето се затвора на полноќ вечерва (20.09.2024). Заради големиот интерес и ограничените места, можно е пријавувањето да биде затворено порано, ако се пополни предвидениот број на учесници. На 06.10.2024 (недела) Виз Ер Скопски маратон својот значаен 20ти јубилеј односно првите две децении од постоењето на омилениот спортски настан во државата, ќе го одбележи заедно со најупорните, најхрабрите, најенергичните тркачи, со пријателите, со партнерите, со сите љубители на светот на трчањето и од земјата и од странство. Организаторите на Виз Ер Скопски маратон очекуваат рекорден број учесници, бидејќи веќе се пријавени над 13.000 тркачи од повеќе од 55 земји, кои ќе дојдат во Скопје за да ја искусат оваа уникатна тркачка авантура. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година со 12.500 тркачи на тогашното издание на маратонската манифестација. Секој маратонец и полумаратонец на финиш ќе добие медал со мотивите од Скопје како спомен за една успешно завршена трка, додека учесниците на Штафетниот маратон добиваат медали кои симболизираат целина и тимски дух.  

The post Последен ден за пријавување на учество на скопскиот маратон кој ќе се трча на 6 октомври appeared first on Република.

]]>
Во тек е пријавувањето за Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-tek-e-prijavuvaneto-za-skopski-maraton/ Mon, 26 Aug 2024 08:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=810186

Виз Ер Скопски маратон оваа година го одбележува своето 20-то јубилејно издание - настан кој го поставува Скопје на картата на светските маратонски градови. Од својот почеток до денес, Виз Ер Скопски маратон прерасна во најзначајниот спортски настан, собирајќи илјадници тркачи од Македонија, но и од други држави ширум светот, кои заедно ја слават енергијата, духот и посветеноста кон спортот.

Пријавувањето за овогодинешното издание е веќе во тек, а доколку се регистрирате и платите котизација до 29.08.2024, имате можност да добиете бесплатна маица како дел од пријавата. Оваа година, маратонската трка се очекува да биде поголема и подобра од било кога претходно, со посебна програма, мотивирачка музичка плеј листа и активности за сите учесници и поддржувачи, најавува организаторот.

Пријавувањето завршува на 20.09.2024, но организаторите може да ги затворат пријавите порано, во случај да се пополни предвидениот број на учесници.

Годинава се очекува бројот на учесници да биде рекорден, бидејќи досега се пријавени над 6.500 тркачи од повеќе од 50 земји. Спортисти од различни краеви на светот доаѓаат во Скопје за да ја искусат оваа незаборавна тркачка авантура и да ја почувствуваат гостопримливата атмосфера во градот.

Покрај традиционалната маратонска трка, Виз Ер Скопски маратон нуди и полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри.

The post Во тек е пријавувањето за Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Виз Ер Скопски маратон оваа година го одбележува своето 20-то јубилејно издание - настан кој го поставува Скопје на картата на светските маратонски градови. Од својот почеток до денес, Виз Ер Скопски маратон прерасна во најзначајниот спортски настан, собирајќи илјадници тркачи од Македонија, но и од други држави ширум светот, кои заедно ја слават енергијата, духот и посветеноста кон спортот.
Пријавувањето за овогодинешното издание е веќе во тек, а доколку се регистрирате и платите котизација до 29.08.2024, имате можност да добиете бесплатна маица како дел од пријавата. Оваа година, маратонската трка се очекува да биде поголема и подобра од било кога претходно, со посебна програма, мотивирачка музичка плеј листа и активности за сите учесници и поддржувачи, најавува организаторот.
Пријавувањето завршува на 20.09.2024, но организаторите може да ги затворат пријавите порано, во случај да се пополни предвидениот број на учесници. Годинава се очекува бројот на учесници да биде рекорден, бидејќи досега се пријавени над 6.500 тркачи од повеќе од 50 земји. Спортисти од различни краеви на светот доаѓаат во Скопје за да ја искусат оваа незаборавна тркачка авантура и да ја почувствуваат гостопримливата атмосфера во градот. Покрај традиционалната маратонска трка, Виз Ер Скопски маратон нуди и полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри.  

The post Во тек е пријавувањето за Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Скопје трча заедно: Јубилејно 20. издание на Скопски маратон на 6 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-trcha-zaedno-jubilejno-20-izdanie-na-skopski-maraton-na-6-oktomvri/ Fri, 09 Aug 2024 11:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=804926

Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Виз Ер Скопски маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски, па и други рекорди. Нема причина тоа да не биде така и на годинешново 20. јубилејно издание на најмасовниот спортски хепенинг во државава.

Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници маратонци од преку 50 држави од целиот свет. Пријавувањето веќе е во тек (http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/), а местата полека се пополнуваат.

Организаторите повикуваат на масовно учество на роденденскиот маратон, да трчаме рамо до рамо со големите маратонски имиња, заедно да се радуваме и забавуваме, да волонтираме со своите сограѓани, да ги почувствуваме позитивните вибрации.

Од организацијата најавуваат несомнено одлично издание на трките, со можност секој еден учесник да стане дел од историјата на најголемиот спортски настан во земјава, кој годинава со гордост ќе прослави и 20 изданија постоење.

„Подготовките за реализација на роденденското издание на Виз Ер Скопски маратон се речиси при крај. Пријавувањето е во тек и досегашниот пројавен интерес ни влева надеж дека нè очекува издание со рекорден број на учесници. Со нетрпение го очекуваме 6.октомври и да потврдиме дека не случајно Виз Ер Скопски маратон е етаблиран спортски настан во европски, па и светски рамки“, вели Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, кој очекува голем интерес и безрезервна поддршка и од граѓаните волонтери кои ќе им помогнат и бодрат маратонците и ќе бидат дел од мисијата на многу тркачи за успешно завршена трка.

„Придружете ни се заеднички да создадеме спомени кои траат цел живот. Бидете дел од уште една успешна година и истрчани илјадници километри од Виз Ер Скопски маратон“, повикува Синадиновски.

The post Скопје трча заедно: Јубилејно 20. издание на Скопски маратон на 6 октомври appeared first on Република.

]]>

Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Виз Ер Скопски маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски, па и други рекорди. Нема причина тоа да не биде така и на годинешново 20. јубилејно издание на најмасовниот спортски хепенинг во државава.   Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници маратонци од преку 50 држави од целиот свет. Пријавувањето веќе е во тек (http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/), а местата полека се пополнуваат.   Организаторите повикуваат на масовно учество на роденденскиот маратон, да трчаме рамо до рамо со големите маратонски имиња, заедно да се радуваме и забавуваме, да волонтираме со своите сограѓани, да ги почувствуваме позитивните вибрации. Од организацијата најавуваат несомнено одлично издание на трките, со можност секој еден учесник да стане дел од историјата на најголемиот спортски настан во земјава, кој годинава со гордост ќе прослави и 20 изданија постоење.   „Подготовките за реализација на роденденското издание на Виз Ер Скопски маратон се речиси при крај. Пријавувањето е во тек и досегашниот пројавен интерес ни влева надеж дека нè очекува издание со рекорден број на учесници. Со нетрпение го очекуваме 6.октомври и да потврдиме дека не случајно Виз Ер Скопски маратон е етаблиран спортски настан во европски, па и светски рамки“, вели Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, кој очекува голем интерес и безрезервна поддршка и од граѓаните волонтери кои ќе им помогнат и бодрат маратонците и ќе бидат дел од мисијата на многу тркачи за успешно завршена трка.   „Придружете ни се заеднички да создадеме спомени кои траат цел живот. Бидете дел од уште една успешна година и истрчани илјадници километри од Виз Ер Скопски маратон“, повикува Синадиновски.

The post Скопје трча заедно: Јубилејно 20. издание на Скопски маратон на 6 октомври appeared first on Република.

]]>
Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnuva-prijavuvaneto-za-jubilejniot-20-skopski-maraton/ Thu, 28 Mar 2024 07:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=759578

Од денеска, 28 март во 9 часот почнува пријавувањето за најмасовната атлетска манифестација, Скопскиот Виз Ер маратон чие јубилејно, 20. издание ќе се одржи на 6 октомври 2024 година.

Пријавувањето ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката, соопшти организаторот.

Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - ЕУ за спорт и трката на 5км.

За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување.

Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници.

The post Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Од денеска, 28 март во 9 часот почнува пријавувањето за најмасовната атлетска манифестација, Скопскиот Виз Ер маратон чие јубилејно, 20. издание ќе се одржи на 6 октомври 2024 година. Пријавувањето ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.
Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката, соопшти организаторот.
Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - ЕУ за спорт и трката на 5км. За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo. Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ. Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024. Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници.

The post Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Над 11 илјади учесници од 53 земји ќе учестуваат на Скопскиот маратон во недела https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nad-11-iljadi-uchesnitsi-od-53-zemji-ke-uchestuvaat-na-skopskiot-maraton-vo-nedela/ Thu, 28 Sep 2023 12:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=686042

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, в недела, на први октомври, на 19. издание ќе трчаат повеќе од 11.000 учесници, соопшти денеска на прес-конференција организаторот на настанот.

Заклучно со 20. септември, системот за пријавување на учесници брои точно 11.079 пријавени.

На Виз Ер Скопскиот маратон се трчаат следниве трки: маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, „ЕУ за спорт“ (10км - 11км - 10км - 11км), како и трката за рекреативци на 5 км, која е и најмасовната трка од сите и ќе започне точно во осум часот.

Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.

Бројките мора да кажам дека нѐ изненадија, бидејќи минатата година имавме околу 8.000 учесници. Не очекувавме волку голем интерес. Сѐ уште сме далеку од онаа бројка од 2019 година, кога имавме 12.500 учесници, но сепак бројот на учесници е огромен. Патеката на трката останува иста како и минатата година. Истата е сертифицирана од Светска атлетика и од Меѓународната асоцијација на улични трки и маратони – АИМС. Тоа значи дека сите резултати и рекорди ќе бидат признати, а оваа година сме пред олимписка година, така што важно е за сите учесници резултатите да им бидат валидни. Покрај тоа, оваа година се враќаат повторно и државното првенство во организација на Атлетската Федерација на Македонија во маратон и ќе ги имаме најдобрите македонски натпреварувачи на патеката. Ги повикувам сите Скопјани, во што поголем број да излезат на улиците и да ги бодрат маратонците, рече изјави Кире Синадиновски, директор на трката.

Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени волонтери, кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.

Едно од успешните имиња во македонската атлетика е секако Дарио Ивановски, кој во недела очекува нов рекорд.

Можам да кажам дека сум во одлична, врвна форма, тоа си го докажав пред неколку недели, кога станав балкански шампион на полумаратон и од тој момент со тој резултат верувам дека можам да постигнам нов државен рекорд и дека ќе го извадам најдобриот резултат за да се пласирам на Олимписките Игри во Париз. Многу ми е мило што ќе биде државно првенство, што имаме шанса да се покажеме пред најблиските и ги поканувам сите да дојдат и да навиваат, бидејќи ова е денот за нас, ова е денот кадешто јас можам да покажам како работам напорно секој ден, сѐ посилно и посилно до наредните цели, изјави најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.

Синадиновски ги потсети сите тркачки и тркачи за подигнувањето на стартните пакети.

Од утре почнува издавањето на стартните пакети за сите учесници во Спортскиот Центар Јане Сандански, во петок и сабота, од 10 до 20 часот, а ги повикувам и сите граѓани да дојдат, затоа што ќе има еден мини спортски саем, кадешто дел од нашите партнери и други заинтересирани компании ќе ги претстават своите производи и тука ќе се подигнуваат и стартните пакети. А во сабота вечер, во 19 часот, заедно во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, организираме и една мала забава, „Pasta Party“, којашто е вообичаена за сите маратони во светот, па затоа ги повикувам и сите заинтересирани да дојдат на таа забава. Еден купон за паста ќе чини 100 денари, но сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, во здружението „Проект Среќа“, дополни Синадиновски.

The post Над 11 илјади учесници од 53 земји ќе учестуваат на Скопскиот маратон во недела appeared first on Република.

]]>

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, в недела, на први октомври, на 19. издание ќе трчаат повеќе од 11.000 учесници, соопшти денеска на прес-конференција организаторот на настанот. Заклучно со 20. септември, системот за пријавување на учесници брои точно 11.079 пријавени. На Виз Ер Скопскиот маратон се трчаат следниве трки: маратон (42.195 км), полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, „ЕУ за спорт“ (10км - 11км - 10км - 11км), како и трката за рекреативци на 5 км, која е и најмасовната трка од сите и ќе започне точно во осум часот. Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.
Бројките мора да кажам дека нѐ изненадија, бидејќи минатата година имавме околу 8.000 учесници. Не очекувавме волку голем интерес. Сѐ уште сме далеку од онаа бројка од 2019 година, кога имавме 12.500 учесници, но сепак бројот на учесници е огромен. Патеката на трката останува иста како и минатата година. Истата е сертифицирана од Светска атлетика и од Меѓународната асоцијација на улични трки и маратони – АИМС. Тоа значи дека сите резултати и рекорди ќе бидат признати, а оваа година сме пред олимписка година, така што важно е за сите учесници резултатите да им бидат валидни. Покрај тоа, оваа година се враќаат повторно и државното првенство во организација на Атлетската Федерација на Македонија во маратон и ќе ги имаме најдобрите македонски натпреварувачи на патеката. Ги повикувам сите Скопјани, во што поголем број да излезат на улиците и да ги бодрат маратонците, рече изјави Кире Синадиновски, директор на трката.
Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени волонтери, кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан. Едно од успешните имиња во македонската атлетика е секако Дарио Ивановски, кој во недела очекува нов рекорд.
Можам да кажам дека сум во одлична, врвна форма, тоа си го докажав пред неколку недели, кога станав балкански шампион на полумаратон и од тој момент со тој резултат верувам дека можам да постигнам нов државен рекорд и дека ќе го извадам најдобриот резултат за да се пласирам на Олимписките Игри во Париз. Многу ми е мило што ќе биде државно првенство, што имаме шанса да се покажеме пред најблиските и ги поканувам сите да дојдат и да навиваат, бидејќи ова е денот за нас, ова е денот кадешто јас можам да покажам како работам напорно секој ден, сѐ посилно и посилно до наредните цели, изјави најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.
Синадиновски ги потсети сите тркачки и тркачи за подигнувањето на стартните пакети.
Од утре почнува издавањето на стартните пакети за сите учесници во Спортскиот Центар Јане Сандански, во петок и сабота, од 10 до 20 часот, а ги повикувам и сите граѓани да дојдат, затоа што ќе има еден мини спортски саем, кадешто дел од нашите партнери и други заинтересирани компании ќе ги претстават своите производи и тука ќе се подигнуваат и стартните пакети. А во сабота вечер, во 19 часот, заедно во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, организираме и една мала забава, „Pasta Party“, којашто е вообичаена за сите маратони во светот, па затоа ги повикувам и сите заинтересирани да дојдат на таа забава. Еден купон за паста ќе чини 100 денари, но сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, во здружението „Проект Среќа“, дополни Синадиновски.
 
The post Над 11 илјади учесници од 53 земји ќе учестуваат на Скопскиот маратон во недела appeared first on Република.

]]>
На 25 јули завршува вториот бран за пријавување на Виз Ер Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-25-juli-zavrshuva-vtoriot-bran-za-prijavuvane-na-viz-er-skopski-maraton/ Mon, 24 Jul 2023 14:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=664792

Првиот ден од месец октомври во атлетските календари уште од почетокот на годината е резервиран за најголемата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа маратонска трка е сертифицирана од страна на АИМС и Светска Атлетика. 19. издание на Виз Ер Скопски маратон е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, каде што со завршувањето на маратонот секој натпреварувач освојува поени во соодветната категорија. Најдобрите во светот можат да обезбедат учество на Светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго на 8 октомври оваа година.

Учесниците можат да се пријават на традиционалните трки (маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и трката на 5км) на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

Секој оној кој што сака да биде дел од најмасовната спортска манифестација, има можност да го пријави своето учество до 25 јули кога завршува и вториот бран за пријавување. Финалниот рок за пријавување на маратон, полумаратон, штафетениот маратон и трката на 5км е на 20 септември. Учесниците на маратонот и полумаратонот при пријавување ќе треба да одберат таргет време за кое планираат да ја завршат трката, со цел да се распоредат во соодветниот стартен бокс.

За сите пријавени до 30 август, во стратниот пакет влегува и маица со логото од трката. Сите натпреварувачи кои ќе се пријават после овој датум нема да добијат маица.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК Работнички, додека покровители на трката се Агенцијата за млади и спорт, Делегација на Европската Унија и Град Скопје.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе се испраќаат после 10 октомври на емаил адресите кои ќе се остават при процесот на пријавување.

Подетални информации поврзани со маратонот може да се најдат на официјалната веб страна на трката: skopskimaraton.com.mk, како и офцијалните профили на Виз Ер Скопски маратон на социјалните мрежи www.facebook.com/skopskimaraton и www.instagram.com/skopjemarathon/.

The post На 25 јули завршува вториот бран за пријавување на Виз Ер Скопски маратон appeared first on Република.

Последен ден за пријавување на Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/posleden-den-za-prijavuvanje-na-skopski-maraton/ Tue, 20 Sep 2022 14:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=552637

Полека, но сигурно наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена не делат од најпознатата скопска трка, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се оддржи по 18ти пат.

Сите заинтересирани тркачи кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа можат да го направат уште денес, 20ти септември на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

18тото издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се оддржи во недела на 02.10.2022 година со традиционалните трки кои се дел од оваа спортска манифестација. Оваа година стратот и целта се враќаат на својата претпознатлива локација, стартот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија, додека целта ќе биде Плоштадот „Македонија“. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетната трка- ЕУ за спорт ќе биде во 8:00 часот, а трката на 5км ќе започне во 08:10 часот.

Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во Веро Центар, од 11:00 до 19:00 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер кој можат да го користат до наредното издание на маратонот.

Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

The post Последен ден за пријавување на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Полека, но сигурно наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена не делат од најпознатата скопска трка, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се оддржи по 18ти пат. Сите заинтересирани тркачи кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа можат да го направат уште денес, 20ти септември на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се оддржи во недела на 02.10.2022 година со традиционалните трки кои се дел од оваа спортска манифестација. Оваа година стратот и целта се враќаат на својата претпознатлива локација, стартот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија, додека целта ќе биде Плоштадот „Македонија“. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетната трка- ЕУ за спорт ќе биде во 8:00 часот, а трката на 5км ќе започне во 08:10 часот. Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во Веро Центар, од 11:00 до 19:00 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација. Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер кој можат да го користат до наредното издание на маратонот. Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.  

The post Последен ден за пријавување на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/natprevaruvachite-kje-trchaat-po-novi-pateki-na-ovogodineshnoto-izdanie-na-skopski-maraton/ Tue, 06 Sep 2022 12:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=547967

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот.

Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија.

Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот. Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија. Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Секој учесник на Скопскиот маратон, пријавен до 30 август, ќе добие официјална маичка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sekoj-uchesnik-na-skopskiot-maraton-prijaven-do-30-avgust-kje-dobie-oficijalna-maichka/ Wed, 24 Aug 2022 09:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=543552

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18. по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во нашата земја и пошироко.

Годинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 2 октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30 август ќе добијат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022. Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk.

Секој учесник по завршување на маратонот на својата електорнска адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.

Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– „HalkEco“ Скопје трча 10KM.

The post Секој учесник на Скопскиот маратон, пријавен до 30 август, ќе добие официјална маичка appeared first on Република.

]]>

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18. по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во нашата земја и пошироко. Годинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 2 октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30 август ќе добијат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022. Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk. Секој учесник по завршување на маратонот на својата електорнска адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– „HalkEco“ Скопје трча 10KM.

The post Секој учесник на Скопскиот маратон, пријавен до 30 август, ќе добие официјална маичка appeared first on Република.

]]>
Почна пријавувањето за Скопскиот маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochna-prijavuvanjeto-za-skopskiot-maraton/ Fri, 25 Feb 2022 12:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=463810

Полека наближувајќи се кон јубилејната 20ка, најголемата тркачка манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, за своето 18то издание, кое ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела), веќе ги отвора вратите за пријавување на сите љубители на трчањето.

Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите Скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата.

За трката, којашто со години важи за број еден во нашата земја, пријавувањето ќе започне во петок (25.02.2022) и истото ќе може да се направи на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на овој спортски настан.

The post Почна пријавувањето за Скопскиот маратон appeared first on Република.

]]>

Полека наближувајќи се кон јубилејната 20ка, најголемата тркачка манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, за своето 18то издание, кое ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела), веќе ги отвора вратите за пријавување на сите љубители на трчањето. Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите Скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата. За трката, којашто со години важи за број еден во нашата земја, пријавувањето ќе започне во петок (25.02.2022) и истото ќе може да се направи на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/. Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на овој спортски настан.

The post Почна пријавувањето за Скопскиот маратон appeared first on Република.

]]>