скопски фестивал на светлината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-festival-na-svetlinata/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Aug 2022 08:14:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопски фестивал на светлината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-festival-na-svetlinata/ 32 32 Скопскиот фестивал на светлината на 2 и 3 септември на различни локации низ центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopskiot-festival-na-svetlinata-na-2-i-3-septemvri-na-razlichni-lokacii-niz-centar/ Wed, 31 Aug 2022 08:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=545957

Светлосни инсталации и перформанси, чил зона, диџеи и многу интеракција се најавуваат на петтиот скопски Фестивал на светлината (Skopje Light Festival), што ќе се одржува на 2 и 3 септември на различни локации низ централното градско подрачје.

Темата на фестивалот е рефлексија која нè поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат, велат организаторите.

Ќе учестуваат Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев, Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска-Гиразова, Елизабета Тошевска, Перо Кованцалиев, како и учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски”.

Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го доведеме во прашање одржувањето на фестивалот, тој ќе трае само два дена. Сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и со минимална потрошувачка, додаваат организаторите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје.

The post Скопскиот фестивал на светлината на 2 и 3 септември на различни локации низ центар appeared first on Република.

]]>