скопски џез фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-dzez-festival/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 15:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопски џез фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-dzez-festival/ 32 32 Најпопуларната џез-пејачка во светот, Сесил Меклорин Салвант од САД, го отвора 43. Скопје џез-фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/najpopularnata-dhez-pejachka-vo-svetot-sesil-meklorin-salvant-od-sad-go-otvora-43-skopje-dhez-festival/ Mon, 14 Oct 2024 15:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=826732

Супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната греми-лауреатка, Сесил Меклорин Салвант од САД, со својот блескав квартет, во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти – Саливан Фортнер, на 17 октомври (НОБ, 20 ч.), го отвора 43. издание на „Скопје џез-фестивал“. Во рамките на фестивалот, кој ќе се одржува во македонската метропола до 20 октомври, публиката ќе има можност да ужива во ексклузивните настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и на креативната музика денес.

Инаку, Сесил Меклорин Салвант е композиторка, пејачка и визуелна уметница позната по својот специфичен пристап кон музиката, комбинирајќи елементи од џезот, блузот, фолкот, како и од театарската и од барокната традиција. Опишана од Џеси Норман како ‘уникатен глас поткрепен со интелигенција и со апсолутна музикалност’, Салвант се прослави со својата способност да ‘откопува’ заборавени песни, ‘оживувајќи’ ги со силни наративи, неочекувани пресврти и со богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатни чувство и талент за раскажување приказни, посочуваат од „Скопје џез-фестивал“, најавувајќи ги и другите изведувачи што годинава ќе ја збогатат програмата.

„Фестивалот го претставува она што е најактуелно и она што е важно, најкреативно од џезот и импровизираната музика. Годинава има еден голем исчекор да најголем дел од концерти се наполно ексклузивни и се случуваат само во Скопје. Исклучок е само Салвант, која е на куса европска турнеја“, посочи на денешната прес конференција Оливер Белопета, директор на Скопје џез фестивал.

Истата вечер, во МКЦ (23 часот), ќе настапи македонскиот бенд „Next to Silence“, во кој членуваат Кирил Кузманов – саксофон, Ади Амери – гитара, Филип Димишковски – клавијатура, Драган Стојковски – бас-гитара и Гоце Наумов – тапани.

„Next to Silence“ нема правец, но има насока. Сочинет од членови на некои од најистакнатите македонски музички состави и оркестри, бендот ја следи епифанијата од звукот по кој трага, движејќи се по насока за која не знае во кој правец го води.

Нивната музика досегнува предели и поимања што тие ги допираат единствено поради уникатниот спој на своите различни музички карактери и поради истенчената префинетост да се говори без зборови, стои во најавата на нивниот концерт.

На 18 октомври, во НОБ (20 ч.), концерт ќе одржи бендот „Rodrigo Amado The bridge“. Познат како еден од најзначајните европски импровизатори во моментов, португалскиот саксофонист Родриго Амадо е мајстор на инструментот, со беспрекорна техника и со фасцинантна експресивност, кој со задоволство ја прифаќа сета слобода што му ја дозволуваат фри џезот и импровизираната музика. Во квартетoт „The Bridge“, тој обединува три од своите најсилни долгогодишни влијанија, сите лидери во својот домен: маестралниот германски пијанист – Александар фон Шлипенбах, норвешкиот волшебник на контрабас – Ингебрит Хакер Флатен и легендарниот американски тапанар – Џери Хемингвеј.

Таа вечер, во НОБ (22 ч.), ќе настапи и бендот „Тhe end“, експериментална музичка група што се појави во 2018 год., обединувајќи експлозивна екипа таленти од Норвешка, Шведска и од Австрија. Нивната музика е уникатен спој на жесток грајндкор, фри џез и ноиз, збогатен со елементи од мавританската, етиопската, индиската и од скандинавската народна традиција.

Њујоршкиот пијанист и композитор по потекло од Куба, Давид Вирејес, ќе настапи на 19 октомври, во НОБ (20 ч.). Тој органски ги соединува кубанскиот фолклорен и њујоршкиот импровизаторски свет, интерес што го пројавува уште на 14-годишна возраст. Иако го смета своето творештво за „сто проценти традиционално“, во практика, тој создава синкретична нова лична музика, наместо проста мешавина од елементи или рециклирање.

Таа вечер (НОБ, 22 ч.) ќе може да се проследи настапот на „Rob Mazurek Exploding star orchestra“. Роб Мазурек е композитор, трубач, музички директор, визуелен уметник, апстрактивист и современа музичка икона на чикашката авангардна сцена од 1990-тите. Нивниот настап на 43. „Скопски џез-фестивал“ претставува концертна премиера на новиот, штотуку објавен албум на „Exploding Star Orchestra“ – „Live at the Adler Planetarium“.

На полноќ, во Младинскиот културен центар, пак, ќе настапи бендот на Алабастер де Плум. Опишан како уметник чија „најголема вредност е отвореноста“, тој ги обединува џезот и перформативната поезија во една оригинална и општествено свесна уметничка форма. Со потекло од Манчестер, а со живеалиште во Лондон, Де Плум создава музика што им пркоси на сите категоризации, своевиден спој на ведри мелодии и на политички обоени химни, кои го критикуваат општествениот егоизам и самозадоволство и се залагаат за човечка интеракција.

Последната вечер, (20 октомври, 20 ч.), во Националната опера и балет ќе настапи дуото Никол Мичел – Марк Сандерс. Мичел е многупати наградувана креативна флејтистка, концептуалист, композитор, лидер на бенд и едукатор, а Сандерс е тапанар/перкусионист со британско-белизеско потекло, препознатлив по активното музицирање во сферата на фри џезот и на слободната импровизација.

Во 22:00 ч. (НОБ), пак, настапува „Fire! Orchestra“, идејна творба на шведските музичари Матс Густафсон (саксофон), Јохан Бертлинг (бас) и Андреас Верлин (тапани), која низ годините прерасна во опасен колектив што им пркоси на конвенционалните жанровски граници, развивајќи свеж пристап кон импровизираната музика со влијанија од фри џез, психоделичниот рок, пост-боп, ноиз, краутрок и даб- музиката.

Дел и од годинашниов „Скопје џез-фестивал“ е програмата плус, во рамките на која, на 16 октомври, во галеријата МКЦ (19:30 ч.), ќе биде организирана изложба – „Rob Mazurek: Radical Chimeras“, во Кино „Фросина“ (21:00 ч.) е документарниот филм „Miles Davis: Birth of the Cool“, додека на 19 октомври, во „Јуроп хаус“ (12:00 ч.) ќе биде одржана работилница за деца – „Jazz for Kids“.

 

The post Најпопуларната џез-пејачка во светот, Сесил Меклорин Салвант од САД, го отвора 43. Скопје џез-фестивал appeared first on Република.

]]>

Супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната греми-лауреатка, Сесил Меклорин Салвант од САД, со својот блескав квартет, во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти – Саливан Фортнер, на 17 октомври (НОБ, 20 ч.), го отвора 43. издание на „Скопје џез-фестивал“. Во рамките на фестивалот, кој ќе се одржува во македонската метропола до 20 октомври, публиката ќе има можност да ужива во ексклузивните настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и на креативната музика денес.
Инаку, Сесил Меклорин Салвант е композиторка, пејачка и визуелна уметница позната по својот специфичен пристап кон музиката, комбинирајќи елементи од џезот, блузот, фолкот, како и од театарската и од барокната традиција. Опишана од Џеси Норман како ‘уникатен глас поткрепен со интелигенција и со апсолутна музикалност’, Салвант се прослави со својата способност да ‘откопува’ заборавени песни, ‘оживувајќи’ ги со силни наративи, неочекувани пресврти и со богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатни чувство и талент за раскажување приказни, посочуваат од „Скопје џез-фестивал“, најавувајќи ги и другите изведувачи што годинава ќе ја збогатат програмата.
„Фестивалот го претставува она што е најактуелно и она што е важно, најкреативно од џезот и импровизираната музика. Годинава има еден голем исчекор да најголем дел од концерти се наполно ексклузивни и се случуваат само во Скопје. Исклучок е само Салвант, која е на куса европска турнеја“, посочи на денешната прес конференција Оливер Белопета, директор на Скопје џез фестивал. Истата вечер, во МКЦ (23 часот), ќе настапи македонскиот бенд „Next to Silence“, во кој членуваат Кирил Кузманов – саксофон, Ади Амери – гитара, Филип Димишковски – клавијатура, Драган Стојковски – бас-гитара и Гоце Наумов – тапани. „Next to Silence“ нема правец, но има насока. Сочинет од членови на некои од најистакнатите македонски музички состави и оркестри, бендот ја следи епифанијата од звукот по кој трага, движејќи се по насока за која не знае во кој правец го води.
Нивната музика досегнува предели и поимања што тие ги допираат единствено поради уникатниот спој на своите различни музички карактери и поради истенчената префинетост да се говори без зборови, стои во најавата на нивниот концерт.
На 18 октомври, во НОБ (20 ч.), концерт ќе одржи бендот „Rodrigo Amado The bridge“. Познат како еден од најзначајните европски импровизатори во моментов, португалскиот саксофонист Родриго Амадо е мајстор на инструментот, со беспрекорна техника и со фасцинантна експресивност, кој со задоволство ја прифаќа сета слобода што му ја дозволуваат фри џезот и импровизираната музика. Во квартетoт „The Bridge“, тој обединува три од своите најсилни долгогодишни влијанија, сите лидери во својот домен: маестралниот германски пијанист – Александар фон Шлипенбах, норвешкиот волшебник на контрабас – Ингебрит Хакер Флатен и легендарниот американски тапанар – Џери Хемингвеј. Таа вечер, во НОБ (22 ч.), ќе настапи и бендот „Тhe end“, експериментална музичка група што се појави во 2018 год., обединувајќи експлозивна екипа таленти од Норвешка, Шведска и од Австрија. Нивната музика е уникатен спој на жесток грајндкор, фри џез и ноиз, збогатен со елементи од мавританската, етиопската, индиската и од скандинавската народна традиција. Њујоршкиот пијанист и композитор по потекло од Куба, Давид Вирејес, ќе настапи на 19 октомври, во НОБ (20 ч.). Тој органски ги соединува кубанскиот фолклорен и њујоршкиот импровизаторски свет, интерес што го пројавува уште на 14-годишна возраст. Иако го смета своето творештво за „сто проценти традиционално“, во практика, тој создава синкретична нова лична музика, наместо проста мешавина од елементи или рециклирање. Таа вечер (НОБ, 22 ч.) ќе може да се проследи настапот на „Rob Mazurek Exploding star orchestra“. Роб Мазурек е композитор, трубач, музички директор, визуелен уметник, апстрактивист и современа музичка икона на чикашката авангардна сцена од 1990-тите. Нивниот настап на 43. „Скопски џез-фестивал“ претставува концертна премиера на новиот, штотуку објавен албум на „Exploding Star Orchestra“ – „Live at the Adler Planetarium“. На полноќ, во Младинскиот културен центар, пак, ќе настапи бендот на Алабастер де Плум. Опишан како уметник чија „најголема вредност е отвореноста“, тој ги обединува џезот и перформативната поезија во една оригинална и општествено свесна уметничка форма. Со потекло од Манчестер, а со живеалиште во Лондон, Де Плум создава музика што им пркоси на сите категоризации, своевиден спој на ведри мелодии и на политички обоени химни, кои го критикуваат општествениот егоизам и самозадоволство и се залагаат за човечка интеракција. Последната вечер, (20 октомври, 20 ч.), во Националната опера и балет ќе настапи дуото Никол Мичел – Марк Сандерс. Мичел е многупати наградувана креативна флејтистка, концептуалист, композитор, лидер на бенд и едукатор, а Сандерс е тапанар/перкусионист со британско-белизеско потекло, препознатлив по активното музицирање во сферата на фри џезот и на слободната импровизација. Во 22:00 ч. (НОБ), пак, настапува „Fire! Orchestra“, идејна творба на шведските музичари Матс Густафсон (саксофон), Јохан Бертлинг (бас) и Андреас Верлин (тапани), која низ годините прерасна во опасен колектив што им пркоси на конвенционалните жанровски граници, развивајќи свеж пристап кон импровизираната музика со влијанија од фри џез, психоделичниот рок, пост-боп, ноиз, краутрок и даб- музиката. Дел и од годинашниов „Скопје џез-фестивал“ е програмата плус, во рамките на која, на 16 октомври, во галеријата МКЦ (19:30 ч.), ќе биде организирана изложба – „Rob Mazurek: Radical Chimeras“, во Кино „Фросина“ (21:00 ч.) е документарниот филм „Miles Davis: Birth of the Cool“, додека на 19 октомври, во „Јуроп хаус“ (12:00 ч.) ќе биде одржана работилница за деца – „Jazz for Kids“.  

The post Најпопуларната џез-пејачка во светот, Сесил Меклорин Салвант од САД, го отвора 43. Скопје џез-фестивал appeared first on Република.

]]>
Трикратната Греми-лауератка Сесил Мелкорин Салвант на 17 октомври го отвора Скопскиот џез фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/trikratnata-gremi-laueratka-sesil-melkorin-salvant-na-17-oktomvri-go-otvora-skopskiot-dhez-festival/ Wed, 11 Sep 2024 07:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=815137

Трикратната Греми-лауреатка, Американката Сесил Мелкорин Салвант ќе го отвори Скопски џез фестивал на 17 октомври во Националната опера и балет. Таа ќе настапи со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер. Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.

Фестивалската програма годинава е исклучително силна, внимателно селектирана и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и креативната музика денес:

17 октомври
НОБ, 20:00 >> Cecile McLorin Salvant
МКЦ, 23:00 >> Next to Silence

18 октомври
НОБ, 20:00 >> Rodrigo Amado Тhe Bridge • The End

19 октомври
НОБ, 20:00 >> David Virelles • Rob Mazurek Exploding Star Orchestra
МКЦ, 24:00 >> Alabaster DePlume

20 октомври
НОБ, 20:00 >> Nicole Mitchell & Mark Sanders • Fire! Orchestra

Програма плус
12 октомври, AудиоКултура, 20:00 >> Промоција на CD: Next to Silence - 'Ruh'
16 октомври, Галерија МКЦ, 19:30 >> Rob Mazurek: Radical Chimeras - изложба
16 октомври, Кино Фросина, 21:00 >> Miles Davis: Birth of the Cool - докум. филм
19 октомври, Јуроп Хаус, 12:00 >> Jazz for Kids - работилница за деца

Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 17 до 20 октомври, од денес се достапни на билетарницaтa на НОБ и онлајн на МКтикетс.

The post Трикратната Греми-лауератка Сесил Мелкорин Салвант на 17 октомври го отвора Скопскиот џез фестивал appeared first on Република.

]]>

Трикратната Греми-лауреатка, Американката Сесил Мелкорин Салвант ќе го отвори Скопски џез фестивал на 17 октомври во Националната опера и балет. Таа ќе настапи со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер. Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни. Фестивалската програма годинава е исклучително силна, внимателно селектирана и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и креативната музика денес: 17 октомври НОБ, 20:00 >> Cecile McLorin Salvant МКЦ, 23:00 >> Next to Silence 18 октомври НОБ, 20:00 >> Rodrigo Amado Тhe Bridge • The End 19 октомври НОБ, 20:00 >> David Virelles • Rob Mazurek Exploding Star Orchestra МКЦ, 24:00 >> Alabaster DePlume 20 октомври НОБ, 20:00 >> Nicole Mitchell & Mark Sanders • Fire! Orchestra Програма плус 12 октомври, AудиоКултура, 20:00 >> Промоција на CD: Next to Silence - 'Ruh' 16 октомври, Галерија МКЦ, 19:30 >> Rob Mazurek: Radical Chimeras - изложба 16 октомври, Кино Фросина, 21:00 >> Miles Davis: Birth of the Cool - докум. филм 19 октомври, Јуроп Хаус, 12:00 >> Jazz for Kids - работилница за деца Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 17 до 20 октомври, од денес се достапни на билетарницaтa на НОБ и онлајн на МКтикетс.

The post Трикратната Греми-лауератка Сесил Мелкорин Салвант на 17 октомври го отвора Скопскиот џез фестивал appeared first on Република.

]]>
Тапанарот Драган Теодосиев ја доби Наградата за најдобар млад македонски џез музичар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tapanarot-dragan-teodosiev-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-mlad-makedonski-dhez-muzichar/ Fri, 20 Oct 2023 08:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=693118

Традиционалната годишна награда, која ја доделува Скопскиот џез фестивал за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев.

Од Скопски џез фестивал (СЏФ) велат дека тој е присутен на македонската музичка сцена веќе две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на факултетот за музичка уметност во Штип.

Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Бил дел и од театарската група ‘Мадам Фортуна’ од Анверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат ‘најзафатениот (џез) музичар во Македонија’, велат од СЏФ.

Наградата на Теодосиев, како што најавија оттаму, ќе му биде врачена во петок, во Младинскиот културен центар пред настапот на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42-то издание на Скопскиот џез фестивал. Влезот за полноќниот концерт на Cobald Code Unit е слободен.

 

The post Тапанарот Драган Теодосиев ја доби Наградата за најдобар млад македонски џез музичар appeared first on Република.

]]>

Традиционалната годишна награда, која ја доделува Скопскиот џез фестивал за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев. Од Скопски џез фестивал (СЏФ) велат дека тој е присутен на македонската музичка сцена веќе две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на факултетот за музичка уметност во Штип.
Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Бил дел и од театарската група ‘Мадам Фортуна’ од Анверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат ‘најзафатениот (џез) музичар во Македонија’, велат од СЏФ.
Наградата на Теодосиев, како што најавија оттаму, ќе му биде врачена во петок, во Младинскиот културен центар пред настапот на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42-то издание на Скопскиот џез фестивал. Влезот за полноќниот концерт на Cobald Code Unit е слободен.  

The post Тапанарот Драган Теодосиев ја доби Наградата за најдобар млад македонски џез музичар appeared first on Република.

]]>
Три концерти на втората вечер на 42. Скопски џез фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tri-kontserti-na-vtorata-vecher-na-42-skopski-dhez-festival/ Fri, 20 Oct 2023 08:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=693109

Со три концертни настапи вечер продолжува фестивалската програма на 42. издание на Скопскиот џез фестивал. Најпрвин ќе настапи италијански саксофонист Роберто Отавијано, а во вториот дел од програмата е концертот на дуото Силви Курвоазие и Мери Халворсон. Вечерашната програма ќе ја заокружи домашниот џез состав Cobalt Code Unit, со полноќен концерт во Младинскиот културен центар.

Италијанскиот саксофонист Роберто Отавијано ќе настапи со својот актуелен проект „Eternal Love“, посветен на Африка, нејзината култура, музика и луѓе, во ера на миграции и расна нетрпеливост што опасно нè потсетува на Америка од 50-тите и 60-тите години. Заедно со својот блескав квинтет, Отавијано нè води на возбудливо патување, во потрагата по звук и јазик што ќе ги обедини слободната импровизација, славната традиција на џезот и културните корени.

Како што најавија од фестивалот, во вториот дел од концертната програма во НОБ ќе може да се проследи концертот на дуото Силви Курвоазие и Мери Халворсон, прославени современи импровизаторки кои на апстракцијата ѝ пристапуваат од две различни перспективи: Курвоазие како пијанистка што ги премостува фри џезот и европската класична музика, и Халворсон како деконструктивна гитарска импровизаторка, силно поврзана со бруклинската авангардна џез сцена. Нивната музика има во себе нешто треперливо, понекогаш збунувачко, а на слушателите им задава предизвикувачка задача: да ги замислат заедно конструкцијата и негацијата како процес, да ги слушаат хармониите во нивната декомпозиција, да го разберат непознатото како утописка потрага по поинаков јазик, накратко: како една прекрасна авантура.

Вечерашната програма ќе ја заокружи домашниот џез состав Cobalt Code Unit, со полноќен концерт во Младинскиот културен центар. Се работи за четири млади музички аскети кои, низ призмата на авангардниот израз, ги контемплираат хоризонтите на современиот џез, слободната импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Пред почетокот на нивниот настап, ќе биде врачена традиционалната награда „Најдобар млад македонски џез музичар“, што годинава ја освои тапанарот Драган Теодосиев. Влезот за полноќниот концерт на Cobald Code Unit е слободен.

Синоќа фестивалот беше отворен со концертите на Јан Банг и Арве Хенриксен со Џијан Емин и Fame's Institute Orchestra во Националната опера и балет, како и на ансамблот на Бен Ламар Геј во МКЦ.

The post Три концерти на втората вечер на 42. Скопски џез фестивал appeared first on Република.

]]>

Со три концертни настапи вечер продолжува фестивалската програма на 42. издание на Скопскиот џез фестивал. Најпрвин ќе настапи италијански саксофонист Роберто Отавијано, а во вториот дел од програмата е концертот на дуото Силви Курвоазие и Мери Халворсон. Вечерашната програма ќе ја заокружи домашниот џез состав Cobalt Code Unit, со полноќен концерт во Младинскиот културен центар. Италијанскиот саксофонист Роберто Отавијано ќе настапи со својот актуелен проект „Eternal Love“, посветен на Африка, нејзината култура, музика и луѓе, во ера на миграции и расна нетрпеливост што опасно нè потсетува на Америка од 50-тите и 60-тите години. Заедно со својот блескав квинтет, Отавијано нè води на возбудливо патување, во потрагата по звук и јазик што ќе ги обедини слободната импровизација, славната традиција на џезот и културните корени. Како што најавија од фестивалот, во вториот дел од концертната програма во НОБ ќе може да се проследи концертот на дуото Силви Курвоазие и Мери Халворсон, прославени современи импровизаторки кои на апстракцијата ѝ пристапуваат од две различни перспективи: Курвоазие како пијанистка што ги премостува фри џезот и европската класична музика, и Халворсон како деконструктивна гитарска импровизаторка, силно поврзана со бруклинската авангардна џез сцена. Нивната музика има во себе нешто треперливо, понекогаш збунувачко, а на слушателите им задава предизвикувачка задача: да ги замислат заедно конструкцијата и негацијата како процес, да ги слушаат хармониите во нивната декомпозиција, да го разберат непознатото како утописка потрага по поинаков јазик, накратко: како една прекрасна авантура. Вечерашната програма ќе ја заокружи домашниот џез состав Cobalt Code Unit, со полноќен концерт во Младинскиот културен центар. Се работи за четири млади музички аскети кои, низ призмата на авангардниот израз, ги контемплираат хоризонтите на современиот џез, слободната импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Пред почетокот на нивниот настап, ќе биде врачена традиционалната награда „Најдобар млад македонски џез музичар“, што годинава ја освои тапанарот Драган Теодосиев. Влезот за полноќниот концерт на Cobald Code Unit е слободен. Синоќа фестивалот беше отворен со концертите на Јан Банг и Арве Хенриксен со Џијан Емин и Fame's Institute Orchestra во Националната опера и балет, како и на ансамблот на Бен Ламар Геј во МКЦ.

The post Три концерти на втората вечер на 42. Скопски џез фестивал appeared first on Република.

]]>
Почнува 42. Скопски џез фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-42-skopski-dhez-festival/ Thu, 19 Oct 2023 10:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=692774

Премиерната изведба на делото „After the Wildfire", специјално за оваа прилика компонирано од страна на реномираните норвешки џез автори Јан Банг и Арве Хенриксен, а аранжирано и диригирано од нашиот Џијан Емин, ќе го означи почетокот на годинешниот 42. Скопски џез фестивал, вечерва во 20 часот во Националната опера и балет.

Во изведбата на ова нарачано дело, составено од осум композиции напишани за труба, семплер, оркестар, перкусии, кавал, зурла и глас, покрај неговите автори како солисти, ќе учествуваат и норвешкиот перкусионист Ингар Зак, многубројниот оркестар на институтот „Фејмс“, како и неколку познати македонски пејачки и кавалџии.

Јан Банг е реномиран норвешки музичар, композитор, продуцент и професор, како и уметнички директор на познатиот Punkt Festival. Тој е еден од најуспешните и највлијателните продуценти во Норвешка и своевиден музички иноватор. Арве Хенриксен, од друга страна, е веројатно најсестраниот норвешки музичар од неговата генерација, познат по извонредно уникатниот и индивидуален звук на трубата. Тој е еден од најелоквентните соработници во современата музика, кој има работено со огромен број светски музичари, како: Дејвид Силвијан, Џафер Јусеф, Џон Хасел, Хоуп Сандовал, Лори Андерсон, Џон Пол Џонс, Руичи Сакамото, Јон Балке, Мерлин Мазур, Арилд Андерсен и многу други. Банг и Хенриксен првпат настапија на Скопскиот џез фестивал во 2009 година, во иста вечер со покојниот Џон Хасел, а Банг во исто време беше и дел од бендот на Хасел.

Програмата продолжува во МКЦ, каде што, во 23 часот, ќе настапи култниот композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит Бен Ламар Геј со неговиот ансамбл. Станува збор за еден од најоригиналните џез-уметници денес, претставник на инспиративната чикашка музичка сцена и потписник на водечката издавачка етикета во светот кога станува збор за современа креативна музика, International Anthem. Звукот на Геј поседува уникатен, препознатлив стил што тој го нарекува „Pan-American“, со широк спектар на влијанија: од џез до фанк, од R&B до тропикалија и од хип хоп до електро и современа класика. Кај него, обединувањето на различните стилови е секогаш во служба на наративот, а никогаш чисто покажување на техника. Со неговиот вокал и корнет како темел, тој гради колоритни творби кои знаат да звучат радикално, од една страна, но и топло и привлечно, од друга страна. На сцената, ова може да отиде во непредвидливи правци, благодарение на блиската и интуитивна соработка со членовите на неговиот бенд. Активноста на експерименталната музичка сцена во Чикаго, како и тригодишниот престој во Бразил, му донесе соработки со бројни влијателни појави во светот на музиката, како: Асоцијацијата за унапредување на креативните музичари (AACM), Никол Мичел, Џеф Паркер, Џорџ Луис, Џејми Бранч, Макаја Мекрејвен, Томика Рид, Natural Information Society, Дејмон Локс, Џошуа Абрамс, Мајк Рид, Bixiga 70 и Енџел Бет Дејвид, меѓу другите. Го нарекуваат „визионер“ (The New York Times), „спектакуларно оригинален“ (Afropunk), „невозможно е да го категоризираш“ (Pitchfork) и „без дилеми, еден од моите омилени музичари на планетава денес“ (Џеф Паркер).

The post Почнува 42. Скопски џез фестивал appeared first on Република.

]]>

Премиерната изведба на делото „After the Wildfire", специјално за оваа прилика компонирано од страна на реномираните норвешки џез автори Јан Банг и Арве Хенриксен, а аранжирано и диригирано од нашиот Џијан Емин, ќе го означи почетокот на годинешниот 42. Скопски џез фестивал, вечерва во 20 часот во Националната опера и балет. Во изведбата на ова нарачано дело, составено од осум композиции напишани за труба, семплер, оркестар, перкусии, кавал, зурла и глас, покрај неговите автори како солисти, ќе учествуваат и норвешкиот перкусионист Ингар Зак, многубројниот оркестар на институтот „Фејмс“, како и неколку познати македонски пејачки и кавалџии. Јан Банг е реномиран норвешки музичар, композитор, продуцент и професор, како и уметнички директор на познатиот Punkt Festival. Тој е еден од најуспешните и највлијателните продуценти во Норвешка и своевиден музички иноватор. Арве Хенриксен, од друга страна, е веројатно најсестраниот норвешки музичар од неговата генерација, познат по извонредно уникатниот и индивидуален звук на трубата. Тој е еден од најелоквентните соработници во современата музика, кој има работено со огромен број светски музичари, како: Дејвид Силвијан, Џафер Јусеф, Џон Хасел, Хоуп Сандовал, Лори Андерсон, Џон Пол Џонс, Руичи Сакамото, Јон Балке, Мерлин Мазур, Арилд Андерсен и многу други. Банг и Хенриксен првпат настапија на Скопскиот џез фестивал во 2009 година, во иста вечер со покојниот Џон Хасел, а Банг во исто време беше и дел од бендот на Хасел. Програмата продолжува во МКЦ, каде што, во 23 часот, ќе настапи култниот композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит Бен Ламар Геј со неговиот ансамбл. Станува збор за еден од најоригиналните џез-уметници денес, претставник на инспиративната чикашка музичка сцена и потписник на водечката издавачка етикета во светот кога станува збор за современа креативна музика, International Anthem. Звукот на Геј поседува уникатен, препознатлив стил што тој го нарекува „Pan-American“, со широк спектар на влијанија: од џез до фанк, од R&B до тропикалија и од хип хоп до електро и современа класика. Кај него, обединувањето на различните стилови е секогаш во служба на наративот, а никогаш чисто покажување на техника. Со неговиот вокал и корнет како темел, тој гради колоритни творби кои знаат да звучат радикално, од една страна, но и топло и привлечно, од друга страна. На сцената, ова може да отиде во непредвидливи правци, благодарение на блиската и интуитивна соработка со членовите на неговиот бенд. Активноста на експерименталната музичка сцена во Чикаго, како и тригодишниот престој во Бразил, му донесе соработки со бројни влијателни појави во светот на музиката, како: Асоцијацијата за унапредување на креативните музичари (AACM), Никол Мичел, Џеф Паркер, Џорџ Луис, Џејми Бранч, Макаја Мекрејвен, Томика Рид, Natural Information Society, Дејмон Локс, Џошуа Абрамс, Мајк Рид, Bixiga 70 и Енџел Бет Дејвид, меѓу другите. Го нарекуваат „визионер“ (The New York Times), „спектакуларно оригинален“ (Afropunk), „невозможно е да го категоризираш“ (Pitchfork) и „без дилеми, еден од моите омилени музичари на планетава денес“ (Џеф Паркер).

The post Почнува 42. Скопски џез фестивал appeared first on Република.

]]>
Наградата за најдобар млад македонски џез музичар на СЏФ за Драган Теодосиев https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nagradata-za-najdobar-mlad-makedonski-dhez-muzichar-na-sdhf-za-dragan-teodosiev/ Wed, 18 Oct 2023 10:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=692455

Тапанарот и композитор Драган Теодосиев е годинешниот добитник на традиционалната награда за најдобар млад македонски џез музичар, што ја доделува Скопскиот џез фестивал (СЏФ) . Теодосиев е активен на македонската музичка сцена веќе две децении, а се школувал во Средното музичко училиште и на Катедрата за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип.

Активно работи со голем број артисти и бендови како  „Такси конзилиум“, „Светлост + Одрон Ритуал оркестра“, Зарина Првасевда, „Кобалт код јунит“  и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов.

Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Анверпен, Белгија. Редовно настапува во Македонија, но и низ цела Европа.

Го нарекуваат ‘најзафатениот (џез) музичар во Македонија, велат од СЏФ.

Наградата на Теодосиев ќе му биде врачена на 20 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ), пред настапот на неговиот состав „Кобалт код јунит“.

The post Наградата за најдобар млад македонски џез музичар на СЏФ за Драган Теодосиев appeared first on Република.

]]>

Тапанарот и композитор Драган Теодосиев е годинешниот добитник на традиционалната награда за најдобар млад македонски џез музичар, што ја доделува Скопскиот џез фестивал (СЏФ) . Теодосиев е активен на македонската музичка сцена веќе две децении, а се школувал во Средното музичко училиште и на Катедрата за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како  „Такси конзилиум“, „Светлост + Одрон Ритуал оркестра“, Зарина Првасевда, „Кобалт код јунит“  и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов. Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Анверпен, Белгија. Редовно настапува во Македонија, но и низ цела Европа.
Го нарекуваат ‘најзафатениот (џез) музичар во Македонија, велат од СЏФ.
Наградата на Теодосиев ќе му биде врачена на 20 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ), пред настапот на неговиот состав „Кобалт код јунит“.

The post Наградата за најдобар млад македонски џез музичар на СЏФ за Драган Теодосиев appeared first on Република.

]]>
Промоција на 50 CD-издание на SJF Records, албумот „All the Sad Words in the Beggar’s Dictionary“ на Filip Bukrshliev Trio https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-50-cd-izdanie-na-sjf-records-albumot-all-the-sad-words-in-the-beggar-s-dictionary-na-filip-bukrshliev-trio/ Thu, 12 Oct 2023 11:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=690526

Во пресрет на 42. Скопски џез фестивал (19-22 октомври), ќе се одржи промоција на новото (50) CD-издание на SJF Records, албумот „All the Sad Words in the Beggar's Dictionary“ на Filip Bukrshliev Trio. Промоцијата ќе се одржи на 13 октомври (петок) во Аудиокултура со почеток во 19.30 часот.

Станува збор за 9 композиции кои им пркосат на конвенционалните обрасци за стилска и жанровска дескрипција, резонирајќи во блескавите лавиринти на инспирација на нивниот креатор, чудесниот гитарист и композитор Филип Букршлиев. Албумот „All the Sad Words in the Beggar’s Dictionary“ претставува своевидна звучна сеанса, која ги повикува слушателите да ги дешифрираат неговите таинствени кодови. Оваа сонична загатка го спојува церебралното со висцералното, предизвикувајќи го слушателот да го декодира нејзиниот криптичен јазик и да ја прифати нејзината внатрешна дисонантна убавина.

https://www.youtube.com/watch?v=sQIjQhc8DQ0

Триото го сочинуваат: Филип Букршлиев (гитара), Андреа Мирческа (контрабас) и Славчо Коцев (тапани и перкусии), а на албумот гостува и Констатин Хаџи Коцев (пијано и синтисајзер). Композициите се снимени, миксани и мастерирани во април годинава од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на Филип Коруновски. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

Промоцијата, којашто е дел од придружната програма на 42. Скопски џез фестивал, ќе биде зачинета со мини-настап во живо, во кој триото на Филип Буркшлиев ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

The post Промоција на 50 CD-издание на SJF Records, албумот „All the Sad Words in the Beggar’s Dictionary“ на Filip Bukrshliev Trio appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 42. Скопски џез фестивал (19-22 октомври), ќе се одржи промоција на новото (50) CD-издание на SJF Records, албумот „All the Sad Words in the Beggar's Dictionary“ на Filip Bukrshliev Trio. Промоцијата ќе се одржи на 13 октомври (петок) во Аудиокултура со почеток во 19.30 часот. Станува збор за 9 композиции кои им пркосат на конвенционалните обрасци за стилска и жанровска дескрипција, резонирајќи во блескавите лавиринти на инспирација на нивниот креатор, чудесниот гитарист и композитор Филип Букршлиев. Албумот „All the Sad Words in the Beggar’s Dictionary“ претставува своевидна звучна сеанса, која ги повикува слушателите да ги дешифрираат неговите таинствени кодови. Оваа сонична загатка го спојува церебралното со висцералното, предизвикувајќи го слушателот да го декодира нејзиниот криптичен јазик и да ја прифати нејзината внатрешна дисонантна убавина. https://www.youtube.com/watch?v=sQIjQhc8DQ0 Триото го сочинуваат: Филип Букршлиев (гитара), Андреа Мирческа (контрабас) и Славчо Коцев (тапани и перкусии), а на албумот гостува и Констатин Хаџи Коцев (пијано и синтисајзер). Композициите се снимени, миксани и мастерирани во април годинава од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на Филип Коруновски. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета. Промоцијата, којашто е дел од придружната програма на 42. Скопски џез фестивал, ќе биде зачинета со мини-настап во живо, во кој триото на Филип Буркшлиев ќе претстави дел од материјалот на новиот албум.

The post Промоција на 50 CD-издание на SJF Records, албумот „All the Sad Words in the Beggar’s Dictionary“ на Filip Bukrshliev Trio appeared first on Република.

]]>
Почна магијата на Скопскиот џез фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochna-magijata-na-skopskiot-dzez-festival/ Thu, 13 Oct 2022 20:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=560839

Со ексклузивен настап на ансамблот „Exploding Star Orchestra“, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката арт-џез сцена, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек почна 41. Скопски џез фестивал.

The post Почна магијата на Скопскиот џез фестивал appeared first on Република.

]]>

Со ексклузивен настап на ансамблот „Exploding Star Orchestra“, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката арт-џез сцена, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек почна 41. Скопски џез фестивал.

The post Почна магијата на Скопскиот џез фестивал appeared first on Република.

]]>
Џез матине и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, актуелен добитник на наградата најдобар млад џез музичар https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dzez-matine-i-koncerten-nastap-na-trioto-na-filip-bukrshliev-aktuelen-dobitnik-na-nagradata-najdobar-mlad-dzez-muzichar/ Sat, 29 Jan 2022 19:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=451327

Скопскиот џез фестивал денеска со џез-матине ги промовирапе новите календари за 2022 година и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, во кое членуваат и Андреа Мирческа - контрабас и Славчо Коцев - тапани.

Актуелниот добитник на наградата најдобар млад џез музичар во Македонија, Филип Букршлиев, е еден од најплодните и најангажираните актери на домашната џез-сцена. Името на овој извонредно талентиран скопски гитарист, композитор и импровизатор се наоѓа на повеќе од 20 албумски изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Филип Букршлиев Трио, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Yordan Kostov Quintet/Ensemble и други. Творештвото и музицирањето на Буркшлиев се одликува со несекојдневна духовитост, раскошна фантазија и исклучителна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност.

The post Џез матине и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, актуелен добитник на наградата најдобар млад џез музичар appeared first on Република.

]]>

Скопскиот џез фестивал денеска со џез-матине ги промовирапе новите календари за 2022 година и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, во кое членуваат и Андреа Мирческа - контрабас и Славчо Коцев - тапани.

Актуелниот добитник на наградата најдобар млад џез музичар во Македонија, Филип Букршлиев, е еден од најплодните и најангажираните актери на домашната џез-сцена. Името на овој извонредно талентиран скопски гитарист, композитор и импровизатор се наоѓа на повеќе од 20 албумски изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Филип Букршлиев Трио, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Yordan Kostov Quintet/Ensemble и други. Творештвото и музицирањето на Буркшлиев се одликува со несекојдневна духовитост, раскошна фантазија и исклучителна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност.

The post Џез матине и концертeн настап на триото на Филип Букршлиев, актуелен добитник на наградата најдобар млад џез музичар appeared first on Република.

]]>