Скопски брас фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-bras-festival/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 07:50:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопски брас фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-bras-festival/ 32 32 Четврто издание на Скопски брас фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/chetvrto-izdanie-na-skopski-bras-festival/ Wed, 22 May 2024 07:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=780683

На 27 мај во малата сала на Филхармонија ќе се одржи 4. по ред Скопски брас фестивал во организација на Макбрас Асоцијацијата. Фестивалот посветен на лимените дувачки инструменти, Скопскиот Брас Фестивал. ќе се одржува во текот на целата година.

Првиот настан ќе се одржи на 27 Мај во малата сала на НУ Филхармонија, а гости ќе бидат Сегед Тромбон Ансамбл од Унгарија, еден од најдобрите ансамбли, но и единствен по својот состав (октет тромбони).

Раководител и основач на овој состав е Ѓирѓи Гивиксан, професор по тромбон на музичката академија „Франц Лист“ во Будимпешта, солист и еден од најдобрите тромбонисти на денешницата. Нашата публика го памети од солистичкиот настап на фестивалот во 2022 година, а овој пат публиката ќе го види заедно со уште 7 тромбони. Интересно е што поголемиот дел од членовите на ансамблот се некогашни негови студенти од факултетот за музика во Сегед. Програмата за нивниот настап останува тајна, што е карактеристично за овој состав. Професорот Гивиксан изјави дека тоа е пристапот на ансамблот кон публиката.

Верувам дека концертната програма и нејзината изведба секогаш зависи од самите изведувачи. Ве уверуваме дека програмата е убава за слушање, а ние ќе дадеме се од себе да уживате. Дојдете и ветуваме дека ќе ве изненадиме позитивно.”

Покрај концертот, во соработка со факултетот за музичка уметност во Скопје, членовите на ансамблот ќе одржат семинар, а студентите и професионалните “брас” музичари ќе имаат можност да научат повеќе за техниките на свирење тромбон.

Ова издание на фестивалот ќе биде распоредено во текот на целата година, а во план се уште еден концерт и семинари по труба, хорна и тромбон со познати музичари од регионот и пошироко, чии информации ќе бидат објавени на фб – страната на Скопски Брас Фестивал.

Настанот е поддржан од Министерство за Култура на Македонија, во партнерство со германската компанија за производство на инструменти “Buffet Crampon”.

Влезот на настанот е слободен.

 

The post Четврто издание на Скопски брас фестивал appeared first on Република.

]]>

На 27 мај во малата сала на Филхармонија ќе се одржи 4. по ред Скопски брас фестивал во организација на Макбрас Асоцијацијата. Фестивалот посветен на лимените дувачки инструменти, Скопскиот Брас Фестивал. ќе се одржува во текот на целата година. Првиот настан ќе се одржи на 27 Мај во малата сала на НУ Филхармонија, а гости ќе бидат Сегед Тромбон Ансамбл од Унгарија, еден од најдобрите ансамбли, но и единствен по својот состав (октет тромбони). Раководител и основач на овој состав е Ѓирѓи Гивиксан, професор по тромбон на музичката академија „Франц Лист“ во Будимпешта, солист и еден од најдобрите тромбонисти на денешницата. Нашата публика го памети од солистичкиот настап на фестивалот во 2022 година, а овој пат публиката ќе го види заедно со уште 7 тромбони. Интересно е што поголемиот дел од членовите на ансамблот се некогашни негови студенти од факултетот за музика во Сегед. Програмата за нивниот настап останува тајна, што е карактеристично за овој состав. Професорот Гивиксан изјави дека тоа е пристапот на ансамблот кон публиката.
Верувам дека концертната програма и нејзината изведба секогаш зависи од самите изведувачи. Ве уверуваме дека програмата е убава за слушање, а ние ќе дадеме се од себе да уживате. Дојдете и ветуваме дека ќе ве изненадиме позитивно.”
Покрај концертот, во соработка со факултетот за музичка уметност во Скопје, членовите на ансамблот ќе одржат семинар, а студентите и професионалните “брас” музичари ќе имаат можност да научат повеќе за техниките на свирење тромбон. Ова издание на фестивалот ќе биде распоредено во текот на целата година, а во план се уште еден концерт и семинари по труба, хорна и тромбон со познати музичари од регионот и пошироко, чии информации ќе бидат објавени на фб – страната на Скопски Брас Фестивал. Настанот е поддржан од Министерство за Култура на Македонија, во партнерство со германската компанија за производство на инструменти “Buffet Crampon”. Влезот на настанот е слободен.  

The post Четврто издание на Скопски брас фестивал appeared first on Република.

]]>
Скопски Брас фестивал од 3 до 5 јуни во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopski-bras-festival-od-3-do-5-juni-vo-filharmonija/ Fri, 27 May 2022 07:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=507448

Единствениот фестивал кој го прославува звукот на лимените дувачки инструменти и има за цел да ја истакне и промовира нивната улога во музиката Скопски Брас фестивал ќе се одржи од 3 до 5 јуни, со почеток од 20 часот, во Филхармонија.

Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“ (диригент: Ана Спасовска; солисти: Марио Јанковиќ и Стефан Илиев). Наредниот ден, публиката ќе има можност да го слушне неверојатниот унгарски тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од Шкељзен Бафтијари на пијано и Балкански Тромбонски Ансамбл. Последниот ден е резервиран за „Брас на кирилица“ – вечер посветена на македонски лимени состави.

Дополнително, во текот на сите три дена, во фоајето на Филхармонија, од 10 до 15 часот ќе биде поставена изложба на дувачки инструменти од брендовите на светски познатата компанијата „Buffet Crampon“.

Програмата на второто издание на Скопски Брас фестивал е искреирана со цел на посетителите да им овозможи да доживеат нови искуства и да се запознаат со лимените инструменти на сосема поинаков начин. Исто така, оваа година, на наше огромно задоволство, на фестивалот се придружува еден од најреномираните и најголемите светски производители на дувачки инструменти „Buffet Crampon“. Благодарение на оваа соработка, добиваме можност да ги презентираме дувачките инструменти во вистинско светло – како уникатни уметнички дела, кои го прават животот побогат – изјави Александар Ниниќ, претседател на „Макбрас Асоцијација“ и организатор на Скопски Брас фестивал.

Влезот на сите концерти е бесплатен и поканети се сите кои сакаат да го збогатат и освежат своето секојдневие со нешто ново и, секако, да уживаат во квалитетна музика. Капацитетот на салата е ограничен до 300 лица и вратите ќе бидат отворени до пополнување на капацитетот.

Настанот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и „Макбрас Асоцијација“.

The post Скопски Брас фестивал од 3 до 5 јуни во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Единствениот фестивал кој го прославува звукот на лимените дувачки инструменти и има за цел да ја истакне и промовира нивната улога во музиката Скопски Брас фестивал ќе се одржи од 3 до 5 јуни, со почеток од 20 часот, во Филхармонија. Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“ (диригент: Ана Спасовска; солисти: Марио Јанковиќ и Стефан Илиев). Наредниот ден, публиката ќе има можност да го слушне неверојатниот унгарски тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од Шкељзен Бафтијари на пијано и Балкански Тромбонски Ансамбл. Последниот ден е резервиран за „Брас на кирилица“ – вечер посветена на македонски лимени состави. Дополнително, во текот на сите три дена, во фоајето на Филхармонија, од 10 до 15 часот ќе биде поставена изложба на дувачки инструменти од брендовите на светски познатата компанијата „Buffet Crampon“.
Програмата на второто издание на Скопски Брас фестивал е искреирана со цел на посетителите да им овозможи да доживеат нови искуства и да се запознаат со лимените инструменти на сосема поинаков начин. Исто така, оваа година, на наше огромно задоволство, на фестивалот се придружува еден од најреномираните и најголемите светски производители на дувачки инструменти „Buffet Crampon“. Благодарение на оваа соработка, добиваме можност да ги презентираме дувачките инструменти во вистинско светло – како уникатни уметнички дела, кои го прават животот побогат – изјави Александар Ниниќ, претседател на „Макбрас Асоцијација“ и организатор на Скопски Брас фестивал.
Влезот на сите концерти е бесплатен и поканети се сите кои сакаат да го збогатат и освежат своето секојдневие со нешто ново и, секако, да уживаат во квалитетна музика. Капацитетот на салата е ограничен до 300 лица и вратите ќе бидат отворени до пополнување на капацитетот. Настанот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и „Макбрас Асоцијација“.

The post Скопски Брас фестивал од 3 до 5 јуни во Филхармонија appeared first on Република.

]]>