скопски аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-aerodrom/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 17:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопски аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopski-aerodrom/ 32 32 Инцидент на Скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-na-skopskiot-aerodrom/ Mon, 25 Nov 2024 17:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=841664

Вчера попладне на Скопскиот аеродром се случил инцидент со кој бил нарушен јавниот ред и мир – двајца жители на скопско се степале, соопшти МВР.

На 24.11.2024 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско, велат од полицијата.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

The post Инцидент на Скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-planirame-od-skopskiot-aerodrom-da-se-organiziraat-direktni-prekumorski-interkontinentalni-letovi/ Thu, 17 Oct 2024 17:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=827962

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови што ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Тоа, како што рече на Конференцијата во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Македонското здружение на контролори на летање, што денеска се одржува во Скопје, ќе биде од огромна важност за земјава, бидејќи имаме огромна дијаспора која сака да лета директно од Скопје, но исто така и за привлекување на нови туристи и тоа не само во земјава, туку и во регионот.

Контролата на летање е специфична професија која бара одлично образование и висока професионалност. Мило ми е што Македонија има привилегија да биде домаќин на овој европски регионален состанок на Асоцијацијата за контрола на летање, на кој верувам дека ќе бидат изнесени нови искуства и практики во овој сектор, рече Николоски на отворањето на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM.

Тој нагласи дека станува збор за клучен сектор кој има огромно значење за Министерството за транспорт и за Владата.

Највисоките стандарди мора да се применуваат во вашата професија, бидејќи не се дозволени грешки и не е дозволен никаков волонтеризам. Токму затоа ние сакаме да ги поддржиме нашите домашни, но и интернационални професионалци во овој сектор, посочи Николоски.

Нагласи дека земјава сака да го зголеми авиосообраќајот од двата македонски аеродроми и да има повеќе патници кои доаѓаат и си одат од тука и тикму затоа, како што кажа, почнавме нова кампања за субвенционирање на летови за која деновиве треба да заврши евалуацијата.

The post Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови appeared first on Република.

]]>

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови што ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Тоа, како што рече на Конференцијата во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Македонското здружение на контролори на летање, што денеска се одржува во Скопје, ќе биде од огромна важност за земјава, бидејќи имаме огромна дијаспора која сака да лета директно од Скопје, но исто така и за привлекување на нови туристи и тоа не само во земјава, туку и во регионот.
Контролата на летање е специфична професија која бара одлично образование и висока професионалност. Мило ми е што Македонија има привилегија да биде домаќин на овој европски регионален состанок на Асоцијацијата за контрола на летање, на кој верувам дека ќе бидат изнесени нови искуства и практики во овој сектор, рече Николоски на отворањето на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM.
Тој нагласи дека станува збор за клучен сектор кој има огромно значење за Министерството за транспорт и за Владата.
Највисоките стандарди мора да се применуваат во вашата професија, бидејќи не се дозволени грешки и не е дозволен никаков волонтеризам. Токму затоа ние сакаме да ги поддржиме нашите домашни, но и интернационални професионалци во овој сектор, посочи Николоски.
Нагласи дека земјава сака да го зголеми авиосообраќајот од двата македонски аеродроми и да има повеќе патници кои доаѓаат и си одат од тука и тикму затоа, како што кажа, почнавме нова кампања за субвенционирање на летови за која деновиве треба да заврши евалуацијата.

The post Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови appeared first on Република.

]]>
На скопскиот аеродром запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-skopskiot-aerodrom-zapleneti-mobilni-telefoni-ajfon-vo-vrednost-od-1-8-milioni-denari/ Tue, 27 Aug 2024 07:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=810437

Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје.

Како што соопштија од Царинската управа, дополнително уште 11 мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 799 илјади денари и еден таблет се запленети на патнички промет, откако патник кој патувал од Истанбул не ги пријавил на влез во државата. Истиот е селектиран за ренген контрола при што во дел од куферите помеѓу облеката се откриени мобилните телефони и таблетот.

На Меѓународен Аеродром Скопје на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на „Ејпл“ за коишто во моментов е отпочната постапка за повреда на право на интелектуална сопственост.

Исто како и во првиот случај, станува збор за пратка од Дубаи, за којашто е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи доколку се продаваат како оригинали е 220 илјади евра.

На Царинска испостава Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони „Самсунг“ кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е со потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост, наведуваат од Царинската управа.

The post На скопскиот аеродром запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје. Како што соопштија од Царинската управа, дополнително уште 11 мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 799 илјади денари и еден таблет се запленети на патнички промет, откако патник кој патувал од Истанбул не ги пријавил на влез во државата. Истиот е селектиран за ренген контрола при што во дел од куферите помеѓу облеката се откриени мобилните телефони и таблетот. На Меѓународен Аеродром Скопје на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на „Ејпл“ за коишто во моментов е отпочната постапка за повреда на право на интелектуална сопственост. Исто како и во првиот случај, станува збор за пратка од Дубаи, за којашто е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи доколку се продаваат како оригинали е 220 илјади евра.
На Царинска испостава Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони „Самсунг“ кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е со потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост, наведуваат од Царинската управа.

The post На скопскиот аеродром запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународниот аеродром – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsarina-ke-gi-zajaknuva-kontrolite-i-prisustvoto-na-megunarodniot-aerodrom-skopje/ Thu, 08 Aug 2024 12:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=804579

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, сооштуваат од Царинската управа.

Главен приоритет ми е жестока борба со криминалот и корупцијата, но и менување на свеста кај царинските службеници. Ова е тимска работа и заедно мора да водиме заедничка борба со цел да ги движиме работите напред. Секој царински службеник мора да стане свесен дека секој ден доаѓа на работа за да испорача конкретни резултати кои ќе бидат видливи преку поголеми приходи во Буџетот и да спречи криминал, истакнал Николовски.

Двете страни се согласиле дека ова е заедничка борба и оти заеднички мора да се работи на унапредување на соработката, сè со цел модернизација на процесите и подобрување на имиџот на институциите кои се огледало на државата, како и сузбивање на криминалот.

The post Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството на Меѓународниот аеродром – Скопје appeared first on Република.

Кривична и суспензија за обезбедувачот на Гаши за инцидентот на скопски аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-i-suspenzija-za-obezbeduvachot-na-gashi-za-intsidentot-na-skopski-aerodrom/ Mon, 05 Aug 2024 12:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=803514

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ, соопшти предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија, информира Тошковски.

Пријавениот С.С., додава, бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот, вели Тошковски.

ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите, порача Тошковски.

The post Кривична и суспензија за обезбедувачот на Гаши за инцидентот на скопски аеродром appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ, соопшти предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија, информира Тошковски.
Пријавениот С.С., додава, бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот, вели Тошковски. ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.
Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите, порача Тошковски.

The post Кривична и суспензија за обезбедувачот на Гаши за инцидентот на скопски аеродром appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ му возвраќа на ДУИ: Да не излезе дека блиски на Артан Груби се вмешани во инцидентот на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-mu-vozvraka-na-dui-da-ne-izleze-deka-bliski-na-artan-grubi-se-vmeshani-vo-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/ Sat, 03 Aug 2024 13:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=803062

Иако го споменуваат само со иницијали, евидентно е дека од ВРЕДИ одговорноста за скандалот на скопскиот аеродром ја лоцираат кај лица блиски до Артан Груби. Велат дека не би биле зачудени ако зад инцидентот стои токму тој, пренесува „360 степени“.

Владејачката коалиција партии на Албанците – ВРЕДИ смета дека партијата на Ахмети ДУИ свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста. Косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел влошување на билатералните односи со Косово.

Владејачката коалиција на партиите на Албанците – ВРЕДИ смета дека Демократската Унија за интеграција свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста, имајќи предвид дека косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел да се влошат билатералните односи меѓу Македонија и Косово.

Иако не сакаат да ја попречуваат истрагата која што е во тек, од ВРЕДИ оценуваат дека поради паничните соопштенија кои ги испраќа ДУИ, тие мора да постават отворени прашања за можната вмешаност на кадри од партијата на Ахмети во инцидентот. Велат дека не случајно вчера напоменале дека нема да бидат зачудени доколку луѓе блиски до лицето А.Г. познато по масивна политичка корупција и казино бизниси, биле замешани на некаков начин во аеродромскиот инцидент.

Повод за тоа, според нив е фактот дека пред и за време на предизборната кампања ДУИ отворено покажуваше незадоволство од отсуството на политичка поддршка за нивната платформа од косовските државни функционери.

„Кое е вработеното лице на аеродромот кое објавува фотографии на социјалните мрежи со лицето А.Г. а се појавило на местото на инцидентот и со кои намери и причини? Колку криминал имаат направено поранешни функционери на ДУИ кога на ваков подмолен начин се обидувате да ја вовлечете претседателката на Косово во обид да креирате тензии и да ги направите Албанците заложници, за да се спасите од правосудна одговорност?“, ги прашуваат од ВРЕДИ нивните опоненти од ДУИ.

Од ВРЕДИ им порачуваат дека тоа нема да им помине и ќе мора да се соочат со вистина, која откако ќе биде обелоденета ќе ја засрами политичката партија на Ахмети.

Претходно, ДУИ побара политичка одговорност за скандалот да преземат собранискиот спикер Африм Гаши бидејќи по негов налог, диво и недоволиво на скопскиот аеродром се однесувал шефот на неговото обезбедување, како и заменик министерот во МВР Астрит Исени, кој воопшто не бил информиран за скандалот.

The post ВРЕДИ му возвраќа на ДУИ: Да не излезе дека блиски на Артан Груби се вмешани во инцидентот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Иако го споменуваат само со иницијали, евидентно е дека од ВРЕДИ одговорноста за скандалот на скопскиот аеродром ја лоцираат кај лица блиски до Артан Груби. Велат дека не би биле зачудени ако зад инцидентот стои токму тој, пренесува „360 степени“. Владејачката коалиција партии на Албанците – ВРЕДИ смета дека партијата на Ахмети ДУИ свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста. Косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел влошување на билатералните односи со Косово. Владејачката коалиција на партиите на Албанците – ВРЕДИ смета дека Демократската Унија за интеграција свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста, имајќи предвид дека косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел да се влошат билатералните односи меѓу Македонија и Косово. Иако не сакаат да ја попречуваат истрагата која што е во тек, од ВРЕДИ оценуваат дека поради паничните соопштенија кои ги испраќа ДУИ, тие мора да постават отворени прашања за можната вмешаност на кадри од партијата на Ахмети во инцидентот. Велат дека не случајно вчера напоменале дека нема да бидат зачудени доколку луѓе блиски до лицето А.Г. познато по масивна политичка корупција и казино бизниси, биле замешани на некаков начин во аеродромскиот инцидент. Повод за тоа, според нив е фактот дека пред и за време на предизборната кампања ДУИ отворено покажуваше незадоволство од отсуството на политичка поддршка за нивната платформа од косовските државни функционери.
„Кое е вработеното лице на аеродромот кое објавува фотографии на социјалните мрежи со лицето А.Г. а се појавило на местото на инцидентот и со кои намери и причини? Колку криминал имаат направено поранешни функционери на ДУИ кога на ваков подмолен начин се обидувате да ја вовлечете претседателката на Косово во обид да креирате тензии и да ги направите Албанците заложници, за да се спасите од правосудна одговорност?“, ги прашуваат од ВРЕДИ нивните опоненти од ДУИ.
Од ВРЕДИ им порачуваат дека тоа нема да им помине и ќе мора да се соочат со вистина, која откако ќе биде обелоденета ќе ја засрами политичката партија на Ахмети. Претходно, ДУИ побара политичка одговорност за скандалот да преземат собранискиот спикер Африм Гаши бидејќи по негов налог, диво и недоволиво на скопскиот аеродром се однесувал шефот на неговото обезбедување, како и заменик министерот во МВР Астрит Исени, кој воопшто не бил информиран за скандалот.

The post ВРЕДИ му возвраќа на ДУИ: Да не излезе дека блиски на Артан Груби се вмешани во инцидентот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Косовското Претседателство бара македонското МВР да се извини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskoto-pretsedatelstvo-bara-makedonskoto-mvr-da-se-izvini/ Fri, 02 Aug 2024 18:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=802920

Претседателството на Косово соопшти дека македонското МВР треба да се извини, а не да го оправдува барањето на аеродромското обезбедување да го земе и скенира личниот телефон на претседателката на Косово. Претседателката со право одбила да го предаде телефонот, според советите од безбедносните институции, се вели во реакцијата на Претседателството на Република Косово по соопштението на МВР за вчерашниот инцидент на скопскиот аеродром.

Според косовското претседателство, наредбата за ваква контрола, која ѝ била направена на Османи, ја дало Министерството за внатрешни работи на Македонија.

„Всушност, скопскиот аеродром, како и самото Министерство за внатрешни работи на Македонија, признаа дека наредбата е дадена од Министерството за внатрешни работи на Македонија за таква контрола, што целосно е во спротивност со правилата за однесување со шефовите на држава според дипломатските практики“, се вели во реакцијата и се додава дека не е точно дека Османи не се согласила да ѝ ја скенираат чантата.

„Ова е невидена тенденција да се оцрни не само претседателката, туку и државата Косово. Македонија треба да има предвид дека ваква пропаганда се прави против претседателка која во својот мандат сама придонела за продлабочување на позитивните односи меѓу Косово и Македонија“, се вели во реакцијата.

Претседателството повтори дека службениците на скопскиот аеродром се обиделе физички да ја попречат Османи и дека согласно безбедносните протоколи „косовската полиција професионално реагирала“. Претседателството ја опиша ситуацијата на аеродромот како „чиста провокација и тенденција за предизвикување инцидент“.

The post Косовското Претседателство бара македонското МВР да се извини appeared first on Република.

]]>

Претседателството на Косово соопшти дека македонското МВР треба да се извини, а не да го оправдува барањето на аеродромското обезбедување да го земе и скенира личниот телефон на претседателката на Косово. Претседателката со право одбила да го предаде телефонот, според советите од безбедносните институции, се вели во реакцијата на Претседателството на Република Косово по соопштението на МВР за вчерашниот инцидент на скопскиот аеродром. Според косовското претседателство, наредбата за ваква контрола, која ѝ била направена на Османи, ја дало Министерството за внатрешни работи на Македонија.
„Всушност, скопскиот аеродром, како и самото Министерство за внатрешни работи на Македонија, признаа дека наредбата е дадена од Министерството за внатрешни работи на Македонија за таква контрола, што целосно е во спротивност со правилата за однесување со шефовите на држава според дипломатските практики“, се вели во реакцијата и се додава дека не е точно дека Османи не се согласила да ѝ ја скенираат чантата.
„Ова е невидена тенденција да се оцрни не само претседателката, туку и државата Косово. Македонија треба да има предвид дека ваква пропаганда се прави против претседателка која во својот мандат сама придонела за продлабочување на позитивните односи меѓу Косово и Македонија“, се вели во реакцијата. Претседателството повтори дека службениците на скопскиот аеродром се обиделе физички да ја попречат Османи и дека согласно безбедносните протоколи „косовската полиција професионално реагирала“. Претседателството ја опиша ситуацијата на аеродромот како „чиста провокација и тенденција за предизвикување инцидент“.

The post Косовското Претседателство бара македонското МВР да се извини appeared first on Република.

]]>
Полициски функционер близок со челниците на ДУИ е виновен за вчерашниот инцидент, тврди Беким Сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsiski-funktsioner-blizok-so-chelnitsite-na-dui-e-vinoven-za-vcherashniot-intsident-tvrdi-bekim-sali/ Fri, 02 Aug 2024 14:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=802821

Немилиот и крајно вознемирувачки инцидент што се случи вчера на скопскиот аеродром е продолжување на проектот за радикализација на ДУИ, реагира пратеникот Беким Сали од коалицијата Вреди за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на аеродромот во Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/

Полициски функционер познат по својата блискост со челниците на ДУИ, покажувајќи отворено непочитување на ВИП протоколите и достоинството на државна делегација, ја запре претседателката Османи, напиша Сали.

Според него, со овој чин не само што се прекршуваат дипломатските норми, туку се ризикува и влошување на односите меѓу нашата држава и Косово.

Депресивно е да се забележи дека ДУИ уште еднаш ја покажа својата апатија кон институциите на Косово, со цел во секој случај да ги влоши нашите односи. Овој инцидент е горчлив потсетник на 20 години владеење и на деструктивното ниво на кое се подготвени да одат сега кога се во опозиција. Во овој критичен момент, сакам да истакнам дека секој член на Вреди е посветен на почитување на принципите на почитување, достоинство и силни дипломатски односи. Ние се разликуваме од ДУИ и нема да дозволиме нашата земја да биде сфатена како сираче на меѓународната сцена. Нашата посветеност за негување на позитивни и почитувани односи со сите наши соседи останува непоколеблива, нагласуува Сали во својот одговор на неговиот Фејсбук профил и сподели фотографија од Вјоса Османи и собранискиот спикер Африм Гаши на која пишува: „Како брат за сестра, нашиот Гаши!“.

The post Полициски функционер близок со челниците на ДУИ е виновен за вчерашниот инцидент, тврди Беким Сали appeared first on Република.

]]>

Немилиот и крајно вознемирувачки инцидент што се случи вчера на скопскиот аеродром е продолжување на проектот за радикализација на ДУИ, реагира пратеникот Беким Сали од коалицијата Вреди за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на аеродромот во Скопје. https://republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/
Полициски функционер познат по својата блискост со челниците на ДУИ, покажувајќи отворено непочитување на ВИП протоколите и достоинството на државна делегација, ја запре претседателката Османи, напиша Сали.
Според него, со овој чин не само што се прекршуваат дипломатските норми, туку се ризикува и влошување на односите меѓу нашата држава и Косово.
Депресивно е да се забележи дека ДУИ уште еднаш ја покажа својата апатија кон институциите на Косово, со цел во секој случај да ги влоши нашите односи. Овој инцидент е горчлив потсетник на 20 години владеење и на деструктивното ниво на кое се подготвени да одат сега кога се во опозиција. Во овој критичен момент, сакам да истакнам дека секој член на Вреди е посветен на почитување на принципите на почитување, достоинство и силни дипломатски односи. Ние се разликуваме од ДУИ и нема да дозволиме нашата земја да биде сфатена како сираче на меѓународната сцена. Нашата посветеност за негување на позитивни и почитувани односи со сите наши соседи останува непоколеблива, нагласуува Сали во својот одговор на неговиот Фејсбук профил и сподели фотографија од Вјоса Османи и собранискиот спикер Африм Гаши на која пишува: „Како брат за сестра, нашиот Гаши!“.

The post Полициски функционер близок со челниците на ДУИ е виновен за вчерашниот инцидент, тврди Беким Сали appeared first on Република.

]]>
Филипче: МВР што поскоро да истражи што се случило и да ја информира јавноста за случајот на Скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-mvr-shto-poskoro-da-istrazhi-shto-se-sluchilo-i-da-ja-informira-javnosta-za-sluchajot-na-skopskiot-aerodrom/ Fri, 02 Aug 2024 12:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=802779

Недозволиво е за една ваква сериозна работа да нема официјално соопштение од МВР.  Се добива впечаток дека некој сака да ја сокрие вистината. Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и со вистински информации да ја информираат јавноста, граѓаните тоа го заслужуваат, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче, прашан за случајот на Скопскиот аеродром.

Тој рече дека има неколку верзии кои вчера се пренесуваа во медиумите, од Кабинетот на косовската претседателка случајот се опишува како дипломатски скандал, друг е ставот на собранискиот претседател Африм Гаши, а официјалното МВР никаде го нема.

-Сметам дека тоа е апсолутно недозволиво затоа што се добива впечаток дека некој сака да ја скрие вистината. Граѓаните тоа не го заслужуваат. Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и вистински со вистински информации да ја информираат јавноста, граѓаните тоа го заслужуваат. Меѓутоа, мене ова не ме изненадува. Вакви дисонантни тонови, вакви различни ставови. Во изминатиот месец повеќе работи се случуваат. Од една страна, премиерот Мицкоски и министерот Николовски една работа кажуваат за пругата кон Бугарија, а министерот Муцунски нешто сосема друго. Премиерот кажува една работа за намалувањето на платите на функционерите, министерката Кочоска најавува дека ќе си оди ако се случи тоа, рече Филипче.

Според Филипче, во власта владее една голема конфузија.

Прашан дали смета дека владината коалиција е стабилна и дали ќе се исполни ветувањето за национално единство со оглед на тоа што таму постојат различни ставови, Филипче одговори дека ставовите и повиците за обединување, за национално единство не се само празни зборови што треба да се кажат.

-Ако ние одиме да остваруваме вистински потреби на граѓаните, да имплементираме такви политики, тоа треба да се покаже на дело. Ние поднесовме амандмани во Собранието за зголемување на платата на работниците согласно политиките коишто се спроведуваа изминатите години. Имавме сериозни состаноци со синдикатите, за жал синдикатите беа етикетирани дека остваруваат некакви партиски цели и партиски задачи што мислам дека е срамно да се етикетираат такви организации коишто ги претставуваат сите работници во земјата. Нашите амандмани беа одбиени, а тие амандмани беа да се зголемат платите и во образованието, и во здравството, да се дадат зголемувања на платите на работниците коишто сега се борат со пожарите – пожарникарите, одбраната, МВР, за жал тоа власта го одби, додаде Филипче.

The post Филипче: МВР што поскоро да истражи што се случило и да ја информира јавноста за случајот на Скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Недозволиво е за една ваква сериозна работа да нема официјално соопштение од МВР.  Се добива впечаток дека некој сака да ја сокрие вистината. Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и со вистински информации да ја информираат јавноста, граѓаните тоа го заслужуваат, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче, прашан за случајот на Скопскиот аеродром. Тој рече дека има неколку верзии кои вчера се пренесуваа во медиумите, од Кабинетот на косовската претседателка случајот се опишува како дипломатски скандал, друг е ставот на собранискиот претседател Африм Гаши, а официјалното МВР никаде го нема.
-Сметам дека тоа е апсолутно недозволиво затоа што се добива впечаток дека некој сака да ја скрие вистината. Граѓаните тоа не го заслужуваат. Апелираме во што поскоро време МВР да истражи што се случило и вистински со вистински информации да ја информираат јавноста, граѓаните тоа го заслужуваат. Меѓутоа, мене ова не ме изненадува. Вакви дисонантни тонови, вакви различни ставови. Во изминатиот месец повеќе работи се случуваат. Од една страна, премиерот Мицкоски и министерот Николовски една работа кажуваат за пругата кон Бугарија, а министерот Муцунски нешто сосема друго. Премиерот кажува една работа за намалувањето на платите на функционерите, министерката Кочоска најавува дека ќе си оди ако се случи тоа, рече Филипче.
Според Филипче, во власта владее една голема конфузија. Прашан дали смета дека владината коалиција е стабилна и дали ќе се исполни ветувањето за национално единство со оглед на тоа што таму постојат различни ставови, Филипче одговори дека ставовите и повиците за обединување, за национално единство не се само празни зборови што треба да се кажат.
-Ако ние одиме да остваруваме вистински потреби на граѓаните, да имплементираме такви политики, тоа треба да се покаже на дело. Ние поднесовме амандмани во Собранието за зголемување на платата на работниците согласно политиките коишто се спроведуваа изминатите години. Имавме сериозни состаноци со синдикатите, за жал синдикатите беа етикетирани дека остваруваат некакви партиски цели и партиски задачи што мислам дека е срамно да се етикетираат такви организации коишто ги претставуваат сите работници во земјата. Нашите амандмани беа одбиени, а тие амандмани беа да се зголемат платите и во образованието, и во здравството, да се дадат зголемувања на платите на работниците коишто сега се борат со пожарите – пожарникарите, одбраната, МВР, за жал тоа власта го одби, додаде Филипче.

The post Филипче: МВР што поскоро да истражи што се случило и да ја информира јавноста за случајот на Скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/ Fri, 02 Aug 2024 09:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=802577

Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија категорично ги отфрла наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка Вјоса Османи при вчерашниот преглед во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот, посочуваат од ТАВ Македонија.

Оттаму нагласуваат дека Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Република Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.

Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури, потенцираат од ТАВ Македонија.

Обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, вчера им се заканувало на вработени во ТАВ Македонија кои побарале од претседателката на Косово да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/

Како што претходно информираа од МВР, вчера околу 10 часот додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, пак, изрази загриженост поради вчерашниот инцидент што ѝ се случи на косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, за кој вели дека почнало да собира информации за случајот, јави дописникот на МИА од Приштина.

https://republika.mk/vesti/balkan/ofitsijalna-reaktsija-na-kosovskoto-mnr-nedostoinstven-odnos-kon-vjosa-osmani-na-skopskiot-aerodrom/

Нарекувајќи го „недостоинствен“ односот на аеродромското обезбедување кон Османи, косовското МНР во денешното соопштение наведува дека побарало официјални појаснувања во врска со инцидентот од амбасадата на Македонија во Приштина и од македонското МНР.

Министерството за надворешни работи и дијаспора со загриженост дозна за инцидентот предизвикан на скопскиот аеродром во врска со недостоинствениот однос кон претседателката на Република Косово, др. Вјоса Османи. Министерството за надворешни работи и дијаспора, преку Амбасадата на Косово во Скопје, започна со собирање информации и уште од раните утрински часови бара официјални појаснувања од амбасадата на Македонија во Приштина и од Министерството за надворешни работи на Македонија. Министерството за надворешни работи ќе ја информира јавноста за понатамошните активности, за да се расчисти оваа ситуација и да се погрижи во иднина да не се случуваат вакви инциденти во однос на шефовите на нашата држава, се вели во соопштението на косовското МНР.

Од кабинетот на Османи синоќа објавија дека обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, што е однесување „спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи“.

The post ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка appeared first on Република.

]]>

Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија категорично ги отфрла наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка Вјоса Османи при вчерашниот преглед во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот, посочуваат од ТАВ Македонија.
Оттаму нагласуваат дека Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Република Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.
Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури, потенцираат од ТАВ Македонија.
Обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, вчера им се заканувало на вработени во ТАВ Македонија кои побарале од претседателката на Косово да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. https://republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/ Како што претходно информираа од МВР, вчера околу 10 часот додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.
По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, пак, изрази загриженост поради вчерашниот инцидент што ѝ се случи на косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, за кој вели дека почнало да собира информации за случајот, јави дописникот на МИА од Приштина. https://republika.mk/vesti/balkan/ofitsijalna-reaktsija-na-kosovskoto-mnr-nedostoinstven-odnos-kon-vjosa-osmani-na-skopskiot-aerodrom/ Нарекувајќи го „недостоинствен“ односот на аеродромското обезбедување кон Османи, косовското МНР во денешното соопштение наведува дека побарало официјални појаснувања во врска со инцидентот од амбасадата на Македонија во Приштина и од македонското МНР.
Министерството за надворешни работи и дијаспора со загриженост дозна за инцидентот предизвикан на скопскиот аеродром во врска со недостоинствениот однос кон претседателката на Република Косово, др. Вјоса Османи. Министерството за надворешни работи и дијаспора, преку Амбасадата на Косово во Скопје, започна со собирање информации и уште од раните утрински часови бара официјални појаснувања од амбасадата на Македонија во Приштина и од Министерството за надворешни работи на Македонија. Министерството за надворешни работи ќе ја информира јавноста за понатамошните активности, за да се расчисти оваа ситуација и да се погрижи во иднина да не се случуваат вакви инциденти во однос на шефовите на нашата држава, се вели во соопштението на косовското МНР.
Од кабинетот на Османи синоќа објавија дека обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, што е однесување „спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи“.

The post ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка appeared first on Република.

]]>
Скенирањето на мобилниот на косовската претседателка бил главна причина за инцидентот на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skeniraneto-na-mobilniot-na-kosovskata-pretsedatelka-bil-glavna-prichina-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom/ Fri, 02 Aug 2024 08:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=802538

Не стивнуваат реакциите по тешкиот вооружен инцидент кој вчера утро се случил на аеродромот на ТАВ во Скопје, кога член од обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши се заканувал на вработен на аеродромот бидејќи не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да ја прескокне скен контролата.

Според информациите од МВР, во ВИП делот за проверка на патниците кои слетале од Париз била и косовската претседателска Вјоса Османи. Во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер.

По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши кој бил полициски службеник со уште две други лица исто така вработени во МВР и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој ѝ направил проблем на претседателката.

При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин.

Но, според написите на дел од медиумите расправијата прераснала во инцидент откако обезбедување на Гаши освен вербалните закани извадило и пиштол и го вперило кон вработени на ТАВ и вработен на граничниот премин на Аердоромот.

Од МВР, информираат дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со обвинителството при Одделнието за борба проитв организран криминал се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, велат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-na-skopskiot-aerodrom-obezbeduvaneto-na-pretsedatelkata-na-kosovo-ottrgnalo-vraboten-vo-tav-se-vmeshalo-i-obezbeduvaneto-na-gashi/

Од одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија реагираат дека постапиле во рамките на своите овластувања и спровеле стандардна безбедносна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП-салонот со што, како што потенцираат - воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците.

-Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет, велат од ТАВ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-obezbeduvaneto-postapi-vo-ramkite-na-svoite-ovlastuvana-i-sprovede-standardna-bezbednosna-proverka/

По повод инцидентот на Скопскиот аеродром, се огласија и од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, oд каде велат дека тој демантира какво била вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром.

Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување, велат од Кабинетот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabinet-na-gashi-obezbeduvaneto-interveniralo-za-da-ja-smiri-situatsijata/

The post Скенирањето на мобилниот на косовската претседателка бил главна причина за инцидентот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите по тешкиот вооружен инцидент кој вчера утро се случил на аеродромот на ТАВ во Скопје, кога член од обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши се заканувал на вработен на аеродромот бидејќи не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да ја прескокне скен контролата. Според информациите од МВР, во ВИП делот за проверка на патниците кои слетале од Париз била и косовската претседателска Вјоса Османи. Во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер. По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши кој бил полициски службеник со уште две други лица исто така вработени во МВР и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој ѝ направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин. Но, според написите на дел од медиумите расправијата прераснала во инцидент откако обезбедување на Гаши освен вербалните закани извадило и пиштол и го вперило кон вработени на ТАВ и вработен на граничниот премин на Аердоромот. Од МВР, информираат дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со обвинителството при Одделнието за борба проитв организран криминал се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, велат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-na-skopskiot-aerodrom-obezbeduvaneto-na-pretsedatelkata-na-kosovo-ottrgnalo-vraboten-vo-tav-se-vmeshalo-i-obezbeduvaneto-na-gashi/ Од одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија реагираат дека постапиле во рамките на своите овластувања и спровеле стандардна безбедносна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП-салонот со што, како што потенцираат - воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците.
-Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот. Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет, велат од ТАВ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-obezbeduvaneto-postapi-vo-ramkite-na-svoite-ovlastuvana-i-sprovede-standardna-bezbednosna-proverka/ По повод инцидентот на Скопскиот аеродром, се огласија и од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, oд каде велат дека тој демантира какво била вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром. Наспроти овие информации, членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување, велат од Кабинетот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kabinet-na-gashi-obezbeduvaneto-interveniralo-za-da-ja-smiri-situatsijata/

The post Скенирањето на мобилниот на косовската претседателка бил главна причина за инцидентот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prv-charter-let-na-shpanska-iberia-na-skopskiot-aerodrom-se-istrazhuvaat-mozhnostite-za-aviolinija-so-madrid/ Sun, 12 May 2024 17:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=777371

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериа, од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот Аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена, објави денеска на својата Фејсбук страница операторот на аеродромите во државава ТАВ Македонија.

-Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Balkan Prime Tours и шпанскиот тур-оператор Sama Travel. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија.Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу #Скопје и #Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Iberia следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина, појаснуваат од ТАВ во објавата.

За пристигнувањето на шпанските туристи и блогери и првиот чартер лет во соопштение информира и македонскиот дојдовен тур-оператор Balkan Prime Tours.

-Ова е резултат на активностите на Balkan Prime Tours во изминатите неколку години, на контакти со нашите колеги во Шпанија, со што се надеваме дека ќе ја направиме Македонија атрактивна дестинација за шпанските туристи, и дека тие во иднина ќе доаѓаат во што поголем број, вели во пишана изјава Влатко Сулев оперативен директор на Balkan Prime Tours.

Извор: МИА

The post Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром, се истражуваат можностите за авиолинија со Мадрид appeared first on Република.

Од 1 јануари поскапува паркингот на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-1-januari-poskapuva-parkingot-na-skopskiot-aerodrom/ Sun, 31 Dec 2023 08:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=728405

Од 1 јануари поскапува паркингот на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, остануваат истите цени од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа.

Поскапување за 50 денари има за паркирање на аеродромот над три часа, односно од 250 на 300 денари, 400 денари ќе биде паркирање од 4 до 6 часа, 500 денари од 6 до 8 часа, а 1.000 денари место 850 денари од 8-24 часа.

За 1.000 денари поскапува паркирањето на неколку дена. Од три до пет дена паркирањето ќе чини 3.500 денари, од пет до седум дена 4.500 денари, а за секој нареден ден ќе се плаќа по 400 денари.

И понатаму останува бесплатно паркирање од 10 минути пред терминалната зграда, каде е овозможено кратко застанување за испраќање и пречекување патници. Доколку возилото се задржи повеќе од 10 минути се плаќа билет од 500 денари.

На Меѓународниот аеродром во Скопје има 1.200 обележани места за паркирање автомобили и шест обележани места за автобуси. Има вкупно 20 паркинг-места за лица со попреченост, каде користењето на паркингот е бесплатно во рок од 24 часа.

Плаќањето за паркинг услугите се врши преку автоматски машини.

The post Од 1 јануари поскапува паркингот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Од 1 јануари поскапува паркингот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Како што е објавено на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, остануваат истите цени од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа. Поскапување за 50 денари има за паркирање на аеродромот над три часа, односно од 250 на 300 денари, 400 денари ќе биде паркирање од 4 до 6 часа, 500 денари од 6 до 8 часа, а 1.000 денари место 850 денари од 8-24 часа. За 1.000 денари поскапува паркирањето на неколку дена. Од три до пет дена паркирањето ќе чини 3.500 денари, од пет до седум дена 4.500 денари, а за секој нареден ден ќе се плаќа по 400 денари. И понатаму останува бесплатно паркирање од 10 минути пред терминалната зграда, каде е овозможено кратко застанување за испраќање и пречекување патници. Доколку возилото се задржи повеќе од 10 минути се плаќа билет од 500 денари. На Меѓународниот аеродром во Скопје има 1.200 обележани места за паркирање автомобили и шест обележани места за автобуси. Има вкупно 20 паркинг-места за лица со попреченост, каде користењето на паркингот е бесплатно во рок од 24 часа. Плаќањето за паркинг услугите се врши преку автоматски машини.

The post Од 1 јануари поскапува паркингот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Маглата прави сериозни проблеми: Два лета на скопскиот аеродром откажани, неколку пренасочени https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/maglata-pravi-seriozni-problemi-dva-leta-na-skopskiot-aerodrom-otkazhani-nekolku-prenasocheni/ Sat, 30 Dec 2023 18:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=728294

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Ер Србија“ и летот до Фридрихсхафен на „Визер“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата „Визер“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Визер“, пак, бил пренасочен кон Софија.

Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.

The post Маглата прави сериозни проблеми: Два лета на скопскиот аеродром откажани, неколку пренасочени appeared first on Република.

]]>

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Ер Србија“ и летот до Фридрихсхафен на „Визер“. Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром). Двата лета на авиокомпанијата „Визер“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Летот од Љубљана на „Визер“, пак, бил пренасочен кон Софија.
Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.

The post Маглата прави сериозни проблеми: Два лета на скопскиот аеродром откажани, неколку пренасочени appeared first on Република.

]]>
Откажан еден лет на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/otkazhan-eden-let-na-skopskiot-aerodrom/ Sat, 30 Dec 2023 14:36:53 +0000 https://republika.mk/?p=728229

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен.

Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген.

Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген.

АМСМ денеска информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци.

The post Откажан еден лет на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево е откажан еден лет на авиокомпанијата Wizz Air, од аеродромот Фридрихсхафен. Со последната објава на веб-страницата на ТАВ, доцнење од 30, односно 40 минути има кај неколку лета, од Варшава и од Меминген. Според информативниот систем на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, доцнење од 40 минути има и кај летовите за Братислава и за Копенхаген. АМСМ денеска информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци.

The post Откажан еден лет на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/na-skopskiot-aerodrom-veke-nema-da-se-doaga-tri-chasa-pred-letot-zavrshi-sistemot-za-rakuvane-so-bagazh/ Wed, 06 Dec 2023 15:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=720422

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра.

Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почна на 9-ти октомври, а заврши на 28-ми ноември.

Целиот проект е завршен за помалку од 2 месеца, а во тој период активностите опфатија демонтирање на рендген уредот „Стандард 2“, инсталирање нов, уред за скенирање „Стандард 3“ и опрема и тестирање на најнова технологија пред пуштањето во употреба.

„ТАВ како водечки аеродромски оператор, со задоволство го објавува завршувањето на големиот проект и значајната инвестиција во надградбата на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа голема инвестиција од 2,4 милиони евра на скопскиот аеродром и самиот проект за надградба на системот за ракување со багаж ќе резултира со оптимизација на внатрешните аеродромски операции и значително ќе придонесе за подобрување на целокупното патничко искуство за нашите патници. Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30%, или 1800 парчиња багаж на час. Новата, врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот. Уверени сме дека ваквите подобрувања и обезбедувањето неспоредлива услуга за нашите патници и авиокомпании дополнително ќе ја зајакнат позицијата на скопскиот аеродром во регионот.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сега патниците кои патуваат од скопскиот аеродром за да ги завршат сите аеродромски процедури, може да пристигнуваат на аеродромот 2 часа пред летот.  

The post На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж appeared first on Република.

]]>

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почна на 9-ти октомври, а заврши на 28-ми ноември. Целиот проект е завршен за помалку од 2 месеца, а во тој период активностите опфатија демонтирање на рендген уредот „Стандард 2“, инсталирање нов, уред за скенирање „Стандард 3“ и опрема и тестирање на најнова технологија пред пуштањето во употреба.
„ТАВ како водечки аеродромски оператор, со задоволство го објавува завршувањето на големиот проект и значајната инвестиција во надградбата на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа голема инвестиција од 2,4 милиони евра на скопскиот аеродром и самиот проект за надградба на системот за ракување со багаж ќе резултира со оптимизација на внатрешните аеродромски операции и значително ќе придонесе за подобрување на целокупното патничко искуство за нашите патници. Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30%, или 1800 парчиња багаж на час. Новата, врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот. Уверени сме дека ваквите подобрувања и обезбедувањето неспоредлива услуга за нашите патници и авиокомпании дополнително ќе ја зајакнат позицијата на скопскиот аеродром во регионот.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Сега патниците кои патуваат од скопскиот аеродром за да ги завршат сите аеродромски процедури, може да пристигнуваат на аеродромот 2 часа пред летот.  

The post На скопскиот аеродром веќе нема да се доаѓа три часа пред летот, заврши системот за ракување со багаж appeared first on Република.

]]>
На скопскиот аеродром фатени двајца Индијци и една Косовка со „купени“ документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-skopskiot-aerodrom-fateni-dvajtsa-indijtsi-i-edna-kosovka-so-kupeni-dokumenti/ Sat, 21 Oct 2023 14:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=693655

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром” – Скопје, вчера биле фатени двајца индиски државјани – Б.А.С.(28) и Н.Б.(40), кои се обиделе да влезат во земјва со кипарските дозволи за престој, кои биле фалсификувани, информира МВР во дневниот билтен.

По извршен преглед кај нив биле пронајдени дополнителни две кипарски дозволи со измината важност. Со нив бил извршен службен разговор во кој изјавиле дека дозволите ги купиле од лице во Турција за сума од 1.900 евра. Двете лица биле приведени од полициски службеници и по насока од Јавен обвинител биле пренесени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка, информриа МВР.

Исто така на Граничниот премин „Меѓународен aеродром” – Скопје, денеска рано изутрината околу 03.00 часот на на излез од државата, при извршена контрола на А.С.(25) од Косово, која била со малолетно лице, таа на увид дала словенечки патни исправи за кои било утврдено дека биле фалсификувани.

При извршен преглед кај неа биле пронајдени две косовски патни исправи и една косовска лична карта со нивните вистински податоци. Со неа бил извршен службен разговор во кој изјавила дека словенечките патни исправи ги купила од едно лице во Косово за сума од 10.000 евра. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”, таа била лишена од слобода и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка, информира МВР во билтенот.

The post На скопскиот аеродром фатени двајца Индијци и една Косовка со „купени“ документи appeared first on Република.

]]>

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром” – Скопје, вчера биле фатени двајца индиски државјани – Б.А.С.(28) и Н.Б.(40), кои се обиделе да влезат во земјва со кипарските дозволи за престој, кои биле фалсификувани, информира МВР во дневниот билтен. По извршен преглед кај нив биле пронајдени дополнителни две кипарски дозволи со измината важност. Со нив бил извршен службен разговор во кој изјавиле дека дозволите ги купиле од лице во Турција за сума од 1.900 евра. Двете лица биле приведени од полициски службеници и по насока од Јавен обвинител биле пренесени во Прифатниот центар за странци за понатамошна постапка, информриа МВР. Исто така на Граничниот премин „Меѓународен aеродром” – Скопје, денеска рано изутрината околу 03.00 часот на на излез од државата, при извршена контрола на А.С.(25) од Косово, која била со малолетно лице, таа на увид дала словенечки патни исправи за кои било утврдено дека биле фалсификувани. При извршен преглед кај неа биле пронајдени две косовски патни исправи и една косовска лична карта со нивните вистински податоци. Со неа бил извршен службен разговор во кој изјавила дека словенечките патни исправи ги купила од едно лице во Косово за сума од 10.000 евра. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”, таа била лишена од слобода и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка, информира МВР во билтенот.  

The post На скопскиот аеродром фатени двајца Индијци и една Косовка со „купени“ документи appeared first on Република.

]]>
Апел од ТАВ: Од 9 октомври патниците да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/apel-od-tav-od-9-oktomvri-patnitsite-da-pristignuvaat-na-shalterite-tri-chasa-pred-letot/ Fri, 06 Oct 2023 09:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=688493

ТАВ апелира до патниците од 9 октомври да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот, бидејќи авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж.

Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, апелираат од компанијата.

The post Апел од ТАВ: Од 9 октомври патниците да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот appeared first on Република.

Девет Турци со фалсификувани визи уапсени на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devet-turtsi-so-falsifikuvani-vizi-uapseni-na-skopskiot-aerodrom/ Fri, 29 Sep 2023 10:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=686337

Вчеравечер во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

The post Девет Турци со фалсификувани визи уапсени на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани. Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.  

The post Девет Турци со фалсификувани визи уапсени на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-prviot-let-megu-skopje-i-frankfurt-lufthanza-vleguva-na-makedonskiot-pazar/ Sun, 23 Apr 2023 07:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=633133

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

„Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.

Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

„Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик.

Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција.

Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра.

Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К

Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари.

Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација

Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции.

Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид.

Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар. На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем. Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно. Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот. „Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.
Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.
Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје. „Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик. Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција. Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра. Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари. Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции. Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид. Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>