Скопска Чаршија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopska-charshija/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 11:32:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопска Чаршија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopska-charshija/ 32 32 Штајнмајер на чај и баклава во Скопската чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtajnmajer-na-chaj-i-baklava-vo-skopskata-charshija/ Wed, 30 Nov 2022 11:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=580010

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин.

Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече.

Оттаму се упатија кон Сули Ан, во Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, каде беа пречекани од деканката, проф. д-р Славица Јанашлиева, посетија едно од ателјеата каде што студентите следат настава и разговараа со група студенти.

Двајцата претседатели обиколката во Старата скопска чаршија ќе ја завршат во Чифте аман каде ќе се сретнат со екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ и неговата главна протагонистка Атиџе Муратова. Во своето обраќање вчера во Парламентот, Штајнмајер меѓу другото се осврна и на овој успешен македонски документарец за една од последните диви пчеларки во Европа и неговите силни пораки кои го обиколија светот за гордата култура на една мала земја, но и една уште поголема порака која ги надминува границите на земјата дека не смееме целосно да ги искористиме даровите од природата, ниту неповратно да ја уништиме нашата животна средина.

Според агендата, германскиот претседател Штајнмајер денеска ќе има средба и со млади луѓе посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование.

Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западниот Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци.

Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области.

Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија.

The post Штајнмајер на чај и баклава во Скопската чаршија appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин. Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече. Оттаму се упатија кон Сули Ан, во Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, каде беа пречекани од деканката, проф. д-р Славица Јанашлиева, посетија едно од ателјеата каде што студентите следат настава и разговараа со група студенти. Двајцата претседатели обиколката во Старата скопска чаршија ќе ја завршат во Чифте аман каде ќе се сретнат со екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ и неговата главна протагонистка Атиџе Муратова. Во своето обраќање вчера во Парламентот, Штајнмајер меѓу другото се осврна и на овој успешен македонски документарец за една од последните диви пчеларки во Европа и неговите силни пораки кои го обиколија светот за гордата култура на една мала земја, но и една уште поголема порака која ги надминува границите на земјата дека не смееме целосно да ги искористиме даровите од природата, ниту неповратно да ја уништиме нашата животна средина. Според агендата, германскиот претседател Штајнмајер денеска ќе има средба и со млади луѓе посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование. Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западниот Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци. Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области. Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија.

The post Штајнмајер на чај и баклава во Скопската чаршија appeared first on Република.

]]>
Градот изготвува акциски план за заживување на Старата скопска чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-izgotvuva-akciski-plan-za-zazivuvanje-na-starata-skopska-charshija/ Mon, 18 Apr 2022 19:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=490237

Град Скопје отпочна со изготвување на анализа во Старата скопска чаршија. Тимови од градот извршија увид, во текот на наредните недели ќе ја презентираме анализата со конкретен акциски план за тоа што ќе се прави во Старата скопска чаршија, во кој рок и како ќе придонесеме да се подобрат содржините и таа да заживее, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во Само вистина на канал 5 телевизија.

На прашањето што конкретно се барањата на граѓаните, Арсовска истакна дека тие не бараат многу. Напротив, потребни им се основни услови за работење.

Барањата на граѓаните не се мегаломански. Бараат основни услови за подобро да работат и да функционираат. Бараат начин како да заживее чаршијата и токму тоа е она што ние сакаме да го направиме, дополни Арсовска.

The post Градот изготвува акциски план за заживување на Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>

Град Скопје отпочна со изготвување на анализа во Старата скопска чаршија. Тимови од градот извршија увид, во текот на наредните недели ќе ја презентираме анализата со конкретен акциски план за тоа што ќе се прави во Старата скопска чаршија, во кој рок и како ќе придонесеме да се подобрат содржините и таа да заживее, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во Само вистина на канал 5 телевизија. На прашањето што конкретно се барањата на граѓаните, Арсовска истакна дека тие не бараат многу. Напротив, потребни им се основни услови за работење.
Барањата на граѓаните не се мегаломански. Бараат основни услови за подобро да работат и да функционираат. Бараат начин како да заживее чаршијата и токму тоа е она што ние сакаме да го направиме, дополни Арсовска.

The post Градот изготвува акциски план за заживување на Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>