Скопје во пет и седумнаесет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-vo-pet-i-sedumnaeset/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 16:49:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Скопје во пет и седумнаесет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/skopje-vo-pet-i-sedumnaeset/ 32 32 „Скопје во пет и седумнаесет“: Светлосни уметнички инсталации за осветлување на историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-vo-pet-i-sedumnaeset-svetlosni-umetnichki-instalatsii-za-osvetluvane-na-istorijata/ Thu, 27 Jul 2023 16:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=665992

Тимот на „Скопје лајт арт дистрикт“ вчеравечер на небото над Скопје иницираше серија аудиовизуелни инсталации, ласерски проекции и 3Д-мапирања на Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2, по повод одбележувањето на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Инсталациите дадоа илустративен приказ на катастрофалниот земјотрес и на процесот на реконструкција што следуваше. Покрај овие изложби, беа емитувани и значајни пораки од Тито, меѓу кои и неговата позната изјава од 27 јули 1963 година: „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница, тоа ќе стане гордост и симбол на братство и единство, на југословенската солидарност“.

Паралелно, на видео ѕидовите на плоштадот „Македонија“, Националната опера и балет и на трговскиот центар „Ист гејт“ беа проектирани филмски извадоци од „Филмски новости“.

Во организација на Министерството за култура и Владата, овој настан е дел од поширокиот културен проект „Скопје во пет и седумнаесет“.

Преку овие културни потфати се одбележува 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес, потсетувајќи нѐ на историската издржливост на Скопје. Скопје не заборава – Скопје се сеќава, се вели во соопштението на Министерството за култура.

The post „Скопје во пет и седумнаесет“: Светлосни уметнички инсталации за осветлување на историјата appeared first on Република.

]]>

Тимот на „Скопје лајт арт дистрикт“ вчеравечер на небото над Скопје иницираше серија аудиовизуелни инсталации, ласерски проекции и 3Д-мапирања на Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2, по повод одбележувањето на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Инсталациите дадоа илустративен приказ на катастрофалниот земјотрес и на процесот на реконструкција што следуваше. Покрај овие изложби, беа емитувани и значајни пораки од Тито, меѓу кои и неговата позната изјава од 27 јули 1963 година: „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница, тоа ќе стане гордост и симбол на братство и единство, на југословенската солидарност“. Паралелно, на видео ѕидовите на плоштадот „Македонија“, Националната опера и балет и на трговскиот центар „Ист гејт“ беа проектирани филмски извадоци од „Филмски новости“. Во организација на Министерството за култура и Владата, овој настан е дел од поширокиот културен проект „Скопје во пет и седумнаесет“.
Преку овие културни потфати се одбележува 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес, потсетувајќи нѐ на историската издржливост на Скопје. Скопје не заборава – Скопје се сеќава, се вели во соопштението на Министерството за култура.

The post „Скопје во пет и седумнаесет“: Светлосни уметнички инсталации за осветлување на историјата appeared first on Република.

]]>